„Фокс Њуз”: Администрацијата на Обама преку Бејли со американски пари ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Soros-Fox

Од Џудишал Воч во средата соопштија дека го тужат Стејт Департментот и Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД) за да ги добијат досиејата според кои речиси 5 милиони долари пари на американските даночници отишле за македонската гранка на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, пишува Fox News

Конзервативната група за надзор поднела тужба според законот за Слобода на информациите против Стејт Департментот и УСАИД откако двете не одговориле на барањето од 16 февруари според Законот за слобода на информациите за досиејата поврзани со грантовите и дозволите за исплата, архивата од комуникациите меѓу функционери на Стејт Департментот или УСАИД и Фондациите Отворено општество. Групата исто така побарала пристап до досиејата за преписките пратени од Џес Бејли, функционер назначен од Обама и поранешен американски амбасадор во Македонија и слични тракви досиеја за политичките активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија.

На интернет сајтот на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 УСАИД дале 4,8 милиони долари, пари на даночниците, на организацијата на Сорос. Сајтот на УСАИД се поврзува со еден од сајтовите на Фондацијата Отворено Општество, на кој пишува дека во рамките на проектот биле обучувани стотици млади Македонци „на теми како слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедлива аргументација и користење на новите медиуми“.

„Администрацијата на Обама, се чини дека ги разбила буџетите на даночниците во напорите да ја финансира операцијата на Сорос“, изјави претседателот на Џудишал Воч Том Фитон. „Стејт Департментот на САД и УСАИД треба да се приберат и да ги разоткријат деталите на Обама-Сорос проточниот вентил“.

Портпаролот на Стејт Департментот изјави за Фокс Њуз дека „Департментот не коментира случаи во судски процес“.

Но портпаролот на Фондациите Отворено Општество изјави за Фокс Њуз дека: „Фондациите Отворено Општество трошат речиси милијарда долари сопствени пари годишно за промовирање на демократијата, човековите права и доброто владеење околу светот. Нашите локални фондации распределуваат само минимална сума американска помош. Кога УСАИД ќе избере национална Фондација Отворено Општество за да ги распореди фондовите на УСАИД – кои потоа одат во НВО-а од тие домени – причината е тоа што имаме репутација за транспарентност, ефикасност и професионализам. Работата што ја поддржува македонската фондација му погогна на македонскиот народ зајакнувајќи ги здравството, образованието, активизмот на заедницата и новинарството во земјата – често во партнерство меѓу Европската Унија, САД и македонската влада“.

Активностите на Бејли и финансирањето на групата на Сорос од страна на УСАИД беа ставени под ревизија на Конгресот кон почетокот на годинава. Републиканскиот конгресмен од Њу Џерси Кристофер Смит ја водеше групата пратеници од Претставничкиот Дом кои упатија до Бејли барање за одговори дали пари на американските даночници биле користени за финансирање на проекти на Сорос во малата балканска земја со конзервативно раководство. Републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли исто така изрази загриженост дека парите од УСАИД одат во Фондациите Отворено Општество на Сорос како дел од поширока загриженост дека американската амбасада зазема страна во партиската политика.

„Примив веродосојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга“, пишува Ли во неговото писмо од јануари.

Во февреуари, републиканскиот претставник од Тексас Луи Гомерт, Смит и други, ја повикаа Владината Канцеларија за Отчетност да спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт Департментот и на УСАИД во Македонија, вклучувајќи го и финансирањето на телата на Фондациите Отворено Општество.

Според Џудишал Воч, постоело и потенцијално мешање во внатрешните македонски политички работи како потенцијално прекршување на Виенската Конвенција за Дипломатски Односи.

Eксперти од тимот на Обама дел од тимот за стратегии на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

VMRO-DPMNE-Miting

Комуникациски експерти и стручни лица за креирање на стратегии кои активно учествуваат и биле дел од најголемите успеси на претседателот на САД Барак Обама, соработуваат и помагаат со свои совети околу работата на ВМРО-ДПМНЕ, велат извори за „Република“.

Според информациите до кои дојдовме, се работи за луѓе со силна репутација, и значајни достигнувања во своите кариери и важат за најдобрите во својата областа во САД, која пак е една од најнапредните држави во светот кога станува збор за водењето на кампањи и поставувањето на стратегии на одлучување.

Barack-ObamaДел од тимот е и извршниот директор на Демократската партија на Барак Обама кој повеќе од 4 години бил на оваа позиција, и е еден од архитектите на платформата „Стратегија на педесетте држави”, која придонесе за огромни успеси во 2008 година, поставувајќи ја основата за историската победа на Обама на претседателските избори истата година.

Исто така дел од тимот е и уште еден експерт кој го советувал Обама во неколку клучни моменти, вклучувајќи ги прелиминарните избори, и особено одлучувачките чекори во победата на Обама во државата Флорида која му ја донесе и победата на претседателските избори.

Како дел од нивните достигнување и партнери за кои работеле или работат како и кампањите во кои биле вклучени се светскиот магнат Гугл, најголемиот светски настан Оскарите, понатака Националната конвенција на Америка на државни законодавци, итн. Тие се дел од тимот што ќе ја организира и води Демократската Национална конвенција во Филаделфија во 2016 година на која Демократската партија официјално ќе го номинира својот кандидат за Претседател на Америка, а биле вклучени и во организацијата и водењето на Демократската национална конвенција во Денвер во 2008 година кога беше номиниран Претседателот Обама за својот прв мандат, како и Демократската национална конвенција во Шарлот во 2012 година кога Претседателот Обама беше номиниран за својот втор мандат.

Во тимот има и повеќе лица од изборниот штаб на американскиот претседател Обама кои се смета за најдобро организиран штаб за изборите досега составен, и тие ќе соработуваат со републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и со одговорните за медиуми и комуникации од партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ ни потврдија дека постои ваква соработка и дека се горди што соработуваат со личности од ваков калибар, професионални и истакнати личности од американската и светската политичка и стратегиско комуникациска мрежа.

Договорот со споменатите е транспарентен и објавен на американското Министерство за правда  што значи дека е согласно законите на двете земји и има одобрување за негово спроведување. Zaev-SrbiДа потсетиме, СДСМ, како што објави „Република“, користи услуги на српската агенција „Рускин и Хант“, зад која стојат повеќе афери во Србија, оценувајќи ги како „продавачи на скапа магла“. Српската агенција инаку водела кампањи за политички партии во Црна Гора, како и манфестации за пикник во Белград, манифестациони базари, детски еко кампови, кампањи за граѓанско штедење,  за пиво како и емисии за патување на моторџии ширум Србија.

Извор: Република

Иванов до Обама: Македонија веднаш треба да стане членка на НАТО

Ivanov-Obama

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на маргините на лидерската конференција за климата КОП21 што се одржува во Париз, имал средба со претседателот на САД, Барак Обама, пренесува дописникот на МИА.

Како што информираа претставници на кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

Иванов притоа истакнал дека ситуацијата со Македонија сѐ уште е стаус кво, дека нема никаква статусна промена во однос на НАТО и дека Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.