Полициската потера траела 45 минути: Десет мигранти пронајдени во возило близу Струмица

Десет мигранти се пронајдени во возило и три во непосредна близина. Откако полицијата дала сигнал на возилото да застане, возачот со зголемена брзина упатил по регионалниот пат кон Струмица.

Вчера од 20 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полицската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензинската пумпа од правец кон с.Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила, „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај с.Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон с.Попчево.

Во 20:45 часот на шумскиот пат во близина на браната во с.Водоча, возачот на Форд Мондео излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон с. Водоча-Струмица. При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.

БИТОЛА ЌЕ ВДОМУВА МИГРАНТИ: Започнаа првите чекори за подготвување на Битола за новите граѓани-мигранти

Денеска на битолскиот плоштад „Магнолија“, битолчани беа изненадени од поставените билборди кои според она што пишува на нив, психолошки ги подготвуваат граѓаните на Битола за доаѓањето на нивните идни нови сограѓани.

Проектот е на претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации во Скопје, а го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје.

Проектот има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби. Инсталацијата во јавен простор која се состои од неколку различни елементи поставени на плоштадот „Магнолија“ во Битола, ќе биде изложена три дена преку билборди на кои пишува „Солидарност на дело“ и „Колку боли разрушен дом“.

Битолчани се изненадени од овој потег на невладините организации, со оглед на тоа што СДСМ како апсолутна власт, ветуваше дека нема да има мигрантски кампови во Битола, но сите дела кои ги правеа изминативе 5 месеци наведуваа на резултат како денешниот.

Во август оваа година, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Благој Шаклевски на Фејсбук напиша дека советниците од СДСМ одбиле да дискутираат неприфаќање на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, а после тоа ја напуштиле и седницата.

На сето ова министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, која во Битола ненајавено учествуваше како гостин на седница на Советот на општината. Таа тогаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека шири ксенофобија и лажни вести.

На истата седница на која присуствуваше и Царовска, советниците на СДСМ во општина Битола гласаа ЗА мигрантски населби во градот на конзулите, односно гласаа против референдум во нивната општина. Со ова ти е се согласија за населување а мигранти во Македонија и за изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Меѓутоа, сето ова го поби нејзиниот сопартиец, пратеникот Васко Ковачевски на собраниската говорница изјавувајќи дека кај Меџитлија (битолско) ќе има прифатен центар за бегалците.

ПОЧНА ВСЕЛУВАЊЕТО: 25 мигранти „заклучени“ во Македонија, државата не им дава да продолжат кон Европа

Околу 25 мигранти веќе 4 до 5 месеци се „заклучени“ во двата кампа во Македонија и не им се дозволува да продолжат кон Европа – известуваат од невладината организација „Легис“, која спроведува мониторинг на транзитните центри за бегалци во Табановце и Гевгелија.

– Во моментот во двата кампа има 25 лица, но бројот се менува на дневна основа. Тие што доаѓаат во кампот преминуваат преку јужната граница и остануваат од два до три дена во зависност од тоа дали имаат потреба од здравствена грижа или да побараат азил или привремена заштита. – јавуваат од Легис.

Според оваа невладина организација, во центрите има задоволителни услови за греење и сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца, како и до основна здравствена нега, храна, лекови и облека. Но, поради недостиг од социјализација, некои од жителите се соочуваат со депресија бидејќи се во кампот повеќе од 4-5 месеци, а од кампот им е дозволено да излезат само со придружба, односно им е ограничена слободата на движење.

„Легис“ реагирал кај народниот правобранител за затворената политика на кампот за влез и излез на луѓе. Кога Канцеларијата на народниот правобранител реагирала до Министерството за внатрешни работи, вратите на транзитниот центар биле отворени неколку дена, но потоа повторно надлежните ги затвориле. Народниот правобранител извршил посета на терен и заклучил дека одлуката на министерот не се почитува во целост, односно спроведувањето зависело од добрата волја на вработените на смена.

СКАНДАЛ: Александар Наумовски и ветил на Царовска изградба на згради за мигранти во Ѓорче Петров, во населба Хром

Доколку кандидатот на СДСМ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, ѓорчепетровци ќе имаат соседи мигранти. Имено, Наумовски и ветил на Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика и ветил изградба на згради во населба Хром.

Иако голем број на граѓани бараа референдуми против планот на Владата за населување на мигранти во Македонија, а голем дел од општинските совети донесоа одлука за одржување на истите, Инспекторатот за локална самоуправа, кој е под контора на СДСМ, донесе одлука за стопирање на истите.

Реалната закана за населување на мигранти постои во сите општини, а според нашите информации дел од населба Хром, во Општина Ѓорче Петров е планиран да биде искористен за изградба на згради за нив доколку Александар Наумовски стане градоначалник на Ѓорче Петров.

Како што вели нашиот извор, СДСМ мора да го исплати цехот на оние кои што ги донесоа на власт и ќе се обидат преку Наумовски, како нивни човек да донесат мигранти во Ѓорче Петров, нешто што претставува сериозна закана за менување на демографската слика на оваа општина.

Доказ дека заканата за населување на мигранти е сериозна е и ставот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Ескпертската јавност предупредува дека ова прашање мора да се земе со голема сериозност, бидејќи претставува голема опасност за менување на демографската слика на Македонија. Според експертите доказ дека Македонија е подготвена да ги прими мигрантите е изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Македонија е подготвена да досели мигранти, кажа шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле.

Позади одлуката за неодржување на референдумите, најверојатно се крие стравот на СДСМ од исходот, па тие на сите начини се обидуваа да ги минираат референдумите. Доказ дека стравот кај владеачката партија е голем е и кривичната пријава за Видан Лазарев кој ја водеше кампањата на „Будење Штип“. Ова е само еден од примерите каде СДСМ преку кривични пријави се обидува да ги заплаши и замолчи граѓаните на Република Македонија. Како што вели активистот Лазарев, кривичната пријавата на СДСМ е нелогична.

-Оваа кривична пријава на СДСМ е врв на притисоците, уцените и заканите кон мене, како предводник на граѓанската иницијатива „Будење“. Оваа кривична пријава и сите уцени, закани, притисоци се со цел да ме замолчат мене и граѓанската иницијатива, но и да ги замолчат граѓаните, изјави Лазарев.

Тој смета дека со ваквата кривична пријава СДСМ со покажување на сила од позиција на власт, сака да го спречи отстварувањето на најосновнот и демократско право на граѓаните преку референдум да решаваат за најсуштинските прашања кои ги засегаат.

-Со ова СДСМ уште еднаш покажува дека нема демократски капацитет и дека не може да се соочи со гласот на граѓаните, порача Лазарев.

Доколку се реализира националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, план кој многу полесно ќе се реализира ако локалната власт е под контрола на неговите градоначалници, освен за Ѓорче Петров ќе претставува голема закана и за многу други општини. Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите.

Ѓорчепетровци порачуваа дека не сакаат во своето соседство населување на мигранти, не сакаат менување на демографската слика на општината, нешто што Александар Наумовски го ветил на своите претпоставени во СДСМ, премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.

 

 

Милиони мигранти тргнуваат кон Македонија, Владата на СДСМ доброволно се пријави за прием на околу 150.000

Околу 6,6 милиони мигранти од Блискиот Исток и од Северна Африка sе подгтовуваат во најскоро време да влезат во Европа, анализира британскиот весник „Телеграф“. Во објавениот текст, британски „Телеграф“ се повикува на од германски „Билд“, чии новинари успеале да дојдат до информации од германските тајни служби.

За Европа, а вклучувајќи ја тука и Македонија, која е дел од треасата по која се движат мигрантите, сепак најголемата опасност демнее од оние 3,3 милиони мигранти кои се сместени во Турција. Прашањето е колкав период Турција ќе може да ги задржи во бегалските кампови? Тоа зависи само од добрата волја на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој значително ги има максимално замрзнато односите на неговата земја со Европската Унија. Тој може оваа карта да ја корист како џокер во пресметката со било кој европски лидер и во секој момент да ја отвори, како што наведува британскиот весник, врата од „пеколот“ за Европа.

Според објавеното од извештајот од тајните германски служби, околу 2,5 милиони мигранти се наоѓаат во државата во Северна Африка, кои чекаат погоден момент за со разни пловила да тргнат кон бреговите на европските земји, најмногу кон Грција и кон Италија. За Македонија опасност се мигрантите кои ќе пристигнат во соседна Грција, од каде тие потоа доаѓаат во земјава, која е дел од т.н. Балканска рута.

Германските власти не го коментираат објавениот извештај на нивните безбедносни служби, кој според „Билд“ имал ознака дека е само за интерна употреба.

Покрај другото, Европската Унија постојано врши огромен притисок врз своите членки за прифаќање на квотите за примање на мигранти особено на државите од Вишеградската група – Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.

Нетпрес објави дека македонскиот премиер Зоран Заев, за да се додворува кај европските бирократи, доброволно се пријави за прием на околу 150.000 мигранти во Македонија. Стратегијата за бегалци и мигранти на минстерот за труд и социјала, Мила Царовска, предвидува во наредните 10 години да се изградат кампови, социјални станови, да се обезбеди бесплатно школство, здравсто и работни места за 150.000 мигранти.

Лидерот на најголемата партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќепати јавно изјави дека добивал непристојни предлози за прием на 150.000 мигранти во Македонија, но секој пат категорично одбивал.

Илиоски: Онаму каде СДС планира да ги насели мигрантите, ние ќе направиме нови населби за младите да формираат семејства

Кандидатот за граоаначлник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски истакна дека грижата за младите не се покажува само со убави желби и зборови, туку со конкретни мерки кои ќе значат обезбедување поволни услови да се стекнат со свој дом и овде, во Битола да формираат семејства.

-Сакам да најавам дека во местата каде што СДС планира да ни ги насели мигрантите, ние ќе создадеме услови таму навистина да има нови населби, ама не за мигрантите на кандидатката на Заев, туку за нашите деца. Во старата битолска Касарна ќе направиме парцели од по 200 метри квадратни кои без пари ќе им ги дадеме на младите битолчани и целосно ќе ги ослободиме од плаќање комуналии за да можат да изградат евтини куќи под многу поволни услови. На тој начин, без давачките кон Општината – една куќа од 50 до 100 квадрати младите идни семејства ќе ги чини од 17 до 35 илјади евра, вели Илиоски.

ЌЕ ДОЈДЕ ЖИВОТ ОД СИРИЈА: Деветтата економија во светот – Франција прима 30 илјади мигранти, а Заев прима 150.000 мигранти

Политиката на Заев за мигрантите е дотолку нелогична што ако се направи компарација со другите европски држави Македонија би требало да биде рамо до рамо со светските водечки економии по бројот на примени мигранти. Ако ја земеме за пример Франција, која со популација од 64 милиони државјани, од кои само 9 отсто се невработени и минимална плата од 1.751 евро и вишок средства од 1.5 % во владиниот буџет, одлучува да преговара да прими само 30 илјади мигранти.

Во меѓувреме, Македонија со популација од 2 милиони жители од кои 22. 9 проценти се невработеност и минимална плата од само 200 евра, со дефицит од 4.20 проценти во владиниот буџет, без преговори и референдум одлучува да прими 150 илјади мигранти, пишува Денешен.мк.

Покрај сите овие факти и економски показатели, Заев продолжува да тврди пред јавноста дека во Македонија ќе „дојде живот“, а доаѓаат мигранти кои ќе ги земат работните места, зголемат буџетниот дефицит  и задолжувањата  и дополнително ќе го уназадат напредокот на Македонија

СДСМ тврди нема мигранти, а полските војници фатиле 120 илегалци во Македонија

Полските граничари фатиле 120 мигранти во Македонија, јавува Радио Полска, повикувајќи се на изјавата на полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Блашчак.

– Политиката на ЕУ за преместување на мигранти од Италија и Грција во други земји-членки на ЕУ, го влошува проблемот со миграцијата која само се зголемува. Нашите граничари кои помагаат во Македонија фатија 120 илегални мигранти во земјата. – изјави Блашчек.

Тој додава дека неговата претстојна мисија е да ги убеди другите земји на Европската унија да ја напуштат програмата за релокација на мигранти. Неговата изјава беше по повод

– Тоа е магнет што привлекува натамошни бранови бегалци,  во Македонија ја покажавме солидарността на Полска со Македонија, изјавил министерот за Радио Полска.

Додека европските лидери продолжуваат да го третираат проблемот со мигрантите, од македонската Влада и понатаму тврдат дека во Македонија нема мигранти и дека не постои програма за нивно населување во земјата.

Во исто време, од МВР не објавуваат никаква информација за овој случај во кој нивните полски колеги кои се на мисија во Македонија успеале да фатат 120 лица кои од Грција сакале илегално да влезат во Македонија.

Иако овие мисии на на странските граничари се под патронат на нашето Министерство, ниту во полицискиот билтен, ниту во официјално соопштение, не е соопштено за настанот.

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА: Под диктат на Заев и СДСМ запрени референдумите за доселување на мигранти

Владата предводена од СДС во континуитет го крши Уставот на Р. Македонија! Скандалозна и незаконска е одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа, донесена под диктат на Заев и владата, да ги запре решенијата на општините со кои е одлучено да се организираат референдуми за доселувањето на мигранти, вели на денешната прес-конференција Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според член 2 од Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта, освен што ја остваруваат преку демократски избрани претставници, ја остваруваат и директно преку референдум, граѓанска иницијатива и други облици на непосредно изјаснување, истакнува Србов.

Тој додава дека Уставот на Република Македонија, Европската повелба за локалната самоуправа на Советот на Европа, како и Законот за локална самоуправана РМ го гарантира правото на локална самоуправа на сите граѓани во земјата.

-Согласно член 5 од Законот за локална самоуправа, правото на локална самоуправа граѓаните го остваруваат непосредно преку референдум и граѓанска иницијатива. Според член 54 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Уставот, Европската повелба, како и Законот за локална самоуправа ниту го ограничува, ниту го забранува правото на референдумско изјаснување на граѓаните за прашања што имаат изразено локално значење, и за прашања со силно изразен јавен интерес на граѓаните, посочува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Србов нагласува дека со оглед на она што го предвидува Уставот и донесената одлука од Државниот инспекторат сметаме дека надлежните во Државниот инспекторат не ја познава својата надлежност и материјата на која работи, ниту надлежноста на Уставниот суд на Република Македонија и поради тоа презема скандалозни чекори и ја блокира волјата на граѓаните со донесување на незаконски акти и делувања.

-Владата на СДС ја повикуваме својата неукост да ја поткрепи читајќи го Деловникот на Уставниот суд каде пишува дека единствен орган во Република Македонија кој има право да одлучува за незаконитоста на пропис и друг општ акт во време на нивното важење е Уставниот суд, и ниту еден друг орган, па оттаму ниту Државниот инспекторат. За законитоста за одредени прашања единствено одлучува Уставниот суд на Република Македонија и оттука инспекторатот за локална самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините или да ја преиспитува нивната законитост. Сомневањата на Инспекторатот се дека општините го прекршиле член 20 од Законот за локална самоуправа кога донеле решенија за организирање на локалните референдуми. Токму членот20 и членот 21од Законот за локална самоуправа го дава правото на општините да организираат референдуми. Во него стои дека општините, во рамките на законот,во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт, нагласува Србов.

Тој вели дека владата на СДС на чело со Зоран Заев и Мила Царовска излезе со стратегија за трајно населување на мигранти во Македонија кои ќе добијат работно место и стан од државата во услови кога македонската економија се движи во надолна линија заради политиката на новата Влада а започна да расте и невработеноста.

Србов посочува дека ваквата одлука е најдобар показател дека владата на Заев се плаши од мислењето на народот и сака по секоја цена да ја спроведе програмата за масовно доселување на мигранти во државава.

Заев им ги отвори ширум вратите на бегалците: Инспекторатот за локална самоуправа ги запре решенијата за организирање локални референдуми

Заев им ги отвори ширум вратите на бегалците. Очекувано беше дека во пресрет на локалните избори ќе кулминира притисокот врз локалната самоуправа да не се дозволи заедно со локалните избори да се одржи и референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали се за доселување на бегалци во нивните средини.

Државниот инспекторат за локална самоуправа вчера донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на Локалните избори, 15 септември, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Како што информира Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум, а се очекува да бидат доставени уште две.

– На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров, рече Муслиу.

Одлуката ќе биде доставена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалницитге и советите на 12 засегнати општини, а градоначлниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии.

Причина за нејзиното донесување, како што кажа, е член 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.

ВМРО-ДПМНЕ: Недемократско и скандалозно е спречување на референдумите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ ја смета за крајно недемократска и скандалозна одлуката со која се спречува одржување референдуми за населување на мигранти оценувајќи дека со тоа се попречува демократијата во државата. (продолжете со читање ТУКА)

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија. Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.

Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.

-Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име- порачуваат граѓаните од 17-те општини.