ПРАВЕТЕ КРИМИНАЛ, НИЕ ВЕ ШТИТИМЕ: МВР и Спасовски ги „испраа“ невладините организации

Истрагата за невладините организации е завршена затоа што не биле пронајдени нелегални дејности, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– По извршените анализи и консултации со Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР, односно Бирото за јавна безбедност заедно со Управата за финансиска полиција ги затворивме овие истраги бидејќи не постојат никакви докази што можат да ја потврдат основаноста на сомневањата дека нешто е направено. Има поднесено една кривична пријава во СВР Струмица, која се однесува на незначителна сума од прикривање персонален данок, меѓутоа никаква друга организирана нелегална дејност нема од невладините организации во Република Македонија и затоа е затворена оваа истрага – рече Спасовски.

Милион и пол евра префрлени на сметките на шарените и невладините пред изборите

Околу 94.827.136 денари или 1.541.905 евра, државни пари беа префрлени на сметките на невладините организации од 7 август до денес.

На крајот од предизборната кампања, за промоција на политиките на социјалдемократите, само за еден ден, на 26.10.2017 година, невладините зедоа речиси половина милион евра од државниот буџет кој сите ние го полниме.

Покрај парите на фондацијата Сорос, кои изнесуваат околу 4 до 5 милиони евра годишно, невладините се финансирани и од страна на државата во сличен износ, меѓутоа, тие (НВО) бараат уште поголема државна помош, а од Владата одговорија дека ќе има „плодна година“.

Финансирањето на граѓанските организации, вкупно по сите основи од државниот буџет, е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата СОРОС… Мора да се зголеми државното финансирање, за да нема повеќе обвинувања дека невладините се поддржани од странство, бидејќи тие всушност треба да се финансираат од државниот буџет, вклучувајќи ги и критички настроените, изјави Александар Кржаловски од МЦМС.

Со изјава и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

Да се надеваме дека ќе имаме многу успешна буџетска година која ќе ни дозволи тие средства да се покачат, вели Рашковски.

За почеток на владеењето на СДСМ невладините се опарија 10 пати повеќе

Наместо вложувања и реализација на капитални проекти и добра кои ќе обезбедат повеќекратни сегашни и идни користи, парите на и онака аномаличниот буџет ќе продолжат да се трошат на шарени револуционери, невладини организации и на останати непродуктивни проекти.

Колку за споредба, невладините, од државниот буџет, примија 10 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за периодот од 7ми август до денес.

Непродуктивните трошења продолжуваат и по други основи. За стоки и услуги, во погоре опфатениот интервал (07.08. -27.10. годинава) новата Влада потроши повеќе од 125 милиони евра. Државата нема пари за покачување на пензии, за градење на автопати, болници, училишта, итн., но има за ангажирање на шарени активисти и за партизирање на невладиниот сектор.

Македонија беше единствената земја каде што можеше бесплатно да си купиш боја, и плус, ако претходно ги оштетуваше државните објекти, сега ќе си земаш пари од државата.

Србов: Со милионски суми Владата купува гласови за локалните избори (ВИДЕО)

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес, обвинува Никола Србов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Милионските трансакции кои се одвиваат последниве денови отвораат сомнеж дека владата со парите на граѓаните купува гласови во пресрет на локалните избори. За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. На 26-ти септември на сметките на невладините организации се префрлени 16.450.000 денари. Утредента, на 27-ми септември на сметките на невладините организации се префрлени 13.210.000 денари. Претходно, во периодот откако се распишаа локалните избори, на сметките на невладините организации беа префрлени вкупно 26.125.000 денари. Со најновите трансакции, невладините организации кои учествуваа во т.н. шарена револуција и кои по насилен пат ја уриваа легално избраната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од парите на граѓаните добиле вкупно 55.785.000 денари. Владата има обврска да им соопшти на граѓаните каде се трошат нивните пари. Преплетеноста на работата на невладините организации со партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз, носи до заклучокот дека сега Социјалдемократскиот сојуз си ја финансира својата кампања и поткупува гласачи со пари на граѓаните, порача Србов.

Тој потенцираше дека ваквото самоволие, беззаконие и злоупотреба на парите на граѓаните ќе заврши на 15-ти октомври.

Мила Царовска 10 години земала по 1.100 евра месечно од НВО ХЕРА која бараше рушење на оградата на границата и давање азил и државјанство на мигрантите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска 10 години работела во Невладината организација ХЕРА, која беше потписник на отвореното писмо до Владата во кое се бараше да се сруши оградата на јужната граница и на мигрантите и бегалците да им се даде азил и државјанство.

Царовска од ХЕРА добила 1.415.105 денари или околу 23.000 евра. Само во 2014 година добила 823.000 денари, односно 1.100 евра била месечната плата на Царовска во невладината организација.

Во 2015 година пак, добила 592.000 денари, а работниот однос и траел до 16.11.2015 година, бидејќи тогаш станува специјален советник на техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Царовска во ХЕРА работела 10 години, од каде според овие парични износи може да се виде дека убаво печалела.

Во отвореното писмо потпишано од низа соросови организации во земјава бараа да се отстрани бодликавата ограда од границата и мигрантите непречено да можат да влегуваат во земјава.

-Ние, борците за слобода, еднаквост и човекови права, заштита на природата и заштита на животните, јавно го креваме својот глас и кажуваме НЕ! на оградата од бодликава жица! Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат, стоеше во отвореното писмо на 16 НВО организации меѓу кои и ХЕРА, на која координатор беше Царовска.

Отвореното писмо е потпишано од: Младинска организација „Мугра”, Здружение Студентска организација ИЗЛЕЗ Скопје, „Анима Мунди“ здружение за заштита на животни „Глас за животните“, здружение за заштита на животни од Велес „Animal World”, здружение за заштита на животни од Струга „Ејнџелкетс“, прифатилиште за мачки Скопје „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Здужение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје „Чист Охрид“, неформална еколошка организација од Охрид „Легис“, асоцијација за промоција и одржување на културни и спиритуални вредности „Плоштад Слобода“ – Скопје, Здружение за уметност, теорија и активизам „Субверзивен Фронт“, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ Активистите од „Автономниот Културно Социјален Центар“ Работна група „Солидарност за мобилност“ на Левичарското движење „Солидарност“.

Инаку, Невладината ХЕРА исто така е финансирана од Соросовата фондација „Отворено општество“.

Стратегијата за мигранти ја демантира Царовска, документот предвидува најмалку 100 згради за мигрантите целосно покриени од Буџетот на РМ

Документот од Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027, ја демантираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска изјави дека во Македонија нема да се градат згради за бегалци.

Во самата стратегија која е предложена од Владата на СДСМ и Зоран Заев и Министерството на Царовска стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.

Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

Од општините се бара  „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува а биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.

Царовска, минатиот месец истакна дека Министерството и Владата целосно стојат зад овој документ.

Денеска Царовска изјави дека нема да се градат социјални станови за мигранти и бегалци, но самата нацрт-стратегија ја демантира.

СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ: Заев и Царовска масовно ќе доселат мигранти во Македонија, ќе им даваат државјанства, вработување, станови и куќи

Владата на Зоран Заев преку министерката Мила Царовска подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години.

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

Стратешките препораки вклучуваат: Подобрување на пристапот до стекнување државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција, Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција, Намалување на честотата на ревидирање на поддршката за одржливост на процесот на интеграција, Проширување на поддршката за интеграција на бегалците кои стекнале државјанство или дозвола за привремен и постојан престој, се вели во Стратегијата.

 

ПЛАТИЛЕ 537.000 ЕВРА: Еве како СДСМ преку соросови НВО купуваше ромски гласови во Делчево

НВО КХАМ Делчево пред изборите помеѓу ромското население делеле пакети за имунизација, пакетите ги делела лично Мира Стојчевска, претседателка на ОО СДСМ Делчево и кандидат за пратеник, пишува на својот Фејсбук профил Никола Србов.

-Непосредно пред денот на изборите во сите домови кај Ромите влегла Мира заедно со претставници од НВО КХАМ, се претпоставува дека делела и кеш. Од 600 ромски гласачи на овие избори 400 гласале за СДСМ, а вообичаено гласале за ВМРО ДПМНЕ. На денот на изборите во дворот на гласачкото место стоеле претставници од КХАМ со цел да им укажат на Ромите кои доаѓале да гласаат за кого треба да гласаат. Нека кажува Пирова од Хелсиншки за правата на Ромите. Од ФООМ на сметката на КХАМ Делчево легнале 537.000 евра, пишува Србов.

Србов: ОЈО веднаш да покрене истрага, СДСМ годишно само од еден извор од НВО добивала по 2 милиони евра за кампања

Од 2012 до 2016 година, „Фондацијата отворено општество Македонија“ склучила соработка со 70 невладини организации во Македонија. Овие невладини организации заедно со СДСМ направија коалиција „Граѓаните за Македонија“ која работеше на предизборната кампања на СДСМ, пишува на Фејсбук аналитичарот Никола Србов.

ОЈО веднаш да си покрене истрага. Не може организации од САД да водат истрага за сите овие НВО а ние да не водиме истрага.

Од 2012 до 2016 година, „Фондацијата отворено општество Македонија“ склучила соработка со 70 невладини организации во Македонија. Овие невладини организации заедно со СДСМ направија коалиција „Граѓаните за Македонија“ која работеше на предизборната кампања на СДСМ. Ова е само еден дел од средствата префрлени во организации ќерки на ФООМ која 4 години го добива целиот буџет од УСАИД наменет за НВО.

Во 2012 година ФООМ кон 52 невладини организации исплатила 61.500.000 денари
Во 2013 година ФООМ кон 63 невладини организации исплатила 128.000.000 денари
Во 2014 година ФООМ кон 52 невладини организации исплатила 104.000.000 денари
Во 2015 година ФООМ кон 59 невладини организации исплатила 124.500.000 денари
Во 2016 година ФООМ кон 65 невладини организации исплатила 115.500.000 денари
Годишно СДСМ, само од еден извор, добивала по 2 милиони евра за кампања.

srbov

Преку кои канали влегуваат црните пари во Македонија: СОС побара истрага за работењето на невладините организации

„Глобалната иницијатива С.О.С.“ (Стоп операција Сорос) денеска на прес-конференција побара институциите да испитаат дали граѓанските организации и фондации во државата работеле согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија.

Ова барање се однесува на сите невладини организации, без исклучок. Политичкиот аналитичар и историчар Никола Србов потенцира дека Република Македонија се наоѓа пред сериозен предизвик и тест за нејзината целовитост и унитарност.

-За жал, постојат индиции дека еден дел од граѓанскиот сектор директно учествувал во поделбата на општеството. Неколкугодишниот напад врз институциите на државата, но и врз неистомислениците, доведе до сериозни судири во општеството, рече Србов.

Тој појасни дека бараат институциите да проверат дали организациите придонеле за разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, дали организациите работеле во насока на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, дали поттикнувале и повикувале на воена агресија и интервенција од трети земји, дали ги повредувале правата и слободите на други лица, граѓани на Република Македонија.

-Дали невладини организации во Република Македонија имале мешање или влијание во управувањето од трети лица во земјава и од странство? Дали постојат невладини организации во Република Македонија кои се зависни финансиски материјално или биле уценети со што делувале и надвор од нивната програма и статут, а спротивно на уставот и законите на Република Македонија, праша Србов.

Од институциите на државата, како што рече, бараме да проверат дали организациите на директен или индиректен начин финансирале политички субјекти во државата, дали инфраструктурата, кадарот и ресурсите на организациите биле користени во полза на политичка партија, дали дејствувањето на организациите влијаело врз изборниот процес во државата, дали организациите биле вклучени во предизборната кампања на некоја политичка партија и дали на директен или индиректен начин го насочувале јавното мислење кон одредена политичка партија?

„Глобалната иницијатива С.О.С.“ (Стоп операција Сорос) прашува дали странските фондации во Македонија работеле законски, во однос на плати и придонеси за вработените, како биле финансирани, дали биле користени за внес на црни пари во државата, дали биле вмешани во политичкиот живот и дали поттикнувале насилство и нетрпение во општеството со што би ја загрозиле безбедноста на граѓаните.

Тие од институциите на Република Македонија бараат да проверат дали средствата кои се влевале во организациите биле користени за целите врз кои тие се основани, дали средствата биле користени над личните интереси или во лукративни цели, дали со добиените средства врз основ на проекти биле исплаќани активисти кои се или биле вклучени во партиски активности или настани кои се противзаконски, противуставни, активности кои поттикнувале насилство, дискриминација, прекршувале човекови права и слободи и активности кои воделе кон насилно уривање на уставниот поредок.

ОФАНЗИВА ПРОТИВ МАФИЈАТА: Унгарија тргнува со закони против октоподот на Сорос

Унгарската држава тргнува со закони против октоподот на американскиот милијардер Џорџ Сорос. НВО мафијата ќе треба да ги објави изворите, сумите и целта на финансиранјето од странство.

Медиумската куќа „Брајтбарт“ на главниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон ги најави новите закони во Унгарија со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.

Унгарската владејачка партија до законодавството ќе предложи легислативи преку кои ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, висината на паричните средства кои ги добиваат, како и целта на финансирањето, пишува „Брајтбарт“.

Лајош Коса од конзервативната партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот изјави дека намерата е да се расветли начинот на финансирање на групи од странски извори, кои се обидуваат да влијаат во Унгарија. Коса рече дека Нацрт законот ќе биде поднесен до парламентот следниот месец.

Унгарскиот премиер Орбан постојано ги критикува невладините организации финансирани целосно или делумно од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како “странски агенти” кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници. Локалната канцеларија на „Транспаренси Интернешнл“, Унгарската унија за граѓански слободи и унгарскиот Хелсиншки комитет се посочени од страна на Владата на Орбан.

Србов: Паничен обид на соросовите НВО да го затскријат незаконското, пристрасно и партиско работење

Реакцијата и заканата упатена кон движењето „Стоп операција Сорос“, и нејзините активисти, од страна на невладините организации кои се финансирани од Сорос, која се должи на наводни клевети за нивната поврзаност со политичката партија СДСМ, е само паничен обид да се затскрие нивното незконско, пристрасно и партиско работење, вели аналитичарот Никола Србов од Движењето „Стоп Операција Сорос“.

Србов вели дека на прес конференција, одржана на 8 мај 2015 година, од страна на Стево Пендаровски како офцијално претставник на СДСМ, беше објавено дека СДСМ со 70 невладини организации, помеѓу кои се наоѓаат сите невладини организации кои беа посочени од страна на С.О.С. за нивна поврзаност со СДСМ, влегува во коалиција под името „Граѓаните за Македонија“.

Во коалицијата „Граѓаните за Македонија“ влегуваат, СДСМ и невладините организации: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.

-За најавениот протест на СДСМ заедно со невладините на Сорос кој се одржа на 17 мај 2015 година, Марјан Забрчанец од Младински образовен форум изјави „Нашата заедничка акција која ќе започне со масовен гласен и ненасилен граѓански протест ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на РМ и ќе трае до дефинитивниот пад на власта“. *Објавено на 14 мај 2015 година на веб порталот „Плусинфо“. Истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос, а се закануваат на секој кој ќе постави јавно прашање за нивното работење, учествуваа и во т.н. „Камп на слободата“ организиран од страна на СДСМ пред Владата на Република Македонија, вели Србов.

fokus
Тој додава дека истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос заедно со СДСМ, ја организираа т.н. „шарена револуција“ на која беа физички напаѓани и тепани припадниците на МВР и беа нанесени огромни финансиски штети на даночните обврзници на Република Македонија.
reporter

-На овие протести го гледавме раководството на СДСМ предводено од Заев како маваат со боја по јавни објекти, мостови и споменици. За ова пристрасно и партиско работење на невладините кои се финансираат од Сорос, да биде уште поизразено, во предизборниот период во 2016 година, платформата на „Граѓаните за Македонија“ се преименува во „Ние одлучуваме“ – акција преку која невладините организации финансирани од Сорос јавно спроведуваа политичка кампања посочувајќи им на граѓаните за која политичка партија да гласаат, попрецизно, да гласаат за СДСМ, смета Србов.

Тој прашува дали е ова вистински граѓански активизам и граѓанско општество за кое зборуваат невладините организации финансирани од Сорос? Дали на овој начин, капацитетите, инфраструктурата и финансиите на невладините организации на Сорос беа ставени на располагање на СДСМ? и Дали на овој начин била незаконски финансирана кампањата на СДСМ со огромни суми парични средства кои се влевале од надвор?

Од што се исплашија невладините на Сорос во Македонија?

Само граѓанските организации кои се финансирани од Сорос, барањето за отчетност го гледаат како закана и напад врз граѓанското општество. Веднаш по прес конференцијата која ја одржавме на 4 февруари 2017 година, а на која јавно соопштивме која организација колку пари земала од Фондацијата „Отворено општество“, засегнатите решија да го „бранат“ граѓанското општество преку лавина од тужби кон нас. Од таму велат, ние кои прашуваме сме „напаѓале“, а тие кои тужат и се закануваат го „бранеле“ секторот од нас. Граѓански организации ќе бранат граѓански сектор од граѓанска организација. Ова говори доволно во каква бездна е паднат граѓанскиот сектор во Република Македонија кој 25 години го контролираат и го водат едни исти луѓе и нивните послушници.

Одржаната прес конференција на неколку невладини организации кои се под капата на ФООМ, поднесените тужби и закани, се експлицитен доказ за монополот кои овие организации го држат во граѓанскиот сектор. Овие луѓе себеси се гледаат како избрани од Бога дека само тие, и никој друг, имаат право да раководат со граѓанскиот сектор. Секој кој ќе побара отчетност го квалификуваат како експонент на ВМРО кој го напаѓа граѓанското општество во кое нема место за различни ставови и мислења.

На прес конференцијата, на која сите невладини организации на Сорос и објавија војна на една организација – „Стоп операција Сорос“, се истите оние организации чии активисти нанесоа огромна финансиска штета на државата преку дивеењето по улиците и руинирањето на фасадите и плоштадите низ Скопје. Јавноста треба да знае дека, уништените фасади се санираат со средствата од даночните обврзници на Република Македонија, поточно, со средствата од сите нас кои живееме во оваа држава. Фасадите нема да бидат обновени со парични средства на Сорос, туку напротив, Сорос дава пари на неговите активисти кои за возврат прават огромна материјална штета која потоа ние граѓаните на Република Македонија ја санираме со наши парични средства.

На прес конференцијата зборот волонтерство се спомна десетина пати, можеби јас не сум запознаен доволно, но она колку што мене ми е познато, волонтерство не подразбира милионски суми на сметка. Го кренаа гласот демантирајќи дека се координирани од еден центар и притоа изнесоа имиња на европски фондови и држави од каде дополнително добивале финансиски средства. Ова може да им помине само кај нивните активисти, но вистината е спротивна од нивното тврдење, заеднички именител на сите тие организации е Фондацијата „Отворено општество“ Македонија на Џорџ Сорос.

На крајот, се отвара  и уште една дилема, можеби и најважната.

Откако на прес конференцијата, одржана на 27 јануари 2017 година, најавивме дека, податоците кои се јавно достапни и кои укажуваат на партизираност на невладините организации, ќе бидат доставени до Вашингтон, невладините на Сорос најавија наводна „одбрана“ на граѓанското општество а на истата прес конференција не беа спомнати поединечно, но ете, се пронашле. Овој напад кон нас доаѓа откако Амбасадата во Скопје беше прозвана од конгресмени дека не соработува со нивната истрага за начинот на кој биле делени парите на УСАИД за невладини организации. Тука се отвара дилемата. Дали координираната акција на невладините организации на Џорџ Сорос во Република Македонија има за цел да ја попречи истрагата која ја покренува американскиот Конгрес за работата на американската амбасада во Република Македонија и амбасадорот Џес Бејли? Дали ова е начинот на кој амбасадата во Скопје се обидува да ги прикрие трагите и да ги уплаши активистите на „Стоп операција Сорос“ кои започнаа да алармираат во Вашингтон за злоупотребата што беше вршена со парите на даночните обврзници во САД?

Американската Амбасада во минатото постојано зборуваше за отчетност при располагањето со државните пари на Република Македонија, но откако самата амбасада се најде под истрага за начинот на кој ги трошела американските државни пари веднаш започнаа да пристигнуваат закани и тужби до нас.

(Колумна на Никола Србов)