ЗАЕВ ГИ ИЗЛАЖА МЛАДИТЕ: Владата на СДСМ не реализирала ниту еден проект за младите

По преземањето на власта, Зоран Заев и СДСМ ги извисија младите иако во предизборната кампања им ветуваа мед и млеко.

Но, засега Владата на СДСМ не покажа никаков интерес за младите и за нивните проблеми.

Во овие четири и пол месеци од доаѓањето на Заев на премиерската функција не е реализиран ниту еден проект кој би можел да ги подобри условите за живот на младите.

Тоа доведе и до масовно иселување на младата популација, па така во овој период се иселија 31.170 млади на возраст од 18 до 37 години. Најголемиот дел од нив се од Струмица, Куманово, а има и од Скопје.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

-Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години пак премиерот Заев, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.

-Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што ги излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.

-Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.

Од сите овие ветувања денес може да се забележи само игнорирањето на младите, кои како да не постојат за СДСМ и Владата на Зоран Заев.

Груевски: Заев не е загрижен за развојот и напредокот на општините, нема визија, капацитет и способност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Струмица пред присутните граѓани истакна дека остануваат уште само неколку дена и мигот на одлучување од кој ќе зависи по кој пат Македонија ќе тргне.

Тој на граѓаните им порача дека нивната одлука е многу важна и конечна бидејќи тие го имаат последниот збор.

-Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и села и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ. Нашата љубов е заедничка со нашата земја. Ние сме партија на граѓаните на Македонија и ние сме гаранција за силна Македонија, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во изминатиот период од пет месеци се видела катастрофалната економска политика од владата.

-Имаме преполовени капитални инвестиции од буџетот што влијае на пад на економијата. Индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне. Странски инвеститори кои планираат да си заминат, а нови нема. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат. Пензии чие зголемување е укинато. Ова е сликата за денес. Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си се делат на луѓето од власта. Ветуваат воздух и живот, ама така апстракно, несуштински, ветар и магла. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава, посочи Груевски.

Тој ги повика сограѓаните, оние кои гласаат за СДСМ за се придружат кон напорите на ВМРО-ДПМНЕ, да се обединат за посилна Македонија.

-Лицето кое ја води СДСМ не вреди, заслужувате подобро. Вие заслужувате подобро. Затоа што овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста, не е загрижен за развојот и напредокот на нашите градови и општини, за обезбедување на среќата и спокојството на вашите семејства. Погледнете дека тој не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените, ги нема во својата агенда. Тој нема љубов кон знамето и татковината. Ова првенствено се должи на неговата единствена агенда: Груевски. Тој за мене зборува 24 часа на ден. Зошто? Затоа што многу добро знае дека нема капацитет и способност да преземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што ние досега сме го направиле. Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија, вели Груевски.

Тој истакна дека капацитетот на Зоран Заев неговата визија, не се доволни да го направат она што ВМРО-ДПМНЕ може да го направи.

-Не може да ја сокријат вистината, нивната неспособноста, недостатокот на визија, недостатокот на соништа, реалните проекти и работата. Изгледа дека нема да има лице и храброст да научи, но ајде ние да го научиме. Тој само парадира секојдневно како да е карневал во Струмица. Тој е празен човек, празен човек. Тој не може да постигне ништо. Но, тој заслужува добра лекција, вели Груевски.