Илиоски: Земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив, на Заев и СДС никогаш не им биле важни

Ilioski

На Заев и СДС никогаш не им биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа тиранската платформа како надеж дека ќе формираат влада и ќе се спасат од кривична одговорност, наместо да се одлучат за почитување на волјата на народот и деблокирање на државата со одржување нови избори, изјави на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

 Според Илиоски, на Заев му била поважна тиранската платформа.

– Да не му беше поважна тиранската платформа на Зоран Заев заедно со новите парламентарни ќе се одржеа на 7 или најдоцна до 14 мај. На овој начин, граѓаните директно ќе кажеа што мислат за редефинирањето на државата и тиранската платформа, а Македонија ќе излезеше од кризата во којашто СДС ја држи – додаде тој.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и за подобрување на нивниот стандард.

– За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра. Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сѐ за да ја надмине деструктивноста на СДС и да се валоризира соодветно нивниот труд, односно да ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени во законски предвидениот рок – рече Илиоски.

Според него, СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат на мала врата да ја протуркаат тиранската платформа.

– Затоа со недели ја релативизираат, а преку своите партиски експерти и медиуми го навредуваат народот и ја потценуваат неговата интелегенција. Народот јасно ја виде намерата на СДС да се добере до власт по секоја цена, по цена на распродажба на државните и националните интереси, по цена на коалиција со ликови кои не признаваат знаме, химна и име на државата, по цена да ги премолчуваат негаторските изјави упатени кон сопствениот народ.

Сега кога народот ја виде намерата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, овој се обидува на секој начин да избега од соочување. Заев одбива упорно било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. Кризата која аболицираниот криминалец Зоран Заев ја направи за сопствен спас, сака да ја искористи за да ги турка државата и народот  во дополнително неизвесен период.

Нема да може да избега од соочување со народот, исто како што нема да избега од одговорноста за криминалот во кој тој и неговите пајташи од раководството на СДС се до гуша заглавени.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди! – заврши Илиоски.

НАСИЛНИКОТ СТАНА ЖРТВА: Медиумите на Сорос цел ден пласираа лаги за пратеникот-насилник, Максим Димитриевски од СДСМ

Lazni-vesti-za-Maksim-SDSM

Во кумановскиот ресторан „Гарден Палас“, вчера рано утрото во 01.00 часот по полноќ, пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски, предизвикал тепачка при што физички нападнал момче на возраст од 23 години нанесувајќи му телесни повреди. Ваквиот насилнички чин на функционерот на СДСМ се обидоа да го затскријат и спинуваат медиумите под контрола на СДСМ/Сорос, кои од Димитриевски од насилник сакаа да направат жртва.

Лажните вести од медиумите на Сорос беа пласирани во текот на целиот ден, па така се редеа разно разни наслови: „Димитриевски нападнат од полицајци во цивилка“, „Пратеникот Димитриевски нападнат од полицајци во кафеана“, па дури и го прогласија насилникот Димитриевски за иден министер за одбрана „Цивилни полицајци (ќосиња) го нападнаа идниот Министер за Одбрана Максим Димитриевски“ и слични.

dimitrievski 1

dimitrievski 2

dimitrievski 3

dimitrievski 4Idniot-minister-za-Odbrana

Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од Сорос, секогаш кога треба јавноста да се изманипулира за одредена вистина во хор ги објавуваат своите манипулации, така беше и сега.

Ваквите лажни вести и дезинформации беа демантирани од МВР, а во дневниот билтен на Министерството јасно пишува како се одвивал настанот.

„В.А. физички бил нападнат од страна на лицето М.Д. од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на  лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При превземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.“, стои во билтенот на МВР.

Ваквите испади на хистерија и вандализам на функционери на СДСМ доаѓаат по големото противење на народот тие насила да формираат Влада врз база на Тиранската Платформа и спротивно на Уставот.

Вчера медиумите излегоа и со фотографии од тепаното момче, на кои се гледаат повредите во пределот на долниот дел од главата.

Maksim-SDSM-pretepal-momce-2 Maksim-SDSM-pretepal-momce-1

Нападнатиот имаше и изјава пред камерите на регионалната телевизија во Куманово.

-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција, тврди нападнатото момче.

Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со празни флоскули и манипулации од народот

VMRO-SDSM

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ во врска со прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со празни флоскули и манипулации од народот.

Граѓаните очекуваат Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Платформата од Тирана и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа.

Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната Влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев.

Доколку СДСМ смета дека Тиранската Платформа е позитивна за иднината на Македонија и треба да се дебатира околу нејзините елементи, го повикуваме истата да ја стави на најшироката дебата, односно да поддржи распишување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Делев: Интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации

Hristijan-Delev-pres-VMRO

Деновиве интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео записот кој го шират на големо порталите на СДСМ и Сорос, ниту е од Македонија, ниту во него има барем еден точен факт.

На видеото со груба манипулација се изнесени многу лаги кои имаат за цел да ги плашат граѓаните на Гевгелија во функција на предизборната кампања на СДСМ за локалните избори.

Прво, Владата на Република Македонија нема издадено никаква концесија за експлоатација на Кожув. Не постои, ниту се планира рудник за злато на оваа локација.

Единствено е издадена концесија за детални геолошки истражувања за алувијално површинско злато, која сама по себе не предвидува ни приближно ископи од ваков или сличен карактер, како што грубо се лаже во ова пропагандно видео во кое се употребени снимки од Бразил, Папуа Нова Гвинеја и Казакстан.

Геолошките испитувања за кои има дозвола концесионерот на Кожув се научен труд, се изведуваат површински, не предвидува никаква сеча на дрва или употреба на било какви хемиски методи, не се создава прашина, ниту пак има јаловина. Во ваквите површински истражувања не се употребува никаков експлозив, како што е претставено во овој видео клип кој што можете да го видите.

На Кожув нема ниту едно исечено дрво. Граѓаните на Гевгелија треба да бидат спокојни и да не дозволуваат да бидат манипулирани со вакви лажни вести, какви што сме навикнати да гледаме од опозицијата и нивните медиумски експоненти.

Почитувани,

Сведоци сме на организиран атак врз најголемите успеси на Владата на ВМРО-ДПМНЕ: странските инвестиции, минералните суровини и комплетните реформи во државата.

Почитувани опозиционери, не бркајте ги странските инвеститори. Вашиот План за живот нуди враќање на олигарсите во Македонија. Програмата „Реално“ е вистинската програма која нуди прогрес, инвестиции и решенија. Токму затоа речиси половина милион Македонци масовно и мнозински по 10-ти пат по ред гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, десетти пат по ред.

Србов: Паничен обид на соросовите НВО да го затскријат незаконското, пристрасно и партиско работење

srbov-objasnuva

Реакцијата и заканата упатена кон движењето „Стоп операција Сорос“, и нејзините активисти, од страна на невладините организации кои се финансирани од Сорос, која се должи на наводни клевети за нивната поврзаност со политичката партија СДСМ, е само паничен обид да се затскрие нивното незконско, пристрасно и партиско работење, вели аналитичарот Никола Србов од Движењето „Стоп Операција Сорос“.

Србов вели дека на прес конференција, одржана на 8 мај 2015 година, од страна на Стево Пендаровски како офцијално претставник на СДСМ, беше објавено дека СДСМ со 70 невладини организации, помеѓу кои се наоѓаат сите невладини организации кои беа посочени од страна на С.О.С. за нивна поврзаност со СДСМ, влегува во коалиција под името „Граѓаните за Македонија“.

Во коалицијата „Граѓаните за Македонија“ влегуваат, СДСМ и невладините организации: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.

-За најавениот протест на СДСМ заедно со невладините на Сорос кој се одржа на 17 мај 2015 година, Марјан Забрчанец од Младински образовен форум изјави „Нашата заедничка акција која ќе започне со масовен гласен и ненасилен граѓански протест ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на РМ и ќе трае до дефинитивниот пад на власта“. *Објавено на 14 мај 2015 година на веб порталот „Плусинфо“. Истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос, а се закануваат на секој кој ќе постави јавно прашање за нивното работење, учествуваа и во т.н. „Камп на слободата“ организиран од страна на СДСМ пред Владата на Република Македонија, вели Србов.

fokus
Тој додава дека истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос заедно со СДСМ, ја организираа т.н. „шарена револуција“ на која беа физички напаѓани и тепани припадниците на МВР и беа нанесени огромни финансиски штети на даночните обврзници на Република Македонија.
reporter

-На овие протести го гледавме раководството на СДСМ предводено од Заев како маваат со боја по јавни објекти, мостови и споменици. За ова пристрасно и партиско работење на невладините кои се финансираат од Сорос, да биде уште поизразено, во предизборниот период во 2016 година, платформата на „Граѓаните за Македонија“ се преименува во „Ние одлучуваме“ – акција преку која невладините организации финансирани од Сорос јавно спроведуваа политичка кампања посочувајќи им на граѓаните за која политичка партија да гласаат, попрецизно, да гласаат за СДСМ, смета Србов.

Тој прашува дали е ова вистински граѓански активизам и граѓанско општество за кое зборуваат невладините организации финансирани од Сорос? Дали на овој начин, капацитетите, инфраструктурата и финансиите на невладините организации на Сорос беа ставени на располагање на СДСМ? и Дали на овој начин била незаконски финансирана кампањата на СДСМ со огромни суми парични средства кои се влевале од надвор?

Георгиевски: Членот 90 од Уставот е оставен свесно од СДСМ заради манипулации

Ljubcho-Georgievski

СДСМ ја започнаа играта околу доделувањето на мандатите и немаат кому да му бидат лути, изјави политичарот Љубчо Георгиевски.

-Факт е дека членот 90 е недоречен и поставен со почеток, но без крај. Сепак, СДСМ нема кому да му се лути лути, со оглед на тоа што членот е оставен ваков од СДСМ свесно, за да може Киро Глигоров да манипулра како и во 1990-та година. Оваа недореченост е нивно дело, за жал тие и со праксата и со конкретното дело немаат на кого да се лутат, зашто практично го жнеат она што го сееле- истакна Георгиевски.

Поранешниот премиер гостуваше во „Аргументи“ на ТВ НОВА, на тема „Мандаторна пракса во плурална Македонија“.

СОРОСОИДИТЕ ЛАЖАТ: Трудовата инспекција е раководена од кадар на ДУИ – била и кај Чадиев, не само кај Арифи и Меџити

Arifi-Medziti-Sorsoidite-lazat

Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму Трудовиот инспекторат е раководен од кадарот на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Соросовите опозициски медиуми кои важат за блиски до СДСМ излегоа со информација дека трудова инспекција влегла на проверки во општината Тетово, која е под водство на градоначалникот од ДУИ, Теута Арифи и тоа го опишуваат манипулирајќи како еден вид на реваншизам поради непостигнувањето на договор за Влада со ВМРО-ДПМНЕ.

Inspekcija-Arifi-Medziti

Но, вистината е далеку од оваа обликувана лага. Имено, дознаваме дека се работи за редовно работење на трудовиот инспекторат и дека исти такви проверки се водат паралелно и во повеќе други општини каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, се работело за редовно работење на службите, а една од општините каде е извршена контрола е општината Велес, каде градоначалник е Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ. За таквата проверка ниту беше крената фама, ниту пак се доведе во политичка конотација.

Дотолку повеќе лагите и манипулациите од соросовите медиуми излегуваат на виделина за што сведочи и фактот што токму трудовиот инспекторат е раководен од кадар на ДУИ, Алајдин Авзиу, а не од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за очигледна тенденција за отворено манипулирање какво досега е видено на многу пати.

МИТЕ „БРИЛИЈАНТ“ ПРОДОЛЖУВА СО МАНИПУЛАЦИИТЕ НА ЈАВНОСТА

brilijant-stip

Изјавата на Мите Николов, сопственикот на компанијата Брилијант, која ја даде минатата седмица за дневниот весник Вечер, сепак излезе дека е лажна.

Порталот Журнал, разговараше со еден од бившите вработени во оваа фирма, кој сакаше да остане анонимен, ги потврди нашите сомневања:

„За жал оваа изјава на нашиот директор е целосно невистинита, заради тоа што во овој момент во Брилијант работат само еден лаборант, еден инженер, пет работници и тројца магационери, кои имаат должност да го полнат и пакуваат српскиот рафиниран и неквалитетен зејтин. „Брилијант“ многу оддамна не произведува масло за јадење.“

Во обид да ги плати долговите кон банките и да спаси дел од луксузните возила, куќи, вили и јахти, неговата втора компанија „Трансоил МН“, која врши транспорт на дериватите на една нафтена компанија од Бугарија за Македонија, е префрлена на неговиот близок пријател Павел, сопственик на компанијата „Белблутранс“ од Бугарија, надевајќи се дека на тој начин ќе го добие тендерот на истата нафтена компанија за 2017 година.

Како што споменавме и во нашите претходни текстови, очигледно е дека причината не е цената на суровината за производството на маслото, туку финансискиот крах на Мите Николов и следствено на тоа, беше приморан да ги продаде осумте бензиски пумпи и терминалот во Штип, кои исто така беа негова сопственост.

Од неофицијални извори дознаваме дека ќе ја напушти и куќата на Водно, во која наскоро се очекува да биде сместена една од амбасадите.

„Домаќинското работење“ на менаџерскиот тим на „Брилијант“ и холивудскиот живот на семејството Николови е причината за ваквиот финансиски крах. За жал, на грбот на над 80 семејства кои останаа без никакви приходи, менаџерскиот тим, заедно со Мите Николов и неговото семејство, сеуште се водат како вработени и земаат енормно високи плати.

Поталот Журнал, апелира до надлежните институции во Република Македонија да ги заштити правата на овие веќе бивши вработени и да преземе мерки за расветлување на случајот со увозот на неквалитетното масло, кој неодамна го откри порталот.

ССМ: Четирите „наводни“ синдикалисти имаат за цел преземање и уништување на ССМ

ssm

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, АГРО Синдикатот и СУТКОЗ, кои на седница на Советот на ССМ одржана на 28.12.2016 год. беа едногласно исклучени од ССМ, не избираат средства како да се пресметаат со нивите довчерашни колеги, а воедно да направат и преземање на Синдикатот, мотивирано од нивни лични цели, се вели во соопштението на ССМ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Дека не се избираат средства и методи за остварување на оваа цел говори и тоа што во претходните денови пуштаат во јавноста неточни информации, фабрикувани и конструирани изјави, лажни обвинувања и полувистини кои имаат за цел да создадат погрешна слика за тоа што се случува во ССМ, а со цел манипулирање со јавноста.

Некои од тие информации беше лажното информирање дека наводно губење на спор на претседателот на СРСВМ и секретар на ССМ, што не е воопшто точно, како и тоа дека секретарот на ССМ бил разрешен, а него го избра едногласно Советот на ССМ согласно Статутот и нема друга одлука за разрешување.

Сето ова кулминира со наводни физички пресметки помеѓу претседателот на ССМ и некои претставник од веќе исклучените гранки синдикати што претставува невистина и манипулација со јавноста.

Се прашуваме на што се сè спремни овие „наводни“ синдикалисти во нивните (или туѓи) намери за преземање и уништување на ССМ.

Со оглед на тоа што тие повеќе не се дел од нашата синдикална заедница – ССМ во иднина нема намера повеќе да се занимава со нив и нивните лаги и интриги, а им порачуваме да се зафат со работа во поглед на заштита на работниците кои ги претставуваат, а кои и онака во последниве месеци драстично им заминуваат како нивни членови.

Стравот на СДСМ на површина, немоќни манипулираат и се закануваат со протести

plusinfo-gruevski-ahmeti

„Плусинфо“, кој е гласило на СДСМ, го изнесува на површина стравот на СДСМ, кој е поразителен за раководството на оваа партија. Откако ги изгубија изборите на легални, слободни и фер избори, сега сакаат да ја поништат волјата и она што го сооштува, практично, партиското гласило на СДСМ, е дека не смее да има влада без СДСМ и доколку се формира се закануваат со насилство и со протести.

Типична манипулација со цел дефокусирање од вистинската тема за понесување на одговорност за поразот на изборите од страна на Заев и негова оставка, која се погласно се бара во редовите на партијата.