БИТОЛА ЌЕ ВДОМУВА МИГРАНТИ: Започнаа првите чекори за подготвување на Битола за новите граѓани-мигранти

Денеска на битолскиот плоштад „Магнолија“, битолчани беа изненадени од поставените билборди кои според она што пишува на нив, психолошки ги подготвуваат граѓаните на Битола за доаѓањето на нивните идни нови сограѓани.

Проектот е на претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации во Скопје, а го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје.

Проектот има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби. Инсталацијата во јавен простор која се состои од неколку различни елементи поставени на плоштадот „Магнолија“ во Битола, ќе биде изложена три дена преку билборди на кои пишува „Солидарност на дело“ и „Колку боли разрушен дом“.

Битолчани се изненадени од овој потег на невладините организации, со оглед на тоа што СДСМ како апсолутна власт, ветуваше дека нема да има мигрантски кампови во Битола, но сите дела кои ги правеа изминативе 5 месеци наведуваа на резултат како денешниот.

Во август оваа година, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Благој Шаклевски на Фејсбук напиша дека советниците од СДСМ одбиле да дискутираат неприфаќање на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, а после тоа ја напуштиле и седницата.

На сето ова министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, која во Битола ненајавено учествуваше како гостин на седница на Советот на општината. Таа тогаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека шири ксенофобија и лажни вести.

На истата седница на која присуствуваше и Царовска, советниците на СДСМ во општина Битола гласаа ЗА мигрантски населби во градот на конзулите, односно гласаа против референдум во нивната општина. Со ова ти е се согласија за населување а мигранти во Македонија и за изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Меѓутоа, сето ова го поби нејзиниот сопартиец, пратеникот Васко Ковачевски на собраниската говорница изјавувајќи дека кај Меџитлија (битолско) ќе има прифатен центар за бегалците.

ЗАЕВ МОЛИ БОГА МИГРАНТИТЕ ДА ОСТАНАТ ТУКА: Советниците на СДСМ гласаа за населување на мигранти

На денешната седница на општина Битола, советниците на СДСМ гласаа против референдум во нивната општина.

Со ова само се потврди дека советниците од партијата на Зоран Заев го поддржува акциониот план за мигранти на неговата Влада кој предвидува нивно населување во Македонија изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ издејствуваа во Битола да има референдум. Со 15 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и со 9 гласа против од советниците на СДСМ е донесена одлука за распишување на референдум и изјаснување на граѓаните по ова прашање.

Министерката Мила Царовска денес се појави на седницата на Совет во Битола, но избега од истата за да не одговара на прашањата за мигрантите. Досега неколку пати ги менуваше изјавите за оваа тема.

„Македонија не е толку добра и атрактивна земја за бегалците. Дај Боже да е така, па тие да сакаат да останат“, изјави Зоран Заев викендов.

ВИДЕО: Граѓаните од цела Македонија велат не за мигрантите – Владата решена за населување!?

Јавноста се крена на нозе откако излезе акцискиот план на Владата на Република Македонија, за трајно населување на мигранти на територијата на нашата држава, наречен „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027“, во кој јасно се предвидуваат долгорочни решенија за домување за мигрантите.

На ваквите намери на Владата експресно реагираа граѓаните од повеќе општини од државата, кои преку граѓанската иницијатива „Будење“ го кренаа својот глас против намерите на Владата. Имено, Владата преку планот од општините има побарано „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува да биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен. Во барањето до општините, се вели дека треба „да се
идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

Очигледната намера на Владата, Македонија да ја претвори во огромно прибежиште за мигрантите кои од Блискиот Исток и Африка патуваат кон Европа и истите трајно да ги насели во Република Македонија го уклучи алармот кај граѓаните. Граѓаните организирани во граѓанската иницијатива „Будење“ организираа собирање на потписи низ повеќе градови во државата, каде илјадници граѓани излегоа да кажат не за населување на мигранти во нивната општина.

При собирањето потписи, медиумите прашувајќи ги граѓаните зошто се против планот на Владата за населување на мигранти ги добија следните одговори:

– Мигранти не сакаме да се населуваат зашто Македонија е мала земја и нема толку голема територија за да имаме ние и мигранти. Второ, ние немаме работа за нашите, а на телевизија кажуваат дека ќе се им обезбеди на мигрантите работа, школување на децата и станови. Ние за нашите деца немаме станови, вели жителка на општина Ѓорче Петров.

– Да ја спречиме одлуката на владата на СДСМ за доселување на мигранти, бидејќи после тоа ништо нема да биде исто. Доселувањето на мигрантите ќе значи намалување на платите и евтина работна сила, губење на работни места, наместо за трошење на пари за изградба на училишта, градинки, игралишта и паркови, ќе се трошат пари на станови и куќи за мигрантите и помалку пари за платите и социјалната помош. Зголемување на криминалот и небезбедни градови, како и менување на демографската карта на градовите, затоа иницираме до советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Ќе собираме потписи за спречување на населување на мигранти, истакна Јакимовска, од граѓанското движење во општинна Аеродром.

– Ние имаме за цел да ја анимираме јавноста, да ги информираме луѓето за акциониот план кој го донесе МТСП, за населување на мигранти низ цела Македонија. Одзивот во Штип е солиден, во општина Штип е предвидено да има околу 6.000 мигранти, ние сме овде тоа го спречиме, да им кажеме НЕ, последиците од тоа ги знаете, јавноста е запознаена. Терористички напади, силувања, разбојништва низ цела Европа, изјави Лазаров од иницијативата „Будење“ Штип.

Од граѓанската иницијатива „Будење“ од Гази Баба исто така се спротивставија на идејата за населување на мигранти во нивната општина.

– Целта на Граѓанската инцијатива е да ја спречиме одлуката на Владата за доселување мигранти, после што, ништо нема да биде исто, велат од
иницијативата.


Во Гевгелија исто така беа собирани потписи, против населување на мигранти во нивната општина, гевгеличани велат дека собираат потписи за референдум. Велат, наместо трошење пари за нови училишта, градинки, паркови и игралишта ќе се трошат пари за станови и куќи за мигрантите.

Радовишани исто така имаа акција за собирање потписи за иницирање на референдум против Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2018, каде исто така имаше огромен одзив од страна на граѓаните.

Имено, сосема очекувано доаѓа ваквиот потег на Владата и МТСП, каде министер е Мила Царовска, која е бивш платеник на невладината организација, ќерка на Сорос Македонија – „ХЕРА“ , која во март минатата година бараше рушење на оградата на АРМ кај Гевгелија и масовно давање на азил и државјанство на мигрантите.

Имено тогаш во отворено писмо потпишано од низа соросови организации во земјава се бараше да се отстрани бодликавата ограда од границата и мигрантите непречено да можат да влегуваат во земјава. Писмото беше потпишано од 16 организации грантисти на Сорос Македонија, а во него меѓу другото се стоеше:

– Ние, борците за слобода, еднаквост и човекови права, заштита на природата и заштита на животните, јавно го креваме својот глас и кажуваме НЕ! на оградата од бодликава жица! Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат.

Сегашната министерка Царовска додека беше на платниот список на „ХЕРА“ за 2014 година инкасирала 823.000 денари, или 1100 евра месечно, додека во 2015 година до месец ноември земала 592.000 денари, за потоа да отиде како специјален советник на техничката министерка во МТСП, Фросина Ташевска Ременски.

Царовска во ХЕРА работела 10 години, од каде според овие парични износи може да се виде дека убаво печалела. Самиот факт што и покрај жестоката реакција на граѓаните Владата со прст не мрднува, доведува до заклучок дека е цврсто решена да ја истурка својата агенда. Граѓаните ја воочија целата игра и испреплетеност на интереси, и навремено реагираа да си ги спасат своите населени места од преплавеност со мигранти. Дали државата ќе стане траен камп за стотици илјади мигранти зависи од граѓаните, кои судејќи по досегашните реакции ќе си ги спасат населените места од планот на Владата.