ЛИЦЕМЕРНИ ГАДОВИ: Додека Заев глуми со декларација за фер избори, партиски кандидати за градоначалници се сретнуваат со министри

ZZ-sredbi-most

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев по којзнае кој пат го покажа своето лицемерие.

-Ќе нема притисоци и злоупотреби од државата за изборни цели, порача Заев на конференцијата „Одвојувањето на државата од политичките партии“. Тој истакна дека одржувањето фер и демократски избори е врвен приоритет на владата.

Но, интересите на партијата, за лидерот на СДСМ изгледа се поважни од она што го ветува како претставник на Владата.

Декларацијата за фер избори е само глума за пред јавноста. Министри од СДСМ остваруваат средби со кандидатите за градоначалници од нивната партија со што директно се покосуваат зборовите на Заев.

Златко Марин, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром, деновиве оствари средби со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и со министерката за образование и наука Рената Дескоска. За тоа јавно се пофали и на социјалните мрежи.

Функционерите на СДСМ, очигледно, едно зборуваат пред јавноста, а сосема друго прават.

Но и покрај сите овие сплетки и манипулации кои СДСМ ги прави, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на анкетите.

ЛИЦЕМЕРИЕТО НА СДСМ НА ДЕЛО: Вчера глумеа конструктивност и го прифатија законот за ваучери, денес на комисија гласаат против

SDSM-glasa-vo-sobranie

Членовите од СДСМ денес на Комисијата за финансирање и буџет гласаа против Законот за вредносни бонови – ваучери кои требаше да се доделуваат на студентите за набавка на компјутери и компјутерска опрема, предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашната седница пратениците од СДСМ велејќи дека се конструктивни го прифатија законот за вредносни ваучери за студентите за денес истите тие пратеници на Комисијата за финансирање и буџет каде што се разгледува овој закон да гласаат против односно да не го поддржат законот.

Очигледно е дека се работи за глумење на некаква конструктивност од страна на СДСМ сакајќи да покажат пред народот дека ќе прифаќаат закони кои што се во интерес на граѓаните.Овој закон единствено е во интерес на студентите кои што досега во два наврати додека беше предходната власт добиваше вредносни ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема.

Жерновски е лицемерен, а не хуман: За бездомниците се грижи Градот Скопје, а тој си го рекламира ПОЦ

zernovski-bogdanovik-poc-reklama

Дури и опозициските новинари и поддржувачи ги прочитаа евтините манипулации на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски,кој вчера на својот фејсбук статус објави дека Центар била првата општина која започнала со згрижување на бездомните лица и го окарактеризира како проект на ЈП „Паркизни на општина Центар“, чиј директор е Саша Богдановиќ.

15941205_1452460838117515_5158779871394832161_n
Додека од една страна Жерновски и Богдановиќ бесрамно си тераат маркетинг на грбот на бездомниците, од друга страна лажат дека ова е прв Центар за бездомници. Градот Скопје години наназад дава пари на Црвениот крст за Центарот за бездомници во Момин Поток. Ваквите манипулации на Жерновски беа препознаени дури и од опозициските новинари.

zernovski-falb640s

-Јас, како новинар кој 15 години, пишува и се грижи за сите категории на соц.загрозени луѓе во Скопје плус беспомошни животни во градов, да не зборам урбанистичка мафија, едноставно нема да ви дадам да си прибирате заслуги, сега и овде, затоа што не е во ред ! Тие не се плишани мечиња со кои може политичарите да си играат кога ќе им текне. Ако некој е заслужен за официјалниот Пункт за бездомни, кој се отвори пред осум години во Момин поток, и е под капа на Црвен крст со фин.поддршка од Градот, тоа се само новинарите. Не сте вие !, напиша на социјалните мрежи новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

joci-1640

Таа го прашува Жерновски зошто не се вклучиле со донации по стотици напишани текстови за веќе постојниот Пункт во Момин Поток?

-Тој е направен под стандардизирани услови од меѓународен Црвен крст. Всушност, секоја вечер со комбе ги собираат од улиците и ги носат таму. Ги знаат, бидејќи се нивни корисници, 50 на број. Оние кои сакаат, повеќето не. Не даваат да ги влечете за рака и да ги пикате каде ќе ви текне. Затоа што нивниот лајфстајл и матрица се поинакви од луѓето по кафеаните во Дебар Маало. Дојдете да ве прошетам до Момин Поток и да ги чуете нивните прикаски. Ако имате стомак. Ги заболе за вас. Ниту гласаат, ниту ги интересира политика. Сакаат социјални станови. Хари за тоа се бори. Така ми рече. Ќе им дадете?, напиша Ивановска.

joci-2640

Со свој коментар се јави и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, кој напиша дека храбрите индивидуални гестови како замена за институционалните брзо создаваат колективни заблуди дека приватната солидарност може да ја замени јавната. Mицковски додаде дека не е здраво да се имитираат институциите и колективитетот.

sipovits

За ваквиот став на Мицковски поддршка даде дури и претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ кој напиша дека се’ е точно и одлично образложено.

Инакиу, пунктот за бездомни лица во Момин Поток функционира 8 години и истиот е отворен преку целата година, два пати неделно со следниве услуги- одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот. Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа која има изградено и финансиски го поддржува работењето на ваков пункт.

На располагање е стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување. Црвен крст на град Скопје има евиденција за 148 бездомни лица на подрачјето на град Скопје, кои ги користат услугите на пунктот, додека дневно во просек пунктот го посетуваат до 45 лица.

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500. 000 денари ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од донации и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје.

ВИДЕО: Ново продолжение од сапуницата – Црпнатиот Заев против дволичниот Заев

zaev-silegov-mancevski

Лицемерието и двојните стандарди кои ги покажува Зоран Заев немаат крај. Лидерот на СДСМ не отстапува од личното правило едно да говори пред камери, а друго да прави на дело.

За Заев, проблем беше Гордана Јанкулоска да биде и министер и носител на листа, но ова за него не претставува проблем кога треба да се најде позиција после изборите за Оливер Спасовски.

-Истовремено за време на избори мора да биде разграничено што е партија, а што држава. Не може Гордана Јанкулоска да биде ем носител на листа, ем министер со сите полицајци на избори, па лелекање и плач, страв и трепет за секој, говореше Заев.

Ваквата изјава само ги потврдува двојните стандарди и лагите кои Заев ги кажува. Па, така министерот за внатрешни работи од СДСМ Спасовски е поставен за носител на втората изборна единица. Ем носител на листа, ем министер со сите полицајци на избори, баш онака како што во случајот со Јанкулоска за Заев не беше прифатливо.

ЛАГИ И ЛИЦЕМЕРИЕ: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите

zaev-kavadarci

Разоткривањето на непрофесионалното, пристрасноста и политизираноста на СЈО, кое се случува пред очите на целокупната јавност, очекувано резултира со засилен притисок од страна на СДСМ врз Катица Јанева таа да почне да испорачува резултати какви што Зоран Заев бараше од неа усте од почетокот.

СЈО изминатиов период целосно се девалвираше како институција, а Зоран Заев со предлозите за двојазичноста на целата територија, изминативе две недели го урниса и онака слабиот рејтинг на СДСМ.

Во целиот контекст сосем очекувано е СЈО да излезе со уште некоја политички нарачана истрага, каква сто најави ја за утре. Веројатно процените на ПР стратезите на СДСМ се дека само на тој начин и партијата и СЈО ќе може да го сопрат вагонот во кој се заедно качени, а кој се позабрзано тргна низбрдо.

Според експерти со кои контактиравме многу веројатно е дека во недостаток на програма и проекти кои би биле понудени на граѓаните, притисокот од СДСМ кон СЈО во наредниот период ќе расне со цел да се излегува со што е можно повеќе паушално конструирани предмети. Целта на Заев и СДСМ е да се влезе во што е можно поцрна кампања каде граѓаните би биле пасивизирани, односно веќе не би можеле да дојдат до израз конструктивните политики и програмите со проекти кои се најсилното оружје на ВМРО ДПМНЕ.

Во целата фарса својата улога би требале да ја одиграат и вандалите под контрола на Зоран Заев кои стојат зад таканаречената платеничка револуција на СДСМ/Сорос. Истите веќе го нападнаа Основниот суд Скопје 1 испраќајќи им закани на судиите дека и тие лично може да бидат нивна мета. Како што поминува времето, ваквите операции веројатно ќе стануваат се почести. Тактиката е едноставна. Катица Јанева ќе испорачува празни политички конструкции кои ќе ги нарекува предмети, во секој од нив ќе бара изрекување на одредени мерки против лицата кои од СДСМ ги означиле како таргети, односно политички противници, а правната непоткрепеност на овие политички конструкции ќе биде повод за платениците на СДСМ/Сорос да вршат притисоци врз судот и да провоцираат инциденти кои би му овозможиле на Заев да избега од избори.

Најдобра потврда за овие претпоставки даде токму Зоран Заев во неговата денешна изјава во Кавадарци, каде ги оправда вандалите во насилството на судот. Според Заев добра причина за закани и притисоци врз судиите е тоа што од страна на судот не бил изрекуван притвор секогаш кога Катица Јанева ќе побарала без разлика колку апсурдни и неаргументирани се нејзините барања, кои според голем број експерти наликуваат како да се изработени од луѓе кои немаат допир со правото.

Најголемиот апсурд во целата ситуација е што Заев и Верушески се на слобода токму заради тоа што судот го уважи првото барање на Катица Јанева да се укинат сите мерки на претпазливост за обвинетите од случајот Пуч. Апсурдна е загриженоста на Заев за неизречените притвори кога целата јавност гледа дека истиот не се појавува на рочиштата закажани за поткупот од 200 000 евра кој што го бараше и притоа на прес конференции тврдеше дека за него македонските судови не постојат.

ЛИЦЕМЕРИЕ НА СЈО: Виновниците го сториле делото, ама треба да се намалат казните бидејќи се блиски до Заев

Katica-Gica-prasica

Од ден во ден станува се појасно дека начинот на работа на СЈО е следен: ако си близок со Заев можеш да правиш криминал, да бидеш осуден, а потоа Катица Јанева да ти ја намали казната.

Имено, Специјалното јавно обвинителство ги оцени како неосновани поголем број од жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и му предложи на Апелациониот суд да ги отфрли.

СЈО ги прифати жалбените наводи на одбраната само за висината на казните за сите осудени. Според Специјалното јавно обвинителство, казните се превисоки и престрого определени и тие му предлагаат на Судот санкциите да бидат намалени или ублажени, а за шестмина да бидат изречени условни казни.

Покрај тоа, СЈО му предлага на Апелациониот суд да бидат направени дополнителни вештачења кои се однесуваат на оружјето пронајдено кај генералот Горан Стојков и  Цветан Дамјановски и да бидат обезбедени дополнителни докази за делото прикривање кое му се става на товар на првообвинетиот Марјан Ефремов.

Ваквите барања на СЈО, го покажуваат лицемерело на ова обвинителство, каде што само пријатели и блиски луѓе на Заев и СДСМ можат да прават каков сакаат криминал и при тоа Јанева да се залага за намалување на нивната казна.

За разлика од преметите во кои Едмонд Темелко и Владимир Талески се незаконски малтретирани.

Талевски кој редовно се јавуваше во СЈО, доби куќен притвор, а СЈО без аргументи бара продолжување на притворот.

Едмонд Темелко, пак од друга страна во февруари годинава беше незаконски и насилно приведен во својот дом пред очите на неговото семејство.

Основниот суд на прес-конференцијатогаш потврди дека СЈО Катица Јанева преку сдсмовскиот министер Оливер Спасовски  на своја рака одлучиле насилно да го приведуваат единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.

Колумна на Илија Димовски: Опозициско лицемерие – Преку хаос до власт

Ilija-Dimovski

Лицемерството, несериозноста и нестабилноста на опозицијата во Република Македонија кон македонските граѓани се огромни. Веќе неколку години наназад во недостиг на идеи, креативност, програма, капацитет, како и квалитетни кадри, опозицијата својата политика ја темели единствено на некаква си измислена и фиктивна борба за демократија и слобода. Прикриваат своја неспособност со фиксација во термини и поими кои граѓаните не ги препознаваат како суштина на политичка борба во држава како нашата, токму во време во кое живееме. Да говорите дека нема демократија и слобода, а слободно да ги извршувате сите недела преку организирано политичко малтретирање и насилство и слободно да говорите против кого сакате и кога сакате (најчесто и без докази и аргументи) навистина се вика лицемерство.

Да е уште поголемо лицемерство, да е огромно, на нашата македонска опозиција кон граѓаните е фактот што токму оние кои што себеси се претставуваат како борци за демократија и слобода, ги попречуваат граѓаните на Република Македонија во остварување на едно од основните и најзначајните човекови права, кое е загарантирано и втемелено во нашиот Устав, како и во многу други меѓународни договори и конвенции, а тоа е правото на глас. Правото граѓаните преку демократски избори да одлучат на кого ќе му ја дадат довербата да ја води државата во наредните години и да одлучат како и во кој правец ќе биде управувана земјата е основно политичко право без кое не постои демократијата. Нашата опозиција зборува за демократија, а во сопствената држава не дозволува да одлучуваат граѓаните. Посреќни се кога за оваа држава одлучуваат странци, дипломати, притисок, уцени, зелени маси, лидерски средби, преговори помеѓу партиите и с` што не претставува директен и непосреден облик на демократија. Се плашат од гласање и се плашат од народ.

Петти јуни ќе биде запишан во македонската историја како датум кога македонската опозиција избега да се соочи со македонските граѓани преку избори. Избегаа и се скрија во одаите каде не одлучува македонскиот народ. Побараа заштита од сите за да се заштитат од сопствениот народ.

Одлагањето на изборите за некои политичари значеше продолжување на политичката кариера и пролонгирање на кризата, а тоа очигледно беше и целта на опозицијата, бидејќи единствен начин како тие себе си се снаоѓаат во политиката е само преку креирање и одржување на долгорочни кризи. Тие не може да се борат преку идеи, проекти и конструктивна дебата. Не се снаоѓаат, никогаш не победиле на избори и никогаш не ја добиле на фер начин довербата од граѓаните. Знаат дека треба да создадат хаос за да се доберат до власта.

Секаде во светот опозицијата е таа што бара избори преку кои би можела да дојде на власт, единствено во Македонија имаме пример каде опозицијата бега од избори и соочување со граѓаните, нешто што не е замисливо во ниту една држава во светот. Сите претставници на маѓународната заедница се зачудени од ваквата состојба и кон нашата опозиција гледаат со нескриена жал и чудење.

Македонската опозицијата е единствена во многу работи. Наместо да се срамат од тоа што избегаа од избори, деновиве гледаме како се гордеат со тоа што не се одржаа предвремените договорени парламентарни избори. Неодржувањето на избори го претставуваат како еден голем успех за нив и се радуваат исто како да победиле на избори.

Доколку во Македонија навистина немаше слобода, демократија и имаше огромно незадоволство кај граѓаните, онака како што тврди македонската опозиција и медиумите кои се под нејзина капа, протестите ќе беа масовни и ќе протестираше целиот народот, а не 2.000, 3.000 „спонтано“ собрани активисти на опозицијата и платеници чија што професија е да протестираат, уништуваат, кршат и да креираат хаос и страв. За пари од Сорос секако. Овие луѓе не протестираат ниту за слобода, ниту за демократија овие луѓе протестираат за да дојдат на власт и да заработат дневници. Ги има на многу места во Европа и светото. Не се ниту први ниту креативни.

На опозицијата и СДСМ треба да им биде јасно дека нема да може да го заобиколат народот, народот е оној што единствено има право да одлучи кој ќе ја води државата и никој друг. Не ќе може да бегаат цело време од избори, може да избегаат еднаш, двапати, трипати, но кога тогаш ќе мора да се соочат со граѓаните. Kолку повеќе одложуваат, толку поголема казна ќе добијат.

За нашата опозиција слобода и демократија во Македонија ќе има само кога тие би дошле на власт макар тоа било и на недемократски начин, како што и се обидуваат преку создавање на вештачки кризи и преку најразлични надворешни фактори. Тоа нема да им успее, колку и да се надеваат дека некој друг ќе им ја заврши работата. Избори ќе дојдат и казната ќе стигне.

Пишува: Илија Димовски за Дневник

ЛИЦЕМЕРИЕ: Наутро се поклонуваат на Гоце Делчев, а навечер ги уништуваат спомениците

SDSM-Licemerie

Лицемерната политика која веќе стана одлика на најголемата опозициска партија СДСМ се потврдува и со последните нивни постапки. Имено, додека наутро се поклонуваат на гробот на Гоце Делчев, попладне опозициските вандали ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите.

По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ денеска оддаде признание на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност. Ваквиот чекор секако е за поздравување, но не може а да не се забележи лицемерието на СДСМ, партијата која стои зад сквернавењето, фарбањето и уништувањето на спомениците на револуционерите изминатиов период.

SDSM-Licemerie-1

Додека наутро наводно оддаваат почит и признание, нивните вандали попладне во сите сили атакуваат врз обезличување на овие спомен-обележја, што само уште еднаш потврдува колкав е степенот на лицемерие во редовите на опозициската партија.

Изминативе денови, беа уништени низа спомен-обележја на македонските револцуионери, меѓу кои споменикот на АСНОМ, релјефите на Порта Македонија, релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски, Григор Прличев и низа други.

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи функционери и членови на СДСМ.

Егзодусот на Македонците во Егејска Македонија

8-ми септември – Ослободување на Македонија

Porta-so-boja-1Porta-so-boja-7Porta-huligani-9Vandalizam-Porta-MakedonijaProtesti-13-den-7Protesti-13-den-4Protesti-13-den-2

Spomenici-so-bojaSpomenici-so-boja-1Protesti-Lav-boja-1SDSM-Agencija-za-mediumi-5Grad-Skopje-vandalizam-2Grad-Skopje-vandalizamSpomenik-ASNOM-1Fontana-crvena-vodaBoja-fontanaPolicajci-boja-2Policajci-boja-1Krivicen-Sud-boja-2Krivicen-Sud-boja-1Huligani-SDSMProtest-SDSM-SOROSSDSM-kamenuva-policija

ЛИЦЕМЕРНИ ПЛАТЕНИЦИ: Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат двојно зголемени плати

Irena-Ristik-molotov-koktel

Само во Македонија и зад плаштот на СДСМ може да се случи протест за повисоки плати и обвинувања против Владата за тортура во услови кога таа им ги покачила платите за 100 и повеќе отсто.

Синдикатот за култура на Република Македонија за кого легитимниот СОНК изјави дека е нелегитимен синдикат и за кој е многу веројатно дека стои СДСМ како партија, излезе со неколку барања, меѓу кои е барањето за повисоки плати. Истражувањата кои ги направивме покажуваат дека најгласните од актерите и кои се први меѓу протестите кои ги организира СДСМ земаат енормни суми на покачени плати.

Па така, месечно актерката Ирена Ристиќ во 2006-та земала 19.872 денари, сега зема 38.317 денари месечна плата што претставува зголемување за 92.77%.

Irena-Ristik-protestiramДополнително се хонорарите за дополнителни изведби, па така Ристиќ за отворањето на велешкиот нов театар за само три одиграни престави дополнително земала 175 илјади денари. За само 5 престави во охридскиот театар земала од државата 145 илјади денари.

Ирена Ристиќ од државата која ја обвинува за тортура и режим земала и хонорар од 203 илјади денари за претставата „Aферата Елсинор“ во МНТ.

Irena-Ristik-Jovica-MihajlovskiНишто полош во однос на платата е и актерот Јовица Михајловски, брат на сопственикот на порталот „Сакам да кажам“, Горан Михајловски. Јовица Михајловски во 2006-та имал плата од 18 илјади денари, а денес таа плата му е покачена за 107.34%.

Актерката Софија Куновска која денес е пратеник на СДСМ, пред да стане пратеник платата и е зголемена за разлика од 2006-та за 120.46%, односно во 2006-та земала 15.120 денари, а пред да стане пратеник платата и изнесувала 33.333 денари.

Sofija-Kunovska-SDSMНишто полоша не е состојбата ни кај синдикалецот Виктор Илиевски кој иронично бара покачување на платата, а неговата плата, без хонорари, денес за разлика од 2006-та е покачена за цели дополнителни 10.553 денари месечно.

Viktor-Ilievski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за безбедност на граѓаните

VMRO-Nov-Stab

Крајно лицемерно и потценувачки за граѓаните е СДСМ да говори за безбедност на граѓаните, за борба со криминалот, достоинство на полицијата, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Оливер Спасовски.

Од оваа партија му забележуваат на Спасовски за селфи фотографии утрешниот ден на самото место кај што гинеа македонските бранители во Диво Насеље, како и за неговото учество на протест наспроти сопствената полиција и институции, дека грубо го партизирал МВР со цел да вработи некомпентентни партиски кадри на места на професионалци, дека организирал масивна акција на специјалците во Липковско од која немаше ниту резултат, ниту уапсени, туку само исплашени граѓани и вознемирена јавност.

Од ВМРО-ДПМНЕ, неѓу другото, посочуваат и дека тој ги измислил наводните афери со лични карти и возачки дозволи кои потоа биле демантирани на штета на угледот на МВР и на државата.

– Оливер Спасовски на 5 јуни ќе може добро да се увери што мисли народот за оваа негова хипокризија и безобразие. А потоа, јасно ќе види што значи достоинство, професионалност и функционални институции за борба против организираниот криминал, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.