Колумна на Мирка Велиновска: ИЛИНДЕН ПОД ФАШИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА

Како подготовка на овогодишното чествување на македонскиот државен и национален празник Илинден, во окупирана Македонија втрча американска војска (триста хуманоидни парчиња со едно чудо оружје и транспорт) за со војничка цокула на теренот, како впрочем секој ѕвер, да ја означи „својата“ територија. Таа е секогаш туѓа, грабната, присвоена од некој што има тапија врз неа. Нормално, тоа го знае секој окупатор. Затоа и има потреба да ја покаже својата сила пред домородниот сопственик, во случајов македонскиот народ.

Ваквите паради со радост ги следат нивните домицилни слуги, контрактори. Тоа се суштества без личен идентитет и човечки доблести како што се чест и достоинство. Јас ги викам шкопеници или евнуси. Таквите се секогаш слуги на оној што ги шкопел. Тие се самозалажуваат дека се политичка, црковна или интелектуална елита. Шкопеникот го мрази нормалниот народ, кој ги има сите одлики на родот на кој му припаѓа. Сите делови на телото му се на број и функционални, а мозокот му е слободен и во кондиција. Кога се гледа во огледало, си го гледа и ликот и душата и срцето. На себе ги препознава и цртите и карактериситиките на своите предци во континуитет. Го познава секој слој од кожата секоја своја маана. Шкопените ја немаат таа предност. Затоа, наместо да си признаат дека се фалични, си градат затворен свет во кој сите без мандало се сметаат за авангарда со агенда да го сотрат нормалното човештво така што ќе го обезличат, односно, ќе го втераат во нивната фарма на евнуси, кастрати.

Прво да констатирам дека пред цел македонски народ и пред цел свет нашиве кобајаги политичари се разгологазија неповратно. Грди и валкани се до тука бидува! Лажеа дека работат за Македонија и македонскиот народ. Работеле против неа и нас. Безбедносниот и институционалниот вакуум дадоа кротко да ни го пополнат американски и европски штакори, плус добрососедски агресори и негатори. Дозволија војската и полицијата, судството, економијата, здравството, образованието да ни ги раководат дегенерици, муфљузи, шламот, мафијата. Доживеавме две приватизации, која од која погадна.

Мене сега ме интересираат две работи: Зошто воопшто уште постои т.н. Шеф на државата и зошто уште дреме во претседателската палата и претседателската резиденција безидентитетен човек кога веќе нема работа за него. Нема држава и народ за да ги претставува, а агендата за пополнување на безбедносиот вакуум ја исполни. Имаме 300 американски маринци и снајперисти и никаква македонска армија. Имаме неспособни генерали како послуга на американските. „Волци“ и „Тигри“ во платенички окупаторски мисии, ама без срце да си го бранат домот и татковината. Тамам за двомилионска Македонија. Што работи уставниот суд и каков устав штити? Чии се тие уставни судии? Чија војска е АРМ? За што служи и кому служи? Чија е македонската полиција и полицајци? Синодот на МПЦ кого претставува? За кого бијат камбаниве бе сега, а? Постојат ли воопшто македонски политички партии? Кој воопшто членува во нив? Зошто не се во илегала или не повикаа на борба? Од кого и за што ќе бараат гласови, ако воопшто им даде шлакнатиот Бејли? Или ќе си штанцаат и полнат кутии на фингирани избори? За домашни слуги на окупаторот ли ние ќе плаќаме давачки? Ако Македонија не е под окупација, за кој андрак Скопје во пресрет на Илинден е под полициска опсада? Што кажува тоа?

Просто, кажува дека окупаторот и неговите домашни шкопени слуги умираат од страв од народот кој не е под нивна контрола. Така е од кога е светот и векот. Стравот на слабаците се манифестира со парада на насилството. Кукавицата се крие зад насилникот и насилството. Убавото во сето ова е што и тие и ние го знаеме крајот. Секоја окупација има рок на траење и завршува со борба за слобода со однапред познат резултат. Победа на окупираниот и поробениот. Бежанија на окупаторот и слугите му. Патем, оној кастрат од Грузија, Шаакашвили, го испудија од САД, сега му го одзедоа државјанството и украинските црпковци. Шаакашвили стана штакор мигрант, кој бара нов господар што ќе го најми. Отпад кој не е погоден за рециклажа! Оваа е судбината и на неговите колеги од „Виши“ групировката на Црпко и Рада.

Лани на 2-ри август ја одгледавме „ладната проба“ на овогодишново илинденско празнување. МРТВ за првпат немаше директен пренос од свеченостите на светите за Македонецот места. Немаше бесплатни автобуси за собирање на публика. Оти, отчетот на врвните политички функционери беше срамен по дејство, па секој со малку достоинство и самопочит не сакаше да е присутен на фингерајка. И тие тоа добро го знаеа. Само си мислеа дека народот тоа ако не го гледа, нема да го знае. Шкопени шутраци!

Годинава, по фотографирањето на американската окупаторска војска пред триумфалната капија, по одржаната смотра на припадниците на бившата АРМ пред квислингот Радмила Шеќеринска и шефот на евнусите, нашиот Чембрлен, Црпко Заев, во отсуство на делегитимизираниот врховен командант (забравам му името), а во нападно ем вулгарно присуство на манијакот и наци-самодржец Џес Бејли, очекуваме во Крушево, на Мечкин камен и во Свети Спас, протоколарно јавно мочање врз илинденските светилишта од страна на вандалите: Учката и балист Џафери ќе блуе на Мечкин камен, Вулгарот (изворно име на денешниве словенизирани Бугари по племето Вулгари кое како придружба слугинска освојуваше и пљачкаше со Монголите, Татарите и Османлиите) и фашист Бојко Борисов со муртинскиот безр’бетен кастрат Црпко и дворот на шарените СДС трансџендери ќе му аплаудираат, а фирерот „ас сакинг“ Бејли ќе ги гледа од високо.

По рамковниот, мајскиот, пржинскиот, великоалбанскиот и бугарскиот договор, тој може да каже како Клинтонка: ДОЈДОВ ГИ КАСТРИРАВ, УБИЕНИ СЕ.

Ние, народот на Македонија, Македонците пред се’, се срамиме од домашните соработници на евроатланскиот фашистичко – цијашки окупатор. Долговите што ги прават сега во наше име, преку окупираните институции и секакво насилие, не ги признаваме и ќе ги наплатиме со дебели казненни камати. Иако, цела идна генерација по нас ќе треба да ги чисти и дератизира испоганетите паметници и деградираната македонска земја натопена со крвта на генерации, жртвата ќе биде неопходна. Оти лајнари ни го уништија кредибилитетот, не направија народ за мајтап, ни го испоганија образот. Нема да им заборавиме и простиме! Никогаш! А, ќе одиме на избори за уставотворно Собрание! Запаметете, оти тоа ќе ни биде приоритет агенда. Македонци! Не чека асиметрична борба со домашни штакори и странски окупатор! Бидете рационални, сконцентрирани, прибрани и решителни! Ние ги знаеме нив, а тие не не’ познаваат нас (тука се крие стратегијата и тактиките).

Пишува: Мирка Велиновска

Колумна на Мирка Велиновска: Наслов ОKУПАЦИЈА!

Остана ли нешто што не е речено, а треба да се каже? А и кому воопшто би му било упатено? Македонскиот народ виде сè, насетува и знае сè. Затоа сега ни преостанува само да ги осветлиме фактите. Ова е вистинско време за тоа оти доаѓа 9 мај. За некој ден оној дел од светот што се самопроизнесува како антифашистички ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот. Фашизмот е чедо на Европа. Цивилизирана и западна. Македонците се еден од ретките народи во Европа кои активно и масовно се бореа против тогашниот најсилен господар или тогашната ЕУ, која се викаше Трет Рајх (во поднаслов обновување на Западното Римско Царство со рок на траење од илјада години). Има такви кај нас во Македонија кои остареа и ќе умрат, а нема да дознаат што е тоа фашизам и диктатура. Борбата со него човештвото еднаш го плати со над 50 милиони жртви. Меѓу нив и со македонски животи. Но, тогашната победа платена со крв се гледа денес дека не била трајна. Евроамериканците го оживеаја, а ние го доживуваме. Членките на ЕУ, како и во 1941 година, се сите од ред квислиншки творби со кои управуваат фромално избрани, а всушност само именувани службеници на Рајхот. Kако и во 1941, само народите на Балканот (западниот) уште даваат отпор и бараат самите да се управуваат преку избори и демократија.

И еве нè во историска реприза. Република Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот. Џабе се лажеме дека фашизам се победува со разговор, преговори, посредници и со гандизам. Нема начин фашисти да го сменат својот светоглед. Тие се антихуманисти по дифолт. Фашизам исто така не се победува на избори и со изборни резултати. Единствено со негово целосно уништување. Од корен и со редовно и систематско дератизирање, што значи со трајна мобилност на нормалното општество, што подразбира рана детекција, ефикасен систем за рано предупредување и снажна одбрана.

Република Македонија е окупирана. Во 1941 година Хитлер за свои локални контрактори ги имаше Бугарите и Албанците. Тие раководеа со институциите во окупираната земја и тие го воспоставија законот и поредокот. Што би рекол Заев, ги наполнија „институциите“ со свои лојални луѓе без фаци – од кафекуварки до министри. Окупаторската полиција со помош на домашни кодоши ги ловеше, апсеше и стрелаше патриотите. Во 2017 година окупатор е балистичкото друштво на СДС, УЧK модерна варијанта на ханџар-дивизијата и соросоидите произведени со парите на САД и на фашистот Сорос и „државотворната“. Од минатата недела окупаторската полиција ги лови, апси и суди македонските патриоти. Пак со помош на домашни кодоши. Република Македонија веќе не е држава со функционални институции. Таа повеќе нема Устав и закони. Нема шеф на држава, врховен командант, нема влада, нема собрание. Нема Уставен суд, нема полиција и армија. Нема Сојуз на борците ниту, пак, некакви си ветерани. Нема државно знаме и химна. Има некакви си згради и фасади кои се самоидентификуваат како државни и национални, политички и културни субјекти, ама во нив седат човеци кои се помалку од луѓе оти се без достоинство, без идентитет, немаат кредибилитет и интегритет. Џабе ги товиме. Има и еден црвено-жолт партал кој кутрите Македонци го веат мислејќи дека симболизира државност и националност, ама да потсетам дека тоа е само втиснато сеќавање кое не одговара на новата реалност во која сме втурнати насилно. Симболот сега е без суштина. Kако кога старите скопјани за локацијата на МПЦ викаат дека е „Радиобран“, за „Холидеј ин“ дека е „Гранд хотел“, за „Аминта Трети“ дека е „Ленинова“… Во Македонија во 1941 година Хитлер не можеше да кандиса некого со ум да биде квислинг. Во 2017 фашистите на конкурс си најдоа муртински квислинг без ум за да ја заврши највалканата работа.

Од мигот на прогласената независност одвај дали пројде четврт век, а неофашистите на Западот, со здушна помош и ентузијазам на домашните приврзаници, организираа константни напади и многу офанзиви за нејзино разорување. Ако веќе говориме за неселективна и неизбалансирана сила употребена во оваа современа Македонија, неа можеме да ја споредиме со напалм-бомбите употребени од Америка и Велика Британија во уништувањето на отпорот на Македонците во монархофашистичка Грција и изведбата на македонскиот оркестриран егзодус. Единствено што е поинаку од 1941 е што во овој монструозен вампирски втор налет нема македонска политичка сила која ќе го организира и поведе македонскиот народ во борба за опстанок. Народот овој пат е оставен сам на себе и е на почетокот на самоорганизација за отпор. Но, оваа неповолност е и предност. Овој пат, имено, однапред и до последен се знаат сите негови непријатели. Од шарените елитни куртони, преку политичките транџендери или превртачи, хипхоп-џускачи до славенички мавтачи со големоалбански, американски, бриселски и други антимакедонски знаменца со кои ја поздравуваат оваа окупација.

За четврт век Македонија имаше два атентата, десетици ликвидации на непријатни сведоци на настаните, десет политички и институционални кризи, една фингирана војна, една фингирана шарена револуција, три обиди за инсталирање балистичка иредента, трипати менуван националниот состав на населението со увоз на Албанци, мигранти од Kосово и криминално давање државјанства на Албанци од соседството. Два лажни пописа и еден прекинат. Четири изведени преврати, две капитулации. Трипати е менуван Уставот и разорувано државното ткиво. Двапати (ќе) се менува преамбулата на Уставот, односно ќе се менува стопанот на државата. Тапијата сè побрзо преоѓа во рацете на натрапниците и антимакедонците. Македонскиот народ не е веќе носител на суверенитетот оти е сведен на една од многуте етнички заедници. Ова е втора фаза на сегрегацијата и инсталација на јансмитовска диктатура на малцинството европски белци над домицилното мнозинско афтиканско население. Јужноафриканскиот расистички модел беше подржан од цивилизирана западна Европа. Kако и овој сегашниот што се инсталира. Според сценариото, истиот тој етницитет од сопственик на домот свој станува првин кираџија, па бездомник или мигрант, односно емигрант, односно бегалец. Со оваа последна окупација е урнат и последниот носечки столб на државноста. Шефот на државата од минатата недела е помалку и од англиска кралица. Тој веќе не е врховен командант. Сега е само фикус. Историјата ќе запише дека и двете капитулации се случуваат во време кога номинално или формално на власт е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од основните цели на евро-американскиот цијашки проект. На Македонецот да не му остане ниту едно нешто на кое ќе го крепи сопствениот идентитет. Со тоа без суштина стана и симболот ВМРО, со кој се идентификуваа сите Македонци оти ВМРО беше вградено во државниот темел и беше идеја, национален идеал, организација и борба.

Од минатиот четврток Македонците целосно ги изедначија во вината Зоран Заев и Никола Груевски. Kако што претходно истото го сторија со Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. СДС – балистичка и ВМРО-ДПМНЕ. Во обете окупации активно учествува контракторот СДСМ, кој, иако узурпатор и криминалец, се беше самопрогласил како единствен наследник на асномска Македонија. СДС е друштво на квислинзи и соработници на окупаторот. И е историски непобитно збир од човечки шљам, нормално, без достоинство.

За денешново дереџе најдиректно според моќта и командната одговорност, според дејствата се виновни: Бранко Црвенковски, Владимир Милчин, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Тито Петковски, Љупчо Георгиевски, Доста Димовска, Никола Груевски, Никола Поповски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков. Институционално, колаборационисти во квислиншката држава се УKИМ, МАНУ, МПЦ, Историскиот институт, Институтот за македонски јазик, УKИМ, МВР, МО, МНР, Министерството за правда, медиумите и нивните сопственици.

Ѓорге Иванов, иако целосно изолиран и непризнат за авторитет од домашните партиски главатари, а игнориран од медиумите, иако политички со најмалку уставни овластувања, како последна државна институција која ја симболизира државноста на Република Македонија е на пат со своето недејствување и запрепастувачка „неутралност“ во услови на преврат и странска окупација да добие историско признание и титула на врховен соучесник, ако не и капитулант.

Она што овој пат ќе биде првпат изведено е што црпнатиот и штрапан Заев прави сè да биде запишан како човек што сака антифашистичка Македонија да биде запишана како предизвикувач на регионална војна и за казна Советот за безбедност при ООН експресно да биде осуден и линчуван.

Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.

Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок!

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Дамовски: Нема да се предадеме на оваа окупација – овој пат е пат до слободата преку избори

Внатре седи нелегитимен претседател на Собранието, истакна Борис Дамовски од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на денешниот протест и им порача на насобраните граѓани да не се обесхрабруваат.

-Наседнавте вие што гласавте за една опција чиј претседател, за разлика од еден Македонец кој влезе како крал во албанската историја Скендер Бег, ќе влезе како кловн-камиказа, подвлече тој.

Бараме избори, додаде Дамовски, каде што ќе има разрешница.

-Ги повикуваме партиите да седнат и на најдемократски начин да ја разрешат оваа ситуација која не е само на штета на Македонците, таа е на штета на знамињата кои ги немаше денеска во кабинетото- на Власите, Србите, ромите, Бошњаците… Оваа селективност и оваа бинационалност предупредувавме дека ќе дојде до ова, но не послушаа. Само народ може да ја спаси оваа држава, бројност… Нас ни треба 100 илјаден народ на улиците на овој главен град- е тоа грло се слуша. Не се предаваме, ќе пробаат се, со грда пропаганда, но нема да се предадеме на оваа окупација. Овој пат е пат до слободата преку избори.

СДСМ не ја издржа окупацијата: Профитери, квислинзи, Соросоиди и платеници ја киднапираа партијата

Старото и лојално членство на СДСМ, кое со години работело за партијата, сега е контролирано и водено од „шарени револуционери“ кои им дефилираат низ штабот. Членството, кое работело од љубов и од некаква идеологија, сега стои во последните редови зад разни профитери, самопрогласени интелектуалци и експерти

sarena-revolucija-sdsm

Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на голема врата влегоа радикални комунистички елементи, и тоа не е воопшто наивно, припадниците на „Левица“, чиишто членови влегоа во СДСМ, го сквернавеа споменикот со кој се оддава почит на Првото заседание на АСНОМ. Речиси сите личности што се претставени на тој споменик по укинувањето на АСНОМ, од страна на Сојузот, чијшто наследник е СДСМ, завршија по југословенските затвори и логори. Линијата на која се распослани идеологиите не е права, таа е кружна, најгоре се спојуваат двете тоталитаристички идеологии, комунистичката и фашистичката, меѓу кои има равенство.

milcin-protest-1

Исто како линијата така и партијата, не бележи прогрес, се врти во круг, кој сега го затвора. Датумот што го спомнав на почетокот и сквернавењето на споменикот на АСНОМ од страна на радикалните елементи во СДСМ имаат нешто заедничко. На тој датум, 16.4.1945 година, е укинат Президиумот на АСНОМ и во Македонија е воспоставена нова власт испраќајќи ја старата во логор, по што почна мрачниот период на комунистичкиот режим. Исто како што тогаш бесправно ги затворале членовите на Президиумот на АСНОМ, така денес Катица Јанева бесправно го лиши од слобода единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, тоа Јанева го призна и јавно. „Револуционерите“ во СДСМ, кои сквернавеа споменици и се повикуваат на старите комунистички традиции, сега го обвиткаа симболот на партијата.

pavle bogoevski

Јубилејниот конгрес на СДСМ отвори дилема дали партијата е целосно киднапирана или е вратена на нејзините стари вредности, вредности востановени пред седумдесет и една година, поточно на 16.4.1945 година, пишува аналитичарот и колумнист Никола Србов во колумната „Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?“, објавена во неделникот „Република“ на 7 октомври.

sdsm-kongres-2016-plan-za-makedonija-14-custom

Општ е ставот, и во јавноста и во маргинализираното крило на партијата, дека со олкав број кандидати од невладиниот сектор, кој го контролира Шеќеринска, се нанесува директна штетана СДСМ, бидејќи тоа значи дека ќе добијат државни функции без партија. Со други зборови конечно Сорос и невладиниот сектор ќе добијат превласт во политиката.

„Лојалното членство, кое на секакви временски услови работело на терен, агитирало, одело по митинзи и протести, сега е заменето со „елоквентни“ костумирани „експерти“ кои дебатираат со два топа хартија пред нив. Членството, кое од љубов работело за партијата без никаков надомест, сега е засенето од нови ликови со големи грантови. Тоа членство со години плаќало членарина во СДСМ, од таа членарина сега се дели плата на нововработените „револуционери“ во партијата. Останатиот дел од „револуционерите“, тие што не се вработија во органите на партијата, раководството на СДСМ го вдоми во СЈО. Згора на сево ова, добитните места на пратеничките листи за наредните парламентарни избори ги добија платените членови на „Шарената револуција“, а членството доби едно големо ништо. Две години членството на СДСМ беше вадено на насилни протести предводено од „револуционери“ со инкасирани десетици илјади евра по „револуционер““, пишува Србов.

ivana tufegdzik

Во тој контекст, професорката на Правниот факултет, Каролина Ростова-Астернуд, која е член на патијата од 1991 година, коментира дека никој никому не му брани да ја искористи уставната можност за независни кандидатури и листи, но ова што се прави со листите на СДСМ не е никаква „отвореност на партијата“ за, демек, нови и свежи сили, или некакво си „засметување на специфичноста на моментот“ туку е само еден обичен среден прст кон сѐ што е идеја, смисла, логика, концептуалност и што уште не во однос на партиско-политичкото организирање, и сѐ што се знае за природата на политичките партии, и тука, и споредбено.

ivana-tuf-1-640x426-520x346„Натаму, ова е, не еден, туку два средни прста за партиското членство, партискиот активизам, и се што тој подразбира, а особено, што се тој подразбирал во изминатата деценија за партиското членство на СДСМ. По милионити пат, овој инстант политички кариеризам во однос на највисоките функции во политиката, овој политички опортунизам, овој политички рингишпил, е докажана штета за здравјето и развојот, како на политичките партии и партискиот систем, така и на политиката во земјата кои тие партии последователно ја проектираат. А можеби најважно, овој Рајка-Радодајка пристап нема да донесе никаква политичка почит, ниту политички авторитет, кои ќе се материјализираат во гласови на избори, напротив, само презир, исмевање, проектирање слабост и натамошна внатрепартиска ерозија. Значи, дупло голо“, пишува Ристова Астеруд.

ivana-tuf-2

И колумнистот Иор Мицковски исто гледа на работите. Тој смета дека Заев намерно не создал екипа која макар и од прилика би имала капацитети нешто да понуди или да го порази Груевски.

„Заев деновиве го санкционираше чистењето на секој кој макар и маргинално, имал искуства во СДСМ со друг лидер или подолго од 5 -10 години. Влага во четврта година на претседателство со партијата, и тој војната што ја води е единствено во насока на апсолутна чистка на партијата.

Негови противници на овие избори не се Груевски или Мијалков, негова опсесија се претходнициите и сите што имале шанса да работат со нив. Се разбира, покрај личниот исклучок и тој на вечната потпретцедателка, и нејзиниот клан, кои секогаш се млади и нови лица. Затоа и ги задуши листите со свое кандидирање, или кандидирања на скоревичи, кои врска немаат од политика. Ама имаат врска од послушност.

sdsm-pratenicka-grupa

Заев ја завршува и комплетира конечната метаморфоза на СДСМ, од државничка и масовна партија, во персонална партија на Зоран Заев и кланот. Целта, не му е да победи, впрочем како да победиш со овие листи, туку да ја бетонира СДСМ како приватна партија. Во реалната и единствена нарација на З.З. ништо и никој од пред 2013 година, не се спасува, или пак се виновни за уништување на државата и партијата. Затоа и еден веќе искористен, поттргнат, па вратен Пендаровски, ќе застапува тези за потребата од нов дисконтинуитет.

Шанса од минатото добива тој што ќе се потчини, мада, и од тие што клекнаа, многумина сега исчезнаа. Тажна приказна, која многумина не сакаат да ја видат, за перфидноста и пропаста на персоналниот и демек нов СДСМ, додека ја уништува наводно старата партија. Верувам, кога ќе мисли дека дефинитивно го убил стариот СДСМ, ќе ни објасни која навистина е новата СДСМ. Па ќе видиме кој лаже“, смета Мицковски.

Но, листите и персоналното запоседнување на паартијата се само природен след на окупацијата на СДСМ. Нејзиното обезличување започнува многу порано, а највпечатливо е 20 Конгрес на 2 октомври.

Симболот на СДСМ е жолта петокрака со црвена роза, која последните години ја модифицираа и вметнаа стисната тупаница. На конгресот симболот на СДСМ беше обвиен со неколку поголеми петокраки и тие беа шарени. Од партијата соопштија дека тоа било во чест на „Шарената револуција“. Оттука произлегува и прашањето кој кого контролира. Дали СДСМ и де факто стана марионета во рацете на „Шарената револуција“, која е една од многуте инсталации на Сорос? Дали „шарените револуционери“ ја киднапираа партијата од членството на СДСМ?, пишува Србов.

kol214-3-srbov-sdsm-simboli2

Србој ги разјаснува двете дилеми, иако по објавувањето на лисите, по жестоката реакција на членството, симпатизерите, поддржувачите на СДСМ , веќе и не се дилеми. Јасно е кој ќе го игра орото, но останува магловито кој ќе ја свири музиката. Редно би било кога веќе ја одземаа партијата од рацете на членството, темелно да ја вратат на старите патеки и да се игра по нивни правила.

Како се киднапира партија преку газење на членството

sarena-revolucijaa

Во јавност се криеш дека си симпатизер на СДСМ, додека членството гине за партијата, тебе само дома те знаат; влегуваш во една од организациите на Сорос; договараш добар грант за правата на птиците-преселници кои прелетуваат над Македонија; одиш на протести во 18 часот откако убаво ќе се наспиеш; вежбаш бицепс преку фрлање боја по споменици; се вработуваш во партијата или во СЈО; се ставаш на добитно место на пратеничка листа; влегуваш во парламент како пратеник. Чист профит. За една година си киднапирал партија и си ги девастирал сите што со години работеле за партијата, тие сега ќе работат за тебе. Сето тоа со една година платена работа во партијата, која по некои правила треба да биде волонтерска. Да, киднапирана е, тоа веќе го знае и целата јавност, но тоа да го оставиме на членството да си го реши низ органите на Сојузот.

Враќањето на вредностите од темната доба на СКМ

kancelarija ivanov 4

Помеѓу новодојдените „револуционери“ во СДСМ провејува радикалната левичарска идеологија. Револуционери, атеисти што се крстат, комунисти што се крстат во берзански шпекулант, контрадикторности колку сакате. Па кога веќе ја одземаа партијата од рацете на членството, редно е темелно да ја вратат на старите патеки и да се игра по нивни правила. По тој повод, Зоран Заев во 2016 година, во демократско општество кое се наоѓа на европско тло, на конгресот кон присутните се обраќаше со „другари и другарки“, недостигаше уште говорниците да ги ословува со „политички комесари“.

Заев од позиција на предводник на радикални левичари зборуваше за поединецот во општеството. Претпоставувам дека комунистите во неговата партија не му објасниле дека тие поединецот го множат со нула, дека ја убиваат сета индивидуална иницијатива, дека веруваат во чопор, директиви и послушност.

Извор: Република