Македонска Нација: Бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио

Prislusuvanje-doc

Јас сум не 100 проценти, не 1000, туку милион проценти сигурен дека бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио. 

Aleksandar-DzepovskiТолку години сум музичар со тапија и снимањето е мој живот. Мој предизвик било и ќе биде, луѓе што не знаат да пеат и имаат слаб и неубедлив глас, да ги направам или направиме како родени од Бога за пеење со полн и продорен глас да ги пукне небарем ѕидовите. Сите ниски, средни и високи фрекфенции со изедначен професионален ефект и спектакуларни завршници ги знаеме на 1001 начин одовде до Месечината и назад.

Доколку гледате реалити шоу со снимени разговори од Брза Помош, Полиција и Противпожарни повици, со закон регулирани и дозволени разговори на телевизија, ќе приметите дека снимените разговори се снимени така што гласовите се небарем си им ставил штипки на нос на соговорниците, потенки гласови и неизбежни шумови на местата каде се соговорниците и она како глуви кога не сме слушнале нешто па има пауза поголема и она нашето Аааа??? Штооо ? Рецепцијата на моболните никогаш не е константна и добра.

За разлика од сето ова, кај бомбите на Заев ама баш до една, се слушаат гласови на големо студиско ниво, како да плаќа некој за пеење по 200 евра на саат и гласовите се како за рок пеачи, само без еко ефект. Зборовите се темпирани како швајцарски саат, без застанување и никаков шум од околкината и види чудо, со одлична рецепција. Секој збор е на високо ниво и се одлично се слуша. Со еден збор Македонски Телеком е со 100 пати поквалитетен звук и техника од Америка, Австралија и Европа. И нема она Аааа, Штоооо…. се е кратко јасно и ефектно за мерак. Најитересно е како е крпен зборот ДА. Се додава одма во секунда кога на народот треба да му се даде порака што некој од се срце сака да ја наметне и гледа сеир.

Ние музичарите имаме многу финти и трикови, но еден заслужува посебно внимание. Ако некој каже здраво на микрофон, го ставаме како семплер или примерок на програм преку клавијатура и после гледајте сеир. Грубо и со фалшови некој ќе испее или изрецитира… и после со клавијатура се дотерува на највисоко ниво, што и Павароти се има чудено што техниката прави. Паралелно со ова, може од два семплери на Заев и Груевски да направиме телевизиски серии со нивните гласови и сите ќе поверувате дека се вистински. Исто така на бомбите се гледа и дека фрекфенциите на гласовите од соговорниците се исечени мајсторски и правилно, така да нема горе долу разлики, се е на исто ниво, направено преку компјутери.

Ова се само неколку од стотоци финти и трикови што ги имаме ние музичарите под ракав. Ако додадам и дека имам завршено курс за снимање и прислушкување, како и мајстории за додавање и одземање зборови и со еден збор за големи пари да направиш убиец невин, а невиниот да го направиш убиец …. сето ова имајте си го во глава дека не треба да му се верува на никој. Затоа јас се откажав од покварените финти и таа деликатна работа која можеше да ми донесе богатства невидени.

Но чиста ми е совеста, а на СДСМ не им е чиста совеста и затоа така прават.

Ете, ви објаснив накратко зошто мислам, а и ви тврдам дека бомбите на Заев се лага и не поминуваат ни кај деца од 5 години. Ваше е да одберете што е вистина и најважно од се е да ја сакате и чувате Македонија. Другото само по себе ќе си дојде. Мир, разум и вечна Македонија.

Извор: Македонска Нација
Пишува: Александар Џеповски