Две недели целосен молк од страна на полицијата: Зошто МВР молчи за убиството на Мартин Јанушев? (ВИДЕО)

МВР две недели не го апси убиецот на Мартин Јанушев. Две недели од МВР, од медиумите, граѓанските активисти и невладините блиски до СДСМ целосен молк. Граѓаните прашуваат кога и дали ќе одговара убецот на Јанушев, кој веќе две недели е во бегство, а за него нема никаква потерница, ниту обвинение од МВР.

Петок, 03.11 2017 година, во центарот на Скопје среде бел ден е ликвидиран Мартин Јанушев, пред десетици сведоци и очевидци.

Медиумите тогаш после само еден час излегоа со информации за идентитетот на убиецот, а МВР се уште молчи, иако поминаа две недели од убиството.

Како што велат одредени информации, осомничениот по нечии инструкции бега во Србија. Кажано му е да става фотографии, како алиби, првата ја објавува истата вечер, од Ниш во 20:30 часот.

Фотографија која подоцна ја брише, откако сфаќа дека ја открива траекторијата на своето бегство. Околу полноќ тој објавува свои фотографии од Белград. Она што најмногу загрижува е што МВР повторно молчи.

Ден после убиството, сабота 04.11.207 година, медиумите објавуваат детали и мотиви за убиството. МВР се уште молчи, убиецот е на слобода.

Недела, 05.11.2017 година, семејството се прости од Мартин Јанушет. Неговиот татко напиша дека синот му го одзеле неранимајковци.

Во Кисела Вода пак е пукано врз советникот на премиерот Зоран Заев, Филип Андов- Сокол. Нема информации дали ова е поврзано со ликвидацијата на Јанушев.

Но, во јавноста се шпекулира дека „Сокол“ му помогнал на осомничениот да избега во Србија. МВР се уште молчи, а убецот се уште е на слобода.

Понеделник, 06.11.2017 година. Работите се движат кон тоа дека се подготвува измама, медиумите блиски до власта пишуваат дека сторител е друго лице, а не Р.Т., осомничениот бара од друго лице „да го преземе“ убиството. Реагира вујкото на второто лице повикува Раде Трајковски „Штекли“ да не подметнува вина на друг. МВР се уште молчи.

Вторник 07.11.2017 година. Медиумите пишуваат дека се подготвуваат две сценарија за спас на осомничениот Р.Т. Едното е преземање на вина од друго, па негова амнестија за непресметливост. Второто сценарио е дека убиениот Јанушев прв посегнал по оружје, а убиецот испукал во самоодбрана, пет куршуми во неговата глава.

Осомничениот Р.Т. е близок до власта преку агенцијата за обезбедување „Омерта“, која откако на власт доаѓа СДСМ, рекетира низ Скопје. МВР се уште молчи, не соопштува како осомничениот избегал од Македонија, кој му помогнал и каде се наоѓа во моментов.

Молчат и многу од оние кои до пред некое време беа гласни за се и сешто, молчат невладините, молчат и медимуте. Убиецот е на слобода, нема фоторобот, нема ниту потерница.

Четврток, 09.11.2017 година, се уште молк од МВР, повторно мочлат и невладините и медиумите. Убиецот е се уште на слобода.

Молкот од МВР, молкот од граѓанските активисти на СДСМ, молкот од медиумите и невладаните блиски до сегашната власт, се уште трае. Граѓаните се прашуваат дали треба да живеат во страв и дали доколку им се случи нешто од активист близок до СДСМ, на него нема да му се суди за тоа.

Нацев: 12 денa од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, a власта се уште го крие и штити убиецот

МВР прави спектакли со рации по дискотеки апсејќи малолетници со специјалци, а убијци и криминалци се шетаат слободно по нашите улици. Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Минува дванаесеттиот ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Тој е на слобода и не смее да се спомене неговото име. Мафијата владее. Пред 10 дена беше пукано кон куќата на советникот на премиерот Заев пред неговиот дом. Се шпекулираше во јавноста дека бил близок до убиецот и му помагал. Молк од МВР и за овој скандал. Не се знае кој пукал кон владиниот советник и зошто. Уште помалку вооружените криминалци се пронајдени и приведени, подвлече Нацев и додаде:

„Граѓаните со право се плашат дека партиската полиција е целосно ставена во служба на мафијата и вооружените банди. Јавна тајна е дека пукачите се дел од партиското подземје поддржано и блиско до СДС. Мафијата со доаѓање на Заев на власт си доби држава, а со потпретседателот Оливер Спасовски си доби заштитник во полицијата. Граѓаните не можат да се чувствуваат безбедно кога во 21 век среде бел се егзекутираат луѓе пред очите на цела јавноста? МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците“.

Според гласините кои кружат во медиумите, рече Нацев, убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

-МВР дозволи убиецот да избега, а со тоа да не може да се изведе пред лицето на правдата. Во истрагата за овој настан се направени сериозни пропусти и не е спречено неговото бегство. Фото роботот е алатка која служи за граѓаните да можат да го препознаат убиецот и да пријават кај надлежните органи. Фото робот во овој случај не постои и покрај тоа што убиството е извршено среде бел ден и на фреквентна локација на која има голем број на минувачи и безбедносни камери. Во јавноста се повеќе се говори дека поради блискоста на убиецот со власта на терен се работи некој криминалец да ја преземе одговорноста за убиството со цел спас на вистинскиот убиец.

Според него, потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски мора да преземе одговорност и да замине од функцијата министер.

-Полицијата во најмала рака треба да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците, a Спасовски ќе помогне со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции.

Нацев: Оливер Спасовски да си поднесе оставка – убиецот на Јанушев една недела се шета на слобода

Минатиот петок, околу 17 часот и 40 минути, токму овде на ова место, беше ликвидиран младиот фудбалер Мартин Јанушев. 28- годишното момче беше брутално егзекутирано со 5 куршуми, на улица пред голем број очевидци, истакна денес Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсетува дека убиецот непречено си замина од местото на злосторството.

-Една недела подоцна, убиецот е се уште на слобода! Полицијата нема ниту фоторобот, ниту пак полицијата кажува со каков автомобил избегал и кој му помогнал во тоа! Целата јавност, целиот град, половина час после убиството веќе зборуваше кој е убиецот. Целата јавност веќе се сомнева дека блиските релации на инволвираните криминалци со највисоките функционери на власта имаат свој дел во ова. Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски со својот молк и со своето непостапување, само ги потврдува стравувањата на граѓаните дека доколку си близок со врвот на раководството на партијата, можеш да избегаш и одговорност за убиство. Во јавноста се повеќе кружат информации дека сценаријата што се подготвуваат друг да ја преземе вината за грозоморното убиство. Се подготвуваат и се зборува дека убиецот не смее да одговара за своето дејство само за да не излезат на површина неговите блиски релации со криминалците од врвот на СДС. Затоа се говори дека се подготвува сценарио во кое наводно ќе се манипулира дека убиството било во самоодбрана. Треба јавноста да биде убедена дека жртвата посегнала по пиштол, истакна тој.

Нацев вели дека ожалостеното семејството веќе се прости од младиот фудбалер, а правдата ја нема ниту на повидок.

-Нема одговори за суштинските прашања зошто убиецот цела недела после ликвидацијата не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал? Граѓаните се прашуваат што може да ги снајде нив кога во ситуација на семејството на убиениот, и неговиот татко и неговиот брат се припадници во МВР. Граѓаните сметаат дека исто така има нешто нечисто и во пукањето кон советникот од кабинетот на господинот Заев, се зборува дека и тој е човек со дебело криминално досие но тоа пукање не е сеуште расчистено. Се кријат мотивите и идентитетот на напаѓачите. Се крие дали истиот е поврзан со ликвидацијата на Јанушев. Молчат и медиумите и невладините организации. Молчат, а со доаѓањето на СДС на власт, мафијата си доби своја држава. Крвта и вооружените пресметки се вратија на улиците исто како во 90-тите години. Граѓаните не се чувствуваат безбедни. Време е неспособниот министер Оливер Спасовски да си поднесе оставка, порача Нацев.