Ефтов: Поради слаб изборен резултат Заев масовно ќе апси за да испровоцира немири и протести со што ќе изнуди широка влада

Новинарот и аналитичар, Васко Ефтов на својот Фејсбук профил објави дека од Заев и СДСМ се очекуваат масовни апсења пред изборите, а уште повеќе доколку ги изгубват изборите, за да предизвикаат немири и протести со што ќе изнудат широка влада.

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Ако ВМРО освои еден глас повеќе на изборите можат да се очекуваат масовни апсења од страна на Заев и СДСМ. Ако ги изгуби изборите, со макар еден глас помалку, Заев ќе мора да апси за да им покаже на сите, а најмногу на членовите на СДСМ дека е се уште силен и ја држи цврсто власта во свои раце! И како второ, со масовни апсења Заев во секое време ќе може да провоцира немири и протести и тоа да го искористи (како една од можностите) за формирање на широка влада“, напиша Ефтов.

Тој исто така додаде дека „Апсења се можни и пред изборите, но масовни ќе бидат само во случај на неповолен изборен резултат за Заев“

Vasko-Eftov-SDSM-apsenje-izbori

НЕКА НЕ СИ ИГРААТ СО ОГАН: Чичаковски и СДСМ ќе носат лична и историска одговорност ако ситуацијата ескалира

Откако не успеа планот А да се фалсификува пораз на ВМРО-ДПМНЕ преку пребројување, Чичаковски му купи време на Заев и албанските партнери да детектираат во кои избирачки места треба да поднесат приговори за да се направи пазар и при прегласување да се одземе 1 или 2 мандати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на маса да се украде победата на волјата на 456.000 граѓани на Македонија кои масовно застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Македонија.

Ако Чичаковски ја изврши задачата од Заев и партнерите и ситуацијата ескалира тој заедно со неговите сопартијци од СДСМ ќе сносат лична историска одговорност.

Претседателот на ДИК, вчера ненадејно ја напушти Државната комисија и од 12 часот на пладне го снема, буквално како да „пропадна во земја“ и беше отсутен до околу 20 часот.

На 26 часа откако беа затворени гласачките кутии, ДИК конечно ги соопшти изборните резултати. Сепак, останува нејасно, каде беше и што правеше Чичаковски во период од 8 часа?

Купуваше ли време за СДСМ?

Дали Чичаковски ја договараше и заедно со членови на СДСМ ја планираше стратегијата која се спроведува сега?

DIK-SDSM DIK-SDSM-1

За потсетување, на почетокот на септември, Чичаковски беше забележан на средба со Љупчо Николовски, тогашен дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.

НЕИЗБЕЖЕН ПОРАЗ И НЕМИРИ: СДСМ планира немири по изборите затоа го бара МВР

Зошто СДСМ инстистира да имаат нивни министер за внатрешни работи пред и по предвремените парламентарни избори, иако и во договорот од Пржино и во Изборниот законик стои дека привремениот министер има мандат кој завршува со денот на изборите. СДСМ планира немири и насилства по изборниот ден, и затоа им е многу важно тие денови да ја контролираат политиката која како наместо пречка, би била олеснување за насилниците и демонстрантите, затоа им треба да го водат МВР и после изборниот ден

Без договор заврши и вчерашната средба помеѓу претставниците на четирите партии, а веќе денес се очекува тие повторно да седнат на заедничка маса. Со забетонирани ставови околу спорните прашања, тие денес ќе направат уште еден обид да најдат излез од кризата. Вчерашните разговори за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која ќе ги спроведува изборите траеја два часа.

Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шекеринска од СДСМ ги повторија веќе изнесените ставови во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но не сакаа да соопштаат кои се новите идеи што произлегле на средбата во понеделникот, според тврдењата на амбасадорот на САД, Џес Бејли. Нејасно е зошто СДСМ инстистира да имаат нивни министер за внатрешни работи и по предвремените парламентарни избори, иако и во договорот од Пржино и во изборниот законик стои дека привремениот министер има мандат кој завршува со денот на изборите. СДСМ планира немири и насилства по изборниот ден, и затоа им е многу важно тие денови да ја контролираат политиката која како наместо пречка, би била олеснување за насилниците и демонстрантите, затоа им треба да го водат МВР и после изборниот ден.

СДСМ не прави никаков исчекор кон договор

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во меѓупартиските разговори Никола Тодоров пред вчерашните разговори ги повтори ставовите на неговата партија во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и завршување на мандатот на техничката влада. Според Тодоров, со тоа што СДСМ не ги прифаќа нивните предлози или принципи, како што кажа, очигледно е дека се подготвува за пораз на уште едни избори. Во изминатиот период, посочи тој, ВМРО-ДПМНЕ беше таа која постојано даваше нови предлози со цел да се доближат ставовите и да се најде решение.
– Она што го гледаме е дека ВМРО-ДПМНЕ постојано се доближува до ставот на СДСМ, а СДСМ не прави никаков исчекор кон договор И покрај тоа, ние даваме нови предлози со цел да се дојде до договор и да заврши агонијата во која СДСМ ја втурна Македонија, рече тој.

Генерално, рече Тодоров, се разговара за две работи и тоа по завршувањето на изборите да заврши и т.н. пржинска влада и да не може да се прават масовни партиски чистки и злоупотреби во МВР за време на стоте дена од мандатот на пржинската влада.

– Во однос на првото прашање, нашиот предлог е многу рационален. Доколку СДСМ победи на наредните избори, нема потреба нивните министри и заменици да отстапат од позициите, доколку загуби потребно е да отстапат. Како што кажав, доколку се сигурни дека ќе победат ќе го прифатат тоа, нема што да изгубат. Но, доколку загубат ќе треба да отстапат, што е и чесно. Во демократијата граѓаните одлучуваат кој ќе ја води државата и само граѓаните, никој друг. Тие најверојатно сакаат да си ја продолжат функцијата 40 до 50 дена по секоја цена, изјави Тодоров.Во

однос на партизацијата на МВР, вели Тодоров, веќе не станува збор за хипотетичка ситуација. – Овде зборуваме за можност од повторување на истата ситуација која ја имавме претходно, односно да се повтори она што веќе го направија. Сакаме да превенираме тоа да не се повтори (партиска чистка). Како што кажав, ветуваа додека се разговараше пред да се случи овој договор пред една година дека нема да има масовни смени и дека тие не се во МВР за да владеат, туку да го контролираат МВР за да не биде злоупотребено во политички цели. Го прифативме тоа, но она што се случи е тотално спротивно. СДСМ целосно го злоупотреби МВР за партиски цели со таа невидена чистка, со промена на околу 400 лица тие покажаа каков е нивниот стил на владеење. Тие опстоија на ставот на Заев кажан пред една година дека кога ќе дојдат на власт ќе сменат се, од чистачка до министер, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тодоров вели дека е оптимист и дека во овој процес ВМРО-ДПМНЕ влегло со позитивна мисла во овој процес. – Сакаме оваа криза и овој процес да заврши. Предолго трае агонијата во која СДСМ ја втурна земјата.

Груби: Разликите се минимални, блиску сме до договор

Разговорите се одвиваат во многу позитивна и конструктивна атмосфера и стигнати сме многу блиску до договор, изјави вчера Артан Груби од ДУИ.

– Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска што ќе значи единствен можен датум за одржување избори годинава е 11 декември, затоа што сите други датуми се невозможни за одржување на избори. Се надевам дека посебно двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се надминат себеси затоа што разликите се минимални, рече Груби.

Според него, деновиве може да се постигне договор за двете отворени прашања – за надлежностите на министерот за внатрешни работи и за мандатот на техничката влада.

Странците инсистираат – избори до крајот на годинава

Амбасадорите на САД и на ЕУ што се вклучени во преговорите вршат притисок изборите по секоја цена да се одржат до крајот на годината, објавуваат медиумите, повикувајќи се на дипломатски избори. Тие бараат конечна разрешница на политичката криза, која трае речиси две години, и одредување датум за избори.

Преговорите што се водат помеѓу работните групи повторно се западнати во ќор-сокак поради неразумните барања на СДСМ и единствениот кој верува во брзо решение е амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој сега е домаќин на работните групи.

Тој синоќа дури и спомена дека интересна идеја има на маса, но не сакаше да открие за што станува збор.

Објаснувањето на странците зошто треба да се побрза со договор е дека веројатно повторно ќе треба да се прават измени на Изборниот законик, како и на некои други закони, а сето тоа мора да помине во Собранието, пред пратениците да заминат на летен одмор.

Сценарио на СДСМ и ДУИ: Мендух Тачи повика граѓаните да не паѓаат на провокациите на Али Ахмети

„Бутел е наш, се гледаме во 17 часот на стадионот на Шкупи“, напиша на Фејсбук пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Artan-Grubi-FB-protesti

Протестот на ДУИ доаѓа како реакција на поставувањето камен-темелник на крст кај кружниот тек во Бутел. Денеска на прес-конференција градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, нагласи дека ваквата одлука имала единствена цел – преку инструментализација на верата за политички цели да провоцира и да произведе етнички тензии и етнички судири во Македонија.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, им порача на граѓаните да не паѓаат на овие провокации.

– Мислам дека тоа е веќе видена игра на двајцата партнери – секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука, на пример, да донесат одлука албанското знаме да се употреби во парламентот, а не на улица – рече Тачи.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со закани го тера членството на насилен протест, така не се доаѓа на власт

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на притисоците кои членови и активисти на СДСМ ги прават кон граѓаните кои не сакаат и одбиваат да учествуваат на најавениот насилен протест на опозицијата во Скопје.

-До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа информации дека поранешни директори и функционери на СДСМ по список се закануваат на сите вработени во државната и јавна администрација, посебно до оние кои се вработени во периодот на владеење на нивната партија, дека доколку не се појават на насилните протести на СДСМ, ќе бидат избркани од работа веднаш после доаѓањето на СДСМ на власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека нема да дозволи со закани, насилство, притисоци и уцени да се спроведува погубното сценарио за Македонија. Им упатуваме јасна порака на сите граѓани кои добиле вакви и слични закани воопшто да не се грижат. Ниту СДСМ ќе дојде на власт, ниту нивните членови ќе може да си ги остварат заканите. Како и многу пати до сега, ќе бидат збунети и попарени од фактот дека за нивната политика граѓаните на Македонија не даваат поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ води евиденција за сите вакви случаи и ќе побара од државните институции да постапат како по предмети за нарушување на основните човекови политички права- пишува во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

СДСМ спроведува сценарио со партиски немири, а не граѓански протести

Бројни функционери на опозицијата, нивните гласноговорници, платеници на СОРОС и активисти кои протестираат за се во име на СДСМ, вечерва се собраа пред зградата на македонската Влада и протестираат.
danevaa

Протестот кој сакаат да го прикажат за граѓански впрочем е партиски, по претходен повик и организација на општинските организации на СДСМ од Центар се вадат безмалку истите луѓе на протест пред Владата како и на сите претходни протести.  На порталите на СОРОС како Плусинфо веднаш по пресот на Заев се појави банер со најава за протестот пред влада, за чија изработка претходно се потребни повеќе часа.

Во однапред договорената стратегија очигледно влегува и интервјуто на братот на Мартин Нешковски за порталот Нова ТВ со Борјан Јовановски, кое беше веднаш објавено по завршувањето на прес-конференцијата на Заев, а за кое не се исклучува можноста таквото интервју однапред да е снимано и однапред планирано. Дополнително, бомбата на Заев новинарите на СОРОС  ја најавуваа уште од претходниот ден.

На партискиот собир демонстрантите по секоја цена сакаат да изнудат инциденти и судир со полицијата, која ја каменуваат и напаѓаат брутално,  уништувајќи државен имот.

Црвенковски повторно ќе застане на линијата на отпорот

Поранешниот премиер, шеф на државата и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, денеска со отворено писмо до јавноста му даде отворена поддршка на неговиот наследник како лидер на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, за објавувањето на „бомбите“ и вели дека „оваа власт не се урива со опозиција, туку со народ“.

„На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку ‘Вистината за Македонија’ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за нечии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува“, пишува Црвенковски.

Според него, осознавањето на вистината „за карактерот на овој режим не е доволно тој режим“ да падне, „ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес-конфренции и лајкови на фејсбук“, туку “ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции може да биде поразена само од народ и со народ“.

За тоа да се случи, Црвенковски вели, треба да се направат неколку неопходни чекори.

„Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност“, пишува Црвенковски во писмото.

Според него, погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада.

„Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија“, пишува Црвенковски.

Поранешниот претседател на СДСМ смета дек приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само што не се случила па уште и се лицитира кој на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни.

„По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни, но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски“, пишува Цренковски.

„Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: ‘ние Македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме’. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба“, додава Црвенковски.

Смета дека на Македонија во битката против „овој злосторнички и тоталитарен режим“ и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално “сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес“.

„Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многупати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача.Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат“, пишува Црвенковски.

„Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин како и на 24-ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови!И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на ‘отпорот’ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана. Сосема на крај. Денес е 20-ти април. Ја користам оваа прилика на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата!“, завршува Црвенковски.

Тој, на почетокот од писмото објаснува дека во периодот на молк не бил ниту болен, ниту бил изложен на сериозни уцени и закани, па дури и дека не му е повредена суетата, а најмалку дека не му е грижа ниту за народот ниту за државата.

Извор: Макфакс

За да урнете власт не соработувајте со странци и не заговарајте насилства

Македонија, за разлика од Србија, Украина, Египет… е една од земјите каде што теоријата на Џин Шарп нема успешна реализација на терен, пред сѐ, поради лошо испланираното сценарио на странските агентури и поради немањето минимум капацитет кај опозициското раководство, вклучувајќи ги и Соросовите инсталации да го спроведат планот што им е сервиран на тацна, во кој прецизно се означени целите кон кои треба да дејствуваат.

Делото на Џин Шарп со наслов „Од диктатура до демократија“, изворно објавено во далечната 1993 година, а кое до сега имало четири реизданија, е еден од „учебниците“ за спроведување револуции, кои Сорос и Заев ги користат за едуцирање на членовите отпорот, кои ја водат специјалната војна против Македонија заедно со странската помош.

„Водичот за востанија“ на Шарп е (зло)употребен во повеќе земји при уривање на властите што не се по мерак на Џорџ Сорос и на центрите на моќ со кои соработува. Книгата во Македонија беше промовирана минатата година, од кој друг ако не од Фондацијата Отворено општество, која несебично ѝ подари на македонската опозиција нова „Надеж“ во борбата за недемократско преземање на власта. Авторот на книгата, кој ги негира тврдењата за неговите блиски врски со ЦИА, во предговорот на своето дело објаснува дека неговото „истражување за тоа како може да се уништи диктатурата ќе им биде од корист на луѓето од целиот свет што живеат под доминација и копнеат по слобода“. Шарп, можеби, искрено го посветил своето истражување за тие што копнеат за слобода, но Сорос и неговите следбеници, меѓу редови, прочитале дека освен диктатури, неговите совети можат да се искористат при соборување на непослушните демократски избрани власти, кои не прифаќаат економски и политички отстапки за туѓи интереси. Содржината на книгата е со неспорна моќ и со докажана ефикасност при организирањето на „обоените револуции“ во повеќе источноевропски, балкански, африкански и јужноамерикански држави во изминатите две децении (Србија, Украина, Либија, Тунис, Египет, Аргентина, Бразил…). Во неа прецизно се разработени чекорите по кои треба да се води петтата колона за да го добие посакуваниот исход – соборување на власта:

Чекор 1: Промовирање незадоволство преку медиумите, нагласувајќи дека државата нема пари, има нестабилна економија и неспособни и корумпирани политичари.
Чекор 2: Демонизирање на властите преку манипулација на предрасуди, одржување јавни акции во одбрана на слободата на печатот, човековите права и граѓанските слободи, осудувајќи тоталитаризам, ревидирање на историјата во полза на силите што мора да се донесат на власт.
Чекор 3: Работа на улица: канализирање конфликти, промовирање мобилизација на опозицијата, развој на борбени платформи, кои ги опфаќаат сите политички и социјални барања, составување на сите видови протести, со голема вештина играње на грешки на државата, организирање демонстрации со цел да се блокираат и заземат државните институции за радикализација на судирите.
Чекор 4: Комбинирање на различни форми на борба: организирање протести и симболично окупирање на државните институции, психолошка војна во медиумите и промоција на судирите со полицијата за да се создаде впечаток дека ситуацијата е надвор од контрола, намалување на моралот на легитимната извршна и судска власт.
Чекор 5: Извршување институционален пуч со помош на улични протести, барајќи оставка на премиерот.

По истото ова сценарио, кое лесно може да го препознаеме и кај нас, опозицијата, помогната од странски служби и од мрежата на Сорос, се обидува да ја собори од власт претседателката на Бразил.

Македонија, за разлика од Србија, Украина, Египет… е една од земјите во која теоријата на Шарп не се реализира успешно на терен, пред сѐ, поради лошо испланираното сценарио на странските агентури и поради немањето минимум капацитет кај опозициското раководство, вклучувајќи ги и Соросовите инсталации да го спроведат планот што им е сервиран на тацна и во кој прецизно се означени целите кон кои треба да дејствуваат.

Od-diktatura-do-demokratija

Во својот „Водич за востанија“ Шарп вели: „режимот и диктаторот не можат да живеат во изолација тие мора да бидат поддржани од некоја структура – армијата, полицијата, религиските организации. Во секоја земја, еден од овие столбови ќе биде најважен. Освојте ја неговата поддршка и имате промена“.

Тука е главната грешка на креаторите на македонското сценарио. Буквално следејќи ги советите на Шарп, странските служби, Заев и Соросовите војници удрија на полицијата и на судството. Но, не го зедоа предвид фактот дека упатството се однесува за диктаторски режими во кој властите ја немаат поддршката на народот. Го занемарија најважниот столб во владеењето на Груевски, а тоа е народот, од каде што и ја црпи силата во своето владеење. Заев за да го урне овој столб, и за да ја освои поддршката на граѓаните, потребна му е или многу сериозна програма или некаков магичен прирачник, кој досега не е измислен во светот.

Голема грешка на странските креатори на сценариото е и одлуката да го „продаваат“ токму Заев како алтернатива на Груевски кај граѓаните. Заев ниту има капацитет ниту кредибилитет за да биде алтернатива во која „угнетуваниот народ“ ќе препознае „спасител“.

Od-diktatura-do-demokratija-Carli-SinНа погрешно конципираниот план на странските служби, Заев и Соросовите медиуми направија уште две големи грешки, не земајќи ги предвид укажувањата на Џин Шарп. Првата грешка е што го прифатија насилното сценарио, според кое треба да се испровоцира судири меѓу граѓаните за да се предизвика дестабилизација на земјата, што е дијаметрално спротивно на упатствата на авторот на книгата, кој предупредува дека е потребно „да се изолираат од движењето сите тие што користат или заговараат насилство“. Место да го придобиваат народот, соросоидите отворија директен фронт со сите неистомисленици, отворено заканувајќи им се со одмазда штом се смени власта.

Втората голема грешка на Заев е што не го проанализирал делот од книгата во кој авторот укажува на „големи проблеми во потпирањето на надворешен спасител“ пред да се фати на орото со странските служби. Довербата во странците, според Шарп, може да е целосно погрешна, и затоа препорачува да не им се верува. Притоа, истакнува „голи факти“ за потпирањето врз странска интервенција:

  • Странските држави често ќе толерираат некоја диктатура, па дури и ќе ѝ помогнат, со цел да ги унапредат своите економски или политички интереси.
  • Исто така, странските држави, ако имаат друга цел, може да сакаат да го изневерат угнетениот народ, место да го одржат ветувањето да му помогнат во неговото ослободување.
  • Некои странски држави ќе дејствуваат против диктатуратa само за да се здобијат со економска, политичка или воена контрола врз земјата.
  • Странските држави можат активно да се вклучат во остварувањето позитивни цели само ако и кога внатрешното движење на отпорот веќе почнало да ја разнишува диктатурата и со тоа го привлекло вниманието на меѓународната заедница кон бруталната природа на режимот.

Не случајно Шарп во својата книга, која Сорос ја промовира во сите држави во кои се обидува да инсталира свои марионетски власти, препорачува членовите на отпорот да се потпираат на сопствените сили, и притоа ги „соочува со непријатната вистина“ дека „ослободувањето најмногу зависи од нивната способност сами да се ослободат“.

Пишува: Ненад Мирчевски
Извор: Неделник „Република“ бр.134