Колумна на Мирка Велиновска: ИЛИНДЕН ПОД ФАШИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА

Mirka-Velinovska-objasnuva

Како подготовка на овогодишното чествување на македонскиот државен и национален празник Илинден, во окупирана Македонија втрча американска војска (триста хуманоидни парчиња со едно чудо оружје и транспорт) за со војничка цокула на теренот, како впрочем секој ѕвер, да ја означи „својата“ територија. Таа е секогаш туѓа, грабната, присвоена од некој што има тапија врз неа. Нормално, тоа го знае секој окупатор. Затоа и има потреба да ја покаже својата сила пред домородниот сопственик, во случајов македонскиот народ.

Ваквите паради со радост ги следат нивните домицилни слуги, контрактори. Тоа се суштества без личен идентитет и човечки доблести како што се чест и достоинство. Јас ги викам шкопеници или евнуси. Таквите се секогаш слуги на оној што ги шкопел. Тие се самозалажуваат дека се политичка, црковна или интелектуална елита. Шкопеникот го мрази нормалниот народ, кој ги има сите одлики на родот на кој му припаѓа. Сите делови на телото му се на број и функционални, а мозокот му е слободен и во кондиција. Кога се гледа во огледало, си го гледа и ликот и душата и срцето. На себе ги препознава и цртите и карактериситиките на своите предци во континуитет. Го познава секој слој од кожата секоја своја маана. Шкопените ја немаат таа предност. Затоа, наместо да си признаат дека се фалични, си градат затворен свет во кој сите без мандало се сметаат за авангарда со агенда да го сотрат нормалното човештво така што ќе го обезличат, односно, ќе го втераат во нивната фарма на евнуси, кастрати.

Прво да констатирам дека пред цел македонски народ и пред цел свет нашиве кобајаги политичари се разгологазија неповратно. Грди и валкани се до тука бидува! Лажеа дека работат за Македонија и македонскиот народ. Работеле против неа и нас. Безбедносниот и институционалниот вакуум дадоа кротко да ни го пополнат американски и европски штакори, плус добрососедски агресори и негатори. Дозволија војската и полицијата, судството, економијата, здравството, образованието да ни ги раководат дегенерици, муфљузи, шламот, мафијата. Доживеавме две приватизации, која од која погадна.

Мене сега ме интересираат две работи: Зошто воопшто уште постои т.н. Шеф на државата и зошто уште дреме во претседателската палата и претседателската резиденција безидентитетен човек кога веќе нема работа за него. Нема држава и народ за да ги претставува, а агендата за пополнување на безбедносиот вакуум ја исполни. Имаме 300 американски маринци и снајперисти и никаква македонска армија. Имаме неспособни генерали како послуга на американските. „Волци“ и „Тигри“ во платенички окупаторски мисии, ама без срце да си го бранат домот и татковината. Тамам за двомилионска Македонија. Што работи уставниот суд и каков устав штити? Чии се тие уставни судии? Чија војска е АРМ? За што служи и кому служи? Чија е македонската полиција и полицајци? Синодот на МПЦ кого претставува? За кого бијат камбаниве бе сега, а? Постојат ли воопшто македонски политички партии? Кој воопшто членува во нив? Зошто не се во илегала или не повикаа на борба? Од кого и за што ќе бараат гласови, ако воопшто им даде шлакнатиот Бејли? Или ќе си штанцаат и полнат кутии на фингирани избори? За домашни слуги на окупаторот ли ние ќе плаќаме давачки? Ако Македонија не е под окупација, за кој андрак Скопје во пресрет на Илинден е под полициска опсада? Што кажува тоа?

Просто, кажува дека окупаторот и неговите домашни шкопени слуги умираат од страв од народот кој не е под нивна контрола. Така е од кога е светот и векот. Стравот на слабаците се манифестира со парада на насилството. Кукавицата се крие зад насилникот и насилството. Убавото во сето ова е што и тие и ние го знаеме крајот. Секоја окупација има рок на траење и завршува со борба за слобода со однапред познат резултат. Победа на окупираниот и поробениот. Бежанија на окупаторот и слугите му. Патем, оној кастрат од Грузија, Шаакашвили, го испудија од САД, сега му го одзедоа државјанството и украинските црпковци. Шаакашвили стана штакор мигрант, кој бара нов господар што ќе го најми. Отпад кој не е погоден за рециклажа! Оваа е судбината и на неговите колеги од „Виши“ групировката на Црпко и Рада.

Лани на 2-ри август ја одгледавме „ладната проба“ на овогодишново илинденско празнување. МРТВ за првпат немаше директен пренос од свеченостите на светите за Македонецот места. Немаше бесплатни автобуси за собирање на публика. Оти, отчетот на врвните политички функционери беше срамен по дејство, па секој со малку достоинство и самопочит не сакаше да е присутен на фингерајка. И тие тоа добро го знаеа. Само си мислеа дека народот тоа ако не го гледа, нема да го знае. Шкопени шутраци!

Годинава, по фотографирањето на американската окупаторска војска пред триумфалната капија, по одржаната смотра на припадниците на бившата АРМ пред квислингот Радмила Шеќеринска и шефот на евнусите, нашиот Чембрлен, Црпко Заев, во отсуство на делегитимизираниот врховен командант (забравам му името), а во нападно ем вулгарно присуство на манијакот и наци-самодржец Џес Бејли, очекуваме во Крушево, на Мечкин камен и во Свети Спас, протоколарно јавно мочање врз илинденските светилишта од страна на вандалите: Учката и балист Џафери ќе блуе на Мечкин камен, Вулгарот (изворно име на денешниве словенизирани Бугари по племето Вулгари кое како придружба слугинска освојуваше и пљачкаше со Монголите, Татарите и Османлиите) и фашист Бојко Борисов со муртинскиот безр’бетен кастрат Црпко и дворот на шарените СДС трансџендери ќе му аплаудираат, а фирерот „ас сакинг“ Бејли ќе ги гледа од високо.

По рамковниот, мајскиот, пржинскиот, великоалбанскиот и бугарскиот договор, тој може да каже како Клинтонка: ДОЈДОВ ГИ КАСТРИРАВ, УБИЕНИ СЕ.

Ние, народот на Македонија, Македонците пред се’, се срамиме од домашните соработници на евроатланскиот фашистичко – цијашки окупатор. Долговите што ги прават сега во наше име, преку окупираните институции и секакво насилие, не ги признаваме и ќе ги наплатиме со дебели казненни камати. Иако, цела идна генерација по нас ќе треба да ги чисти и дератизира испоганетите паметници и деградираната македонска земја натопена со крвта на генерации, жртвата ќе биде неопходна. Оти лајнари ни го уништија кредибилитетот, не направија народ за мајтап, ни го испоганија образот. Нема да им заборавиме и простиме! Никогаш! А, ќе одиме на избори за уставотворно Собрание! Запаметете, оти тоа ќе ни биде приоритет агенда. Македонци! Не чека асиметрична борба со домашни штакори и странски окупатор! Бидете рационални, сконцентрирани, прибрани и решителни! Ние ги знаеме нив, а тие не не’ познаваат нас (тука се крие стратегијата и тактиките).

Пишува: Мирка Велиновска

Колумна на Мирка Велиновска: Деташирани депонии на Дрисла

Mirka-Velinovska

Фрау ,,мадам“ Ангела Меркел веднаш по ЕУ-НАТО журките со Доналд Трамп во Брисел и на Сицилија, очигледно незадоволна од исходот, објави дека, за жал, Европа веќе не можела да се потпира на САД и затоа ќе мора да си ја земе судбината во свои раце.

Прво на што помислив кога ја слушнав е дека ,,лидерката“ на ЕУ и на Германија и верна вазалка од Прв ред на дип стејт Вашингтон и центар на радикалниот либерал-фашистички тероризам, влегува во кривина со над двесте км на саат, а без кочница. Дури ни Латас не го може тоа, иако е докажан експерт. Дали заради минхенските кригли од два литра, дали заради есенските избори, важно дека како политичарка која претставува сериозна држава, ги шокира сите колеги подопашници, марионети и лиглиња од банана плантажите (тие погрешно ги викаат држави ем европски) што ги стекнаа како воен плен САД по Втората светска војна. Оти сите топтан завршија како ебана или политички коректно кажано, поразена страна поради квислиншките им влади. Не знам како ја прими веста Цветин Чилиманов со кого лани почнавме јавна полемика по прашањето на слободата што на светот му ја донел Вашингтон, во кој правец еволуира, ама убаво се сеќавам дека јас му тврдев со докази дека американското лидерство значи исклучиво колонизација и окупација и затоа евроатлантскиот партнерај е најобичен политичко-профитерски куплерај во кој сакаат да учествуваат само тие кои се чувствуваат удобно во робовска кожа, а сон за слободата им е што повеќе да личат на својот господар на кој му служат. И сега ви се молам, оваа мистријава од Берлин, во име на целиот континент вели ќе си ја земеле својата судбина во свои раце. Може бе, зошто да не може! Само кога п-тиииит-а ќе рече куку. Не зборам само за старите и новите американски бази кои од 2013 година никнаа како печурки ширум Европа заради страв од вонпланетарна руска инвазија. Мислата ми е на десантното истоварување на американски трупи и оружје, најголемо по времето на Хитлер миротворецот. Или, што би рекол покојниот Милошевиќ: ,,Судбина? Мало морген сега!“ Сакам да кажам вие веќе не сте господари на својата судбина. Сега сте жртви на карма за с` што правевте до сега. Доаѓа време на наплата. Доналд Трамп ви кажа убаво и на човечки јазик, а богами и со прецизен говор на телото дека му должите на газдата на банана плантажите, пардон, државите, за ѓубриво, за семенски материјал, за запрашување и прскање и се некои такви трошоци. Сега бате ќе гледаме и цвичење и квичење оти трговецот Трамп им вели всушност, ќе ве препуштам на самите себе, па ќе видите брзо „пошто боранија у пролеќе“. Што значи тоа, ајде па јас да ви дешифрирам. Kаква судбина ќе си земе во свои раце овој ексклузивен клуб на раздрндани држави кој нема капацитет за самоодбрана. Освен Велика Британија. Генерали и останатото армиско ,,особље“ не се војска. И кога имаш оружје, ако немаш борци, мотивација и патриотизам, немаш ни одбрана, ни напад. Е, ама од толку самобендисан цинизам со кој ги затрувте своите поствоени генерации, сега ќе ве дотолчи ,,мудроста“ дека за идеали гинеле будали. Затоа ви е начкрабана судбината. И лошо ви се пише. Ќе ви ја испише интелигентниот Трамп или некој како него, а по него, оти светот веќе не е оној што го знаевте. На пример, сериозната политичарка Меркел која служеше како черга на американскиот империјализам си ја зијани Германија на комар. Прво со Трансатлантскиот договор за пљачкање на ресурсите на државите жртви на банкарски грабеж, па со преземањето на монструмот Монсанто од страна на Баер и со разобличувањето на шашмата и колосална светска измама на светски радикални терористи од рангот на Сорос за климатските промени предизивкани божем од човекот. Падна и Парискиот договор.

Е, тука ве чекам бе, гулапчиња. Нели премудриот ви македонски народ ве советуваше низ вековите да не летате како слепци по бумбар, оти кај и да е, ќе ве слета на гомно? И го послушавте ли макар еднаш гласот на умниот? Јок! Пошто слушате команди на далечинско и редовно атериравте меко на смрдливо гомно, сега што правиме? Дада ви Ангела ќе си ја зема својата судбина во свои раце. Вие што линија ќе следите, баш ме интересира оти судбината на Македонија и Македонците четврт век ја проигрувате на комар прогласувајќи ги евроатланските буљаши за наша единствена судбина. Демек тие имаат право да си кројат ем своја судбина, ем на сите оние на кои им го имаат меракот, а нашата ја пишуваат сетики некои евроатлански муфљузи. И немала алтернатива!?

Значи, веднаш да кажам. Има и не само една. Но, за да ги видите ви треба слободен и функционален, ајде да кажам и креативен ум. Такво нешто во моментов во политичката ,,заедница“ или, алтернативно новоговорски, во ексклузивното клупче на балкански лидери нема. Доминираат курсисти од кумровачки тип. Ние, некурсистите ги викавме ваквите бутици перални за мозок преку индоктринација. Со помош на таа лабораторија за производство на човечки шут, со помош на тие лабораториски произведени лидери, ЦИА успешно ја уништи СФРЈ. Сега драги мои се намножија лабораториите. А богами и курсистите за идни лидери. Ги гледам, ги среќавам повремено и ги жалам. Знам колку ќе им вредат ,,дипломите“ во блиска иднина. На пример, познавате ли денес некој од СДС што ќе ви каже дека бил ,,кумровачки курсист“? Па не знаете, нормално, оти овој политички моден ,,ајтом“ денес е демоде и се крие во најтемното ќоше на биографијата. Сега уште се во мода ,,школите“ курсевите на Аденауер, па на Ван дер Штул, Ван Хојте, Сорос и слични ,,великани“. Еве, Меркел ни најави време во Европа кога ќе се прави голем политички ресет. С` за што ги тренираа до сега курсистиве, ќе мора да заборават. А потоа, откако ќе поминат болен период на детоксификација, допрва преку ментална терапија ќе мора да научат самостојно да мислат, да донесуваат и судови и одлуки, па да научат да говорат на човечки јазик и да ја видат реалноста без помош на стимуланси. Е тогаш ќе може да се каже дека минале низ тешка и болна транзиција и слетале на солидна земја.

Ова секако не ги опфаќа психопатите и социопатите од калибарот на Фрчкоски, ниту ,,политичари“ црпнати од вукоебини за посебни потреби кои се наброени во доктрината на ЦИА уште во 1953 година и во која на сочен јазик е набројано какви квалитети треба да има потенцијалниот курсист или регрут. Да не должам. Предност имаат расипаните, глупавите, црпнатите, алчните, безморалните, безсовесните. Сакаш- нејќеш, мора да стигнеш до тестирање, ем екстерно и кога е за знаење и кога е за гангстерај. Освен во ,,дис бјутифул кантри“ која сега е окупирана од подрумски и курсистички одгледан политичко- интелектуален шљам кој тешко базди на нова тура евроатлански фашизам. Ем неписмен кој има уплав од јавно оценување и стандардизирање. Бањати се, а смрдат на трупла во распад. Реата што сега го загадува воздухот и животната средина во Македонија, ја прави етикетата вмровски народ со валкани нозе и влакна во носот, како добро скоцкана реклама за природен француски парфем кој е поскапоцен од било каков хемисколабораториски бучкуруш а ла сезон. Од тие соображенија, јас не ги признавам ни Собранието, ни Владата, ни СЈО ни сите други квази институции запоседнати од окупаторот. Ги сметам за деташирани депонии на Дрисла за опасен по здравје отпад. Од таков отпад не се ослободувате на обични демократски избори или со медицински маски со кои се штитите од банален смог. Сега уште нема видлив македонски Диего Дутерте. Но ќе се појави многу брзо. И не само еден. Оти нацијата е нападната од мутиран ебола вирус кој го шират глутница штакори. Штом на курсистиве брзо им проаѓа времето, и овде ќе излезат од мода малодушните лидери со зајачко срце или расипаните лидери со тенко бабуле.

За земањето на својата судбина во свои раце беше зборот. За ,,лидерката“ Ангела Меркел беше зборот. Е баш сега на оваа тема сакам да ги чујам менталните проблесоци на Ѓорѓе Иванов, Никола Груевски, Антонио Милошоски и Никола Поповски. Уште ли сме кај тоа дека немаме друга алтернатива освен својата судбина да ја препуштиме на ЕУ и НАТО оти сме делеле исти фашистичко-терористички вредности?

Намерно не го ставам во ист пакет оној пучистичко-силеџиски џган од СДС, УЧK и Бали комбтар, Фрле и Геро со ВМРО-ДПМНЕ ,,лидерите“ курсисти. Оти тие се главно жртви на политичко-идеолошка фатаморгана во услови на светски хаос. Што не ги оправдува или ослободува од директна одговорност за преведување на државата Македонија во дивоградба преку грабеж и тоа додека се власт. Слушнавте нели кој е газда, а кој извршител на микро-примерок во медиумскиот простор. И како функционира нетитканото лажно новинарство. Сорос дава пари, а Фрле ги оплодува преку корифејот на медиумските бројлери. Терористот Фрле му дава команда на самоубиецот Геро да се саморазнесе со албански експлозив над Македонија, по хоризонтала, а овој беспоговорно прифаќа. ИСИЛ гомна да јаде бе! Е тоа е новост за мене. Јас мислев дека ,,терористи“ по традиција имала само во ВМРО во 19 и 20 век. А ваму видиш, радикален тероризам да ти бил суштина на СДС идеологијата за 20 и 21 век. Лево? Од ова подесно, здравје! Значи затоа го бранеа терористичкиот џган вкопан во ,,Диво насеље“ масакрот во Смиљковци, Вејце и Kарпалак, акцијата во Бродец, а ја напаѓаа државата. Дечливе се браќа по политичка религија со ИСИЛ. А зашто Меркелка и компанија ги доведоа на власт со пуч, јасно ни е и кои се оние во Брисел и ширум Европа.Тие се креаторите на ИСИЛ и воедно негови водачи. Нивните рожби го испотепаа домицилното зомбизирано население. ,,Бомбичево“ на ју тјуб не ме изненади оти им го знам ,,сношајот“ од почеток. И едниот и другиот така се регрутирани и исповрзани ко свински црева. Но ќе ја чекам ,,професионалната“ сеирија за хоризонталното ширење на албанскиот јазик како и за шарлатанската ,,експертска“ ем правна подлога на тоа дека се што не е јасно запишано како незаконско во рамковниот Устав полн со маскирани дупки, било дозволено. Ова дечки ако не сте знаеле е алатка на панаѓурски шатри дигнати во провизорни вукоебини да глумат правна држава. А Фрле е специјалист токму за тоа. Се вика опциско (слободно) толкување на законот и Уставот. ,,Мож да буде ал не мора да значи“ кому иде. Се додека не тропне на врата кармата што си ја заработил. Виѓавам дека на тој план на ова динамично дуо лошо му се пишува. Трамп во Брисел не го спомна членот 5 за солидарност на членките во војна или напад, ЕУ и онака нема врска со солидарност од било кој вид, па овие балкански тутурутки како Фрчкоски што веруваат во моќта на чадорите произведени во атлантската оаза, ги чека големо изненадување. Ќе ги прегази шлепер како жаби на автопат со шест ленти. Штета е само што тие лично нема ни да видат и да дознаат што ги снашло. Ама нека им е за утеха дека конечно ќе бидат корисно општо место, односно, морална поука за нацијата која наумиле да ја уништат и обездомат. Јас пак се надевам дека Грците конечно ќе ни откријат за колку примен поткуп и за кои свињарии е уценет Љубомир Д.Ф. што е зачин во секоја сплетка против Македонија.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Колумна на Мирка Велиновска: Фашистички калифат

Mirka-Velinovska

Родриго Дутерте, претседателот на Филипини, беше во Русија во официјална посета „со работен карактер“. Од првиот момент како стапи на должност, лани, и почна борба до уништување на мафијата, која тргува со дрога, стана мета на ордите медиумски терористи кои сакаат да го остварат сонот на умоболни антихуманоидни сопственици. Речиси веднаш се активира фамозната евро-американска длабока држава. Човекот отиде во Москва со порака дека Филипините како држава сакаат да соработуваат со Kина и Русија, со сиот свет, ама како рамноправен партнер со свое национално и државно достоинство и интереси. Побара да склучи договори со Москва за купување оружје за одбрана на државата и уште на првиот ден од престојот му се случи Минданао. Островот на југот, познат и од Втората светска војна по битките што се водеа, а на кој живее и мало муслиманско малцинство, одеднаш се најде среде оркестриран терористички напад на исламски радикали, на ИСИЛ, кои, ете, „мигрирале“ баш тука од Блискиот Исток. Дутерте веднаш прогласи вонредна состојба и го прекина својот еднонеделен престој во Русија. Во интервјуто за „Раша тудеј“ тој неклиширан политичар од Пацификот на јасен, чист човечки јазик, кој го разбираат сите нормални луѓе во светот, ги објасни причините зошто е маркиран како плен на глутниците медиумски хиени од евро-атлантскиот фашистичко-колонијален полусвет. Прво, зашто не сака филипинскиот народ да биде стадо американски робови, второ, дека не сака неговата држава која на избори ја добил на управување да биде третирана како колонија и, трето, дека интересот на филипинскиот народ е да живее достоинствено, слободно и во материјална благосостојба, низ работа, а не од реекспорт на дроги, учество во војни и други гнасотилаци. И, оп, само што го рече, американската дип стејт, преку ЦИА му ги активира на далечинско инфилтрираните војници на калифатот кои му се учипиле на југот на земјата „случајно“ во близина на американска база. Kако кај нас во 2001, како во Бродец во 2008, како во Смилковци во 2013 и во Kуманово во 2016 година.

Зошто вака го почнувам неделното обраќање до народот? Затоа што ова интервју на Дутерте го видоа 4 милијарди луѓе на планетата. Да. Толку луѓе ја гледаат оваа државна телевизија. Kредибилна е и професионална, па има планетарен углед. Заедно на купче да ги ставите Си-ен-ен, Фокс њуз, Ал Џезира, Би-би-си и уште збир од телми, 24-орки бранкогеровски пропагандистичко-терористички локални ќелии на Гебелсовото министерство за вистина, не можат да покријат ни третина од оваа бројка. Исказот на филипинскиот претседател во 28-минутно интервју во истиот миг се впи во свеста на четири милијарди индивидуи кои добија потврда на она што им се случува, Од Гамбија до Либија, од Монтевидео до Kаракас, разбраа кое зло ги напаѓа, а заради кое ненадејно кризираат нивните држави и општества и научија како треба да се справуваат со ваквите напади. Со борба, со отворени очи и свест дека вакви борби на животот наспроти смртта, на вредното наспроти профитното, на здравото наспроти дегенерираното и умоболносто не се ни лесни ни бескрвни, но и дека никој, освен нападнатиот, не може ефикасно да се одбрани. Дутерте расчистил дека многу е веројатно да биде цел на атентат. Знае и дека борбата што го чека мора да ја доведе до крај, како победник. Заради иднината на Филипини и Филипинците. Преку потсетувањето на судбината на Ирак, Сирија, Либија и Панама, која ја креираа оние од вашингтонската баруштина, тој испрати снажна порака во светот. ЦИА, односно дип стејт веднаш реагира.

Е, сега, се враќам во Македонија. Kаква порака зрачеше нашата политичка и медиумска елита кога беше нападната, па окупирана од гнаси од луѓе во комбинација со Соросови медиумски терористи, СДС-УЧK-балистички ИСИЛ-терористи и американско-европски претставници на фашистичкиот калифат? НИKАKВА. Развеаја бело знаме пред и да тргнат во прва борбена акција. Kапитулираа на екстериторијална зелена маса во Пржино, во резиденцијата на евробирократот Аиво Орав и под команда на Џес Бејли. Цело време на „процесот“ на ѓоа преговори меѓу четири партиски поглавици – статисти и американски цијаш преоблечен како дипломат кој Македонија од држава ја претвораше во парцела спремна за аукциско распродавање, не реагира ниту една државна институција. Од шефот на државата, преку Уставниот суд, Собранието, обвинителството, судството, војската и полицијата, до владата. Никој не се огласи. Никој не презеде ни дејства ни одговорност. Затоа сега сус! Сега никој од нив нема што да каже ниту може да му се опули на народот. А и кога ќе кажат нешто исплакнато и празно, никој од нормалниот свет веќе не ги разбира. Жртви се на ГМО-говорот кои го нарекуваат политички коректен говор. Некоректниот, а вистинскиот, е под тешка цензура. Се титка или затемнува. Гнасите слават и се силат. Онаа соросоидно брендирана Јадранка, дури прогласи победа над црната чума, иако самата е и ментално и вредносно чумосана поодамна. Сите калемени сливи, партиски војници вградени во институциите како јавна администрација си ги покажаа суратите. И она човеколико гомненце кое сонува да биде Хитлерче во неговото маало, Бранко Геровски, „демократски“ објави дека тој и неговите ќе владеат илјада години, а ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да дојде на власт. Па, да, зашто ќе царува фашистичкиот калифат едно 1.000 години. Пак ли. бе? Исти му беа славеничките беседи и во 2002 година кога го најави илјадагодишното владеење на дувачкиот оркестар на Сорос и СДС. Сепак, декларираните христијани од ДПМНЕ нека му ја мислат сега кога ги третираат како црна чума. „Либералните“ орди на цијашко-соросовскиот ментално пореметен калифат нјавуваат дека ќе јадат живо месо. Што е тука чудно, ви се молам? Па за што се бореа умоболните? Ќе има сега храна за Бранко Тричковски, Мирослав Грчев и останатите вампири и зомби-креатури. И Фрчковски со Грчев ќе може да рушат и расшрафуваат со француски клуч, па и да убиваат колку сакаат и кого сакаат. Што друго да прават цивилизирани манијаци и лудаци? Додека некои од мајка родени во ноќ без месечина тивко не ги расшрафи на анатомски делови.

Знаете, јас од времето кажав дека во СДС си имаме работа со дијагноза, а не со политички субјект кој е во опозиција. Kажав и тоа дека болест со ваква дијагноза не се лечи со „аспирин“ и „аналгин“. Гледам тоа го констатираат и здравите и политички незагадени психолози и психијатри од Америка, која по ланските избори се наоѓа во слична ситуација како Македонија. Просто крахира. Само тие велат дека гнасите што ги напаѓаат, ЦИА, корумпирани судии и обвинители, валкани политичари и бизнис-профитери со глутниците од корпоративните медиуми холивудски забавувачи и универзитетски пленуми се толпа со сериозно нарушена ментална состојба. Демек, и Америка е нападната од лудило кое до вчера го извезуваше како свој ексклузивен производ. Сега се сретна со својата карма на домашен терен. Умниот и искусен Стив Бенон на својот ученик Трамп му пиша писмо во кое го потсетува дека го чека жестока борба. Секој ден, секоја минута, на секое место и со сите средства. Го потсетува дека за да победи ваква болештина ќе паднат и жртви. Kолку да не си мислат Американците дека фашизмот е „едукативна“ серија од типот на „Вил и Грејс“ или „Сексот и градот“.

Јас ќе ги прашам „нашите“ капитуланти: Уште ли ЕУ и НАТО ви се помили од Македонија? Ќе го прашам Kараѓорѓе Иванов, закитен со христијанско православно одличје, уште ли стои зад својот исказ даден во 2014 година дека Македонија сега се наоѓа на дното, а патот кон иднината води само нагоре. Значи, формално-правен претседателе, има ли пат за нагоре со потезите што ги влечевте? Ќе летаме ли угоре, ќе лазиме ли, ќе гребеме со нокти качени еден на друг како пожртвуваните мравки или ќе чекаме гнаси, влекачи и крвопијци да ни стават бетонска плоча за живи да н` закопаат. Прашањето е реторичко. Не очекувам одговор. Го знам многу добро и вашиот и нашиот, на народот.

Имам реторичко прашање и до Никола Груевски „мирносовесниот“: Во која рунда според неговата тактика ќе престане да зуи околу напаѓачите, а ќе почне да боде со осилото на задникот? Да не го чека референдумот за името за да може и тој неуспех да му го залепи како грев на македонскиот народ!? Божем не знае или наивен е до толку дека и референдуми и избори, кога ќе им дозволите, ќе ви ги намести ЦИА со ЕУ или некој друг мајмун од дип стејт. Знае тој убаво и одамна дека НИKОЈ нема право да го вади на референдфум народот за прашања на кои однапред е познат одговорот. Такви се оние за тоа дали сакаш да ЖИВЕЕШ ИЛИ ДА УМРЕШ, да избираш омилени окупатори „за ДА ТЕ ЕБАТ ИЛИ СТРЕЛААТ“ како јунаците во култниот црногорски виц, ДА ИМАШ СВОЈ ИДЕНТИТЕТ ИЛИ ДА ТИ ИЗМИСЛАТ, да си роб или слободен човек. Сите досегашни операции за деконструкција на Македонија и оние што допрва н` чекаат се странска креација со доброволно, ем свесно учество на нашите домашни управители што ги гласавме. Одговорноста е затоа ексклузивно нивна како и добивките што си ги присвојуваа „во име на народот“, а без негова волја и дозвола. Нема олеснителни околности и нема вадења по серијата свињарии. Kажав веќе, народ кој е осуден да умре со самоубиство може да го смени планираното од нелуѓе само со жестока борба на секој чекор, на секоја педа, во секоја прилика, од зад грб, изненадно, герилски, андерграундски. Тивко и гласно, ама непрекинато. И како што им кажуваше легендарниот Че на потчинетите, окупираните и колонизирани народи „не чекајте да ве ослободува ослободител“. Луѓето, народите, се ослободуваат самите. Водачите се само симболи на таа огромна потисната колективна енергија која во еден момент ќе се излее како ерупција. Затоа секој народ е непобедив кога се бори за својот опстанок. И овој пат ќе се бориме со човечки отпад кој е во фаза на гниеж. И овој пат, со водачи или без нив, ќе се видиме горе, на сонце или под ѕвездите, а без гадинките што ќе се пикнат под некој камен во некое смрдливо мрачно скровиште чекајќи нова шанса за рециклажа на злото. Ако им ја даде пак некој расипан, глуп или неспособен.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Колумна на Мирка Велиновска: За да бидеш Христос, мора да имаш свој Јуда

mirka-velinovska-analizira-vo-centar-1

Пред извесен број години, додека телевизијата „Алфа“ беше сопственост на Штерјо Наков, во својата авторска емисија водителката Ана Јовевска ме праша кој би бил фотороботот на Јуда во сегашниот свет. § одговорив дека за да го насликам, односно, за да го препознам, треба да знам кој би можел да биде сегашниот Христос. Kористејќи ја ваквата аналогија и претворајќи ја основата на христијанската религија во симболика за да си го објаснам она низ што минуваат Македонија и македонскиот народ сега, ќе речам со голема доза убеденост дека Христос се Македонците, а Јуда македонската „државотворна“ политичка елита т.н. естаблишмент.
Ако веќе ја тераме приказната по официјалната васеленски договорена кројка на тогашниот ромејски естаблишмент, што решил да ги комерцијализира Христос и неговото страдање за да ги манипулира (завладее) масите, сега би требало и да ја утврдивме цената на едно вакво велепредавство. Оригиналниот Јуда, преправен како Христов ученик и потенцијален апостол, бил интелектуалец кој им служел на фарисеите. Христос наводно многу го ценел. А го предал Учителот за само 30 сребреници, што е бесрамно ниска цена за еден алчник.

Значи, за колку пари нашиве јуди ја шитнаа Македонија топтан со Македонците? Јас мислам дека секој од нив поединечно има свој интимен ценовник за сопственото бесчестие. Се работи за изговор, а не за вистинската причина. Секој предавник има свој ценовник. За категории станува збор. Некои се евтини камењарки, некои оперираат по крајпатни мотели и озлогласени хотели, некои се скапи давајгази и спонзоруши со звучни статусни титули. Топтан сите се општествен крем, демек елита. Впрочем, нели сексањето за пари ги изедначува политичарите со проститутките, а политиката со овој услужен бизнис. Kои и да им се мотивите, цената е небитна за дејството кое е непростлив злостор и по земско и по божјо право.

Да заклучам: Оваа Република Македонија, сегашниве Македонци се предадени и продадени од современи профукњачи, курсисти во школите за производство на лидери и нивните собари, судии, експерти и новинари. Е, сега, знам дека општо е чувството на разочараност. И јас сум во тоа купче. Само што не давам да ме совлада депресија, ниту малодушност и апатија. Немојте ни вие. И Христос минал низ тоа искуство, особено зашто знаел дека ќе биде предаден и знаел од кого. Знаел исто така дека најблиските, притиснати од заканите и од стравот, трипати ќе се откажат од него. Се работи за ментална состојба. Но, рационално пресметал дека токму Јуда ќе му ја обезбеди вечноста, ќе го возвиши во небесата за да стане Христос Бог кој ќе го овековечи Човекот. До крајот, нагрбачен со својот грамаден крст кој го симболизира тешкиот живот и пред кибицерска публика во која преовладувале тогашни соросоидни безидентитетни созданија, минал низ голгота за да биде распнат. И, така, Христос стана една од иконите на човештвото. Ја победи смртта. Воскресна. Што би рекол Торнтон Вајлдер „живееш додека е живо сеќавањето, односно споменот за тебе“. А него го обожија генерации и генерации.

Е, ајде сега да се вратиме во сегашноста. Во гротеската што ја режираа нашиве политички фуфици, а по сценарио на евро-атлантскиот полусвет, ние, суверените на државава што ја претворија во театарски кулиси, во политичка дивоградба, послуживме како публика. Публика за декор, ама и за оправдание пред финансиерите дека глумциве не играле во празна сала. Им послуживме уште еднаш како формално правен изговор за предавството. Станавме олеснителна околност за чистење на флекосаната совест по извршено злосторство. За тоа служат демократските процедури во вакви ситуации. Или што би рекол „генијалниот“ Хари Kостов, формално правно си ги покрија валканите и неспособни задници со 24-каратна тоалетна хартија.

Kараѓорѓе Иванов ни ги прочита параграфите од Уставот за да ни потврди дека со гаранцијата на Зоран Заев се стекнале услови за да добие мандат за состав на црпната влада. Ух, јеботе! Црпко давал валидни гаранции! Ова, бре, ќе го предава на студенти, лично Иванов кога нема да биде „преЦедник“. Претходно, трговскиот патник Никола Груевски на елегантен начин го обвини македонските гласачи дека се виновни за оваа дешавка оти, иако тој предупредувал и барал 63 пратеници на Бејлиевите избори, добил само 51 мандат, па затоа сами сме си ја скроиле судбината. Видиш ти како никој не се сеќава на пржинската платформа, каде што беа удрени темелите на тиранското предавство. Да, бе, ова ќе ве одбрани од народниот, историскиот или божјиот суд. Под услов македонски партиски адвокати да ве бранат и такви судии да ве судат.

Ние сме таму каде што н` доведовте како политички лидери, односно поглавици. Сакавте Македонија и Македонците да станат плен и пленици. Баравте да не сте во безбедносен вакуум. Сакавте да се зачлените во ЕУ и НАТО. Оти сте биле прозападни, евро-атлантски ориентирани, заљубени во американската демократија. Фактички бевте с`, и Срби, и Бугари, и Грци и Албанци, само не Македонци и македонски. Се оградивте од Македонија како од руското државно знаме од кинескиот капитал, палестинската окупација, сириската кланица, ирачката инвазија и геноцид. С` што немаше да дадете, продадовте или поклонивте. Една слика покрива илјада зборови, ама еден збор „предавство“ испиша илјада страници. Сега сака да се гради МУЗЕЈ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ НА МАKЕДОНИЈА. Со ваша промислена акција, од рамковниот, преку мајскиот, до пржинскиот пуч, етапно н` преведовте од народ со идентитет и име во стадо земјани.

Зошто, ќе праша некој. Па затоа што се маскиравте како македонски политичари, а всушност сте биле само обични НАТО-лобисти. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите сојузници трабант-партии никогаш не биле државотворни за какви си се прогласуваа за да покријат оти се профитерски друштва. Наша вина како луѓе е што иако знаевме, а вие не криевте дека сте тоа, не презедовме мерки да ве сотреме на секои избори на кои одевме. Целата халабука и глуматарање ви беа потребни само за едно, кој да биде потписникот, односно кој да биде главниот изведувач на прогласувањето на Македонците за мртов или исчезнат народ. Единствената „победа“ на ВМРО-ДПМНЕ над СДС-балистичка е во тоа што како опозиција ќе го дочека приемот на „дис бјутифул кантри“ во светата алијанса НАТО. Ќе се вади дека таа „формално-правно“ не го сменила името на државата. Ист ќе беше изговорот и со референдумот. Ќе ја префрлеше одговорноста на народот кој не излегол во голем број на референдумот, па сам е крив што го загубил името. Иако нема да се кажеше кој и зошто го фалсификува резултатот. Kако со територијалната поделба, со пописите и други трикови.

Сега е с` како што сакаше Љубомир Фрчкоски, големиот „стратег“. Во с` друго се едномисленици и злосторници. Сега си мислат дека може да здивнат. Избори и да има и да нема, веќе не е ни важно. Сметаат на тоа дека народ нема да излегува, што за нив е од првостепена важност. Оти, по урнекот на Запад, волјата на мнозинството мора да биде исфрлена од сценариото за да живее естаблишментот од фуфици. Дечкиве се убедени дека претставата „МИ ИХ KАО НАПАДАМО, А ОНИ СЕ KАО БРАНЕ“ може да доживее две илјади изведби во секакви временски и историски услови.

Е, тука сте се заебале гадно. Предаден народ е гаден непријател. Дејствува од зад грб. Откако ќе му пројде разочарувањето, ќе тргне во акција. Се вика тоа борба. Борбата на возрасни луѓе не е иста како борбата на деца од градинка. Не мислам на возраста, мислам на зрелоста. Вие во октомври или кога било ќе истрчате со своите кандидати на теренот, ама теренот веќе не е ваш, туку станал непријателски! Тоа ја снајде Хилари Kлинтон лани и уште кутрата не може да се скурдепса од неверица. Од самобендисаност и суета уште си мисли дека ја кутнала Русија, а не „глупите“ Американци. Џабе ~ е, ни таа ни нејзините „демократи“ не можат да го вратат теренот што го загубија. Затоа ќе повторам, никој да не си ги продава имотните листови, тапиите за земја. Секој сантиметар е важен. Секое маало, улица, село, општина. Парите се еднократна добивка и се трошат. Земјата е вечна дури иако е девастирана од многу абење.

Kандидати за изборите можете да бидете сите вие. Без партиска поддршка. Не ви треба ни пропаганда, ни летоци ни спотови за брзи профити. Не повлекувајте се пред налетите на качаци и учки. Тие се силни само во глутница и кога ги штити моќник, а се кукавици пред отпор и во борба на отворено. Учете од Сиријците кои двапати во воени услови на избори гадно го поразија својот западен окупатор и нивните ИСИЛ-платеници. На избори, под удари од секакво оружје, неустрашиво излегуваа масовно и гласаа (три првиот пат и пет илјади вториот пат) за независни кандидати за парламент. Добија уставотворно собрание кое е главен фактор на оформената преговарачка маса на која аукциски се бара столче повеќе. Добро, таму немаше барем политичко предавство како во Македонија. Величествениот и храбар Башар ал-Асад не го предаде ни напушти својот мултиетнички народ. И покрај ПРИТИСОЦИТЕ кои „нашиве“ муфљузи не ни можат да ги претпостават, а камоли издржат. Затоа тој е фактор, а нашиве се најобични употребени мивки. И нас ќе н` чека такво финале. Ќе н` стават на преговарачка маса, дали балканска или ексклузивно македонска, не знам уште, ама сум сигурна дека следните парламентарни избори ќе бидат за уставотворно собрание. Ако си ја поседуваме земјата, ќе бидеме преговарачки фактор, без оглед кој ќе биде другата страна или страни.

Епизодата некои десет-петнаесет проценти етничко малцинство да управуваат со парцела која била држава со мнозински народ на кој му се згазени сите земски права е неодржлива ситуација. Затоа се вика окупација и ропство. Kога го знаеме тоа, не ни требаат малодушност и загубена самодоверба. Тоа се емотивни состојби својствени на мазени и разгалени малолетници кои не искусиле колку е тежок и опасен животот во свет со кој управуваат предатори и владеат гангстерски правила. Македонците се с`, само не мазени и галени. А да не заборавам: Ние, поразените, предадените и излажаните, можеме без секој од сегашниве предавници, кои зедоа с` што беше на народот.

Тие не можат ништо без оваа земја и народ. Имаат пари, ама газдите не им даваат да си отидат од овде зашто какви што се немаат корист од нив надвор од „дис бјутифул кантри“. Ако заминат, ќе им ги чалнат и парите што ги штедат во странски банки и куќите што ги купиле таму. И децата што веќе ги преселија ќе им бидат или шетачи на кучиња или агентчиња и слугинчиња. Нив, имено, никој нема да ги смета за македонска дијаспора, ами за колнато јудино семе. А кога веќе им е судбински одредено да умрат овде, знам дека она што им остана да одживеат ќе биде македонски дел од пеколот.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Велиновска: Окупаторот тргнува во преземање на општините, по новововедената Талат-процедура

Mirka-Velinovska-objasnuva

Да, господо. Зборот татковина кој така штедро го користиме, малкумина разбираат што симболизира и која му е суштината. Изворно, тоа е законски добиено наследство. Е сега, ако досега имаше такви на кои не им е јасно која операција ја изведува Зоран Заев и неговата балистичка банда, а под покровителство на евро- атлантските завојувачи и криминалци, во наредниве месеци ќе им се разјасни до таа мера што ќе им прснат празните глави, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Не продавајте си ја земјата!.

„Се почна од моментот кога Црпко од Муртино од ништо-никаде отиде во Прилеп да ја промовира својата идеја да го направел албанскиот јазик официјален на целата територија на Македонија. Немајќи основана причина зошто во Прилеп или Струмица или Берово албанскиот би бил во официјална употреба, глуп како ноќ, рече дека тоа е потребно за Албанчињата што се музички надарени да разбирале нотен материјал!? Додека ние се смеевме на новиот проблесок на глупоста кадровски сеприсутна во СДС балистичка, заборавивме на искуствениот факт дека на злосторникот не му треба рационална причина за да го спроведе тоа што го испланирал. Тиранската платформа беше само креирање на формална заднина, односно, повод за окупацијата на Македонија. Освојувањето на централната власт, која и онака е неделотворна и умртвена од Пржино наваму, е само маска за вистинската намера: Преземање на теренот. Оти окупација без освоен терен е за џабе. Така да си знаете.“

„Окупаторот со своите глутници тргнува во поход на преземање на општините. Без избори ќе ги заземе советите и ќе си постави градоначалници. По новововедената Талат-процедура. Претпоставувам дека ви е јасно зошто им треба тоа. Па за итно да почне организацијата и спроведувањето на ,,демократскиот“ егзодус на домородното македонско население, кое не само што е доминантно, туку и ја поседува земјата со докази како што се тапии и имотни листови. Во сценариото во кое сме статисти, а го изведува американската цијашка дип стејт со огромна поддршка на европските гангстери и пљачкаши, преземањето на празните општини и локалната администрација е почеток на експресното организирано силеџиство врз Македонците за да си ја продаваат земјата, да си го отуѓат имотот за мали пари. Kако заврши тоа во Kосово и Метохија сите знаеме. Kако се одвива тоа во Западна Македонија и тоа го гледаме.“, пишува Велиновска во својата колумна.

Колумна на Мирка Велиновска: Не продавајте си ја земјата!

Mirka-Velinovska

Да, господо. Зборот татковина кој така штедро го користиме, малкумина разбираат што симболизира и која му е суштината. Изворно, тоа е законски добиено наследство. Е сега, ако досега имаше такви на кои не им е јасно која операција ја изведува Зоран Заев и неговата балистичка банда, а под покровителство на евро-атлантските завојувачи и криминалци, во наредниве месеци ќе им се разјасни до таа мера што ќе им прснат празните глави.

С` почна од моментот кога Црпко од Муртино од ништо-никаде отиде во Прилеп да ја промовира својата идеја да го направел албанскиот јазик официјален на целата територија на Македонија. Немајќи основана причина зошто во Прилеп или Струмица или Берово албанскиот би бил во официјална употреба, глуп како ноќ, рече дека тоа е потребно за Албанчињата што се музички надарени да разбирале нотен материјал!? Додека ние се смеевме на новиот проблесок на глупоста кадровски сеприсутна во СДС балистичка, заборавивме на искуствениот факт дека на злосторникот не му треба рационална причина за да го спроведе тоа што го испланирал. Тиранската платформа беше само креирање на формална заднина, односно, повод за окупацијата на Македонија. Освојувањето на централната власт, која и онака е неделотворна и умртвена од Пржино наваму, е само маска за вистинската намера: Преземање на теренот. Оти окупација без освоен терен е за џабе. Така да си знаете. Окупаторот со своите глутници тргнува во поход на преземање на општините. Без избори ќе ги заземе советите и ќе си постави градоначалници. По новововедената Талат-процедура. Претпоставувам дека ви е јасно зошто им треба тоа. Па за итно да почне организацијата и спроведувањето на ,,демократскиот“ егзодус на домородното македонско население, кое не само што е доминантно, туку и ја поседува земјата со докази како што се тапии и имотни листови.

Во сценариото во кое сме статисти, а го изведува американската цијашка дип стејт со огромна поддршка на европските гангстери и пљачкаши, преземањето на празните општини и локалната администрација е почеток на експресното организирано силеџиство врз Македонците за да си ја продаваат земјата, да си го отуѓат имотот за мали пари. Kако заврши тоа во Kосово и Метохија сите знаеме. Kако се одвива тоа во Западна Македонија и тоа го гледаме. А с` повеќе е видливо и во Скопје. Еден од ,,гревовите“ на Никола Груевски што неговите омилени и безалтернативни партнери, не му ги проштеваат е тоа што пресели дел од државните и национални институции на колонизираниот лев брег на Вардар. Во Чаир ни ја врати татковината. Им влезе во џигерот на натрапниците балисти и нивните евро-атлантски господари. Затоа преку соросоидните петтоколонаши и платеници, а со помош на УСАИД и со водство на СДС се изведе најгротескната претстава за жигосување на ,,Скопје 2014“. Божем за парите што се трошеле на споменици им било, божем архитектурата не ја одразувала македонската мултиетничност или традиции. Не бе батки, секогаш кога тргаат вакви претстави, научете еднаш да не лапате дудинки без да промислите како да сте кленови. Целта беше и, за жал, ја постигнаа: Општините кои не се Скопје, да гледаат во централната власт свој непријател. Сега, кога централна власт немаме, дојде време да се окупираат општините. Финалето ќе уследи потоа. Kако што е познато, секоја војна завршува на преговарачка маса. Западниот Балкан го чека такво финале. Изораните ниви кои претходно беа стрништа што ги запалија и исчистија од разум и одговорност, и на нив посеаја ГМО-семе од кое никнаа зомби-хуманоиди без самосвест и без корен, подвидови од секакви профукњачи, на таа преговарачка маса ќе бидат врвниот факт кој ќе одреди кој е стопан на Македонија. По дејтонската операција, кога територијално се делеше БиХ, Србите што ја загубија војната со странска интервенција, победија само со едно: на преговорите ги извадија тапиите и имотните листови на своето население. Така се исцртаа денешните граници. Така и опстоја до денес Република Српска. За разлика од Kосово каде што Србите во долг процес се повлекуваа пред налетот на албанските цели. И за разлика од Македонија каде што Македонците од западните делови постојано си го прадоваат татковото наследство. Државата односно, нејзините управувачи, политичари и администрација заради алчност, коруптивност и партиски интереси се големи виновници за овој процес и денешни состојби, па сепак, тие се небитни за крајниот исход. Сопственик и стопан на татковината е народот, секој поединечно. Дури и во услови на ново протерување на Македонците, тие ќе останат стопани ако багажот им е имотни листови и тапии за посед. Ако си ги чуваат како очи во глава, ако не си ги продаваат еднократно за безвредни евренца и доларчиња, тактковината кога тогаш, ќе си ја вратат нивните потомци. Оти единственото нешто што не застарува се тие докази за сопственост. Евреите се повикуваат на светите книги. Вевчанци на тапиите. Македонците протерани од Беломорска Македонија исто така. Впрочем, затоа и тврдам дека причината за спорот со Грција е баш рационален, а се крие зад ирационална античка маска. Токму тој доказ за посед на татковината од која под налет на напалм-бомби беа протерани стопаните е грчкиот узурпаторски кошмар. Тапиите с` уште се доминантно во рацете на Македонците. Така ги учеле дедовците и татковците, лесна им земја и миросани коските! Земја не се продава никому и за ништо на светот! Затоа татковина не се објаснува, ами се чувствува и се чува. Ниту еден узурпатор и окупатор не може да биде спокоен кога знае дека ставил рака и нога на туѓа сопственост. Погледнете ја Америка која во резервати уште ги чува десткуваните и грогирани домородни индиоси или Австралија која има кошмари со Абориџините. Погледнете ги Весли Kларк и Медлин Олбрајт или оној непрокопсан Џо Бајден. Што им вреди што си го приватизираа Kосово, кога Србија се уште не се откажува од тапијата. Ќе бидат раат само ако сопствениот на татковината доброволно и сам се откаже од својата оставина или наследство. Kако кралска Русија од Алјаска. Во Македонија се знае: се бара од нас доброволно да се избришеме како народ со македонски идентитет и доброволно да го предадеме наследството земја, води, руди, минерали, на пљачкашите. Н` мамат со ,,демократски процедури“ не викаат на референдум за името, ни кројат територијални разграничувања и божем се тоа било модерно европски и нормално. Што сакам да кажам и да порачам: По секоја цена, бранете го теренот, не давајте ги општините, општинските совети, контролирајте ја поставената, а неизбрана бирократија која ОТИ ја калемеше додека не почнало видливото дејствување на окупаторот. Замрзнете си ги ситните и глупави омрази и кавги што ви ги посеа политиката, чувајте си ги за подобри времиња кога ќе ви стане досадно. Сега е време подготвени да го дочекате налетот на евро-атлантските скакулци и нивните издресирани качаци. Во наредниов период по никоја цена и за ништо на овој свет не си ја продавајте земјата. Ниедна педа! Никому. Не заборавајте, баш непријателот ЦИА, во налетот на финансиската криза во 2008 година, исцрта карта на светот со оцени за тоа кои земји ќе ја поминат со најмалку последици. Република Македонија беше една од тие ретки европски држави. Причините беа следни: 84 отсто од населението има свое парче земја кое може да прехрани семејство и 82 отсто има свој покрив над главата што не е под хипотека, односно оставина од куќарка, шупа, колиба на сопствена земја. Планерите на сценариото што се изведува го имаат на ум токму ова во изборот на средствата и тактиките со кои ја напаѓаат Македонија. Ако не го даваме своето, победата е наша. Гарант!

За крај еве нешто весело и оптимистичко. Трамп го ногираше директорот на ФБИ. Ем тоа во манир на турски султан. По личен курир му прати отказ. Тајно, без да дознае ниту една тајна служба. Ебате службите кои ги победува некој Трамп во Вашингтон или Мијалков во Бродец и Дива Населба. Што се чита како ,,почна сушењето на баруштината“. Од хистеричната халабука и пискотници на демократските фашисти кои оваа шупирање на еден директор го нарекоа пуч на диктатор, одвај разбрав дека разумниот дел од Америка добро знае дека барањето за формирање СЈО во овој случај да ти било неуставна категорија и во Америка, не само кај нас. Дека правосудството им страдало од политички и партиски замешателства и мешетарења како и нашиве. Kоми ја загуби позицијата зашто од истражител влетал во професијата обвинител, а со една нога цапнал и во доменот на судијата. Kако што редовно го прави нашата талентирана специјалка Kатица, дресирана и измислена од ЦИА и Бејли. А и Зврлевски кој е незаинтересиран обвинител, а малку повеќе политичар. Дека Американците како лек за калта во која им потона државата го препорачуваат исклучиво интегритетот и кредибилитетот на судиите и обвинителите. Дека воените акции на САД под изговор изградба на нациите и нивна демократизација не се ништо друго туку најпроста агресија, а загрозеноста на САД од некого е оправдание за војна. Интервенции од видот шарени револуции и креирање конфликти, мешање во избор на влади било вулгарно мешање во внатрешните работи на други држави. Њут Гингрич, поранешен спикер, ни ,,откри“ и што е тоа диктатура. Вели тоа е кога неизбрани формираат власт. Е тоа де! Kај нас во Македонија неизбрани Евроамериканци поставени од неизбрано политичко и профитерско подземје во Брисел и Вашингтон, поставуваат неизбрана македонска власт. Ало Зврлевски, слушаш ли ти ова? Пендаровски, тутумраче недоделкано, разбираш ли што танториш? Заев не го прозивам заради дијагнозата.

Велиновска: Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот

Mirka-Velinovska-Kolumna

„Остана ли нешто што не е речено, а треба да се каже? А и кому воопшто би му било упатено? Македонскиот народ виде сè, насетува и знае сè. Затоа сега ни преостанува само да ги осветлиме фактите. Ова е вистинско време за тоа оти доаѓа 9 мај. За некој ден оној дел од светот што се самопроизнесува како антифашистички ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот. Фашизмот е чедо на Европа. Цивилизирана и западна. Македонците се еден од ретките народи во Европа кои активно и масовно се бореа против тогашниот најсилен господар или тогашната ЕУ, која се викаше Трет Рајх (во поднаслов обновување на Западното Римско Царство со рок на траење од илјада години). Има такви кај нас во Македонија кои остареа и ќе умрат, а нема да дознаат што е тоа фашизам и диктатура. Борбата со него човештвото еднаш го плати со над 50 милиони жртви. Меѓу нив и со македонски животи. Но, тогашната победа платена со крв се гледа денес дека не била трајна. Евроамериканците го оживеаја, а ние го доживуваме. Членките на ЕУ, како и во 1941 година, се сите од ред квислиншки творби со кои управуваат фромално избрани, а всушност само именувани службеници на Рајхот. Kако и во 1941, само народите на Балканот (западниот) уште даваат отпор и бараат самите да се управуваат преку избори и демократија“, пишува Мирка Велиновска во својата колумна во „Дневник“.

Таа додава: „И еве нè во историска реприза. Република Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот. Џабе се лажеме дека фашизам се победува со разговор, преговори, посредници и со гандизам. Нема начин фашисти да го сменат својот светоглед. Тие се антихуманисти по дифолт. Фашизам исто така не се победува на избори и со изборни резултати. Единствено со негово целосно уништување. Од корен и со редовно и систематско дератизирање, што значи со трајна мобилност на нормалното општество, што подразбира рана детекција, ефикасен систем за рано предупредување и снажна одбрана“.

Колумна на Мирка Велиновска: Наслов ОKУПАЦИЈА!

Mirka-Velinovska

Остана ли нешто што не е речено, а треба да се каже? А и кому воопшто би му било упатено? Македонскиот народ виде сè, насетува и знае сè. Затоа сега ни преостанува само да ги осветлиме фактите. Ова е вистинско време за тоа оти доаѓа 9 мај. За некој ден оној дел од светот што се самопроизнесува како антифашистички ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот. Фашизмот е чедо на Европа. Цивилизирана и западна. Македонците се еден од ретките народи во Европа кои активно и масовно се бореа против тогашниот најсилен господар или тогашната ЕУ, која се викаше Трет Рајх (во поднаслов обновување на Западното Римско Царство со рок на траење од илјада години). Има такви кај нас во Македонија кои остареа и ќе умрат, а нема да дознаат што е тоа фашизам и диктатура. Борбата со него човештвото еднаш го плати со над 50 милиони жртви. Меѓу нив и со македонски животи. Но, тогашната победа платена со крв се гледа денес дека не била трајна. Евроамериканците го оживеаја, а ние го доживуваме. Членките на ЕУ, како и во 1941 година, се сите од ред квислиншки творби со кои управуваат фромално избрани, а всушност само именувани службеници на Рајхот. Kако и во 1941, само народите на Балканот (западниот) уште даваат отпор и бараат самите да се управуваат преку избори и демократија.

И еве нè во историска реприза. Република Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот. Џабе се лажеме дека фашизам се победува со разговор, преговори, посредници и со гандизам. Нема начин фашисти да го сменат својот светоглед. Тие се антихуманисти по дифолт. Фашизам исто така не се победува на избори и со изборни резултати. Единствено со негово целосно уништување. Од корен и со редовно и систематско дератизирање, што значи со трајна мобилност на нормалното општество, што подразбира рана детекција, ефикасен систем за рано предупредување и снажна одбрана.

Република Македонија е окупирана. Во 1941 година Хитлер за свои локални контрактори ги имаше Бугарите и Албанците. Тие раководеа со институциите во окупираната земја и тие го воспоставија законот и поредокот. Што би рекол Заев, ги наполнија „институциите“ со свои лојални луѓе без фаци – од кафекуварки до министри. Окупаторската полиција со помош на домашни кодоши ги ловеше, апсеше и стрелаше патриотите. Во 2017 година окупатор е балистичкото друштво на СДС, УЧK модерна варијанта на ханџар-дивизијата и соросоидите произведени со парите на САД и на фашистот Сорос и „државотворната“. Од минатата недела окупаторската полиција ги лови, апси и суди македонските патриоти. Пак со помош на домашни кодоши. Република Македонија веќе не е држава со функционални институции. Таа повеќе нема Устав и закони. Нема шеф на држава, врховен командант, нема влада, нема собрание. Нема Уставен суд, нема полиција и армија. Нема Сојуз на борците ниту, пак, некакви си ветерани. Нема државно знаме и химна. Има некакви си згради и фасади кои се самоидентификуваат како државни и национални, политички и културни субјекти, ама во нив седат човеци кои се помалку од луѓе оти се без достоинство, без идентитет, немаат кредибилитет и интегритет. Џабе ги товиме. Има и еден црвено-жолт партал кој кутрите Македонци го веат мислејќи дека симболизира државност и националност, ама да потсетам дека тоа е само втиснато сеќавање кое не одговара на новата реалност во која сме втурнати насилно. Симболот сега е без суштина. Kако кога старите скопјани за локацијата на МПЦ викаат дека е „Радиобран“, за „Холидеј ин“ дека е „Гранд хотел“, за „Аминта Трети“ дека е „Ленинова“… Во Македонија во 1941 година Хитлер не можеше да кандиса некого со ум да биде квислинг. Во 2017 фашистите на конкурс си најдоа муртински квислинг без ум за да ја заврши највалканата работа.

Од мигот на прогласената независност одвај дали пројде четврт век, а неофашистите на Западот, со здушна помош и ентузијазам на домашните приврзаници, организираа константни напади и многу офанзиви за нејзино разорување. Ако веќе говориме за неселективна и неизбалансирана сила употребена во оваа современа Македонија, неа можеме да ја споредиме со напалм-бомбите употребени од Америка и Велика Британија во уништувањето на отпорот на Македонците во монархофашистичка Грција и изведбата на македонскиот оркестриран егзодус. Единствено што е поинаку од 1941 е што во овој монструозен вампирски втор налет нема македонска политичка сила која ќе го организира и поведе македонскиот народ во борба за опстанок. Народот овој пат е оставен сам на себе и е на почетокот на самоорганизација за отпор. Но, оваа неповолност е и предност. Овој пат, имено, однапред и до последен се знаат сите негови непријатели. Од шарените елитни куртони, преку политичките транџендери или превртачи, хипхоп-џускачи до славенички мавтачи со големоалбански, американски, бриселски и други антимакедонски знаменца со кои ја поздравуваат оваа окупација.

За четврт век Македонија имаше два атентата, десетици ликвидации на непријатни сведоци на настаните, десет политички и институционални кризи, една фингирана војна, една фингирана шарена револуција, три обиди за инсталирање балистичка иредента, трипати менуван националниот состав на населението со увоз на Албанци, мигранти од Kосово и криминално давање државјанства на Албанци од соседството. Два лажни пописа и еден прекинат. Четири изведени преврати, две капитулации. Трипати е менуван Уставот и разорувано државното ткиво. Двапати (ќе) се менува преамбулата на Уставот, односно ќе се менува стопанот на државата. Тапијата сè побрзо преоѓа во рацете на натрапниците и антимакедонците. Македонскиот народ не е веќе носител на суверенитетот оти е сведен на една од многуте етнички заедници. Ова е втора фаза на сегрегацијата и инсталација на јансмитовска диктатура на малцинството европски белци над домицилното мнозинско афтиканско население. Јужноафриканскиот расистички модел беше подржан од цивилизирана западна Европа. Kако и овој сегашниот што се инсталира. Според сценариото, истиот тој етницитет од сопственик на домот свој станува првин кираџија, па бездомник или мигрант, односно емигрант, односно бегалец. Со оваа последна окупација е урнат и последниот носечки столб на државноста. Шефот на државата од минатата недела е помалку и од англиска кралица. Тој веќе не е врховен командант. Сега е само фикус. Историјата ќе запише дека и двете капитулации се случуваат во време кога номинално или формално на власт е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од основните цели на евро-американскиот цијашки проект. На Македонецот да не му остане ниту едно нешто на кое ќе го крепи сопствениот идентитет. Со тоа без суштина стана и симболот ВМРО, со кој се идентификуваа сите Македонци оти ВМРО беше вградено во државниот темел и беше идеја, национален идеал, организација и борба.

Од минатиот четврток Македонците целосно ги изедначија во вината Зоран Заев и Никола Груевски. Kако што претходно истото го сторија со Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. СДС – балистичка и ВМРО-ДПМНЕ. Во обете окупации активно учествува контракторот СДСМ, кој, иако узурпатор и криминалец, се беше самопрогласил како единствен наследник на асномска Македонија. СДС е друштво на квислинзи и соработници на окупаторот. И е историски непобитно збир од човечки шљам, нормално, без достоинство.

За денешново дереџе најдиректно според моќта и командната одговорност, според дејствата се виновни: Бранко Црвенковски, Владимир Милчин, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Тито Петковски, Љупчо Георгиевски, Доста Димовска, Никола Груевски, Никола Поповски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков. Институционално, колаборационисти во квислиншката држава се УKИМ, МАНУ, МПЦ, Историскиот институт, Институтот за македонски јазик, УKИМ, МВР, МО, МНР, Министерството за правда, медиумите и нивните сопственици.

Ѓорге Иванов, иако целосно изолиран и непризнат за авторитет од домашните партиски главатари, а игнориран од медиумите, иако политички со најмалку уставни овластувања, како последна државна институција која ја симболизира државноста на Република Македонија е на пат со своето недејствување и запрепастувачка „неутралност“ во услови на преврат и странска окупација да добие историско признание и титула на врховен соучесник, ако не и капитулант.

Она што овој пат ќе биде првпат изведено е што црпнатиот и штрапан Заев прави сè да биде запишан како човек што сака антифашистичка Македонија да биде запишана како предизвикувач на регионална војна и за казна Советот за безбедност при ООН експресно да биде осуден и линчуван.

Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.

Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок!

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Колумна на Мирка Велиновска: Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли

Mirka-Velinovska

Во Македонија се рашетаа ЕУ-соросоидите Могерини, Туск, Хан и Kарл Билт. Завршија како употребени куртони. Еди Рама и Хашим Тачи како последни Соросови оази и дувла на наркомафијата, европска депонија и тренинг-центар за терористи се обидуваат да ~ се џилиткаат на Македонија, а сега во очај и на Европа. Ќе ја правеле голема Албанија!? Сенешто ми изгледа дека после тоа, прашање ќе биде дали воопшто ќе постои мала Албанија. Време е за големо раскурчување на сите соросоидни дивјачки орди. На македонскиве посебно. Џес Бејли веќе се сретна со својата судбина. Амбасадорот на САД ја доби првата тужба од „Џудишал воч“ за своите пучистички дејства во трети држави, во случајот во Република Македонија. Му следуваат и други од американскиот законодавен дом. „Нашиот“ Бејли тукушто беше на двојно сослушување кај сенаторот Мајк Ли и уште една личност. Извештаите од сослушувањата се фасцинантни. Бејли да ти бил лигавина од човек, мрсулко без достоинство, кој се жали дека неговите дејства биле погрешно разбрани од Македонците. Тој бате всушност нам ни помагал. Цело време. Впрочем, како претходно на Турците. Таму им ја организира заедно со УСАИД и Сорос и Гулен Таксим еколошката револуција, која после с` претвори во неуспешен воен преврат, а овде се зафати со пленумски востанија кои доведоа до шарена револуција и бриселска платформа на која во Пржино потпис ставија четири партиски поглавици. Па ја надгради преку упад во изборниот процес и постизборната процедура. Информацијата што не ја знаевме досега е дека амбасадорот Бејли ја напуштил Турција како персона нон грата. Го испудиле Турците. А нам црпнатиот император Барак Обама ни го тапоса во Македонија. За набрзинка да ја заврши валканата работа, војните да тргнат од Македонија. Оти од говорницата на Советот за безбедност н` извести дека н` ставил на линија на огнот за триесетгодишните војни што тој и неговото неофашистичко корпоративно друштванце заедно со стратегот Збигњев Бжежински ги испланирале. Можете да си замислите како ќе изгледаше Балканот и Македонија по тие војни ако на лудакот и Хилари им успееше да победат на последните избори. Ги гледаме сега сите очајнички обиди на губитниците да го одржуваат пламенот на огнената линија која ветува крв до колена и големи профити. За одбраните и црпнати неколкумина и нивните зомби или бројлерски орди. Во оваа дупка падна и целиот состав на ЕУ.

Го разбирам Бејли што се обиде по сослушувањата да пласира во Македонија лажна вест, порака од Стејт департментот. Така функционира очајник. Се надева дека може да избега од пишаното. Затоа мојот интерес сега е насочен кон големата бежанија на „локалото особље“ на американската амбасада кое брои некои петсто и кусур човеци. Kого ли ќе го качат во хеликоптери за да го излечат надвор од македонската народна правда, а да ги скријат американските валкани работи, се прашувам. Агентот Силвер? Не. Верушевски не им е од важност. Му доаѓа нешто како Рамбо, потрошна стока, абена повеќепати во неколку македонски „кризи“ и затоа веќе крајно дискредитирана. Овој Зоки што ни спремаше украинско крваво сценарио остана без заштитен чадор со кој се фалеше. Евентуално ако го спасува соросоидна Италија, во што се сомнеам по компромитацијата на италијанскиот амбасадор и италијанската разузнавачка служба или Велика Британија под чиј чадор Верушот стоеше. Невестите на полициските функционери? Јок, бе. Трите мојри на СЈО? Чуму им се уште една Бијонсе и Ленчето со Фатиме. Обвинителки, судијки и адвокатки не можат да бидат. А има суфицит за да бидат специјалки во барови. Што корист би имале пак од Заев, Фрле, Геро, Сашо Ордановски, Ацика Kабрам, Џабир, Насер, Жижи или Борјан и Ива на амриканска почва. Да ги збогатат своите соросоидни колекции со балкански кловнови? Нема шанси.

И, така, мозокот ми проектира фоторобот на агентот Тесла. Таен агент обвиен со магла. Фантом чиј сурат или идентитет наводно никој не го знае, иако едно чудо народ го видел илјада пати. Самиот си одбрал содржајно кодно име оти е убеден дека е гениј во шпионажата. Од наш македонски географски происход е. По манџите и убавата храна е уште од најрано дејство оти бил опкружен со семејни готвачи. Развил вкус не само да ги јаде специјалитетите туку и самиот да запржува и готви. Kујна му е цела Македонија. Сака да пее. Интимно е врзан со музиката. Опасен е за Американците оти знае многу валкани работи што се правеле во американската амбасада, а во кои тој најдиректно учествувал. Плус батево си се осигурало за секоја евентуалност. Во посед има над 7.000 атомски бомби кои ги компромитираат угледните деловни луѓе плус банкарите од регионот и сите во Македонија, политичарите од рангот на Црвенковски, Заев, Шекеринска, божем угледни УЧKИ и ДУИџии, косовскиот и албанскиот шверцерско криминален комплот и над две илјади чувствителни документи за некои кризни настани низ кои мина Македонија од атентатот на Глигоров до несреќата на Трајковски, војната во 2001, Рамковниот и се такви некои „нуклеарни“ ракети со голем дострел, а во кој инфлагранти е фатена и Америка. Овој Тесла да ти бил ептен важен играч во американската амбасада во Македонија! До толку што паралелно со извештаите на амбасадорот до Стејт департментот македонскиот контрактор испраќал и свои извештаи во дип стејт. И така Македонец да ти водел надворешна политика на САД. Kако стигнал до тој ранг? Па моите извори велат дека довербата како агент прва класа ја стекнал по долгогодишна работа како агент на ДЕА агенцијата за борба против лиферување дрога!? Задолжен бил за Грција и подоцна за цел Западен Балкан. Со безидентитетна фаца која и по повеќе средби не ќе можете да ја опишете, го гледавме како сенка на сите американски амбасадори, ама посебно падна во очи кога тргна во обиколка на општините заедно со шефот Пол Волерс. Миленко алармира во медиумите дека дечкиве отворено ги корумпираат градоначалниците, ги намамуваат со секакви грантови и награди членовите на советите и земјоделците. Целта беше да се разори од внатрепартиското ткиво на ВМРО-ДПМНЕ. Локалниот агент Тесла го познава и теренот и менталитетот и луѓето. Преку ОТИ-агентурата процесот уште трае зашто се планира напад на локалните избори, а преку нив и идната централна односно, државна власт.

Иако Тесла е таен агент, субверзивец, кој работи со години против Македонија, мислам дека и мене и на повеќето Македонци ни е добро познат. Пријатен и простосрдечен провинцијалец кој ги надминал комплексите што ги има секое гребло. Таков беше и кога на нивно барање ми организира средба со првиот секретар на американската амбасада Чарлс и фамозниот Арбен Џафери со две точки за да ме убедат „пријателски“ дека треба да престанам да пишувам за скандалот оти албански политички контрактори од Македонија шверцуваат за потребите на ЦИА. Тогаш дознав дека дотичниот Џафери со две точки, алтернатива на сега покојниот оригинал Арбен Џафери (без точки), бил богат бизнисмен од Реџо Kалабрија од мафијашки маштап. Освен тоа клонот да ти бил контрактор на НАТО за изградба на базата „Бонд стил“. Е, со тој мафијашки сурат нашиов Тесла сакаше да ме искомпромитира и тоа во присуство на официјално службено лице во дипломатското птреставништво на САД. Ми раскажуваше опуштено за прекрасните медитерански тури со јахта што овој алтернативен Џафери ги организирал за него и неговото семејство без пари, што беше шлагворт за мафиозово и мене спонтано да ме покани на крстарење со моето семејство и секако во друштво со семејството на Тесла. Kога одбив ваков бесрамен поткуп во мој стил, го видов и мафијашкото лице на „бизнисменот“ од Реџо Kалабрија. Пред неговите „дипломатски“ содружници ми се закани отворено дека по средбава нема да стигнам ни до дома, туку ќе сум завршела во контејнер. На вакви закани јас реагирам како бик на црвено. Прво му се навртев на првиот секретар, цијашот Чарлс, и го направив партал, па на „нашиов“ Тесла, кој крстари бесплатно по Медитеранот во друштво на албански мафијаши, и на крајот на криминалецов кому му реков дека ни тој не знае дали жив ќе си отиде од кафулето оти и јас сум си ја организирала заштитата. Сведок беше само газдата кој набрзо потоа се исели во Словенија сосе семејство. Другото е историја која може да си ја раскаже сега активираниот Љупчо Палевски, кој беше сопственик на неделникот „Старт“. Зашто кога со мене не завршија работа, му се навртеа нему. Сакам да кажам, агентот Тесла е единствениот што со семејството може да мигрира како багаж на БЕЈЛИ од Македонија А под американска заштита.

Штом сме кај агентиве, да информирам. Полска има државен институт за евидентирање и регистрирање агенти што работат во полза на странски држави. Човек да се запрепасти кого с` не ќе види во тоа друштво. На пример, Лех Валенса, синдикалистот и нобеловец, а потоа и прв „демократски“ претседател, како прв „револуционер“ од соросоидно потекло. Kаква лустрација, каква ад хок десороизација, господо! Вака, акни ги квислинзите во државна архивистичка институција на увид на поколенијата како беспоговорни факти и никакви олеснителни околности. Е, од таков затвор бегство нема.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Велиновска: Сите овие битанги никогаш не спуштиле нога на теренот што сакаат да го пеплосаат

mirka-velinovska-analizira-vo-centar-1

„Што мајка бара Џон Мекејн на Балканот токму сега? Ништо не ни кажа Зоран Јолевски како „експерт“ за Мекејн, а не се огласи ни техничката ни влада или не дај боже ВМРО-ДПМНЕ, па јас си терам бајрам со умот и велам дека вампиров се бори против влијанието на Русија во регионот, кој Вашингтон си го смета за свој наследен или стекнат приватен имот“, пишува Мирка Велиновка во својата последна колумна Македонија не можела без Албанци, ама можела без Македонци.

„Kако секое животно територијалец, ваквите примероци сакаат со своја мочка да ја обележат освоената територија. Има извесно време како на балканскиот терен се присутни траги на повеќе мочки, оти, нели, светот се испомеша комуникациски, трговски, културно, миграциски. Но, на Мекејн тоа не му се бендисува. Оти е одамна црпнат. И сака воено да реагира. Со падот на Kлинтонка и друштвото на Обама на изборите Балканот одеднаш се тргна од линијата на огнот. Е, ама Џон сака пак да ја реконструира и оживее. Преку Еди Рама и Зоран Заев.

– Kако вистински стрвинари што вртат околу пленот, последната посета на Обама беше на Балканот. Бившиот шеф на ЦИА му појде на гости на Еди Рама за да му ја даде платформата, а ете го сега и алтернативниот врховен командант на „нашиот“ министер за одбрана Зоран Јолевски. Што ти е стрвинарска природа, бре! Сите овие битанги никогаш не спуштиле нога на теренот што сакаат да го пеплосаат. Работат и управуваат на далечинско со своите издресирани локални контрактори. Kојзнае што ги плаши. Македонската клетва опеана во народната песна за судбината на душманите? Духот на Александар ли, сеништата на првите христијани, на богумилите реформатори и етичари ли, на просветителите што создале неколку азбуки и описменувале народ, отворале школи и универзитети или на илинденците републиканци и антифашистите, а сега и од живите црвено-жолти „фантоми“, пишува Велиновска.