ВИДЕО: Поранешниот лав Љубчо сега станува канаринецот Бубе, кој треба да го соопшти тоа што му е дадено како задача

Љубчо Георгиевски толку не бил активен како премиер. Велат дека со клучни играчи на една моќна амбасада во Македонија, пред 27 април има 2 средби, најмалку 2 средби во седиштето на Георгиевски, каде тој ги добива задачите како да делува, со кого да делува и што да соопшти пред македонската јавност, вели Васко Ефтов во неговата емисија „Во Центар“.

Со оваа констатација се сложи и неговиот гостин Филип Петровски.

-Точно е тоа. Настапите на Љубчо Георгиевски на 11 декември, потоа молчењето 5 месеци и сега наеднаш појавувањето со вака прилично засилено темпо индицираат дека има добиено инструкции како треба да се однесува и што точно да каже, истакна Петровски.

Поранешниот лав Љубчо, додава Ефтов, сега станува канаринецот Бубе, кој треба да го соопшти тоа што му е дадено како задача по партитура- како на Евровизија да е.

-Воочено е дека само тој може, со некаква колку толку кредибилност, да каже, бидејќи ако другите партнери се појават, знаете дека еден од тројцата ветуваше промена на име за неколку дена со видео материјал кој слободно циркулира на социјалните мрежи, така што тој е многу искомпромитиран, додека за Љубчо се смета дека можеби ќе повлече. Она што тој го направи на 11 декември е тотален дебакл за нивната трипартитна коалиција, меѓутоа голема штета за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во тоа техничко менување на бројките тие 25.000 илјади гласови значат можеби 3 или 4 пратенички мандати за ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Петров.

Карл Билт – Соросов емисар кој не го признава македонскиот народ

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт денеска е во Македонија. Станува збор за неофицијална посета на дипломат кој во моментов нема никаква официјална функција, туку е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Билт самиот се нарекува добар познавач на Балканот и често излегува со оцени за политичките состојби во Македонија и во Србија. Не случајно токму Скопје и Белград се дестинации на оваа негова приватна посета.

Билт во 2014 година на форум во Хрватска, коментирајќи ги случувањата во земјава, нѐ нарече Славомакедонци, а пак неодамна побара од Европската Унија да испрати воени трупи на Балканот и да се изведат воени вежби. Коментирајќи го традиционалниот „Кроациа форум”, кој летото 2014 се одржа во Дубровник, во своето размислување за тоа како минал Форумот, шведскиот министер, меѓу другото ќе напише:

„Се разбира, овој Форум беше можност за дискусија во однос на состојбите во различни земји. Она што ме загрижува најмногу во моментов е развојот во Македонија. Таму може да видиме прилична затегнатост во односите меѓу славо-македонската и албанската заедница во земјата“, посочува Карл Билд во писанието каде се обраќа на шведски јазик.

Ваквиот став на Билт дојде една седмица откако тогаш новиот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли, во американскиот Сенат посочи дека во Македонија живеат „мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци”.

Билт доаѓа во Скопје како копретседавач со Европскиот совет за меѓународни односи, невладина организација која се занимава со политички анализи, но доколку подобро се погледне за каква организација станува збор, тогаш излегува на виделина дека Билт во Скопје всушност доаѓа како соросов емисар.

funded

Организацијата во чие име доаѓа Билт е основана и финансирана од американскиот милијардер Џорџ Сорос. На официјалната страна на Организацијата стои дека Фондациите „Отворено Општество“ се најголем донатор и поддржувач и посебно се заблагодаруваат. Впрочем и во листата на донатори за 2016, „Отворено Општество“ е во 4-те донатори со најмногу придонес.

Дополнително, дека Карл Билт е верен соросов пион покажува и мејлот кој го објави Викиликс испратен од Џорџ Сорос до Хилари Клинтон во 2011 година, додека била шеф на американската дипломатија, во кој и дава детални упатства за тоа како таа да им пристапи на тогашните немири во Албанија, истакнувајќи дека за тоа „е потребно вниманието од највисоко ниво на американската Влада“.

„Сметам дека е непходно итно да се направат две работи: 1) Максимално ангажирање на меѓународната заедница за премиерот Бериша и лидерот на опозицијата Еди Рама да ги спречат натамошните демонстраци и да ја ублажат јавната реторика; 2) да се именуваат високи европски претставници како посредници“, пишува во мејлот упатен до тогашната  државна секретарка на САД.

Сорос, покрај тоа, предлага тројца кандидати за посредување во решавањето на албанската криза: Карл Билт, Мартин Ахтисари и Мирослав Лајчак, со објаснување дека сите тројца се „силно врзани за Балканот“.

vikiliks

Билт во Скопје ќе има одделни средби со претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но не и со претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата се изјаснија дека средба со шведскиот дипломат не е предвидена. Претходно Иванов одби да се сретне и со комесарот за проширување Јоханес Хан откако тој претходно не сакаше да се сретне со претставници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение

Насилникот на СДСМ од Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски заработи обвинение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Стаменковски е обвинет дека и’ ја загрозил сигурноста на вработената во Судот, Паула Костадиноска.

Основното јавно обвинителство пред неколку дена до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен предлог против Стаменковски за загрозување на сигурноста на оштетената Костадиноска.

-На 15.11.2016 година, околу 11:30 часот, Стаменковски со сериозна закана дека ќе нападне врз телото на службено лице- оштетената Паула Костадиноска, вработена во Основниот суд Скопје 1 Скопје како советник, портпарол, а во вршење на службата и ја загрозил сигурноста на начин што откако влегол во канцеларијата се доближил до оштетената и почнал да ја бутка од столчето на кое седела обраќајќи и’ се на висок тон со зборовите “станувај од столчето“. Се заканил со зборовите  “ќе видиш што ќе ти направам, ќе ме паметиш цел живот, нема да знаеш што ќе ти се случи“, а во еден момнт се свртел и кон сведокот- судија мафтајќи со прст и заканувајќи се со зборовите „еве и пред сведок ти кажувам што ќе ти се случи, ќе ме паметиш цел живот“, со што предизвикал чувство на страв и лична несигурност кај оштетената, се вели во обвинителниот предлог.

Според Обвинителството, со овие дејствија обвинетиот Стаменковски сторил кривично дела “загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Јавен обвинител предлага Судот по изведените докази обвинетиот да го прогласи за виновен и казни според законот за стореното кривично дело.

goran-1

Истиот Стаменковски, во јавноста се обидува да глуми и жртва на мобинг. Со неоснованата пријава против екс претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, Стаменковски практично го продолжи долготрајниот обид на СДСМ да се пресмета со Панчевски затоа што тој постапува по закон, а не по желбите на Зоран Заев и СДСМ.

goran-2

Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднел и две кривични пријави, во кои го обвинува Панчевски дека подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции и го казнувал.

Неодамна, медиумите објавија фотографии на кои се гледа како Стаменковски е учесник на протестите организирани од опозицијата, и секогаш во близина на партиските функционери на СДСМ.

goran-3

Платеникот на СДСМ и СОРОС Тозија додека глуми жртва, заработува милиони од државата

Продуцентот Горjан Тозија кој пред јавноста лее крокодилски солзи дека наводно се водело селективна политика при распределбата на пари за создавање на филмска уметност и дека во последните 12 години не работел на ниту еден филмски проект финансиран од страна на Агенцијата за филм, очигледно го демантираат фактите и бројките кои ги изнесе токму самата Aгенција за филм, а од коi се гледа дека токму Горан Тозија заработувал милиони и ретко како кој друг продуцент искористил пари од државата.

Очигледно Тозија кој во миговите кога ја сквернавеше портата Македонија и се иживуваше врз уметничките релјефи на другите уметници, како дел од платеничката револуција на СОРОС, неговиот паричник константно се богател од речиси сите филмски дела направени во последните години, а финансирани од државата. Додека Тозија во јавноста прокламира дека постои режим, тоа не важи кога и треба да заработи пари од државата. Еве ги фактите кои ја разголуваат манипулацијата на Тозија.

Актуелниот долгометражен игран филм „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, а во кој Горан Тозија е продуцент од државата, односно од Министерството за култура и од Агенцијата за филм добил вкупно 76.456.200 денари. Само за овој филм личниот хонорар платен на Горан Тозија е 3.075.000 денари или 50 илјади евра за еден филм.

Од долгометражниот игран филм „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски, а во кој Горан Тозија е извршен продуцент  кој е поддржан од страна на Агенцијата за филм и Владата со вкупно 101.500.000 денари, Тозија заработил личен хонорар од 1.132.804 денари.

Горан Тозија е копродуцент и во долгометражниот игран филм со македонски малцински удел „Духот на Баба Илонка“ во режија на Томислав Жаја, за кој проектот има добиено цели  6.000.000 денари, од кои 1.151.000 денари се личен хонорар за Тозија.

Горјан Тозија има работено и на долгометражниот игран филм „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски, кој е поддржан од страна на Министерството за култура со 47.820.000 денари и 3.000.000 денари од страна на Агенцијата за филм.

Покрај наведените филмски проекти во кои Горјан Тозија се јавува како дел од продукциската екипа, минатата година тој е поддржан и со финансиски средства од страна на Агенцијата за филм за присуство на Генералното Собрание на Европски продуцентски клуб во Кан, Република Франција, со износ од 244.730 денари.

Кога се парите во прашање вредно е да се одбележи дека Горан Тозија беше дел и од платеничката револуција на СДСМ и СОРОС за која е познато дека во игра беа милиони евра поделени за хонорари на различни учесници во неа преку невладини кои се блиски или финансирани од СОРОС Македонија. Дел од шарената револуција беше и продуцентот Роберт Насков, кој заедно со Дарко Митревски добија од државата односно Владата и Агенцијата за филм 2 милиони евра за снимање на филмот Мис Стоун, проект кој пропадна поради неможноста да пронајдат странски копродуцент. Слично како и Тозија својата неспособност ја заменија со критики кон Владата,  и додека печалат милиони од државата пред народот глумат душегрижници. Додека повикуваат на револуција, тие се истите луѓе кои живеат многу подобро од сите останати граѓани.

Продуценска куќа на сите претходно споменати филмови е „Кино Око“ на Роберт Насков, а сосема перфидно избегнувајќи лична одговорност дури во подоцнежна фаза е ангажиран токму Горан Тозија.  Слична е ситуацијата и со режисерите Унковски и Поповски, кои додека со едната рака сквернават по релјефите на децата бегалци од Егејска Македонија, и бројни значајни симболи на македонска држава и народ, земаат огромни суми на пари и заработуваат десетократно повеќе од сите останати.

За претставниците од филмската индустрија ваквите напади преставуваат обична манипулација за пред јавноста. Тие посочуваат дека се памети и времето на СДСМ во кое Тозија беше дел во кабинетот на Црвенковски, кога не беше доделуван ниту денар на реален и  транспарентен  начин за правење на уметност.  Тие велат дека во тоа време беше невозможно без одобрение на министерот за  култура на СДСМ Благоја Стефановски, Тозија и режисерот Унковски да се земат пари за било какво уметничко дело и дека се паметат нивните поделби на неподобни и подобни режисeри.

Убиство во обид во Скопје – платеник на Заев пукал со пиштол кон човек!

Криминогените „револуционери“ на Заев почнаа да вадат пиштоли и да пукаат во луѓе. Лицето Ердоан Џ. инаку близок до Шеќеринска, добивал пари да ги координира и плаќа малкумината Македонци муслимани кои одлучиле да го поддржат Заев во насилството и да се обиде да врбува нови кои би се приклучиле на насилните протести организирани од СДСМ, со парите на Сорос и останати невладини, објавува порталот Инфомакс.

Ова лице од вечерва е барано од страна на полицијата поради убиство во обид во с.Света Петка.

-Околу 19,10 часот во с.Св.Петка дошло до нарушување на Јавниот ред и мир (ЈРМ) помеѓу две фамилии. Во тепачката од страна на посоченото лице Ердоан Џ. употребено е огнено оружје пиштол со кое испукал неколку проектили кон С. З. род.1987 год. Истиот со прострелна рана е пренесен во ГОБ и моментално е во операциона сала. Во ГОБ донесено е и лицето С.А. со повреди на главата. Во ургентниот Центар донесено е лицето Џ.А. род.1990 год. кој се жалел на повреди од тепачката истиот сеуште е на преглед, објави порталот.

Erdoan-Spasovski

На лице место се тимови од единицата „Алфи“ кои го обезбедуваат просторот, а соработникот на Шеќеринска и платеник на Заев, Ердоан Џ. се уште не е пронајден и по него активно се трага, пишува Инфомакс.

#ПРОФИТИРАМ: Платеникот Маричиќ излезе да ги одработи 2.170.000 денари земени од СОРОС

Соросоидот Бојан Марчиќ, еден од најактивните демонстранти на „Шарената револуција“ секојдневно го одработува она што е „дебело“ платен.

Имено, како што објави Нетпрес, сопругот на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева, Бојан Маричиќ бил вработен во Фондацијата СОРОС, а сега е извршен директор на МЦЕО која е соросова продолжена рака. Во 2014-тата од соросовата Македонски центар за европско образование земал бруто приходи од неверојатни 1.252.789 денари, додека минатата година инкасирал дополнителни околу 860 илјади денари.

На ова се додаваат и сумите од НВО инфо центарот каде што платеникот Маричиќ земал бруто по 27.344 денари за 2014-та година, а во 2015-та дополнителни 30.466 денари.

Со овие познати трансакции овој соросоид за само две години инкасирал над два милиони и 170 илјади денари.

Калајџиев се заканува дека ќе паднеле жртви

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во скандалозна изјава попладнево пред таканречените шарени револуционери се закани дека ќе паднеле жртви.

-Ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, со шарена револуција, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви, рече Калајџиев.

Професорот Калајџиев од СДСМ изминатиов период беше дел од толпата инструирана од Зоран Заев и опозицијата која веќе со недели ги вандализира објектите и спомен обележјата низ Скопје и во дел од нив ја нападна и македонската полиција.

Калајџиев е универзитетски професор и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.

Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?

Еден од соросовите платеници вчера се обиде да го злоупотреби и исполитизира скопскиот маратон со транспарент на кој беше испишана политичка порака. Ваквиот негов потег го поттикна гневот кај граѓаните.

Според информациите до кои дојде Журнал, платеникот кој сакаше да го злупотреби маратонот е Васко Цацановски, инаку вработен во Телеком на бази на податоци. Јавноста го памети истиот Цацановски како активист на движењето „Ленка“ кој лани беше уапсен како незадоволен стечаец.

Токму за Цацановски новинарката Мирка Велиновска во текст насловен („Нема паравда, нема мир“, за да има пари!) пред две недели пишуваше дека е главен во Оперативниот штаб на СДСМ и СОРОС.

ДРОГА И ЛУКСУЗНИ СТАНОВИ: Еве како Никола Димитров одработува за странците

Вечно незадоволниот лаком за власт и единствен пример каде што татко и син биле амбасадори во ист период, истрошената политичка кукла Никола Димитров, со ваквата психолошка особина е особено поволен одново и одново биде искористуван од разни странски интересни групи, иако неговата употребна вредност опаѓа со секое негово искористување.

Вечно незадоволната политичка кукла Никола Димитров, откако беше изигнориран од македонската јавност во обидот да фати приклучок кон очајната стратегија на Зоран Заев, по подолга стагнација вчера повторно беше активиран од неговите странски покровители.

Човекот на кој што единствена психолошка особина му е алчност за власт и за тоа е спремен да го продаде својот интегритет на луѓе кои го искористуваат како презерватив, вчера се јави со реакција на одлуката на уставниот суд. Не дека неговата реакција е многу важна за македонската јавност, но би сакале со овој текст да го разобличиме “ликот и делото” на Никола Димитров, син на Ратка Димитрова.

Имено, Никола Димитров е истрошена политичка фигура која што живее со комплекс на пониска вредност и оваа болест се обидува да ја излечи преку алчноста за власт и потребата да биде цетар на внимание. Затоа тој е лесно подложен и искористуван од разни странски интересни групи, од кои како што дознавамеод сигурни извори на Никола Димитров му бил доделен луксузен стан во Холандија.

Во последно време дознаваме дека и неговите странски покровители, почнуваат да се откажуваат од неговите “услуги”, бидејќи Никола Димитров почнал да се оддава на разни пороци вклучувајќи и наркотици. За таквите задоволства, сеуште го негува пријателството со Борјан Јовановски, со кого ја споделуваат страста кон хашишот и марихуаната, но и други опијати. Ваквите “страсни” дружби, се случувале секогаш кога едниот на другиот ќе му дојде на посета.

Со сиот овој багаж, Никола Димитров е лесна цел на странските служби и воопшшто не треба да не зачудува тоа што тие повторно го притискаат копчето од далечинскиот управувач, преку кој го диригираат Димитров за одново да почне со лаги и клевети насочени кон ВМРО ДПМНЕ.

Соросовиот платеник Ванхауте ја саботира волјата на мнозинството

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте саботирајќи ја волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија, преку социјалните мрежи порача дека во Македонија нема да се случат избори на 24 април.

Наспротив ваквиот став на Ванхауте, кој се поочигледно е дека одработува нечија агенда, мнозинството граѓани сакаат да се случат избори на договорениот термин потпишан од сите политички партии, и одржувањето на избори на 24 април го сметаат за излез од политичката криза во која Македонија се наоѓа речиси една година.

Имено, последните резултати од анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење Брима Галуп покажуват дека високи 42 проценти од граѓаните сметаат дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април ќе доведат до излез од политичката криза. Двојно помалку односно 19.6% сметаат дека изборите на 24 април ќе доведат до продлабочување на политичката криза.

Резултатите од истата анкета говорат и дека огромното мнозинство на граѓани ќе излезат и ќе го дадат својот глас на изборите закажани за 24 април и доколку СДСМ не учествува. Во бројки, според резултатите, 60,5 проценти ќе излезат на избори, додека само 25,9 проценти нема да го остврат своето гласачко право доколку на предвремените парламентарни избори не учествува опозициската СДСМ.

И покрај ваквите високи резултати и волјата на граѓаните да се оди на избори за да се надмине и да заврши политичката криза, белгискиот олеснувач вели дека избори нема да има. Голем број политички аналитичари од земјава во изминатиот период предупредуваа дека неодржувањето на избори на одредениот датумот, може да предизивика само поголема криза и да ја вовлече Македонија во економски и безбедносни ризици. Голем дел од аналитичарите сметаат дека одложување на изборите е цел и интерес на странски структрури кои сакаат да ја разнишаат стабилноста на Македонија за ним познати интереси.

Медиумите пред неколку дена пишуваа дека белгискиот олеснувач во преговорите Ванхауте остварил средба со доскорешниот прв човек на Сорос, Владимир Милчин, на која присуствувал и иден член на соросовите ќерки-организации кои се борат против „режимот“ во Македонија. Добро упатени избори, како што пренесоа медиумите, велат дека на средбата на ванхауте му било посочувано дека „мора да продолжи до притисокот“.

Средбата не ја негираа ниту Милчин, ниту Ванхауте. Напротив двајцата со речиси идентични зборови одговорија на прашањата на новинарите.

-Нема да коментирам, тоа беше приватна средба, јас сум слободен граѓанин, дури и во ова држава имам право да правам што сакам, изјавил Ванхауте.

-Средбата беше приватна и нема никаква врска со фондацијата. И, да го цитирам Ванхауте, и јас во оваа држава имам право на приватност и на пиење кафе со луѓе чие мислење ме интересира. И немам намера да барам дозвола за тоа ни од Груевски ни од неговите куртони. Отрпнав веќе на прислушувањето и клеветењето. Носете се, бре, гнаси, напиша Милчин.

Ваквата средба не е изненадувачка, а на поврзаноста и вмешаноста на СОРОС во тоа што се договара се укажува од поодамна. СОРОС е тесно поврзан со активностите на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.

Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот државен врв.