СЕ ФАТИ ВО ОРО СО ЃАВОЛОТ: Љубчо Георгиевски го нападна Заев за ослободувањето на убијците на децата од Смилковско Езеро

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски побара информации за мотивите за пресвртницата во „Монструм“ за враќање на случајот во судска постапка, додавајќи оти вака се остава впечаток дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот.

-По неочекуваниот расплет во случајот „Монструм“ јавноста ќе мора во брзо време да добие јасна информација што се мотивите,аргументите за ваква пресвртница. Во спротивно ќе остане впечатокот дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот, напиша Георгиевски на Фејсбук.


Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска на јавната седница на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДУВА МОНСТРУМИТЕ: Терористите кои ги масакрираа децата кај Смилковско езеро ќе бидат ослободени

Само четири месеци по превзимањето на владата на СДСМ ја спроведува својата најголема „реформа’’ ослободувањето на терористите од македонските затвори. По ветувањето за амнестирање на лица поврзани терористичката организација ИСИС уапсени во акцијата „Ќелија“, следи и намалување на казните, односно ослободување на „монструмите“ кои го извршија терористичкиот акт кај Смилковско езеро.

Ubostvo-Smilkovsko-ezero

Да не заборавиме дека на конститутивната седница во Собранието пратеникот од редовите на ДУИ Реџаиљ Исмаил не потсети дека ДУИ и Алијансата на албанците не се откажале од Тиранската Платформа и на фактот дека таа ќе биде дел од новата владина програма. Тој во својот говор како главни точки од платформата кои ќе бидат реализирани и дел од новата програма на владата на СДС ги спомена двојазичноста на целата територија, рамномерниот регионален развој како и ослбодувањето на терористите од случаите Монструм и Бродец. Колку да се потсетиме и ослободувањето на терористе од случајот Диво Насеље исто така беше дел од платформата иако пратеникот Исмаил не го спомена конкретниот случај.

Во интервју за Макфакс Мухамед Зекири најави дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Диво Насеље“ дека ќе бидат решени во најбрзо време. Тој најави дека случаите ќе бидат решавани надвор од судовите преку анкетни комисии ќе се решаваат „Сопот“ и „Монструм“ а случајот „Диво Насеље“ ќе биде решен преку меѓународна комисија. Освен Зекири, и Оливер Спасовски најави дека и покрај тоа што судењето за терористите од Диво Насеље е пред самиот крај, ќе се бара и вештачење од странски агенции (ФБИ), што најверојатно ќе резултира со констатација дека терористите не се виновни.

За работите да станат уште по замрсени адвокатот Сашо Дуковски кој е редовен гостин како ,,правен експерт’’ во режимските медиуми и е во блиска врска со СДСМ, ги брани обвинетите во случајот „Монструм“. Тој исто така е правен застапник и на пет учесници во шарената револуција.

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток. Според Накевски притисокот од ДУИ и меѓународната заеднивца го кочело обвинителството и судот за донеување пресуда, а министерот од редовите од ДУИ Аднан Јашари немал потпишано ниту еден документ за екстрадиција. ,, Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни пушпти порака дека ќе ни ги даде тие пет разговори, државна тајна, тој прво викаше шест, ама ништо од тоа до сега. Пораката од Заев ја имаме и во телефон и испечетано пораката. Неговата гаранцијааж видовте колку вреди.’’

Zaev-Monstrum-Smilkovsko-ezero

Заев откако родителите му ја покажале пораката кој тој им ја напишал демантирал дека луѓето кои се во затвор обвинети во случајот „Монструм’’ се невини. Од се може да се извлече поука, во нашиот случај пораката е дека на Заев неможе да му се верува и фактот дека тој е човек кој е спремен на се само за да остане на власт. Во овој случај тој е спремен да ослободи терористи и убијци за да ги придобие албанксите гласови.

Заев намерно го одложува рочиштето за „Монструм“ зошто им ветил ослободителна пресуда на убијците, но сега не може да исполни

Веќе неколку пати е одложено рочиштето за случајот „Монструм“, каде шест лица се осудени на доживотен затвор за убиството на четири деца и еден рибар, во април 2012 година, на Велики четврток. Отворената седница која требаше да се одржи денеска за овој случај е одложена повторно. Според информациите на Журнал.нет. ова се случува поради тоа што премиерот Зоран Заев на обвинетите им ветил амнестија, која што исто така ја вети и вчера, но ветување кое во овој момент се уште не може да го исполни.

Инаку денешната јавна седница беше одложена бидејќи осудениот Фејзи Азири не беше спроведен од затворот во Штип. Отакако не бил спореведен Азири, наредено било да не бидат спореведени ниту останатите кои ја издржуваат казната затвор во други затвори.

Инаку и претходно низ медиумите се зборуваше дека Зоран Заев во коалициониот договор, како едно од ветувањата кои ги дал на албанските политички партии било ослободување на осудените во случајот „Монструм“, но бидејќи во овој момент се уште не може да го донесе законот за амнестија кој го најави вчера при посетата на затворот во Идризово, сега овој процес се одложува, со цел да не може да продолжи откако овие лица ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, велат извори за Журнал.

Инаку, во масакрот кај Смилковското езеро убиени беа младите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и рибарот Борче Стефковски.

Шест лица се осудени на доживотна казна затвор, а едно лице беше ослободено. Двајца од осудените, Алил Демир и Африл Исмаиловиќ се уште не се екстрадирани во земјава.

 

Скандалозно интервју на Заев: Обвинетите во „Монструм“ се невини

Во скандалозното интервју дадено денеска за српски „Курир“, претседателот на СДСМ Зоран Заев оди доттаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.
Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

–Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил, но постои сомнение дека власта е вмешана.

Во третата точка од тиранската платформа прифатена од Заев, с ебара целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” „преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“.

ОЧАЈНИ ИЗЈАВИ ВО БИТКАТА ЗА ГЛАСОВИ: За Заев, „Монструм“ пак е фингиран и на 4 дена пред избори

„Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковското Езеро. Да биде откриена вистината за Дива Населба“. Ова се зборовите со кои лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и предводник на коалицијата „За живот во Македонија“, Зоран Заев, се бори да биде заокружен неговиот број на 11 декември од бината во центарот на Охрид.

Kампањата се приближува кон крајот, но и рејтинзите и анкетите наметнуваат тензична ситуација во која, како што се покажа и неколку пати претходно последните две години, Заев ги користи немилите настани заканувајќи се дека ќе ја открие вистината. Тој ги повторуваше овие фрази за пржинските маратони со цел да се прифатат неговите услови и барања. Истото е и за време на бомбите. Граѓаните ја очекуваа големата вистина, но никогаш не ја слушнаа.

Зошто лидерот на СДСМ ги користи болните спомени на семејствата на загинатите млади момчиња за време на митинг во борбата за гласови? Зошто ги споменува имињата на други загинати во предизборна кампања? Ако ја знае вистината за сите три случаи, како што веќе повеќе од две години зборува, зошто не е на виделина? Зарем е политички коректно и човечки во ситуација кога има осудени и на доживотно, тој во борба за гласови да скандира дека с` е наместено, а притоа ништо не е докажано?

На сите овие прашања упатени до СДСМ вчера немаше одговор. Веројатно кампањата е поважна иако е бескрупулозна и навивачка до степен на разорување на душите на семејствата на загинатите.

Во ситуација кога постои специјално јавно обвинителство и шеф на клучно, во врска со овие случаи, Министерство за внатрешни работи од редовите на СДСМ, досега требаше барем да почне да се отвора Пандорината кутија за која Заев зборува. Но, цело време докази нема, а остануваат заканите и уцените за вистината што лебди некаде во воздухот и ги убива семејствата на настраданите.

Да не заборавиме дека за време на бомбите водачот на најголемата опозициска партија зборуваше дека невини луѓе лежат за масакрирањето на момчињата кај Смилковскто Езеро додека родителите и роднините го молеа и јавно да отвори процес, да каже што знае. Подоцна тој се премисли за повторно да почне да се заканува летото 2015 кога маратонските преговори за излез од кризата беа прогласени неуспешни. Тогаш дури и им испрати пораки на мобилните телефони на семејствата на момчињата дека ќе им испрати с` што поседуваат. Брзо потоа пак се премисли.

Сега разговорите од кои треба да произлезат наводните поинакви вистини се во рацете на СЈО, но од обвинителството нема најава дека клопчето ќе се одврзува.

По целиот период на закани, па премислувања, во ноември оваа година во едно телевизиско интервју Заев рече дека всушност не ги објавил материјалите оти станувало збор за полувистини, а не за вистини, кои ќе разгореле страсти и незадоволство, па затоа било подобро да ~ ги даде на обвинителката Kатица Јанева.

Во меѓувреме блиските на настраданите во очај чекаат иако не им е јасно што точно бидејќи човекот што тврди дека ја знае вистината тоа го злоупотребува среде изборна кампања, но продолжува да си ја чува за себе. Исто како и специјалното јавно обвинителство, така и Министерството за внатрешни работи.

Искра Kоровешовска

Колумна на Влатко Ѓорчев: Толку многу убиени, а сите се „невини“

Невини се, сите се невини. Така викаат, така ни порачуваат. Невини се оние што беа фатени како два дена пукаат врз полицајците со митралези, пушки, ракетни фрлачи, бомби и експлозиви. Невини и репресирани. Невини и наместени. Невини и безгрешни. Невини, но праведни.

А тоа што обвинетите кренаа во воздух цела населба и избезумија цел град со 100.000 луѓе, тоа нема врска. Можеби и не се случило. Тоа можеби е фатаморгана. Можеби тоа е настан кој не се случил. Можеби и тоа ќе сакаат да нè убедат.

Викаат дека се невини, без око да им трепне. За убијците нема врска дека 8 семејства останаа без своите синови. Дека 15-ина сирачиња ќе растат без татко. Дека беа ранети 40-ина полицајци. Дека некои од нив ќе имаат трајни повреди и оштетувања. Дека момци од 22 или 28 години до крајот на животот ќе имаат проблеми со слухот, со одењето или со движењето затоа што примиле неколку куршуми или дузина шрапнели од гранати. Не, тоа за нив не е важно, туку важно е дека тие се невини како цвет и дека треба да се ослободат.

И некои опозициски кругови го форсираат тој наратив. Лажат и форсираат теории на заговор. Лажат и сеат магла. Лажат и удираат врз темелите на државноста. Лажат и даваат оправдување за терористите. Лажат и го рушат моралот на полицајците. Лажат и удираат по Македонија.

Невини се и оние двајца што ги ослободи Kосово деновиве. Невини и ослободени. Невини и пуштени да си одат. Невини момчиња кои, ете, случајно се обвинети и осудени на доживотен затвор. Веројатно овие невини ангели биле по грешка осудени на казна затвор од две години во Kосово. Веројатно и за тоа биле невини и чисти, па нема потреба за екстрадиција во темниот вилает Македонија.

„Невините“ се осудени во Македонија на доживотен затвор. Со процедура и постапка. Во судски процес. Со докази и обвинение. Со аргументи и со детаљна истрага.

Осудени се дека учествувале во убиството на Филип, Александар, Цветанчо, Kире и Борче. Врз нив пукале од непосредна близина. Пукано е со автомати, со десетици и десетици куршуми. Во цветот на нивната младост. Додека биле на риба. Додека во слободно време биле кај Смилковското Езеро.

Пукано е од омраза. Убиени се затоа што убијците сакале да испратат застрашувачка порака кон цел еден народ. Затоа што сакаа до темел да ја дестабилизираат државата. Затоа што се следбеници на насилен екстремизам. На идеологија што мрази, која убива и која ги дели луѓето. Kоја ја злоупотребува верата и која дестабилизира многу држави. Kоја ја злоупотребува верата, како изговор, за да се најде лажен верски контекст за оправдување на нивните недела.

Но, гледаме дека и тие ни се продаваат за невини. И тие се некако наместени, и таму има некоја мистерија, некој заговор на државата, а извршителите, идеолозите и помагачите се невини. И тука сакаат да ги ослободат и другите осудени. Сите се невини како цвет, а пет семејства се зацрнети, со најголема болка и загуба до крајот на животот.

И за случајот „Монструм“ за Смилковското Езеро лешинарите од опозицијата даваат изговор и наратив. Даваат контекст на невиност на обвинетите, а ја прозиваат државата. Нашите опозиционери удираат по највиталните државни институции и најважните државни органи, создавајќи сомнеж дека има некаква магла, некаква игра.

И, со своите изјави нашите опозиционери му дадоа „изговор“ на судот во Приштина да ги ослободи двајцата осудени на доживотен затвор. Нашиве опозиционери и судот во Приштина како да не ги интересира што тие двајца се потенцијални извршители на нови дела. Што може повторно да нападнат и повторно да има дела што ќе удрат во темелите на регионалната стабилност.

Невини се и оние што беа осудени за мина под возилото на границата кај селото Сопот, северно од Kуманово. Тогаш загинаа двајца млади војници од Полска и нивниот преведувач. И во тој случај се сите невини, обесправени, наместени…

Невини беа и оние што беа обвинети за убиството на тројцата полицајци во заседа во Арачиново во 2000 година. И тие повторуваа дека се невини, донесоа некакви сведоци кои им даваа алиби… Но, останаа 3 семејства во црнина, згаснаа 3 млади животи.

Невини беа и оние што на еден полициски пункт сакаа да ја нападнат полицијата со бомби. Пред камери, со бомби што беа видливи и снимени. Но, некои мислеа дека се работи за мобилни телефони, иако имаше телевизиски камери, бомбите беа видливи, а намерата за напад врз полицајците повеќе од очигледна.

И многу други случаи. Еден куп обвинети велат дека се невини, повторуваат, кажуваат, невино гледаат… Толку невини, а толку многу убиени и толку многу зацрнети семејства. Лакрдија и хипокризија.

Но, тоа се околностите во кои живееме. Тоа се состојбите со кои се соочуваме, тоа се ударите што треба да ги издржиме. Но, ќе ги издржиме. Мора да ги издржиме.

Нема да биде лесно, но ќе ги зачуваме државноста, стабилноста и демократијата. Затоа и се активираат некои од овие случаи сега во моментов. Затоа се сее магла.

Затоа што опозицијата сака да игра на картата на меѓуетнички тензии. Сакаат дополнително да ја влошат политичката криза, за да ја дополнат со етнички елементи. Не им е доволна штетата што ја направија последнава година, па сега сакаат уште повеќе проблеми и уште подлабока криза.

И, играат на таа карта. Сакаат што поголем бојкот на изборите, што полоша состојба во државата, па макар тоа да значи и сериозни етнички тензии и ризични ситуации. Тоа е картата на која играат првите луѓе на опозицијата.

Но, граѓаните и државата се доволно мудри. Ударите ќе доаѓаат, но ќе се издржи. Нашиот народ и сите жртви кои се дадени се трајна обврска за наша мудрост, разумност и решителност во одржувањето на државноста на Македонија.

Пишува: Влатко Ѓорчев за Дневник

Апелација потврди: Доживотен затвор за убијците кај Смилковскиo Езеро

Апелацискиот суд Скопје ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“.

– Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.

– Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда,  со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Расправа за Монструм: Осудените ги слушнаа сведочењата за убиството

Беше прочитано и сведочење на извесен Ахмед Бекир од ромска националност. Тој тврдел дека на езерото се сретнале со момчињата, а кога си заминувале виделе и човек со пушка. Нешто подоцна слушнале и истрели

Во Апелацискиот суд во тек е јавна расправа за случајот Монструм во кој пред три години на Смиљковското Езеро свирепо беа убиени четворица момчиња. Одбраната на виновниците, кои се осудени на доживотeн затвор, бара нивно ослободување.

Sud-Monstrum-2

По читањето на пресудата беше прочитано сведочење на сестрата на едно од убиените момчиња. Таа тврдела дека непосредно пред да биде ликвидиран нејзиниот брат, таа контактирала со него. Му се јавила по барање од родителите, кои биле загрижени бидејќи веќе се стемнувало, а децата сè уште ги немало.

Во сведочењето сестрата тврдела дека во 12-секундниот разговор му го чула гласот на братот, по што се слушнал звук на вода. Таа претпоставила дека некој од убијците го фрлил пиштолот во езерото.

Беше прочитано и сведочење на извесен Ахмед Бекир, од ромска националност. Тој тврдел дека на езерото се сретнале со момчињата и им побарале црви. Кога си заминувале виделе и човек со пушка, а нешто подоцна слушнале и истрели. Но според сведочењето што беше прочитано, момчето не можело да препознае никој од осудените.

Расправата продолжува со искази од адвокатите на осудените.

Sud-Monstrum-3

Пресудата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро беше изречена минатата година на 30 јуни и предметот по повеќе од една година конечно доаѓа пред Апелација.

Според првостепената пресуда, Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута се прогласени за виновни и осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство, додека обвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвиненијата.

Во образложението на пресудата, судијата даде објаснување за начинот на кој било извршено петкратното убиство, како и за поединечната инволвираност и поврзаност помеѓу сите обвинети.

Судењето почна на 20 декември 2012 година, по неколкумесечна истрага и изготвување на обвинителниот акт во кој беа опфатени седум лица. Обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се наоѓаат во затвор во Приштина, каде што се осудени за нелегално поседување оружје. Постапката за нивна екстрадиција е во тек, но не се знае кога ќе бидат испорачани во земјава.

Четворицата другари од Радишани, Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски и рибарот Борче Стефковски беа убиени еден ден пред Велигден, 2012 година.

Извор: Телеграф.мк
Фото: Влатко Перковски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се заканува – нека ги објави снимките за Монструм, нема ништо спорно во случајот

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев да објави се што има и поседува за „Монструм“ без да одолговлекува, бидејќи како што велат, нема ништо спорно во тој случај.

-Поради тоа што Зоран Заев во континуитет се заканува со објавување на креирани снимки за случајот Монструм и поради тоа што ние сме убедени дека нема ништо спорно во целиот тој случај, денес јавно апелираме да објави се што има и поседува без да одолговлекува.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека за разлика од Заев, кој продолжува да манипулира, тие ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните, политичката стабилност, економскиот развој и отварањето на нови работни места.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев.

Испрати ли СДСМ демант до германскиот весник?

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, во фунција на кревање на меѓуетнички тензии, преку манипулации и целосно лажен наратив игра на картата на предизвикување на конфликт, со цело да го запре сопственото пропаѓање.

Дел од ова сценарио на Заев е и вчерашната изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ поврзана со случајот „Монструм“, во која беше пренесено тврдење на лидерот на СДСМ дека осудените во овој грозоморен случај биле невини.

-Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за германскиот весник, која опозицискиоте медиуми кои се под директна контрола на СДСМ ударно ја објавија, за потоа Заев да ретерира и да се огради, со објаснување дека истата била “погрешно интерпретирана“ од германскиот новинар.

Сепак, и покрај ретерирањето на Заев од изјавата, за кое не се знае дали е намерно или пак ненамерно, веќе е посеана атмосферата на конфликтност со истата и таа претставува играње со чувствата на семејствата на жртвите и обвинетите во овој случај.

Исто така, прашањето кое неминовно се поставува е дали СДСМ испрати демант до германскиот весник „Ди Цајт“, имајќи во предвид дека најголемата опозициска партија постојано го прави тоа кога Заев ќе биде “погрешно интерпретиран“ од домашните медиуми.