СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО КРИМИНАЛОТ: Хаос во Скопје – Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк

Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк и сето ова само за нешто повеќе од 24 часа. СДСМ направи коалиција со криминалот и улицата, а Скопје потона во хаос. Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена, а МВР под палката на СДСМ нема никого ниту приведено ниту казнето.

Скопје како Див запад: Пукано од возило во движење во Кисела Вода

Утрово на улица Антон Попов во населба Кисела Вода од страна на непознати сторители од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници излегле на лице место, извршиле увид и подигнале предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбено лице во Градскиот парк во Скопје- му се заканувале со нож

Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.

Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари.

Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.

Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Брутално претепан и ограбен маж кај Жена-парк

Во петокот, во 21:52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од село Могорче-Дебар пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на случајот.

И вооружените напади на банки, станаа секојдневие во Скопје.

Две банки беа ограбени за само две недели, а сторителите се уште се на слобода.

Груевски: Првиот круг помина во недемократска атмосфера со нерегуларности – Изборите не се завршени!

Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања. Во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначаланици. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања со кое се трудеа да влијаат на луѓето и нивната демотивираност, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој посочи дека полицијата била најголем заштитник и поддржувач на овие активности и ставена во партиска функција.

-Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Секако, продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден да нема неоснована кривична пријава за некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот законик. Беше узурпирање на државните ресурси, се вршеше притисок, имавме информации од многу места за поткупување на гласачи во сиот изминат период, а граѓани организирано се превезуваа на гласачките места. Има сериозни индиции и за манипулација со гласачките ливчиња, па така на повеќе места се појавуваат гласачки ливчиња од други општини, што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови, истакна Груевски.

Тој посочи дека дури и медиумите објавувале за однапред заокружени гласачки ливчиња, дел од официјалниот изборен процес.

-За прв пат во историјата на Македонија, полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ во истите автомобили. Сето ова имаше свое влијае на изборниот резултат и овие нешта придонесоа за водство или некаде за победа на СДСМ. За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе преставки и жалби до соодветните органи. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија со голем број на симпатизери, поддржувачи и партиски членови, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакна дека по завршување на изборите ќе следи анализа на истите.

-Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите, вели Груевски.

Трпески: Македонија под водство на СДС, е сведок на едни од најбруталните, најнасилните и најнедемократски избори

Уште колку  луѓе ќе треба да бидат повредени, уште колку луѓе ќе треба да бидат застрелани, пред СДС и Зоран Заев да се свестат дека со притисок,насилие, закана и загрозување на човечки животи не може да ја сменат изборната војла на граѓаните и  нема да можат да го сменат фактот дека  на претстојните локални избори ќе доживеат тотален дебакл, вели Славе Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС најавуваше  одржување фер и демократски  локални избори,но ви изминатите десетина дена изборите се се,само не фер и демократски. Република Македонија под водство на СДС, е сведок на едни од  најбруталните, најнасилните и најнедемократски избори  во нашата понова историјата,почнувајќи од  независност па се до ден денес. Пукање, физички пресметки, злоупотреба на полицијата за изборни цели,закани,искршени штабови,агитирања по членови на изборни комисии се само дел од случувањата кои ја отсликуваат изборната атмосфера која СДС ја создава,поради видната нервоза од  се поочигледниот изборен пораз кој им следи  на претстојните локални избори на 15-ти Октомври. Само во изминатите десетина дена од официјалниот старт на изборната кампања, имаме десетина случаи насилства ,грубо кршење на изборниот законик, вандализам,ставање на државата во корист на партијата и нарушување на  сите демократски начела  во  еден изборниот процес,а институциите никаде ги нема да реагираат и да ги расветлат овие случаи, вели Трпески.

Тој додава дека вчера Европската Комисија, ги повика сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права“.

-Во изминатите 4 месеци СДС е на власт ја киднапира целата државата,го суспендираа правото и демократијата, а полицијата и другите институции ги  направија свој партиски орган за прогон на политичките неистомисленици. Само во првите десетина дена имаме искршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода,искршен штаб  на улица ,,Црвени стени” во Битола и демолиран беше штабот на Демократската партија на србите која е во коалиција  со ВМРО-ДПМНЕ. На кандидатот за градоначалник на Кавадарци,Митко Јанчев  од страна на полицијата му беше вперуван пиштол и беше малтретиран од страна на припадниците на МВР,но досега никој не понесе одговорност за овој настан. Застрелан беше носителот на независната листа во Кичево Алит Абази,кој  во вооружен инцидент тешко беше ранет и е во животна опсност, а воедно ранет беше и  шефот на изборниот штаб  Дестан Абдиу и Шабан Далити,лица кои биле во друштво со политичарите. Од страна на полицијата до денеска не  се соопштени детали кои го направил  овој случај, потенцираше Трпески.

Тој истакна дека пред два дена физички беше нападнат кандидатот за градоначалник  и актуелен градоначалник на Шуто Оризари,Елвис Бајрам,на кој му  беа нанесени тешки телесни повреди  во делот на главата,со метални шипки,боксирачи и дрвени палки.

-Вчера опожарена беше куќата на кандидатот за градоначалник Владо Мисајловски,на ден кога ВМРО-ДПМНЕ требаше да има митинг токму во Општината Ѓорче Петров. Крим полицијата, цел ден не најде за сходно и не излезе на терен да ги испита деталите  за опжарената куќа на кандидатот за градоначалник. СДС ветуваше одвојување на партијата од државата,но единствено што гледаме во изминатиот период е дека Зоран Заев и Оливер Спасовски ја користат  полицијата како главна алатка за пресметка  со политичките опоненти. Злоупотребата на полицијата во изборни цели,стана секојдневие откако СДС е на власт. Полицајците повеќе време посветуваа на партиски задачи ,исполнувајќи партиски агенди,наместо да  ги работат своите професионални задачи. СДС и Оливер Спасовски ја направија МВР своја партиска експозитура, потенцира Трпески.

Тој вели дека уплашени од нискиот рејтинг кој ко имаат помеѓу граѓаните СДС почна политичка хајка против кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во изминатите десетина дена од официјалниот старт на изборната кампања,имаме дури 12 кривични пријави за кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нов изборен ден,нова измислена кривична пријава за кандидатите за градоначалници,надевајќи  со лажни пријави измислени и монтирани случаи ќе оцрнат некого и  полесно ќе дојдат до  изборна победа. Поради флагрантното кршење на изборниот процес од страна  на СДС, поради низата насилни инциденти кои ни се случија во изминатиот  период,поради  пристрасноста и намерното прикривање и учество на МВР во ситео немили настани,го повикуваме Основното јавно обвинителство и  В.Д. Јавниот обвинител сериозно да се позанимаваат и да ги расветлат со сите овие изборни нерегуларности. Ја повикуваме ДИК да постапи согласно Изборниот Законик и да го санкционира политичкото агитирање на претседателите на Општинските изборни комисии во Кисела Вода , Охрид и Кратово Воедно по примерот на Европската Комисија ги повикуваме сите  меѓународни организации кои ги следат изборите,да ги осудат  ваквите изборни инциденти ваквата недомократска атмосфера која СДС ја создава и  во која се одвиваат изборите во Република Македонија. Невозата кај СДС е повеќе од очигледна и видлива,со насилства,притисоци  и закани,волјата на народот нема да ја сменат,новата ера нема да ја сопрат. На 15-ти Октомври СДС убедливо ќе биде поразен.

КРВАВА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА: МВР не презема ништо да го спречи изборното насилство

Крвава кампања полна со прекршувања на законот има Македонија за локалните избори на 15-ти октомври, кандидати за градоначалници доведени во животна опасност, искршени и демолирани штабови и партиски седишта, изборен поткуп на граѓани. Министерството за внатрешни работи, предводено од потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски досега нема расветлено ниту еден случај.

Последниот пример е вчерашното претепување на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Тој заедно со уште едно лице кое било со него бил крвнички претепан со метални и дрвени прачки, објави НетПрес.

Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања.

Околу 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.

Од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание. Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам. Веднаш бил одвезен во скопската градска боница „Осми септември“, каде поради сериозноста на повредите бил хоспотализиран и според тамошните информации е во критична состојба.

Пратеникот Амди Бајрам тврди дека напаѓачите кои вчера попладне го истепале син му Елвис Бајрам, се поврзани со кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

-Пред 4-5 дена местевме банери и тие почнаа со инцидент. Му се јавивме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и му рековме да не правиме провокации, да одиме на фер и демократски избори и подобриот да победи. Тој ни рече дека нема да има привилегирани за оној кој ќе погреши, без разлика дали е од наша страна или од страната каде што е кандидат од СДСМ. Секој според законот ќе биде дали притворен или ќе бидат преземени мерки кон него. Градоначалникот е во кампања и идел од врата на врата. Одеднаш му излегле со секири, со шипки и го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинетот прво бил удрен а потоа и мојот син. Таа фамилија е позната, го држеа „Матекс“ пазарот во Шутка со рекет и со сила. Тие сега се во партијата на СДСМ и кандидатот Курто Дудуш е со нив. Барам министерот да го спроведе тоа што треба, ако нашата страна е крива нека притвори од кај нас. Знаат дека народот е со нас и затоа одат со сила – рече Бајрам.

И лицето кое беше со Елвис Бајрам за време на нападот вели дека во овој инцидент замешани се лица од СДСМ. Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од Коалицијата „За подобра Македонија“, Елвис Бајрам бил нападнат за време на партиски активности во општината со кандидатите за советници, вели Аднан Мемет.

-На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа веќе спремни. Беа спремни со секири, беа спремни со шипки и не нападнаа физички и со боксови.  Ние им објаснувавме таму дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на улиците, односно со граѓаните на Шуто Оризари е по нивна иницијатива. Тие вербално не нападнаа, па откако физички не нападнаа, настана гужва и тоа беше целата работа, изјави Мемет.

Потенцира дека по него и кандидатот за градоначалник бил удиран со боксови, шипка и секира.

-Апелирам до институциите односно до Државната изборна комисија и до Министерството за внатрешни работи да преземат мерки, рече Мемет.

Нагласи дека вчера Елвис Бајрам бил во болница и му правеле испитувања.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди крвавиот инцидент и физичкиот напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Елвис Бајрам. Нападнат е актуелен истовремено и кандидат за градоначалник. Нанесени му се тешки телесни поврди, со тупаници, боксирачи, метални шипки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова претставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Имаме серија на груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кој полицијата и институциите на владата предводена од СДС молчат. Институциите покажуваат недостаток на капaцитет и способност да ги расветлат ваквите настани, додека органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера.Сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и свесноста дека тие ќе доживеат пораз. Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес, стои во партиското соопштение.

Овој инцидент не единствен, за само осум дена од кампањата се случија десетина големи инциденти, во животна опасност беше доведен и носителот на советничка листа во Кичево, Алит Абази.

Покрај тоа искршени беа штабови на партиите, а најчесто на удар се опозициските партии. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а искршен беше и штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На удар беше и опозициската партија во албанскиот блок, БЕСА, во текот на викендов демолиран беше нивниот штаб во Бутел.

Притисок голем се прави и врз кандидатите за градоначалници. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина бил застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со пратеничката на СДСМ од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните. Во Ресен директорката на Центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДСМ, треба да си ги пакуваат куферите.

Грубо прекршување на изборниот законик имаме и во Крушево, каде беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДСМ во градот, секако, барајќи гласови за возврат. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДСМ, што исто така претставува грубо кршење на законот.

Граѓаните чувствуваат разочараност и гнев од неодговорноста на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тие велат дека тој полицијата ја претворил во партиска испостава на СДСМ, која одработува само за потребите на владеачката партија. Експертската јавност е едногласна дека со волку инциденти за време на предизборна кампања, а ниту еден разрешен случај, министерот би требало веднаш да си поднесе оставка.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Од таму велат дека министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДСМ, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.

-Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски: Еден кандидат испукан и во животна опасност, друг претепан, на трет му вперија пиштол во глава, така е кога СДСМ е на власт

Еден кандидат во Кичево испукан и во животна опасност, друг кандидат крвнички претепан во Шуто Оризари, трет кандидат во Кавадарци беше со вперен пиштол во глава. Тоа е СДСМ, ова на својот ФБ профил го објави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој во својот статус додава и дека помладите не памтат, но така е кога СДСМ е на власт.

Стефаноски: Десет индикатори дека криминалот, насилството и полициските местенки на СДСМ ќе продолжат до крајот на изборите

Ова што се случува деновиве е само кулминацијата што предходно имаше подготовка. Верификувани беа десетина индикатори со крупни инциденти, афери и безбедносни пропусти што се случија во предходните сто дена владеење на СДСМ. Изјави за Пулс24 аналитичарот Милан Стефаноски, кој наведува 10 индикатори кои уште сега посочуваат дека периодот до завршувањето на изборите и нема да биде мирен.

1.Вчера имаше вооружена пресметка во Кичево каде што неофицијално ранет е кандидат за градоначалник и неговите соработници.

2.Апсење на Темелко и тврдам дека неговото лишување од слобода е темпирано да се случи кога кампањата е во полн ек, и мислам со вакви апсења и притисоци ќе се продолжи во овој период.

Тоа се методите на СДСМ бидејќи немаат што да понудат, предходно ги имаа бомбите, а денес полугите на власта.

Нема програма, проекти и реална понуда, полна им беше устата предходно кога беа опозиција за новодната злоупотреба на институциите.

И, еве се сега тие на власт и веднаш си ја покажаа намерата.

3.Пред некој ден се случи сериозен инцидент, неофицијално, на кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ му бил вперен пиштол и се случило обид за класично заплашување, одговорност и истрага нема.

Ако вака почнува изборна кампања, а со институциите владе СДСМ, тогаш заклучокот што ќе го извлечеме е дека нас ни престојан згрижувачки изборни денови исполнети со насилство, притисок и слично.

4.Законот за амнестија. Повторно станува збор за политичка одлука за политички пазар на сметка на безбедноста на самиот изборен процес и опасност од преседан ако се има предвид дека изборната кампања ќе стартува за неколку дена. Ова може да ги мотивира сите оние кои на еден или друг начин сакаат да има коруптивен изборен ден, и секако претставува лага затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог-закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго, туку изборна корупција и кокетирање со затворениците пред избори.

5.Ослободување на Агим Красниќи, Бајруш Сејдиу, Велија Рамковски и Зоран Божиновски

-Преку случајот на ослободување на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев, не му е потребна амнестија за ослободување, туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот.

-Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, кој деновиве беше пуштен од затвор поради наводни здравствени проблеми, вечерва од кафеана во Куманово порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола од директорот на Управата за извршување санкции. Привремениот прекин е од медицински причини, кои очигледно немаат допирна точка со реалната здравствена состојба на тутунскиот бос.

6.Изборниот потпук во Теарце, Куманово и Струмица во 2016 остана до денес енигма, имено двајца началници во МВР во Куманово и Струмица беа во спрега со криминалци, едниот беше затекнат како ослободува осомничено лице кое нападна припадник на МВР, а другиот беше жив фатен со изборен материјал во неговиот дом. Началникот од Струмица вчера е виден во првите редови на партиска конвенција на СДСМ, во истиот ден кога Оливер Спасовски изјави дека нема да има мешање на припадници на МВР во избори, кампања и слично.

7.Случувањата во затворот во Идризово, достапните мобилни телефони на осудените за Диво Насеље, кои веќе почнале да агитираат преку социјалните мрежи во контекст на локалните избори и редовно може да се забележи како се величи лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Најистакнат е сепак Зекир Беќири Чауш, кој е осуден за дело кое беше поврзано за фалсификувани документи кои требаат да се користат за време на минатите избори и е најактивен лобист на СДСМ на интернет од ќелијата.

8.Поднесувањето на кривични пријави на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ без основ, СДС реши преку Оливер Спасовски грубо да ја злоупотреби МВР и оваа институција да ја направи алатка за изборни потреби. За ваквата груба злоупотреба на МВР. И, како што претходно реков, МВР се претвори во оружје на СДСМ за изборите и кампањата.

9.Исто така, многу сериозна е и информацијата која беше актуелна во медиумите е и доаѓањето во Македонија на Гафур Адили, член на терористичката организација АНА и е на црната листа на САД. Него, како што пишува во медиумите од македонското МНР добил дозвола за патни исправи и набрзо може да влезе во Македонија. Може да го очекуваме во предизборието.

10.Масовното поставување на непрофесионален и партиски кадар и огромниот оглас за нови вработувања во МВР го трасира патот за можни масовни злоупотреби за денот на изборите и според законите, во доменот на антикорупција, фрла сомнеж за можни изборни корупции.

И, тука има една лицемерна фактичка состојба, првиот човек на МВР да е потпретседател на СДСМ, а не ја пропушта приликата да повтори дека тој ќе го департизира МВР; но не му текнува да тргне од него, а претходниот негов колега, Митко Чавков, не беше член на никакво партиско тело.

И, уште една загрижувачка информација која исто така е нотиран факт, а тоа е дека шеф на изборниот штаб на СДСМ е бившиот директор на УБК, Миле Зечевиќ.

Така што на некој начин веќе почетокот на кампањата е исполитизиран, искриминализиран од веќе познати методи и политики кои СДСМ ги спроведува, секогаш кога е на власт.

Овие десет нотирани факти и десет веќе утврдени индикатори во овие неколку месеци наназад оставаат сомнеж дека СДСМ не е способен да гарантира безбедно секојдневие, а камо ли мирен изборен процес. Овие факти се доказ дека СДСМ и Оливер Спасовски немаат капацитет да изградат соодветен систем за одговор на овие предизвици и немаат желба и волја, туку напротив, тие се во директна спрега со осомничени лица кои би го компромитирале целиот изборен резултат, само да е во корист на СДСМ.

Започна насилното носење на Законот за двојазичност, тензии меѓу Џафери и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Нелегитимно избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери повторно го прекрши деловникот за работа, не дозволи пауза која следува согласно Деловникот кога ќе ја побара координатор на пратеничка група.

Додека координаторот на пратеничка група Илија Димовски упорно бараше пауза, Џафери на шверцерски начин започна со процедура на гласање на дневниот ред. Откако Џафери го одби неговото барање, десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата за време на расправата за предлог-законот за употреба на јазиците.

– Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор, му рече Димовски на Џафери.

Димовски бараше пауза за пратениците од власта сериозно да размислат уште еднаш за повлекување на законот за јазици бидејќи тој е спротивен ан Уставот и надвор од Охридскиот рамковен договор. Талат Џафери многу пати  досега има влезено во конфликт со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои не го признаваат како претседател бидејќи е избран со кршење на деловникот, Уставот и законот за Собрание.

ЏАФЕРИ И СДСМ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ПРОТУРКААТ ЗАКОНОТ СПРОТИВНО НА РЕГУЛАТИВИТЕ

-Сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за двојазичност и за двојазична федерализација на Република Македонија, кој што денеска парламентарното тенко мнозинство на чело со Талат Џафери, спротивно на огормен број деловнички одредби во деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се обидува да го протурка спротивно на праксата и спротивно на регулативите, изјави Димовски.

Прекршен е член 118 став 4, кој што предвидува дека со одлука за основање на работните тела и анкетните комисии се утврдува делокругот  и бројот на членовите на комисиите. Ние имаме одлука со која што како деловник и надлежност на Комисијата за политички систем  и односи меѓу заедниците, меѓу другото е предвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците.

-Оваа Комисија од страна на Џафери не беше прогласена за матична комисија, иако одлуката и Деловникот наложуваат дека тикму оваа комисија да биде матична комисија, спротивно на оваа одлука и споротивно на Деловникот за работа на Собранието, матична комисија беше прогласена Комисијата за европски прашања, која што никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика. Понатаму е прекршен член 135 став 4 , кој што предвидува дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум. Во воведот на овој предлог закон не постои изворен акт, не е наведен изворен акт на ЕУ со полн назив, број и таму поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои, но значајно е што во членот 135 со ова прашања и со неколку други прашања се регулира комплетноста на поднесокот на предлог закон во процедура на Собрание, изјави Димовски.

Тој нагласи дека ова е неопходен услов за да може да се смета дека законот е комплетен и во согласност со Деловник за понатамошна постапка, затоа членот 136 кој што е исто така пркршен, предвидува дека ако предлог на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, а видовме дека не е според член 135 став 4.

-Според законот за нас колегата Џафери пред да го достави до пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од овој деловник, што не е направено. Значи нема никакво барање од страна на Џафери до Владата и до Министерството за правда за усогласување со одредбите на овој деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена што не е направено се смета дека предлогот на законот не е поднесен.  Значи нити е упатено писмо од Џафери до предлагачот за отстранување на недостатокот кој што претходно го кажав ниту пак недостатокот е отстранет. Зошто заради тоа што не посоти правна регулатива во ЕУ како мултилатерален акт со кој што може оваа проблематика да се усогласува. Која е целта на таквото прекршување, целта на таквото прекршување е да се злоупотреби знамето на ЕУ, да се стави на овој закон и целата процедура да иде по брза постапка, односо комисиите во Собранието да имаат само по три дена и во фаза на прво читање и во фаза на разгледување на амандмани, рече Димовски.

Доколку остане ова знаме на ЕУ и доколку има расправа на пример за 50 амандмани во втора фаза, тоа ќе значи дека ако во три дена дискутираме само за 10 амандмани, останатите 40 амандмани воопшто нема да бидат разгледувани.  Исто така прекршени се ченовите 139 и 140 каде што е регулирано дека матичното работно тело треба да да го разгледува и Законодавно-правната комсиија во рамките на три дена, напротив ние вчера видовме дека на седница на  Законодавно-правната комсиија по само еден не цел ден, грубо прекинување со грубо наметнување на гласање. Затоа ние бараме три работи, кој што се однесуваат на суштински и суптилни прашања.

СО ОВОЈ ЗАКОН СЕ ПРЕКРШУВА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР

-Прво, со овој закон очигледно е дека се прекршува и на некој начин се поништува Охридскиот рамковен договор. Ние бараме овој закон целосно да се усогласи со Уставот на Република Македонија и со Охридскиот рамковен договор. Второ, бараме да се отстранат сите процедурални прекршувања кои што се направени свесно. За да може Собранието во една нормална атмосфера, нормална состојба и широка состојба да расправа за прашањата поврзани со овој закон. Би сакал да потенцирам посебно за нашите сограѓани припадници на албанската заедница, дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема намера да бега од дебата за подобрување на употребата на албанскиот јазик во Република Макеоднија, напротив во текот на минатите денови дадовме и конкретни и конструктивни предлози кои што ќе значат навистина директна полза за обичниот наш сограѓанин Албанец. Истото го мислиме и за дебата која што ќе значи и за подобрување на употребата и на другите јазици споменати во нашиот Устав мислејќо на турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, заради тоа што според Уставот на Република Македонија и според Рамковниот договор, Република Македонија е граѓанска држава со унитарен карактер и мултиетничко општество. Ние го почитуваме тоа и сакаме да го надоградуваме со постапки кои што ќе значат подобрување на интеграцијата во општеството. За жал овој закон ќе направи двоен правен систем, овој закон ќе направи двојна држава, овој закон ќе направио фактичка јазична федерализација на Република Македонија што е спротивно на Охридскиот мировен рамковен договор, рече Димовски.

И конечно бараме, рече Димовски, во согласност со член 145 кој што вели „За предлог на закон од поширок интерес  Собранието по општата расправа може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело кое што ќе ја организира јавната дискусија“.

-Бараме Собранието безусловно и без одлагање да ја запре оваа процедура и да закаже јавна расправа на која што политичарите нема да играат дневно политички игри, каде што политичарите нема да го носат главниот збор, нема да се расправаме за процедуралните грешки јас и господинот Џафери, нема да се надмудруваме, надвикуваме и надгласуваме туку ќе поканиме професори по македоснки јазик, македонисти, ќе поканиме професори по албански јазик, албанолози, ќе поканиме професори по турски јазик, босански јазик, српски, ромски, влашки, ќе поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија без разлика на кој јазик се одвива наставата, ќе поканиме професори по компаративно право, ќе поканиме практичари. Овој закон се однесува на сите постапка, се однесува на управна постапка, парнична постапка, граѓанска постапка, извршна постапка, се однесува на сите нотари, се однесува на сите адвокати, се однесува на сите извршители, се однесува на сите подрачни единици на министерствата во Република Македонија, се однесува на сите државни органи на власта, се однесува на сите јавни претпријатија, се однесува на сите здравствени установи, се однесува на сите фондови, агенции и други правни лица кои што обавуваат јавна дејност, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ СИТЕ ЗАКОНСКИ МОЖНОСТИ ЗА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА НОСЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ

-Затоа, ова не е време посебно не пред избори политичарите да се надмудруваат и надгласуваат, ова е време кога треба да покажеме сериозност и да ја прекинеме политичката игра наметната од некое мнозинство и да започнеме реална расправа за проблемите кои што не тиштат или не мачат. Ние признаваме и прифаќаме дека голем процент од нашите собраѓани имаат интерес да се отвори ваква дебата во нашето општество ние нема да бегаме од таква дебата ќе бидеме составен дел од таква дебата и само тоа е гаранција дека ќе дојдеме до разумни решенија кои што ќе значат интеграција на нашето општество. Дозволете ми да најавам дека ќе ги користиме сите возможни уставни, правни, законски и деловнички можности за да се спротиставиме на носење закон кој што нема да донесе ништо добро за Република Македонија туку ќе воспостави двоен правен систем, двојно општество, двојна јазична федерација, изјави Димовски.

Милошоски: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци

По денешниот неуспешен атентат врз Никола Тодоров, Антонио Милошоски преку социјалните мрежи порача: Пред да продолжите со насилството, запаметете добро – ВМРО не се поединци!

-• 11 години не успевате да не’ победите на избори!
• три години удиравте со монтирани “бомби” и ширевте омраза против ВМРО и поттикнувавте “револуционерен” реваншизам!
• Неколку дена по деловничкото насилство и нелегалниот избор на Талат, подметнавте бомба во куќата од моите родители, со намера да убиете!
• еден ден по изборот на Премиерот “за Живот” му испланиравте смрт на колегата Никола Тодоров!

Пред да продолжите со политичкото, институционално и физичко насилство, Запамтете добро – ВМРО не се поединци, ВМРО е народот и затоа преживувало, дејствувало и победувало!
Да живее Македонија !, пишува Милошоски на Фејсбук.

Бомба за Милошоски, куршуми за Тодоров: Црната кампања на СДС ги поттикна насилниците да посегнат по животот на политичките противници

Обид за атентат на поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Никола Тодоров беше извршен денеска во просториите на Министерството за здравство пред да се случи примопредавањето на функцијата. Ова не е прв пат да се посегне по животот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

На 13. мај пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пријавил дека во куќата на неговиот татко во село Ижиште била пронајдена бомба.

-Екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на Татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи, напиша Милошоски по инцидентот на Фејсбук.

Напаѓачот кој денеска се обиде да го убие Тодоров е идентификуван. Се работи за Љупчо Стојановски, 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од страна на полиција.

Иако мотивите за инцидентот засега не се познати, останува прашањето дали по доаѓањето на новата влада чиј претседател е лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се зголемат ваквите инциденти и обиди за убиства и закани кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

ВИДЕО: Еве како пратеници на СДСМ напаѓаа полициски службеници во Собранието

По завршувањето на собраниската седница на која се дебатираше за Предлог-законот за стечајните работници, вечерта на 1-ви јули 2010-та година во Собранието се случи инцидент во кој пратеници од редовите на СДСМ со туркање, притискање и влечење нападнаа полициски службеници од Собранието.

Ситуацијата кулминираше кога опозициските пратеници излегоа да се сретнат со стечајците на влезот од собраниската зграда. Според МВР, инцидентот настанал околу 21 часот кога пратениците Владо Бучковски и Весна Бендевска вербално и физички се обиделе да се пресметаат со полицискиот службеник С.Ж., кој имал задача да го фотодокументира случувањето пред влезот на Собранието каде се собрале околу 20 стечајци.

Бучковски и Бендевска прво вербално го нападнале полицаецот во цивилка со зборовите “кој си ти да не снимаш” и го истуркале во внатрешноста на зградата, попречувајќи го во извршувањето на службените задачи. Внатре им се придружиле и други пратеници кои му се обратиле со погрдни зборови.

Министерството за внатрешни работи тогаш изрази згрозеност од инцидентот кој се случи пред и во зградата на Собранието на Р. Македонија, а во кој вербално и физички беа нападнати и попречени во извршувањето на нивната работа полициски службеници.

-Пратениците немаат овластување да применуваат сила, да влечат, да туркаат, да пцујат и провоцираат, туку демократското и културно однесување наложува секоја поплака да ја пријават, а такво нешто во случајов немавме. Напротив бевме сведоци на анархија и насилство за кое колку и да се трудиме не можеме и не  треба да најдеме оправдување. Во најмала рака е чудно е како, според инволвираните успеале со ограничено движење го бркаат службеникот низ собранискиот хол, да го понижуваат, да го влечат и малтретираат. МВР цени дека за ваков вандализам не може и не смее да се бара никакво оправдување, реагираа тогаш од МВР.

По инцидентот, со реакција излезе и Полицискиот синдикат кој ги осуди случувањата.

– Синдикатот никогаш нема да отстапи од заштитата на полициските службеници кои чесно, совесно и професионално ги извршуваат службените задачи. Најостро го осудуваме инцидентот во Собранието и нападот врз полицискиот службеник, кој беше попречен во извршувањето на неговите задачи. „Инсистираме овој инцидент да биде целосно расчистен и одговорните да сносат соодветни санкции, порачаа од Синдикатот.