ВИДЕО: Шилегов провоцираше па избега од дебата за екологијата во Скопје, откако Трајановски го нокаутираше со аргументи

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска избега од потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, откако неговиот обид за провокација не успеа, па Шилегов соочен со аргументи го напушти настанот.

-Шилегов не знае што зборува, и нема да му замериме затоа што не ја знае оваа проблематика. Со голи пароли сите знаеме, овде нема пароли, овде нема полтика, туку има работа. Јас сум првиот градоначалник, кој што ја отвори Пандорината кутија за загадувањето, Скопје било загадено секогаш, не е тоа од моето доаѓање, туку било многу повеќе. Јас сум првиот градоначалник кој што стави мониторинг станица за мерење на воздухот, кој што ја подигна свеста кај граѓаните дека загадувањето е голем проблем кој треба да се решава. Знаете кои се најголемите загадувачи во Градот Скопје, тоа се домаќинствата кои што се претежно во руралниот дел и блиску до урбаните средини, кои што се греат на дрва и остатоци од мебел, јаглен, рече Трајановски.

Тој додаде дека тие ќе продолжат со субвенции за печки на пелети.

-Сметаме дека треба да се продолжи со продолжување на мрежата за топлификација. За жал, партијата на мојот колега Топлификација ја продаде. Да беше Топлификација под Градот Скопје, како што е во Белград, Загреб и Љубљана, во тој случај градот Скопје ќе инвестираше и во нови мрежи и ќе инвестираше во субвенционирање на затоплувањата. Вие сте сведоци дека имаме повеќе од 13 илјади домаќинства кои што се откажаа од топлификационата мрежа, а ја имаат во своите станови, бидејќи цената е висока, а висока е поради тоа што се приватизира. Да не кажувам што се се приватизира во Градот Скопје, рече Трајановски.

Шилегов и Заев ќе го продаваат скопски Водовод

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев со својот партиски портпарол и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, подготвуваат уште една матна зделка.

Тие имаат план да го продадат ЈП Водовод и канализација на фирма од Австрија со мешовит сопственички состав. Кога ќе се погледне историјата на оваа фирма, станува јасно каква корист од оваа продажба ќе имаат Заев, Шилегов и нивните најблиски соработници.

Имено,еден од акционерите на фирмата во чии раце треба да остане скопски Водовод, е ЕДС на Кочо Анѓушев. Вицепремиерот откако седна во столчето до Заев во македонската Влада, веќе беше дел од низа скандали кои имаат за цел негово дополнително богатење.

Оваа зделка каде освен Заев, таен преговарач е и Шилегов, ќе биде дополнителен извор за лично богатење на овие тројца политичари.

Ако матната зделка се реализира, многу е можно цената на водата да биде поскапена и додека Заев, Шилегов и Анѓушев го зголемуваат и онака огромното свое богатство, за сметка на тоа да трпат и патат граѓаните.

ФОТО: Шарените го напуштија Заев, Јанко и Миленко му се придружија

Јанко Илковски на својот Фејзбук профил денес објави статус со кој очигледно целосно го поддржува кандидатот за градоначалник за градот Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој на својот статус пишува: „Секој си заслужува шанса. Ако народот му даде поддршка, секако дека таа ќе и мора да биде испочитувана“, вели Јанко Илковски во последниот негов фејсбук статус.

Инаку Јанко не е првиот кој ја поддржал политиката на СДСМ од нивното доаѓање на власт, истото го направи и Миленко Неделковски.

садасдасда

НЕВИДЕН АЛКОХОЛИЧАР: Шилегов пијан на митинг – призна дека е дрво!

Петре Шилегов вечерва во пијана состојба се обрати на митингот на СДСМ во Скопје. Видна беше неговата пијана состојба. Неговиот говор беше целосно неповрзан и полн со гафови и неповрзани реченици и без смисла.

Имено Шилегов и е познат на јавноста по неговата желба да испие „некоја чаша повеќе“ и во таква состојба да се појави на партиски митинг, па дури и во Собрание.

Шилегов од митингот порача дека кој неможе да го разбере дрвото неможе да го разбере ни него. Со тоа самиот призна дека е дрво.

Инаку митингот претставува целосен дебакл за СДСМ, истите се обидоа со стотици автобуси од внатрешноста да ја покријат слабата поддршка од граѓаните.

Живот за сите бизнис партнери: Шилегов се договорил со албански бизнисмен да изгради шанк и диско клуб во паркот спроти Веро во Карпош

Покрај празните ветувања дека ќе донесел чист воздух, а без никаков план како тоа би го реализирал, Петре Шилегов има и некој ветувања кои сепак не ги кажува пред граѓаните туку ги кажува на свои бизнис партнери. Шилегов со албански градоначалник договорил уништување на паркот карши Веро во Тафталиџе, во Општина Карпош.

Овој простор се наоѓа на територијата, а покрај тоа што ги побива своите ветувања, тој ги побива и празните ветувања на кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, кој како еден од главните проекти го има зацртано враќањето на маалскиот живот, за кој како што велат младите карпошани е одличен и дружбата меѓу карпошани е одлична. А со тоа што ќе биде уништен овој парк, директно се удира по ветувањето на Богоев, бидејќи парковите се местото каде сите млади се собираат и го поминуваат времето заедно.

Еден од најубавите паркови во Скопје, ќе биде уништен ако Шилегов стане градски татко, бидејќи тој договорил и изградба на шанк и диско клуб во паркот спроти Веро во Тафталиџе. Прашање е и како на ова ќе реагираат лугето кои живеат во тој дел од Скопје, а во секој случај тие не се во мал број. Реализатор на овој проект доколку дојде Шилегов до градоначалничкото столче ќе биде косовски бизнисмен.

Освен дискотека, според нашите информации Шилегов договорил и изградба, иако токму тоа дена нема да има изградба на нови згради е главно ветување на сите градончалници на СДСМ во Скопје.

 

ТЕШКА ПИЈАНДУРА: Петре Шилегов синоќа пак претерал со алкохол, денес мамурлакот го покажа пред камери

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој има имиџ на човек кој знае да претера со конзумирањето алкохол, синоќа бил забележан во казино како со помало друштво се забавуваат и конзумираат обилни количини алкохол.

Шилегов и друштвото барале казиното да биде затворено за други гости што не им било овозможено, но добиле посебен простор за забавување и лудории до раните утрински часови.

Последиците од ваквото расположение беа видливи денес на прес-конференција на која Шилегов во препознатливата ароганција на СДСМ соопшти дека не им посакувал среќа на другите кандидати за градоначалници, уште еднаш потврдувајќи дека има превисоко мислење за себе, потценувајќи ги гласачите на кои сака да им наметне став дека ако не е тој градоначалник „ќе има потоп“ во Македонија.

Silegov-pijandura

Гласачите на социјалните мрежи реагираат кон Шилегов посакувајќи му среќа која повеќе од очигледно е дека ќе му треба, ако мисли дека граѓаните се должни за него иако настапува без проекти, без изградена перцепција дека е работник и без докази дека е вреден човек кој ќе го подобри животот на граѓаните, а не само човек кој кажува празни зборови со многу ароганција.

Бичиклиски: Разликата во квалитетот меѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо што е впрочем опус на целиот негов политички век досега, изјави на денешната прес-конференција Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека Петре Шилегов е свесен оти неговата партија на чело со, како што рече, неспособниот Зоран Заев е во тежок ендек дека пропаѓаат и свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје.

-Граѓаните на Скопје ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, ја знаат разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев. На градот му требаат стабилни чесни луѓе, а не луѓе кои што ќе го претворат градот за 24 часа во паланка, истакна Бичиклиски.

Потенцира дека на скопјани ќе им биде многу лесно на локалните избори. Според него, разликата во квалитетот во помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна.

Дојде живот за Шилегов, се поднови со најновото Ауди А5 вредно 80.000 евра! (ФОТО)

Додека граѓаните чекаат СДСМ да почне да ги исполнува ветувањата кои на граѓаните им ги вети пред изборите, а од кога ја презема власта почна да ретерира за истите, како што е примерот со минималната и просечната плата. Додека граѓаните се уште го чекаат животот кој го ветуваше новата власт, за нивните функционери животот пристигна, Петре Шилегов се поднови со ново Ауди А5 вредно меѓу 75 и 85.000 евра, кое впрочем не е ни пријавено во анкетниот лист во Антикорупциска.

audi a5 shilegov

Инаку, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, периодот кој во СДСМ милуваат да си го наречат режим, Шилегов со пријавена плата од 22.929 денари во својата адвокатска канцеларија, додека пак неговата сопруга во истата фирма беше пријавена на минималец т.е. на плата од 10.900 денари (информации за јануари 2014 година). Токму во овој период граѓаните и медиумите се прашуваа како Шилегов со таква плата успеал да се стекне со толкаво богатство.

audi a5 shilegov 2

Шилегов за кого немаше живот, во својот запишан имот има 4 стана и една куќа, која е на три ката, со големина од 313 метри квадратни, вредна 440 илјади евра, како и неколку луксузни автомобили, најголемиот дел од нив купени за време на владеењето на „режимот“ на ВМРО-ДПМНЕ.

kuka shilegov

Петре Шилегов во 2015 и 2016 се поднови со 3 нови стана, во вредност од 208.000 евра. Двата нови стана од 72 и 64 м2 фамилијата Шилегови ги купила во 2015 година и изнесуваат 160.000 евра, додека во 2016 година Шилегов сеподновил со уште еден стан од 68 м2 во вредност од 48.500 евра. За само две години усепале да купат три стана во вреднос од околу 208.000 евра.

staro audi shilegov

Покрај становите медиумите во времето додека Шилегов  мачно се бореше против „режимот“ открија за неговиот возен парк кој тој го имаше тогаш, а сега плус подновен со новото Ауди А5, кое инаку ја има цела можна опрема и претставува најскапиот автомобил на Шилегов, вреден помеѓу 75 или 85 илјади евра.

mercedes shilegov

Шилегов во својот возен парк има и уште еден автомобил Ауди и Мерцедес, кој го вози неговата сопруга, како и Сеат Леон кој тој му го купи како поклон на својот син, автомобил вреден околу 30.000 евра, кој исто како и новото Ауди А5, не е пријавено во анкетниот лист на пратеникот на СДСМ.

shilegov ivan seat leon

Граѓаните гласно коментираат дека најверојатно СДСМ пред изборите мислел дека ќе дојде живот за нивните функционери, а не за сите граѓани на оваа држава. Граѓаните бараат објаснување од пратеникот Шилегов, кој вчера гласаше против укинувањето на радиодифузната такса, работа која СДСМ ја вети во предизборната кампања, како за време на „режим“ тој успеал да стигне до толку големо богатство.

ВИДЕО: „А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!“ – Шилегов од СДСМ со отворени закани до Илија Димовски

Петре Шилегов, познат по своите „излети“ како пратеник, и денеска не додржа иако со месеци не работеше ништо.

Откако во своето обраќање од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контекст на актуелните протести против тиранската платформа, како и за страдањата на овие Македонци,  Шилегов од место прво го истакна своето егејско потекло, за набрзо потоа да излезе „од контрола“.

Шилегов отворено се закани до Илија Димовски за што реагираше и Трајко Вељаноски како претседавачот со седницата. Собраниските служби го симнаа тонот од неговиот микрофон, токму во моментот Шилегов се заканува :

-А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!

Следеше опомена од Вељаноски

-Колеги немојте со такви зборови! Ако треба да дадам пауза да се смирите, во ред.

Многу скоро потоа, пратениците заминаа на пауза.

Зошто СЈО молчи за даночното затајување на Шилегов и Заеви?

Специјалното јавно обвинителство кое што е јасно дека служи како продолена рака на СДСМ пред два дена излезе со случаи „Тотал“ и „Тифани“ со кои се покренува истрага за  двајца новинари дека преку своите фирми набавувале производи за лична употреба како часвник, шминки,  тепих за во канцеларија за кои наводно потоа побарале ослободување на ДДВ. Имајќи во предвид дека СЈО работи како политички инструмент допрва ќе се види низ постапка дали има основа за такво нешто.

Но, од друга страна информациите до кои дојдовме покажуваат дека токму за два слични случаи, но за многу поскапа стока СЈО замижува поради политички причини

Првиот е прескапиот автмобил кој пратеникот на СДСМ Петре Шилегов му го купил на својот син Иван Шилегов. Овој автомобил е обзбеден преку фирмата на Шилеови избегнувајќи да се наплати ДДВ односно на истото подоцна ќе се обезбеди поврат, а е извесно дека Шилегов овој автомобил ќе го користи за лични цели. Шилегов се подновил со Сеат Леон.

– За мојот надјобар син – напишал Петре на пораката оставена на новиот авотмобил за неговиот полнолчетен син Иван Шилегов.

Овој автомобил не е пријавен во имотната состојба на пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов.

silegov-

Вториот случај е милионскиот возен парк на кланот Заеви чии автомобили се егистрирани на име на фамилијарните форми од кои се црпат пари од тендери од оопштината.

Имено во исто време додека општината Струмица се сврсти за најкорумпирана во Југоисточна Европа во најновиот извештај на „Балкан Аналитик Груп“ со сомнително проневерени пари дури 100 милиони евра, Заеви уживаат во „Мерцедеси“, „Порше“, „Ауди“, повеќето во сопственост на фирми со кој одбегнуваат ДДВ.

Зоран Заев се вози во Ауди 8 вредно стотина илјади евра кое формално правно не е во приватна соственост на Заев, ниту општината Струмица, туку е обезбедено на лизинг од правно лице.

Се поставува прашањето како ова не е криминал за СЈО и зошто досега нема покренато истрага ниту обвинение за даночно затајување за некој член на СДСМ. Со ова на најдобар можен начин се доловуваат двојните стандарди на СДСМ и СЈО.

Дали Заев, Шилегов и СДСМ ќе продолжат да бидат заштитени мечки, или ќе започнат да одговараат пред законот?