Груевски: 15-ти октомври е името на новата ера, новата љубов, новата возбуда и новата победа

Македонија, нашата љубов, нашата светлина, нашата татковина. Македонија, нашата судбина. Македонијо, се поклонуваме пред тебе, ние, твоите луѓе, твоите граѓани. Од се срце ги поздравувам сите кои дојдоа од сите места, од сите делови и страни на Скопје и кои додаваат сила на нашата сила, додаваат возбуда на нашата возбуда, додаваат ентузијазам на нашиот ентузијазам. Да го поздравиме Скопје. Да ги поздравиме Гази Баба, Аеродром, Чаир, Кисела Вода, Бутел, Центар, Карпош, Шуто Оризари, ве поздравуваме! Ѓорче Петров и Сарај, ве поздравуваме! Од името на овие граѓани, ја поздравувам цела Македонија. Го поздравувам секој еден граѓанин на Република Македонија од срце, со љубов, почит и искреност – вака лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски го започна својот говор на вечерашниот митинг во Скопје, последен пред локалните избори закажани за оваа недела.


Тој посочи дека вечерва е собир на храбрите, одлучните и посветените луѓе кои ги здружуваат силите за да ја кажат громогласно волјата на македонските граѓани на 15-ти октомври, голема средба на граѓаните на Македонија кои сакаат мир, спокојство, единство, кои сакаат еднаквост, нови проекти и правда, голема средба на Македонија која сака развој за своите градови и села, решенија за проблемите и посветла иднина за нашите деца.


15-ти октомври е денот кога ќе се одлучи нашите градови да добијат помодерен изглед, нашите луѓе да бидат посреќни и побезбедни. 15-ти октомври е името на новата ера, новата љубов, новата возбуда и новата победа! ВМРО е родено од срцето на нашата нација која имаше визија и посакуваше најдобра иднина за Македонија и никогаш не се штедеше во пожртвуваноста да го оствари тоа. Ние сме предводници на голема кауза, и предци на еден голем и велик пат. Има милиони луѓе кои многу придонеле во нашата организација и чекореле на овој пат заедно со сите нас. Има многубројни херои кои чекореле по овој пат со нас и кои оставиле трага служејќи и на оваа земја. Македонија напредуваше многу со нивниот беспоштеден труд и макотрпна работа. Кога го продолживме нивниот пат, ветивме едно нешто: Ќе работиме дење и ноќе со сета наша енергија, со сета наша сила за Македонија и со забрзани чекори ќе ја внесуваме нашата земја таму каде што заслужува, меѓу развиените земји во светот – рече Груевски.

ЗАТОА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ: „Новата ера“ нуди бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто оделение, поголеми плати, пензии и субвенции

Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот во Берово.

-Новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти  на 22.6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада од да ја смалиме невработеноста од 22 проценти на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Берово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми.

Тој во Берово ги најави и новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаенм посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар.
Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) –  25% ослободување од комуналии

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации.

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

-Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот.Овие луѓе од власта се неспособни, тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла, изјави Гуревски.

Тој кажа дека тие се горд глас на оваа нација, дека се независен глас на Македонија, дека тие се Македонија.

-Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓанин. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место. Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие тие не бараат само победа за претстојните избори, тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред, размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

Груевски од Крива Паланка порача: Одберете ја „Новата ера“ за поголеми плати, пензии, субвенции, вработувања

Груевски им порача на граѓаните дека нема да слушнат решенија, нема да слушнат идеи за подобар живот туку флоскули, апстрактни поими.

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Крива Паланка, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој кажа дека искрено и од се срце го поздравува граѓаните поради ентузијазмот, нивната љубов и решителност, одлучност и храброст.

– Остануваат уште само неколку дена,  и мигот на одлучување дали ќе продолжи слободното паѓање или ќе биде сопрено и ќе почне новата ера. Се приближуваме до 15-ти октомври.  Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори, вашата одлука е многу важна – не е само, уште една обична одлука, таа е важна одлука, изјави Груевски.

Груевски кажа дека на овие избор не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови и села, туку сите ние  заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври.

-Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Ова е ваш град, ова е наша држава и одлуката е ваша. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и села и за иднината на нашата држава, само вие одлучувате, а не некој друг. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа наша држава. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја.  Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ. Нашата љубов е заедничка со нашата земја, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека тие не се едни од оние кои бараат гласови, ги добиваат и ги забораваат луѓето уште наредниот ден.

-Ние не сме едни од оние кои ги бараат гласовите на граѓаните, а ја добиваат својата сила од некои други, кои имаат поддршка од друго место. Кои велат подржете не за да продолжиме да работиме за туѓи интереси. Ние сме партија на граѓаните на Македонија, и ние сме гаранција за силна Македонија, тоа е ВМРО-ДПМЕ и тоа е коалицијата за подобра Македонија, изјави Груевски.

Тој кажа дека сите знаат каква промена, развој и раст доживеа Македонија во последните 10тина години. Дека сите знаат каде сме биле како држава пред 11 години, а каде била државата кога ВМРО-ДПМНЕ ја препуштиле власта пред пет месеци.

-Каде и да одам, во сите мои говори, секогаш зборувам за работите кои сме ги направиле, за проектите кои сме ги реализирале, за успехот кој заеднички го создаваме. И има многу работи да се кажат затоа што тоа сме ние, а работата и посветеноста останува наша карактеристика. Истовремено зборувам и за јасно дефинирана и добро промислена визија и цел за иднината. За тоа што во иднина ќе го направиме.Но ве прашувам, за што зборуваат тие? Тие зборуваат со клевети, лаги и празни зборови, изјави Груевски.

Груевски потенцираше дека нивната политика е политика на празни зборови, дека тоа е политика на клевети.

-Тоа е политика на навреди, секојдневни навреди. Тоа е политика на креирање тензии и заплашување, политика која креира многу афери, корупција, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново: Ние не се плашиме од никого, ние сме ВМРО, ние сме коалиција и не се плашиме од никого и никаде. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо, подготвени спремни да работиме и помагаме, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие никогаш нема да застанат, нема да се предадат, никогаш нема да заборават и да го сменат својот правец на развој на земјата.

-Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија.  Тие не се способни да го прават тоа. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти. Погледнете што се случува, тие им велат на луѓето, ,,гласајте за нас”. Луѓето секако ќе ги прашаат, добро ,,Македонија и нашите градови имаат проблеми. Што ќе вие преземете за тоа?” Кои се вашите проекти, ветувања, визија за да? Што велат тие? „Ние ветуваме воздух, граѓаните ќе добијат воздух“. Тоа е потценување на народот. Нивниот главен проект е воздух. Благодарение на Бога, поредокот во природата ни обезбедува воздух. А Бог дарува и живот, а тие ветуваат и живот. Две работи кои не зависат од нив, токму тие две работи ги ветуваат. Тоа е потценување, на сите, на оние што ги поддржуваат и што не ги поддржуваат, изјави Груевски.

Груевски им порача на граѓаните дека нема да слушнат решенија, нема да слушнат идеи за подобар живот туку флоскули, апстрактни поими.

-15 октомври е и можност за испраќање на порака, ваша порака, од сите вас граѓани. На овие избори ќе се гласа за тоа дали согласувате извозот да продолжи да паѓа, или економијата да оди напред, како што беше во наше време? За тоа дали капиталните инвестиции кои ги преполовија од 25 милиони евра месечно на 14, ќе продолжат да паѓаат, или ќе се вратат назад и ќе почнат да се зголемуваат? Дали сте за повисоки даноци кои ги најавуваат, или за најниски кои ние ги овозможивме? Дали сте за плати кои ги намалија, или за плати кои реално ние ги зголемувавме? Дали сте за филмски измами и измислени инвестиции како онаа аферата за САНОС, тендери и пари само за луѓето од власта, или за реална поддршка на стопанството каква ние овозможувавме, праша Груевски.

Груевски кажа и дека пензионерите ќе испратат порака дали се за пензии кои не се зголемуваат, или за редовно покачување на нивните примања какво правевме сите изминати години додека ВМРО-ДПМНЕ ја имаше одговорноста.

-Земјоделците ќе пратат порака дали се за тоа ако немаат повисок принос во годината да немаат субвенции, или субвенции кои постојано растат, граѓаните дали веруваат во лажните ветувања за радиодифузна такса која е иста, или евтина струја која реално ја нема? На 15 октомври испраќате порака за тоа дали се согласувате со рекетот кој го вратија по улиците, криминалот кој длабоко навлегува во секоја пора во општеството да продолжи или треба да му се стави крај? Народот ќе одлучи за штетниот договор со Бугарија, кој се потпиша но не е ратификуван од нашиот Парламент, и дали Илинденското востание е бугарско или македонско, дали Гоце Делчев е македонец или бугарин? Дали сте за комисии со грција за договорање на комисии за ревидирање на историјата и ревидирање на учебниците по историја, или не сте за тоа, праша Груевски.

Тој кажа дека одлуката е на народот, дека тие одлучуваат, а дека во секое поле гледаме неспособност и аматеризам.

-Тие се приправници. И затоа ќе кажам, кога сакате да ви се поправи колата, ја носите кај помошникот или кај вистински мајстор? Кога сакате да ви се окречи куќата, викате приправник или вистински и искусен молер? Кога ќе го носите детето на лекар, сакате да го лечи некој кој досега не се докажал или искусен лекар? Кога отиде на кројач, одите кај некој неискусен или искусен кројач?Кога сакате да ја шишате косата, дали преферирате приправник или искусен фризер? Овие приправници се обидуваат да летаат авион, а ни велосипед не знаат да возат. И тоа не можат да го направат, изјави Груевски.

Груевски порача дека тие не можат да ги водат и управуваат нашите градови, тие се неспособни да ги решаваат проблемите на граѓаните. Кажа дека тие не можат да ја водат Македонија во потребниот правец.

-Настрана водењето на државата, две овци да им дадете ќе ги загубат. Тие никогаш не ги исполнуваат своите обврски. Но едно добро знаат да прават: да продаваат ветер и магла. ВМРО е мајсторот, ВМРО и коалицијата имаат способност, вештини, проекти, визија, храброст и резултати. Кога нешто ќе ветиме, секогаш сме доследни на нашите зборови. Кога ќе речеме дека нешто ќе направиме, ние секогаш исполнуваме. Ние сме ВМРО, ние работиме ние сме коалиција за подобра Македонија, ние исполнуваме, изјави Груевски.

Тој напомена дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија, дека решенијата и проектите ја формираат нашата политика.

-Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме, ние имаме проекти за Македонија, ние имаме визија за Македонија, ние имаме решенија за Македонија. ние ја нудиме новата ера за Македонија. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера со 150 илјади нови работни места, со намалување на невработеноста под 10 осто. Кога можевме да ја намалиме од околу 40 на околу 22.5 осто, можеме да ја спуштиме и под 10 осто, ако можевме да вработиме 173 илјади лица за 11 години, ќе можеме уште 150 илјади за 10 години. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари.  Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови, изјави Груевски.

Тој кажа дека тоа ќе биде нова ера на најниски даноци. Потенцираше дека ќе има поголеми плати, пензии, субвенции, нова ера на големи вложувања во екологијата.

-Во тоа се разликуваме, тоа е она што нашиот народ го бара од нас. Нашиот народ сака проблемите да му бидат решени. Тој сака неговите градови да се развиваат.Нашиот народ сака помала невработеност, повисоки плати, поквалитетно образование, подобри болници, повеќе и подобри градови. Затоа гласно викаме: Секогаш работа, секогаш Македонија, изјави Груевски.

Груевски во Крива Паланка им се обрати на сограѓаните кои минататите избори гласаа за СДСМ, тој кажа дека сака да им се обрати исрено и да ги покани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

-Придружете ни се за да изградиме посилна Македонија. Сите ние заеднички сме Македонија.  СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалуваат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка, пречка за подобро образование, за повеќе работни места, економски раст и развој. Тие се само пречка, порача Груевски.

Груевски кажа дека власта е во паника, дека се во паника затоа што им е јасен фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат.

-Паничат видејќи ВМРО е посилно сега, го гледаат тоа. Тие ја гледаат возбудата кај луѓето, ентузијазмот, напорната работа, мотивираноста, одлучноста која ВМРО ја создава низ целата држава, од град во град, од село во село. И тие не знаат што да направат во врска со тоа. Затоа започнаа со неетички и неморални чинови. Им се тресат колената. Се обидуваат животот на нашите кандидати да им го отежнат колку што можат. Им се закануваат, им вршат притисоци. Ги саботираат. Се расфрлаат со кривични пријави кои се неиздржани и се исклучиво наменети за оцрнување. Ќе им порачам- не се плашиме од никого, никаде. Ваквите притисоци нема теорија да не обесхрабрат. Ниту една закана нема да не натера да клекнеме на колена, изјави Груевски.

Тој кажа дека што и да направите, што и да смислите, Македонија ќе ви одговори, ќе згрми громогласно и ќе си ја потврди својата слобода и независност, Македонија ќе продолжи да ја чува својата слободна волја.

-Нема сила која може да ја запре Македонија, а Македонија е секој еден од вас. Млад или повозрасен, земјоделец или работник, доктор или наставник, невработен или стечаец. Секој еден од вас, изјави Груевски.

Груевски: Наша работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните, невработените, младите, работниците и пензионерите

Наша работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните, наша работа е да ги решаваме проблемите на невработените, наша работа е да ги решаваме проблемите на младите, работниците и пензионерите. Ние не сме тие што со празни зборови ја киднпираме иднината, лебот, работата на нашите луѓе, ова го изјави Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Конвенцијата именувана како „Нова Ера“.

-Ние не сме непринципиелни и неконзистентни како што тоа се други. Ние истото ова го говориме и правиме и во Скопје, и во Охрид и во Битола и во Прилеп и во Струмица и во Тетово и Гостивар, во Кичево и Лозово. Ние сме луѓе од збор и тоа што го мислиме тоа и го говориме и правиме. Ние ја сакаме нашата земја и нашиот народ. Ние за нив говориме со љубов. Ние ги исполнуваме нашите ветувања и не се плашиме од никого. Ние сме посветени и нашите мисли и срца се насочени кон целта за решавање на проблемите на Македонија. Тоа е нашето вистинско лице и така мора и така ќе работиме во иднина. Нашите кадри, нашите кандидати за градоначалници силно ја сакаат нивната работа, својот град и својата татковина. Создаваме тим на луѓе кои во меѓусебна соработка силно и посветено ќе работи на нашите идеали и визија. Оние кои само зборуваат и не работат нема лесно да не разберат, истакна Груевски.

Тој вели дека оние чија што надеж произлегува од ширењето лаги и озборувања нема воопшто лесно да не разберат. Оние кои ги занемаруваат вредностите на нашата земја, нема лесно да не разберат.

-Оние кои не решаваат проблеми на нашите луѓе и нашата татковина, кои бараат и создаваат гнасни и мрачни сојузи, нема да можат да не разберат. Ние, сите ние, народот на Македонија, сме силата и иднината на нашата земја. Сложно, и вредно, работно и одговорно, гордо и достоинствено. Народот е Македонија. Народот ја прави оваа земја тоа што е, наш сон и наша надеж. ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите. Им пружа рака и пријателски стисок на секој наша граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка или било каква друга припадност. Сите граѓани, од сите градови, сите региони, на возраст од 7 до 70 години. Сите сегменти на македонското општество работници, уметници, пензионери, доктори, учители ги сметаме дел од нас, од нашата работа и нашите политики. Нема да има дискриминации ниту класификации. Никогаш нема да се дистанцираме од народот. И нашите кандидати ќе ги следат овие инструкции, тие ќе рамо до рамо со својот народ. Грешките ги исправивме исправаме и ќе ги исправаме и тоа е нашата предност, ги слушаме пораките на народот. Подобри сме и посмели, но и многу поодлучни и пофокусирани, потенцираше Груевски.

Тој истакна дека нивните кандидати, навните активисти мора да затропаат на вратата на сите, мора да се ракуваат со секого, мора да се соживеат со сечиј живот и сечие срце. Мора искрено да ги зацврстат врските на меѓусебна почит и разбирање. Нивните кандидати мора да го сретнат секој гласач, мора да го сослушаат и да знаат како да го решат нивниот проблем. Нивните кандидати да го знаат секој проблем во нивната општина, на нивните сограѓани. Затоа што ние сме тука да им помогнеме на граѓаните, да ги решаваме нивните потреби и проблеми.

-Ја знаеме нашата одговорност кон сегашните и идните генерации. Имаме обврски врз нашите маала, села, градови, општини. И Македонија е подготвена да ни ги даде нашите обврски, рече Груевски.

ВО ЖИВО: Конвенција ВМРО-ДПМНЕ – Почнува новата ера за Македонија!

„Нова ера“ на нашата нова понуда, нашите нови проекти, новата визија со која што од град во град, од село во село ќе одиме во наредниот период во целокупната кампања, презентирајќи ги нашите нови визии, нашите нови размислувања, а со тоа да овозможиме нова ера на секое населено место во Република Македонија. А од друга страна на тој начин да ја понудиме целокупната визија“, изјави претседателот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски пред почетокот на конвенција на партијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера на својот Фејсбук профил напиша „Во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!“