Отец Тодоров: Законот за двојазичност е вовед во подмолно федерална држава

Сите граѓани на Република Македонија треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Република Македонија, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија, пишува Отец Ивица Тодоров.

Фејсбук статус на Отец Ивица Тодоров од МПЦ:

Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ е најдиректен вовед во бинационална, скоро подмолно федерална држава со огромни материјални средства издвоени од буџетот на Р. М за негово спроведување и одржување.
Затоа граѓани на Р. М, како Македонци, така и останати, за овој предлог закон да помине треба првин попис на населението, а потоа и референдум!
+
НИЕ СМЕ ГРАЃАНСКА, А НЕ СМЕ ПАРТИСКА ДРЖАВА, затоа МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА ГЛАСОТ НА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ НА Р. М!!!
+
Сите граѓани на Р. М треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Р. М, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија!
———–
Прочитајте што пишува во Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, а ако имате време прочитајте го и целиот предлог закон, но за воља на вистината уште во самиот член 1 се нарушува Уставот на Р. М, а и она што е договорено со Охридскиот рамковен договор:

Член 1

-(1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-(2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните
(албанскијазик) исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

-(3) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции,јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

-(4) Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната
самоуправа.
———-
+ споделувајте, размислувајте и алармирајте+
———
целиот текст на Предлог законот прочитајте го ТУКА.

Колумна на Ирена Радовановиќ: Сорос пропагира сè што е спротивно на Светото писмо

Отец Тодоров нападнат од соросоиди

Веднаш по инаугурацијата, новиот американски претседател Донал Трамп ја отстрани секцијата на ЛГБТ-заедницата од веб-страницата на Белата куќа. Toa предизвика да биде нападнат со илјадници писма од организираните хомосексуалци кои ја бранеа својата сексуална определба како дека некој ќе им ја оспори, иако тоа не е точно. А кон нив се придружија и стандардните негатори на Трамп од кампот на Kлинтон, како на пример, Мадона, која цела кариера ја изгради претставувајќи се како сексуално никогаш незадоволена. Но, смета дека Трамп е тој што ги деградира жените. Нејсе.

Новиот потпретседател на САД, Мајк Пенс, додека беше гувернер на Индијана, се прочу во светот со закон за религиозни слободи насочен против хомосексуалците. Со законот, на пример, еден цвеќар може да одбие да изработи или продаде свадбен букет, односно цвеќе за венчавката на геј-двојка, доколку тоа е спротивно на неговите верски уверувања. Сопственик на хотел или мотел може да одбие да издаде соба на една истополова двојка, а сопственик на ресторан да одбие да ја услужи повикувајќи се на своите религиски верувања. Сето тоа ставено во рамките на кампањата против Трамп доведе до ситуација во која деновиве ЛГБТ-заедницата протестира и пред домот на Пенс.

Неколку дена по инаугурацијата, со наслов: „Чудо во Америка“, медиумите информираат дека Трамп ќе го поддржи и Маршот на животот со кој илјадници лица на улиците на Вашингтон секоја година маршираат барајќи да се запре геноцидот врз неродените деца, односно да престане абортусот.

Овој Марш на животот досега беше игнориран од медиумите во САД кои ги „благословуваат“ жените што повеќе да абортираат оти жената е таа што треба да одлучува што ќе прави со своето тело.

Од Трамп ги фати паника промоторите на с` што е извитоперено и му се собраа пред Белата куќа. И, така, САД конечно си ја добија својата револуција каква што гледавме во многу други држави, односно си ги доби своите шарени. Доволно е човек да ги види фотографиите и видеата што доаѓаат од протестите и да сфати во каква збирштина на демонизирани лица се претворило американското општество.

И освен што нивното општество го претворија во плодна почва за перверзни типови, тие нивната либерална филозофија сакаат да ја наметнат на секоја педа на Земјата. А бидејќи с` што е од Америка мора да е „океј“, ставот за ЛГБТ-заедницата и правата на нивните припадници се наметна и овде. И покрај тоа што во нашето законодавство бракот с` уште се смета за заедница на маж и жена, а Македонија важи за држава што ги негува традиционалните вредности, не е мал бројот на оние што ја прифатиле американската филозофија и овде ја шират како единствено исправна. Ако кажеш нешто против ЛГБТ, веднаш те ставаат на клада, те распнуваат и ти се потсмеваат оти за нив твоето сфаќање е рецидив од некој застарен систем на вредности, а ти си личност што не може да ги разбере „вредностите“ на новото време. Некои од промоторите на ЛГБТ таа филозофија ја шират за пари. Главен поддржувач на оваа заедница се Сорос и доскорешната администрација на Обама.

Имајќи предвид дека идеологијата на ЛГБТ е рушење на традиционалното семејство, логично е против таквата заедница прва да се побуни црквата за која бракот е заедница меѓу маж и жена, а не меѓу лица од ист пол. За ширење на оваа идеологија на ЛГБТ најмногу пари фрла Сорос. А против неа често зборува и отец Ивица Тодоров. Овен овој судир со Сорос, отец Ивица Тодоров се противи и на пропагандата за абортус.

Сорос е еден од оние што даде над милијарда долари за кампањата за легализација на марихуаната. А црквата е против секаков порок што го оддалечува човека од Бога.

ЛГБТ, абортус, марихуана, се само дел од нештата со кои се судираат црквата и Сорос. Да не говориме за изјавата на Сорос дека тој е Бог кој е креатор на с` што постои и дека нормалните правила не важат за него.

Освен тоа, Сорос пропагира с` што е спротивно на христијанството – личности оддалечени од Бога, егоцентрици кои си ги задоволуваат само своите потреби, без ниту малку чувство за заедништво со околната, себеугодници и како такви, како што вели отец Тодоров, тие стануваат топовско месо на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека се фактор, дека с` им е дозволено и дека не постојат грев и одговорност!

Последната фаза на оваа програма, вели тој, е формирање човештво без човек, односно човештво без идентитет, човештво без став, вредност и вистина.

Овој став на отец Тодоров, кој во црковните проповеди е слушнат илјадници пати од него, им се виде нов на соросоидите. Тие го поврзаа со најавената десоросоизација од страна на Груевски и новоформираното граѓанско здружение против Сорос.

Деновиве отец Ивица беше раснат на крст од сосросоидите, кои не бараа одговор од него да го објасни својот светоглед, туку повеќе ги интересира дали отецот е од ВМРО- ДПМНЕ и дали сега некој му рекол да го говори тоа што го говори. А пријателите на отецот знаат дека тој има критички став и кон ВМРО- ДПМНЕ и кон СДСМ и дека тој се раководи само според Христовото евангелие.

А Христовото евангелие учи спротивно на „вредностите“ што ги застапува Сорос. И кој, според соросоидите, треба да говори за „вредности“ што се спротивни на Христовото евангелие? Да не треба тоа да го сторат политичарите или сепак таа работа треба да им се остави на црковните лица?

Пишува: Ирена Радовановиќ за Дневник