КУПУВАЛЕ ГЛАСОВИ: Обвинителството ги гони братот на Зоран Заев, Вице, и Оливер Спасовски за изборни измами

Zaev-Vice-Oliver

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски, се осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство, дознава Нетпрес неофицијално од извори во истрагата.

Обвинителството вчера соопшти дека „спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица“.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  презема  дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази“, се вели во информацијата на Обвинителството.

Нашите извори велат дека станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите. Првичните сознанија на истражните органи се дека во прашање се илјадници гласови, а што се однесува, пак, до сумите кои фигурираат засега информации велат дека стануба збор за стотици илјади евра. Освен парите, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови, како условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку т.н. невладин сектор. Неофицијално, изворите од истрагата за Нетпрес велат дека Вице Заев наводно бил фатен како дели пари на ромското население во Турското маало во Струмица, и дека за тоа имало и докази.

За случајот од 2014 година, медиумите објавија обвинителството одзело компјутери од општината Струмица, за кои се претпоставува дека содржат податоци корисни за истрагата.

Додека за случајот од декември, 2016 година, медиумите објавено дека е извршен претрес во домот на началникот на кумановската полиција.

ШТО СПРЕМА СДСМ: По тајната средба на Заев со БЕСА, СДСМ на средба со криминалци од Арачиново!

Spasovski-Nikolovski-SDSM-sredba-Aracinovo

По едномесечниот молк и тајните средби со Беса, претставници на партијата конечно се појавија во јавност, а ни помалку ни повеќе, повторно како и пред изборите, во бастионот на СДСМ – Арачиново

По тајната средба на Зоран Заев со лидерот на БЕСА на ден Коледе, прво појавување во јавност на функционери на опозицијата е посетата на бастионот на СДСМ, Арачиново од страна на Љупчо Николовски и партискиот секретар Оливер Спасовски.

Заедно со лицето на Агрон, инаку обвинет во акцијата „Сава“ во врска со шверц на цигари (во чии простории е сместен и штабот на СДСМ), и со лицето Џелили Н. кој и е добро познат на полицијата.

Zaev-Neki-Dzelili

Џелили Н., човекот кој беше фотографиран во првите редови на митинзите на СДСМ, во друштво на Зоран Заев и Оливер Спасовски, како што дознаваме од полициски извори е лице добро познато на органите на прогонот како дилер на дрога, а за локалните жители важи и за „нарко бос“.

Според експертите, тајната средба на Заев со лидерот на БЕСА и молкот на опозициската партија може да се протолкува како обид за креирање на нови немири, имајќи ја во предвид деструктивноста на СДСМ и радикалноста на БЕСА.

Средбата на високи партиски функционери со арачиновци кои имаат дебели полициски досиеа, само ги потврдува овие сомнежи.

Spasovski-Nikolovski-SDSM-Aracinovo

ВИДЕО: Заев и Спасовски на тајна средба со раководството на БЕСА

zaev-spasovski-na-tajna-sredba-so-besa

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски денеска одржаа тајна средба со раководството на движењето БЕСА во просториите на албанската партија.

Сепак, иако се обидоа да се сокријат од јавноста, дел од албанските портали објавија снимка од моментот кога Заев и Спасовски го напуштаат седиштето на БЕСА.

Албанскиот портал „Журнал.мк“ објави ексклузивна снимка на која се гледа како Заев и Спасовски излегуваат од просториите на БЕСА во ТЦ Мавровка.

Остана непознато за што разговараа Заев и Спасовски со раководството на БЕСА и зошто средбата не беше отворена за медиуми.

КОЛЕКТИВНА БОЛЕСТ ВО СДСМ: Началниците назначени од Спасовски се разболеле пред да бидат разрешени

spasovski-nuhiu

Началниците на секторите за внатрешни работи на Куманово и Струмица се на боледување, потврдија за Алфа извори од МВР.

Нивното боледување се поклопува со терминот кога требаше да ги напуштат началничките функции, на кои ги постави, министерот за внатрешни работи од Пржинската влада, Оливер Спасовски од СДСМ.

Според законот началниците не може да бидат разрешени од функцијата, се додека се на боледување, иако, во решенијата што им ги даде Спасовски во септември, стои дека тие ќе бидат началници се до објавувањето на официјалните резултати од предвремените парламентарни избори.

Началникот на СВР Куманово стана актуелен во јавноста два дена по завршувањето на изборите. МВР по наредба од обвинителството и Судот од домот на началникот одземаа докази поради сомнеж за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, а началникот за тоа време пред својата куќа како на митинг одржа говор качен на џипот на специјалците, обвинувајќи ги дека тие и инспекторите биле „бандити на Зврлевски“.

Со завршувањето на мандатот на владата договорена во Пржино, заврши мандатот и на 11 началници кадри на Спасовски, кои беа распоредени во 7 сектори за внатрешни работи, во единицата Алфи, како и одделот за информатика и телекомуникации, гонење организиран криминал и во секторот за прикриени операции.

И примопредавањето на министерската функција во МВР денеска помина тивко, без камери и новинари. Спасовски функцијата му ја предаде на Агим Нухиу, кадар на ДУИ, кој досега ја извршуваше заменичката функција. Oд, МВР, функционерот на СДСМ, Спасовски си заминува со телохранители и службени возила.

СДСМ ОДРАБОТУВА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Спасовски барал констиутивната седница да се води на Албански!

24-dekemvri-incidenti-Sobranie

Не престануваат обидите на опозицијата за продолжување на политичката криза во државата и кревањето на тензии во Република Македонија, овој пат преку новоизбраните пратеници, кои иако за прв пат влегуваат во Собранието, почнуваат со предизвикување на проблеми

Како што дознааме, на денешната координација помеѓу пратениците и Претседателот на Собранието од минатиот состав Трајко Вељановски, СДСМ отворено се заложиле за рушење
на Уставниот поредок и барале да се прекрши деловникот за работа на Собранието.

Оливер Спасовски, во името на новоизбраните пратеници од СДСМ и Шарените протести, барал Трајко Вељановски да не ја води седницата, иако согласно изборниот закон, Уставот и деловникот за работата на Собранието на Република Македонија тоа е обврска.

Дополнително, Спасовски решил да изигрува поголем Албанец од Албанците, инсистирајќи, во името на пратеничката група на СДСМ, да се прекрши членот 9 став 2 од деловникот за работа на Собранието, и конститутивната седница да биде водена на Албански јазик.

Претходно, за проблемите кои уште веднаш почнале да ги прават пратениците на СДСМ во Собранието на Р.Македонија зборуваше и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошовски, кој посочи дека на денешната координација помеѓу пратеничките групи и претседателот на Собранието се обиделе да предизвикаат проблеми со нелогични барања.

konstituiranje-na-sobranieto

Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници

Remenski-Spasovski

Денешниот ден е последен работен во министерствата за министрите на СДСМ кои таму дојдоа по Договорот од Пржино. Оливер Спасовски и Фросина Ременски можат да почнат да си ги пакуваат личните работи од канцелариите во МВР и Министерството за труд, бидејќи нивниот мандат завршува на денот кога ДИК до Собранието и официјално ќе го достави Извештајот за резултатите од изборите. Заедно со нив во пакет си заминуваат и замениците во финансии, Кире Наумов, во земјоделие Љупчо Николовски и во информатичко општество Александар Кирацовски.

До изборот на нова влада нов министер во МВР ќе биде 39-годишниот Агим Нухиу од Тетово, а  функцијата во Министерството за труд и социјална политика ќе ја врши Ибрахим Ибрахими.

ibrahimi-nuhiu

Заедно со Оливер Спасовски заминуваат и сите началниците на секторите за внатрешни работи, меѓу кои и кумановскиот, во чиј дом по налог на Јавното обвинителство се вршеше претрес под сомнение за учество во изборни нерегуларности. Покрај овие началници си заминуваат и сите функционери во полицијата поставени од Спасовски кои имаат решенија кои важат до завршувањето на изборите.

СДСМ НА МИТИНГ ВО ЏАМИЈА: Спасовски и Шилегов фатени на дело како потплаќаат гласачи во Теарце!

silegov-samka-tearce

Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски денес тргнал во кампања во Теарце.

rover-mvr-tearce

На фотографиите кои ги објави „Вечер“ се гледа службениот Ленд Ровер на Спасовски со кој на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце. Во селото бил и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој држел говор во дворот на една џамија пред најрадикалните албанци од Теарце.

Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој таму пристигнал заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски.

silegov-samka-tearce

Граѓаните кои ја доставиле фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не бираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце, велат тие.

Чавков: Кумановскиот началник е дел од непрофесионалните структури на Спасовски во МВР (ВИДЕО)

mitko-cavkov-sitel

Структурите кои Оливер Спасовски ги инсталираше по неговото доаѓање на должност како технички министер за внатрешни работи, се далеку од професионалци. Тие практично имаа улога да одработат и да бидат на страната на оние кои што се вклучени во криминални активности и за тоа постојат сериозни индикации, за кои постојат основани сомневања, рече во гостувањето на вестите на Сител директорот на БЈБ, Митко Чавков.

За конкретниот случај со кумановскиот началник, продолжи Чавков, морам да ја известам македонската јавност дека не станува збор за акција на Министерството за внатрешни работи ниту пак министерот за внатрешни работи имал намера да спроведе акција со 4-ца инспектори и со 6 униформирани полициски службеници.

-Тоа беше едноставно наредба од судија на претходна постапка за преземање на процесно дејствие, претрес во дом. Бидејќи постоеја сериозни и основани сомневања дека лицето било вклучено во одредени криминални активности. Тој е дел од овие кадри кои што беа на страна на криминалните структури, заклучи Чавков.

ЈА ОПЛЕСКА РАБОТАТА: Прв полицаец, прв пијаница

oliver-spasovski-pijan-miting

Прва чаша: Шилегов стајл
Втора чаша: Чучер-Сандево
Цела флаша: Победуваме двојно

Личноста на ова недела не ја заслужи престижната титула на оваа рубрика заради политичкиот речник или општествениот ангажман, ами заради една човечка слабост која во политички контекст станува сериозна закана за сите нас.

Сме се нагледале и сме се наслушале пијаници фатени за микрофон и којзнае колку пати сме одмавнвале со раката – пијана работа. Овојапат на „пијаната работа“ не може да ѝ се омавне поради неколку работи, а првата е државната функција на пивнатиот, а втората е политичката сериозност на моментот.

Иако скопскиот митинг на СДСМ не беше шанса Заев и бандата нешто да оправат, секако беше шанса да не ја заплескаат работата до неповрат. И секако, не ја искористија.

Колку луѓе имаше, нека си пребројат, зошто остана Заев сам на толкава бина, нека се запрашаат, што запомнил од реченото народот ќе им прераскаже в недела, но што да правиме со Оливер Спасовски? Оној Оливер Спасовски, кој е генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, оној Оливер Спасовски, кој е носител на листата во втората изборна единица и на крајот оној Оливер Спасовски, кој ни е министер за внатрешни работи. Прв полицаец, Шилегов стајл.

Колку и да е несериозна партијата која има сериозни аспирации за освојување на власта во Македонија на ваков или на онаков начин, главно невозможен, најсериозно не смееше да си дозволи Оливер Спасовски, со сите горенабројани квалификации, да настапи мортус пијан, клен пијан, дрво пијан, флека направен. На скопскиот митинг, пред онолкав број луѓе, пред толку камери.

Срам од вселенски размери.

-Победуваме двојно, заурла Спасовски на микрофонот. Урлањето во микрофон е заштитен знак на СДСМ на овие избори. Во психологијата е израз на немоќ, но настрана, и онака народот се фати зазаплетканиот јазик и двојната перцепција на пијаниот полицаец.

„Се напил да му се гледаат дупло митингашите“, „Да не беше Чучер-Сандево, како ќе знаевме дека Спасовски е на греана ракија“, главно во таа насока се тера мајтапот, а она што не е за мајтапење е многу сериозно прашање: „Во чии раце е нашата безбедност?“. Иронично, безбедноста ни е во сигурни раце, но – буквално – на клекави нозе.

Извор: Неделник „Република“ бр. 223 – „Личност на неделата“ 

ПИЈАНИЦИ НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ НА СДСМ: Шилегов има конкуренција, Спасовски „мртов“ пијан држи говор (ВИДЕО)

oliver-spasovski-pijan-miting

Разговараат Петре Шилегов и Оливер Спасовски од СДСМ
Шилегов: Како е правилно, водка или вотка?
Спасовски: Дупка

Лесно е кога си пучистички министер во МВР, можеш да пиеш без да те тераат да дуваш, можеш и пијан магаре да зборуваш на митинг без да ти го земат микрофонот. До душа, во нормални партии не можеш да направиш такво нешто, но ете во СДСМ и тоа е можно.

Можеби на Оливер Спасовски му било ладно па пиел чај со рум за да се згрее, но изгледа ептен му било ладно или ептен му се допаднал румот, па почнал да го пие и без чај.

На социјалните мрежи моментално најсподелувано и најкоментирано е видеото од вчерашниот говор на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој се вели дека некој му ставил „чај во румот“.

Спасовски говори со „врзан јазик“ во синоќешно обраќање пред Владата на митингот на опозициската коалиција. Дали е така или не, проценете сами.

Дефинитивно, по вчерашниот настап Оливер Спасовски јавноста можеше да увиди дека алкохолизмот е доста застапен во опозицијата, а СДСМ има минимум двајца пијаници во носителите на листи.

„Драги“ СДСМ-овци алкохолот не ви е пријател.