ВИДЕО: Додека на Заев не му прилега да е патриот, албанските партии подготвени етнички да коалицираат за локалните избори

Zoran-Zaev

Кога се во прашање нивните национални интереси, Албанците се подготвени да настапат единствено, како и што застанаа зад тиранската платформа, која беше прифатена од лидерот на македонската опозиција Зоран Заев, документ што директно удира по темелите на унитарноста и на суверенитетот на Македонија.

Зоран Заев се чини треба да учи за патриотизам од своите партнери од албанскиот блок, кои покажаа дека кога се во прашање националните интереси за нив нема партија, а Зоран Заев никако не сака да слушне за понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ги добие сите 51 пратеник на таа партија за малцинска влада, само за да ја отфрли платформата, со што би се зачувала унитарноста на државата.

Реџаил Исмаили од ДУИ во гостувањето на телевизија „Алсат“, изјави дека тиранската платформа ги дефинира работите многу добро, а и процесот на соработка би требало да продолжи понатаму, а тоа важи и за следните локални избори.

Декларацијата ги дефинира работите многу добро, неслучајно е направена и тркалезна маса за да продолжи процесот на соработка и понатаму. Ние имаме места како што се Ресен Охрид, Долнени, потоа Битола, Велес, каде што немаме преставници, со исклучок на Велес и Охрид немаме претставници во општинските совети. И нам ни се наметнува ова прашање, ние како ДУИ и во минатото сме побарале соработка со албанските субјекти токму на оние места каде што Албанците се во мал број, да бидат застапени, да имаат свои претставници во општинските совети, изјави Исмаили.

Потврда дека Албанците се спремни да одат заеднички на локалните избори, за исполнување на својата агенда во нашата држава даде и Флакрон Беџети од Алијансата на Албанците. Тој како пример ги даде Кичево и Струга, каде ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа заедно на изборите

Тоа се случило во Кичево и Струга и тоа се разбира дека ќе се случи меѓу нас во тие општини, извините што токму го земав случајот на Кичево или другите случаи, треба да бидеме внимателни да не излеземе со многу кандидати, изјави Беџети.

Голема помош во исполнување на својата Албанците добиваат и од лидерот на опозицијата Зоран, тој одамна кажа патриотизмот не личи на неговата партија СДСМ. Тој во гостување на Алсат во 2013 година кај тогаш новинарот, а сега пратеник од СДСМ Мухамед Зекири, кажа дека нема да направат повеќе грешка со глумење патриотизам.

Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот, како партија што не ни приличи такво нешто И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Ние сме државотворна партија. Ние сме партија што беше пример за мултиетничкиот соживот. Ние сме партија што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја. Обидовајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти , како на пример со Законот за бранителите, Струга, Кичево, многу варијанти, не ни причат на нас социјадемократите. Луѓето очекуваат да бидеме за кохезивност, да бидеме сплотувачкиот фактор во оваа земја, изјави тогаш Заев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение обвини дека доколку СДС не се плашеше од гласот на Македонските граѓани и доколку на криминалецот Заев нивната волја му беше поважна од обврските кон нарко-дилерите и сите кои го негираат македонскиот идентитет, веќе ќе почнуваше кампањата за предвремените парламентарни и локални избори.
-Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за Тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7 или на 14 мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза. Наместо храбра и државничка политика, криминалецот Заев одбра да се спасува од кривична одговорност и да ги прифаќа сите уцени, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните избори кои требаше да се одржат мај оваа година, ќе бидат одложени сигурно. Денеска во Уставниот суд пристигна иницијативата за проверка за членовите з5 и 49 од Законот за локална самоурава, односно се бара укинување на одредбата со која се утврдуваше рокот за утврдување на термин за изборите, а со самото тоа се ограничуваше мандатот на советниците и градоначалниците. Ова барање е со цел да не се блокира работењето на општините во периодот додека да се одржат изборите.

Заев призна, СДСМ не е подготвен за локални избори (ВИДЕО)

Struga- lokalni

СДСМ е целосно неподготвен и исплашен од локалните избори и тоа е, како што признава и самиот Заев, причината за одложувањето на изборите.

sdsm povik

СДСМ планираат дури во август да започнат со анкетирање на граѓаните и процедура за избор на кандидати за градоначалници. Тоа е само доакз дека Заев и СДСМ лажат дека се подготвени за избори, и ги потврдува информациите дека ова е единствената причина поради која СДСМ не побара многу порано да се состане парламентот.


СДСМ, Зијадин Села и Џеват Адеми имаа можност многу денови пред нивниот предлог да дадат 20 пратеници за избор на претседател на Собрание. Не го направија тоа затоа што знаат дека не се подготвени да излезат на локалните избори и намерно го пробија рокот. Локалните избори нема да се одржат затоа што СДСМ и ДУИ не се подготвени да излезат на локални избори. Сега им се брза бидејќи се договорија за платформата од Тирана, сакаат да ја протуркаат набрзина, се наближуваат судските рочишта во мај за предметот „Поткуп“, сакаат по секоја цена да дојдат на власт, да извршат притисок врз судството и еден човек да се спаси од криминалот макар и по штета на националните интереси на Република Македонија. Не бараме ништо друго освен во ова Собрание на секој пратеник да му се дозволи по точката за која се расправа да го искаже своето мислење, така како што сме ја почнале оваа седница, така и да ја завршиме. Не може интересот на еден човек и неговата амбиција, наместо да биде на суд, да биде на столчето за премиер, да биде залог за целата држава – истакна Милошоски.

На крајот, малку фројдовски, Заев веќе даде одоговр како не требада се владее на градоначалничко ниво, а уште помалку на државно, а од друга страна, 2 милиони граѓани добија увид во неговите принципи на работа во општина Струмица.

Поделбата на општините клучна за колицијата меѓу СДСМ и ДУИ: Заев ги сака Арачиново, Студеничани и Чаир

zaev-ahmeti-albanci

СДСМ на локалните избори ќе оди со кандидати Албанци во некои од општините каде што мнозинство се Албанци, најави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми. Наспроти ова, од партијата на Али Ахмети очекуваат соработка со СДСМ, а не директна изборна битка во трката за градоначалничките мандати, особено во Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Kичево и Скопје, пишува Дневник.

Од извори од ДУИ Дневник дознава дека соработката меѓу СДСМ и ДУИ за локалните избори била дел од пакетот договорен меѓу Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев за новата владина коалиција, во спротивно, според ДУИ, ќе нема ни нова влада.

Од СДСМ, пак, тврдат дека меѓу Заев и Ахмети немало разговор за локалните избори.

Адеми во интервју за тетовска телевизија на албански јазик најави дека СДСМ ќе излезе со свои кандидати Албанци за локалните избори.

Не гледам никаков проблем да имаме кандидати Албанци во општините во кои Албанците се мнозинство. Тоа што е поважно за мене е да имаме квалитетни кандидати. Градоначалникот треба да биде добар. Помалку е важно дали ќе биде Албанец или од некој друг ентитет. Денеска имаме албански општини со градоначалници Албанци, но тие се нефункционални. Не кажувам дали ќе имаме или не кандидат Албанец, но постојат можности за тоа – вели Адеми.

Висок функционер на СДСМ за „Дневник“ потврди дека на локалните избори ќе номинираат кандидати за градоначалници Албанци, но дека сè уште не утврдиле во колку и во кои општини. Функционерот вели дека рано е да се каже дали за општините како Тетово, Гостивар, Чаир, каде што за избор на градоначалник во вториот изборен круг неопходни се гласовите на Македонците, СДСМ ќе оди на соработка со ДУИ и ќе излезе со кандидат Македонец или ќе номинира кандидати Албанци.

Од ДУИ брифираат дека е договорено за локалните избори да соработуваат со СДСМ бидејќи се коалициски партнери на централно ниво.

Природно е при изборот на градоначалниците да соработуваме со СДСМ, особено во општините во кои во вториот изборен круг решавачки се гласовите на Македонците – вели висок функционер на ДУИ за Дневник.

Според ДУИ, ова веќе е договорено меѓу Ахмети и Заев кога се договарала поддршката на ДУИ за новото парламентарно мнозинство. Неофицијално, Ахмети инсистирал дел од договорениот пакет да биде и соработка меѓу ДУИ и СДСМ за локалните избори и Заев со кандидати Албанци да не му чепка во ооштините во кои мнозинство се Албанците. Според изворот на весникот, во спротивно ќе нема ни соработка меѓу ДУИ и СДСМ на централно ниво, односно ќе нема ни влада.

На поддршка од СДСМ за локалните избори пред с` инсистирал преговарачкиот тим на ДУИ со социјалдемократите, кои воедно се актуелни градоначалници на Тетово, Гостивар и Чаир, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити. Токму во интерес на преговарачката тројка било ДУИ да прави влада со СДСМ, сметајќи на поддршка од социјалдемократите за уште еден мандат во Тетово и Гостивар.

ДУИ со остар став за нови градоначалнички мандати

Интегративците, според првичните најави, не се очекува да истрчаат со нови имиња за кандидати за градоначалници во поголемите општини. Извесно е дека Невзат Бејта и на претстојните локални избори ќе влезе во трка за уште еден мандат во Гостивар, бидејќи ја има поддршката од гостиварскиот разгранок. Неофицијално, на повторна номинација за градоначалничката функција ќе оди и Теута Арифи за втор мандат во Тетово. Промени ќе нема и за Струга, Kичево и Липково, каде што како најсериозни кандидати повторно се споменуваат поранешниот градоначалник Рамиз Мерко и актуелните Фатмир Дехари и Садула Дураку. Иако чаирскиот градоначалник Изет Меџити ја има поддршката од разгранокот, тој за „Дневник“ изјави дека нема да оди на четврти мандат.

– Доста се три градоначалнички мандати. Ја имам поддршката од разгранокот, но во политиката секој треба да го знае моментот кога треба да се повлече. Оставам простор помлади кадри да претендираат за градоначалничката функција – вели Меџити. Интересно е како владините партнери СДСМ и ДУИ ќе одиграат за Струга и Kичево, каде што е неопходна соработка без оглед дали кандидатите за градоначалници ќе бидат Македонци или Албанци. На последните локални избори во 2013 година, карактеристично беше дека за Струга и за Kичево се гласаше етнички. За победата на доскорашниот градоначалник на Струга, Зијадин Села, и на градоначалникот на Kичево, Фатмир Дехар, и пресудни беа гласовите на сите партии на Албанците, но и гласањето на албанската дијаспора, која за изборите масовно дојде во земјава. И за претстојните избори од ДУИ брифираат дека, најверојатно, ќе се оди на етничка, наместо на поддршка од коалицискиот партнер.

Можно е Арачиново првпат да има градоначалник од СДСМ

Ако СДСМ реши во општините со мнозинство Албанци да оди со свои кандидати за градоначалници Албанци и доколку поддршката на граѓаните за локалните избори остане како таа за парламентарните, тогаш е можно Заев без проблем да ги добие Арачиново, Студеничани, а можеби и Чаир, пишува весникот.

На последните парламентарни избори СДСМ доби повеќе гласови од ДУИ во Арачиново, Студеничани, а во Чаир беше втор по Беса и пред ДУИ.

ВИДЕО: Фрчкоски ги има сите одговори за кои СДСМ молчи „Нормално дека локалните избори ќе се одложат“

Frckoski-24-TV

Идеологот на СДСМ, поддржувачот на политиката на Зоран Заев, Љубомир Фрчкоски во емисијата „24 Анализа“ вчера го потврди партискиот став, дека немаат намера да се откажат од тиранската платформа и затоа нема да одат на избори.

Граѓанскиот револт од молкот на СДСМ за тиранската платформа секој ден станува сè поголем и поголем и тоа е причината што СДСМ избегнува соочување со народот и причината поради која СДСМ ги одложи и локалните избори.

Нормално сметам дека локалните избори ќе ги одложат, никој не е будала да оди на локални избори со платформа: „Гласајте против платформата на Албанците, гласајте против СДСМ“. Како мислат дека можат да го изведат тоа? – рече Фрчкоски.

ВЛАДА ДО ЛОКАЛНИ ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ИМА: Во мај се можни двојни избори

Izbori-glasanje

Последните интерни анкети на ДУИ покажале дека Беса има поголем рејтинг од најмалку пет отсто, што дополнително оди во прилог на намерата на Ахмети да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Откако не беше постигнат договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање влада, политичката состојба во Македонија уште повеќе се усложни. Иако сите очекуваа дека СДСМ лесно ќе ги собере потребните 61 потпис, со што ќе докаже дека има мнозинство во парламентот, тоа не се случи.

Станува јасно дека ДУИ нема туку-така да ги даде потписите и дека формирањето влада е сè уште далеку. Причините за тоа се различните ставови на дел од раководство на ДУИ, кое отворено заговара коалиција со СДСМ, додека пак поголемиот дел е за продолжување на соработката со ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера од СДСМ и од ДУИ доаѓаа различни информации за текот на преговорите. Од СДСМ велат дека ги испратиле на писмено барањата од ДУИ што дефакто се толкува дека прифаќаат двојазичност, додека пак Ахмети по средбата со францускиот амбасадор нагласил дека не се брза со формирањето на владата.

Против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ се тројцата градоначалници, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, кои поради слабите резултати и налетот на Беса се пред пораз на изборите. Тоа лидерот Ахмети добро го знае и единствена надеж за нов мандат на неговите градоначалници гледа во поддршка од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Гласовите на етничките Македонци можат да бидат одлучувачки во вториот круг на локалните избори ако се знае дека поради составот на населението таму речиси сигурно ќе се најдат двајца кандидати Албанци.

За ДУИ како партија би било погубно да ги изгуби своите главни упоришта – Гостивар, Тетово и Чаир. Последните интерни анкети на ДУИ покажале дека Беса има поголем рејтинг од најмалку пет отсто, што дополнително оди во прилог на намерата на Ахмети да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервјуто на „ТВ Нова“ нагласи дека од ДУИ предизборното коалицирање го ставиле во контекст на локалните избори.

Освен што се изрази незадоволство за Законот за јазиците, излезе на површина уште една значајна работа – коалицирањето со ВМРО во светлина на локалните избори затоа што одредени градоначалници се плашат и треба да се плашат како ќе поминат на изборите. Дел од нив имаат причина да се плашат имајќи предвид што сработиле – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто.

Доколку лидерот на ДУИ не успее пред централното претседателство да го наметне своето мислење да се продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ, друга варијанта што се размислува е во мај покрај локалните да се одржат нови предвремени парламентарни избори, а дотогаш со работа на терен партијата да се обиде да ги поврати оние гласови што им ги одзеде СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ: Ќе дојдат локални избори, нема да ја имате нашата поддршка (ВИДЕО)

VMRO-DPMNE-DUI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски и Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, која доаѓа на негово барање.

Францускиот амбасадор истакна дека она што и го посакува на Македонија е воспоставување на стабилност со цел придвижување на работите нанапред и надминување на постојната ситуација.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека партијата имаше обид во рок од 20 дена да формира Влада, иако од самиот почеток ни беше јасно дека со така тесното мнозинство формирањето на Влада во Македонија ќе биде сериозен предизвик, сепак и покрај се влеговме со добра волја и оптимизам. Но, за жал кај ДУИ се појавија некои прашања кои ги одвратија да прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од разговорите со нив, а и од информациите кои ги добивме, доминираат најмалку две покрупни прашања.

Даштевски: СЈО ја почнува кампањата на СДСМ за локални избори

dastevski-tv-nova

Она што денес се прави од страна на СЈО е јасен почеток на кампањата за локалните избори, пишува на својот профил на „Фејсбук“ политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

– СЈО намерно, свесно и таргетирано согласно потребите на СДСМ одбира места и општини каде изложува луѓе од партиското јадро на ВМРО-ДПМНЕ со цел јавно и јасно да ги прикаже како престапници на законот. Тие во суштина се луѓе домаќини кои се свесно вплеткани во политичката хајка на СЈО. Со ваквите постапки се прави и нанесува очигледна неправда, но и дискриминација на луѓето – пишува Даштевски.

Според него, целта е да се нанесе политика штета на ВМРО, а политичка корист за СДСМ. Ова што се случува нема никаква допирна точка со правото, додава Даштевски.

Dastevski-FB-SJO-kampanja-lokalni-izbori

Главните кочничари – Арифи, Бејта и Меџити се исплашија дека ќе бидат збришани на локалните избори

Teura-Bejta-Medziti

Стравот на ДУИ дека ако влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги загуби локалните избори во мај, била втората главна причина, по двојазичноста и пописот, зошто не се случи договорот за состав на влада меѓу победничките партии, пишува Дневник.

Зошто Ахмети се повлече?

Kако што дознава „Дневник“, завчерашната изјава на Талат Џафери дека главната пречка во преговорите настанала кога на маса било ставено прашањето за Специјалното јавно обвинителство, всушност, е неточна – бидејќи СЈО било спомнато само неколку секунди, еднаш на почетокот на разговорите, но дискусијата не продолжила.

Имено, во финалето на разговорите изминатиот викенд, во саботата, 80 проценти од членовите на ДУИ го поддржувале Ахмети во намерата да формира влада со Никола Груевски. Но, како што дознаваме, во неделата по 17 часот се случил пресврт под влијание на Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, по што мнозинството застанало во нивна поддршка, па Ахмети во страв да не биде изолиран и да не крахира партијата, на крајот се повлекол.

-Според нашите извори, меѓу аргументите Арифи нагласила и дека нејзината сестра работи во фондацијата финансирана од Џорџ Сорос, во која порано била и член на Одборот, па се заканила и дека ако се реализира заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе излезе од партијата. Вториот нејзин аргумент, но и на Бејта, бил дека по ударот што ДУИ го доби на декемвриските избори, само партнерство со СДСМ може да ги спаси од дебакл на претстојните локални. Иако Ахмети, како што брифираат изворите, се противел на нивните ставови, нагласувајќи им дека токму поради СДСМ ги изгубија албанските гласови, сепак, на крајот ја прифатил тезата како нова политичка реалност за ДУИ, пишува Дневник.

Со други зборови, потпретседателите покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори.

Иако некој од присутните споменал дека ДУИ на тој начин станува разгранок на СДСМ, сепак преовладала тезата дека е најважно да се „преживеат локалните избори, за другото потоа“. Преовладал наметнатиот страв на Ахмети дека одејќи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без главните ресурси – големите општини, односно дека СДСМ и Беса ќе станат доминантни албански партии во Македонија.

И Бејта со свои аргументи во полза на коалиција со СДСМ

Освен причините што ги изнеле Арифи и Меџити во полза на коалицирање со СДСМ, свои аргументи имал и Бејта. Според нашите информации, Бејта стравувал од можноста кривично да биде гонет за сторени финансиски кривични дела при изградба на локални патишта, односно градени без тендер. За да ги прикрие сторените дела, Бејта налагал тендери да се објавуваат по една година за патишта што веќе се готови.

Според извори на Дневник, силна улога врз промената на ставот на ДУИ доцна во неделата имало и Соросовото влијание, пренесено преку влијанието на неколку локални дипломати, кои буквално оделе од човек на човек со убедувања да не се прифати коалицијата со Груевски. Иако Ахмети на состанокот спомнал дека има поддршка од две од трите најголеми партии во Албанија, од главните политички партии на Kосово, од новата администрација во САД и од некои европски држави, за коалиција со Груевски, сепак, од неколкумина присутни, повеќепати било спомнувано дека некои локални дипломати им го сугерирале спротивното.

Во неформалните разговори надвор од седницата, дел од присутните го отвориле прашањето дали ДУИ треба да остане верна на соросоидните влијанија во ситуација кога Сорос стана не само главен непријател на ВМРО- ДПМНЕ, туку и на новата администрација на Доналд Трамп. Сепак, на партиската седница никој не се осудил јавно да го каже тоа.

За време на партиските разговори во ДУИ, за издвојување бил ставот на поранешниот министер за локална самоуправа Тахир Хани, според кого, „сега е вистинскиот момент ВМРО-ДПМНЕ да ја моли ДУИ на колена и да бидат притиснати да прифатат с` што тие бараат“.

И ЗАКОН ЗА НВО СТАВЕН НА МАСА

На заедничката средба, според нашите извори, покрај другите, ВМРО-ДПМНЕ изнела предлог за носење закон со кој би се оневозможило некомерцијално финансирање од странство на телевизиите и другите медиуми. Kако што е познато, Сорос со свои пари и со парите доверени од УСАИД дава многу пари во вид на грантови или т.н. проекти во опозициските медиуми со цел нивно корумпирање и наведување да ги прокламираат политиките на оние што им плаќаат, а не да имаат сопствена уредувачка политика. „Телма“, „Алсат“ и поголем број други медиуми во Македонија се приматели на огромни вакви пари.

Од ВМРО-ДПМНЕ побарале законски измени со кои сите НВО ќе бидат задолжени на своите веб-страници детаљно и прецизно да ги објават сите свои приходи и расходи, односно целосна транспарентност во нивното работење.

Ова би вклучувало и информации за тоа од кого точно доаѓаат парите за каква намена и во каква форма, по која основа, со наведување на секое физичко и правно лице.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за локалните избори 2017

VMRO-DPMNE-gradonacalnici-2017-1

Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ денес преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември.

Повикот се однесува на сите 84 општини во државата. Во истиот е наведено дека кандидат за градоначалник може да биде секој граѓанин кој ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политики, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потребно е заинтересираните кандидати да оседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страну, детална програма за рабпта на општината на не повеќе од 5 страни со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна аплицијација, стои во повикот од владејчката партија.

VMRO-DPMNE-gradonacalnici-2017

По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште и со него ќе биде извршен разговор од страна на Специјална комисија која за таа цел ќе биде формирана.

По повикот се наведува дека сите кандидати имаат поддеднакви шанси да бидат избрани во зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и визијата за иднината.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата пракса низ максимално транспарентна процедура и преку активно учество на граѓаните да се изберат најсоодветните кандидати за градоначалници. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија, стои во јавниот повик на партијата.

Инаку, сите заинтересирани лица потребната документација може да ја подигнат од седиштето на партијата во архивата секој работен ден од 12 до 16 часот или пак на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk. Пополнетите материјали треба да се достават до партиското седиште.