Новаковски: Резултатот од изборите е јасен со верификацијата на мандатите

novakovski-tv-nova

Имајќи ги предвид сите случувања во текот на изминатите години, ние бевме опседнати со избори кои мораат да завршат коректно и да имаат легитимитет, истакна поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека резултатот од изборите е јасен со самата верификација на мандатите во Собранието.

-Познато е кој има мнозинство, а кој нема. Мандатот е доделен на победникот, не можеме да кажеме дека друг е победник, победникот се знае, резултатите се признати, и никој не ги оспори, посочи Новаковски

ДИК ПОТВРДИ: ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите – освои 51 мандат, а СДСМ 49

izbori-2016-mandati

ДИК на денешната официјална прес конференција ги објави првичните официјални резултати.

izbori-2016-glasovi

Иако се чекаше 26 часа за ДИК да ги објави резултатите, истите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори и освои 51 мандат, наспроти СДСМ со 49 мандати победи на предвремените парламентарни избори.

Имено, по изборни единици по мандати, ситуацијата е следна:

ПРВА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: СДСМ 10, ВМРО 8, БЕСА 1, ДУИ 1
ВТОРА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: ВМРО 9, СДСМ 8, ДУИ 2, БЕСА, 1
ТРЕТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: ВМРО 11, СДСМ 9
ЧЕТВРТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: ВМРО 10 СДСМ 10
ПЕТТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: СДСМ 9, ВМРО-ДПМНЕ 9, АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 1, ДУИ 1
ШЕСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: ДУИ 6, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 3, БЕСА 3, АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ 2, ДПА 2

Ѓорчев: ДИК да излезе со резултати, мандатот му припаѓа на Груевски – нека не помислуваат да ја фалсификуваат волјата на народот

gjorcev-pres-po-izborite

Крајно време е ДИК да ги објави резултатите од парламентарните избори и крајно време е после цела ноќ и ден ДИК да ги објави мандатите. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи и дека има кристална победа со изначитала разлика, изјави носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорчев на прес конференција.

Подвлече дека се загрижени поради доцнењето на резултатите.

-Згрижени сме зошто претседателот  на ДИК, Чичаковски, денеска во 12 часот си заминал од ДИК со објаснување дека мора да оди да спие. Го немало од 12 до 19 часот на денот кој е најважен кога треба си ја заврши работата. Улогата на ДИК е еднаш во 4 или 2 години да спроведе во избори. На најважниот ден претседателот на ДИК решил да замине со изговор дека ќе спие од пладне до 7 навечер. Да каже дали во меѓувреме навистина спиел или отишол на консултации за менување на волјата на народот. Дури 7 часа да си заминат од местото каде што треба да ја констатира волјата е навистина индикативно, рече Ѓорчев.

Во многу поголеми држави со многу повеќе жители 19, 20,  80 милиони жители 300 милиони, рече Ѓорчев,  за резултати кои биле потесни за неколку илјади гласа Државната изборна комисија на тие земји за неколку часа ги објавуваат резултатите и по неколку часа, а оној кој загубил се јавува на оној кој победил да честита.

-Цел ден ниту имаме честитка од СДСМ ниту констатирање на очигледна разлика и поголемиот број на мандати. Мапата на Македонија на страната на ДИК е обоена во црвено, на мапата е ВМРО и Коалицијата има победа во повеќе од 50 општини а СДСМ најмногу во 10 општини. Апелираме да се почитува волјата на граѓаните. Македонија вчера гласаше констатирајте го објавете ги мандатите да не помислат да ја фалсификуваат волјата на избирачите. Затоа што Македонија гласаше имавме фер и регуларни избори. Набљудувачите велат дека изборите поминаа во најдобар ред и време е да се честита на победникот, рече Ѓорчев.

Додаде дека сајтот на ДИК вели дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 453 000 гласови, а СДСМ 436 000, тоа е разлика од 17 000. А со гласовите од дијаспората тоа се повеќе од 20 000 гласови.

Резултатот, додаде Ѓорчев е 6:1 во општини за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 50:10 во општини.

-Мандатот му припаѓа на Никола Груевски, СДСМ треба да ни ја честита победата. Македонија треба да излезе од кризата, да се верифицираат мандатите, да се состави влада, да се посветиме на Македонија, економија, граѓаните, евроатланската интеграција. Граѓаните очекуваат проекти а не сплетки, заклучи Ѓорчев.

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 62 пратеници

izbori-anketa-mandati

ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 62 пратеници на изборите на 11 декември, покажува симулацијата на анкетата на Институтот Павел Шатев. Опозициската СДСМ според истите податоци треба да освои 36 пратеници. ДУИ се очекува да падне на 10 пратеници, а втор албански политички субјект во Собранието да биде БЕСА која се очекува да добие 7 пратенички столчиња. Партијата на Тачи, ДПА ќе освои 5 пратенички мандати.

Симулацијата е правена како Македонија да е една изборна единица со праг од 3%. Пратеничките места од дијаспората не се вкалкулирани.

Анкетата на Институтот Павел Шатев е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1090 испитаници во периодот меѓу 30 ноември и 2 декември.

Кога ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од СДСМ?!

SDSM-pratenici-ulica

Собраниски извори брифираат дека оваа опција повторно се разгледува и дека ако нема друго решение, на опозициските пратеници ќе им бидат одземени мандатите поради едногодишен бојкот. Оваа ситуација не може да оди во недоглед, уште повеќе што одземањето на мандатите е во согласност со Деловникот, велат нашите извори, но потенцираат дека уште некое време ќе се остави можност за евентуален договор, пишува Вечер.

Доколку за брзо време не се постигне некаков договор, а опозицијата и натаму го бојкотира Собранието, најверојатно ќе се започне постапка за одземање на пратеничките мандати. Собраниски извори за Вечер брифираат дека оваа опција повторно се разгледува и дека ако нема друго решение, на опозициските пратеници ќе им бидат одземени мандатите поради едногодишен бојкот.

Оваа ситуација не може да оди во недоглед, уште повеќе што одземањето на мандатите е во согласност со Деловникот, велат нашите извори, но потенцираат дека уште некое време ќе се остави можност за евентуален договор. На опозиционерите кои ниту еднаш не го пречекорија собранискиот праг мандатите им беа верификувани во мај минатата година, а на денот кога беше постигнат договорот во Скопје за нови парламентарни избори најдоцна до април 2016 година на сметките пратениците бојкотирачи од СДСМ од редот на СДСМ стигна 12-тата пратеничка плата. Познавачите на политичките прилики дека сега засега решение на кризата не се наѕира.

– За да се постигне договор потребна е минимална политичка волја од двете страни. Во целиов изминат период се забележува дека СДСМ нема никаква волја да постигне решение кое ќе ја финализира политичката криза во земјата, бидејќи на раководството, а посебно на лидерот на оваа партија, им е јасно дека ако побрзо се стави крај на кризата, треба да се случат избори од кои бегаат како од чума. За Заев и неговите соросоидни поддржувачи важи правилото „колку што е полошо во државата, толку ќе биде подобро за оваа партиско-соросоидна клика”, водејќи се од мислата дека преку кризата најголемиот политички профит ќе го имаат токму тие.

Во такви услови оваа клика ја бара својата единствена шанса за сопствен политички успех. Грдо, неодговорно, мизерно, но тоа е нашата политичка реалност. Оваа опозициска клика не води политика. Не е политика ако целата политичка активност ја насочуваш кон уцени, и кон давања на политички ултиматуми. До сега не видовме ниту една политичка отстапка од кликата, за разлика од партијата ВМРО-ДПМНЕ која веќе направи две крупни отстапки. Основното мото на политичкото делување на Заев и неговите учители е ако нема преодна, или по ново „транзициска” влада, која не смее да биде раководена од Никола Груевски, само затоа што опозицијата така сака, нема да има политичка разрешница на кризата.

Овие „политичари” се всушност, најопасните. Тие буквално не есапат ништо. Ниту изборна волја на граѓани, ниту право, ниту правила на политичко однесување, ниту институции, ниту систем, ниту држава, вели професорката на Правниот факултет Татјана Каракамишева-Јовановска.

Во меѓувреме, политичката криза се продлабочува, а опозиционерите се уште дома и ја “заработуваат” платата од 1.200 евра. Со оглед на фактот што пратениците плата од околу 1.200 евра месечно, за една година нивните банкарски сметки пораснаа за околу 15.000 евра. А тие си седеа дома, и без грам одговорност заборавија дека тие се избрани од народот да ги претставуваат нивните интереси во Собранието.

Поради тоа се погласни се критиките на граѓаните кон претставниците на најголемата опозициска партија. Незадоволството не го кријат ниту на социјалните мрежи, и ги потсетуваат дека нив народот им дал доверба. За пратениците кои си седат дома од државниот буџет се издвојуваат околу 55 илјади евра или досега, за една година вкупно 685 илјади евра. Досега не беше искористена деловничката можност пратениците кои го бојкотираат Собранието да им се исплаќа само една третина од платата.

Ситуацијата остана истана и по двете собраниски седници онаа за оставките и онаа за одземање на нивниот мандат. За да му биде одземен мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа. За секој мандат Собранието треба поединечно да се изјасни. Во рок од една година, колку што помина од верификувањето на мандатите на новиот пратенички состав, ниту пратениците на СДСМ не ги вратија парите што Собранието им ги префрла како плата, ниту се појавија на седница за усно да ја поднесат оставката.