НАПРАВИ ХАОС И ПОБЕГНА: Заев се скри во зајачка дупка

zaev-karta-golema-albanija

Молкот е злато. Така велеле старите од дамнешни времиња. Во сегашноста, пак, ова е девиза на СДСМ. Буквално и фигуративно – девиза. Молкот е злато и треба да им донесе злато, т.е. девизи. Евра, долари, франци во замислената им Влада, не е битно. Со молкот околу албанската платформа, партијата купува време од творците на платформата, на чиешто создавање кумуваше токму Заев. Па, и редно е основоположникот на новата албанска кауза по толку мака и да ќари нешто од рожбата. Купуваат време со надеж дека сето тоа солено ќе го наплатат кога ќе дојдат на власт и ако дојдат. И додека чекаат, изговорите им се бедни. Виновни за социјалдемократското лутање да ти биле поштите и мандатот…

Сите си кажаа. Власи, Роми, Турци, Срби и, секако, Македонци. Ама само дел. Минаа повеќе од две недели по божикната честитка во форма на албанската платформа на ДУИ, Беса и Алијансата, а СДСМ и натаму си молчи ли молчи околу прифатливоста. Мудро? Кој знае, поверојатно и не така мудро туку повеќе калкулантски, а уште поверојатно и не е така лесно да дадете став за нешто на што сте му кумувале. Замислете си само да го прашате кумот: Што мислиш за кумчето, ќе го биде ли? Одговорот се подразбира, но во СДСМ тоа не смее да биде јавно срочено, особено не кај манипулантите и извртувачите од „Павел Шатев“, каде што сѐ уште трае журката за „ќарените“ 70.000 албански гласови од изборите. И додека на сите им е јасно дека врхушката на СДСМ би си ја продала и сопствената мајка (татковината се подразбира) за да дојде на власт, нивните јуришници се најдоа на нова мака. Како ли сега да го оправдаат молкот за едно толку важно прашање? Минаа денови, недели. И… Еурека! Ама онаа сдсмовската. Навика си е навика, па како и секогаш, мрзливите стратези не се измачија. Им требаше цела една недела за да ја смислат втората глупоштина, а таа уште полоша од првата. Проблемот наречен пошти се преобрази во желба за мандат. Таксират…

Виновни се „Македонски пошти“, и точка…

ademi-zekiri-zaev-albanski-miting-sdsm

Пред десетина дена партијата излезе со крајно ретардиран одговор. Верувале или не, а поверојатно е второто, но од СДСМ да ти чекале официјално да ја добијат платформата за да ја коментираат. Поинаку не можеле, нормално. Тука се целосно во право. Сериозно, па и би било фер од Ахмети, Касами и Села да му испратат и оригинална копија од платформата на тој што им ја овозможи. Да, Заев по сите правила би требало да добие оригинал укоричен во позлатена рамка. Си ја заслужи. А и мотивот не беше шега. Сето ова само за да Агим (на албански има исто значење со Зоран) владее со побратимите Еди и Хашим, коавтори на платформското писание. Не му е лесно.

Арно ама, најверојатно, проблемот да ти бил во „Македонски пошти.“ Помалку веројатно е дека потписниците на платформата се осмелиле да не го чествуваат најзаслужниот лик за неа, кому неофицијално Хашим Тачи му подготвува специјален медал, поголем и од оној на сеалбанскиот херој Владимир Милчин. Вака, и подобро за душевното здравје на врхушката на новата антимакедонска партија на Заев, би било да се тешат дека писанието заглавило во некое депо на „Македонски пошти.“ Апаши. Па, и не би им било првпат. И сами знаете дека честитките за Нова година сѐ уште пристигаат, нели.

Така, очебијно е дека маката и исчекувањето на СДСМ да ја добие пустата платформа сѐ уште траат. Со нив и неможноста да ѝ одговорат на македонската јавност што мислат за неа. Содржината ја знаат и во кооперација, но принцип си е принцип. Греота, сигурно не им е лесно да живеат во очекување, постојано да гледаат кон портирницата и да го чекаат човекот кој ѕвони двапати. А поверојатно, оној кој „со душа“ го очекуваат е токму потписник на платформата. Да, несоницата се должи на очекувањето на добар абер од Али. Каков и да е. Не мислиме на нарачка од Али Експрес, туку на нарачка од скопскиот рид која Заев се надева дека нашиот Али не ќе може да ја одбие. Ама дојде и инаугурацијата на Трамп. Проклети, бавни македонски и брзи американски пошти…

Пречка за ставот е сонот на Заев?

crpnatite-svajcarija

„Неизвесноста“ во прикаската за добивањето на платформата за, конечно, СДСМ да го каже ставот, кој го знаеме сите, сѐ уште трае. Исто како и секој лош филм со бедно сценарио и уште полоша режија. Арно ама, врхушката на антимакедонската партија не се надева на „Златна малинка.“ Јок. Малинка не, ама мандат да. Нивна целосна сатисфакција би бил еден обичен мандат, и тоа ќе ги „отвори“. Нејсе што во тоа никој и не се сомнева.

Во новопечената „Зона на самракот“ на поранешна Бихаќка, како во евтин научнофантастичен филм, раководството исчезна без трага и глас. Истовремено и без никакво објаснување, ги снема сите. Заев, Шекеринска, Шилегов, Рената, станаа невидливи… Ах, испарија и Адеми и Мухи. Дали можеби сите се на портирница чекајќи ја платформата за да дадат став? Тешко, но, за среќа, се најде еден нивни војник за да ја објасни дилемата.

Не платформата, Заев и компанија да ти го чекале мандатот. Ова јасно и гласно го кажа нивниот Бочварски во вторникот. Не кажа дали ја добиле и официјално, но затечен од новинарите, тој се збуни, подголтна и си кажа што му рекле да каже. Немале да го обелоденат ставот за платформата сѐ додека не го добиеле мандатот. Е тогаш, кога ќе добиеле, среќни од „дешавката“ која ја чекаат и сонуваат цели 10 години, ќе се смилуваат и ќе ни соопштат што мислат за промената на името, на химната, на знамето. Порано не, за да пукнеме од мака, нели. Иако сите знаат што мислат. Истовремено, ќе ни кажат што мислат и за двојазичноста која ја пропагираше токму Заев. Далеку пред тоа и да им „текне“ на Ахмети и на Села. Со Касами беа добро координирани од чадорот, така што тој си знаел за сѐ. Исто како и за федерализацијата. „Не знаеја“ само Македонците што гласаа за нив. Да, истите оние Македончиња што јасно и гласно го слушаа муртинскиот спасител како го кажува сето тоа, но „неверните Томи“ не поверуваа оти „куририте“ и „републиканците“ лажеа. Е сега, дел се свестиле дека згрешиле. Време беше…

Несудениот мандатар скриен во зајачка дупка

zaev-albansko-zname

И така, Заев си чека да стане мандатар. Сонот, конечно, ќе му бил исполнет. Прво градоначалник, па в.д. претседател на СДСМ, па претседател, кој во меѓувреме исто како менторот Сорос доби месијански комплекс и се самопрогласи за спасител (макар муртински), а сега го чека врвот на својата кариера. Да, Заев чека и сака да стане мандатар. Парадоксално, но високата, највисоката позиција во кариерата ја чека на најниска надморска височина. Истиот тој Заев чека да стане мандатар или така се надева, скриен во зајачка дупка. Исчезнат и скриен од светот само за да не дај боже некој случајно го праша за став за платформата на Албанците која тој ја оформи и чиишто предуслови ги создаде. Замислете само колку е тешко лично да создадете нешто, толку големо, макар и грдо како платформата, а да не смеете да си ги земете заслугите за неа. Велат дека така се чувствуваат масовните убијци, кои најчесто законот и ги фаќа поради нивната желба – на светот да му ги откријат „заслугите и делата.“ Веројатно, така се чувствувал и доктор Виктор Франкенштајн. Иако, велат дека докторот имал чувство на срам.

Нашиот несуден мандатар, пак, во меѓувреме, со неизмерна желба за власт се крие во зајачка дупка. Соодветно на презимето, ќе речат многумина. Арно ама, така скриен и заштитен од јавноста, тој можеби успева да го „скрие“ ставот за платформата, кој го знаат и малите деца на улица, но истовремено заборава и дека молкот значи силно одобрување. Социјалдемократското криење на работите под тепих и закопување на неизреченото во тишината носи само еден, едноставен збор и констатација. Ќе дадат сѐ, ќе ја надминат платформата и ќе ги збунат и Албанците со понудата. Толку громогласен молк одамна не сте чуле, ниту толку силно ехо кое на ова би следувало од Македонците. А Македончињата? Тие доследно ќе си молчат до крај. Не верувате? Прашајте ги Мухи, Адеми и Касапи…

Пандов: Сите ќе се изненадат кога ќе се изјасни Заев

Години наназад кога сакате да ги слушнете или прочитате ставовите на СДСМ, вели аналитичарот Александар Пандов, проверено најточните информации ги имаат нивните Соросови платеници, Фрчковски, Геровски, Тричковски и Ордановски.

Пандов:Многу често, посочениве ликови се и креатори на политиката на СДСМ. Чисто за потсетување дека многу порано пред да го промовира швајцарскиот кантонален модел, Геровски промовираше федерализација, а Фрчковски нудеше премиерско место по клуч на Албанец. Оттука, јасни се ставовите на СДСМ околу сеалбанската платформа и покрај тоа што откако таа се појави во јавност, СДСМ го снема од јавност. Повторно тука се нивните медиумски мегафони, кои не што не виделе точка која не би можеле да ја исполнат и договорат, туку целата таа платформа им била и мала рамка, па истата и би ја доградиле. Повторно и повторно пред очи на целата македонска јавност гледаме како овие изроди лицитираат и се наддаваат со македонските национални интереси. Во целиот циркус создаден од Заевата понуда за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен на ниво на цела Македонија и федерализацијата на државата, па преку зголемувањето на влогот на албанските политички партии со платформата и барањето за промена на името, знамето и химната на државата и прифаќање на сето тоа од нивната Соросова медиумска коњаница, верувам дека, сепак, последниот влог е оставен за нивниот лидер Зоран Заев. Во остварување на неговата желба за доаѓање на власт повеќе пати ни докажа дека не постојат лимити и ограничувања, не постојат државен и национален интерес. Постои само личен и партиски. Затоа е за очекување дека кога, конечно, Заев ќе се изјасни за платформата сеалбанска, целата македонска, а и сеалбанска јавност ќе биде изненадена од понудата на Заев.

На иста линија е и колумнистот Сотир Костов, кој јавно праша зошто молчи Заев. Го потсети и дека политичар што молчи, а не дејствува во судбоносни моменти, не може ни да води модерна политика ниту да зборува за демократија.

Костов: Kаде си ти? Чекаш молчешкум да добиеш шанса да бидеш мандатар, премиер и државник што ќе ја води Македонија? Тешко на политиката и на демократијата со тебе, кој едноставно не ги одбира, не му сече главата. Потешко на сдсмовците со тебе, со лидер што се крие. Најтешко на сите нас со „државник“ како тебе, кој не знае кога треба да го крене гласот за Македонија. Зоране Заев, јави се!

И новинарот Дарко Јаневски потврди дека работите полека се склопуваат. Така, од една страна го имаме СДСМ, кој со двојазичноста го отвори патот за платформата, од друга страна Грците, кои велат дека веќе ни упатиле предлози за промена на името, од трета страна Србите, кои преку Дачиќ ни се заканија дека едвај чекале да дојде на дневен ред некое прашање од наш интерес.

Јаневски:И го имаме Бушати, кој ни дообјасни дека во таа држава со ново име, кое Грците великодушно ни даваат да си го избереме од нивните предлози, ново име ќе има и мнозинскиот народ. И пак доаѓаме до платформата во која се вели дека итно треба да се реши спорот за името за да влеземе во НАТО и во ЕУ. Во спротивно… се знае. Е, сега, додајте го кон ова и оној кодош од Британија кој бил политички комесар во британската амбасада во РМ, Тимоти Лес, кој бара поделба на нашата држава и целиот мозаик е склопен. Се разбира, потсетете се и на сѐ што беше направено во овие две и пол години (и кој сѐ учествуваше во тоа) за да се спушти мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот од 63 пратеници на сегашните 51 и сѐ си доаѓа на свое место.

ЈАСНО Е КАКО ДЕН: Сите ќе се изненадат кога ќе се изјасни Заев

Zoran-Zaev-crna-senka

Години наназад кога сакате да ги слушнете или прочитате ставовите на СДСМ, вели аналитичарот Александар Пандов, проверено најточните информации ги имаат нивните Соросови платеници, Фрчковски, Геровски, Тричковски и Ордановски.

Пандов: Многу често, посочениве ликови се и креатори на политиката на СДСМ. Чисто за потсетување дека многу порано пред да го промовира швајцарскиот кантонален модел, Геровски промовираше федерализација, а Фрчковски нудеше премиерско место по клуч на Албанец. Оттука, јасни се ставовите на СДСМ околу сеалбанската платформа и покрај тоа што откако таа се појави во јавност, СДСМ го снема од јавност. Повторно тука се нивните медиумски мегафони, кои не што не виделе точка која не би можеле да ја исполнат и договорат, туку целата таа платформа им била и мала рамка, па истата и би ја доградиле. Повторно и повторно пред очи на целата македонска јавност гледаме како овие изроди лицитираат и се наддаваат со македонските национални интереси. Во целиот циркус создаден од Заевата понуда за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен на ниво на цела Македонија и федерализацијата на државата, па преку зголемувањето на влогот на албанските политички партии со платформата и барањето за промена на името, знамето и химната на државата и прифаќање на сето тоа од нивната Соросова медиумска коњаница, верувам дека, сепак, последниот влог е оставен за нивниот лидер Зоран Заев. Во остварување на неговата желба за доаѓање на власт повеќе пати ни докажа дека не постојат лимити и ограничувања, не постојат државен и национален интерес. Постои само личен и партиски. Затоа е за очекување дека кога, конечно, Заев ќе се изјасни за платформата сеалбанска, целата македонска, а и сеалбанска јавност ќе биде изненадена од понудата на Заев.

На иста линија е и колумнистот Сотир Костов, кој јавно праша зошто молчи Заев. Го потсети и дека политичар што молчи, а не дејствува во судбоносни моменти, не може ни да води модерна политика ниту да зборува за демократија.

Костов: Kаде си ти? Чекаш молчешкум да добиеш шанса да бидеш мандатар, премиер и државник што ќе ја води Македонија? Тешко на политиката и на демократијата со тебе, кој едноставно не ги одбира, не му сече главата. Потешко на сдсмовците со тебе, со лидер што се крие. Најтешко на сите нас со „државник“ како тебе, кој не знае кога треба да го крене гласот за Македонија. Зоране Заев, јави се!

И новинарот Дарко Јаневски потврди дека работите полека се склопуваат. Така, од една страна го имаме СДСМ, кој со двојазичноста го отвори патот за платформата, од друга страна Грците, кои велат дека веќе ни упатиле предлози за промена на името, од трета страна Србите, кои преку Дачиќ ни се заканија дека едвај чекале да дојде на дневен ред некое прашање од наш интерес.

Јаневски: И го имаме Бушати, кој ни дообјасни дека во таа држава со ново име, кое Грците великодушно ни даваат да си го избереме од нивните предлози, ново име ќе има и мнозинскиот народ. И пак доаѓаме до платформата во која се вели дека итно треба да се реши спорот за името за да влеземе во НАТО и во ЕУ. Во спротивно… се знае. Е, сега, додајте го кон ова и оној кодош од Британија кој бил политички комесар во британската амбасада во РМ, Тимоти Лес, кој бара поделба на нашата држава и целиот мозаик е склопен. Се разбира, потсетете се и на сѐ што беше направено во овие две и пол години (и кој сѐ учествуваше во тоа) за да се спушти мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот од 63 пратеници на сегашните 51 и сѐ си доаѓа на своето.

ПРОДАДЕНИ ДУШИ: СДСМ прифаќа и федерализација само за да ја заобиколи волјата на мнозинството Македонци

Ordanovski-Alsat-M

Aналитичарите на СДСМ отворено зборуваат за спроведување на федерализација во Македонија и охрабруваат коалиција меѓу СДСМ и ДУИ се со цел да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци кои на спроведените изброи јасно кажаа на кому му ја даваат довербата.

По изјавите дека нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати Платформата потпишана од албанските партии, аналитичарот на СДСМ Сашо Ордановски со нов телевизиски настап во кој вели дека федерализацијата на Македонија е легитимна.

-Јас не сум против федерализација, јас само знам дека за тоа има процес политички кој кога би се покренала темата која потполно е легитимна мора да помине низ одредени законски, уставни можности. Редефинирањето на Македонија како државата од ова што сега е, бара промена на Уставот, вели Ордановски во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.

Албанската платформа е предизборен маркетинг на албанскиот премиер Рама

rama-so-albanski-partii-od-makedonija-1

Албанската платформа е предизборен маркетинг на албанскиот премиер Рама, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека улогата на Рама како покровител во составувањето на платформата е против принципите на Обединетите Нации и претставува директно мешање во внатрешните работи на една суверена држава.

„Она што го направи премиерот Рама е негов предизборен маркетинг наменет за албанската внатрешна јавност во соседна Албанија, но безразлика на предизборните побуди на Рама кој сака да се претстави како покровител на Албанците од регионот, две работи се непренципиелни:  Прво, непренципиелно е премиер на една држава да се меша во политиките на соседна држава преку утврдување на било какви проекти за составување на Влада во соседната држава. Тоа е мешање во внатрешните работи на една суверена држава и против принципите на Обединетите Нации, со тоа Рама направи престап. Дополнително во очите на јавноста, до одредена мерка ги направи недоветни претставниците на албанските политички партии во Македонија коишто делуваа како да немаа сопствен капацитет да состават платформа, па им требаше покровител“, заклучи Милошоски.

Тој заедно со поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА на тема „Преговори и црвени линии“.

СДСМ преку свои аналитичари се нуди на ДУИ прифаќајќи ги понудите до запирка

SDSM-Ordanovski

Аналитичарот на СДСМ Сашо Ордановски вчера во емисијата Топ Тема на телевизија Телма отворено говореше дека нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати Платформата потпишана од албанските партии.

-Содржината на платформата која јас се обидувам да не ја коментирам е направена таква да биде неприфатлива за ВМРО односно да ВМРО има доволно отстапка и оправдување заради тоа што ќе оди во опозицијата. Истовремено таму нема речиси ништо спорно за СДСМ да направи Влада со ДУИ. На крајот ќе си го добие мандатот втората по големина партија во Собранието, таа ќе и пристапи на ДУИ, бидејќи таква е математиката, ќе се побара поддршка и од другите. Веќе се усогласуваат ставовите, гледатет како веќе се кристализира гламурозната платформа, се распадна се сведе на четири-пет применливи точки. Нема ништо спорно во тие точки безразлика на драмите што се обидуваат да ги прават, вели Ордановски.

Тој не е првиот аналитичар на СДСМ кој има ваков пристап. Претходно и Бранко Тричковски и Бранко Героски излегоа со слични позииции тврдејќи дека Албанците биле премногу меки и несуштински во нивните барања кои стојат во Платформата.

И додека СДСМ официјално молчи, а преку свои аналитичари се нуди на ДУИ прифаќајќи ги понудите до запирка, ВМРО-ДПМНЕ излезе со јасен став дека императив претставува почитувањето на волјата на народот и со тоа формирањето на влада, но не по секоја цена.

Сепак, за разлика од аналитичарите блиски до СДСМ, останатите многу пореално ја согледуваат ситуацијата.

Берат Бужала кој е сопственик на еден од најчитаните косовски портали кој смета дека се врши огромен медиумски притисок за постизборен инженеринг кој пак има за цел да ја изигра волјата на мнозинството граѓани со што би се предизивикале дополнителни проблеми и тензии во земјава. Тој дури ја споредува ситуацијата со демонтирање на бомба која може да експлодира доколку се погоди погрешната жица.

-Кога се веќе поминати неколку недели од денот на изборите, сè уште нема политичка јасност. Тоа што е очигледно е тенденцијата за непочитување на гласот на Македонците и оној на Албанците што гласаа за ВМРО и ДУИ. Се обидуваат да направат еден пуч против партијата која очигледно беше најгласана од Македонците, односно против ВМРО и нејзиниот шеф, Никола Груевски, пишува Бужала.

Тој анализира дека евентуалното коалицирање на Али Ахмети со Зоран Заев ќе значи штета за сите.

berat-buzhala-Ја има наведнато главата, како губитник, пред тие кои им ги зедоа гласовите. Ова не е единствената грешка. Формирањето на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ , ќе ја доведеше  државата на непознати простории дотогаш. Ова ќе беше прв пат на таков неискрен начин да се згази волјата на мнозинството од Македонците. Секако дека авторот на оваа колумна, крајните месеци имаше симпатии за СДСМ, Заев и Едмонд Адеми. Но, политичката реалност оди подалеку од симпатиите. СДСМ, покрај сите обиди, покрај сите шеми, не успеа да биде на еднакво ниво со историскиот противник. Им зедоа илјадници гласови на Албанците, но не успееја. Така да оваа шема треба да се затвори со тоа. Напишаните планови на лист не треба по секоја цена да се реализираат. Убавите соништа треба да останат само такви. Ќе има повторно гласање. Ако сите беа заедно против Груевски, во овој случај сите Албанци, тогаш неговата сила кај мнозиството на заедницата, Македонците, ке имаше голем пораст. Кога и да се одржат избори, тој ќе победи уверливо. Неговиот пораз преку шеми, ќе се гледаше од страна на Македонците како пуч. Ќе се кршеа политичките правила. Тој само ќе добиеше повеќе сила, вели во својата колумна Бужала.

За разлика од медиумскиот притисок кој оркестрирано се врши преку сатанизирање на ВМРО-ДПМНЕ меѓу Албанците, Бужала смета дека изминативе 10 години е сторено многу во подобрување на статусот на Албанците во Македонија.

-Јас не знам дали е повеќе антиалбанска партија ВМРО или СДСМ, но знам дека овие последни 10 години Македонија беше наш сојузник на меѓународната сцена. Сакам да додадам уште нешто: Секогаш која ја поминувам границата во Хани Елезит, на македонската страна граничните полицајци ми зборуваат на албански. Ова го немаше порано. Знам и друго нешто: Во државната администрација на ова држава се вработени околу 30.000 Албанци. За крај: Овој договор меѓу ДУИ и ВМРО е политички договор, не е доживотен. Во секој момент штом не се исполнуваат условите од договорот, тој може да се прекине. Во договорот треба да вклучат партиите кои добија мнозиство гласови од двете етнички популации во Македонија. Другиот дел потоа е пропаганда, невладина организација, непотребен морал. Ова е еден голем крстопат за Али Ахмети. Тој е многу поголем отколку во времето кога носеше униформа на себе. Тој не треба да се плаши, смета Бужала.

Уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас, пак, во својата најнова колумна анализира дека наспроти рационалните и логички одлуки кои треба да ги донесе ДУИ, клановската поделеност во партијата има огромно влијание врз двоумењето за идно коалицирање.

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се силна партиска машина и доминантна политичка сила и на власт, и кога би биле во опозиција. Не е тешко да се претпостави колку гласови би добиле за ВМРО-ДПМНЕ на првите наредни избори ако ВМРО премине во опозиција, а СДСМ како проалбанска, и три албански партии плус во коалиција, донесат закони и мерки на штета на Македонците и на уставниот поредок. Тоа би бил хаос и гнев кај Македонците кој, без сомневање, би експлодирал со поддршка за Груевски како никогаш порано.

Затоа, прва опција е коалиција на ДУИ со ВМРО, втора вонредни избори заедно со локалните кои би биле одложени за некој период, а дури трета опција за Ахмети е самоуништувачката варијанта – коалиција на СДСМ со ДУИ. Се што бара ДУИ и ветува Ахмети е уставна категорија со потребни две третини мнозинство во парламентот, а тоа зависи од Груевски и ВМРО. СДСМ не може ништо, ама баш ништо да даде од она што Ахмети го бара. Тогаш, и нема многу дилеми околу одлуката што следи наскоро. Што и да биде, ќе биде вонредно, пишува Латас во најновата колумна „ВОНРЕДНО“.

Еве зошто Топузова и Грчева беа избркани: Платформата е мешање во внатрешните работи на Македонија

Karevska-Grceva

Поранешните пратенички од опозицијата Роза Топузова Каревска и Солза Грчева за разлика од СДСМ сметаат дека платформата е мешање во внатрешните работи на Македонија.

Роза Топузова во вчерашната емисија на ТВ Нова зборуваше за платформата на албанските политички партии и за нејзината нелогичност.

-Мене што најмногу ме погодува, особено ме погодува она што оваа  платформата беше договарано во Тирана, а печатот и беше ставен во Приштина. Ова го разбирам како надворешно мешање во внатрешната политика на суверена држава како што е Македонија. Платформата што ја потпишаа албанските партии е полна со нелогичности односно има тенденции за измена на уставот на Република Македонија со што, од мултинационална држава ќе преминеме во двонационална држава, рече Топузова.

Пред неколку недели и поранешната пратеничка Солза Грчева исто така од СДСМ во емисија на ТВ21, го обелодени јавно својот сомнеж за албанските гласови за СДСМ.

-Од каде сега господинот Заев си даде за право, заради големиот број на албански гласови, да не се лажеме тие не се за канализација во Арачиново, ја не сум наивна да мислам дека Заев го гласале за канализација во Арачиново, истакна Грчева.

За ваквите свои ставови Грчева стана мета на активистите на СДСМ, меѓу кои и Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во МВР од СДСМ. Јон е вработен во ПОЦ каде директор е Саша Богдановиќ, кој беше претседател на ОО СДСМ Центар.jon-360x560

Куклена претстава во Тирана – Албанците го користат предавството на Заев

Rama-so-Albanski-lideri

„Бо­жик­на­та че­сти­тка“ од ал­бан­ски­те пар­тии упа­те­на до Ма­ке­дон­ци­те, во ко­ја отво­ре­но го уце­ну­ва­ат мно­зинс­тво­то и ин­ди­рект­но на­ве­сту­ва­ат вој­на, мо­же­би е со пот­пи­си­те на Ах­ме­ти, Ка­са­ми и на Се­ла, но јас­но се гле­да де­ка го има ра­ко­пи­сот на исти­от оној кој во те­кот на две­го­диш­на­та по­ли­тич­ка кри­за и за вре­ме на из­бор­на­та кам­па­ња му ги пи­шу­ва­ше го­во­ри­те на Зо­ран За­ев, a во кои ли­де­рот на СДСМ ве­ту­ва­ше ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на Уста­вот… За­тоа, да не се пра­ви­ме на­ив­ни и не­до­вет­ни де­ка сме шо­ки­ра­ни од од­но­сот на Еди Ра­ма, кој, па­тем, не е ни­што дру­го освен уште ед­на ма­ри­о­не­та ко­ја се крие под исти­от ча­дор што го шти­ти и За­ев. Уште по­мал­ку за­тек­на­ти тре­ба да би­де­ме од ста­во­ви­те и од ба­ра­ња­та на по­ли­тич­ки­те прет­став­ни­ци на ал­бан­ско­то мал­цинс­тво, кои, пак, мно­гу па­ти до­се­га јас­но се из­јас­ни­ле де­ка бес­по­го­вор­но ги сле­дат упат­ства­та од Ка­ле­то. Па­тем, се­то тоа што го ба­ра­ат ли­де­ри­те на ал­бан­ски­те пар­тии во пла­тфор­ма­та ве­ќе го ве­ти ли­де­рот на СДСМ и тоа уште за вре­ме на слу­чу­ва­ња­та во Ди­во На­се­ље. Впро­чем, За­ев то­гаш ја пре­зе­де уло­га­та на Мир­сад Ндре­цај и Бег Ри­зај кои, спо­ред ад­во­ка­тот на уап­се­ни­те те­ро­ри­сти, от­та­му тре­ба­ло да ги ис­по­ра­ча­ат овие ба­ра­ња за да се из­вр­ши ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та.

За­тоа мо­же да сме дла­бо­ко на­вре­де­ни по­ра­ди на­ру­ше­ни­от мир и спо­кој за вре­ме на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на нај­го­ле­ми­от хри­сти­јан­ски праз­ник, Хри­сто­во­то ра­ѓа­ње, но не тре­ба да би­де­ме из­не­на­де­ни од сти­лот на дејс­тву­ва­ње на го­ле­ми­от сце­на­рист на кри­за­та кој ис­пра­ќа „по­ра­ки“ на го­ле­ми вер­ски праз­ни­ци за да го за­си­ли гне­вот кај Ма­ке­дон­ци­те кон Ал­бан­ци­те (не­што слич­но ка­ко ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр кај Смиљ­ков­ско Езе­ро).

Да, точ­но е де­ка ДУИ, Бе­са и Али­јан­са­та ќе са­ка­ат да изв­ле­чат ма­кси­мал­на по­ли­тич­ка ко­рист од си­ту­а­ци­ја­та на ште­та на Ма­ке­дон­ци­те. Се­пак, за пла­тфор­ма­та што се ро­ди во Ти­ра­на не тре­ба да ги об­ви­ни­ме са­мо Ах­ме­ти, Ка­са­ми и Се­ла, вклу­чу­вај­ќи го и Ра­ма, ту­ку лич­но Зо­ран За­ев, кој мно­гу по­ра­но им го под­мет­на ку­ка­вич­ко­то јај­це.

Ток­му за­тоа ста­во­ви­те на Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци, кои из­ми­на­ти­те де­но­ви изра­зу­ва­ат не­ка­ква воз­не­ми­ре­ност и шо­ки­ра­ност од ба­ра­ња­та на ли­де­ри­те на ал­бан­ски­те пар­тии, не се ни­што дру­го ту­ку са­мо без­о­браз­ни оби­ди да се одг­лу­ми не­ка­кво огра­ду­ва­ње од пла­нот за по­дел­ба на др­жа­ва­та, за што и тие са­ми­те има­ат го­ле­ма од­го­вор­ност од ко­ја не мо­жат да се изв­ле­чат. По­ве­ќе од ли­це­мер­но е се­га да глу­мат вчу­до­ви­де­ност од ста­во­ви­те на Ах­ме­ти, Ка­са­ми и Се­ла исти­те пла­те­ни­ци што до вче­ра ги про­мо­ви­раа и ги бра­неа те­зи­те на За­ев за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и во исто вре­ме ги на­па­ѓаа и на­вре­ду­ваа си­те оста­на­ти што пре­ду­пре­ду­ваа де­ка овој чо­век ја во­ди др­жа­ва­та кон рас­пад и ја тур­ка кон нов конф­ликт. Со ог­лед на тоа де­ка ба­ра­ња­та од пла­тфор­ма­та мно­гу лес­но мо­жат да оста­нат мр­тви бу­кви на хар­ти­ја ако пар­ти­и­те од ма­ке­дон­ски­от блок јас­но и глас­но ги отфр­лат (што го на­пра­ви ВМРО-ДПМНЕ), мно­гу по­ко­рис­но би би­ло да го по­ви­ка­ат За­ев јав­но да се про­из­не­се по овие пра­ша­ња! Та­ка и Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те ќе чу­јат да­ли СДСМ, до­кол­ку до­бие шан­са да фор­ми­ра вла­да, ќе спро­ве­ду­ва гра­ѓан­ски или го­ле­мо­ал­бан­ски кон­цепт? Да­ли на Ал­бан­ци­те од Ара­чи­но­во, За­ев ќе тре­ба да им ис­по­ра­ча ка­на­ли­за­ци­ја или фе­де­ра­ли­за­ци­ја?

Искре­но, од овие без­р­бет­ни су­штес­тва не оче­ку­вам по­тег или гест во ко­рист на др­жа­ва­та. На­про­тив, во пер­и­о­дот што сле­ду­ва СДСМ ќе про­дол­жи да ги про­да­ва на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си во го­ла­та бор­ба за власт, а Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци ќе про­дол­жат со ан­ти­др­жав­на­та кам­па­ња за да ги оправ­да­ат ми­ли­о­ни­те до­ла­ри што и го­ди­на­ва ќе ги до­би­јат за ури­ва­ње на по­ре­до­кот.

Мо­ра да се наг­ла­си де­ка се­то тоа што го жи­ве­е­ме де­нес не­ма­ше да ни се слу­чу­ва ако ВМРО осво­е­ше 62 пра­те­ни­ци, но, за жал, го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те не ја сфа­ти­ја се­ри­оз­но опас­но­ста од не­од­го­вор­ни­те на­ста­пи на За­ев и не­до­вол­но го каз­ни­ја не­го­во­то јав­но ли­ци­ти­ра­ње со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си. Но, на­ро­дот ве­ли, се­кое зло за до­бро. Та­ка, и овој пат ако тре­ба да нај­де­ме не­што до­бро во це­ли­от ха­ос, тоа е што ду­ри и нај­го­ле­ми­те скеп­ти­ци се уве­ри­ја де­ка кри­за­та во­оп­што не­ма­ше цел да ги по­до­бри де­мо­кра­ти­ја­та и на­чи­нот на неј­зи­но­то пра­кти­ку­ва­ње, ту­ку, на­про­тив, да го уни­шти це­ли­от си­стем, што пра­ктич­но ќе зна­чи рас­пад на др­жа­ва­та во фор­мат и во гра­ни­ци во кои ја има­ме де­нес.

Се­пак, ште­та­та што ја пре­диз­ви­ка За­ев врз др­жа­ва­та и на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си во го­ла­та бор­ба за власт, на што пре­ду­пре­ду­вав­ме со ме­се­ци, до пр­ва ќе ја пла­ќа­ме си­те – и Ма­ке­дон­ци­те, но и Тур­ци­те, Ср­би­те, Ро­ми­те, Вла­сти­те… Па, и го­лем дел од Ал­бан­ци­те. Си­те оние што ба­ра­ат но­ви ра­бот­ни ме­ста, а не но­ви дел­би на др­жа­ва­та. Оние што со­ну­ва­ат за по­го­лем жи­во­тен стан­дард, а не за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Оние што са­ка­ат стран­ски ин­ве­сти­ции, а не стран­ски ин­тер­вен­ции…

Пра­ша­ње­то е кол­ка­ва ќе би­де це­на­та?

Ман­да­та­рот, ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски јас­но се из­јас­ни де­ка ба­ра­ња­та од пла­тфор­ма­та се не­при­фат­ли­ви. На­ја­ви де­ка ќе ис­пра­ти по­ну­да до ДУИ, но и де­ка не­ма да фор­ми­ра вла­да по се­ко­ја це­на. До­кол­ку пре­го­во­ри­те со ДУИ про­пад­нат по­ра­ди не­по­пуст­ли­во­ста на Ах­ме­ти, др­жа­ва­та ќе про­дол­жи да то­не во кри­за, ќе се за­др­жи тен­ден­ци­ја­та на за­тег­ну­ва­ње на ет­нич­ки­те од­но­си, а тоа ќе има до­пол­ни­те­лен не­га­ти­вен ефект врз еко­но­ми­ја­та и врз жи­вот­ни­от стан­дард на гра­ѓа­ни­те. Ште­та ќе има­ат и гра­ѓа­ни­те, и пар­ти­и­те, и до­маш­ни­те биз­нис­ме­ни, и стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри… Си­те, освен пла­те­ни­ци­те на Со­рос, кои во нај­лош слу­чај ќе до­би­јат уште 5-6 но­ви ми­ли­о­ни до­ла­ри за про­дол­жу­ва­ње на бор­ба­та за кид­на­пи­ра­ње на це­ла­та др­жа­ва.

Од дру­га стра­на, во ДУИ се свес­ни де­ка иа­ко го има­ат клу­чот за но­ва­та вла­да, не мо­жат да го иско­ри­стат за ре­а­ли­зи­ра­ње на нив­ни­те ма­кси­ма­ли­стич­ки ба­ра­ња. Од ед­но­став­на при­чи­на што не мо­жат да обез­бе­дат дво­тре­тин­ско мно­зинс­тво без сог­лас­ност од ВМРО-ДПМНЕ. Единс­тве­но што мо­жат да на­пра­ват е са­ми да ги по­ни­штат до­се­гаш­ни­те не­пи­ша­ни пра­ви­ла за фор­ми­ра­ње вла­да кои па­тем беа из­мис­ле­ни за нив­на по­тре­ба од стран­ци­те во 2008 го­ди­на. Тоа до­пол­ни­тел­но ќе им се удри од гла­ва во пр­ва­та след­на при­го­да ко­га ВМРО-ДПМНЕ ќе има мож­ност са­ма да фор­ми­ра вла­да.

Ко­а­ли­ци­ја­та со СДСМ не­ма да му до­не­се ни­што до­бро на Ах­ме­ти освен што до­пол­ни­тел­но мо­же да му ја ос­ла­би по­зи­ци­ја­та пред ал­бан­ски­от еле­кто­рат по­ра­ди не­ис­пол­не­ти­те ве­ту­ва­ња. Ду­ри и да ус­пее да ре­а­ли­зи­ра не­кое од ба­ра­ња­та, зас­лу­ги­те ќе одат на кон­то­то на За­ев за­тоа што тој прв ги отво­ри овие пра­ша­ња пред ал­бан­ски­от еле­кто­рат.

Со ог­лед на фа­ктот де­ка ва­ква из­бор­на ла­кр­ди­ја и из­бо­рен ин­же­не­ринг во ор­га­ни­за­ци­ја на ви­стин­ски­от пи­шу­вач на пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии ве­ќе ни­ко­гаш не­ма да мо­же да се по­вто­ри од ни­за при­чи­ни (фи­нан­си­ски, ло­ги­стич­ки, над­во­реш­но-по­ли­тич­ки), на СДСМ му оста­ну­ва да про­дол­жи да та­жи по не­ус­пеш­ни­от обид за вра­ќа­ње на власт со краж­ба на на­род­на­та вол­ја и да се под­го­тву­ва за но­ви из­бо­ри, кои мо­же да ста­нат ре­ал­ност ако Ах­ме­ти не се ди­стан­ци­ра од уце­ну­вач­ки­те ба­ра­ња на кре­а­то­рот на цр­но­то сце­на­рио во след­ни­те два­е­се­ти­на де­на.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии

zaev-ahmeti

Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на сè само за да влезе во владата.

СДСМ остана единствената политичка партија која официјално не зазема став за платформата постигната од албаските политички партии. Но зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и Ахмети дека би прифатиле се што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ.

Без заддршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија вклучително и во градови како Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе и останатите градови каде Македонците се убедливо мнозинство, како и решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО. Но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на сѐ само за да влезе во владата.

Дека „ишаретите” на СДСМ до албанските партии се реалност, се надоврзува и ставот на идеолозите на СДСМ дека платформата на Албанците е премногу мека и на тој начин создавајќи услови таа безусловно од СДСМ да биде прифатена.

Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.

Очекував многу повеќе од „заедничката пплатформа на албанските партии за Македонија“, подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие тоа не се. Не се „историски исчекор“, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.

За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е „добра основа за формирање на влада“. Тричковски пишува „не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.

Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата стварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!, пишува Тричковски.

Грчева до Фрчкоски: Има некој кој поверува дека 70.000 гласови се добиле за „граѓанска опција“?

Solza-Grceva-Parlament

Поранешната пратеничка Солза Грчева на социјалната мрежа Фејсбук му одговори на екс министерот од СДСМ Љубомир Фрчкоски за тоа кој им ја напишал платформата на Албанците.

solza-grceva-fb-frckoski

-Фрчковски се прашува кој им ја пишувал платформата на Албанците од која тој паднал во несвест?! Еве да му помогнам. Драфтот се напиша во Берн, целиот текст во Тирана, а се завери кај нотар во Приштина. И да го прашам. Има некој кој (му) поверува дека 70.000 гласови се добиле за “граѓанска опција“? Е еве ги “граѓанските“ барања, пишува Грчева на Фејсбук.

ЗАЕВ ВЕТУВА, СДСМ ГЛУМИ: Сe додека не ја добиеме официјално платформата, не коментираме ништо

zaev-albanci-svajcarija

Социјалдемократскиот сојуз нема да се произнесе во врска со платформата под која се обединија албанските партии во земјава како услов за формирање влада оти не им е официјално доставена, пишува Дневник.

Од партијата предводена од Зоран Заев за „Дневник“ велат дека сè додека не ја добијат лично, немаат намера да откријат како размислуваат, ниту што ќе одговорат.

-Ние не сме ја добиле платформата официјално, кога ќе ни биде доставена лично, тогаш ќе соопштиме која е нашата одлука, односно процена, засега не коментираме повеќе – велат од СДСМ.

Партиски извори за „Дневник“ коментираат дека сè се знае одамна и веќе од порано е одлучено сè, но оти не сакаат да се истрчуваат со какви било калкулации и оценки сега бидејќи заедничката платформа на албанските партии постави високи црвени линии кои ќе го оневозможат подавањето рака на договор, и тоа со која било од македонските партии.

На социјалните мрежи некои од симпатизерите и поддржувачи на СДСМ ја осудуваат платформата, особено затоа што меѓу нејзините креатори мнозинството му припаѓа на ДУИ, односно Али Ахмети, кого СДСМ и Заев особено за време на предизборната кампања го нарекуваа соработник на режимот и криминалец.

Една од последните предизборни пораки на Заев до Ахмети е онаа на 9 декември испратена од Арачиново. Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња затоа што сме единствени, сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија – рече тогаш Заев.

Заев го отвори патот за платформата покрај ова, во јавноста останува впечатокот дека токму Заев во битката за гласови им отвори пат на албанските политички фактори да постават високи црвени линии во платформата околу која се обединија, без разлика колку жестоки противници беа претходно. Имено, во ноември кога Заев беше на средба со дијаспората во Швајцарија порача дека верува оти оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите.

– Тука сме обединети и јас како претставник на македонската политичка компонента говорам на собир каде што мнозинството е составено од Албанци. Јас сум прв од македонските политичари што се ангажирам за еднаквост и единство со целиот ризик дека со ова може да ги изгубам гласовите на оние што не веруваат во оваа можност за еднаквост. Јас ги отворив овие теми независно од тоа кој е засегнат и ова го направив за доброто на Македонија. Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите – рече Заев во обраќањето.

Двојазичноста, која подоцна ја негира како од него трасиран концепт, исто така јасно ја исцрта пред швајцарската дијаспора. – Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски – француски, албански – албански, македонски – македонски, да се ослободиме – рече Заев во ноември. Молкот од СДСМ очекуван како што повеќепати потоа пишувавме, двојазичноста е невозможен концепт без промена на Уставот, што и самиот подоцна во интервју за една од албанските телевизии го потврди. Во Швајцарија порача дека услов за еднаквост и рамноправност е да се оди преку Охридскиот рамковен договор.

– Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор оти тој е некоја рамка. Зошто во 21 век, во 25 години независна Македонија, да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец – рече Заев.

По сево ова, кое политички е искористено како црвени линии во платформата на албанските партии, очекувано е лидерот на СДСМ да не се произнесува во врска со неа. Инаку, во платформата, освен официјализирањето на албанскиот јазик и барањето Албанците да бидат државотворен народ, се бара промена на државните симболи, химната, грбот и знамето, ново министерство за политички систем, напредување на Албанците на раководните функции во безбедносните служби и правична застапеност во централната власт.

Покрај ова, обединетите три албански фактори се обврзуваат целосно да ги спроведат препораките од извештајот на Прибе, да го поддржат непристрасното работење на СЈО, како и решавање на случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Kуманово“ со меѓународна асистенција.