ЗНМ контра Владата: Македонија е заробена држава со медиуми во грч

Ветуваа слобода а воведуваат цензура. Остри критики од Здружението на новинарите на Македонија и од Институтот за општествени науки за предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предупредуваат дека со законските измени и паричните казни власта сака да ги цензурира и уредува медиумите, што е спротивно на уставот. Реагираат дека Македонија станува целосно заробена држава, а медиумите се во грч. Вака предложеното решение не смее да помине во собрание.

– Актуелниот Закон е совршен пример на илиберална демократија и нејзиниот главен механизам заробената држава, во која извршната власт до толкав степен ги потчинува законодавната и судската, што е практично е единствената власт. Карактеристично за сите илиберални демократии е дека законите премногу се детализираат, што е случај и во овој Закон, со што фактички е сведен на правилник, вели Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја обвини Владата дека со обидот за воведување на парични казни за неетичко известување на медиумите сака да воведе цензура, која е забранета со македонскиот устав. Алармираат власта да ги тргне рацете од уредувачката политика кај приватните медиуми, зашто за програмата на телевизиите треба да одлучи пазарот, а не политичарите, кои преку казни, дополнително би се офајдиле.

– Ако помине овој член власта во иднина ќе ја утврдува вистината во медиумите, она што според нејзиниот вкус ќе биде лага ќе го казнува со пет илјади евра за медиумот и 1.500 евра за одговорното лице. Овој член од законот ќе има застрашувачки ефекти врз слободата на медиумите и слободата на говорот, ќе ја зајакне постојната самоцензура и ќе ја задуши критиката во медиумите, нагласи претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Новиот предлог Закон со кој се регулира работата на медиумите е веќе скроен. Министерството за информатичко општество го стави на хартија, но без да ги консултира сите засегнати страни.

Главниот акцент е ставен на намалување на политичкото влијание, но со мерки кои отвораат простор за казни врз новинарите и слободата на изразување.

Инаку, ЗНМ во изминативе години беше меѓу најгласните во борбата за слобода во медиумите и немешањето на власта во уредувачката политика. Сега предупредуваат дека Владата практично сака да стави рака врз медиумската содржина и да изигрува главен и одговорен уредник и да им каже на новинарите што е етичко а што е неетичко известување.

Героски до Заев: Покачувањето на даноците ли е лекција за економија која ја ветуваше?

Преку текст со наводна критика кон Зоран Заев и политиките на Владата, уредникот на ПлусИнфо Бранко Героски сака да се прикаже како објективен новинар кој не штеди никого.

Ваквиот обид е неуспешен бидејќи Героски нема храброст да распали по Заев како што тоа би го сторил доколку премиерот беше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – но сепак останува фактот дека дури и за најголемите перјаници на СДСМ меѓу новинарите, ова што го прават Заев и Владата на СДСМ нема врска ниту со економија, ниту со она што беше најавувано во предизборието.

Во текстот насловен „Друже Заев, да си ја повториме лекцијата!“ провладиниот Героски пишува:

„И јас се сеќавам на спектакуларната изјава на премиерот Зоран Заев, човек со бекграунд на успешен бизнисмен, кој во кампањата за локалните избори рече дека СДСМ ќе одржи лекција по економија и дека ќе оди со концептот „повеќе пари кај граѓаните“. И токму затоа, она што се случува деновиве, мене, најблаго речено, ме збунува“

Героски немаше да биде толку збунет, туку во најмала рака бесен и лут, ако на место Заев владата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ. Но Александар Обрадовиќ, сопственикот на Слободен Печат каде уредник е Героски, е добар пријател и помагач на Заев, па ваквата емотивна состојба на Героски е дури и разбирлива.

Понатаму Героски вели:

-На пример, не можам да сфатам како тоа зголемувањето на акцизата на дизелот, кој учествува со 64 отсто во вкупната потрошувачка на горива, ќе донело повеќе пари кај граѓаните, а ќе ги насекирало богатите, оти сиромашните ионака не возеле автомобили (?!). Такво објаснување чувме од човек од ресорот финансии.

Исто така, не ми е јасно како е можно со години да трубиме дека имаме прекубројна и неефикасна администрација, која го оптоварува стопанството, а сега одеднаш да се ветува зголемување на платите во здравството, во образованието, во јавниот сектор, пишува Героски.

Отворениот поддржувач на СДСМ вели дека не му е јасна ниту работата со субвенциите.

– Да бидам искрен, мене тој концепт со субвенциите никогаш не ми се допаѓал и се уште мислам дека тој механизам повеќе го умртвува отколку што го заживува производството на храна. Но, еве, не полемизирам, да не се правам експерт за сѐ и сешто. Ама, факт е дека на луѓето им беа ветени субвенции во износ од 160 милиони евра годишно, а во буџетот за 2018 година се испланирани само 138 милиони. Зошто? 

И уште нешто. Многу важно. Кога сегашната власт беше опозиција, многу се зборуваше за кратењето на непродуктивните расходи, за кои се тврдеше дека изнесуваат неколку стотици милиони евра на годишно ниво. И јас сум убеден дека навистина зборуваме за толкави суми. Сега, кога полемизираме за зголемената акциза за дизелот, зборуваме за потег што во државната каса ќе донесе одвај 30 милиони евра годишно. Па добро, што стана со оние „стотици милиони“ непродуктивни трошоци? Се скратија?

На крај Героски заклучува дека сето она што СДСМ го зборуваше во предизборието било голема лага. Но, бидејќи новинарот потсвесно кон Заев сака да гледа како кон „другарот“ Тито, наместо  да каже отворено дека СДСМ пласирале лаги и предизборни манипулации, тој овие лажни ветувања на Заев ги ословува со „скршнување од патот“.

„Мислам дека е време, друже Заев, да си ја повториме лекцијата – кога социјалдемократите беа во опозиција, ветуваа поскромни буџетски зафаќања од реалниот сектор на економијата (за да има повисоки плати за работниците), кратење на непродуктивните трошоци, повеќе капитални инвестиции и општо – повеќе пари за граѓаните. Натаму одиме? Да не сме скршнале малку?

Со ваквата мека критика, односно со „контролирана реакција“, Героски и СДСМ сакаат да се релативизира темата за изборните лаги на СДСМ, тема која инаку има бурен потенцијал. СДСМ и Героски мислат дека доколку тие сами се критикуваат себеси „ќе ја издишат“ евентуалната бурна реакција на јавноста. Но, како што тоа досега се покажало – едноставно не е можно и прашање на време е кога граѓаните ќе им кажат на СДСМ дека им се потрошил кредитот и дека народот не пие нафта, особено со покачена акциза.

Амир Елези: Победата во општина Теарце ни ја украдоа истите крадци кои ја крадат нашата иднина

Благодарение на сите вас кои застанавте до нас, се чувствувам многу горд на огромната поддршка, определувањето и придонесот. Се соочивме со државната полиција која што се постави во служба на партијата, со подземјето кое се уште го задушува и го плаши сиромашниот народ, и со класичното купување на гласовите. Победата во општина Теарце ни ја украдоа истите крадци кои ја крадат нашата иднина. Секогаш на страната на праведните, на оние со достоинство, на оние кои не го продаваат својот народ по секоја цена, вели Амир Елези од БЕСА за вчерашните избори.

 (Albportali.com)

Насер Селмани: Македонците гласаа како што им нареди полициската држава, заробена држава во Албанскиот блок

Овие локални избори во Република Македонија според многумина едни од најнедемократските што Република Македонија, избори кои не се признаени од три парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ е партијата од македонскиот блок која не ги призна резултатите, исто како и Зијадин Села, додека Беса побара предвремени парламентарни избори.

Со реакција на социјалните мрежи излезе и претседателот на ЗНМ, новинарот Насер Селмани, тој смета дека Македонците гласале како што наредила полицијата, а кај Албанците победила заробената држава.

-Кај Албанците победи заробената држава. Моите сограѓани Македонци, гласаа така како што им нареди полициската држава. Не им наштетивте на моите Албанци, туку на Македонија, како што Вие ја сакате. Нека Ви се среќа криминалците од мојот род! Фала Ви што ни ги отворивте очите! Вие ги изгубивте највредните Албанци! Среќно!, напиша Насел Селмани на Фејсбук.

НЕ ТРПАТ КРИТИКА: По налог на Спасовски и пријава од МВР банирани повеќе Твитер профили

Профили на социјалните мрежи, кои беа критички настроени кон новата влада предводена од Зоран Заев се блокирани. Корисници на Твитер се жалат дека им се затворени профилите на кои честопати знаеле да го критикуваат она што не им се допаѓа во општесвото.

Тие се сомневаат дека затворањето на нивните профили не е случајно. Коментираат дека се сомневаат дека блокадата доаѓа по пријава од македонското Министерство за внатрешни работи.

-Не сме банирани случајно. Ова е по налог на Оливер Спасовски, по пријава од МВР – коментираат корисниците на Твитер.

Еден од твитерџиите ги запраша Заев и Спасовски по чија наредба банирале профили.

Алоооо, што прајте бе? Вака ќе тераме Демократија и Слобода на говор? – запрашуваат корисниците на Твитер.

Според нив има доволно причини за да се сомневаат дека сето ова е масло на МВР и оливер Спасовски. МВР во време кога Оливер Спасовски беше технички министер побарало од фејсбук проверки и гасење на 68 профили. Наспроти ова ВМРО за 10 години владеење проверило само 59 профили.

Јоци до Васиљ: Да немаше граѓанска критичка свест ти и другите уште ќе го „пушевте“

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци му се обрати на Сороспијскиот активист, а сега веќе и државен службеник Влатко Васиљ за наводното сегашно демократко однесување на власта и овозможувањето на слободно искажување на критики.

Нејзината Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

Васиљ, владиниот службеник за твитер, напишал поплака до македонскиот народ. Многу му било криво што многумина почнале да зборуваат-“исти се”.

И дека добро било што сега се критикува, тоа било добар знак дека сегашната влада донела слобода, трт мрт, шије ми га Џура…

Васиљу, младиќу, без транспарентна биографија за јавноста и 32.000 плата за да ја фалиш владата.

Не знам ти во кој подрум си бил, пред да се дочепаш до фотеља во зградата викана “ружна ви е владата”, но еден куп народ, години наназад, не само што отворено критикуваше, туку и ризикуваше работни места заради гласноста против Груевски. Вклучително и јас.

Одамна си ја земавме слободата за критика, уште ти додека цуцаше весла. Не чекавме ти и другите да ни ја дадете. Како што не чекаме ни сега ништо, напротив живееме исто и идентично ни тече мислата.

И за тоа постојат пишани докази.
Да немаше граѓанска критичка свест, која имено и ја смени власта, ти и другите уште ќе го “пушевте”.

Така да следен пат кога ќе се ставиш во его да трубиш дека оваа влада донела критичка мисла и слобода на говор, препрочитај се-што пишуваше некогаш, а што сега. Не ти е рамна сега ни Зорица Брунцлик, со сите фарби и шљокици, со кои го маскира очигледното. И тоа јавноста го препознава.

Ти веќе немаш грам кредибилитет, камоли критичка нишка, ставен си во “фабричка лента”. Досаден, амортизиран, со мирис на “покошено сено”.

П.С. Идентично како и во време грујово, така и сега, луѓе ме прашуваат-“не ти е страв ?”.

Манчевски во кафетерија се сретна со колегата од социјалдемократската партија во Шведска каде ја критикувал Македонија

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денес имал куса средба со лидерот на шведските социјадемократи Стефан Лефвен во кафе корнерот, како дел од конгресот кој се одржува во шведската престолнина.

Кусата средба Манчесвки ја искористил за да ја искритикува македонската држава при што како што соопштуваат од СДСМ, замолил за поддршка тие да формираат влада, која како што веќе на јавноста и е познато има за цел спроведување на Тиранската платформа со која се предвидува редефинирање на државата, како и промена на националните знаме, химна, грб.

ШАМАРАЊЕ ОД СИТЕ СТРАНИ: По Европа, Катица и СЈО ги разлупаа и во Америка

Политичките испади на СЈО и Катица Јанева се потешко се прикриваат и покриваат. Д хил, највлијателен весник на политичкиот естаблишмент во Америка објави критична колумна за работата на СЈО со наслов „Треба и да го практикуваш тоа што го проповедаш“.

Авторот Адам Ерели пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце

SJO-pres

Кога специјален обвинител се повикува да спроведе целосна законска промена во системот на една земја, од него се очекува дека ќе постапува според вредностите, кои секојдневно ги застапува во судовите. За жал, овие очекувања не се реализираат во случајот со специјалниот јавен обвинител во Македонија, Катица Јанева, пишува на блогот на весникот „Д хил“ поранешниот амбасадор на САД во Кралството Бахреин и заменик-портпарол на Стејт департментот Адам Ерели.

– За Г-ѓа Јанева, да се биде независен обвинител значи да се отпуштат двајца заменици обвинители, кои, наводно, одбиле да ја следат нејзината политичка волја. Тоа претставува закана за граѓаните на Република Македонија или, според локалните извештаи, тоа значи дека таа се обидува да ги поткупи во давање лажни изјави за други официјални претставници. Уште повеќе, таа вработува свои роднини со аргумент дека со тоа го зајакнува нејзиниот тим, што значи дека владата исплаќа плати на членовите на нејзиното семејство. Наместо да постапува според закон Јанева ја претставува корупцијата против која би требало да се бори, пишува Ерели.

Катица Јанева, додава Ерели не работи во интерес на народот. Таа не дејствува како независен обвинител, позиција на која е назначена. Наместо тоа, пишува Ерели, таа ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

SJO

Непрофесионалноста на Јанева се почесто се критикува и надвор од Македонија. Ова втора критика на некој надвор од нашите граници во однос на СЈО, откако неодамна претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминал, ги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.

– Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал, зборуваше во интервју за ТВ Нова Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.

Другата работа, нагласи тој е што истрагата по својата природа, се води во една фаза на постапката и не пред очите на јавноста бидејќи на тој начин може да се сокријат доказите.

-Овде е важна уште една работа, а тоа е пресумпција на невиност. Тоа е како што знаете составен дел на начелото на правичност според конвенцијата и според Уставите на многу држави, како и според Уставот на Македонија и на тие јавни настани треба да се води сметка дека личноста против која е покренато обвинение е невина, додека на суд не се докаже дека е виновна, истакна Мрчела.

Тој додаде дека од овие причини колку повеќе има јавни настани во медиумите на политичарите или на кој било друг каде што се создава впечаток за некоја личност дека е виновна, поголема е можноста таа личност на Европскиот суд за човекови права да го добие случајот поради повреда на пресумпција на невиност.

„Тоа што го зборуваш треба и да го правиш“: Напрофесионалноста на Јанева стигна и до највлијателниот политички магазин „Хил“

Политичките испади на СЈО и Катица Јанева сè потешко се прикриваат и покриваат. „Хил“, највлијателен весник на политичкиот естаблишмент во Америка објави критична колумна за работата на СЈО со наслов „Тоа што го зборуваш треба и да го правиш“. Авторот Адам Ерели пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.
the-hill-katica-janeva

Кога специјален обвинител се повикува да спроведе целосна законска промена во системот на една земја, од него се очекува дека ќе постапува според вредностите, кои секојдневно ги застапува во судовите. За жал, овие очекувања не се реализираатво случајот со специјалниот јавен обвинител во Македонија, Катица Јанева, пишува на блогот на весникот „Хил“ поранешниот амбасадор на САД во Кралството Бахреин и заменик-портпарол на Стејт департментот, Адам Ерели.

-Да се биде независен обвинител за Јанева значи да се отпуштат двајца заменици обвинители, кои, наводно, одбиле да ја следат нејзината политичка волја. Тоа претставува закана за граѓаните на Република Македонија или, според локалните извештаи, тоа значи дека таа се обидува да ги поткупи во давање лажни изјави за други официјални претставници. Уште повеќе, таа вработува свои роднини со аргумент дека со тоа го зајакнува нејзиниот тим, што значи дека владата исплаќа плати на членовите на нејзиното семејство. Наместо да постапува според закон Јанева ја претставува корупцијата против која би требало да се бори, пишува Ерели.

Катица Јанева, додава Ерели, не работи во интерес на народот. Таа не дејствува како независен обвинител, позиција на која е назначена. Наместо тоа, пишува Ерели, таа ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

Непрофесионалноста на Јанева сé почесто се критикува и надвор од Македонија. Ова втора критика на некој надвор од нашите граници во однос на СЈО, откако неодамна претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминал, ги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.

-Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал, зборуваше во интервју за ТВ Нова Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.

Другата работа, нагласи тој е што истрагата по својата природа, се води во една фаза на постапката и не пред очите на јавноста бидејќи на тој начин може да се сокријат доказите.

-Овде е важна уште една работа, а тоа е презумпција на невиност. Тоа е како што знаете составен дел на начелото на правичност според конвенцијата и според Уставите на многу држави, како и според Уставот на Македонија и на тие јавни настани треба да се води сметка дека личноста против која е покренато обвинение е невина, додека на суд не се докаже дека е виновна, истакна Мрчела.

Тој додаде дека од овие причини колку повеќе има јавни настани во медиумите на политичарите или на кој било друг каде што се создава впечаток за некоја личност дека е виновна, поголема е можноста таа личност на Европскиот суд за човекови права да го добие случајот поради повреда на презумпцијата на невиност.

Иванов: Наместо да го европеизира Балканот, ЕУ се балканизираше

Европската Унија наместо да го европеизира Балканот, се балканизираше.

Време е Унијата повторно да се европеизира себеси, а со тоа и Балканот, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој се обрати на конгресот на  „Пан-Европа“, што се одржува во Виена, во организација на Меѓународната Паневропска унија.

Иванов посочи дека иако Македонија сè уште не е дел од Европската Унија, нашата земја верува во неа. Тој појасни дека водени од оваа идеја пред 25 години започнавме да градиме европска Република Македонија, но поради неодлучноста на ЕУ, нашата куќа како да остана недовршена…