ЖИВОТ ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ: Агим Красниќи повторно на слобода, неговите пријатели со радост го чекаат

Агим Красниќи повторно на слобода, пишува Газета Лајм. Еве како го пречека неговиот пријател Хасан Синани.

“Денес, ден различен од другите, Денес, повторно, има среќа кај саканите на командантот Агим Красниќи.

Посакувам еден ден оваа радост да трае до бесконечност … честитки и до оние кои не заборавија и мислеа дека не можеме без нив … “напиша Синани.

СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО КРИМИНАЛОТ: Хаос во Скопје – Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк

Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк и сето ова само за нешто повеќе од 24 часа. СДСМ направи коалиција со криминалот и улицата, а Скопје потона во хаос. Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена, а МВР под палката на СДСМ нема никого ниту приведено ниту казнето.

Скопје како Див запад: Пукано од возило во движење во Кисела Вода

Утрово на улица Антон Попов во населба Кисела Вода од страна на непознати сторители од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници излегле на лице место, извршиле увид и подигнале предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбено лице во Градскиот парк во Скопје- му се заканувале со нож

Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.

Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари.

Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.

Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Брутално претепан и ограбен маж кај Жена-парк

Во петокот, во 21:52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од село Могорче-Дебар пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на случајот.

И вооружените напади на банки, станаа секојдневие во Скопје.

Две банки беа ограбени за само две недели, а сторителите се уште се на слобода.

Мафијата си доби своја држава со СДС на власт, а со Спасовски како министер си доби и свој заштитник во полицијата

Несигурноста се врати на улиците низ Македонија. Граѓаните на Скопје, но и на другите градови се исплашени и тоа со право. Мафијата си доби своја држава со доаѓањето на власт на СДС, а со поставувањето на Оливер Спасовски за Министер си доби и свој заштитник во полицијата. Пет месеци откако СДС ја има целата власт, не само што не е реализирана ниту една акција против организираните криминални групи, туку полицијата свесно не постапува и ги крие сторителите, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-За овие 5 месеци видовме десетици вооружени грабежи на банки, десетици запалени или изрешетани автомобили, а практично немаше ноќен клуб во кој не се случи насилство. Вандали сквернавеа гробишта, пукаа по улици и убиваа по кафулиња. Полицијата неразреши ниту еден случај. Заев и Оливер Спасовски немо посматраа од страна и разрешуваа професионалци , поставувајќи неспособни партиски послушници кои треба да ја реализираат нивната агенда. За нив беше поважно да ги малтретираат земјоделците или социјалните случаи заканувајќи им се на изборите отколку да се обидат да го спречат криминалот. За нив беше поважно да изнајдат начин како да ослободат десетици тешки криминалци од затворите , а за сметка на тоа да се изживуваат со Едмонд Темелко или Сокол Митревски, рече Нацев и додаде:

„Цената на ваквото криминално владеење на СДСМ сега го плаќаат граѓаните. Вчера пред полно кафуле беше пукано во едно лице. Напаѓачите, нормално избегаа. Граѓаните се во страв дека нивните деца може да бидат следните жртви, додека Заев и Оливер Спасовски смислуваат како уште еднаш да го изманипулираат народот. Доколку Оливер Спасовски е толку неспособен да открие што се случува последниве месеци низ Скопје и Македонија еве да му помогнеме. Нека ги провери написите во медиумите изминативе месеци. Нека провери со кого од владата се блиски луѓето кои што со оружје крстарат низ Скопје, се закануваат и собираат рекет. Целиот град знае и целиот град зборува“.

Социјалните мрежи, подвлече, брујат дека сторителите се дел од криминалното подземје блиску до Социјалдемократскиот сојуз. МВР денес цел ден молчи и не кажува каде се сторителите.

-Веќе нема простор за изговори. Мора да бидат приведени и затворени вандалите што сквернавеа гробишта. Мора да бидат приведени и затворени бандитите што на партиските прослави пукаа од автоматско оружје. Мора да бидат приведени и затворени криминалците што палеа автомобили овие пет месеци. Мора да бидат приведени и затворени рекетарите што се закануваат од позиција на моќ и власт. Доколку тоа не биде направено, најмалку што може да стори неспособниот Министер за внатрешни работи е како чин на морална одговорност да си поднесе оставка од функцијата.

Груевски: СДСМ спроведе класични корумпирани и криминални избори со притисоци, закани и полициски хајки

Гледаме што ни се случува и што прават, не можат со работа да го победат ВМРО-ДПМНЕ, па се обидуваат со криминали. Не можат со проекти, со визија, со идеи да бидат избори, па се обидуваат со притисоци, со закани со се што не е дозволено, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната средба со жителите на Могила.

-Како поминува времето секој ден гледаме како се случува насекаде на Македонија терор за изборите. Разни притисоци, закани, полициски хајки. Имаме класични корумпирани и криминални избори. Станавме држава во која полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Наместо да го применува законот, тие го кршат законот. Која заштита ја имаат граѓаните, кога баш тие кои треба да штитат се првите кои ги заплашуваат и притискаат. Помина еден месец откако без искршени штабовите на ВМРО на повеќе места, нема никаква одговорност, нема пронајдени сторители, туку има осомничени. Поминаа триесетина дена откако кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци беше застанат од полиција и му беше вперено оружје и беше малтретиран. Нема никаква одговорност, ниту дисциплинска постапка. Веќе еден час повторно вечерва го држат во полициска станица. Тоа е СДСМ и нивното спроведување избори. Ова се најнедемократските избори во Република Македонија. пред половина месец имаше скршен череп на градоначалник од нашата коалиција и сторителите поминаа само со прекршочна пријава, како да е тоа обичен настан, обична кавга, а не обид за убиство. Пред две недели од СДСМ се сликаа со пиштоли, со огнено оружје пред нивниот штаб се фалеа чиј пиштол е поголем, помина време, нема ниту откриени сторители, ниту осомничени, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека дошло време во кое СДСМ се фали со криминал.

-Следат многу наши кандидат за градоначалници, нема реакции. На крај ќе испаднеме и виновни што бараме почитување на правото и правната држава. Гледаме дека и нивните коалициони партнери самите кажуваат дека ова се нерегуларни избори, дека има многу поткуп, многу застрашувања и уцени. Се е толку видливо што тие не можат да го скријат. Кого убедуваат дека се е фер и демократски, кога никој не им верува. За некое време кога ќе прелее чашата на толеранција, нема да знаат оние кои сега се силат, на кај да фатат. Народот трпи собира, ама народот кога ќе реши да казнува тоа ќе биде лошо за овие луѓе кои сега летаат во облаци. Ќе дојде време за да се врати правдата, нашата борба за Македонија ќе ја врати правдата. Ние сега имаме заробена држава во која дел од полицијата го штити криминалот, криминалците се на сцена и главни по улиците, а народот не чувствува заштита. Се враќаат сликите од ’90 кога криминалците се враќаат по улиците. Веќе и нивните нејверни новинарите пишуваат дека лица од СДСМ одат и малтретираат фирми и граѓани и бараат пари со порака „Или пари или ќотек ќе добиеш“, потенцираше Груевски.

Изборниот процес чист само за Заев: Села обвини за злоупотреба на полицијата и купување гласови со притисок и закани

Добивам информации од терен дека има уцени кон граѓаните, кон бизнисмените итн. Треба да прекине тоа, вели Зијадин Села во гостувањето на Топ Тема.

Тој вели дека државата треба да го сработи своето и дека полицијата треба да биде на терен. Според него треба институциите на државата да се занимаваат со тоа и посочи дека не би сакал да има инцидиденти како оние во Струга каде што резултатот беше извртен помеѓу ДУИ и СДСМ.

– Ако сакаме да имаме фер и демократски избори не треба да се занимаваме со гласачкото место и што се случува на 50 метра од него. Треба да се фокусираме на тоа што се случува и на една вечер пред избори. Се купуваат гласови. Има луѓе кои кружат без таблички на колите како да не нема правна држава и да нема полиција и на тој начин купуваат гласови. Полиција треба да биде на терен и таквите луѓе треба да бидат неутрализирани, треба да ги контролира и ако има такви што одат и уценуваат и носат големи суми на пари со себе и да го спречи тоа. Добиваме информации дека продолжуваат заканите, рече Села.

Според Села, СДСМ и ДУИ имаат договор за коалиција и треба тие да појаснат зошто тоа тие го прават и да не се осмелат да направат таква работа, бидејќи сега илјадници нивни подржувачи доаѓаат од дијаспората и смета дека такви сценарија не би биле добри и за Струга и за државата како и за реформите.

Насилниците и криминалците на СДСМ под полициска заштита, МВР не постапува по пријавите за поткуп, уцени и закани

Медиумите секојдневно објавуваат информации, фотографии, видео снимки од низа нерегуларности и грубо кршење на изборната кампања, но од Министерството за внатрешни работи нема никаква реакција. И додека насилството цвета, поткупот на гласачи секојдневно се регистрира на разни локации ширум Македонија и додека граѓаните се соочуваат со закани по живот од насилници и криминалци на СДСМ, МВР не постапува ставајќи се во одбрана на криминалните активности што ги одбележаа овие локални избори.

Девет дена нема одговор од МВР на поставените прашања од страна на редакцијата на Курир за тоа какви мерки се преземаат и дали се идентификувани лицата кои употребувале оружје при славење во неделата, по завршувањето на првиот круг од локалните избори. МВР молчи и на денешните поставени прашања кои се однесуваат на низа криминални дејствија и нерегуларности за време на локалните избори.

Граѓаните не можат да добијат одговор за тоа што е постапено во врска со брачниот пар од Демир Капија кој добивал закани од активисти на СДСМ и познати криминалци од градот.

Не е познато ниту дали некое или некои лице/а е/се пријавено/и во врска со  пукањето во Шуто Оризари, по првиот круг од локалните избори. Нема одговори што преземало Министерството за внатрешни работи во врска со лицата кои со огнено оружје се фотографираа пред или во партиски штабови на СДСМ и сликите ги објавуваа на социјалните мрежи, а за кои медиумите пишуваа дека партиски членови и советници.

„Ажурноста“ на МВР оди дотаму што не е утврдено ниту во чија сопственост се комбињата со кои се врши поткуп на гласачи делејќи им се зејтин, брашно и други прехрамбени продукти. Поткуп се вршеше и со пари.

Молк и за искршените партиски штабови, не е познато што е преземено и до каде е расчистувањето и на овие случаи.

Молкот од МВР за сите овие настани само потврдува дека СДСМ ја користи полицијата во изборната кампања, и дека токму дел од полицијата е ставена во функција на штитење на насилството во изборниот процес.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Георгиевски, фалсификувал документ за албански наркодилер

Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Гази Баба, Борче Георгиевски, фалсификувал службен документ за лице кое поминува низ полициската евиденција за трговија со дрога, обелоденија медиумите. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ e Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство. Инаку, Георгиевски кривичното дело фалсификување го извршил во 1998 година.

До редакција на „Инфо плус“ биле доставени и документи од страна на свиркачи од полицијата, кои потврдуваат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ, за Гази Баба, Борче Георгиевски, во 1998 година фалсификувал патна исправа за познат криминалец, Љ. Ахмет, лице кое е гонето за трговија со дрога.

Според документите кои ги добила редакцијата на порталот, јасно се гледа дека за конкретното дело била поднесена кривична пријава, која во тој момент била во фаза на обвинение, се уште не е јасно дали имало и судска разрешница или сепак Георгиевски успеал да и избега на правдата.

Граѓаните на Гази Баба од страна на СДСМ имаат кандидат за градоначалник кој фалсификувал јавни исправи за криминалци гонети за трговија со дрога, прочуени во подземјето. Граѓаните се повеќе се прашуваат дали ваков човек со линкови до подземјето може да биде градоначалник на општина во главниот град?

Се уште останува нејасно што добил како надоместот Георгиевски за овој фалсификат.

МВР ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ НА СДСМ: Криминалците на слобода, а патриотите по затвори

Станавме држава во која полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Но, забораваат. Можеби сега се во облаците, но колку повисоко летаат падот ќе им биде поголем. Колку повеќе се закануваат, толку повеќе сме непокорни. Колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе ќе им порачаме дека не им се плашиме. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средбата со граѓани во Демир Капија.

-Забораваат дека ние сме ВМРО и дека во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставила на многу поголеми и пострашни закани од овие неспособни луѓе. СДСМ немаат никакви проекти, немаат програми и затоа зботруваат за воздух, за ветер и за магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа и затоа удрија на криминални избори. Во првиот круг видовме како СДСМ спроведува избори- страв и притисоци на сите страни. Во Македонија спроведоа африкански избори. Стигнавме на рангот на Сомалија и Кенија. Скршен череп на градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати за градоначалници, испокршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, слики на партиски активисти во натпревар чич пиштол е поголем и подобро пука, а полицијата молчи. Молчи затоа што е соучесник во сите овие работи. Секој ден со име и со презиме дознаваме како потплаќаат гласови, информираме, но нема реакција. Следниот ден истата песна ја продолжуваат. Но нема да не скршат, нема да им дозволиме да не скршат затоа што народот гледа што се случува, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на СДСМ дека сето она што сега го прават ќе им се врати како бумеранг и ќе има одговорност.

-Крајната цел на сето ова што го прават е да се сузбие секој слободномислечки Македонец кој се грижи за својата држава, секој кој си ја сака својата земја, својот идентитет, своето име, јазик. И преку разни механизми сакаат да делуваат дека сакањето на својата е нешто што не е модерно, дека е демоде, а авангардно и модерно е легализирање на хомосексуални бракови и посвојување на деца од нив, легализирање на марихуана, максимално користење на алкохол и сето она што не е нормално. Нормалното сакаат да го направат ненормално, а ненормалното-нормално. Во таква држава живееме овие пет месеци.Секој кој ќе помисли да ја штити државата, како што беше на 27-ми април, секој кој снимал документарни филмови за македонската историја, за македонските херои или кој бил вклучен во градба на споменици на македонските херои кои ги дале животите за нашата слобода, треба да се плаши дали ќе биде наместен или притиснат или под било каков процес. Криминалците на слобода, а патриотите по затвори. Красниќи на слобода, Темелко во затвор. Убијците на децата на Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење на коса 4 години во затвор, истакна Груевски од Демир Капија.

Тој рече дека немилите настани од 27-ми април биле намерно испровоцирани и биле реакција на акцијата за нелегален избор на претседател на Собранието.

-Што се случи? Со помош на надворешни фактори од ноторен криминалец и национален предавник како заев, да се направи жртва. Овие луѓе треба да се ослободат и ние ќе направиме се во рамките на институциите тоа да се случи. Тие можеби погрешија што влегоа во парламентот и физички нападнаа, но беа испровоцирани да го направат тоа. Гледајќи какви се криминалци се пуштаат на слобода и најавените над 1000 амнестии на тешки криминалци ние велиме, што е тоа што тие го направија во споредба со овие криминалци што се пуштаат на слобода и затоа велиме да се ослободат и да престане прогонот против нив, порача Груевски.

Груевски посочи дека просечната плата наместо да расте, како што ветуваше СДСМ, таа опаѓа. Ветуваа дека пензиите ќе се зголемат, не се зголемија, се запре зголемувањето на пензиите. Стандардот не оди нагоре, туку се намалува.

-Погледнете, ниту се зборува за платите на докторите, на лекарите кои ги ветуваа, ниту за субвенциите на земјоделците, за повисока просечна плата, пак, да не зборувам. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија, со кој што без да го прашаат народот се согласија од откажување од македонското малцинство таму, од македонскиот јазик и од македонската историја. Се согласија да се сменат учебниците од македонската историја и во иднина нашите деца да учат дека Илинденското востание било бугарско, а не македонско, дека 11 октомври не било пукање на првата пушка против фашизмот во Македонија од страна на македонскиот народ, туку идеолошки конфликт меѓу бугарското население во Македонија, меѓу левицата и десницата, посочи Груевски.

Потенцира дека на сето тоа СДСМ се согласиле без да го прашаат народот и повика на рефендум, за граѓаните да кажат што мислат за договорот со Бугарија.

-Ова е само предигра. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Исто така, во овој пакет кој што тие го нарекоа редефинирање, освен промената на името, идентитетот, освен штетниот договор со Бугарија, се планира и двојазичност на целата територија преку Законот за двојазичност, кој што неуставен, но го туркаат. Планираат исто така, зголемување на даноците, носење на мигранти во Македонија и нивно трајно доселување по нашите градови, давање на државјанства. И се разбира, она за што веќе почнаа да подготуваат терен, а тоа е легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца, нагласи Груевски.

На функционерите на СДСМ им порача дека неколку години од сега ќе се срамат кога ќе треба да се сретнат со граѓаните на Македонија.

-Ќе одите со наведната глава, а вашиот товар и срам нема да може да се заборави. Иако имате богати спонзори, вие ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот на Македонија. Нема лезет од вас добиен од криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го и притискајќи го народот. Ќе се обратам и до оние кои се уште не се определени, а се загрижени од она што и се случува на нашата држава. Знам дека не ви е сеедно кога гледате што ви се случува и знам дека длабоко во себе ја чувствувате опасноста во која ја втурнуваат овие неспособни луѓе нашата држава. На дел од вас се закануваат, а дел ветуваат се и сешто, а реално нема ништо да остварат, истакна Груевски.

Тој побара од неопределените да се спротивстават на ваквото делување на СДСМ и да го дадат својот глас, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се секогаш тука, кога на Македонија и на Демир Капија тоа им е потребно.

-Тие што владеат со криминалци и со корупција треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народ. Дека нема помрачување кое не било осветлено од народот, порано или подоцна. Лажеа дека се борат против режим, а тие станаа најголем режим. Лажеа дека нема слобода и демократија, прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата. И секој ден, чекор по чекор, ја одземаат слободата. Велеа дека нема независност на медиумите, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт, ги уценија газдите на медиумите и ја одземаа нивната независност, потенцира Груевски.

Посочи дека СДСМ велеа дека ќе работат, а секој ден граѓаните гледаат како се краде и назадува.

-За ова ли се бореа? Да има техничка влада пред превремени избори? Да има премиер, Министерство за внатрешни, за труд и социјална политика, заменици за администрација, за земјоделие? Оваа држава е на овој народ и нема да му биде одземена. Порачувам дека нема да не скршат, нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме сите ние, граѓаните на Македонија. Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да станат монарси и шерифи. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ. Од нас зависи, порача Груевски.

Во сите години на власт на СДСМ, па и во овие 5 месеци сега, од почетокот на мандатот, не направија ниту еден проект за Демир Капија. Во 2006 година во Демир Капија имаше вкупно 430 вработени во целата општина, на крајот на минатата година бројот на вработени изнесува околу 1.100 луѓе. Така ќе продолжиме и во иднина.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше во посета на Демир Капија.

-Истовремено ќе обезбедиме учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен и здрав оброк во училиштето. Општина Демир Капија и Трајче Димитриев ќе овозможат можности за граѓаните за стекнување на сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар на земјиштето и ќе ги укинеме и намалиме трошоците за комуналии за градба на куќа. Нудиме и концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица. Ќе се подобри и системот за водоснабдување, рече Груевски.

Додаде дека, покрај во патната, ќе се инвестира и во делот на образовната инфраструктура, ќе се изградат и повеќе игралишта низ општината.

Ова се само мал дел од проектите кои се вметнати во програмата на Димитриев.

-Димитриев беше секогаш тука кога требаше да се помогне на некој индивидуалец, на некое семејство и секогаш кога можеше помагаше, сега е време да му се даде поддршка, со целото досегашно негово знаење и искуство да продолжи да ја води Демир Капија во правец кој ќе биде најдобар за сите жители, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Со Македонија владее мафија – луѓе од СДСМ секојдневно вперуваат пиштоли

Во Македонија на власт не дојде политичка партија туку мафијашко здруженије наречено СДС. Вадењето на пиштоли на граѓани кој ги почитуваат законите станаа секојдневие во Македонија во овој изборен циклус. Граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани од криминалните структурури под контрола на СДС малтретирани тепани и под закана за нивната безбедност и живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но заплашувањето, уцените и заканите повеќе не функционираат граѓаните се почесто и посмело излегуваат јавно да сведочат за мафијашкото делување на СДС. Смелоста на овие луѓе ќе го порази режимското владеење на Зоран Заев и СДС. Граѓаните на полицијата и Оливер Спасовски со име и презиме им ги посочуваат сторителите на овие кривични дела, но полицијата во овие случаи се јавува само како сооучесник наместо да ја врши својата законска дожност. Само последен во низата црни настани со кои во Македонија се укинува демократијата е инцидентот што се случи во Демир Капија каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја води борбата за вториот круг од локалните избори. Според сведоштвото на граѓаните по посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија. Со што уште еднаш се потврди дека навистина сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања се следени од симпатизери на СДС со цел вршење на притисоци, уцени и поткуп на местата кои се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Народот е под невиден притисок и нема можност во фер и демократска атмосвера да го даде својот глас и да го оствари своето законско право“.

Вакви криминални избори какви што организира СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема ни во некоја од земјите од третиот свет, а не пак во Европа.

-Очигледно е дека власта корумпира, а апсолутната власт корумпира апсолутно. СДС треба да се свесни дека нема да владеат вечно и дека за сите овие напади, изборни манипулации и инжењеринг еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата.

Криминалната фамилија на Бочварски сака да завладее со Штип

Кланот Бочварски е само еден од повеќето кланови во Штипските лоби групи на СДСМ. Најмладиот член од фамилијата Бочварски е Благој Бочварски, кој моментално е во Извршниот одбор на СДСМ и кандидат за градоначалник на Штип

Неговиот татко и чичко се долгогодишни членови на општинските раководства на СДСМ во Штип и во блиски релации со сите локални моќници користејќи ја положбата во урбанизмот во Локалната самоуправа. Тие се во блиски долгогодишни релации со Мите Николов сопственикот на “Нико-Петрол” и фабриката за масло за јадење “Брилијант” и со поранешниот заменик министер за земјоделие Санде Џамбазовски. Со близината од овие релации и со меѓусебни долгогодишни “дилови” тие ја имаат изградено својата империја која и ден денес опстојува и работи во овие тешки и недемократски услови во кој тие живеат.

Имено, уште од самите почетоци на кариерата на Венцислав Бочварски како Началник на подрачната единица во министерството за сообраќај, градежништво и екологија, а претходно суспендиран од директор (поради малверзации и дела со дивоградби во Штип) на Јавното комунално претпријатие-Завод за урбанизам и унапредување на градежно земјиште т.е денес ЈП-Штип-Проект од Штип, вршејќи услуги во 1992 на штипскиот бизнисмен Мите Николов како одолжување успева на берза преку јавно надавање во “КБ-Бокер” да ја купи ГП-Пелагонија (97’-98’) денешна Пелагонија-Инжинеринг доо Штип за минимални пари и да го превземе управувачкиот пакет кој во тоа време според експертите и агенцијата за приватизација вреди околу 1,2 милиони евра.

На ист таков начин подоцна го откупува и Неметали-Огражден (рударски коп на кварц) со сепарација за околу 60-70.000 евра. Исто така во фамилијарниот бизнис ја имаат и фирмата “Техно-Инвест” и “Урбан ДОО” (фирми за проектирање и архитектонски решенија каде фигурира младиот архитект Благој Бочварски заедно со неговиот чичо Владимир Бочварски и неговата мајка Владанка Бочварска) и пекара “ДЕ-ЛУКС” преку која користејќи ги релациите на локално ниво со градоначалниците од редовите на СДСМ и директорите на Основните училишта ги добиваат скоро сите тендери во градот.

Од оваа ненародна и недемократска власт кланот Бочварски успешно успеваат да ги водат фирмите за кои знаеме кои ги имаат:

1. Друштво за градежништво, промет и услуги ПЕЛАГОНИЈА-ИНЖИНЕРИНГ ДОО ШТИП (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 83.143.460,00 ден. со добивка од 2.050.672,00 ден.)

2. Друштво за производство, услуги и трговија ТЕХНО-ИНВЕСТ ШТИП (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 9.899.636,00 ден. со добивка од 1.055.592,00 ден.)

3. Друштво за производство, услуги и трговија ДЕ-ЛУКС ДОО Штип (соспственик Венцислав Бочварски) (вкупно приходи: 26.012.650,00 ден. со добивка од 2.225.035,00 ден.)

4. Друштво за просторни и урбанистички планови, инжинеринг и др. УРБАН ДОО Штип (соспственик Владанка Бочварска) (вкупно приходи: 3.082.847,00 ден. со добивка од 57.699,00 ден.)

5. НЕМЕТАЛИ (Сепарација) (соспственик Венцислав и Владимир Бочварски)

Според Благој Бочварски би требало секој граѓанин на РМ да има достоен и нормален живот и за тоа би требало кога тие ќе дојдат на влас секој вработен да има минимум месечни примања од 29.000 денари. Само за илустрација може да се наведат неколку примери на вработени во неговите приватни фирми со нејзините месечни примања.

1. Мартин Жежов (дипл.инг. враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 17.500 ден.

2. Гоце Блажевски (работник враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 14.173 ден.

3. Бајрам Дурмишов (работник враб.во Пелагонија-Инжинеринг доо) со месечни примања 14.173 ден

4. Билјана Стамболиска (работник враб.во пекара ДЕ-ЛУКС) со месечни примања 11.935 ден

Како младиот политичар Благој Бочварски заедно со неговата фамилија успешно опстојува во оваа недемократска, ненародна и хибридна власт според него и како успева да заработува милионски суми и да има вкупни приходи над 1 милион евра на годишно ниво, за што би требало да се запрашаат и членовите на штипското СДСМ.