Илиоски: Земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив, на Заев и СДС никогаш не им биле важни

Ilioski

На Заев и СДС никогаш не им биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа тиранската платформа како надеж дека ќе формираат влада и ќе се спасат од кривична одговорност, наместо да се одлучат за почитување на волјата на народот и деблокирање на државата со одржување нови избори, изјави на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

 Според Илиоски, на Заев му била поважна тиранската платформа.

– Да не му беше поважна тиранската платформа на Зоран Заев заедно со новите парламентарни ќе се одржеа на 7 или најдоцна до 14 мај. На овој начин, граѓаните директно ќе кажеа што мислат за редефинирањето на државата и тиранската платформа, а Македонија ќе излезеше од кризата во којашто СДС ја држи – додаде тој.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и за подобрување на нивниот стандард.

– За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра. Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сѐ за да ја надмине деструктивноста на СДС и да се валоризира соодветно нивниот труд, односно да ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени во законски предвидениот рок – рече Илиоски.

Според него, СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат на мала врата да ја протуркаат тиранската платформа.

– Затоа со недели ја релативизираат, а преку своите партиски експерти и медиуми го навредуваат народот и ја потценуваат неговата интелегенција. Народот јасно ја виде намерата на СДС да се добере до власт по секоја цена, по цена на распродажба на државните и националните интереси, по цена на коалиција со ликови кои не признаваат знаме, химна и име на државата, по цена да ги премолчуваат негаторските изјави упатени кон сопствениот народ.

Сега кога народот ја виде намерата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, овој се обидува на секој начин да избега од соочување. Заев одбива упорно било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. Кризата која аболицираниот криминалец Зоран Заев ја направи за сопствен спас, сака да ја искористи за да ги турка државата и народот  во дополнително неизвесен период.

Нема да може да избега од соочување со народот, исто како што нема да избега од одговорноста за криминалот во кој тој и неговите пајташи од раководството на СДС се до гуша заглавени.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди! – заврши Илиоски.

СОРОСОИДОТ БИЛТ ЛАЖЕ: Еве доказ дека побарал средба со Иванов уште на 5-ти април

Bilt-laze-pokana

Ова е дописот со кој делегацијата на тинк-тенк организацијата, „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како ко-претседавач е Карл Билт, бара средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дописот е со датум од 5 Април, 2017 година.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov

Имено, поранешниот шведски дипломат кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава рече дека не побарал средба со претседателот Иванов.

„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билт на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.

Претходно, Билт правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.

Bilt-pokana-za-sredba-so-Ivanov-1

Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на Претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.

Ласовска: Пародија е тоа што СДСМ тврди дека не постои Тиранската платформа

Lasovska-Sobranie

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска денес, тврдењата на СДСМ дека не постои платформата ги нарече пародија.

-Пародија е тоа што вие велите дека нема Тиранска платформа, па мафтате со памфлетот наречен владина програма од 50 страници, рече Ласовска на денешното 13-то продолжение на собраниската седница.

Ласовска, во продолжение повторно апелираше до колегите од СДСМ да ја отфрлат Тиранската платформа бидејќи тоа е единственото барање во моментов од граѓаните на Република Македонија.

Конески со аргументи го срози СДСМ за валканата кампања против неговото работење

Koneski-TV24

Градоначалникот на општина Аеродорм Ивица Конески со аргументи го срози СДСМ кој се обидува преку дезинформации да ја манипулира јавноста во врска со ДУП-от во општината.

Коневски во дебата на ТВ 24, појаснува дека локацијата за која СДСМ тврди дека е јавна површина и дека ќе се уништува парк, всушност не е јавна површина, туку е приватно земјиште кое се наоѓа во градежна зона, покрај булевар.

-Факт е дека општината нема продадено никакви парцели и сеуште го немаме земено земјиштето за продажба-тоа е факт и факт е дека тие парцели за кои што дискутираме се во сопственост на приватен инвеститор, истакна Конески.

Според сознанијата, вели Конески, купопродажниот договор за земјиштето е направен од тогашната локална самоуправа во времето на СДСМ.

Коневски даде појаснување за таа локација, која како што рече, се проблематизира од страна на СДСМ поради нивни лични причини.

-Се наоѓа во прва зона покрај булаварот Јане Сандански и во тој дел изградени се голем број на објекти изминативе 20 години, никогаш не било проблем што се гради во тој појас, ќе ви набројам неколку- општината во која сега се наоѓаме ние каде што Скопски пазар го има градено објектот се наоѓа во прва зона, „Веро“ каде што се наоѓа во моментот е исто така прва зона, Рударски институт зградата што е изградена е во прва зона, истото се случува и со ТЦ Капитол, така да никогаш не било дилема дали таму треба да се гради или да не се гради. Оваа локација сега се проблематизира од страна на опозицијата од нивни лични причини, поради тоа што еден нивни поранешен сопартиец има лоши релации со нивното раководство сега и тие по секоја цена сакаат оваа градба да ја компромитираат.

За мене, додава градоначалникот на Аеродром, најважно од целава состојба е дали во тој појас се градело порано, дали е градежна зона или не е, и што има општината од таа инвестиција, дали има некој бенефит.

-Јас сум против да се гради во зеленило, и тоа го имаме докажано. Приоритет на општината е изградба на паркови и подигање на зелена површина, вели Конески во дебатата на ТВ 24.

Коневски подвлече и дека потребите на граѓаните за него се најважни како градоначалник и работи исклучиво во рамките на тие потреби.

-Сите детално урбанистички планови што ги носиме се во интерес на граѓаните и во интерес на реализација на голем број проекти во целата општина Аеродром.

НАСИЛНИКОТ СТАНА ЖРТВА: Медиумите на Сорос цел ден пласираа лаги за пратеникот-насилник, Максим Димитриевски од СДСМ

Lazni-vesti-za-Maksim-SDSM

Во кумановскиот ресторан „Гарден Палас“, вчера рано утрото во 01.00 часот по полноќ, пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски, предизвикал тепачка при што физички нападнал момче на возраст од 23 години нанесувајќи му телесни повреди. Ваквиот насилнички чин на функционерот на СДСМ се обидоа да го затскријат и спинуваат медиумите под контрола на СДСМ/Сорос, кои од Димитриевски од насилник сакаа да направат жртва.

Лажните вести од медиумите на Сорос беа пласирани во текот на целиот ден, па така се редеа разно разни наслови: „Димитриевски нападнат од полицајци во цивилка“, „Пратеникот Димитриевски нападнат од полицајци во кафеана“, па дури и го прогласија насилникот Димитриевски за иден министер за одбрана „Цивилни полицајци (ќосиња) го нападнаа идниот Министер за Одбрана Максим Димитриевски“ и слични.

dimitrievski 1

dimitrievski 2

dimitrievski 3

dimitrievski 4Idniot-minister-za-Odbrana

Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од Сорос, секогаш кога треба јавноста да се изманипулира за одредена вистина во хор ги објавуваат своите манипулации, така беше и сега.

Ваквите лажни вести и дезинформации беа демантирани од МВР, а во дневниот билтен на Министерството јасно пишува како се одвивал настанот.

„В.А. физички бил нападнат од страна на лицето М.Д. од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на  лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При превземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.“, стои во билтенот на МВР.

Ваквите испади на хистерија и вандализам на функционери на СДСМ доаѓаат по големото противење на народот тие насила да формираат Влада врз база на Тиранската Платформа и спротивно на Уставот.

Вчера медиумите излегоа и со фотографии од тепаното момче, на кои се гледаат повредите во пределот на долниот дел од главата.

Maksim-SDSM-pretepal-momce-2 Maksim-SDSM-pretepal-momce-1

Нападнатиот имаше и изјава пред камерите на регионалната телевизија во Куманово.

-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција, тврди нападнатото момче.

ФОТО+ВИДЕО: Нападнатото момче ги демаскираше лагите „Погледнете што ми направи пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски“

Maksim-SDSM-pretepal-momce

Пратненикот на СДСМ Максим Димитриевски ме претепа во кафеана затоа што не сакав да седам со него на иста маса. Вака нападнатото 28 годишно момче од Куманово го објаснува вчерашниот инцидент во кој според него пратеникот на СДСМ го нападнал во кафеана.

Maksim-SDSM-pretepal-momce-1

Момчето вели дека откако на Димитриевски му било кажано дека не сакаат да седи со нив, тој почнал да ги навредува, по што брутално го нападнал момчето.

-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција, тврди нападнатото момче.

Вели и дека како последица на ударите од Димитриевски, тој има еден скршен и еден напукнат заб.

-Еден заб ми е скршен, еден ми е напукнат и во пределот на устата сум повреден. Расцепени ми се усните и исто така имам модринки во пределот на усните, рече момчето.

Maksim-SDSM-pretepal-momce-2

ВИДЕО: Богоевски призна дека пласира лаги во Собранието

Bogoevski-SJO

Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, користејќи го пратеничкиот имунитет, ја злоупотреби собраниската говорница да пласира лаги во јавноста без да понесе одговорност, за истите тие лаги веднаш да се прошират по Соросовите медиуми.

На денешната седница Богоевски изнесе информации дека Никола Груевски има направено огромна сметка за телефон, за што подоцна самиот пратеник на СДСМ кажа дека таа информација не е проверена и дека не е вистинита.

-Ја разбирам скепсата за верување на информации кои се презентирани со скенирани фотографии и затоа денеска од претходните два пати, кога тврдев и тврдам дека има криминал, однапред реков дека не сум сигурен во вистинитоста на информациите – рече Богоевски.

Милошоски: Пред избори зборевте за евтина струја, а сега зборите за скапа платформа (ВИДЕО)

Antonio-Milososki-Sobranie

Ако господинот Зоран Заев лаже дека не постои договорена и прифатена платформа од Тирана, господинот Ејуп Халими не лаже. Ако госпоѓата Шекеринска лаже дека нема разговори за резолуција, за осуда на наводен геноцид врз Албанците, господинот Ејуп Адеми не лаже. Ако господинот Заев лаже дека не е разговарано за менување на Устав, на Закон, на територијална реорганизација, кантонизација, господинот Зијадин Села не лаже, истакна пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Ако СДСМ преку господинот Тунтев лаже дека платформа од Тирана не постои, граѓаните во Охрид и во Битола и во Скопје и во Струга и во Велес знаат дека платформата постои и некој кој што е уценет, аболициран, заглавен во криминал, за да се извлече себе си од судските процеси ја прифатил таа платформа за да се избави како личност и како политичар, рече Милошоски.

Немаме против, додаде Милошоски, никој да има своја платформа, но имаме против кукавички да ја подметнува после избори.

Ако сакате платформата да биде верификувана, за неа да се разговара и да биде дел од проектите на било која идна влада или Собрание, излезете на избори и граѓаните нека се изјаснат. Не го лажете народот после избори. Пред избори зборевте за евтина струја, а сега зборите за скапа платформа. Пред избори зборевте за минимална плата, а сега гледаме дека платформата е минимална уцена за некој да ја исполни личната амбиција да дојде на власт и да се спаси од судскиот процес, истакна тој.

Милошоски побара да добијат стенограм и да може да се продолжи со дискусија.

ЗАЕВ ПОВТОРНО ИЗЛАЖА – Ветувањата за 30.000 денари просечна плата биле празни зборови (ВИДЕО)

Zaev-vladina-programa-SDSM

Не помина долго, а Заев уште еднаш горко излажа. И оваа лага е печат на неговите празни ветувања и шарени лаги со кои им ги подгреваше илузиите на прелажаните граѓани кои гласаа за неговата божемна програма.

Во кампањата ветуваше 500 евра за секој вработен, за „да можат луѓето да отидат на одмор“, а денеска на прес-конференцијата потврди дека 30000 денари е еден од врните приоритети кој ќе го поувствува секое семејство како просечно промање.

Толку од „одморот“ на тие кои му веруваа дека ќе им обезбеди „подобар живот во Македонија“

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: Граѓаните порачаа дека не веруваат на лагите на Заев

Narod-protest-10-3-2017

Граѓаните побараа од лидерот на СДСМ јасно и гласно да ја отфрли платформата од Тирана

Зоран Заев многупати ги излажал Македонците за да поверуваат на денешните провидни лаги, порачаа присутните на денешниот собир пред Собранието. Побројни од ден во ден како во Скопје така и во другите градови ширум Македонија, побараа од лидерот на СДСМ јасно и гласно да ја отфрли платформата од Тирана.Но тој тоа не го направи и се обиде повторно да им продаде приказни за подобар живот и стандард.

Кога е во прашање Македонија, на улица се излегува со сите расположливи средства.На денешниот протест во Скопје, на граѓаните им се приклучи и земјоделска механизација, односно трактори и комбајн, украсени со државното знаме.


На овој начин се покажа дека и земјоделците даваат силна поддршка на иницијативата  „За заедничка Македонија“, меѓутоа и дека кога е во прашање Македонија, со сите расположливи средства се излегува на улица, во одбрана на интересите на државата.

Покрај механизацијата, посебно внимание привлече и шарпланинецот, надалеку познатото овчарско куче од Македонија, кое се наоѓа и на монетата од еден денар. И тој се приклучи кон толпата граѓани кој веќе 12 ден по ред се собираат со цел одбрана на унитарноста на државата.


Македонци тука сме повторно да го поздравиме претседателот на Република Македонија и да му порачаме да не подлегнува на притисоците и да не подлегнува на манипулациите, како и на обидите на овој народ да се потцени, порача од пред канцеларијата на претседателот Иванов, Богдан Илиевски-член на иницијативата.

-Ѓорге Иванов ќе продолжи да ги брани националните интереси на оваа земја бидејќи така и се заколна на денот кога стана наш претседател и нема да дозволи туѓи платформи да влезат во нашата земја, рече Илиевски.