ВИДЕО: Дали СОРОС ја финансира злоупотребата на безбедносниот систем во Македонија?

SOS-za-SOROS

Граѓанското движење „Стоп операција Сорос“ попладневно одржа прес конференција на која ги повикаа од фондацијата СОРОС јавно да одговорат за кои и кави цели се залагаат во Република Македонија.

Дали најавените финансии во висина од 500 милиони евра од Џорџ Сорос за отворање на границите на Европа за непречен проток на мигранти, дел ќе бидат потрошени кај нас, за менување и отворање на границата со Грција…

Србов: Две години имавме криза започната од невладиниот сектор под капата на Сорос

nikola-srbov

Во Македонија имавме две години политичка криза која што беше започната и хранета од невладиниот сектор, што кај нас целосно е монополизиран од страна на фондацијата „Отворено општетство“, што е под капата на Сорос, изјави за ТВ НОВА политичкиот аналитичар Никола Србов, еден од основачите на граѓанското дрвижење „Стоп операција СОРОС“.

Јавноста не е доволно информирана за моќта на невладиниот сектор и организациите кои се под капата на Сорос, како тие влијаат во Македонија. И ова не е пример само во македонското општетство, тука спаѓа и речиси целиот регион на југоисточна Европа. Последниве две години јавноста започна да се освестува во однос на тоа што навистина значи невладиниот сектор и како истиот може да влијае врз државата. Две години имавме политичка криза што беше хранета или започната од тој невладин сектор што кај нас е целосно монополизиран од страна на фондацијата „Отворено општество“ што е под капата на Сорос, изјави Србов.

Додаде дека 95 посто од активните невладини организации  го креираат мислењето во државата и создаваат конфликти, дури и насилство по улиците на главниот град.

Соросоидите месечно заработуваат колку 10 просечни плати

soros-fondacija

Бруто платата на Ф.К. од Фондацијата СОРОС Македонија за 2014 година износува над 2.000.000 денари, по основ на плати и дополнителни надоместоци. Пресметано по месечни примања, излегува дека приходите по основ на плата изнесуваат околу 170.000 денари. Следната година приходите се зголемени и за цела година изнесуваат над 2.500.000 денари, односно 3.400 евра месечно. Со тоа само во две години Ф.К. од СОРОС заработила фантастични 73.000 евра. Ако оваа сума се спореди со просечната македонска плата, актуелниот прв човек на фондацијата за еден месец од СОРОС добива колку што просечен македонски граѓанин му е потребно да работи 10 месеци.

Довчерашниот прв човек на фондацијата СОРОС во Македонија, В.М. во 2014 година по основ на лични примања уредени со договор, бруто примил без малку 2.700.000 денари или близу 44.000 евра и тоа за само една година. Месечно таа сума изнесува 3.600 евра.

На платниот список на „Сорос” е и С.Л. сопруга на петтоосомничениот во случајот „Пуч”, Ѓ.Л. Таа во 2014 година од СОРОС добила бруто приходи во висина без малку од 2.500.000 денари. Следната година, тој износ е поголем и е над 2.600.000 денари. Поточно, за само две години заработила околу 82.500 евра.

СОРОС во меѓувреме функционира како параполитичка организација, наплатувајќи големи средства на луѓе од нејзиниот платниот список, која дејствуваат како политички субјекти. Меѓу другите кои се јавно изложени на политичката сцена, е и сопругата на еден од осомничените во најголемата афера во последниве 25 години, со која насилно се руши легитимно избрана влада на државата.

Чилиманов: Преку СОРОС во Македонија беа увезени агресивни вируси на политички радикализам

Cvetin-Cilimanov-izjava-TV-Nova

Преку СОРОС во Македонија во изминатиот период беа увезени некои агреивни вируси на политички радикализам, истакна Цветин Чилиманов за ТВ НОВА во анализа за анти-сорос протестите на македонската дијаспора во САД и влијанието на фондацијата СОРОС во Македонија.

-Се наметнуваше една крајно левилчарска оријентација во економијата, крајно левичарска оријетнација во општетствените семејни односи коишто мислам не сме ги ни имале до тоа ниво во Македонија. Тука беа и оние агресивни насилни протести со емотивно набиени пораки коишто се направени со цел да се раскараат луѓето меѓусебно. Тоа беше увезено преку оваа фондација. Паролата „Нема правда, нема мир“, не беше нешто иновативно, туку директно увезена од учебници за организирање на протести, појасни Чилиманов.

Тој заклучи дека со изборот на Трамп за претседател, започнува еден нов период во политиката на САД.

-Како одговор на овие агресивни политики на левицата во САД и на Обама таму и тука, гледаме дека во САД и во Европа на власт доаѓаат десни движења и партии кои бараат да се стави крај на политичките злоупотреби од изминатите 8 години. Македонија ќе биде дел од оваа приказна, не затоа што ние така решивме, туку затоа што фондацијата СОРОС во Македонија така реши, предизвикувајќи ја оваа политичка криза во којашто живееме денес, смета Чилиманов.

 

Фани Каранфилова-Пановска троши над 13.000 евра на ден за уништување на државата

Fani-SOROS

Сорос Македонија троши 13.888 евра на ден, 416.666 евра на месец, односно 5.000.000 евра годишно, пари со кои Каранфилова Пановска, наследничката на Владимир Милчин, ги финансира опозициските медиуми и активности. Ова се парите со кои беше платена „Шарената револуција“ која над два месеци дивееше низ Скопје, ги  тепаше и навредуваше припадниците на македонските безбедносни сили , причини матријална штета од стотици илјади евра врз државен имот и го оневозможуваше нормалниот проток на луѓе низ Скопје секое попладне до доцните вечерни часови.


krs-3

krs-2

krs

На местото на Владимир Милчин, како директор на Сорос фондацијата во Македонија, Фани Каранфилова Пановска доаѓа во Јуни месец 2015, наследувајќи го Милчин кој 23 години беше неприкосновен владетел со Сорос Македонија која во текот на неговото директорување потроши 96 милиони евра, за пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ. Владимир Милчин, беше чест посетител на митинзите и протестите на СДСМ и еден од говорниците на митингот што го одржа СДСМ  пред владата, по примерот на довчерашниот шеф и Каранфилова Пановска може да се види на сите активности на СДСМ.

pari-1

Во платеничката-шарена револуција таа лично учествуваше со целото нејзино семејство кои на еден или друг начин се сврзани со СДСМ. Кранфилова Пановска и нејзиниот сопруг Мартин Пановски секој ден на својот фејсбук профил секојдневно објавуваа слики од оштетени згради, имот и споменици.

panovski

Како што кажавме Каранфилова Пановска не е единствен експонент на СДСМ од нејзиното семејство во јавноста. На јавноста многу добро и е позната Ана Пановска, свекрва на Фани, која е редовен колумнист во опозицискиот неделник Фокус, кој исто така е финансиран од страна на Сорос Македонија , односно свекрвата пишува за весникот финансиран од снаата, чија главна цел е оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ со разни манипулации.

panovskii-2 panovski1

 

Ана Пановска, на својот фејсбук профил секојдневно пишува лаги и манупулации против ВМРО-ДПМНЕ  со што секојдневно си ги одработува парите од снаата.

panovska

Каранфилова Пановска за две години како претседател на Сорос Македонија инкасира неверојатни  4.800.000 денари  , т.е. 80.000 евра или 3330 евра месечно, плата која ретко кој во државата ја има. За тешките пари кои ги плаќа Сорос за дестабилизација на Македонија лани во Мај пишуваше порталот „Нетпрес“ во текстовите под наслов платеничка револуција, откри колку пари добивале „борците за граѓански права“.

Дневниот весник Вечер во Мај 2015 година под наслов „ Сорос со буџет од 5 милиони евра и оваа година, неофицијалната сума многу поголема“ пишува дека фондацијата само за плати и хонорарни надоместоци на годишно ниво издвојува 640.739 евра, додека под ставката „помош и давање“ , што се однесува на финансирање и на медиуми исплатиле 3.085.942 евра.

Медиуми и новинари кои добиле најмногу грантови од ФООМ се ПлусИнфо на Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов, А1ОН  и многу други медиуми. Сорос „дебело“ ги плаќа и организациите „ Транспарентност Македонија“, МЦЕО – Македонски центар за европско образование чиј поранешен директор е Лидија Димова, пратеничка од СДСМ во последниот парламентарен состав, која на јавноста и стана популарна по возењето на комбето на „Шарена револуција“, разнесувајќи ја бојата со која беа оштетувани зградите низ центарот на Скопје.

МЦЕО сега го води Бојан Маричиќ, сопруг на Маринела Тушева , пратеничка во три мандати од СДСМ од Штип. Потоа корисник на грантовите на Сорос се јавува и  МОФ кој пружаше огромна подршлка за Пленумите и партискиот институт „Прогрес“ , како и многу други органзации кои со по еден човек примаат илјадници евра.

 

Медиумите во државата пишуваа дека според официјалните годишни финансиски извештаи на Сорос Македонија може да се види дека од формирањето на Сорос Македонија до 2014, Сорос во Македонија истурил 93 милиони евра, додека за последните две години 2015 и 2016 дополнителни 10 милиони евра или вкупно 103 милиони евра, пари кои јавноста многу добро гледа кај завршиле.

Инаку Сорос во неговиот официјален годишен  финансиски извештаи за 2016 година, објавен на нивната официјална интернет страница  www.opensocietyfoundations.org/about/expenditures , објавува дека фондацијата за 2016 издвојува 930.7 милиони долари, од кои за Европа се наменети 69,7 милиони долари, од кои за Сорос Македонија се одвојуваат  5  милиони евра, односно 5.367.775 милиони долари или 8% од вкупните пари наменети за Европа.

Од тука се поставува прашањето зошто Сорос за Македонија која има 2 милиони жители издвојува енормни 8  % од сите пари наменети за Европа , кој има над 600.000.000 жители. Која е целта зад овие огромни суми на пари истурени во Македонија  на јавноста од ден во ден и станува се повеќе јасно, имајќи го предвид горе пишаното кое до детал и е познато на јавноста таа веќе има јасна претстава што е заднината на сево ова.

Граѓаните видоа дека Сорос Македонија со овие свои активности и  пари причини материјална штета врз државен имот, блокираше цела една држава цели 2 години и уназадувајќи го нејзиниот општествено-економски прогрес, сето ова со амин на Џорџ Сорос. Овие средства граѓаните не ги гледаат како средства за граѓанскиот сектор, кој СДСМ го контаминираше и стави под целосна контрола за остварување на свои тесни партиски интереси, туку како пари директно наменети за финансирање на СДСМ и нивните активности за рушење на ВМРО-ДПМНЕ и забавување на општествено-економскиот прогрес.

Сотир Костов: Зоране Заев, јави се! – За Македонија се работи

Sotir-Kostov

Kога на Бадник и Божик албанските експанзионисти од Тирана и Приштина ни го испратија катиљ-ферманот, во форма на заедничка изјава или платформа, сега веќе и тие самите не знаат, мене не ми требаше време да видам на кој каков му е ставот, кој како ќе реагира на тој антимакедонски памфлет, туку веднаш дадов изјава за телевизија „Алфа“, интервју за порталот „Прес 24“ и ја напишав мојата редовна колумна во „Дневник“. Во сите три медиуми го изнесов мојот јасен, недвосмислен, непоколеблив и неменлив став дека таканаречената платформа на албанските партии во Македонија е спротивна на одредбите на Уставот на Република Македонија, не е во духот на Рамковниот договор од 2001 година, а богами и наголемо излегува од пропишаните рамки и принципи предвидени во него, а преку амандмани преточени во Уставот. Kонстатирав дека се работи за анахрон документ, анахрон на времето во кој се појавува и испорачува, анахрон на адресата на која е адресиран, унитарна држава – Република Македонија, и анахрон според својата содржина, во која се зборува за нации и етникуми, а не за граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ и граѓаните што живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, кои се еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија, во согласност со традицијата на Kрушевската република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, како што е запишано во Уставот на Република Македонија. Платформистите на најгруб начин, ин флагранти – на самото место, сега и тука, со својот платформистички памфлет, директно и недвосмислено, сакаат, најпрвин да ги поткопаат, а потоа и да ги срушат уставните темели на самостојноста и сувереноста на Македонија. Тоа истовремено е акт против мирот и соживотот и акт против напредокот на личниот и заедничкиот живот на сите нас во Македонија. Едноставно, тоа е памфлет против уставното уредување, демократскиот и политичкиот систем и територијалната неделивост и неотуѓивост на Република Македонија.

Добро, тоа е атак од надвор, многу добро ни се познати големоалбанските апетити и незадоволената жед за „Голема Албанија“, која упорно се негира, ама уште поупорно се работи за остварување на таа албанска кауза. Ништо подобро не сум очекувал од Еди Рама и Хашим Тачи. Едниот соросоидна кукла, која има главна ролја во гранд гињол театарот во Албанија, а сега и веќе самопрогласен албански лидер од регионот, а другиот мрачен тип од неодамнешните војни на Балканот, каде што, еве го гонат и притвораат за воени ѕверства, не само на војници и борци, туку и на трудници, родилки и двенеделни бебиња. Мене многу повеќе ме интересира однесувањето на лидерите на албанските партии во Македонија. Арно ама го видов и се разочарав. Обични доносители (деливеристи) на антидржавни памфлети, смислени и напишани во туѓи експанзионистички дворови, за кои не сум сигурен дека се бели (Kоста Рацин), напротив, повеќе од сигурен сум дека се црвени или, ајде да не сме еуфемисти, па да кажеме дека се крвави. Сакаш од етничките чистења низ историјата, сакаш од геноцидите во таа крвава балканска историја. И сега, ни оп ни троп, туку најбезобѕирно и безобразно, еден од тие геноциди ни подметнуваат во нашиот двор. Е, то нече мочи, велат во една наша соседна држава. А јас додавам: нече мочи, ни ове ночи ни сутра, а богами и никада. И да си продолжам на македонски јазик, за век и веков, с` додека ова парче земја се вика Македонија, а според државното уредување е Република Македонија. И сега ајде барем еднаш да бидеме искрени. Најпрвин кон самите себе, да не се залажуваме, да не немаме лажни надежи, а богами и кон сите во Република Македонија, но и сите што, еве, покажуваат конечно реализирање на големоалбанските идеи и претензии кон Република Македонија. Се работи за Името. Да, за Македонија, за тој толку посакуван бренд, од кој на времето сите наши соседи се откажале и државите си ги крстиле Грција (Елада), Бугарија, Албанија и Србија, потоа, со помош на големите сили територијата ни ја черечеа, а Македонците ги прогонуваа, раселуваа и убиваа, по улиците и калдрмите на Софија, Виена, Солун, Скопје, Велес, Kавадарци, Kуманово. И, еве, сега некој проценил дека е време за фајнал каунтдаун (финално одбројување), во смисла на финално пресметување, и ајде ќе удриме по јазикот, ќе наметнеме двојазичност во унитарна држава, нешто што нема никаде на светот, потоа ќе го смениме името, и на крајот ќе ја разграбаме територијата. Па, луѓе бре, ова е веќе видено. Еднаш, двапати, сме го доживеале и преживеале, како народ и територија. Ама политичките глодачи и хиени превиделе дека сега во 21 век и во втората негова декада имаме држава што се вика Република Македонија. Државата, според уставното уредување, е унитарна, а општествената заедница мултикултурна. Море, крволоци низаедни, тоа се две различни работи. Го знаете ли тоа или не? Да не случајно до таа лекција од демократија, политика и култура с` уште не сте дошле? Ако е тоа, лесно е. Ќе ве научиме, ќе сфатите, ќе прифатите, и ќе си ја видите сета своја заблуда и ајде да не кажам, заведеноста од туѓите центри на моќ, кои на Македонија не ~ мислат добро.

И сега главната поента: Ахмети и дружината што ова не го гледаат и кобајаги не го разбираат не ме секираат многу. Постои нешто што се вика отворен разговор, добронамерен дијалог, и ако во нив ги употребиме веродостојните факти, издржаните аргументи, а, пред с` и над с`, заедничката љубов и добра намера за Македонија, имаме шанси да се договориме. И тоа сами, не ни требаат никакви Ванхојтовци и други разноразни светски пробисветови, кои не си ги средиле работите во своите држави, па нам ќе ни го прават тоа. Не благодарам. Никој од нас не е ниту малоумен ниту ретардиран. Доколку имаме една и иста цел, решение ќе најдеме. Тоа и го посакувам. Ама тоа се прави без ултиматуми, уцени, закани или отворено кажување дека н` чека војна. Тоа не бива. Такво нешто не ни е потребно. Ич не ме секира и тоа што вицкастиот Геровски, злобниот Грчев, морбидниот Тричковски и целата нивна дружина не ја сфатиле работата, па ден за ден, лицитираат ли лицитираат, а богами и злонамерно с’скаат едни на други. Не се тие опасни. Па, луѓе бре, тие со големи странски ресурси работеа повеќе од две години и не му донесоа ништо добро, арно или победа на СДСМ и нивниот им Зоран Заев, па мислам дека и во оваа ситуација, кога не разбираат за што се работи, не се опасни, тотални маргиналци се, а и разобличени се, бе батка. Многу се испосрамотија, ги испоганија институциите на државата и не ја остварија зацртаната им цел од Сорос и KАНВАС. Мене многу ме загрижува фактот што еве деновите си минуваат, а Зоран Заев не се изјаснува за платформата. А најмногу од с` сум загрижен што никој и од актуелното раководство на СДСМ не проговори. Не можат да кажат дека немаа шанса за демократија и демократско размислување и дејствување. Значи, ова што сите во СДСМ молчат е опасно за состојбата во која се наоѓаме, уште поопасно за можноста за излез од кризата, а најопасно за заштита на уставниот поредок на Македонија и нашиот опстој како држава и народ. Добро, има време за коригирање, никогаш не е доцна, и секако ние аналитичарите објективно ќе го анализираме тоа. Ама, сте се запрашале ли што значи молкот на Зоран Заев? Зошто тој молчи? Што чека? На што се надева? Е, мој Зоране, Зоране. Не бидува од тебе политичар, ниту лидер, а најмалку државник. Оној момент кога ќе проговориш, на едно да се присетиш. Политичар што молчи, а не дејствува во судбоносни моменти не може да води модерна политика и не може да твори демократија. Лидер што го водат, уште повеќе го седнале в скут разноразни емигрантски елементи, не е лидер. Лидерот води, лидерот е прв, во с` и за с`, т.е. на чело на колоната е, тој е пример. Идол. Ти, Зоране Заев, не си лидер. Kога ќе сфатиш и дали ќе сфатиш, според тоа како се однесуваш (молчиш, молчиш, и молчиш, значи, ти си лидер за кого важи паролата „Партијата- тоа сум јас“), и Господ не знае. Тоа го знае само нечестивиот. Државник. Аууу. Па за тебе како државник не можеме да зборуваме. Па ти не мислиш и не дејствуваш за Македонија. Едноставно, одбра да молчиш. Изгуби на изборите и се скри во глувчева дупка. Зоране, Зоране, па и Черчил и Де Гол ги губеа изборите, но добија свое заслужено и достојно место во историјата. Ти на чело на СДСМ никогаш не успеа да добиеш мнозинство. Ќе ти ја откријам тајната: Вистинските политичари не му приоѓаат на мнозинството. Мнозинството им приоѓа ним. И сега поентата: Флертуваше за време на изборите и изборната кампања со избирачите, но медениот месец ти помина. Едно треба да знаеш: Политичари како тебе се грижат за изборите и како да победат. Државниците, пак, се грижат за иднината на државата и нејзините граѓани. Значи, за Македонија станува збор. Kаде си ти? Чекаш молчешкум да добиеш шанса да бидеш мандатар, премиер и државник што ќе ја води Македонија? Тешко на политиката и демократијата со тебе, кој едноставно не ги одбира, не му сече главата. Потешко на сдсмовците со тебе, со лидер што се крие. Најтешко на сите нас со „државник“ како тебе, кој не знае кога треба да го крене гласот за Македонија. Зоране Заев, јави се!

Пишува: Сотир Костов за Дневник

Цве­тин Чи­ли­ма­нов: Нема да бидеме сами ни кога ќе почнеме да возвраќаме

Soros-protesti

Проб­ле­мот со мре­жа­та на Со­рос во Ма­ке­до­ни­ја е што пре­ку неа ве­штач­ки се про­дол­жи жи­вот­ни­от рок на истро­ше­на­та вла­де­јач­ка ели­та оста­на­та во Ма­ке­до­ни­ја од вре­ме­то на ко­му­низ­мот, за­ед­но со неј­зи­ни­теe бан­кро­ти­ра­ни идеи, ве­ли но­ви­на­рот Цве­тин Чи­ли­ма­нов, идеи што во не­кои слу­чаи ста­наа ду­ри и по­ра­ди­кал­ни, откол­ку што беа во ми­на­то­то.

Со ми­ли­о­ни до­ла­ри на Со­рос до­ста­ву­ва­ни се­ко­ја го­ди­на, па­ри што за овој ми­ли­јар­дер се ре­ла­тив­но мал из­нос, се фи­нан­си­ра­ше транс­фор­ма­ци­ја­та на ме­ди­у­ми­те, ака­де­ми­ја­та, кре­а­то­ри­те на јав­но­то мис­ле­ње и по­ли­ци­ски­те служ­би од вре­ме­то на ко­му­низ­мот и нив­но прис­по­со­бу­ва­ње под но­ви­те ус­ло­ви, во кои тие мо­раа ба­рем да глу­мат де­ка то­ле­ри­ра­ат плу­ра­ли­зам и де­мо­кра­ти­ја, но, всуш­ност, на­пра­ви­ја обид да ги за­чу­ва­ат сво­и­те нај­ло­ши ка­ра­кте­ри­сти­ки на ед­но­у­мие, не­то­ле­рант­ност кон раз­лич­ни мис­ле­ња, од­ло­жу­ваа ре­фор­ми­ра­ње на про­пад­на­ти­от еко­ном­ски мо­дел и го за­др­жаа ле­ви­чар­ски­от све­тог­лед, кој до­ми­ни­ра­ше во Ју­гос­ла­ви­ја. Со це­лос­на­та до­ми­на­ци­ја на ка­дри­те на Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја врз ме­ди­у­ми­те што се соз­да­доа во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, врз ме­ѓу­на­род­на­та со­ра­бо­тка во ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние, кон­та­кти­те со стран­ски­те дип­ло­ма­ти и но­ви­на­ри, и се­то тоа во тес­на со­ра­бо­тка со нај­о­тров­ни­те от­па­до­ци од тај­на­та по­ли­ци­ска служ­ба на
по­ра­неш­на­та др­жа­ва се на­пра­ви обид да се спре­чи раз­ви­ва­ње на ви­стин­ска де­мо­кра­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Оваа мре­жа се­ко­гаш ре­а­ги­ра жолч­но ко­га не­кој над­вор од нив­ни­от круг, осо­бе­но пар­ти­ја­та ВМРО-ДПМНЕ, ќе дој­де на власт во Ма­ке­до­ни­ја, и то­гаш ги акти­ви­ра сво­и­те ре­сур­си во тај­ни­те служ­би, ме­ди­у­ми­те, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и нај­че­сто пре­ку обид за ге­не­ри­ра­ње ме­ѓу­ет­нич­ки и без­бед­нос­ни кри­зи, се оби­ду­ва да се вра­ти на власт.

Ова не е слу­чај са­мо во Ма­ке­до­ни­ја. Све­до­ци сме ка­ко од слич­но­сти­те во на­ста­пу­ва­ње­то, та­ка и од ха­ки­ра­ни­те ин­тер­нет-по­ра­ки на со­ра­бот­ни­ци­те на Џорџ Со­рос, де­ка де­се­ти­ци др­жа­ви низ све­тот се со­о­чу­ва­ат со слич­ни оби­ди за пре­зе­ма­ње или кон­тро­ли­ра­ње на нив­на­та власт од стра­на на овој ме­га­ло­ма­ни­јак. Гле­дај­ќи ги слич­но­сти­те со про­те­сти­те во Пол­ска, на­па­ди­те за, на­вод­но, кр­ше­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва во Ун­га­ри­ја, обо­е­ни­те ре­во­лу­ции во Тур­ци­ја или Ер­ме­ни­ја, упа­ди­те во др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции во Бос­на или Ал­ба­ни­ја, све­до­ци сме де­ка има­ме ра­бо­та со ре­ги­о­нал­на, агре­сив­на мре­жа, чи­ја­што цел е пре­зе­ма­ње на вла­ста и неј­зи­но кон­цен­три­ра­ње над­вор од од­дел­ни­те др­жа­ви, во ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции. Во прин­цип, се ра­бо­ти за ан­ти­де­мо­крат­ска и то­та­ли­тар­на оп­ци­ја, то­та­ли­тар­на во смис­ла на збо­рот де­ка то­тал­но­ста на по­ли­тич­ки­те и на еко­ном­ски­те од­лу­ки мо­ра да се до­не­су­ва­ат од стра­на на еден цен­тар.

Во пос­лед­но вре­ме све­до­ци сме де­ка ле­ва­та по­ли­тич­ка оп­ци­ја, на ко­ја Со­рос, не­сом­не­но, ѝ при­па­ѓа, ста­ну­ва сѐ по­ра­ди­кал­на. Тоа се за­бе­ле­жу­ва во неј­зи­ни­те на­ста­пи во САД и во Евро­па, и во го­ле­ма ме­ра е при­чи­на за се­ри­ја­та по­ра­зи што ги тр­пи оваа по­ли­тич­ка оп­ци­ја. Во све­тог­ле­дот што го за­ста­пу­ва Со­рос ве­ќе не по­сто­јат др­жав­ни гра­ни­ци, ве­ќе не­ма
на­ции или ре­ли­гии, не по­стои тра­ди­ци­о­нал­но­то се­мејс­тво, ко­ри­сте­ње­то на дро­га е пра­во на ли­чен из­бор, а Гер­ма­ни­ја, на при­мер, е за­дол­же­на не­о­гра­ни­че­но да ги пла­ќа дол­го­ви­те на Гр­ци­ја. Агре­сив­но­то про­мо­ви­ра­ње на ва­ква­та по­ли­ти­ка, ин­си­сти­ра­ње­то САД и Евро­па да има­ат отво­ре­ни јуж­ни гра­ни­ци и по­крај за­че­сте­ни­те те­ро­ри­стич­ки на­па­ди, ор­га­ни­зи­ра­ње­то на­сил­ни про­те­сти про­тив по­ли­ци­ја­та и пот­тик­ну­ва­ње­то рас­ни без­ре­ди­ја во САД, отво­ре­ни­те оби­ди за ури­ва­ње на си­те дес­но­о­ри­ен­ти­ра­ни вла­ди во источ­на Евро­па, оби­ди­те да се иг­но­ри­ра­ат ре­фе­рен­ду­ми­те на кои гра­ѓа­ни­те се из­јас­ну­ва­ат про­тив оваа по­ли­ти­ка и да се за­мол­чат ме­ди­у­ми­те што изра­зу­ва­ат кри­ти­ка за ле­ви­чар­ски­те идеи… Си­те овие че­ко­ри пре­диз­ви­ку­ва­ат сѐ по­же­сто­ки ре­ак­ции на гра­ѓа­ни­те, ка­ко во САД та­ка и во Евро­па, до та­му што по­ли­тич­ки­те оп­ции што ги под­др­жу­ва Со­рос се ре­чи­си из­бри­ша­ни на ни­во на од­дел­ни­те др­жа­ви и ег­зи­сти­ра­ат са­мо уште во ад­ми­ни­стра­тив­ни­те апа­ра­ти во Бри­сел и во Ва­шин­гтон, а и ту­ка нив­но­то вре­ме из­ми­ну­ва. Упор­но­то ме­ша­ње во ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја и оби­ди­те за де­ста­би­ли­за­ци­ја на зем­ја­та ја при­ну­ди­ја, ина­ку при­лич­но то­ле­рант­на­та пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ, да нај­а­ви про­цес на де­со­ро­со­и­за­ци­ја, но, ка­ко што не бев­ме са­ми ко­га бев­ме на­па­ѓа­ни, га­ран­ти­рам де­ка не­ма да би­де­ме са­ми ни­ту се­га, ко­га е вре­ме да поч­не­ме да воз­вра­ќа­ме.

Прогласот на Mакедонците од САД за прекин на финансирањето на СОРОС преку УСАИД

Makedonci-SAD-Tramp-1

На собирот пред кулата на Доналд Трамп во Њујорк, Македонците од САД прочитаа проглас во кој се изразува поддршка на идниот претседател, и од него се бара да ја смени досегашната политика на претседателот Барак Обама, кој ги финансираше и политички поддржуваше активностите на Џорџ Сорос во Македонија.

-Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос. Администрацијата во заминување, преку амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во Македонија.

Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови. Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за силното пријателство со Соединетите Американски Држави. Ви благодариме претседателе Трамп. Нека Господ ги благослови Македонија и Соединетите Американски Држави, пишува во прогласот.

Ѓорчев: Силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија (ВИДЕО)

Vladimir-Gjorcev-TV-Nova

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во ТВ Нова кажа дека владејачката партија останува на својата позиција, односно ВМРО-ДПМНЕ е за да се задржи уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.

– На Македонија не и требаат процеси на интеграција туку зачувување на унитарноста, економска стабилност, стабилизација и економски развој. Тоа е концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега и оние кои не се наклонети кон ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаат формата, а тоа е дека силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија. Поголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, повеќе пратеници, посилни преговарачки позиции за ВМРО-ДПМНЕ значат посилни позиции за Република Македонија, тоа значи поддршка на концептот за унитарност на Република Македонија и уставниот поредок и во било кои идни избори, изборни соочувања, без разлика дали се локални, парламентарни или било какви други, таа равенка е константна, вели Ѓорчев.

Иванов-Ал Сиси: Односите меѓу Македонија и Египет во духот на меѓусебното разбирање и почитување

Ivanov-Al-Sisi-3

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Каиро имаше средба со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах Ал–Сиси на која било констатирано дека односите меѓу две земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и почитување.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети информации за изворот на закани од регионалните конфликти на Блискиот Исток и Северна Африка и последиците со кои се соочуваат државите во непосредното опкружување.

Ivanov-Al-Sisi-1

– Двајцата претседатели разговараа за воспоставената соработка меѓу разузнавањето и безбедносните служби на двете држави со потреба од градење на заеднички капацитети за одговор во борбата против тероризмот, намалување на ризиците од илегалната миграција, електронското војување и сајбер одбраната. Во тој контекст, претседателите се согласија и за отпочнување на меѓуармиска соработка за размена на искуства и трансфер на знаење во меѓународни мировни мисии, користење на логистички капацитети и едукација на кадар за примена на напредни технологии, стои во соопштението.

Иванов изразил благодарност до египетскиот претседател за поддршката и помошта којашто Македонија ја добива од Египет во областа на разузнавањето, истакнувајќи дека Египет како земја лидер и гарант на стабилноста во регионот на Северна Африка е важен пријател и партнер на Македонија, и дека тоа пријателство и партнерство ќе продолжи и во иднина.

Ivanov-Al-Sisi-2

Двајцата претседатели разговарале и за унапредување на правната рамка на двете држави, економско – трговската размена, и соработката во областа на културата и на туризмот.