Милошоски: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци

Antonio-Milososki

По денешниот неуспешен атентат врз Никола Тодоров, Антонио Милошоски преку социјалните мрежи порача: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци!

-• 11 години не успевате да не’ победите на избори!
• три години удиравте со монтирани “бомби” и ширевте омраза против ВМРО и поттикнувавте “револуционерен” реваншизам!
• Неколку дена по деловничкото насилство и нелегалниот избор на Талат, подметнавте бомба во куќата од моите родители, со намера да убиете!
• еден ден по изборот на Премиерот “за Живот” му испланиравте смрт на колегата Никола Тодоров!

Пред да продолжите со политичкото, институционално и физичко насилство, Запамтете добро – ВМРО не се поединци, ВМРО е народот и затоа преживувало, дејствувало и победувало!
Да живее Македонија !, пишува Милошоски на Фејсбук.

Како започна новиот живот: „Шарените“ во парламент, нарадот по затвори

Nemiri-Sobranie

По настаните во Собранието од 27 април жестоко се удри по народот со масовно приведување и поднесување кривични пријави, определување притвор и други мерки, експресно обвинување и изведување пред суд. И денес, додека ги пишувам овие редови (28 мај), бил извршен претрес во домовите на четири лица, од кои три биле задржани од полицијата и приведени на јавниот обвинител, а други три лица биле повикани на разговори. До кога ќе трае ова хајка против недолжните граѓани?, пишува Михајло Маневски за Денвник.

По скратена постапка во апсолутно рекордно време од само три недели, повеќе обвинети лица на 23 мај беа осудени на условни осуди. Веќе неколку дена по изрекувањето на пресудите, СДС врши жесток притисок на судот и јавното обвинителство. Секојдневно во многу портали, електронски и печатени медиуми под нивна контрола, финансирани од Соросовата фондација и УСАИД, дрско и неосновано ги напаѓаат и грубо се закануваат на судиите и обвинителите, поради тоа што дејството на обвинетите било несоодветно правно квалификувано и поради изречените условни осуди. Тие сметаат дека се меродавни за определување правна квалификација на делата и за одмерување на казните! СДС и неговите мегафони се ставаат во улога на обвинители и судии.

Во уводникот на еден неделник, обвинетите се нарекуваат „тврдокорни убијци“ и се бара „апс за насилниците на правдата во тоги“. Се отиде дотаму што се бара линч на судиите и обвинителите. Се закануваат на судот и обвинителството дека ако продолжат на ист начин да ги третираат останатите насилници ќе станат соучесници во злоделата.

Така започна новото време на промени за „правда и слобода“. Се удира по институциите да се разнебитат и да се заплашат. Цели за отстрел се судиите и јавните обвинители и заканите за нивен реизбор.

Вистинските насилници во сенка

Заканите и заплашувањата на судиите и обвинителите имаат за цел да се одвлече вниманието од вистинските насилници во Собранието и обвинетите лица за тешки корупциски кривични дела, кои долго време неосновано смислено ги избегнуваат судските рочишта.

Повеќе од една година сосема неосновано се одложуваше судењето за случајот „Пуч“ за обвинетите Зоран Заев, Зоран Верушевски и други лица, за на крајот Kатица Јанева која и самата бараше одложување на судењето од лични причини да го повлече обвинението без законско образложение.

Во случајот „Поткуп“, во кој е обвинет Зоран Заев, повеќе од една година судењето се одложува 11 пати најчесто по барање на обвинетиот поради средби со чиновници на амбасади или други средби, што во никој случај не е законски основ за одложување судски рочишта. Тоа е класичен случај на злоупотреба на правата во постапката.

Илиевски до Богоевски: Кога постоела проценка за ризик, зошто не го изведовте државниот удар во 2 попладне?

Ilievski-Bogoevski

Богдан Илиевски еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“ и Павле Богоевски, актуелен пратеник од СДС и активист во Шарената револуција повторно ги соочуваат аргументите во дебатната емисија „Само вистина“ во рамките на вестите на Каналт 5 телевизија.

Жестока расправа се водеше за случувањата на 27 април во Собранието на Република Македонија, но и за изборот на Талат Џафери.

Богдан Илиевски постави логично прашање, кое се наметна неколку дена по настаните во Собранието, по изјавата на Артан Груби дека коалицијата на СДС и албанските партии имала сознанија од странски разузнавачки служби дека нешто се подготвува и дека присуството на Али Ахмети на седницата во четвртокот претставува ризик. Истата информација ја потврди и Зоран Заев во интервјуто на Топ тема на Телма.

-Доколку постоела проценка за ризик, јас не сум ја знаел таа проценка, зошто, имајќи ги тие информации предвид, не го изведовте истото во два попладне, праша Илиевскии уште еднаш го осуди насилството

НАРОДОТ БАРА: И локални и парламентарни избори во октомври

Izbori-vednas

Народот се чувствува постизборно измамен со тиранската платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори. Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на лидерот на СДС Зоран Заев и не сака криминалец да ја води државата. Речиси двојно е поголема поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС, се вели во денешното соопштение на  ВМРО-ДПМНЕ во кое уште еднаш од партијата го повторуваат ставот дека во октомври заедно со локални треба да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Од партијата посочуваат дека СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика. Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ, СДС ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок. Криминалецот Заев така ќе слушне од прва рака што мисли народот за неговата антидржавна политика.

Народот, како што се наведува во соопштението, не сака туѓи платформи и виткање на сопствената „кичма“ за туѓи цели и интереси.

Порано или подоцна, според нив, Заев ќе се соочи со судот на народот и предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.

Владика Петар: Провокациите и прекршувањето на правото го испровоцираа народот (ВИДЕО)

Vladika-Petar-RSM

За насилството во Парламентот, не се виновни граѓаните кои си ја бранеа државата, туку оние кои го прекршија Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието и ги предизвикаа и испровоцираа граѓаните, смета Владиката Преспанско-пелагониски, Петар, кој во емисијата „Гласот на народот“ на Слободан Томиќ, зборуваше за политчката криза во Македонија и поттикнувањето на насилство од страна на одредени структури.

– Во нашиот случај не се работи за предавство, тука се работи за велепредавство. Предавство е кога некој некого ќе предаде, но кога некој врши предавство на татковината на државвата, тоа е велепредавство, тоа е најголемо предавство што може да биде – изјави владиката на прашањето дали одредени политичари извршиле предавство.

Коментирајќи ги настаните од четвртокот во Собранието, Владиката рече дека не е секогаш насилството, кога некој физички некого ќе нападне, туку и кога некој ќе го предизвика некого овој физички да го нападне него или нешто друго да направи, тоа е еден вид подбуцнување.

– Имавме ние сериозни поттикнувања на луѓето за да дојде до она што дојде и во Парламентот. Вие се сеќавате мошне добро кога еден од новинарите не сакам името да му го споменувам, рече дека треба да се убијат сите патриоти почнувајќи од претседетелот на државата, тој ништо не одговара во оваа општество. Во едно разумно општество, каде што има ред и поредок и каде функционира судството и правосудството, тој требаше веднаш да биде уапсен. Да повикаш на убиство и да не одговараш за тоа ништо тоа е страшна работа! – смета владиката.

Каков пример даваме ние на децата, на младите, на идните генерации, кога исто со слични такви провокации се произнесоа и други некој професори, се запрашува Влдиката.

– Кога еден универзитетски професор го нарече овој народ кој го изразува својот револт затоа што државата му е во прашање и ќе го загуби името на државата и белезите вие имате еден еден професор универззитетски кој го нарекува измет или пак друг професор кој тепа момче, претходно жени тепаше и го тепа момчето и му пцуе мајка вмровска и тој нема одговорност, тоа потикнува наслиство. Мислам дека поголема вина, ако не поголема барем иста вина имаат оние што ги предизвикале луѓето да влезат во Парламентот и да го нарпават тоа. А тука предизвикувачите се оние кои што извршија насилство врз државните закони, врз Уставот, врз Деловникот за работа на Собранието итн. И вие штом вршите насилство очекувајте дека ќе има возврат на тоа – заклучува тој.

Владиката спомнува и еден друг професор, кој ги поучувал пратениците да го земат претседателот на парламетот за уши и да го исфрлет од таму, тој потенцира дека тие треба да бидат уапсени, бидејки тие ги потикнале на насилството.

ВМРО ја има поддршката од народот: Ниту СЈО ниту сценаристите нема да ја уништат непоразената ВМРО

Narod-miting

Сите оние кои сега плукаат и го закопуваат ВМРО и сметаат дека е готов, се лажат. Ни СЈО, ни сценаристи, ни било кој друг нема да гo уништат. СЈО ако имаше нешто сериозно против нив, одамна ќе го видевме. Сега во последните месец два од нивното работење ќе вадат празни со докази предмети и обвиненија против нив за да го задоволат сценаристот и да ги оправдаат парите кои ги трошат. И се разбира верувајќи дека ќе му помогнат на СДС. Тие се неискусни и незрели и сигурен сум дека се убедени дека СДС ќе владеат вечно, а дека ВМРО нема веќе никогаш да биде власт. Толку им е капацитетот. Не само што СДС нема да владеат вечно, туку нема да истераат ни пола мандат. Со сила убавина не бидува, пишува аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук.

Тој потсетува дека СДС не се замерија само со ВМРО, туку и со народот. Партијата смета дека со помош на сценаристот ги поразила и народот и ВМРО, но се лаже, пишува Пандов, и додава дека набрзо ќе се покаже споротивното.

„Колку силно и неправедно ќе удираат сега по ВМРО, толку и двојно ќе им се врати по враќањето на ВМРО на власт. ВМРО е победник на овие избори. ВМРО победи 10 пати по ред од 2005 до 2016. Да не го забораваме тоа. Живееме во време на демократија, па по 11 години власт, не е ни чудо ни трагедија да се отиде во опозиција. ВМРО во опозиција ќе оди како победник а не поразен на изборите и по 10 и пол години владеење и жестоки напади и клевети, грешки и пропусти, подметнувања и милион лаги. Со својата посветена работа и труд ова раководство на ВМРО и нејзиниот водач победи на изборите, но овој пат не го победи СДС, туку и многу посилен противник. Можеби и е добро за некои луѓе кои не се сеќаваат, да го почувствуваат малку СДС на власт. Не само за промена, туку и за споредба“, завршува Пандов.

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ никогаш својот народ не го остава на цедило

Pandov-TV-Nova

Деновиве слушаме дека Македонија е поразена. Дека ВМРО-ДПМНЕ се предале, па дури и дека го оставил на цедило народот. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се предава. ВМРО-ДПМНЕ никогаш својот народ не го остава на цедило, напиша на својот Фејсбук профил политичкиот аналитичар, Александар Пандов.

„Деновиве слушаме дека Македонија е поразена. Дека ВМРО се предале, па дури и дека го оставил на цедило народот.

ВМРО никогаш не се предава. ВМРО никогаш својот народ не го остава на цедило.

Македонија нема да е поразена.

Секој кој ја познава македонската историја знае дека ВМРО низ историјата имаше успони и падови. Подобри и послаби времиња. Потешки и полесни. Имаше тешки моменти, но и големи и славни победи и успеси. Но никогаш никој не ја уништи, и нема да ја уништи. Затоа што ВМРО е во срцето на Македонците, затоа што ВМРО е во ДНК на секој Македонец и докажан заштитник на народот, нацијата и државата.

Треба ли да потсеќам колку работеа и создадоа, од инвестиции и работни места, до земјоделие, здравство и образование, итн. Покажаа крупна разлика од СДС. Ја кренаа летвичката, ги променија стандардите во политиката во правец на работа и резултати.

Болката кај мене и сите кој настапувавме по трибини, радиа, телевизии и дебати на кој најдиректно говоревме за последиците по државата ако ВМРО не добие 63 пратеници е огромна. Чесно е да се потенцира дека Груевски како лидер на ВМРО многу јасно, директно и без раквици говореше прилично отворено како за политичар од таков ранг и одговорност и со тоа дополнително го навлече гневот и бесот на сценаристот лично кон него, за што подолг период ќе биде таргет на напади и малтретирања. Можеше и да одбере да молчи и да не се замерува. Но не, вмровски одбра отпор во интерес на државата и нацијата. Отпор кон илјада пати посилен противник, кој секако не е СДС.

Сега тие што лелекаат сакам да ги потсетам дека водачот на ВМРО многу јасно кажа дека без 63 пратеници не може да гарантира дека ќе одбрани некои значајни позиции на Македонија во еден ваков налет од надворешни центри со каков се соочуваме скоро три години. Кој го разбра го разбра. Многумина очигледно не го разбраа или не сакаа да веруваат.

Сега и него и неговите соработници ги напаѓаат зошто не ја окупирале канцеларијата на Претседателот на Собранието за Талат да не влегол, зошто не ги скриле печатите.

Со криење печати или чување на некоја соба, 51 пратеник, нема да станат 63 пратеник.“, напиша Пандов.

67. ДЕН: Ќе протестираме колку и да треба, секој ден – Нема попуштање и нема предавање, порачаа илјадниците граѓани

ZZM-67

67-ми ден, илјадници граѓани повторно дадоа поддршка на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, застана во одбрана на суверенитетот на државата и категорично бараат нови избори. Ниту денеска, лошото време и дождот не го спречи народот да маршира по скопските улици.

-Колку и да треба, секој ден, нема попуштање и нема предавање. Како и секој ден и овој ќе го завршиме пред Собранието по нашата патека, по патеката на државноста, а го започнуваме со македонската химна. И денеска во борба за своите правдини и слободен живот, истакна Богдан Илиевски од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

zzm1

Насобраните граѓани заедно во еден глас ја испејаа химната и порачаа- да живее слободна, независна и суверена Македонија.

zzm2

zzm3

Screenshot_7Screenshot_6

Screenshot_4

Screenshot_3 Screenshot_1

(ВИДЕО) „За заедничка Македонија“: Народот не може да биде игнориран, мислеа дека ќе сме 100 души тука – еве го одговорот

Narod-masoven-sobir

Народот не може да биде игнориран. Мислеа дека ќе сме 100 души тука, еве го одговорот, порача од пред Собранието членот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, по што граѓаните масовно скандираа „Избори!“.

Тој на граѓаните им порача дека се носители на суверенитетот.

-Вие сте носители на суверенитетот, а не дипломати, не бирократи од Европа, не разно-разни амбасадори.  И во нашиот ген не е да мразиме, не е да сме насилни. Ние со нашето присуство, достоинство, чест и љубов кон РМ ќе продолжиме секој нареден ден да го правиме она што најдобро го правевме 60 дена. Мораме да продолжиме по нашиот пат, мирно и достоинствено да ја чуваме Република Македонија, не смееме да потпаѓаме на провокации, вели Илиевски.

Според него, постојат луѓе кои се обидоа и кои се обидуваат да ги газат Уставот и Законите.

-Газењето на Уставот и на Законите е и газење и врз изборната волја на граѓаните, врз суверенитетот на Република Македонија кој почива само врз граѓаните и врз никој друг. Им порачуваме, апелираме да покажат разум и да се свесни за одговорноста која ја имаат. Да престанат сите провокации, сме живееле и ќе живееме заедно во оваа земја. Тоа можеме да го направиме, но само ако се слушаме едни со други и се обидеме да се разбереме. 60 дена не игнорираа, ќе продолжиме да доаѓаме. Што е еден час во денот да посветиме на нашата татковина? Што е еден час за Република Македонија?, порача Илиевски.

Истакна дека доколку некој не сака да се откаже од Тиранската платформа, тогаш нека излезе со неа на избори, а не,како што вели, да ја шверцува после изборите.

-Во генот на Македонецот не е да се плаши и да бега, туку да ја сака татковината и да се бори за неа на демократски и достоинствен начин, посочи Илиевски.

Додаде дека некој се обидува да ги испровоцира, да ги деморализира и да ги сатаницизира граѓаните.

-Се уплашија од нашата цврстина и сплотеност, затоа некој се обидува да провоцира, да не деморализира, да не сатанизира. Не смееме да подлегнеме на таквите епитети и провокации. Не смееме да им дозволиме да победат на оние кои безочно газат преку се, преку Устав, Закон, Деловник само за да кажат дека тие нешто си избрале.

Словенечки „Каварна Хајек“: Кога ќе те претепа сопствениот народ, не можеш да бидеш херој, може само да си предавник

Zaev-krvav

Денот на борбата против окупаторот, 27 април 2017год., кој во Словенија ги разгорува духовите поради својата измисленост и невистина, во Македонија стана вистински Ден на борба против окупаторот. Долго се готвеше, скоро три години, од кога социјалдемократите (СДСМ) почнаа со незаконските придобиени снимени телефонски разговори, од сеуште неразјаснети извори и автентичност, да ја руши легитимно избраната македонска власт. Десно ориентирана, составена од министри од редовите на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ и партијата на албанците во Македонија ДУИ. За да би можеле вистински да ја разбереме генезата на сегашните настани во македонското Собрание, мора да погледнеме малку поназад во минатото, пишува во својата анализа словенечкиот портал „Каварна Хајек“ за случувањата во Македонија.

Од самото осамостојување на Македонија, македонските албанци учествуваа во составување на Влада на РМ, ги имаа сите права за употреба на својот мајчин јазик, култура, застапеност во локалните институции. Македонија за западните демократски држави, кои го мереа секој чекор на новонастанатите демократии, важи за пример кој треба да се следи во однесувањето со малцинствата, мултикултурен рај, »оаза на мирот на Балканот«.

Slovenecka-analiza-za-Makedonija

-Помеѓу мнозинството на македонскиот народ и малцинствата Албанци (исто и Роми, Срби, Власи и Турци) немало поголеми тензии и конфликти. Се до 2001-ва година, кога вооружениот конфликт помеѓу Србите и Албанците на Косово се прели во Македонија, каде се формираше паралелна паравојска на терористичката формација УЧК и почна да ја напаѓа Државата, и кога Западот (поточно Клинтоновата администрација и подредената ЕУ) тие албански терористи ги призна за »борци за слобода« и на крајот на конфликтот на државата Македонија им го наметна Охридскиот договор, со кој сите малцинства во Македонија, кои се над 20% од вкупното население, добија широки права за употреба на мајчиниот јазик, процентна застапеност во локалните, регионалните и државните институции, и посебни поовластувања. Се разбира тие права им припаднаа само на Албанците, кои по нивно биле 25% и како малцинство добија најголеми права во Европа, неспоредливо повеќе со правата на било кој малцински народ пошироко во регионот. При составивањето на секоја Влада важеше непишаното правило дека Владата се составува од победничките партии од македонскиот и албанскиот блок. Се до минатиот декември, кога на предвремените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ на македонската и ДУИ на албанската страна, стои во анализата,

Македонија последните години ја води двоецот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мирно, без посебности, во согласност и хармонија, низ карпите на светската економска криза, со фактички невообичаени високи економски параметри на раст, со многу странски инвестиции, раст на БДП, пад на степенот на невработеност. Само поради вештачки наметнатиот спор околу името и ветото од соседна Грција, Македонија останува пред затворени врати на НАТО и ЕУ, која секоја година и дава препорака за прием, и во исто време ја условува со нови и нови измислици, зошто се уште не смее да пристапи со преговори, зошто се уште не може да стане членка.

-Барем така мислевме. Во позадина всушност дејствува Џорџ Сорос, кој во Македонија востановува цврста мрежа за рушење на држави, системи, па и на ЕУ.Во Македонија активното Отворено Општество, кое со години го водеше Владимир Милчин, агент на македонската УДБА, шпиун на поранешниот систем, основа и со пари напои преку 85 невладини организации со позната агенда-мултукултурност, права на ЛГБТ, права на малцинствата. Невладините организации, поединци, партии и медиуми, Сорос и неговото Отворено Општество ги обезбедуваа со пари. Во моментот кога Македонската држава херметички ја затвори својата јужна граница за »бегалците«, »мигрантите« и исламските освојувачи на европскиот континент, кога Македонската држава која не е членка на ЕУ ја одбрани шенгенската а во исто време и европската граница, Соросовите организации ги активираа своите платеници, да започнат со рушење на легитимно избраната власт, пишува „Каварна Хајек“.

Тие најпрво го поддржаа лидерот на социјалдемократите Зоран Заев при објавувањето на незаконско придобиените, можеби и монтирани снимени телефонски разговори на владеачките политичари, новинари, познати и јавни личности; се со намера да кај гласачите предизвикаат незадоволство, револт и превземање на власта.

-Кога ниту тоа не го постигна саканиот ефект, македонската јавност пред се скептично гледаше на сите овие случувања и не веруваше во ”чесните”намери на Заев (аболициран криминалец, осуден поради корупција како градоначалник на Струмица), Сорос ги активираше платените демостранти, да си играат т.н. шарена револуција-со своите протести, кога во Скопје со боја ги фарбаа спомениците и зградите, уништуваа државен имот-сподбудуваа »обични« граѓани, да им се придружат во протестите и така, во одредено време, да бараат предвремени парламентарни избори, за да победат социјалдемократите, и секако да ја отворат границата со Грција за да може исламската инвазија непречено да продолжи. Во исто време пратениците на СДСМ, непосредни наследници на КП на Македонија, ја бојкотираа работата на Парламентот и година и пол не се појавуваа на седниците (а нормално плати примаа), ја одбиваа понудата на владеачката партија да си ги одмерат силите на предвремени избори. Соросовите марионети, социјалдемократите, ЕУ-бирократите и активните амбасадори беа сигурни дека Македонците (после целата пропаганда од скоро три години) на декемвриските предвремени парламентарни избори ќе ја изберат левата опција и агендата ќе биде исполнета. Но не беше така, стои во анализата.

На изборите, иако со два пратеника повеќе,повторно победи, веќе десетти пат по ред, ВМРО-ДПМНЕ.

-Социјалдемократите беа втори, но за нив не гласаа само Македонци, туку и Албанци (се разбира на штета на »своите« албански партии, кои поради тоа освоија десет пратенички места помалку). Претседателот Иванов мандатот го додели на Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој не беше успешен во преговорите за коалиција со својата досегашна партнерска партија ДУИ. Всушност ДУИ, како што стана јасно веднаш по изборите, веќе почна да пактира со социјалдемократите, кои на албанските партии им вети до сега нешто незамисливо-државотворност. Државотворност, која води конфедерализација на државата. Тие ветувања Албанците на состанокот кај премиерот на соседната држава Албанија Еди Рама ги преточија на хартија и ја именуваа Тиранска платформа. Сомнително слична на сите планови на Призренската лига-Голема Албанија. Албанците би составиле нова влада, која би ја водел Зоран Заев, корено посегнаа по основите на Македонската држава. Република Македонија би станала »држава на Македонците и Албанците«, албанскиот јазик би бил службен јазик на целата територија на Р. Македонија (сега е службен јазик таму каде што Албанците се повеќе од 20%), новата влада би ги сменила сите државни симболи, знамето, грбот и химната, за да би биле »повеќе во согласност со двонационалниот карактер«. И на крајот-новата влада би отпочнала веднаш преговори со соседна Грција за промена на името. Какво би било новото име, тоа го препуштам на имагинацијата на читателот, се вели во текстот.

Зоран Заев и неговите социјалдемократи се спреми сето тоа да го исполнат само да дојдат на власт. Сето тоа го заменија за албански гласови. Албанците, за прв пат во историјата на модерна Македонија, дадоа околу 10000 гласови за македонска партија. Поради ветувањата на Заев. Македонците, кои во декември гласаа за Заев, не знаеа за тие негови ветувања. Кога се се дозна, Македонците, кои гласале за Заев, Македонците, кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, и Македонците, кои воопшто не гласале, почнаа спонтано да се собираат за да ја зачуваат својата Држава и против разнебитување на државата, за која се бореле столетија наназад. Не смееме да замижиме пред фактот дека, давањето на поголеми права и државотворност на албанскиот народ во Македонијае само прв чекоркон федерализација и отцепување односно присоединување кон двете албански држави (Албанија и Косово), што ќе значи исполнување на планот за Голема Албанија.

-Спонтаното собирање, именувано Четврти Илинден, со парола ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на улиците на Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Струмица и Кичево (на улиците на повеќе-40 градови во Македонија) тече веќе 60 дена. Иако на почетокот се чинеше, дека тоа движење е пред се поддржано од ВМРО, на улиците излегоа млади и стари, членови на НОБ, АСНОМ и приврзаници на историското ВМРО, уметници, интелектуалци, мажи и жени, Македонци, Бошњаци, Турци, Роми, Власи, Срби. Во одбрана на Македонија. Во одбрана на државата Македонија таква, каква што е сега. 60 дена мирно протестираа со транспаренти и песна, во поворки од илјади, десетилјади, вкупно двестаилјади ги имаше. Секој ден, од понеделник до петок, точно од пет попладне.

И шеесетиот ден, 27 април 2017 год., во 17 часот кога сите демостранти беа собрани пред Собранието, пратеник од албанската партија на говорницата на Македонскиот Парламент ја запеал химната на државата Р.Албанија. И пратениците на СДСМ и на албанските партии, со поддршката на странските амбасадори и претставниците на »меѓународната заедница« (пред се од левичарски држави, исто и од Словенија) по завршувањето на седницата на парламентот, надвор од деловникот и законите, избраа нов претседател на парламентот, поранешен командант на терористичката воена организација УЧК Талат Џафер. Пред само 16 години УЧК под водство на истиот тој Џафери, масакрира осум Македонци, полицајци и војници во служба на Македонија. Очигледната провокација, химната на Албанија интонирана во Македонскиот Парламент и нелегалниот избор на поранешниот терорист за претседател на Македонскиот Парламент, кај мирните демонстранти ја прели чашата. Демонстрантите, спонтано влегоа во парламентот, да ја превземат институцијата во свои раце и да се соочат со своите крвници, со своите предавници, со луѓето што го продадоа својот сопствен народ за грст златници за власт, за интересите на тие што со години ги плаќале, се вели во анализата.

-Дали насилството е оправдано и може да се прости? Секако дека не. Но е разбирливо, Гнев, бес, немоќ, кој во Македонците се собира во последните три години, се преточи во спонтани протести и ескалираа со случувањата во народниот парламент. На тоа и сметаа. Само така можеа да го прикријат нелегалното, надвор од деловникот, уставот и законот, устоличување на претседател на парламент, на тој начин се обидоа да го прикријат своето предавство. Но Народот, Македонскиот Народ не се дава. Следеше нов мирен марш, овојпат пред канцеларијата на представникот на ЕУ. Затоа што точно таа ЕУ, во чие име Федерика Могерини и Јоханес Хан го честитаа и легитимизираа изборот на Талат Џафери, носи дел од вината за настанатата ситуација, се вели во текстот.

Исто така се виновни и амбасадорите на странските држави во Македонија, кои очигледно и без срам се мешаа во внатрешните работи на суверена држава, во која се акредитирани.

Кога бараа да се избере влада по нивен вкус.

Кога на денот на изборите ја посетија државната изборна комисија.

Кога бараа дијалог, а не сакаа да се сретнат со претставниците на народот, кој на улиците два месеци порачуваше дека Тиранската платформа не може да биде прифатена.

Мора да бидеме свесни дека меѓу нас се луѓе кои се подготвени да го продадат својот сопствен народ и својата тешко заслужена држава за грст трошки од богатата (Соросова) трпеза.

Но секој народ има граница на толеранцијата и која лесно може да дојде до точка, кога сам ќе ги земе работите во свои раце. 27 април 2017г. Така стана вистински Ден на борба против окупаторот.

Протестите во Македонија нема да престанат. Македонците нема да дозволат, домашните предавници и туѓите вазали на богаташот со перверзен план за уништување на Европа, да им ја земат нивната држава. Смирување на страстите е можна само со нови предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат дали се за или против Тиранската платформа.

»Да се преброиме«, велат Македонците, »колку сме, толку сме, токму сме«.