НАРОДОТ НА ГОТОВС – Македонија ќе се брани по секоја цена

Bageri-Sobranie

Слу­шам ка­ко пре­дав­ни­ци­те од СДСМ и Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци очај­нич­ки се оби­ду­ва­ат да ја ре­ла­ти­ви­зи­ра­ат ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и неј­зи­но­то по­сто­е­ње во обид да ја про­тур­ка­ат квис­лин­шка­та вла­да. Де­мек, пла­тфор­ма­та не по­сто­е­ла, За­ев и ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри со до­го­во­рот не го за­гро­зу­ва­ле Уста­вот, а на­ро­дот на ули­ца го оп­стру­и­рал ле­ги­тим­но­то мно­зинс­тво во пар­ла­мен­тот бра­неј­ќи кри­ми­нал­ци. А, во таа ма­са на­род да ти би­ло со­бра­но нај­го­ле­мо­то ѓу­бре во др­жа­ва­та – иди­о­ти, фа­ши­сти, ал­ба­но­фо­би… За­тоа ша­ре­ни­те пла­те­ни­ци и ал­бан­ско­то кри­ми­нал­но под­зем­је, кои ни до­го­во­ри­ле „нов жи­вот“ и „бле­ска­ва ид­ни­на“, би­ле под­го­тве­ни да ги из­ме­тат ули­ци­те од ѓу­бре­то што про­те­сти­ра „за за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ и да го вра­тат во ка­на­ли­за­ци­ја­та од ка­де што дош­ло.

Сѐ по­ве­ќе из­бег­ну­вам да па­ѓам во зам­ка­та да се до­ка­жу­вам со кри­ми­нал­но-пре­дав­нич­ка­та ба­гра да­ли по­стои или не не­што што се­којд­нев­но си­те го гле­да­ме пред се­бе. Ете ако на­ви­сти­на не по­стои пла­тфор­ма­та, то­гаш на­ви­сти­на не­ма при­чи­на За­ев јав­но да не ја отфр­ли. Чо­ве­кот бо­лен за власт има шан­са да ста­не вед­наш пре­ми­ер ако се огра­ди од не­што што не по­стои – или по­точ­но да ги отфр­ли си­те скан­да­лоз­ни точ­ки од до­го­во­рот од Ти­ра­на, чи­е­што ис­пол­ну­ва­ње пра­ктич­но зна­чи ис­чез­ну­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја ка­ква ја зна­е­ме де­нес. Да­ваш ни­што за да до­би­еш сѐ! По­крај тоа што ќе ја до­бие пре­ми­ер­ска­та фо­тел­ја, ќе му се трг­нат од ули­ци­те овие сто­ти­ци ил­ја­ди Ма­ке­дон­ци кои се на го­товс во од­бра­на на др­жа­ва­та. И, се­га, ло­гич­но пра­ша­ње е зо­што, ме­сто да фор­ми­ра вла­да на оп­што за­до­волс­тво и со бла­гос­лов од на­ро­дот, За­ев се дрз­ну­ва на­сил­но да ја пре­зе­ма вла­ста и ри­зи­ку­ва конф­ликт. За­тоа што не по­стои пла­тфор­ма­та или за­тоа што не смее да се отка­же од неј­зи­но ре­а­ли­зи­ра­ње?

Си­ту­а­ци­ја­та е пре­се­ри­оз­на да се пра­ви­ме на­ив­ни и да си доз­во­ли­ме да по­ве­ру­ва­ме во ла­ги­те на За­ев и на Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци. Не са­кам да тро­шам вре­ме во об­јас­ну­ва­ње на мен­тал­ни­от склоп на За­ев и не­го­ва­та скло­ност да ла­же штом отво­ри уста. Чо­ве­кот до­се­га без­број па­ти до­ка­жа де­ка ла­же без око да му треп­не во се­ко­ја си­ту­а­ци­ја. И се­га, ние тре­ба да ја до­ве­ри­ме суд­би­на­та на др­жа­ва­та во ра­це­те на овој лаж­го, кој нѐ убе­ду­ва де­ка сѐ ќе би­ло спо­ред Устав и ни­кој не­ма­ло да ни чеп­не од ма­ке­дон­шти­на­та? За­луд­ни се и под­др­шка­та и со­ве­ти­те што ги до­би­ва од не­кол­ку ам­ба­са­до­ри и дип­ло­ма­ти од Бри­сел. Се­кој здра­во­ра­зу­мен чо­век е све­сен де­ка по­ми­на вре­ме­то ко­га ам­ба­са­до­ри и дип­ло­ма­ти из­би­раа вла­ди во име­то на на­ро­дот. Ако За­ев сѐ уште се на­де­ва де­ка на та­ков на­чин ќе ус­пее да се ин­ста­ли­ра на власт, на­ви­сти­на е без па­мет!

Ре­ал­но­ста е мно­гу по­раз­лич­на од пред пет­на­е­сет го­ди­ни. На­ро­дот се­га е бу­ден, под­го­твен и по­ре­ши­те­лен од ко­га би­ло да оди до крај. По­ми­на вре­ме­то ко­га на­ро­дот па­ѓа­ше на по­ра­ки­те од дип­ло­ма­ти­те и ги до­жи­ву­ва­ше ка­ко на­ши ту­то­ри. Зад нас е вре­ме­то ко­га на­ро­дот бе­ше тре­ти­ран ка­ко из­бор­на ма­ши­на ко­ја ја спро­ве­ду­ва нив­на­та вол­ја.

Би­деј­ќи со дол­го­го­диш­на­та при­ме­на на двој­ни­те ар­ши­ни до­вер­ба­та во прин­ци­пи­ел­но­ста на ЕУ е се­ри­оз­но на­ру­ше­на кај ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, са­кај­ќи да ги об­но­ви­ме од­но­си­те со на­ши­те стра­те­шки парт­не­ри, ги пра­шу­вам дип­ло­ма­ти­те во Бри­сел (оние што ба­ра­ат по­чи­ту­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и итен из­бор на вла­да, нас­про­ти сто­ти­ци­те ил­ја­ди гра­ѓа­ни на ули­ци­те низ др­жа­ва­та што ба­ра­ат но­ви из­бо­ри): ако на­ви­сти­на се дек­ла­ри­ра­те ка­ко прин­ци­пи­ел­ни парт­не­ри на ма­ке­дон­ски­от на­род, ако на­ви­сти­на не сте дел од сце­на­ри­о­то за рас­пад на др­жа­ва­та и бри­ше­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ако на­ви­сти­на ве за­бо­ли за одр­жу­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри на кои на­ро­дот од­лу­чу­ва (а не ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца), то­гаш ка­ко е мож­но и во 2014 го­ди­на (ко­га, исто та­ка, ги оце­ни­ја из­бо­ри­те ка­ко ле­ги­тим­ни, фер и де­мо­крат­ски) и де­нес да би­де­те на спро­тив­на­та стра­на од вол­ја­та на мно­зинс­тво­то Ма­ке­дон­ци? Ако ве ин­те­ре­си­ра­ше ви­стин­ски еко­ном­ски­от прос­пе­ри­тет на др­жа­ва­та, зо­што доз­во­ли­вте опо­зи­ци­ја­та две го­ди­ни да ја др­жи др­жа­ва­та во за­лож­ниш­тво со не­ле­гал­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри? Зо­што ги при­фа­ти­вте ка­ко ви­сти­ни­ти лаж­ни­те твр­де­ња на СДСМ за укра­де­ни 200.000 гла­со­ви по­ра­ди кои пак стиг­нав­ме до но­ви пред­вре­ме­ни из­бо­ри? Се из­ви­ни ли не­кој од Бри­сел за под­др­шка­та на лаж­гов­ци­те?

Ако во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни 2-3.000 ша­ре­ни ху­ли­га­ни беа не­ка­ков фа­ктор по­ра­ди кој ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца вр­ше­ше при­ти­сок врз ВМРО-ДПМНЕ да при­фа­ти пред­вре­ме­ни из­бо­ри и по­крај ап­со­лут­но­то мно­зинс­тво во Пар­ла­мен­тот и чи­ста­та ка­ко сол­за по­бе­да од 200.000 гла­са раз­ли­ка, то­гаш ка­ко е мож­но да не ги зе­мат пред­вид ба­ра­ња­та на овие 200.000 лу­ѓе, кои сме­та­ат де­ка се из­ма­ме­ни со ти­ран­ска­та пла­тфор­ма? Ако овие дип­ло­ма­ти беа ви­стин­ски парт­не­ри на на­ро­дот и ако са­каа ми­рен расп­лет на кри­за­та, цвр­сто ќе се спро­тив­ста­веа на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и ќе за­ста­неа во од­бра­на на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, чиј­што га­рант се ток­му Бри­сел и Ва­шин­гтон. Та­ка не­ма­ше да доз­во­лат да се раз­вие ни­ка­ква де­ба­та ко­ја мо­же да до­ве­де до конф­ликт од не­сог­лед­ли­ви раз­ме­ри.

Бли­ски­те од­но­си на За­ев и не­го­ва­та кри­ми­нал­на бан­да со ам­ба­са­до­ри­те и со дип­ло­ма­ти­те не беа иско­ри­сте­ни за вра­ќа­ње на де­мо­кра­ти­ја­та, а со тоа и на до­вер­ба­та кај гра­ѓа­ни­те, ту­ку, на­про­тив, беа зло­у­по­тре­бе­ни за за­си­лу­ва­ње на омра­за­та и за пот­тик­ну­ва­ње од­маз­да кон се­кој не­и­сто­мис­ле­ник.

Иста­та таа ра­ди­кал­на ле­ви­ца што ни ја ну­дат за власт од Бри­сел, по­ве­ќе од две го­ди­ни го те­ро­ри­зи­ра мир­ни­от ма­ке­дон­ски на­род. Се­којд­нев­но го на­вре­ду­ва, го по­ни­жу­ва, му се за­ка­ну­ва, го уце­ну­ва со цр­ни сце­на­ри­ја… Нив­на­та за­бе­га­ност оти­де до та­му што „сло­бо­до­ум­ни­те опо­зи­ци­о­не­ри“ поч­наа јав­но да по­ви­ку­ва­ат на ле­е­ње крв по ули­ци­те и да им по­са­ку­ва­ат смрт на по­ли­цај­ци­те ка­ко во Ку­ма­но­во.

Уште од са­ми­от по­че­ток пре­ду­пре­ду­вав де­ка овој ми­рен на­род има гра­ни­ца на то­ле­ран­ци­ја. И ако мир­ни­от џин во еден мо­мент би­де ис­про­во­ци­ран да се транс­фор­ми­ра во ѕвер, то­гаш ќе тре­ба да му ја мис­ли тој што го пре­диз­ви­кал не­го­ви­от гнев. Е се­га, исти­те тие што се за­ка­ну­ваа со кр­ва­ви ули­ци, со вле­че­ње за уши, со це­вки, со вос­пит­ни ша­ма­ри, со „ме­те­ње“ на не­и­сто­мис­ле­ни­ци… се­га ку­ка­ат и пла­чат од нај­а­ви­те за са­мо­ор­га­ни­зи­ра­ње на­род­ни па­три­от­ски гру­пи. Па, до­бро, што оче­ку­ваа? Де­ка на­ро­дот ќе се­ди и ќе ги гле­да ка­ко му ја уни­шту­ва­ат др­жа­ва­та?

Мис­леа де­ка со тоа што над­во­реш­ни­те при­ја­те­ли го акти­ви­раа СЈО да спро­ве­ду­ва хај­ка про­тив ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ ја за­вр­ши­ја ра­бо­та­та? А, по­мис­ли­ја ли ка­ко ќе се спра­ват со на­ро­дот? Ќе ги уап­сат си­те Ма­ке­дон­ци? Па, не­ка по­ве­лат. Не­ка се оби­дат да ги уап­сат си­те 200.000 па­три­о­ти на ули­ци­те! Но, ко­га ќе трг­нат по нив, не­ка си под­го­тват уште не­кол­ку сто­ти­ци ил­ја­ди па­ра ли­си­ци плус за­тоа што ду­ри то­гаш ќе се со­о­чат со гне­вот на це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род.

Ми­на­та­та го­ди­на пи­шу­вај­ќи за ет­но­ма­зо­хиз­мот на ра­ди­кал­на­та ле­ви­ца ре­ков: Нес­по­со­бен да из­го­тви про­гра­ма со ко­ја ќе ја при­до­бие нак­ло­не­то­ста на гра­ѓа­ни­те, СДСМ се транс­фор­ми­ра­ше во пар­ти­ја-за­лож­ник на ед­но ра­ди­кал­но кри­ло, кое, пак, отво­ре­но се пре­да­де во пре­гра­тки­те на над­во­реш­ни цен­три на моќ ве­ру­вај­ќи де­ка тие ќе му ја за­вр­шат ра­бо­та­та и ќе го вра­тат на власт по де­сет го­ди­ни во опо­зи­ци­ја. Од це­ло­то гра­ѓан­ско оп­штес­тво оста­наа во до­бри од­но­си са­мо со под­зем­је­то и со кри­ми­нал­ци­те кои ќе го оче­ку­ва­ат сво­јот дел од ко­ла­чот по це­лос­но­то раз­би­ва­ње на др­жав­ни­от си­стем.

Тоа што го пи­шу­вав ла­ни, де­нес го гле­да­ме на де­ло. Кри­ми­нал­ци­те и при­ја­те­ли­те од над­вор дој­доа по сво­е­то. Си­те го ба­ра­ат сво­јот дел од ко­ла­чот, а За­ев тре­ба да ис­по­ра­ча. Ќе би­дат за­до­во­ле­ни ду­ри то­гаш ко­га ќе се рас­крч­ми др­жа­ва­та. Сме­тка­та ќе ја пла­ти на­ро­дот. Но, та­кво не­што не­ма да се слу­чи за­тоа што на­ро­дот е на го­товс и под­го­твен е да го за­шти­ти сво­е­то. По се­ко­ја це­на ќе оди до крај за­тоа што не­ма ре­зерв­на та­тко­ви­на! За­ев и не­го­ва­та кри­ми­нал­на бан­да се­га се пред из­бор – да се со­о­чат со на­ро­дот на из­бо­ри или да го пре­диз­ви­ка­ат не­го­ви­от гнев на ули­ца.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Колумна на Ненад Мирчевски: Платформата не проаѓа, народот бара нови избори

Narod-protest-izbori-1

По еден и пол ме­сец ма­сов­ни про­те­сти на ули­ци­те низ зем­ја­ва се нај­де ју­нак ме­ѓу функ­ци­о­не­ри­те во Бри­сел да приз­нае де­ка су­ве­ре­ни­те­тот на Ма­ке­до­ни­ја про­из­ле­гу­ва од на­ро­дот, а не од ам­ба­са­до­ри­те, стран­ски­те дип­ло­ма­ти и од цен­три­те на моќ. Ста­вот на пре­тсе­да­те­лот на Европ­ски­от со­вет, До­налд Туск, бе­ше поз­дра­вен од ма­ке­дон­ска­та јав­ност, а исто­вре­ме­но пре­диз­ви­ка сил­но раз­о­ча­ру­ва­ње кај кри­ми­нал­на­та бан­да во СДСМ и ме­ѓу Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци кои со ра­ши­ре­ни ра­це и под­зи­на­ти усти че­каа да им го обез­бе­ди ман­да­тот. Нив­ни­те бом­ба­стич­ни нај­а­ви де­ка „кре­те­ни­те од ули­ци­те во Скоп­је“ и по­ли­ти­ча­ри­те што не ги „ви­тка­ат кич­ми­те“, ко­неч­но, ќе би­дат скр­ше­ни со за­ка­ни за не­ка­кви ем­бар­га и бло­ка­ди пук­наа ка­ко ба­лон од са­пу­ни­ца по прес- кон­фе­рен­ци­ја­та на дип­ло­ма­тот од Бри­сел. Не­го­ва­та јас­на по­ра­ка де­ка „са­ми тре­ба да нај­де­ме ре­ше­ние за проб­ле­мот кое ќе би­де во рам­ки­те на де­мо­крат­ски­те на­че­ла, при­стој­ност и раз­ум“ ги тур­на квис­лин­зи­те во уште по­го­ле­ма аго­ни­ја. Ко­га ви­доа де­ка по­мо­шта од над­вор се из­ја­ло­ви, за да го за­др­жат мо­ра­лот во сво­и­те пре­дав­нич­ки ре­до­ви, поч­наа да се за­ка­ну­ва­ат со на­сил­ни сце­на­ри­ја и со но­ви „бом­би“. Оча­јот во СДСМ се зго­ле­му­ва на­по­ред­но со за­си­лу­ва­ње­то на от­по­рот кај на­ро­дот за ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и со сѐ пог­лас­но­то ба­ра­ње за но­ви пред­вре­ме­ни из­бо­ри. На­ро­дот јас­но и глас­но ба­ра из­бо­ри на кои ќе се из­јас­ни за тоа што му бе­ше под­мет­на­то по 11 де­кем­ври. И не­ма на­ме­ра да се отка­же. Очиг­лед­но, дип­ло­ма­ти­те ја при­ми­ја по­ра­ка­та. Нас­про­ти нив, За­ев сѐ уште го иг­но­ри­ра на­ро­дот и ба­ра на­чин ка­ко да фор­ми­ра вла­да нас­про­ти не­го­ва­та вол­ја. Но, тоа што ве­ќе на си­те, освен не­го, им е јас­но е де­ка на­ро­дот е глав­ни­от фа­ктор во ре­ша­ва­ње­то на кри­за­та. Тие сто­ти­ци ил­ја­ди лу­ѓе на ули­ца про­те­сти­ра­ат мир­но и до­сто­инс­тве­но, но се на го­товс да спре­чат ка­ков би­ло обид за на­сил­но пре­зе­ма­ње на вла­ста.

По­крај приз­на­ва­ње­то на на­ро­дот ка­ко фа­ктор во ре­ша­ва­ње­то на кри­за­та, од по­ра­ка­та на Туск мо­же да се изв­ле­чат два важ­ни зак­лу­чо­ка од кои за­ви­си ре­ша­ва­ње­то на кри­за­та:

Пр­ви­от е де­ка во ЕУ не­ма единс­твен став по пра­ша­ње­то за кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја. Во из­ми­на­ти­те не­де­ли при по­се­ти­те на евро­ко­ме­са­ри­те Мо­ге­ри­ни и Хан мо­жев­ме да ви­ди­ме и слуш­не­ме раз­лич­ни по­ра­ки од таа на пре­тсе­да­те­лот на Европ­ски­от со­вет. Од тоа мо­же да се зак­лу­чи де­ка функ­ци­о­не­ри­те во Бри­сел има­ат раз­лич­ни гле­да­ња на си­ту­а­ци­ја­та во зем­ја­ва. До ду­ша, ова не е ни прв ни пос­ле­ден пат од ЕУ да до­би­ва­ме раз­лич­ни по­ра­ки кои че­сто се не­прин­ци­пи­ел­ни и ли­це­мер­ни. Но, из­ја­ва­та на Туск овој пат има по­себ­на важ­ност за­тоа што ин­ди­рект­но приз­на­ва де­ка иг­но­ри­ра­ње­то на вол­ја­та на на­ро­дот од стра­на на Бри­сел и на­мет­ну­ва­ње­то ре­ше­ни­ја што се штет­ни за на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на др­жа­ва­та е над­во­реш­но ме­ша­ње во ра­бо­ти­те на др­жа­ва­та и га­зе­ње на прин­ци­пи­те на кои е по­ста­ве­на са­ма­та ЕУ. Зо­што и во чие име Мо­ге­ри­ни и Хан пра­ќаа по­ра­ки спро­тив­ни на ос­нов­ни­те де­мо­крат­ски прин­ци­пи и на­че­ла е дру­го пра­ша­ње. При­чи­ни­те за нив­ни­те двој­ни ар­ши­ни, ка­ко и за ли­це­мер­ни­от од­нос на оста­на­ти­те би­ро­кра­ти што ни до­а­ѓа­ат од Бри­сел, мо­же да се ба­ра­ат во по­ве­ќе фа­кто­ри – лич­ни вр­ски, иде­о­ло­шка бли­скост/со­ли­дар­ност или биз­нис ре­ла­ции со ле­ви­ца­та во Ма­ке­до­ни­ја и со нив­ни­те над­во­реш­ни на­ред­бо­дав­ци и спон­зо­ри (ЦИА, Со­рос и УСА­ИД).

Вто­ри­от ва­жен зак­лу­чок што мо­же да се изв­ле­че од по­ра­ка­та на Туск е де­ка ре­ши­тел­но­ста и упор­но­ста на ма­ке­дон­ски­от на­род да ја за­чу­ва уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та и да спре­чи неј­зи­но раз­не­би­ту­ва­ње, и тоа ка­ко, има ефект! Приз­на­ва­ње­то де­ка проб­ле­мот тре­ба да се ре­ши во др­жа­ва­та, а не во Бри­сел, Ти­ра­на или на кое би­ло дру­го ме­сто во све­тот е по­твр­да де­ка не­кој та­му во Бри­сел го слуш­нал гла­сот на сто­ти­ци­те ил­ја­ди ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни и приз­на­ва де­ка тој мо­ра да се по­чи­ту­ва.

Ток­му приз­на­ва­ње­то на мо­ќта на на­ро­дот од стра­на на стран­ски­те дип­ло­ма­ти и не­по­пуст­ли­во­ста на пре­тсе­да­те­лот Ива­нов ги тур­ка За­ев и не­го­ви­те Со­ро­со­ви пла­те­ни­ци во сѐ по­го­лем очај. Фа­бри­ка­та за лаж­ни ве­сти ко­ја ра­бо­ти со пол­на па­реа во на­со­ка на ома­ло­ва­жу­ва­ње на сто­ти­ци­те ил­ја­ди лу­ѓе кои се­којд­нев­но про­те­сти­ра­ат со гра­ѓан­ска­та ини­ци­ја­ти­ва „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ пре­диз­ви­ку­ва кон­тра­е­фект про­во­ци­рај­ќи сѐ по­го­лем број Ма­ке­дон­ци да из­ле­зат на ули­ци­те.

Не па­ли ни про­па­ган­да­та на Со­рос де­ка со про­даж­ба­та на име­то и на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си ќе „ку­пи­ме“ бр­зо членс­тво во ЕУ и во НА­ТО. Во при­каз­ни­те од ти­пот ќе вле­зе­ме во НА­ТО во рок од шест ме­се­ци по про­ме­на­та на име­то ве­ќе ни­кој не ве­ру­ва за­тоа што на си­те им е јас­но де­ка ни­ту еден дип­ло­мат не мо­же да га­ран­ти­ра пов­ле­ку­ва­ње на грч­ко­то ве­то ду­ри и да ре­ши­ме са­ми да го сме­ни­ме име­то. Впро­чем та­ква бе­ше си­ту­а­ци­ја­та и во 2008 го­ди­на ко­га Аме­ри­кан­ци­те нѐ те­раа да при­фа­ти­ме ком­про­мис­но ре­ше­ние без га­ран­ци­ја де­ка Гр­ци­ја ќе го пов­ле­че ве­то­то. За овие при­ти­со­ци и огра­ду­ва­ња од „га­ран­ти­ра­но членс­тво“ мо­же се­кој да про­чи­та во до­ку­мен­ти об­ја­ве­ни на „Ви­ки­ликс“. И пос­лед­ни­от ва­ков спин на СДСМ – де­ка по фор­ми­ра­ње­то на вла­да­та ќе се отво­рат пог­лав­ја­та 23 и 24 со што фа­ктич­ки ќе поч­не­ме пре­го­во­ри за членс­тво – бе­ше екс­прес­но де­ман­ти­ран, и тоа ди­рект­но од Бри­сел, од ка­де што јас­но и глас­но ка­жаа де­ка та­кво не­што не е ве­те­но.

Од се­то тоа мо­же да се зак­лу­чи де­ка на­ро­дот ве­ќе не ве­ру­ва на лаж­ни­те ве­ту­ва­ња, не доз­во­лу­ва ни ми­ли­ме­тар но­ви от­стап­ки во на­со­ка на зго­ле­му­ва­ње на пра­ва­та на Ал­бан­ци­те, не доз­во­лу­ва ме­ну­ва­ње на име­то на др­жа­ва­та и на на­ци­о­нал­ни­те сим­бо­ли и ба­ра но­ви из­бо­ри. Исто­вре­ме­но, ка­ков би­ло обид на­си­ла да се пре­зе­ме вла­ста и да се изи­гра не­го­ва­та вол­ја ќе го акти­ви­ра цр­ве­но­то свет­ло за бе­ском­про­мис­но спра­ву­ва­ње со квис­лин­шки­те стру­кту­ри.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Заев, не паламуди за македонштина, повлечи се од платформата

zoran-zaev-crna-pozadina

По повеќе од триесет дена масовни протести на стотици илјади македонски граѓани што бараат безусловно отфрлање на тиранската платформа, Зоран Заев упорно одбива да се откаже од планот за разнебитување на Македонија.

Луѓето што ги бранат државата и националните интереси ги третира како будали, а повиците за заедничка унитарна Македонија ги смета за „паламудење“. Квислингот, очигледно, е решен до крај да оди спроти волјата на мнозинството Македонци, кои, пак, му ги испорачаа своите барања пред партискиот штаб на „Павел Шатев“. Очекувањата на „чадорот“ и на неговите извршители дека народот ќе се измори и ќе се откаже не се покажаа како точни. Напротив, на улиците од ден на ден има сѐ повеќе луѓе што се решени да живеат во заедничка, а не во поделена Македонија.

За да го намали притисокот врз себе и врз партијата, Заев и Соросовата армија платеници вршат невидена атака врз сите што застануваат во одбрана на Македонија погрдно нарекувајќи ги фашисти, националисти и албанофоби… Но, невозможно е да се одбрани неодбранливото, особено ако неговите посакувани коалициски партнери од албанскиот блок секојдневно на големо ги споделуваат деталите од тиранската платформа.

Еден од последните во низата албански политичари што зборуваат отворено за барањата од платформата беше пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, кој од собраниската говорница директно соопшти: коалициските партнери на Заев бараат новата влада да ги прогласи Албанците за државотворна нација, да воведе целосна двојазичност и да го официјализира албанскиот јазик на целата територија, да изгласа резолуција за геноцид над албанското население, да го промени името на државата за брза интеграција во ЕУ и во НАТО, да се променат химната, знамето и грбот… Претходно неговиот сопартиец Артан Груби, во дебатна емисија изјави дека „на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи чекор кон Европската унија и кон НАТО“. Портпаролот на ДУИ, пак, Бујар Османи неколку пати досега потврди дека Зоран Заев ја прифатил тиранската платформа и дека има договор за целосната двојазичност, двојазични банкноти, резолуцијата за геноцид… Не помалку скандалозни се изјавите и на помалиот коалициски партнер Зијадин Села. Тој прво го негираше македонскиот идентитет, а потоа отворено се закани дека ако не се редефинира Македонија во бинационална држава, Албанците ќе формирале федерација.

Место јасно и гласно да ја отфрли платформата и да се огради од радикалните ставови на своите коалициски партнери, Заев упорно глуми лудило во стилот на Љубе Бошковски и се обидува да ја убеди македонската јавност дека имал „македонска жичка“ преку рецитирање некаква поезија. И мисли дека некој му верува. Абе, будала работа!

Во очајните стихови се жали дека некој „му ја чепка македонштината!“ Се прашувам само кој ли му ги пресече жичките кога зборуваше за грдото лице на Македонецот? Или во тие моменти доживеа краток спој? Можеби вистинската македонштина ја покажа кога порача дека треба да ја свиткаме „кичмата“ за името? А кој во име на Заев „чесно призна“ пред целата јавност дека не му личи да биде патриот? Кој ли му ја чепка македонштината кога ги оцени како „големи грешки“ коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и во Струга и поддршката на Законот за бранители? Македонштината во него ли го натера да каже дека СДСМ веќе не е македонска партија? И, конечно, зошто воопшто се обидува да докаже некому дека има македонска жичка, кога уште пред четири години самиот кажа дека „народот не очекува од него да изигрува патриот“. Ептен будала работа!

Соросовите платеници мака мачат да ги оправдаат парите на спонзорите (кои, патем, се сопственост на американските даночни обврзници). Пустите, не знаејќи како да го вадат од изметот во кој е заглавен до гуша, се претворија во фабрика за лажни вести ширејќи дезинформации и гола пропаганда.

Наивно е да се очекува дека во овој момент што било може да го одврати народот од улиците, освен целосно повлекување на платформата и распишување нови избори. Уште понаивно е да се очекува некој да поверува во „паламудењата“ дека Тиранската платформа е измислица на ВМРО-ДПМНЕ, додека нејзиното постоење се потврдува секојдневно во безброј наврати.

Со оглед на убеденоста на Заев дека ја ужива поддршката кај граѓаните не треба да му биде проблем да извојува сигурна победа на брзи предвремени избори на кои истовремено може да добие пас од мнозинството за целосно спроведување на платформата. Во периодот што следува ќе има можност да го убедува народот во искрените намери и ќе добие јасен одговор изразен во гласови.

Секое друго сценарио, кое предвидува формирање влада без мандат од претседателот и насилно спроведување на тиранската платформа без одобрение од мнозинството Македонци, остава можност народот да биде принуден да ја преземе контролата над институциите во свои раце сѐ додека политичарите не научат да ја почитуваат неговата волја. Верувам дека Заев и неговите налогодавци знаат што значи тоа.

Токму затоа залудни се стиховите на Заев, залудни се навредите на Соросовите платеници кон луѓето што протестираат, залудни се сите дезинформации и пропаганда, залудни се заканите на нивните надворешни пријатели кон претседателот Ѓорге Иванов… Народот знае како да ја заштити државата и нема да се повлече од улиците додека предавникот не се откаже од предавството!

Заев, вели будала работа било да се верува во сево ова, народот, пак, вели, будала работа било Заев да верува дека ќе му поминат лагите!

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Mирчевски за РСМ: Викиликс ја потврдува непопусливоста на ВМРО-ДПМНЕ за името (ВИДЕО)

Nenad-Mircevski

-Викиликс ја потврдува цврстата позиција на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето на уставното име на Република Македонија и спорот кој Грција го води со Македонија. Се појавија документи на Викиликс кои говорат за притисокот кој го вршела поранешната администрација на САД врз Никола Груевски и неговата Влада за промена на уставното име на државата.

Во својата анализа американската амбасада донела заклучок дека Никола Груевски е многу цврст по ова прашање и дека за да се промени името на државата потребна е широка коалиција, со тоа што треба да и се одземе моќта на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Ваквата политичка игра ја гледаме до ден денешен во Република Македонија и истиот притисок кој се врши врз ВМРО ДПМНЕ која стои на браникот на државните интереси. Заеднички именител на сите точки од каде доаѓа притисокот врз Македонија несомнено е Сорос и неговата фондација – изјави за Радио Слободна Македонија Ненад Мирчевски, уредник на неделникот Република.

Македонскиот непокор се излеа на улиците: Народот е „чадорот“ на Македонија

Za-zaednicka-Makedonija-cadori

Прогнозите на стратезите на Заев дека македонскиот народ со „свиткана кичма“ ќе го прифати разнебитувањето на татковината се покажаа како очајно лоши. Деновиве сме сведоци на едно големо народно будење, кое симболично е наречено „Четврт Илинден“. За тие што не знаат, Илинден е симболот на македонскиот непокор, на вековната борба за надминување на стравот што му го наметнувале од надвор, но и на остварувањето на сонот за сопствена држава.

Несомнено е дека денес се наоѓаме пред една голема пресвртница по која или ќе зачекориме како сериозна држава или нема да нѐ има ни како народ. Токму затоа е оправдан револтот на десетици илјади Македонци, кои секој ден сѐ повеќе и повеќе излегуваат на улица за да се спротивстават на плановите за разнебитување на државата.

Странските сценаристи на планот за уништување на државата и нивните домашни соработници го превидоа моментот дека на народот може да му дојде преку глава, да излезе на улица самоиницијативно и да ја реши кризата што му ја наметнаа на сила. Во есапот на чадорот, Македонецот бил проценет како мекотелно суштество, без „кичма“. Како кукавица што ќе се исплаши и ќе ја наведне главата пред неговите нови владетели и пред домашните предавници. Некој таму проценил дека Македонецот е пластелин што може да го обликува секоја будала, кој ќе стигне да му одзема делови од татковината, да го гази и понижува до бескрај секој кому ќе му се присака… Но при моделирањето на профилот на Македонец планерите направиле грешка што црпнале дефектен примерок од Муртино.

Токму деновиве истите тие дипломати, амбасадори, Соросови платеници и политички квислинзи ја увидуваат грешката во процената. Поради стравот од моќта на народот сега се обидуваат да го забрзаат устоличувањето на дефектниот изигрувајќи ја волјата на вистинскиот Македонец. По секоја цена!

За да му ја скршат „кичмата“ на непослушниот Македонец, му составија влада од партии диригирана од надвор, му подготвија целосно обезличување во платформа договорена во друга држава, а слушаме од предавниците дека планираат да си организираат дебати на кои странци ќе ни кроеле ново знаме, химна, грб, име на држава… Какви лудаци! За црпнатите, убеден сум дека ова е нормално и прифатливо, арно ама, процесот на дегенерација не може да помине никако кај македонскиот народ, кој решително излезе на улица да каже стоп за разнебитувањето на државата.

Za-zaednicka-Makedonija

Исплашени од решителноста на народот да си ја зачува државата по секоја цена, домашните квислинзи преку Соросовите медиуми и платеници со сите сили се обидуваат да ги оцрнат протестите, а во исто време вршат невиден притисок врз претседателот Иванов за да му го додели мандатот на Заев колку што е можно побрзо.

Некому му гори под нозе од освестените Македонци, па сака да ги реши работите по брза постапка. Со 67 потписи на пратеници диригирани и уценувани од странски центри на моќ треба на подмолен начин да се украдат суверенитетот на државата и волјата на мнозинството македонски граѓани.

Математиката на сценаристите нема да помине во никој случај! Пред сѐ затоа што тоа не го дозволува Уставот, а потоа и поради тоа што пратениците што оставиле потписи на списокот на Заев не го добиле мандатот од граѓаните за да спроведуваат таен договор на нивните лидери по изборите. Ако некој сака да спроведува каква било платформа, ако сака да воведува целосна двојазичност, да менува изглед на валута, знаме, химна, грб… ако сака да го менува унитарниот карактер на државата, тој треба да одговара на суд за уривање на уставниот поредок, а не да бара мандат за формирање влада.

На сите треба да им биде јасно дека граѓаните даваат мандат за спроведување програма, а не за платформи договарани постизборно, особено не за странски платфорни. Народот е тој што дава и одзема власт а не амбасадори, дипломати и разноразни бирократчиња.

Со оглед на фактот дека волјата на граѓаните на последните избори е изманипулирана, односно украдена, сега народот што го гледаме во сѐ поголем број на улиците нема друг избор, освен да бара целосно отфрлање на овие антимакедонски програми и организирање на што е можно побрзо нови фер и демократски избори.

На сите непријатели на Македонија и на македонскиот народ, домашни и странски треба да им биде јасно – народот доаѓа по своето и нема да дозволи државата да ја преземе квислиншка влада. Гордо и достоинствено ќе застане наспроти сите мршојадци, кои сакаат да го растргнат ова парче земја, и нема намера да отстапи ни милиметар.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Во тајното писмо е предавството – Заев си игра со судбината на Македонците

zaev-albanski

Епи­зо­да­та на­ре­че­на „СДСМ фор­ми­ра вла­да“ по­ле­ка се пре­тво­ра во на­пор­на тур­ска се­ри­ја. Цир­ку­сан­тот Зо­ран За­ев, кој пред две го­ди­ни нај­а­ви де­ка со „бом­би­те“ што ги по­се­ду­ва ќе ја ур­нел вла­да­та на Гру­ев­ски за три де­на, се­га по­ра­ча де­ка за два де­на ќе обез­бе­ди под­др­шка од ал­бан­ски­те пар­тии за да фор­ми­ра вла­да. Не знам по ко­ја еди­ни­ца ме­ра го опре­де­лу­ва вре­ме­то За­ев, да­ли по не­го­ви­те оми­ле­ни „ли­три во се­кун­да“ или „во ме­три куб­ни на час“, но не­што дру­го ми се гле­да мно­гу по­за­гри­жу­вач­ко – не­го­ва­та на­ви­ка да тре­се од ра­кав ро­ко­ви и да да­ва лаж­ни из­ја­ви и ве­ту­ва­ња е на­мет­на­та ка­ко пар­ти­ска стра­те­ги­ја на СДСМ. Уште по­страш­но е тоа што оваа пар­ти­ја во мо­мен­тот во ра­ко­водс­тво­то има гру­па бе­скич­ме­ни па­то­ло­шки лаж­гов­ци кои за­ед­но со нив­ни­те над­во­реш­ни при­ја­те­ли во бор­ба­та за за­о­би­ко­лу­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те ме­сто да го за­прат лу­ди­ло­то на нив­ни­от ли­дер, тие нај­др­ско ги ма­ни­пу­ли­ра­ат и Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те на ште­та за др­жа­ва­та и на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си.

Тај­ни­от па­кет на За­ев, во кој е со­др­жа­на по­ну­да­та за фор­ми­ра­ње вла­да, ис­пра­тен до ДУИ по кој знае кој пат, јас­но по­ка­жу­ва де­ка овој чо­век не знае ни­што дру­го освен да ла­же и да се коц­ка на ту­ѓа сме­тка. Не­кој ќе ре­че – ама сѐ уште не се знае што со­др­жи па­ке­тот! Да, точ­но, но и по­крај тоа што сѐ уште не зна­е­ме што со­др­жат тие 72 стра­ни­ци (ако е точ­на ин­фор­ма­ци­ја­та об­ја­ве­на во ме­ди­у­ми­те), врз ос­но­ва на тоа што до­се­га (не) бе­ше јав­но со­оп­ште­но, мо­же­ме да зак­лу­чи­ме де­ка За­ев си да­ва за пра­во САМ во име на це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род да до­не­су­ва од­лу­ка за при­фа­ќа­ње пла­тфор­ма ко­ја го до­ве­ду­ва во опас­ност оп­ста­но­кот на др­жа­ва­та и на ма­ке­дон­ски­от на­род! Не­за­вис­но од тоа да­ли За­ев це­лос­но или де­лум­но ја при­фа­тил пла­тфор­ма­та на Ал­бан­ци­те, без раз­ли­ка да­ли со ед­на или со две ра­це пот­пи­шал офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на ал­бан­ски­от ја­зик, врз ос­но­ва на из­ја­ви­те на не­го­ви­те со­пар­тиј­ци и ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, мо­же да се зак­лу­чи де­ка овој чо­век без ни­чи­ја кон­сул­та­ци­ја до­нел од­лу­ка ко­ја мо­же да на­не­се не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци по це­ла­та др­жа­ва. Да­ли во тоа бил при­ну­ден од ча­до­ри­те или не, во­оп­што не е важ­но. Тој е лич­но­ста ко­ја еден ден ќе мо­ра да од­го­ва­ра за пре­дав­ство.

А, пре­дав­ство­то на За­ев бе­ше оче­ку­ва­но од 455.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни кои на­вре­ме ја со­ста­ви­ја сли­ка­та од сце­на­ри­о­то на ча­до­рот. За жал, има­ше уште 350.000 Ма­ке­дон­ци што ве­ру­ваа де­ка За­ев, и по­крај си­те не­го­ви цир­ку­сант­ски по­те­зи, има ка­па­ци­тет да им до­не­се про­ме­ни. Кол­ку по­вид­ли­ви ста­ну­ва­ат про­ме­ни­те, тол­ку под­др­жу­ва­чи­те на За­ев ста­ну­ва­ат по­ра­зо­ча­ра­ни. И со пра­во.

Ди­ле­ма­та е са­мо да­ли овие Ма­ке­дон­ци се­га ќе из­ле­зат на ули­ца и глас­но ќе по­ба­ра­ат од­го­вор­ност од чо­ве­кот ко­му му да­доа до­вер­ба или са­мо ќе ги по­кри­јат ли­ца­та во знак на срам ка­ко што сто­ри­ја во 2004 го­ди­на, а це­на­та ќе ја пла­ти­ме за­ед­но си­те Ма­ке­дон­ци, она­ка брат­ски?

Со ог­лед на тоа де­ка ор­га­ни­за­то­ри на улич­ни­те де­мон­стра­ции беа Со­ро­со­ви­те ор­га­ни­за­ции и пла­те­ни­ци, не оче­ку­вам де­ка исти­те ќе из­ле­зат на ули­ца да про­те­сти­ра­ат и да фр­ла­ат со кон­до­ми во бо­ја врз згра­да­та на СДСМ. То­чен од­го­вор на ова пра­ша­ње мо­же да се до­бие са­мо со но­ви из­бо­ри. То­гаш, ќе ви­ди­ме кол­ку од овие 350.000 Ма­ке­дон­ци ќе го под­др­жат кон­цеп­тот за „нов жи­вот“ на „спа­си­те­лот“ во иста фор­ма и об­лик ка­ко што му бе­ше ис­пра­тен на Али Ах­ме­ти во Ма­ла Ре­чи­ца. Ако во та­кви окол­но­сти За­ев освои мно­зинс­тво, то­гаш мо­же да ка­же­ме де­ка има ле­ги­ти­ми­тет да ну­ди це­лос­на дво­ја­зич­ност, про­ме­на на име, зна­ме, хим­на, да до­го­ва­ра ос­ло­бо­ду­ва­ње об­ви­не­ти те­ро­ри­сти, да ну­ди фе­де­ра­ли­за­ции и ме­ну­ва­ње на Уста­вот… Сѐ до то­гаш За­ев са­мо си пра­ви ба­јрам на па­ме­тот де­ка има моќ да пре­го­ва­ра за на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на ма­ке­дон­ски­от на­род.

А, де­ка црп­на­ти­от од­ле­пил од ре­ал­но­ста по­твр­ду­ва не са­мо го­ле­ми­от ре­волт за не­го­ви­те по­стап­ки кај гла­сач­ко­то те­ло на СДСМ, ту­ку и во са­мо­то членс­тво и ме­ѓу ко­а­ли­ци­о­ни­те парт­не­ри. Сѐ по­го­лем број под­др­жу­ва­чи на опо­зи­ци­ја­та ба­ра­ат од За­ев да пре­ста­не со мат­ни­те игри и јав­но го пре­ду­пре­ду­ва­ат да не ни по­мис­лу­ва да ја при­фа­ти ал­бан­ска­та пла­тфор­ма.

До­де­ка јав­но­ста се пра­шу­ва кој му да­ва пра­во на За­ев да глу­ми бог и да ре­ша­ва за суд­би­на­та на Ма­ке­дон­ци­те, за име­то, ја­зи­кот, зна­ме­то, хим­на­та… Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци се ис­ме­ва­ат со ини­ци­ја­ти­ва­та за ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма чи­ја­што цел би би­ла за­шти­та на ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си! Всуш­ност, за­тоа и се пла­те­ни од нив­ни­от газ­да Џорџ. До­ла­ри­те би сек­на­ле за миг ако кој би­ло од нив се дрз­не да за­ста­не во од­бра­на на на­ро­дот и на­ци­ја­та, нас­про­ти кон­цеп­тот на „отво­ре­но оп­штес­тво“ кое про­па­ги­ра обез­ли­че­ни др­жа­ви со ма­ри­о­нет­ски вла­ди кон­тро­ли­ра­ни од „бо­гот“ Со­рос.

Се­пак, Со­рос ги не­ма тие па­ри, а не­го­ви­те ме­ди­у­ми ја не­ма­ат таа моќ да го амор­ти­зи­ра­ат гне­вот на Ма­ке­дон­ци­те кон Зо­ран За­ев и не­го­ва­та пре­дав­нич­ка тај­фа. Тој е све­сен де­ка за да ја со­ста­ви тол­ку по­са­ку­ва­на­та вла­да, ќе мо­ра јав­но да приз­нае де­ка из­ма­мил 350.000 Ма­ке­дон­ци. Од­го­во­рот се крие во пис­мо­то во кое го мо­ли Ах­ме­ти да му ги да­де по­треб­ни­те пот­пи­си за ман­дат. Ко­га јав­но­ста ќе доз­нае кол­ку те­шко пре­дав­ство из­вр­шил, след­но­то пра­ша­ње ќе би­де кол­ку вре­ме ќе му би­де по­треб­но на на­ро­дот да му ја ис­по­ра­ча каз­на­та!

Пишува: Ненад Мирчевски за „Република“

Мирчевски: Очекувам граѓаните масовно да се приклучат на движењето за десороизација на Македонија

Miting-VMRO-pred-Sobranie

Денешното наше јавно обраќање е всушност повик до сите граѓани да ни се приклучат, односно да се приклучат на нашата иницијатива за формирање на граѓанско движење чија примарна цел е десороизација на Македонија. Ги поздравувам одлуките на оние политички партии кои во изминатиот период јавно го поддржаа овој процес, но сепак, сметам дека тоа не е доволно за да се заштити државата од антидржавното делување на соросовата фондација и неговите платеници. Ние како граѓани на оваа држава, и пред се како Македонци, имаме обврска како пред нашите предци, така и пред нашите потомци, независно од делувањето на политичките партии, да дадеме свој придонес во зачувување на целовитоста на државата и сите нејзини белези кои во моментот се загрозени од овие платеници во граѓанскиот сектор. Свесни сме дека против нас имаме сериозна организација со огромна моќ, и непресушен извор на финансии, но во исто време сме убедени дека во Македонија има многу повеќе родољуби патриоти за кои опстанокот на татковината нема цена. Токму затоа веруваме дека ова движење многу скоро ќе добие на масовност, а со тоа ќе стане и сериозен , се надевам и главен фактор во процесот на десороизација на државата.

Зошто граѓанско движење?

Во изминатиот период се уверивме дека опозицијата потпадна под целосно влијание на Сорос и неговата фондација, со што сериозно се доведе во прашање опстанокот на државата во денешен облик. Од друга страна, имаме политички партии кои во моментот немаат доволен капацитет одлучно и решително да ги заштитат националните интереси. Причини може да набројуваме многу. И објективни и субјективни, но неспорен факт е дека заканата за опстанокот на државата е премногу сериозна, а општеството е премногу поларизирано и поделено за си дозволиме судбината на државата да ја оставиме во рацете на политичарите, а ние граѓаните така комотно да ги следиме процесите од фотеља. Токму затоа одлучивме дека начинот на граѓанско дејствување е единствен начин за обединување на македонските граѓани против злото наречено Џорџ Сорос и неговиот план за уништување на државата. Нашата главна цел ќе биде целосно разобличување на начинот на функционирање на соросовата мрежа во Македонија, а времето ќе покаже дали и колку ќе успееме во тоа.

Заев ја доведе Македонија до раб на граѓанска војна

protest-na-vmro-pred-sdsm

Не е големо изненадувањето што Заев и раководството на СДСМ одбиваат чесно да признаат пораз и да му ја честитаат победата на противникот. Не е изненадување ниту неговата подготвеност да ја вовлече државата во крваво сценарио. Тоа се последни сили на човек што ја губи почвата под нозе. Човек во очај, кој е подготвен да се одмазди на секој што му се испречил на патот. Дилемата е дали Македонија има сила да ја избегне (искрено верувам) последната стапица на „чадорот“ и да одолее на опасноста?

Сценариото за братоубиствена војна, кое претрпи неколку измени и надградби во последните две години и кое досега ВМРО-ДПМНЕ успешно го избегнуваше, сега е повторно активно. Можеби не како првична замисла за конечен исход од предвремените избори, но сигурно како резервен план по неуспешното сценарио да се урне власта со изборни манипулации.

За што станува збор?

Додека набљудувачите ни ги оценуваат изборите како „веродостојни и компетитивни“ сѐ погласно во јавноста се зборува за сериозна изборна корупција со албанските гласачи, кои во невообичаено голем број гласаа за СДСМ. Веројатно ова е само еден од начините на кои требало да се намали огромната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се обезбеди победа на опозицијата. За исполнување на целта, според информациите на повеќе медиуми, се полнеле кутии во доминантно албанските средини и тоа по 18 часот, непосредно пред затварање на избирачките места. На тој начин, но и со подмитување на албанските гласачи, на контото на СДСМ легнале меѓу 40.000 и 70.000 албански гласови, за кои, според повеќе извори, биле потрошени милиони евра.

Од каде се стигнати тие пари во државата, на чии сметки биле префрлани и како биле делени, треба да дознаеме од надлежните институции. Се надевам дека јавноста нема да чека многу долго за тие информации, односно ќе биде информирана пред да отидат работите во несакан правец. Граѓаните мора да дознаат чии пари се делеле по џамии, по колку пари давале оџите за глас за СДСМ, дали има и каква е поврзаноста на началникот на СВР Куманово поставен од СДСМ со овие настани, кој е неговиот налогодавец од врвот на партијата… Исто така, би било многу несериозно ако не се спроведе истрага и за неважечките ливчиња, 37.000 на број, за кои претседателот на ДИК вели дека биле само „начин на изразување волја“. Ваквиот ноншалантен однос кон оваа сериозна бројка поништени гласачки ливчиња, можеби, се должи на фактот што, според некои информации, на повеќе од 90 отсто од нив бил заокружен бројот еден (на ВМРО-ДМПНЕ).

Ова сценарио требало да гарантира сигурна победа на СДСМ, под услов ВМРО-ДПМНЕ да не освои ниту еден мандат во дијаспората, а во Македонија да добие најмалку 50.000 гласови помалку од последните избори. Затоа Заев беше повеќе од сигурен дека ќе биде победник на изборите, па дури и без некој да го повика најави дека ќе поднел оставка ако не победи. Математиката им ја расипа, кој друг ако не народот, кој масовно излезе да гласа за одбрана на државата.

Токму поради ваквиот неочекуван развој на настаните, „чадорот“ и Заев бараа дополнително време за консултација и за коригирање на првичниот план, па, најверојатно, затоа и Чичаковски беше пратен на спиење. Додека претседателот на ДИК дремеше повеќе од седум часа, а целата македонска јавност чекаше да слушне која партија колку мандати добила, СДСМ правеше пазар со Беса и договараше прегласување во неколку избирачки места каде што нема регистрирано сериозни изборни нерегуларности. Овој нов план предвидува СДСМ и Беса на прегласувањето меѓусебно да си ги поделат гласовите на штета на двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Така СДСМ повторно би дошол во ситуација да ја погази народната волја и да го украде мандатот за формирање влада.

Следејќи ги изборните интриги и манипулации што деновиве ги прави СДСМ пред, за време и по предвремените избори, занемаруваме еден многу важен факт, дека ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа со 454.000 гласови, бројка што ги побива главните аргументи на опозицијата со кои ја предизвика кризата.

Зошто е тоа важно да се нагласи?

Зоран Заев и СДСМ не ги признаа изборните резултати во 2014 година обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за изборна кражба и поради тоа ја предизвикаа најголемата политичка криза во државата од нејзиното осамостојување. Изговорот беше дека нивниот политички противник, кој на тие избори освои повеќе од 480.000 гласови, украл дури 200.000 гласа на граѓаните, а во избирачкиот список, наводно, имало стотици илјади непостојни гласачи. Тврдеа и дека имало 500.000 фантоми, луѓе гласале со фалсификувани лични карти и што ли не… Иако не приложи ниту еден доказ за обвинувањата, Заев со поддршка на странски дипломати и на домашни шпиони две години упорно ја силува државата барајќи начин како да се инсталира на власт и да ја заобиколи волјата на граѓаните.

kol224-miting-vmro-2

Со масовно ширење на овие лажни тврдења, но и со многу други скандали лажирани во опозициските „фабрики за афери“, во изминатите две години СДСМ го оправдуваше бојкотот на парламентот, објавуваше нелегално прислушувани разговори, организираше насилни протести на кои бараше оставка од владата и се обидуваше насилно да ја преземе власта, кршеше државни институции и сквернавеше споменици, вршеше насилство и се закануваше на новинари, експерти, обични граѓани-неистомисленици…

Во сиот тој период упорно се обидуваше да испровоцира меѓуетнички или интеретнички судир, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ, колку и да изгледаше нелогично за граѓаните со оглед на убедливата поддршка што ја уживаше, постојано правеше отстапки, сѐ со цел да се избегне таквото крваво сценарио.
Зоран Заев и „чадорот“ ја открија слабата точка на ВМРО-ДПМНЕ (дека ќе избегнува крвопролевање по која било цена) и токму благодарение на притисокот на дипломатите и на заканите со насилство успеаја да издејствува еден куп отстапки и исполнети барања како предуслови за предвремени избори. Добија сѐ што побараа – СЈО, нов Изборен законик, нов состав на ДИК, неколку министерства, меѓу кое и тоа за внатрешни работи… Сето тоа под изговор дека само така можат да ги докажат изборната кражба и лажните гласачи. Очајно бараа фантоми и лажен идентитет, но не најдоа ниту еден, освен фалсификатите на нивниот Чауш. Во меѓувреме, демек бараа избори, ама молеа Господ да не се одржат никогаш за да не се потврдат сите нивни лаги.

Дури и кога од третпат Заев (под принуда од „чадорот“) прифати да излезе на избори во декември, предупредив дека овој човек никогаш нема чесно да признае пораз. Овој во повеќе наврати докажано неморален човек, никогаш нема да дозволи да биде почитувана волјата на народот на негова сметка, па затоа во соработка со неговите ментори е подготвен да направи сѐ за да се продолжи кризата, а СДСМ по која било цена да се избори за власт. Дури и да се случи граѓанска војна како што најавуваше Верушевски во својата комуникација на „Скајп“ со еден од осомничените во „Пуч“!

Изборите што се одржаа во неделата, навистина, беа референдумски со огромен одѕив на граѓаните, а народот јасно кажа „не“ за поделби, „не“ за двојазичност, „не“ за редефинирање на државата. Доколку Заев и СДСМ бидат упорни во погазувањето на волјата на граѓаните се плашам дека ќе се доведеме во ситуација кога на улиците ќе се излее целиот гнев на народот што го собираше во изминатите години. Овој пат, за жал, веќе никој нема ниту волја, ниту трпение, ниту простор за игри и за отстапки затоа што Заев и неговите сојузници нѐ доведоа на раб на граѓанска војна во која нема да бидат уништени само политички кариери туку и многу човечки животи. Затоа искрено се надевам дека ќе надвладее разумот во раководството на опозицијата и ќе ги прифати изборните резултати и волјата на граѓаните какви што беа презентирани од ДИК и беа поздравени од соодветните меѓународни фактори.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Нашата генерација е на потег – избори се за Македонија!

za-makedonija

На­ја­ви­те на Зо­ран За­ев за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та на ште­та на ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си ни­ту се слу­чај­ни ни­ту се на­ив­ни ка­ко што дел од чле­но­ви­те и сим­па­ти­зе­ри­те на опо­зи­ци­ја­та ко­мот­но ги тол­ку­ва­ат. Срам­но­то и опас­но тр­гу­ва­ње со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, со кои ска­по се пла­ќа­ат ал­бан­ски­те гла­со­ви, за СДСМ е дол­го­го­диш­на стра­те­ги­ја со ко­ја го на­до­ме­сту­ва не­до­сти­гот на до­вер­ба кај ма­ке­дон­ски­от еле­кто­рат.

Ан­ти­ма­ке­до­низ­мот во оваа пар­ти­ја е пот­тик­ну­ван и раз­ви­ван во пос­лед­ни­те две де­це­нии, пред сѐ, ка­ко единс­твен лек за нив­на­та бол­на жел­ба за власт по се­ко­ја це­на. Да не за­бо­ра­ви­ме, три па­ти на иден­ти­чен на­чин за­да­ва­ат сил­ни уда­ри на Ма­ке­до­ни­ја и на Ма­ке­дон­ци­те. Во 1994 го­ди­на ја изоб­ли­чи­ја ет­нич­ка­та кар­та на Ма­ке­до­ни­ја, во 2004 го­ди­на ги про­да­доа Стру­га и Ки­че­во, а де­нес се на пат да ја уни­штат др­жа­ва. Тоа што го поч­наа пред по­ве­ќе од 20 го­ди­ни, го до­вр­шу­ва­ат се­га.

Ко­га во 1994 го­ди­на бру­тал­но ја из­ме­ни­ја ет­нич­ка­та кар­та на др­жа­ва­та со из­да­ва­ње др­жав­јанс­тва на по­ве­ќе од 100.000 Ал­бан­ци од Ко­со­во, сто­ти­ци Ко­сов­ци беа при­ја­ву­ва­ни на исти адре­си во Ча­ир, а по­ли­цај­ци­те им де­леа до­ку­мен­ти на вра­та. Ни­кој од се­гаш­ни­ве бор­ци за де­мо­кра­ти­ја, а то­гаш­ни уг­лед­ни ме­ди­ум­ски пер­а, не се по­тре­се што стран­ски др­жав­ја­ни без ни­ка­ква ос­но­ва до­би­ја ма­ке­дон­ски до­ку­мен­ти и ди­рект­но вли­ја­е­ја врз ме­ну­ва­ње на ет­нич­ка­та ма­па на Ма­ке­до­ни­ја на ште­та на ма­ке­дон­ско­то мно­зин­ско на­се­ле­ние! За си­те нив бе­ше важ­но са­мо ед­но – СДСМ и Ки­ро Гли­го­ров да ги до­би­јат из­бо­ри­те.

Де­сет го­ди­ни по­доц­на, вла­да­та на СДСМ со ви­це­пре­ми­ер­ка­та Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска по­втор­но ре­ши да тр­гу­ва со ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, па се ос­ме­ли да ги про­да­де Стру­га и Ки­че­во во за­ме­на за под­др­шка од Ал­бан­ци­те на прет­стој­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри. Ил­јад­ни­ци ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни од овие мно­зин­ско ма­ке­дон­ски на­се­ле­ни ме­ста беа ди­рект­но за­сег­на­ти од не­при­род­но пре­кро­ју­ва­ње на гра­ни­ци­те со што Ки­че­во и Стру­га се пре­тво­ри­ја во до­ми­нант­ни ал­бан­ски сре­ди­ни, а гра­до­ви­те до­би­ја гра­до­на­чал­ни­ци Ал­бан­ци. СДСМ ја за­пе­ча­ти суд­би­на­та на мно­зин­ско­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние во овие сре­ди­ни отка­ко ус­пеа да ги из­ма­ми Ма­ке­дон­ци­те со фа­моз­ни­от из­го­вор де­ка „не­кои пра­ша­ња не зас­лу­жу­ва­ат од­го­вор“. По­ве­ќе од 430.000 Ма­ке­дон­ци из­ле­гоа на ре­фе­рен­ду­мот и ре­коа „не“ за но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба, но не ус­пе­а­ја да го спре­чат ис­пол­ну­ва­ње­то на до­го­во­рот на ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри. Каз­на­та стиг­на на из­бо­ри­те во 2006 го­ди­на ко­га СДСМ до­би цр­вен кар­тон за пре­дав­ство­то (вклу­чи­тел­но и за си­те дру­ги гре­шки и лаж­ни ве­ту­ва­ња што ги да­доа во те­кот на вла­де­е­ње­то).

По де­сет го­ди­ни во опо­зи­ци­ја, СДСМ не ја на­у­чи лек­ци­ја­та, а но­ви­от ли­дер на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, Зо­ран За­ев, не са­мо што не го про­ме­ни на­чи­нот на функ­ци­о­ни­ра­ње на пар­ти­ја­та ту­ку и на иден­ти­чен на­чин се оби­ду­ва да се до­гра­би до власт. Очај­но ба­рај­ќи под­др­шка од Ал­бан­ци­те, се дрз­на да ли­ци­ти­ра со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си кре­вај­ќи го вло­гот на ма­кси­мум, без око да му треп­не за пос­ле­ди­ци­те по др­жа­ва­та и по Ма­ке­дон­ци­те. Овој пат си­ту­а­ци­ја­та е тол­ку сло­же­на што лес­но мо­же­ме да оста­не­ме без др­жа­ва ако при­ста­пи­ме не­се­ри­оз­но кон проб­ле­мот ка­ко во 2004 го­ди­на.

Зо­што сме­там де­ка дел од јав­но­ста не­до­вол­но се­ри­оз­но го сфа­ќа сце­на­ри­о­то што го спро­ве­ду­ва За­ев?

Пос­лед­на­та ан­ке­та на „Па­вел Ша­тев“ по­ка­жу­ва де­ка Ма­ке­дон­ци­те ре­фе­рен­дум­ски се из­јас­ну­ва­ат про­тив дво­ја­зич­ност и фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. На јас­но и нед­вос­мис­ле­но по­ста­ве­но пра­ша­ње „Да­ли под­др­жу­ва­те дво­ја­зич­ност и нов рам­ко­вен  до­го­вор?“ ду­ри 93,5 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те ка­те­го­рич­но ве­лат „не“. Во исто вре­ме, 93,1 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те се из­јас­ни­ле де­ка не би под­др­жа­ле пар­ти­ја што се за­ла­га за кон­цеп­тот на дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја и нов рам­ко­вен до­го­вор. Ин­три­гант­но е тоа што во оваа гру­па гра­ѓа­ни има огро­мен број Ма­ке­дон­ци што и по­крај тоа што се про­тив иде­ја­та за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, рек­ле де­ка ќе гла­са­ат за СДСМ. Ди­ле­ма­та е зо­што опо­зи­ци­ски рас­по­ло­же­но­то гла­сач­ко те­ло има та­ков од­нос кон на­ци­о­нал­ни­те пра­ша­ња и ин­те­ре­си? Да­ли се под­го­тве­ни да ја про­да­дат др­жа­ва­та за да му да­дат власт на За­ев? Си­гур­но не! Да­ли се под­го­тве­ни да ја жр­тву­ва­ат ид­ни­на­та на сво­и­те де­ца за да ја спа­сат ко­жа­та на За­ев? Ап­со­лут­но не! Убе­ден сум де­ка и ме­ѓу нив има па­три­о­ти што би се жр­тву­ва­ле за др­жа­ва­та. Но, исто та­ка, убе­ден сум и де­ка си­те тие го слуш­на­ле За­ев ка­ко збо­ру­ва за гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот и ка­ко ве­ту­ва дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на Уста­вот, нов Охрид­ски до­го­вор, ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та!

То­гаш ка­де се раз­е­ди­ну­ва­ме со ста­во­ви­те? Да­ли ре­чи­си три че­твр­ти­ни од гла­сач­ко­то те­ло на СДСМ го сме­та За­ев за оби­чен лаж­го и во­оп­што не ве­ру­ва­ат во не­го­ви­те збо­ро­ви? Или мо­же­би ва­кви­те не­го­ви те­зи ги оце­ну­ва­ат ка­ко мам­ка за ал­бан­ско­то гла­сач­ко те­ло (и тоа го сме­та­ат ка­ко ле­ги­тим­но)? Да­ли ла­ги­те на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та ста­наа до тол­ку при­фат­ли­ви за опо­зи­ци­ски на­стро­е­на­та јав­ност што ду­ри и са­ми­те тие мис­лат де­ка во­оп­што не е важ­но што збо­ру­ва За­ев? Ова не го наг­ла­су­вам за да се потс­ме­вам со опо­зи­ци­ски­от ли­дер, за ко­го искре­но сме­там де­ка е за­гу­бен во вре­ме­то и во про­сто­рот, ту­ку, на­про­тив, да пре­ду­пре­дам де­ка се­ри­оз­но ја за­не­ма­ру­ва­ме за­ка­на­та да ја за­гу­би­ме др­жа­ва­та до­де­ка се за­ба­ву­ва­ме со по­де­ле­на­та лич­ност на За­ев, ко­ја ре­дов­но ја про­мо­ви­ра во јав­ни­те на­ста­пи.

Да би­де­ме на чи­сто, Зо­ран За­ев е мр­тов по­ли­ти­чар и не­го­ви­те де­но­ви се од­бро­е­ни на по­ли­тич­ка­та сце­на! Пра­ша­ње­то е да­ли ќе ус­пее со се­бе да ја пов­ле­че це­ла­та др­жа­ва или на бу­ни­ште­то ќе за­вр­ши са­мо со сво­и­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци. За­тоа, на 11 де­кем­ври е пре­суд­но во кол­кав број ќе ка­же­ме стоп за За­ев и стоп за де­стру­ктив­на­та по­ли­ти­ка на СДСМ. Во ка­ква др­жа­ва ќе жи­ве­е­ме ние и на­ши­те по­ко­ле­ни­ја не за­ви­си са­мо од по­ли­ти­ча­ри­те, ту­ку и од нас са­ми­те. Ка­ква Ма­ке­до­ни­ја ќе им оста­ви­ме на на­ши­те ид­ни по­ко­ле­ни­ја ќе за­ви­си од на­ши­от глас на 11 де­кем­ври. Вре­ме е да ги збри­ше­ме си­те оние што се дрз­наа да ста­ват ра­ка на на­ше­то име, ја­зик, те­ри­то­ри­ја…! Овој пат од нас за­ви­си! На 11 де­кем­ври на по­тег е на­ша­та ге­не­ра­ци­ја!

За Ма­ке­до­ни­ја се ра­бо­ти!

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Заев е мртов политичар, гласот за него е глас против Македонија

Zaev-albansko-zname

Зоран Заев, конечно, расчисти со сите Македонци и со сè што е македонско. Нема веќе тајни, нема недоумици. По речиси две години, лидерот на опозицијата ги отвори картите и јасно покажа која беше целта на неговите „бомби“. „Борбата против режимот“, всушност, било „борба за правата на Албанците“, со крајна цел – редефинирање на државата. Сето друго било само параван зад кој требало да се скрие ова антимакедонско сценарио.

Да бидеме на чисто, Зоран Заев не само што ги предаде Македонците, туку ги предаде и партијата, коалициските партнери, соборците од шарената револуција, обичните граѓани… сите тие што искрено поверуваа дека води битка за позитивни промени и реформи, кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, а не за промени на Уставот и за проширување на Охридскиот рамковен договор. Во овој случај, не би сакал да коментирам за наивноста на тие што му верувале досега, туку би сакал да ја нагласам опасноста што произлезе од поддршката што толку наивно му ја дадоа и сè уште му ја даваат на овој човек.

Зоран Заев по изборите во 2014 година јавно кажа дека не му прилегало да биде патриот. Тогаш опозицијата го поздрави неговиот гест обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека постојано подгрева етнички тензии за да се одржи на власт и дека лажно ги брани националните интереси.

Денес Зоран Заев јасно и гласно од Берн вети целосна двојазичност, бинационална Македонија, промена на Уставот, нов рамковен договор… На дело покажа дека, навистина, не му прилегало да биде патриот, туку велепредавник. Неговиот избор е негово право, но што е со другите, кои во овие две години застанаа зад него? Кој е нивниот став за ова прашање? Зошто молчат?

Да го обвиниш македонскиот народ дека е виновен за сите проблеми со соседите не си дозволил ни најголемиот душман на Македонците. Како тогаш овие луѓе во СДСМ по заминувањето на Заев ќе ги погледнат в очи Македонците и ќе побараат прошка од нив? Како повторно ќе ја побараат нивната доверба и глас!?

Да расчистиме, можам да разберам човек што е со една нога в затвор за серија тешки кривични дела да прави сѐ што е во негова моќ за да се спаси и притоа да предизвика штета на сѐ што го опкружува. Но, во никој случај не можам да го разберам или да го оправдам молкот на неговите сопартијци и на коалициските партнери за овие прашања.

Впрочем, нивниот јасно изразен став за ова прашање е многу важен при решавањето на гласачите за кого да го дадат својот глас. Многу е важно народот да знае кој сѐ во СДСМ, но и во другите партии што учествуваат на изборите, поддржуваат менување на Уставот и редефинирање на државата? Дали има уште некоја друга будала што смета дека е потребно да се воведе двојазичност на целата територија на државата? Гласачите имаат право да знаат дали партиското раководство во СДСМ стои зад ова што го зборува Заев или човекот зборува во свое лично име? Сега е вистинско време да видиме колку црпнати има во членството на СДСМ, колку меѓу коалициските партнери, а колку меѓу Соросовите платеници и шарените револуционери?

Сите спомнати ги прашувам отворено дали кога седевте во шаторите пред влада баравте редефинирање или реформирање на Македонија? Дали ги уништувавте спомениците од македонската историја затоа што ви беа грди или затоа што ве потсетуваа на грдото лице на Македонецот? Знамињата на голема Албанија на наводните граѓански протести ги веевте за да покажете како Заев планира да гради соживот или како ќе изгледа Македонија кога „црпнатиот“ ќе ја растури државата? Дали ве тераа да ги колнете полицајците и да им посакувате повторно да им се случи Куманово затоа што ве спречуваа да вршите насилство или затоа што ги елиминираа терористите што требаше да го поддржат сценариото на Заев за федерализација на Македонија? Дали јасното и гласно „не за двојазичност“, „не за нов рамковен договор“ и „не за редефинирање на Македонија“ од ВМРО-ДПМНЕ е правилен став во одбрана на националните интереси или сè уште сметате дека тоа е „дување национализам“?

Конечно, не ли ви е срам да застанете на иста страна, зад човек што е подготвен да го продаде својот народ за власт? Немојте да се правдате дека гласот за човекот што тргува со националните интереси е глас против ВМРО-ДПМНЕ. Не! Имате уште еден куп опозициски партии на избирачкото ливче, кои се противници на партијата на власт, но не ни помислуваат да чепкаат во Уставот, да поддржуваат нов рамковен договор за повеќе права за Албанците, да се залагаат за двојазичност и за федерализација, да го обвинат сопствениот народ дека е виновен за сите спорови што ги има Македонија со соседите! Овој одговор, едноставно, нема да ви помине!

Немојте ниту да се правдате дека не сте го сфатиле Заев сериозно кога ветува двојазичност и дека сите Македонци ќе учат албански јазик. Не! За да ја сфатите сериозноста на ситуацијата доволно е само да се потсетите кој е виновен што денес Република Македонија се ја именуваат како ФИРОМ, кој и зошто го смени знамето, како стигнавме до Охридскиот рамковен договор, кои се последиците од територијалната поделба, што требаше да се случи во Диво Насеље…

Немојте да го оправдувате дадениот глас за велепредавникот со образложение дека тој никогаш не кажал такво нешто и дека провладините медиуми го ваделе од контекст. Не! Не треба никој да ве убедува во тезите на велепредавникот. Доволно е да сами да чуете што им ветува на Албанците за власт. Ако и тогаш не ви е доволно јасен, слободно побарајте да ви дообјасни.

Впрочем, сигурно не верувате во космополитизмот на Заев, односно во неговата желба „детето Албанче да учело музика на мајчин јазик“. Ако, навистина, толку наивно верувате во тоа што ви го сервира предавникот, објаснете си самите зошто не се загрижи за децата Турци, Срби, Власи, Роми, Египќани…? Зошто едно дете Албанче во Струмица би имало повеќе привилегии од 100 деца Турчиња, Србинчиња, Власчиња, Ромчиња,Египќанчиња во средината во која живеат (а не се 20 проценти)? Зошто македонските деца би учеле албански, а не би учеле турски, српски, влашки, ромски, па дури и египетски…? Можеби сметате дека нема потреба да комуницираат со нив или, пак, за нив не е проблем да го совладаат македонскиот јазик?

Едноставно, нема никаков изговор за да го заокружите предавникот Зоран Заев и да ги одржувате во живот неговите опасни игри, кои можат да доведат до граѓанска војна во која повторно би гинеле македонски синови. Тогаш, никој и за никаква цена нема да може да ви ја смири совеста до крајот на животот. Вие ќе бидете сојузникот на Заев во разнебитувањето на државата, а сето тоа еден ден ќе треба да им го објасните на вашите поколенија.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република