ДУИ ГИ ЗГОЛЕМИ БАРАЊАТА: Двојазични пари и ознаки на албански на АРМ

DUI-Mala-Recica

ДУИ во преговорите за давање потписи за формирање влада постојано ги зголемува своите барања, а најновото како што дознава Телеграф е банкнотите да бидат двојазични и да има и други измени.

ДУИ бара денарите освен на македонски, да бидат испишани и на албански јазик. Онаму каде што стои сумата од, да речеме сто денари, напишана на македонски, да биде напишана и на албански јазик. Исто така, се бара мотивите на банкнотите да бидат од албанската историја и од нивни значајни личности, пишува Телеграф. Се бара и таблите на Граничните Премини да бидат двојазични, како и амблемите на полицијата и на Армијата, како и командите, да бидат двојазични.

Засега информации дали овие барања се прифатливи за СДСМ, нема.

Лидерот на СДСМ синоќа првпат ја спомена можноста да не ги добие потребните потписи и дека не е подготвен да се чепка во Уставот.

Србов: Како парите на УСАИД завршуваат во СДСМ?

USAID-SDSM-pari

На Фејсбук страната на Американската Амбасада во Македонија последниве денови можеме да забележиме зачестени објави со графикони кои укажуваат каде биле трошени средствата од УСАИД кои влегуваат во Македонија. Не е јасно зошто токму сега има ваква отчетност, можеме само да претпоставиме дека тоа е резултат на информациите кои велат дека Стејт Департментот ќе отвори истрага токму на оваа тема, но нејсе, и покрај тоа, повторно немаме детален преглед каде се трошени средствата туку имаме само поделба по сектори.

За да се дојде до информација каде навистина се трошени средствата од УСАИД потребно е многу истражување и споредбена анализа на информациите од повеќе извори бидејќи тие честопати се контрадикторни едни со други.

eden

Финансиите кои САД ги има инвестирано во Македонија преку УСАИД се импозантни и јас лично сум пресреќен што нашата држава добиваше таква поддршка во минатото. Но, не може а да не се забележи дека последните 4 години средствата кои пристигнуваат од даночните обврзници на САД директно или индиректно се користат во полза на политичка партија во државата.

За вмрежаноста на УСАИД Македонија со Сорос досега имавме пишувано и зборувано во многу наврати со конкретни примери. За да бидеме доследни во изнесувањето факти, тука ќе потсетам на само уште еден од многуте примери. Станува збор за 27 грантови доделени на граѓански организации во јануари 2015 година во висина од 868.670 долари. На конкурсот се пријавиле 151 граѓанска организација а средства добиле 27 организации, и по некоја „случајност“ станува збор за организации кои подоцна беа дел од „Граѓаните за Македонија“ – коалиција на СДСМ со соросовите организации. Меѓу другите, од даночните обврзници на САД, пари добила „ЦИВИЛ“ на чие чело стои Џабир Дерала кој е еден од најгласните членови на „шарената револуција“. Како што може да се види, „ЦИВИЛ“ преку ФООМ е директно финансирана од УСАИД, од она што можеме да го согледаме во јавност лесно е да се востанови дека „ЦИВИЛ“ и Џабир Дерала најпристрасно поддржуваат една политичка опција во Македонија.

Сепак, не е воопшто спорно што Дерала поддржува некаква политичка опција, тоа е легитимно право на секој човек, но не е дозволиво капацитетите на невладината да ги подредува во полза на политичка партија бидејќи тие капацитети се стекнати од УСАИД, од пари на даночни обврзници. Само за потсетување, на денот на изборите, Џабир Дерала во многу наврати излегуваше на прес конференции и алармираше за наводни нерегуларности, за на крај, ваквите наводни нерегуларности да ги сведе на изборните места каде што СДСМ имаше таргетирано да се прегласува и за кои имаше поднесено приговори до ДИК. Истата „ЦИВИЛ“ на Дерала како свој експерт го има Сашо Ордановски кој преку своите анализи, поставени во видео формат на страната на „ЦИВИЛ“ често пати шири говор на омраза, но за тоа во друга прилика.

dva

Сумите кои ги гледате на графичкиот приказ се финансиите кои УСАИД директно ги врбизгала во соросовата ФООМ во периодот 2013-2016, без да се вклучени во нив финансиите кои УСАИД ги префрла на организации кои се под капата на ФООМ. Токму заради ова, Конгресменот Трент Франкс, најавувајќи ги новите истраги на Генералниот инспекторат и Генералната канцеларија за сметководство на САД, изјави дека е недозволиво американски пари да одат во организации поврзани со Џорџ Сорос. Тоа едноставно не е принципиелно. На ова се надоврза и Стив Бенон, најбликскиот соработник на Доналд Трамп, кој започна да се интересира за соросовите организации во регионов и како тие се вмрежени со УСАИД.

tri

Анализирајќи го посредното финансирање на Сорос во Македонија од страна на УСАИД, можеме да заклучиме дека во 2015/2016 година овој тренд се зголемил и било избегнато директното префрлуваање парични средства на сметката на ФООМ од страна на УСАИД.

cetiri

ПАТОТ НА ФИНАНСИИТЕ

Како завршуваат паричните средства на даночните обврзници на САД на сметката на една политичка партија во Македонија? Соработката помеѓу УСАИД и Сорос веќе ни е позната, но интересена е шемата по која парите завршуваат во СДСМ.

pet

УСАИД по основ на донации за проекти префрла парични средства на сметката на ФООМ. Од тука има разгранување, два правци кои водат до иста цел. Првиот е, ФООМ префрла средства на три Авторски агенции, од авторските агенции средствата се префрлуваат на сметките на активисти кои ги гледавме на сите протести организирани од СДСМ. Вториот правец е, ФООМ префрла пари на нејзините организации ќерки, а тие во вид на хонорари ги префрлаат на активисти. Активистите кои добиваат парични средства од Авторските агенции подоцна се појавуваат како донатори на политичката партија СДСМ.

Сето ова отвара сомнеж дека се врши злоупотреба на парични средства кои САД со децении ги доделува за развој на државите, меѓу кои и Република Македонија. За жал, наместо овие парични средства да беа користени за унапредување на нашето општество и за зближување на двете земји и народи, тие беа користени за наше општествено, економско и безбедносно уназадување преку создавање на политичка криза во државата. Јас се надевам дека новата администрација во САД ќе го спроведе она што го вети, ќе ги пресече сите дејствија кои создаваат јаз помеѓу САД и нејзините партнери низ светот. Време е нештата да се променат и заедно со САД да растат и нејзините партнери.

Никола Србов

Соросовката Делина Фицо – екссопругата на Рама ќе ги раздава 9-те милиони на УСАИД за невладини во РМ

Delfina-Fico-Edi-Rama

Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во текот на пет години, до 2021 година, ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“. Таквата можност таа ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД, пишува Дневник.

Политиката на УСАИД е парите за т.н. невладини во секоја држава да му ги додели на еден конзорциум, кој потоа слободно располага со нив. Во Македонија тендерот го доби Ист вест менаџмент институт (East West Manegement Institute – EWMI) – глобална НВО, за која не треба да се образложува дека е поврзана со Сорос – во партнерство со четири организации во РМ: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество- Македонија“ (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Формално, Ист вест менаџмент институт е независна непрофитна организација, која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции, кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро. Во неа Делина Фицо ја извршува функцијата директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво и е одговорна за регионот на Југоисточна Европа. Инаку, се работи за втора по ред сопруга на Еди Рама, со која тој ја почна врската во 1991 година. Подоцна стапиле во брак, кој траел околу шест години, при што живееле на неколку различни адреси – во Тирана, во Париз или во Германија. Последното заедничко појавување им е во 1997 година, а потоа Рама оди во Париз, додека Фицо заминува во САД на стипендирани студии. Според албанските медиуми, никогаш не беше разјаснето зошто парот се разделил. Сепак, разводот поминал мирно и премиерот и Фицо останале пријатели. Делина потоа стапува во брак со сегашниот министер за локална самоуправа на Албанија, Бледи Чучи.

Во биографијата на Фицо на професионалната социјална мрежа „Линкедин“ стои дека таа студирала албански јазик и литература на Филолошкиот факултет во Тирана, а потоа на приватниот универзитет „Њу скул“ во Њујорк, каде што станала магистер за непрофитен менаџмент во 1999 година. На истиот универзитет, во 2005 година Фицо магистрирала политички науки. Во однос на работното искуство, на профилот на Фицо е наведено дека една година работела како програмски директор на проект на организацијата „Ворлд лрнинг“ за религиозна хармонија во Албанија. Потоа Фицо работела за меѓународната компанија за развој „Хемоникс интернешенел“, која работи за билатерални и мултилатерални донатори и приватниот сектор за менаџирање проекти во земјите во развој. Организацијата примарно конкурира за договори од УСАИД и менаџира проекти што покриваат технички сектори. Од 2010 година до денес Фицо е вработена во Ист вест менаџмент институт, како директор за програми за граѓанското општество. Слично како и во Македонија, во Албанија во наредниот период ќе бидат поделени девет милиони долари за одредени проекти

– Фицо, која е активистка на граѓанското општество и сопруга на министерот за локална самоуправа Бледи Чучи, ќе менаџира со девет милиони долари од УСАИД, дадени за правдата во Албанија. Фицо е директорка на програмата на граѓанското општество во Ист вест менаџмент институт, чиј донатор е и фондацијата на Сорос – пренесоа минатиот месец албанските медиуми.

Инаку, парите определени за проектите во Македонија ќе им се делат на невладини организации без оглед на промената на администрацијата во Вашингтон. Минатата година беше распишан и оглас за вработување осум лица во проектната канцеларија на Ист вест менаџмент институт во Скопје.

Kонзорциум дели десетици гранта

Дејствувањето на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија изминативе години и реакциите што ги повлече изминатиов период се добро познати. На чело на втората организација членка на конзорциумот Фондација „Метаморфозис“ се Бардил Јашари и Филип Стојановски. Пред да дојде во оваа организација, Јашари работел во Фондацијата „Отворено општество“, а „Метаморфозис“ во моментот го финансира порталот што се занимава со проверка на тоа колку се вистинити вестите во Македонија , како и за медиумите на албански јазик . Главно се занимаваат со медиумите што не се под контрола на Сорос. Исто така го финансира и медиумот на албански јазик , чиј главен уредник е Елида Зилбеари – член на Одборот на „Метаморфозис“. Во моментот „Метаморфозис“ има отворен повик за 7 гранта во максимална висина до 120.000 долари во областите на доброто владеење, антикорупција, владеење на правото и слично.

Третата членка на конзорциумот, организацијата АДИ Гостивар, е најголема невладина организација кај Албанците во Македонија, а нејзиниот основач и прв човек е Алберт Муслиу, често присутен во јавноста и како политички аналитичар и редовен брифер на дипломатите во земјава. Во моментот АДИ доделува 4 гранта од по 15.000 долари за младински НВО и неформални младински групи.

Сорос му дава пари на Институтот и решава за нивна распределба

Интересно е да се наведе дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во однос на Ист вест менаџмент институт се јавува во двојна улога. „Отворено општество“ се јавува, прво, како донатор на средствата потребни за функционирање на Институтот.

Нејзиното име може да се најде на листата со донатори објавена на неговата официјална интернет-страница. Истовремено, од друга страна, Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија ќе се јави и како членка на конзорциумот што ќе решава за поделбата на парите што ги дава УСАИД за невладини организации во нашата земја.

Невладините во Македонија вртат околу 50 милиони евра годишно

soros-nie-odlucuvame

Во Македонија функционираат околу 4.600 невладини организации. Ова е бројка на оние кои фигурираат во Централниот регистар, а се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации од 2010 година, пишува Вест.

Практично, работата на граѓанскиот, а познат како невладини сектор е уредена со овој закон. Со Законот тогаш се наложи обврска за пререгистрација на сите постоечки здруженија и фондации, а оттогаш, според податоци од Централниот регистар, тоа го направиле околу 4.574 организации (податок од ЦРМ, 2013 година), вклучително и новорегистрираните. Сепак, Централниот регистар не ги брише оние кои не се пререгистрирале, па така во единствениот регистар во 2015 година фигурираат 14.245 организации. Во оваа бројка спаѓаат и сите спортски здруженија и федерации.

nvo metamorfozis organizacii fondacii

Од друга страна, според истиот закон, организациите имаат обврска секоја година да достават до Централниот регистар и Управата за јавни приходи завршна сметка, ако имале приходи поголеми од 2.500 евра, или изјава дека не оствариле приходи поголеми од 2.500 евра во годината. Таа обврска, според податоците на Централен регистар и УЈП во 2014 година ја испочитувале вкупно 3.938 организации, од кои 2.550 доставиле само изјава. Оттука може да се заклучи дека има околу 4 000 активни организации, а само помалку од 1 000 располагаат со буџет кој овозможува спроведување на некакви или позначајни активности, додава Вест.

Според податоците од Централниот регистар за 2014 година, а обезбедени од МЦМС за нивно истражување спроведено во 2015 година, вкупните приходи во целиот граѓански сектор изнесувале околу 81,5 милиони евра. Во истражувањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка се наведува дека дел од овој износ, поради регрантирањето од фондациите кон другите здруженија, е сметан двапати, и оттука може да се зборува за реални приходи на секторот од околу 50 милиони евра годишно.

295742-sluchaj-ramadani-i-islamskiot-radikalizam-e-del-od-sdsm-i-soros

Согласно тие податоци, Фондацијата Отворено општество (ФООМ, позната и како Соросовата фондација) пријавила најголеми приходи, во износ од околу 4,8 милиони евра (односно околу 6% од вкупниот приход во целиот сектор), а меѓу првите се и следните три фондации: Фондација за образование и култура УСКУП, Фондација Центар на исламската цивилизација и Фондација Св. Цар Константин кои, патем, според податоци од надлежните институции, немаат вработени лица, а низ годините најчесто водечка е Фудбалската федерација на

Македонија, со годишен буџет од околу 5 милиони евра.
Најголем дел од приходите (речиси 70%) се остваруваат преку странски донации од официјалните развојни агенции на, главно, западноевропските држави и САД (УСАИД, Швајцарската агенција за развој и соработка итн.), како и самата ЕУ (ИПА фондовите). Но организациите имаат и сопствени приходи, а дел од приходите се и од државното, односно буџетско финансирање на национално ниво, кое изнесува меѓу 4 и 5,5 милиони евра годишно. Како такво, ова во Македонија е меѓу најмалите во регионот со околу 3 евра по жител, а на пример, во Босна и Херцеговина е 13 евра, Србија е 10 евра, во Црна Гора е 7 евра, а многу повеќе во Хрватска со 46 и во Словенија со 141 евро по жител. Државните средства најчесто се наменети за организациите на лица со инвалидитет, Црвениот крст, за синдикатите и слични, пишува Вест.

Во граѓанскиот сектор, пак, се вработени нешто под 2 000 лица (на крајот од 2015 година), што е само околу 0,28% од вкупниот број вработени во Македонија.

ЛИСТА НА НВО СО НАЈГОЛЕМИ БУЏЕТИ (НАПРАВЕНИ ПРИХОДИ ИЛИ БУЏЕТ ОД ОКОЛУ 5 милиони евра НА ГОДИШНО НИВО)

1. Фондацијата Отворено општество
2. Фондација за образование и култура УСКУП
3. Фондација центар на исламската цивилизација
4. Фондација Св. Цар Константин
5. Фудбалската федерација на Македонија

Орбан: Цела Европа ќе расчисти со Сорос

orban_soros

“2017 година ќе биде година за расчистување со Сорос и со сè што него го симболизира. Тој ќе биде исфрлен од сите држави, што се гледа и од активностите во цела Европа. Се истражува од каде доаѓаат парите, кои разузнавачки служби се поврзани со него, кои невладини организации ги претставуваат неговите интереси”.
Оваа изјава на унгарскиот премиер Виктор Орбан, дадена во интервјуа за неколку унгарски медиуми, беше објавена неодамна како поткрепа на ставот на неговиот партиски потпретседател Немет.
“Унгарија мора да ги затвори сите невладини организации финансирани од милијардерот Сорос”, се согласија Орбан и Немет.

Сорос со тактика “Нема правда, нема мир” протестира и против Трамп

nema pravda nema mir soros

Извикувајќи “Нема правда, нема мир”, со марш во Вашингтон, американски активисти за човекови права протестираа пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, пишува српски “Блиц”.
Во Америка се спроведува иста шема како и во Македонија, протест под параван на невладини и граѓански организации, кои навидум се залагаат за некакви права. Единствена цел им е политиката и одработување за левицата, а против десницата која како и во Македонија така и во САД, спроведува национални исправни политики.

Ефтов: Криминални полициски структури делеа пари по партиски штабови и џамии

vasko-eftov-rsm

Гласовите на ДУИ одат кај СДСМ, а тоа се оние командантски структури  и оние вахабиситчки структури во кумановско и скопско кои претходно се врзувале за ДУИ, а тоа е со купување на ромски и турски гласови, објаснува во анализата при своето гостување на РСМ, новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов.

Токму тоа ја дава онаа бројка и го зголемува резултатот, вели Ефтов.

-Има поставено одредени криминалци во полициските структури. Тоа јавно се кажуваше но ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи бидејќи очекуваше сирен изборен резултат и сигурна победа и затоа само се нотираше но ништо не се делуваше по однос на тие прашања. Имате полициска кола на почетокот и на крајот на селото и одредени полициски структури делат пари или ги носат по штабовите на одредена политичка партија или ги носат во одредени џамии и така се делат тие пари и затоа тоа не можеше да биде документирано, објаснува Ефтов.

По однос на прашањето за средства од правична распределба на средствата од буџетот, кој доаѓа од албанските структури, Ефтов смета дека прво треба да се направи попис.

-Тие сметаат дека ако има 25% или 22% Албанци дека треба толку пари од буџетот да одат во средини каде што тие се мнозинство или каде што Албанците се на чело на локалната самоуправа. Тоа е таа нивна матрица и стратегија. Но тоа мора да биде бројчано и поткрепено. Треба да има попис каде што ќе се види кој колку брои во рамки на Република Македонија, заклучува Ефтов.

ВИДЕО: Дали се подготвува изборна кражба во Теарце помеѓу СДСМ и албанските партии?

tearce

Нескриени се обидите на СДСМ да го купи Теарце, за што сведочат и фотографии што ги објавуваат на Фејсбук активисти на СДСМ и информации до кои доаѓаат медиумите. Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и в недела да гласаат за нив.

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Овие тврдења на граѓаните се во насока на тезата дека се работи за сценарио за поткуп на гласачи со идеи кои одат во полза на една етничка група.

Како гласаше Теарце на 11 декември

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

tearce-im-2011

Во Изборната единица 6 според резултатите на ДИК, најмногу гласови 40.546 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.044, СДСМ со 25.741, Беса со 24.989, Алијанса за Албанците 17.945, ДПА 16.161, ВМРО за Македонија 918 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 238.

ie-6-mandati

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Прегласувањето доаѓа како резултат на прифаќањето на тужбата на СДСМ од страна на Управниот суд на Република Македонија за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски. Велат дека не дозволуваат омаловажување преку поткуп. И дека прегласувањето е непотребно.

Членовите на општинската изборна комисија во Теарце и избирачкиот одбор два пати сведочеа во ДИК. Речиси сите тврдеа дека немало неправилности. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за сценарио за постизборен инженеринг за негирање на волјата на гласачите и за да се украде изборната победа. Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски.

СДСМ ПОТКУПУВА ГЛАСАЧИ, МВР ГИ ШТИТИ: Еве ги парите за купување гласови во Теарце!

zaev-silegov-pari-tearce-zurnal

Луѓето на СДСМ не ни кријат дека делат пари во Теарце. Синоќа високи функционери на партијата однеле 500.000 евра во двете џамии во селото. Во исто време, познатиот активист на СДСМ, Ивица Тодоровски, на Фејсбук самиот објави фотографија од парите кои ги дели во Теарце

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Синоќа околу 22:30 часот со сиво „Aуди“ караван со регистарски таблички (DB-1107-AB) луѓе на СДСМ доставиле 500.000 евра во двете џамии во Теарце, пари наменети за поткупување на гласачи – дознава „Вечер“ од извори во селото.

Полицијата во целиот период го следела настанот, но решила да не интервенира во џамиите затоа што тоа не го дозволувал министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. По оставањето на парите, возилото било застанато од полицијата и бил извршен претрес, внатре биле присутни Петре Шилегов, Ѓулумсер Касипи, која е втора на пратеничката листа на СДСМ во шестка, нејзиниот син кој бил возач и уште едно лице од Дебар, кое според нашите информации, е финансиер на поткупувањето и човек близок до претседателот на албанската дијаспора, Муса Љамалари.

Кога биле фатени, лицата од СДСМ кои во Теарце донеле 500.000 евра за потплаќање, биле видно вознемирени и исплашени. Но немало пријави против нив, затоа што претходно интервенирал Спасовски, а парите веќе биле оставени во џамиите.

Нашите извори велат дека и овој пат, луѓето од СДСМ целата операција за потплаќање ја воделе преку џамиите и оџите, до кои ги доставувале парите кои од нив биле делени до Албанците. Цената на еден глас е околу 1.500 евра, а истата сума им се нуди и на Македонци, потврдени гласачи на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се нудат по 1.500 евра за да не излезат да гласаат и тоа по моделот на СДСМ познат од претходниот круг – им се даваат парите и им се одземаат личните документи за да не можат да го остварат гласачкото право.

silegov-samka-tearce

Стратегијата на СДСМ била дека ако оваа сума не ги даде очекуваните резултати, таа ќе се покачи на 2.000 евра уште од вечерва, а до недела, дополнително ќе се зголемува.

Во избирачкото место 2011 во Теарце, има и огромен дел на Турци и луѓе од мешани бракови, токму затоа луѓето на Заев и албанската мафија, одлучиле парите да ги делат преку оџите, а парите се делеле на цели семејства, за 20-30 луѓе се исплаќаат по 1.500 евра од глас од човек, значи овие, големи муслимански семејства ќе заработат и до 50.000 евра.

Нашите извори од Теарце велат дека и Мухамед Зекери се активирал и контактирал со сите Албанци-бандити од Тетово кои ги повикувал да излезат на терен во Теарце, но до овој момент тие се уште се немаат појавено.

За вечерва се очекува и Зоран Заев да се појави во Теарце и да се обрати кај џамиите во периодот пред да настапи предизборниот молк.

СДСМ не ни кријат дека купуваат гласови

Активистот на СДСМ, Ивица Тодоровски, кој работи како обезбедување во Т-Мобиле, не ни крие дека партијата потплаќа пари на терен. Тој, на Фејсбук објавил фотографија со огромно снопче пари, наведувајќи дека е во Теарце. Според слободна проценка на големината на снопчето, внатре има околу 80.000 евра.

ivica-torodoski-sdsm-tearce ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

– Јас морам да бидам тука за секој случај – напишал Тодоровски, не криејќи дека неговата партија со овие пари потплаќа гласови во Теарце.

Наместо да ги уапси, МВР им помага во криминалот

Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, веќе два дена е во кампања во Теарце.

Фотографиите до кои стигна „Вечер“ го покажуваат службениот „Ленд ровер“ на Спасовски со кои на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце.

rover-mvr-tearce

Граѓаните кои ја доставија фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не избираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце – велат тие.

Симптоматично е што наместо МВР да ги уапси оние што делат пари за гласови, министерството е заедно со нив во кампања.

СДСМ КУПУВА ГЛАСОВИ СО 3.200.000 ЕВРА: Шилегов и Николовски дале по 500.000 евра во двете џамии во Теарце

silegov-kece-pari-dzamija

Новинарот Миленко Неделковски на својт Фејсбук профил објави дека СДС(без М) синоќа оставиле по 500.000 евра во две џамии, односно дека за прегласувањето во Теарце вкупно ќе платат 3.200.000 евра.

„СДС, односно Спасовски со службено возило на МВР и Николовски со службено возило на МЗШВ, синојка однеле и оставиле по 500.000 евра во двете џамии во Теарце.

Буџетот на СДС за ова гласачко место за ова прегласување е 3.200.000 евра. Кеш.“, напиша Неделковски.

milenko-nedelkovski-fb-tearce

Град Скопје ја откажува новогодишната прослава, средствата ќе ги донира за социјални цели

plostad-makedonija-skopje

Градот Скопје денеска информира дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.

Одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот.

– Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

ОД КАЈ Ѝ СЕ ПАРИТЕ: Невработената Ивана Туфегџиќ за пратеничкото место во СДСМ уплатила над 100.000 денари

Ivana-Tuf-SDSM-Zaev

Кампањата на СДСМ само во последните 10 дена, „граѓанската активистка“ и кандидат за пратеник на опозицијата Ивана Туфегџиќ ја чинела 101.900 денари. Според официјалниот финансиски извештај таа во два наврати донирала на сметката на СДСМ за изборите 42.900 на 29.11. и два дена подоцна 59.000 денари. Нејасно е од каде ѝ се средствата на Туфегџиќ, која е невработена, за да си го плати пратеничкото место.

miting-aerodrom-zaev-pendarovski-2-large

Дека „граѓанската активност“ добро се исплатува покажува и случајот со „шарениот“ Павле Богоевски. Тој во два наврати на Заев за своето пратеничко место му платил 99.000 денари, 40.000 на 23.11. и 59000 на 28.11.

МУхамед Зекири во Арачиново

Колку е скап функционерскиот живот на своја кожа почувствува и новопечениот политичар, довчерашен новинар, Мухамед Зекири. Тој во кампањата на СДСМ во последните 10 дена донирал 4 пати, сума во вкупен износ од 180.000 денари.

Наследничката на Шекеринска и Заев, која има само 23 години, е член на младината на СДСМ, а довербата на партиската врхушка ја стекна преку Студентскиот пленум, во кој беше задолжена да ја води битката на СДСМ за целосно оцрнување на легитимните студентски избори.

ivana-tuf-640x359-630x353

Ивана Туфегџиќ е магистрант по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Стана препознатлива во јавноста по платеничките настапи за исполнување на агендата за уништување на демократијата. Таа е еден од најистакнатите лидери на сдсмовскиот пленум кои како дел од платеничката револуција на опозицијата сакаа да ги спречат и легитимните избори за нов студентски лидер.

ivana-tuf-1-640x426-520x346

Ивана Туфегџиќ е член на младината на СДСМ и многу блиска до раководството на партијата за што потврдуваат и овие фотографии со лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.

Ивана Туфегџиќ практикува улични демократија, често се обраќаше на платеничките променади на платеничката револуција, а е задолжена за кревање на тензии и предизвикување инциденти.

ivana-tuf-2

Ивана Туфегџиќ за реализацијата на плановите на својата партија не е задолжена од скоро. Таа изминатите неколку години е задолжена за креирање сценарија и сеење лаги и манипулации помеѓу студентите. Таа започна рамо до рамо да бара и оставрување на барањата на нејзините лидери во екот на политичката криза, па на својот блог делеше совети како треба да работи парламентот, како претседателот да замине од својата позиција и сл.

marsh sdsm zaev verusevski tufegdzic

Според финансискиот извештај, кампањата на СДСМ чинела околу 320.000 евра.