ПЛАТИЛЕ 537.000 ЕВРА: Еве како СДСМ преку соросови НВО купуваше ромски гласови во Делчево

SDSM-Stab

НВО КХАМ Делчево пред изборите помеѓу ромското население делеле пакети за имунизација, пакетите ги делела лично Мира Стојчевска, претседателка на ОО СДСМ Делчево и кандидат за пратеник, пишува на својот Фејсбук профил Никола Србов.

-Непосредно пред денот на изборите во сите домови кај Ромите влегла Мира заедно со претставници од НВО КХАМ, се претпоставува дека делела и кеш. Од 600 ромски гласачи на овие избори 400 гласале за СДСМ, а вообичаено гласале за ВМРО ДПМНЕ. На денот на изборите во дворот на гласачкото место стоеле претставници од КХАМ со цел да им укажат на Ромите кои доаѓале да гласаат за кого треба да гласаат. Нека кажува Пирова од Хелсиншки за правата на Ромите. Од ФООМ на сметката на КХАМ Делчево легнале 537.000 евра, пишува Србов.

Костов: Ако некој купуваше гласови тоа беше албанската емиграција олицетворена во лицето на Заев

Sotir-Kostov-24-Vesti

Ако некој во овие избори работеше контра законот, ако некој на овие избори купуваше гласови тоа беше СДСМ, истакна на денешната дебата на 24 вести, Сотир Костов.

– Да ве потсетам, во 7 клучни градови, не случајно се сменети началниците на полицијата, не случајно го бараа Министерството за внатрешни работи и сите на терен од мое Кочани, преку Куманово, Кавадарци, Прилеп, случаи кои каде што е фатен поткуп, не се на ВМРО-ДПМНЕ туку се на СДСМ, а предметите се процесирани до надлежните органи. Ако некој купуваше гласови тоа го правеше албанската емиграција олицетворена во лицето на Зоран Заев. Еве каде се прегласуваше. Во Теарце. Како може да се случи за 14 дена СДСМ да освои 245 гласови а ВМРО да стигне до 140 гласови. Што се случи во главата на тие гласачи… има една песна од АББА „пари пари пари“ со тоа работеше Заев, со тоа работеа џамиите и се случи тоа што се случи. Албанскиот народ ќе се свести што им направи Заев. Мнозинството од албанскиот народ, достоинствено гласаше за БЕСА ДУИ ДПА, гласовите за СДСМ ќе се анализираат со години и ќе се проучуваат во учебници, вели Костов.

ВИДЕО: Дали се подготвува изборна кражба во Теарце помеѓу СДСМ и албанските партии?

tearce

Нескриени се обидите на СДСМ да го купи Теарце, за што сведочат и фотографии што ги објавуваат на Фејсбук активисти на СДСМ и информации до кои доаѓаат медиумите. Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и в недела да гласаат за нив.

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Овие тврдења на граѓаните се во насока на тезата дека се работи за сценарио за поткуп на гласачи со идеи кои одат во полза на една етничка група.

Како гласаше Теарце на 11 декември

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

tearce-im-2011

Во Изборната единица 6 според резултатите на ДИК, најмногу гласови 40.546 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.044, СДСМ со 25.741, Беса со 24.989, Алијанса за Албанците 17.945, ДПА 16.161, ВМРО за Македонија 918 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 238.

ie-6-mandati

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Прегласувањето доаѓа како резултат на прифаќањето на тужбата на СДСМ од страна на Управниот суд на Република Македонија за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски. Велат дека не дозволуваат омаловажување преку поткуп. И дека прегласувањето е непотребно.

Членовите на општинската изборна комисија во Теарце и избирачкиот одбор два пати сведочеа во ДИК. Речиси сите тврдеа дека немало неправилности. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за сценарио за постизборен инженеринг за негирање на волјата на гласачите и за да се украде изборната победа. Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски.

СДСМ ПОТКУПУВА ГЛАСАЧИ, МВР ГИ ШТИТИ: Еве ги парите за купување гласови во Теарце!

zaev-silegov-pari-tearce-zurnal

Луѓето на СДСМ не ни кријат дека делат пари во Теарце. Синоќа високи функционери на партијата однеле 500.000 евра во двете џамии во селото. Во исто време, познатиот активист на СДСМ, Ивица Тодоровски, на Фејсбук самиот објави фотографија од парите кои ги дели во Теарце

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Синоќа околу 22:30 часот со сиво „Aуди“ караван со регистарски таблички (DB-1107-AB) луѓе на СДСМ доставиле 500.000 евра во двете џамии во Теарце, пари наменети за поткупување на гласачи – дознава „Вечер“ од извори во селото.

Полицијата во целиот период го следела настанот, но решила да не интервенира во џамиите затоа што тоа не го дозволувал министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. По оставањето на парите, возилото било застанато од полицијата и бил извршен претрес, внатре биле присутни Петре Шилегов, Ѓулумсер Касипи, која е втора на пратеничката листа на СДСМ во шестка, нејзиниот син кој бил возач и уште едно лице од Дебар, кое според нашите информации, е финансиер на поткупувањето и човек близок до претседателот на албанската дијаспора, Муса Љамалари.

Кога биле фатени, лицата од СДСМ кои во Теарце донеле 500.000 евра за потплаќање, биле видно вознемирени и исплашени. Но немало пријави против нив, затоа што претходно интервенирал Спасовски, а парите веќе биле оставени во џамиите.

Нашите извори велат дека и овој пат, луѓето од СДСМ целата операција за потплаќање ја воделе преку џамиите и оџите, до кои ги доставувале парите кои од нив биле делени до Албанците. Цената на еден глас е околу 1.500 евра, а истата сума им се нуди и на Македонци, потврдени гласачи на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се нудат по 1.500 евра за да не излезат да гласаат и тоа по моделот на СДСМ познат од претходниот круг – им се даваат парите и им се одземаат личните документи за да не можат да го остварат гласачкото право.

silegov-samka-tearce

Стратегијата на СДСМ била дека ако оваа сума не ги даде очекуваните резултати, таа ќе се покачи на 2.000 евра уште од вечерва, а до недела, дополнително ќе се зголемува.

Во избирачкото место 2011 во Теарце, има и огромен дел на Турци и луѓе од мешани бракови, токму затоа луѓето на Заев и албанската мафија, одлучиле парите да ги делат преку оџите, а парите се делеле на цели семејства, за 20-30 луѓе се исплаќаат по 1.500 евра од глас од човек, значи овие, големи муслимански семејства ќе заработат и до 50.000 евра.

Нашите извори од Теарце велат дека и Мухамед Зекери се активирал и контактирал со сите Албанци-бандити од Тетово кои ги повикувал да излезат на терен во Теарце, но до овој момент тие се уште се немаат појавено.

За вечерва се очекува и Зоран Заев да се појави во Теарце и да се обрати кај џамиите во периодот пред да настапи предизборниот молк.

СДСМ не ни кријат дека купуваат гласови

Активистот на СДСМ, Ивица Тодоровски, кој работи како обезбедување во Т-Мобиле, не ни крие дека партијата потплаќа пари на терен. Тој, на Фејсбук објавил фотографија со огромно снопче пари, наведувајќи дека е во Теарце. Според слободна проценка на големината на снопчето, внатре има околу 80.000 евра.

ivica-torodoski-sdsm-tearce ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

– Јас морам да бидам тука за секој случај – напишал Тодоровски, не криејќи дека неговата партија со овие пари потплаќа гласови во Теарце.

Наместо да ги уапси, МВР им помага во криминалот

Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, веќе два дена е во кампања во Теарце.

Фотографиите до кои стигна „Вечер“ го покажуваат службениот „Ленд ровер“ на Спасовски со кои на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце.

rover-mvr-tearce

Граѓаните кои ја доставија фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не избираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце – велат тие.

Симптоматично е што наместо МВР да ги уапси оние што делат пари за гласови, министерството е заедно со нив во кампања.