СЕ ФАТИ ВО ОРО СО ЃАВОЛОТ: Љубчо Георгиевски го нападна Заев за ослободувањето на убијците на децата од Смилковско Езеро

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски побара информации за мотивите за пресвртницата во „Монструм“ за враќање на случајот во судска постапка, додавајќи оти вака се остава впечаток дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот.

-По неочекуваниот расплет во случајот „Монструм“ јавноста ќе мора во брзо време да добие јасна информација што се мотивите,аргументите за ваква пресвртница. Во спротивно ќе остане впечатокот дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот, напиша Георгиевски на Фејсбук.


Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска на јавната седница на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДУВА МОНСТРУМИТЕ: Терористите кои ги масакрираа децата кај Смилковско езеро ќе бидат ослободени

Само четири месеци по превзимањето на владата на СДСМ ја спроведува својата најголема „реформа’’ ослободувањето на терористите од македонските затвори. По ветувањето за амнестирање на лица поврзани терористичката организација ИСИС уапсени во акцијата „Ќелија“, следи и намалување на казните, односно ослободување на „монструмите“ кои го извршија терористичкиот акт кај Смилковско езеро.

Ubostvo-Smilkovsko-ezero

Да не заборавиме дека на конститутивната седница во Собранието пратеникот од редовите на ДУИ Реџаиљ Исмаил не потсети дека ДУИ и Алијансата на албанците не се откажале од Тиранската Платформа и на фактот дека таа ќе биде дел од новата владина програма. Тој во својот говор како главни точки од платформата кои ќе бидат реализирани и дел од новата програма на владата на СДС ги спомена двојазичноста на целата територија, рамномерниот регионален развој како и ослбодувањето на терористите од случаите Монструм и Бродец. Колку да се потсетиме и ослободувањето на терористе од случајот Диво Насеље исто така беше дел од платформата иако пратеникот Исмаил не го спомена конкретниот случај.

Во интервју за Макфакс Мухамед Зекири најави дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Диво Насеље“ дека ќе бидат решени во најбрзо време. Тој најави дека случаите ќе бидат решавани надвор од судовите преку анкетни комисии ќе се решаваат „Сопот“ и „Монструм“ а случајот „Диво Насеље“ ќе биде решен преку меѓународна комисија. Освен Зекири, и Оливер Спасовски најави дека и покрај тоа што судењето за терористите од Диво Насеље е пред самиот крај, ќе се бара и вештачење од странски агенции (ФБИ), што најверојатно ќе резултира со констатација дека терористите не се виновни.

За работите да станат уште по замрсени адвокатот Сашо Дуковски кој е редовен гостин како ,,правен експерт’’ во режимските медиуми и е во блиска врска со СДСМ, ги брани обвинетите во случајот „Монструм“. Тој исто така е правен застапник и на пет учесници во шарената револуција.

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток. Според Накевски притисокот од ДУИ и меѓународната заеднивца го кочело обвинителството и судот за донеување пресуда, а министерот од редовите од ДУИ Аднан Јашари немал потпишано ниту еден документ за екстрадиција. ,, Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни пушпти порака дека ќе ни ги даде тие пет разговори, државна тајна, тој прво викаше шест, ама ништо од тоа до сега. Пораката од Заев ја имаме и во телефон и испечетано пораката. Неговата гаранцијааж видовте колку вреди.’’

Zaev-Monstrum-Smilkovsko-ezero

Заев откако родителите му ја покажале пораката кој тој им ја напишал демантирал дека луѓето кои се во затвор обвинети во случајот „Монструм’’ се невини. Од се може да се извлече поука, во нашиот случај пораката е дека на Заев неможе да му се верува и фактот дека тој е човек кој е спремен на се само за да остане на власт. Во овој случај тој е спремен да ослободи терористи и убијци за да ги придобие албанксите гласови.

ВЛАДАТА ОСЛОБОДУВА КРИМИНАЛЦИ: По Красниќи пуштен на слобода и Бајруш, на Заев му требаат пред изборите

Осуденици за тешки кривични дела излегуваат од затвор во пресрет на локалните избори. Владата ги ослободува, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори. Зоран Заев и Владата по ослободувањето на Агим Красниќи од затвор, на слобода го пуштија и Бајруш Сејдиу.

Вчера на пладне од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.

Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, но тој не се врати назад во затворот.

Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град. Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.

Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

СКАНДАЛОЗНО: Власта на Заев свесно го ослободила Красниќи – го пуштија на викенд, тој не се вратил на доодлежување

Зоран Заев и Владата го ослободија Агим Красниќи од затвор. Тој бил пуштен на викенд, но не се вратил повторно во затворот на доодлежување на затворската казна. Медиумите во неколку наврати досега предупредуваа дека можно е да дојде до вакво сценарио, а пуштањето на тешките криминалци во пресрет на локалните избори е со цел правење на изборни нерегуларности.

Медиумите на почетокот на месецов пишуваа дека еден од најпознатите осуденици во Македонија, познат по кондовската опсада на Скопје, излезе на слобода по отслужување 9 години во затвор.

Прв пат по девет години, Агим Красниќи влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град. Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.

Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

ЗАЕВ ВЕТУВА АМНЕСТИЈА: Сака да ослободи криминалци и бандити кои ќе бидат во функција на СДСМ за изборите

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, денеска даде скандалозна изјава каде вети амнестија за осудени криминалци. Според многу експерти и познавачи на состојбите оваа најава на Заев се должи на високиот и се уште растечки рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Зоран Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при денешната посета на затворот во Идризово.

Покрај целта за користење на ослободените затвореници во кампањата на СДСМ и тие да бидат искористени за заплашување на граѓанните, според одредени информации власта на Заев се спрема и МВР и да го стави во погон за изборите.

ФОТО: Заев со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов

На фотографијата која е објавена на Фејсбук профилот на Владата на Република Македонија, се гледа премиерот Заев како насмеан се поздравува со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов… (продолжете со читањето ТУКА)

Според нивниот план, откриен во пост на Фејсбук, кој подоцна беше избришан од кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Темелковски и СДСМ ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, како што стои на таблата во општинскиот комитет. Чалам, еуфорија и бизнис поддршка, што според некои значи рекет, се дел од она што може да се забележи на фотографиите, кои Темелковски ги отстрани, надевајќи се дека нема да стигнат до очите на јавноста, но за негова жал, безуспешно.

Дополнително, ваквиот план покажува дека во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица.  Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.

По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.

Инаку и затворениците на кои денеска им беше ветена амнестија од страна на премиерот не се сигурни во овие негови зборови, бидејќи како што покажува минатото, Зоран Заев не стои на својот збор, па и таа амнестија може да биде само уште едно лажно ветување од негова страна.

Инаку, поткрепа на овие тврдења на голем број експерти е и последната анкета на Институтот „Павел Шатев“, која покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има голема поддршка од граѓаните и треба да стигне до убедлива победа на изборите кои треба да се одржат на 15 октомври.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Положани: Имам евидентирано албански семејства на кои СДСМ им има ветено дека ќе ги ослободи од кривични пријави ако гласаат за него

Шпетим Положани, претседател на здружението на албанските политички затвореници во Македонија, во интервју за медиумот на албански јазик во Македонија, Шења, говори за манипулацијата од страна на СДСМ кон македонските Албанци за време на декемвриските избори, на кои им биле ветувани противправни ослободувања од затвор за луѓе кои се осудени за тешки кривични дела и чии роднини во надеж дека нивните блиски ќе бидат ослободени, агитирале за СДСМ.

Положани со следниот одговор го објаснува фактот дека илјадници Албанци на последните избори гласаа за СДСМ.

Polozani-Senja

– На последните парламентарни избори, наследниците на македонските комунисти – СДСМ, направија уште една манупулација против Албанците. СДСМ, заедно со нивните албански алатки ја искористи апатијата која кај албанскиот електорат е настаната од двете парламентарни албански партии, ДУИ И ДПА. И на сметка на оваа апатија го создадоа ситуација албанскиот електорат да гласа за нив. Таквата насоченост на албанските гласови не е нормална појава, бидејќи ако е нормално една македонска партија да има албански гласови, тогаш би било нормално да има и македонски гласови за албанските партии – вели Положани.

Тој ги открива манипулациите со кои СДСМ се служел за манипуларање на албанскиот електорат.

– Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привелегии, секако ако дојдат на власт. Самиот факт дека СДСМ има најмногу албански гласови во руралните места, таму каде што полесно луѓето се контролираат кажува дека тие гласови ги има добиено со манупулирање и празни ветувања. И добро е што СДСМ нема гласови од албански интелектуалци – потенцира Положани.

Прашан како го гледа влегувањето на СДСМ во албанскиот камп, Положани е дециден.

– СДСМ ги зеде албанските гласови со една класична манипулација, што не е новина. Тие им ветија на фамилиите на затворениците дека ќе ги ослободат од затвор нивните деца или блиски, ако гласаат за СДСМ – објаснува тој.

-Како е можно тие затвореници за кои се аргументирани тешки кривични дела да бидат ослободени – прашува Положани.

Споменувајќи еден класичен пример, вели: „Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин“.

КРИМИ ТРАМПА: Нови 450.000 прислушувани разговори за слобода на соучесниците на Заев – Верушевски и син му

Со објавувањето на бројка од еден милион и 50 илјади разговори, односно дека има нови 450.000 прислушувани разговори лидерот на СДСМ и обвинет за Пуч, Зоран Заев индиректно признава која е нелогичната и противзаконска одлука за ослободување на неговиот близок соработник во прислушувањето, првообвинетиот Зоран Верушевски, од страна на неговата послушничка Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која има мандат единствено за истраги поврзани со незаконско прислушуваните материјали, тргна во целосна офанзива за чистење и спас на Заев и сите обвинети во Пуч, како и нивните најблиски.

Катица Јанева поднела барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ казниво по член 396 ст.1 од Кривичниот Законик и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, казниво по чл.193 од Кривичниот Законик, за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години.

Освен овој предмет, Катица побарала да го повлече од обвинителството и предметот за педофилија кој се води против синот на Зоран Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија.

Имено, во јануари лани МВР поднесе две кривични против Верушевски и синот кои беа процесуирани до Јавното Обвинителство.

Каква поврзаност има случајот на педофилија, односно прикажувањето на порнографски материјал на дете со прислушувањето разговори, и зошто јавната обвинителка смета дека треба да го води засега нема одговор. Нема одговор ниту каква поврзаност со прислушуваните материјали има фактот што Верушевски кога заминувал од МВР не го раздолжил службеното оружје.

Овие два сомнителни чекори на Јанева следат откако претходно СЈО го побара и предметот за поткуп против Зоран Заев, кога осомничениот во својство на градоначалник, бара мито од 100.000 евра за црквата и 100.000 евра за неговиот брат Вице Заев.

На сите овие потези на Катица Јанева и претходеше ослободувањето од притвор на Зоран Верушевски, за кое неговата сопруга, исто така обвинета во случајот Пуч, јавно му се заблагодари на Зоран Заев.

Месец ипол откако Верушевски беше ослободен, а Заев ги предаде незаконско прислушуваните материјали, лидерот на СДСМ обелодени дека бројот на разговорите по излегувањето од притвор на Зоран Верушевски му се зголемил од 600.000 на 1.050.000.

СКАНДАЛ: Заев бара ослободување на терористите од Диво Насеље

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бара сите криминалци во земјава кои се во притвор да излезат на слобода.

Освен убијци и педофили, меѓу лицата за кои Заев бара слобода се и терористите од Диво Насеље.

Имено, Заев побара сите лица што моментално се во притвор да се ослободат.

Терористите од Диво Насеље за чија слобода се бори лидерот на СДСМ убија 8 припадници на македонските безбедносни сили и неколку беа тешко повредени. Терористите се криеле во куќите во населбата и напаѓале со огнено оружје од различен калибар и минско-експлозивни средства од повеќе правци со што бил загрозен животот на полициските службеници.

Teroristi-Divo-naseljeОвие луѓе, Заев ги сака на слобода. Тоа е невиден скандал, силно непочитување за жртвите и нивните семејства и потценување на целиот македонски народ. Ова барање на лидерот на СДСМ е срамно.

Да потсетиме, по големата трагедија, додека цела Македонија тагуваше по загубените херои, Заев отиде во Диво Насеље и позираше со насмевка на лицето.

Zaev-Selfi selfi

Костов: Редно е Јанева да ја добие првата лекција од судот

Се очекува Кривичниот совет да не го прифати барањето за прекин на притворот, ако на тоа укажуваат сите околности. Редно е Јанева да ја добие првата лекција од судот, вели Костов за Телеграф.мк

Последното барање на специјалната обвинителка Катица Јанева, Зоран Верушевски да биде пуштен од притвор е целосно контрадикторно, смета политичкиот аналитичар Сотир Костов.

Според него, Јанева за истиот предмет најпрво побара одлагање поради незапознаеност, а веднаш потоа побара негово ослободување.

Како може за предмет што не го проучила, таа да се изјаснува за ослободување од притвор. Доколку Верушевски биде пуштен може да влијае на сведоци, да остварува телефонски разговори и сл. Се работи за вешт мајстор на „занаетот“.

Се очекува Кривичниот совет да не го прифати барањето за прекин на притворот, а на тоа укажуваат сите околности. Редно е Јанева да ја добие првата лекција од судот – коментира Костов.

Откако вчера некои медиуми објавија дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1-Скопје му го укинал притворот, со демант излезе судот од каде велат дека одлука за наведениот предмет сè уште не е донесена.

„Кривичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука“, се вели во соопштението од Судот.

Милошоски: Јанева ја исполни нарадбата на Заев за ослободување на Верушевски

Одлуката на  специјалната обивнителка Катица Јанева да не побара продолжување на притворот на Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот Пуч, е скандалозна, неправична и многу опасна, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Зоран Верушевски објасни на судот кој бил чадорот од скајп комуникација? Дали Зоран Верушевски објасни на судот што мислел заедно со другите осомничени кога меѓусебе најавуваа граѓанска војна во Македонија по урнек на Украина и леење крв по улиците? Зоран Верушевски не откри ништо од ова на судот, а Катица Јанева го ослободи? Затоа оваа одлука е опасна – рече на прес-конференција Антонио Милошоски.

Тој додаде дека постојат сериозни основи на сомнение дека со ваквата одлука на Јанева, која значи непродолжување на притворот за Верушевски, тој може да изврши повторување на делото за кое се сомничи, и може да изврши влијание врз сведоците.

– Тоа се две основи за кои секогаш се бара притвор, и овие работи Верушевски може да ги направи и од дома. Имајќи во предвид дека јавно е признаено дека Верушевски и Зоран Заев договарале бегство на Верушевски од Република Македонија, повеќе е од извесна опцијата дека сега кога Верушевски не е во притвор, тој може да стане недостапен на органите на прогонот, особено во ситуација кога министер за полиција е генералниот секретар на СДСМ. Извесност на опцијата за бегство од земјата е третиот основ по кој задолжително се определува притвор – рече Милошоски. .

– Што напиша Фокус, блискиот медиум на СДСМ, Катица Јанева реализираше. За само една недела. Она што Зоран Заев го нарача и го нареди, Верушевски да се ослободи од притвор, Катица Јанева го исполни. Срамна и жална е леснотијата и ароганцијата со која Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи Заев – рече Милошоски.

Тој праша дали Зоран Верушевски објасни на судот кој бил чадорот од скајп комуникација? – Дали Зоран Верушевски објасни на судот што мислел заедно со другите осомничени кога меѓусебе најавуваа граѓанска војна во Македонија по урнек на Украина и леење крв по улиците? Зоран Верушевски не откри ништо од ова на судот, а Катица Јанева го ослободи? Затоа – оваа одлука е опасна. Постојат сериозни основи на сомнение дека со ваквата одлука на Јанева, која значи непродолжување на притворот за Зоран Верушевски, тој може да изврши повторување на делото за кое се сомничи, и може да изврши влијание врз сведоците. Тоа се две основи за кои секогаш се бара притвор, и овие работи Верушевски може да ги направи и од дома – рече Милошоски.

– Имајќи во предвид дека јавно е признаено дека Верушевски и Заев договарале бегство на Верушевски од Република Македонија, повеќе е од извесна опцијата дека сега кога Верушевски не е во притвор, тој може да стане недостапен на органите на прогонот, особено во ситуација кога министер за полиција е генералниот секретар на СДСМ. Извесност на опцијата за бегство од земјата е третиот основ по кој задолжително се определува притвор. Со оваа своја одлука, која не е базирана на аргументите, Катица Јанева наместо во интерес на правдата делува во интерес на попречување на правдата. Со оваа одлука, Катица Јанева настапи како бранител на Зоран Заев и Верушевски, обвинети во истиот случај – изјави Милошески.

Според него со оваа одлука Јанева нанесе непроценлива штета на правниот поредок во Република Македонија на правната пракса, и оваа одлука претставува невиден срам за целокупната јавно-обвинителска професија, и за тој срам е одговорна лично таа и тоа е факт кој ќе остави трага и кој нема да може да се избрише, но тој факт ќе биде поврзан лично со неа и со никој освен неа и таа треба да биде свесна за ова што го прави.

Јанева од денес во очите на целокупната јавност претставува само класичен партиски апаратчик на СДСМ, и таа треба да живее со тоа. Македонија издржала и потешки апаратчици од неа. Од овие причини кои се очигледни за целокупната јавност, а кои потврдуваат и јасно прикажуваат тесна ко-ординираност на постапките на Јанева со Заев, и она што е најскандалозно извршување на наредбите кои ги дава Заев од страна на Јанева, ВМРО-ДПМНЕ веќе не верува во независноста на Јанева. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна резерва кон секој чекор кој ќе го преземе Јанева во иднина, како во поглед на нејзината непристрастност, така и во поглед на законитоста на нејзините дејствувања. Очигледно се потврдија сите информации во јавноста за тесна врска и координираност помеѓу Јанева и Заев, како и дека Јанева и ќе делува строго по партиска наредба на СДСМ – рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја наредна постапка на Јанева ќе биде, како и досега, директно мотивирана од политичката агенда на СДСМ и Заев, и дека наместо да дејствува непристрасно и објективно во функција на законот, таа ќе ги исполнува партиските наредби на СДСМ и ќе работи единствено во функција на политичкиот интерес на криминогеното раководство на СДСМ.

– Жално е што мора да констатираме дека она што е очигледно за целата јавност, и во што долго време не верувавме, а имаше сериозни аргументи да веруваме, а тоа е дека Јанева падна на првиот испит за независност, законитост и објективност. Јанева прерасна во класичен инструмент на Зоран Заев. Катица Јанева ќе биде директен соучесник во противправни и кривични дела доколку Верушевски избега. Катица Јанева ќе биде соучесник во кривични дела доколку Верушевски располага со незаконски стекнатите материјали. Јанева освен тоа што го крши законот во делот на не постапување во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации а во моментов се кај Заев, таа прави и ново дело и бесрамно се става во функција на лидерот на опозицијата – заврши Милошоски.