ЛАГИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА: Нема пари за исплата на минималната плата, но нема пари ни за плати пред избори

Наспроти предизборните популистички ветувања дека работниците ќе добијат зголемена септемвриска минимална плата, фактичката состојба покажува дека Владата предводена од Зоран Заев, односно Министерството за финансии нема пари за исплата на минималната плата, ветување кое пред локалните избори како мерка беше донесена од страна на новата влада.

Според известувањето од Министерството за финансии до другите министерства и институции, кои потоа ги известиле своите финансови служби, од нив се бара септемвриската минимална плата да биде подготвена без примена на Законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата, односно без зголемување на минималната плата која во бруто износ требаше да изнесува 17.130 денари.

„Почитувани, Ве известуваме дека платата за месец 9/2017 треба да ја подготвите без примена на Законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата во Република Македонија (Службен весник на РМ бр.132/2017 година) , односно без зголемување на минималната плата која во бруто износ требаше да изнесува 17.130 денари.Насоките се добиени од Министерство за финансии во текот на вчерашниот ден (9.10.2017 година). Значи, треба да доставите нова декларација и пресметка на плата без зголемување на минималната плата“, се вели во дописот.

Ова значи дека септемвриската исплата на минималната плата, која работниците требаше да ја добијат зголемена, е само предизборен трик на новата власт предводена од Зоран Заев. Со насоките добиени од Министерството за финансии, декларацијата и пресметката за ветената зголемена плата за септември, финансовите служби треба да ги направат без зголемување на минималната плата.

„Во Законот за минимална плата во РМ е предвидено исплатата на минималната плата да се врши со септемвриската плата“, изјавија во понеделникот од Министерството за труд и социјална политика.

Ова практично значи дека Министерството за финансии признава дека пари за исплата на минимална плата нема, а граѓаните и работниците се само жртви на уште една предизборна измама на новата влада.

Не само за минималната плата, пари нема ниту за платите во институциите од културата пред 15 септември.

-За прв пат по 11 години нема да примиме плата до 15-ти во месецот. Министерството за финансии не ни ја прима апликацијата за плати и велат да се однесе после избори, ни рекоа во една институција од областа на културата.

СДСМ пред избори ветуваше плати од 500 евра, а сега граѓаните добиваат намалување на платите секој месец

Откако неспособниот Тевдовски седна на министерската фотелја бруто домашниот производ се намали за 1.8 проценти. Просечната плата која СДС ветуваше дека ќе стане петстотини евра се намали за 0.7 проценти.

Првиот месец по доаѓањето на СДСМ на власт, наместо зголемување на просечната плата, нели Зоран Заев ни кажуваше дека просечната плата ќе порасне на 500 евра, имаме 0,7 отсто намалување во јуни во споредба со мај.

-Значи само во еден месец, во месец јуни во споредба со мај, бруто платата се намали за 0,7 отсто според официјалниот податок на Заводот за статистика. Тоа укажува дека ветувањата се една работа, но она што се случува подоцна во реалноста и на терен кога доаѓа СДСМ е друга работа. Не само што нема зголемување на просечната плата, туку започна и тренд на намалување. По подолг период, просечната плата во Македонија од еден во друг месец се намалува и тоа е загрижувачки податок, рече Груевски.

Заев ги излажа граѓаните дека ќе има просечна плата од 500 евра и веќе им го испланирал и трошењето на тие пари како да бидат.

Просечната бруто и нето плата втор месец по ред паѓаат. Вработениот во јули земал 400 денари пониска плата во однос на мај!

Во јули просечната бруто плата изнесува 33.228 и е помала за 0,5 отсто или за 281 денар во однос на јуни, додека во однос на мај е помала за 412 денари.

Во јули просечната нето плата изнесувала 22.671 денар и е за 0,6 отсто или за 137 денари помала од просечната нето плата во јуни, или за 218 денари помала од нето платата во мај.

По подолг период платата во Македонија се намалува од месец во месец, а ова е втор месец по ред.

СКАНДАЛОЗНА ПАРТИЗАЦИЈА: Работат во СДСМ, а земаат плата од МВР

Ветуваа подобри услови, повисоки плати, непартиска и професионална администрација, а во пракса состојбата е многу поинаква. Владејачката СДСМ секојдневно покажува дека „деклративните„ заложби за професионална и непартизирана полиција паѓаат во вода.

Последен во редот вакви пример е советникот и висок функционер на СДСМ од општина Струга Даме Ложанкоски, кој од пред неколку дена е вработен како советник на Министерот за внатрешни работи. Работното место на Ложанкоски е Генерален советник за правни работи во Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Dame-Lozankoski

Вработувањето на Ложанкоски е спорно од неколку причини: Прво, согласно со законот за внатрешни работи лице кое е вработено во министерството за внатрешни работи не смее да извршува партиска позиција или да биде член на било која партија, но и покрај тоа на фејсбук профилот на Ложанкоски јавно е напишано дека истиот е вработен во партискиот штаб на СДСМ и второ и најинтересно е што во Министерството за внатрешни работи каде што треба да ги обавува своите работни обврски ниту некој го видел или пак некој слушнал за ваков колега и покрај тоа што истиот прима плата и се води на списокот на вработени во МВР.

Според медиумите Ложанкоски до сега извршувал неколку високи партиски функции: Претседател на младина во Струга, секретар на СДСМ – Струга и Претседател на СДСМ Струга.

Од тука се напетнуват низа прашања: Дали МВР ја плаќа партиската администрација на СДСМ? Како е возможно вработен во МВР јавно да објави дека работи во СДСМ? Дали ова е непартиската администрација за која се залагаше СДСМ? Дали е чесно и совесно да земаш плата од државата е да извршуваш партиски функции?

Со ова уште еднаш се потврдува факттот дека СДСМ секојдневно врши партизација и политизација на администрација. Денешниот пример е уште еден доказ за тоа. Доказ за грубо кршење на законите и непочитување на постапките и процедурите. И најлошо од се е што токму такви лица кои го кршат законот треба да го советуваат министерот за внатрешни работи за правни работи.

За да биде трагедијата уште поголема токму лица кои што секојдневно се во штабовите на СДСМ се товар за буџетот и ја чинат државата повеќе од 60 илјади денари. Тоа е истиот оној буџет во кој што нема пари за покачување на платата на вработените во МВР и буџет за кој што Спасовски во неколку наврати лажно обвинуваше дека незаконски се трошел.

Од ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати апелираа за брутална партизација на администрацијата и го повикаа меѓународниот фактор во државата да се спротивствави на секојдневното кршење на законите.

СО САМО ЕДЕН ДЕН РАБОТА: Седници нема, а новите пратеници искешираа над 240.000 евра

Новите пратеници, кои беа избрани на изборите на 11 декември минатата година, досега одржаа само една конститутивна седница на која беа верификувани нивните мандати. И покрај тоа што досега ништо не сработија, тие земаат месечна плата од околу 1.000 евра.

Народните избраници веќе два месеца земаат плата иако од конституирањето на новото Собрание на 30 декември минатата година се одржа само една седница. За платите на народните избраници од државниот буџет се издвоени околу 240.000 евра.

Месечната плата на пратениците е околу трипати поголема од просечната плата во Македонија, која според податоците од Државниот завод за статистика месечно варира од 21 до 23 илјади денари.

Ако се земе предвид дека за еден пратеник месечно од државниот буџет се издвојуваат околу 1.000 евра, тогаш за 120 пратеници месечно се трошат околу 120.000 евра. Новиот парламентарен состав е избран пред два месеца, што значи дека досега се искеширани 240.000 евра народни пари

Новите пратеници досега не одржаа ниту една седница, со оглед на тоа што се закочи процесот на формирање влада.

По изборите одржани на 11 декември лани, народните избраници само еднаш седнаа во своите пратенички фотелји – на конститутивната седница на 30 декември, која всушност не беше работна, туку беше од церемонијален карактер за верификување на нивните мандати.

Платата на народните избраници може да биде и повисока од 1.000 евра доколку тие членуваат во собраниски комисии, но тие сѐ уште не се формирани, па затоа пратениците засега ја земаат само основната плата.

Освен платите на новите пратеници, од буџетот се трошат средства за апанажа на пратениците од минатиот парламентарен состав.

Инаку, со верификување на мандатите на новите пратеници, престана мандатот на 123 пратеници од осмиот парламентарен состав.

Од нив, 58 беа повторно избрани на изборите на 11 декември, па така право да бараат апанажа, доколку не се вратат на старата работа, имаат 65 сега веќе поранешни пратеници.Досега не е познато колку од нив побарале да земаат плата и по престанување на нивниот мандат.

Пратениците нема да можат да користат апанажа една година како претходно, туку според времетраењето на мандатот.

Исто така, со Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

Од седмиот парламентарен состав 51 пратеник земаа апанажа, а од собраниската сметка во втората половина од 2014 и почетокот на 2015 година за оваа намена се издвојуваа по околу 50.000 евра месечно.

Соросоидите месечно заработуваат колку 10 просечни плати

Бруто платата на Ф.К. од Фондацијата СОРОС Македонија за 2014 година износува над 2.000.000 денари, по основ на плати и дополнителни надоместоци. Пресметано по месечни примања, излегува дека приходите по основ на плата изнесуваат околу 170.000 денари. Следната година приходите се зголемени и за цела година изнесуваат над 2.500.000 денари, односно 3.400 евра месечно. Со тоа само во две години Ф.К. од СОРОС заработила фантастични 73.000 евра. Ако оваа сума се спореди со просечната македонска плата, актуелниот прв човек на фондацијата за еден месец од СОРОС добива колку што просечен македонски граѓанин му е потребно да работи 10 месеци.

Довчерашниот прв човек на фондацијата СОРОС во Македонија, В.М. во 2014 година по основ на лични примања уредени со договор, бруто примил без малку 2.700.000 денари или близу 44.000 евра и тоа за само една година. Месечно таа сума изнесува 3.600 евра.

На платниот список на „Сорос” е и С.Л. сопруга на петтоосомничениот во случајот „Пуч”, Ѓ.Л. Таа во 2014 година од СОРОС добила бруто приходи во висина без малку од 2.500.000 денари. Следната година, тој износ е поголем и е над 2.600.000 денари. Поточно, за само две години заработила околу 82.500 евра.

СОРОС во меѓувреме функционира како параполитичка организација, наплатувајќи големи средства на луѓе од нејзиниот платниот список, која дејствуваат како политички субјекти. Меѓу другите кои се јавно изложени на политичката сцена, е и сопругата на еден од осомничените во најголемата афера во последниве 25 години, со која насилно се руши легитимно избрана влада на државата.

Пешевски: Во СДСМ не е направена анализа за просечната плата што ја ветуваат

Реални ли се ветувањата на СДСМ за просечна плата од 30.000 денари? Детална анализа на оваа тема направи вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, кој смета дека во СДСМ не е направена анализа за тоа што значи ова ветување за македонската економија, а неговиот став го поткрепи со куса пресметка.

„Просечната плата во овој момент во Македонија изнесува 22.000 денари, СДСМ се залага за просечна плата од 30.000 денари, разликата е 8.000 денари. Доколку се исплатат овие 8.000 денари треба да додадете дополнителни придонеси, отприлика околу 46 отсто, да заокружиме на 50 отсто или дополнителни 4.000 денари. Значи 8.000 и 4.000 се 12.000 денари. Вкупниот трошок на работодавачот за да се постигне она што СДСМ го ветува изнесува 200 евра по вработен. Во Македонија има две статистики – едната ја води Агенцијата за вработување од каде што велат дека во земјава се регистрирани 585.000 луѓе со М1 образец, Државниот завод за статистика по нивните методи велат дека се работи за 720.000 вработени лица. Ако на 600.000 вработени им ги зголемите платите за 200 евра, тоа на месечно ниво значи 120 милиони евра, а на годишно ниво 1,4 милијарди евра. Ова се пари коишто не постојат во стопанството. Податоците на Централен регистер покажуваат дека вкупната добивка на сите македонски субјекти регистрирани во Централниот регистер, кои согласно законот за трговски друштва даваат завршна сметка изнесува околу 73 милијарди денари. Има субјекти коишто имаат загуба, нивниот збир е околу 24 милијарди денари. Македонската економија во текот на минатата година создала добивка од 49 милијарди денари или во евра тоа се 840 милиони евра. Само трошокот на плата што го предвидува СДСМ ќе ја изеде целата добивка што постои кај сите компании и ќе создадат дополнителни загуби до 550 милиони евра. Македонската економија не е во состојба да испорача такви перформанси“, појасни Пешевски.

Тој додаде дека во изминатите години Владата преку инвестиции успеала постепено да го зголеми БДП и да ја зголеми просечната плата, од 2006-та година па досега,  за 65 проценти, односно од 13.000 на 22.000 денари.

„Според нашите макроекономските проекции до 2020 година нето просечната плата ќе изнесува некаде помеѓу 26.500 и 27.000 денари, но до таму се стига постепено. 30.000-те денари што ги ветува СДСМ  ќе предизвикаат фирми со загуби што ќе бидат принудени да ги отпуштаат работниците, но тоа и порано било дел од нивната пракса“, изјави Пешевски.

Пешевски заедно со Универзитетскиот професор Сашо Кожухаров гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА со Билјана Василева Трендафилова на тема економските програми на политичките партии.

СДСМ го презентира проектот „Заев вработува“: И Шекеринска зема плата од чекмеџето на „Бихаќка“

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во предизборието дарежливо се расфрла со партиски вработувања, па откако самиот призна дека се погрижил за парчето леб на независниот новинар Мухамед Зекири, кој „се одважи да помогне“, медиумите открија дека Заев редовно практикува да им се оддолжува со вработувања во партијата на луѓето кои „се одважиле да му помогнат“. Пред да почне да им тече стажот на Дамјан Манчевскии Мухамед Зекири, Заев ѝ доделил работно место и на својата ултра богата заменичка Радмила Шекеринска.

Според информациите на Курир, Шекеринска има подолг работен стаж во СДСМ и од Мухамед Зекири и од Дамјан Манчевски, односно во опозициската партија таа е вработена на 1 октомври 2015 година, а неофицијално таа зема колку и Манчевски, 30.000 денари.

СДСМ и овојпат не одговара на прашањата на Курир дали е Радмила Шекеринска е вработена во СДСМ и од кога и колку изнесуваат нејзините месечни примања и кој орган на партијата ја донел одлуката за нејзино вработување.

КУРИР се обиде да дознае кои се причините за партиските вработувања во СДСМ, но засега единственото образложение е тоа што го даде Заев во интервјуто за порталот под контрола на СДСМ/Сорос дека Зекири морало да биде вработен за неговите деца да останат гладни.

Radmila-SDSM

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно.

Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.

anketen-list-sekerinska

Во февруари годинава, скопското јавно обвинителство соопшти дека ја прифатило кривичната пријава против сопственикот на Дајнерс – Македонија, Божидар Јанковски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, и ќе истражува дали и колку е вистина дека тој заработил стотици илјади евра изнајмувајќи си ги своите станови, а кириите ги наплаќал од службени пари. Според пријавата на МВР, кое тогаш и сега го раководи блискиот соработник на Шекеринска – Оливер Спасовски, тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пресметките кои ги направи Прес 24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

Sekerinska-Dajners

Освен три стана во Скопје и еден во Охрид кои ги рентале сами на себе и на неговата фирма, ова семејство молчеше и за други луксузи во кои ужива.

Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него.

Освен во Македонија, Шекеринска ужива луксуз и во соседна Грција. Таа летно време одмара на својата јахта за која сакаше да избегне да одговори пред јавноста, иако јахтата го носи името на нејзината ќерка.

Sekerinska-Jahta

На сите овие луксузи во кои ужива заменичката на Заев, сега се додава и платата која ја зема од партиското седиште.

Истовремено, по објавите за новите вработувања во СДСМ, не стивнуваат бурните реакции од страна на јавноста, особено од симпатизерите на СДСМ.

ПЛАТЕНИЧКО ПЛАЧЕЊЕ: Нора Шаќири го прашува Заев зошто е помалку вредна од Мухамед Зекири?

Откако Зоран Заев, претседател на опозицискиот СДСМ го вработи во партијата сега веќе поранешниот новинар Мухамед Зекири, се крена прашина кај членовите и симпатизиратите на партијата.

На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашува Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?

Претходно реагираше и долгогодишниот потпретседател и пратеник на СДСМ Јани Макрадули. И тој бил невработен.

nora-fb

Откако Шаќири го прозва, Заев и одговори оти тој не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија.

zaev-komentar

-Зоки фала на поканата. Ќе пиеме кафе обавезно. Толку многу сум зборувала јавно така да не знам како не си слушнал, му напиша Нора Шаќири, на претседателот на СДСМ.

zaev-komentar-norakomentari-nora-zaev

Инаку, по четиридневниот молк од СДСМ, најголемата опозициска партија конечно потврди дека Мухамед Закири е на партискиот платен список.

Според пишувањата на порталот „Курир“ новинарот кој за 24 часа се трансформираше од независен во член на Централниот одбор на СДСМ е на платен список на СДСМ, се покажаа како точни.

Ваквите информации лично ги потврди првиот човек на партијата Зоран Заев, кој во своето вчерашно интервју за НОВА ТВ изјави дека на Зекири „му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се одважил и ја напуштил работата за да помогне“.

Коментирајќи ги пишувањата дека Макрадули е невработен, Заев вели дека на Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа.

-Јани имал и понуди за работа во партијата и понуди на некои работи каде што партијата можела да помогне, рече Заев.

Заев сепак не откри дали и некои други членови на Централниот одбор на партијата исто како Зекири се на платниот список на СДСМ.

Мухамед Зекири, дијамант во круната на СДСМ – Не само функција, туку добива и плата од партијата

Неофицијално, според огласот на партијата, Мухамед Зекири на ова работно место би требало да зема плата од преку 500 евра месечно.

Поранешниот новинар Мухамед Зекири не само функција, туку добива и плата од најголемата опозициска партија СДСМ. Фактичката состојба е дека освен што пред околу една недела беше избран за член на Извршниот и централниот одбор на СДСМ, Зекири е и вработен во партијата од Бихаќка.

Според сознанијата до кои дојдовме, официјално од 09.09.2016 година, односно вчера, Зекири е вработен како советник во СДСМ. Неофицијално, според огласот на партијата, Зекири на ова работно место би требало да зема плата од преку 500 евра месечно.

Се чини дека со тоа се потврдуваат информациите дека токму Мухамед Зекири е еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев. Дека е тоа така, говори и фактот што луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата.

jani-makraduli-nevraboten

Трансформацијата на Зекири од независен новинар во партиски фунционер на СДСМ траеше помалку од 48 часа. Веднаш откако преку својот ФБ преку потресен статус се збогува со новинарството, Зекири експресно стана функционер на СДСМ. Зекири е познат во пошироката јавност по тоа што ги реализираше сите интервјуа на Заев во кои тој промовираше подготвеност за секакви отстапки со ставови дека на СДСМ не му личи да глуми патриотизам.

Медиумите веќе пишуваа дека токму Зекири бил последниот предлог за 5-ти член на ад хок телото за медиуми, кој го дал лидерот на СДСМ Зоран Заев. Откако не бил усвоен, Заев одлучил овој новинар да биде награден со позиција во партијата.

Да се наградат новинарите кои претходно биле прогласувани за незавсини, не е новост за СДСМ. Уште во 2002 партијата ги вработи во државна служба сите новинари кои беа блиски до тогашното раководство. На изборите во 2011-та година СДСМ на пратеничките листи стави уште двајца „независни “ новинари од тогашната А1 телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска. Сега како партиско решение Заев ја предложи Санта Аргирова која работеше во Телма и Алфа, а почна да работи и во кабинетот на Илинка Митрева.

Zaev-sorosoidni-novinari-1

Поранешната новинарка на А1 телевизија, Катерина Цаневска, за својата работа во корист на СДСМ беше наградена со работно место кај единствениот градоначалник на опозицијата во скопските општини. „Независните“ новинари Роберт Поповски и Весна Трпчевска Ковачевска си добија работни функции во СДСМ веднаш штом Заев дојде на лидерското столче во партијата. Нивниот пример го следеше и Богданка Кузевска која од 24 Вести се пресели на Бихаќка.

Јавноста нема да го заборави и најголемиот скандал кога веднаш по доаѓањето на власт, СДСМ сите партиски послушници во медиумите, во 2002 година ги награди со вработување во државните институции.

Токму поради ова, во јавноста нема дилеми дека СДСМ не го интересира независно новинарство, туку купени и контролирани медиуми кои ќе пишуваат само тоа што им се диктира од Бихаќка. Тоа според познавачите е причината зошто Заев инсистираше на воведување на цензорско тело и строги санкции и затворање медиуми за искажан сопствен став и мислење.

Зголемување на просечната плата во јуни

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 22.187 денари, или за 0,7 проценти повеќе во однос на платата во јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и  земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли  (4,4 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,7 проценти) и стручни, научни и технички дејности  (3,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.

Во јуни годинава, 1,6 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.