Два дена молк за убиството на фудбалерот Мартин: Зошто кријат МВР и Спасовски?

Два дена не се откриваат ниту мотивот, ниту пак сторителот/сторителите на убиството на 28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев, кој во петокот пред неговиот дом во скопската општина Аеродром беше изрешетан со пет куршуми во пределот на вратот и главата од лице кое МВР се уште го води како „непознат сторител“.

Граѓаните на социјалните мрежи се повеќе се сомневаат дека со се она што се прави овие два дена по убиството, МВР му отвора простор на сторителот да избега од државата. Се поставува прашањето: Зошто се уште не е распишана потерница за сторителот? Сведоци веќе зборуваат за неговото име, чаршијата го коментира настанот, граѓаните бараат крај на шпекулациите.

Во исто време, се поставува прашањето што е со безбедносните камери кои се наоѓаат во близина на местото? Со какво возило дошле и избегале сторителите и дали се трага по него? Иако очевидци тврдат дека по убиството со возилото чии таблици се пријавени во полицијата, убиецот се упатил во правец на Скопски Саем.

Се шпекулира и со повеќе имиња и мотиви, а МВР наместо да стави крај на шпекулациите до медиумите блиски до власта лиферува со нови шпекулации кои се разликуваат од тие од вчера.

Она што отвора најголем сомнеж во јавноста е колумната на новинарот Сашо Орданоски, кои пред само една недела тврдеше дека во Скопје се појавила нова рекетарска група која наплаќа рекет за владејачката СДСМ. Ова создава уште поголем страв и загриженост кај граѓаните, кои се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите семејства.

Ивор Мицковски: Како се убива дечко на 28 години? Кога државата е поделена на мафијашки кланови

Колумнистот Ивор Мицковски, со свој став синоќешното убиство во скопски Аеродром.

„Знаете кога се убива дечко на 28 години. Кога државата е станата поделена на мафијашки кланови, кога се убива млад човек, и не те занима дали може да исправи, дали може да врати што треба да врати. Или кога на младите се наплаќаат сметките на постарите. Или кога постариот мангуп не го трпи помладиот. Но, тоа баш зборува за мафијашко однесување, на определба за поделба, ти таму, ти под мене, или слушаш или е судар. Ќе сфатиме евентуално и ова убиство што е, но се осеќа еден подем на подземјето, на двете страни, кои со задоволство кокетираат со таквите структури“ напиша Мицковски на својот профил на фејсбук.

ФЗОМ одобрил 280.000 евра за лекување на малиот Мартин

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија веќе има одобрено средства за лекување на 18-месечниот Мартин во висина од 280.000 евра.

-По повод пишувањата на определени веб портали и социјални мрежи кои повикуваат за донации, ФЗОМ сака да ја извести јавноста дека го одобри лекувањето во Р. Германија за бебето Мартин Мицев во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. ФЗОМ посакува побрзо излекување и закрепнување, стои во соопштението од фондот.