Сараќини и Алаѓозовски збеснале затоа што имаше македонски знамиња на суперкупот, сакале да ги казнат виновниците

Првиот човек во културата Роберт Алаѓозовски и неговиот најблизок соработник Петрит Сараќини вчера биле многу незадоволни затоа што на церемонијата за отворање на супер купот во Скопје имало македонски знамиња.

Иако УЕФА забранила носење на знамиња освен од земјите кои играат во супер купот, на самиот почеток на свечената церемонија се појавија игаорци од КУД Танец а веднаш после нив и неколку деца со македонски знамиња истрчаа на теренот.

Министерот Алаѓозовски и неговиот човек за односи со јавност Сараќини биле бесни поради оваа „провокација од организаторите“ како што ја нарекле, па започнале да се распрашуваат кој е виновникот за одлуката да има македонски знамиња на отворањето на мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, велат извори од организацијата.

Откако дознале кои луѓе се задолжени за тоа заклучиле дека се работи за поддржувачи ина ВМРО-ДПМНЕ и побарале „вмровците да бидат казнети“ за онесувањето надвор од препораките на УЕФА и провокацијата со македонските знамиња.

„Урлаа по телефон, ни викаа дека само англиски и шпански знамиња смее да има, па дека ако имало македонски требало да има и албанско знаме и турско и бугарско за да има од сите заедници кои живеат во Македонија. На крај се заканија дека ова нема да остане вака“, вели анонимен извор од организацијата кој бил сведок на овој настан.

ЖЕСТОКА РАСПРАВА: Селмани и Сарачини на нож за тоа кој Албанец треба да биде член на комисијата

Опозициските новинари Насер Селмани и Петрит Сарачини кои и двајцата важат за блиски до СДСМ и СОРОС, влегоа во жестока расправа преку опозициските медуми за избирањето на 5-тиот член на ад хок комисијата за медиуми кој треба да биде Албанец.

Преку своите Фејсбук профили тие си упатија меѓусебни обвинувања за началствување и како што велат самите едниот и другиот да си ги сокријат своите “валканици”, а всушност вистинската поента е ривалството кој да биде 5-тиот член.

Петрит Сарачини, инаку активист на СОРОС, учесник во “Шарената револуција”, говорник на собири на СДСМ и новинар, го обвини Насер Селмани дека не ги штител членовите на ЗНМ и не се залагал за нивните потреби. Исто така го обвини дека има проблем со конкуренцијата, своето место во ЗНМ го чува само за себе и имал политички амбиции за кои е спремен и да го згази политичкиот кодекс.

Petrit-Saracini-Plusinfo

Насер Селмани, пак, во реплика на Петрит Сарачини рече дека сето она што го вели Петрит се само клевети и го обвини дека ги тргнал маските и конечно ќе биде во друштвото на “началниците“.

Naser-Selmani-FB

Оттука останува прашањето дали можеби и двајцата имале исти амбиции за ад хок комисијата и не успеале да се договорат, па затоа мораа да ги вкрстат копјата и да влезат во јавна меѓусебна препирка.

Членот на СДСМ го предложи Петрит Сарачини за 5-ти член во ад хок телото за медиуми

Вкупно 9 кандидати се во игра за 5-тото отворено место во ад хок телото за мониторинг на медиумите, дознава Пресс24.

Станува збор за следните кандидати:

Сефер Тахири
Бесмира Ејупи
Илир Ајдини
Ајат Реџепи
Даут Даути
Фитим Кријезиу
Лулзим Хамиди
Јосиф Џочков

Ова се 8-те лица кои до рокот кој истече вчера на полноќ ги поднеле своите апликации.

Љубомир Костовски кој беше предложен од СДСМ во последен момент како кандидат го предложи Петрит Сарачини. Образложението било дека Сарачини не конкурирал на сајтот, односно не испратил апликација до Агенцијата, туку директно до него.

Saracini-sreden-prst

Сарачини важи како еден од најистакнатите активисти на Сорос и СДСМ кои во континуитет покажуваат невидена пристрасност кон медиумите под контрола на Сорос  и СДСМ.  Одлуката најверојатно ќе биде донесена во среда.

За потсетување, Петрит Сатрачини беше предводник заедно со портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кога беше уништена фасадата на Министерството за надворешни работи.

Во тогашните насилни протести организирани од страна на т.н. Шарена револуција, беа сквернавени и уништени културни знаменитости во главниот град.  Сарачини беше еден од најгласните говорници и поддржувачи на таквото однесување.

Бобан Нонковиќ за нападот: На крајот „борците за слобода” ќе се самозапалат како Монти Пајтон!

Во текот на вчерашниот ден, еден од гласноговорниците на опозицијата Петрит Сарачини во попладневните часови во периодот помеѓу 17-18 часот го нападнал новинарот Бобан Нонковиќ кој работи како дописник на МИА од Брисел.

Нонковиќ кој инаку е на пост-дипломски студии во МИМ многупати претходно имал вербални напади и провокации од страна на Сараќини, најчесто во просториите на МИМ. Во конкретната ситуација, додека Нонковиќ бил во една од просториите на МИМ разговарајќи со неговите колеги бил најпрво вербално нападнат од Сараќини.

– Додека стоев со колегите и разговарав, Сараќини кој се симнуваше по скалите почна да ме навредува и провоцира, сакајќи да предизвика и моја реакција со која потоа ќе може да се направи медиумска фама. Знаејќи ја намерата јас останав смирен. Но, Сараќини најверојатно ја забележа мојата смиреност па откако увиде дека тоа нема да му “запали” зема монопод (метална прачка за поставување на камера) и проба со истата да ме нападне. – вели Бобан Нонковиќ.

Додека се случувала целата драма, сведоци на настанот биле и професорите кои работат на МИМ како и персоналот кои пристпиле кон смирување на состојбата, но Сараќини не престанувал со навредите, а во еден момент додека го држеле тој почнал и да замавнува кон Нонковиќ со зборовите “Сега ќе те убијам!”.

Покрај заканите по живот, Сараќини упатил и огромен број други закани кои Нонковиќ неможеше да ни ги пренесе бидејќи беше вчудоневиден од фондот на пцовки и навреди, кои според него можат да ги кажат само луѓе кои освен навреди незнаат ништо друго.

– Очигледна е се поголемата хистерија на оние кои наводно демократски, а всушност, преку насилство и анархија сакаат да ја преземат власта во Македонија, се поочигледна е паниката на поддржувачите на странските сценарија за Македонија. Не би се изненадил доколку, колегите новинари, јавните личности и останатите кои се таргетирани од овие насилници, да им се случи истото што и на мене ми се случи вчера. Тие веќе се свесни дека и покрај сите нивни напори, помош од странски служби, фондации и пари на Сорос, нивните обиди за насилно преземање на власта пропадна, со што и нервозата во нивните редови се зголемува. – вели  новинарот Нонковиќ.

Нонковиќ додаде дека не стравува од ништо и никого, и дека по сите овие напади од страна на “борците за слобода и демократија” кои се залагаат само за личен профит по цена дури и да го предадат својот народ и нација, на крајот ќе се “самозапалат како Монти Пајтон”.

Од МИМ информираат дека тие ќе ги преземат сите законски постапки како и ќе поведат дисциплинска постапка против Петрит Сараќини.

Нонковиќ пак изјави дека тој нема да пријавува во полиција, бидејќи според него, тоа би било само исполнување на нивната желба за правење на медиумска фама и сеење мрак во општеството.

Избор: ИнфоМакс