Мандатот треба да остане кај победникот – сите останати толкувања на Уставот се субјективни

Ustav-Sobranie

Познавачите на политичките прилики во јавноста коментираа дека членот 90 од Уставот не предвидува втор или трет мандатар и дека на побединичката партија треба да и се дозволи доволно време за да формира мнозинство.

Рокот за доставување персонален состав и програма на новата Влада согласно Уставот и Деловникот на Собранието на РМ истеча на полноќ, до кога и Демократската унија за интеграција требаше да донесе конечна одлука дали ќе коалицира со мандаторот Никола Груевски. Ако се постигнеше договор, предлогот за состав на влада заедно со програмата, мандатарот требаше да го достави до Собранието, по што требаше да се закаже седница на која би бил избран претседател на Собранието, предлог на ДУИ, па тој да закаже нова седница на која ќе треба да се избере новата македонска влада. Експертите по уставно потенцираат, бидејќи Никола Груевски не договори парламентарно мнозинство, согласно членот 90 од Уставот мандатот и натаму да останува кај победничката партија.

Сите останати толкувања на уставот, според познавачите, односно дека мандатот треба да го добие Зоран Заев, од СДСМ како втора партија која освои најмногу гласови на изборите, се само лични видувања на поединци, кои се спротивни на уставната норма.

-Сите толкувања и субјективни видувања кои изминатите недели ги слушаме по медиумите како треба да постапи претседателот Иванов во случај Никола Груевски да не успее да состави Влада, и дека наводно мандатот треба да се даде на второпласираната партија согласно практиката од 1992 година, треба да се гледаат како лични видувања на поединци, кои се спротивни на тоа што пишува во уставната норма. Секое друго толкување, растегнување на уставната норма согласно одредени политички интереси би било спротивно на Уставот, односно повторување на противуставната пракса што се случи во 1992 година кога тогашниот претседател Киро Глигоров му го додели мандатот на Бранко Црвенковски односно на второпласираната партија во Собранието. Во случај ако ни се повтори противуставноста од 1992 година, тогаш ќе мора да се активира Уставниот суд на РМ со обврска да ја поништи противуставната одлука за давање мандат на некоја друга партија, односно да ја поништи постапката за избор на влада која би се засновала на противуставна одлука за назначување на мандатар, смета универзитетската професорката Тања Каракамишева Јовановска.

Споредбите со уставните постапки во другите земји не можат да се применат во нашиот случај, смета Каракамишева, бидејќи како што вели, во македонскиот Устав не е разработено што доколку првиот мандатар не успее да состави Влада.

-Секое споредување на нашиот случај со тоа какви се уставните постапки во другите земји не може да се смета за релевантна околност која треба да се примени во нашиот случај, бидејќи да напоменам дека уставите на Хрватска, Словенија, Бугарија, Косово, Естонија, Латвија итн се многу прецизни и во детали ја разработуваат постапката што ако првиот мандатар не успее да состави Влада и како натаму. Во нашиот Устав, за жал, нема доразработено што натаму, значи многу работи не се уставно уредени поради што има простор за разно-разни шпекулации и субјективни размислувања што во таков случај и како натаму. Со оглед дека Уставот не смее да се толкува, туку треба да се применува напишаното, во случај ако мандатарот не успее да состави влада, согласно член 90 од Уставот, и натаму мандатарот треба да доаѓа од партијата што има мнозинство пратеници во Собранието, односно од ВМРО-ДПМНЕ , додава универзитетската професорка.

Дел од познавачите на политичките прилики не ја отфрлаат можноста дека по неуспехот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат и да формираат нов владин состав, напролет или наесен да се организираат нови парламентарни избори во земјава.

Ахмети: СДСМ не е победник на изборите – коалиција со нив не носи стабилна ситуација

ali-ahmeti-intervju

СДСМ не е победничка партија на изборите и коалицијата со нив не е стабилна ситуација. Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 вели дека неговата партија детално ги разгледува сите опции по што ќе ја донесе одлуката како ќе се постави во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии.

Иако во игра е и опцијата за коалиција со СДСМ и други албански партии, Ахмети вели дека таа ситуација не е стабилна.

„СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку ќе има стабилна ситуација. Секој избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а 100-иот ќе пресечеме. За да донесеме одлука ќе ги анализираме придобивките и последиците со ВМРО-ДПМНЕ, придобивките и последиците со СДСМ, придобивките и последиците со проширена влада. Во вакви околности ДУИ одлучи да ја разгледа можноста и да прејде во опозиција, во многу специфични околности, со големи последици”, нагласи Ахмети

Според грчките медиуми Груевски ќе биде победник на изборите во април

mediumi-vo-grcija

Во грчката јавност нема дилема дека победник на престојните избори во Македонија ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и дека премиерот Никола Груевски нема да го смени ставот за името.

-Сепак, според сите индикации, Никола Груевски, кој што треба да се повлече од функцијата до 15 ти јануари и на негово место да дојде друг вршител на должноста што ќе ја води земјата до изборите, повторно ќе биде победник на гласањето во април. Затоа, нејасно е поради кои причини тој би го менувал својот став околу прашањето за имет, се вели во текстот на То Вима.

Посетата на Ахмети е на негова иницијатива и не е официјална, туку партиска, а на средбата во грчкото МНР нема да присуствува македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов.

grcki-mediumi-gruevski

Спасов призна: Анкетите на „Брима Галуп“ во кои ВМРО-ДПМНЕ е во предност се точни

Gjorgji-Spasov

Опозицискиот анкетар и прв човек на агенцијата „Рејтинг“, Ѓорги Спасов, вечерва ретерираше од првичното тврдење од пред неколку дена дека анкетите кои ги спроведува реномираната независна агенција „Брима Галуп“ се лажни.

По анкетата на една од најреномираните агенции за неделникот „Република“ која покажуваше повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Спасов излезе со тврдење дека „Брима Галуп“ лажела. Сепак, Спасов вечерва ретерираше од ваквото тврдење, и во емисијата „Акцент“ на МРТ изјави дека анкетите на оваа агенција не се погрешни.

Откако најпрво Спасов се правдаше дека апсолутно ненамерно направил превид во датумите кога се спроведени двете анкети кои ги спомнуваше, подоцна и самиот призна дека анкетите се точни и тој воедно го повлекол статусот кој го објавил на Фејсбук. Спасов вечерва рече дека не ги видел датумите кога изјавил дека е нелогично таква анкета да била спроведена во ист период, со иста методологија.

-Се доби впечаток дека се работи за различни податоци, но јас го поправив статусот првичен, реков дека не се работи за манипулација на „Брима Галуп“, туку дека се работи за две анкети кои што се спроведени, кои најверојатно имаат идентични резултати меѓутоа од едната анкета што е сосема најнормално се прикажуваат резултатите од вкупното гласачко тело, а во другата анкета се прикажани само резултатите. Значи зборувам не за грешка на агенциите за испитување на јавното мислење кои што сосема професионално си ја завршуваат работата, туку за грешка во интерпретацијата, што ќе изберете вие за да прикажете како резултат од одредено истражување и како тоа ќе го интерпретирате во јавноста и тука најчесто агенциите кои што ги спроведуваат истражувањата не можат да влијаат на тоа, изјави Спасов.

Со ваквото ретерирање и тврдење дека анкетите на „Брима Галуп“ се точни, а не погрешни, Спасов практично признава дека СДСМ ќе ги загуби изборите и дека ВМРО-ДПМНЕ има голема предност, каква што е нотирана во анкетите.

-Јас сметам дека било која агенција да спроведе истражување на професионален начин како што ова го има направено „Брима Галуп“ ќе ги добие овие резултати кои што ги објави „Брима Галуп“ и јас не ги спорам бројките кои се објавени, вели Спасов.

Инаку, најновата aнкета на Брима Галуп, во соработка со неделникот Република, прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Огромни 70,2% од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните, наспроти 11,2% кои сметаат дека СДСМ има поддршка од граѓаните. Дури 55,9% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, наспроти 12,1% кои мислат дека победник ќе биде СДСМ. Никола Груевски и понатаму е политичарот со најголема доверба кај граѓаните со високи 32,3% пред Зоран Заев кој ја ужива довербата на 9,1% од испитаниците.

На прашањето За која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори? резултатите се 33,3 % ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ.

И Нимиц го прогласи Груевски за победник

Gruevski-Nimic

Дојде време да се реши прашањето со името, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за „Катимерини“.

Следниве 15 месеци ќе се разговара за името. Нимиц ќе остварува средби со македонскиот и грчкиот премиер. Како свои соговорници ги посочува Груевски и Ципрас.

Нимиц планира следниве 15 месеци да остварува средби и да води преговори со Груевски кој е на чело на македонската Влада. Тој знае дека во април 2016-та во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Фактот што тој вели дека за името со Груевски ќе преговара и многу долго по изборите, значи дека Нимиц смета дека актуелниот македонски премиер ќе добие уште еден мандат. Посредникот на ОН, прогласи победа на Груевски на следните избори.

Говорејќи за македонскиот премиер, Нимиц вели дека Груевски е многу сериозен и фокусиран на она што го работи.

-Многу години ја следам работата на премиерот Груевски. Многу е сериозен и фокусиран на тоа што го работи. Тој е интелегентен соговорник, со силни лични карактеристики. Тој е ефикасен и искусен лидер, и секако го познава проблемот од сите аспекти, вели Нимиц за Катимерини.

Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации додава дека Бан Ки Мун повикал проблемот да се реши во следните 15 месеци, односно до крајот на неговиот мандат.

Евгениј Поп Ацев – прв македонски победник на Охридскиот пливачки маратон

Evgenij-Pop-Acev

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.

– Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа… Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.

Pop-Acev-Ivanov-Venec

Распоредот на второпласираниот и третопласираниот маратонец ќе биде утврден дополнително бидејќи некои од пливачите пред самиот финиш ја промашија поставената контролна точка, така што можно е третото место да му припадне на нашиот Томи Стефановски, кој како четврт мина низ целната линија.

Првото место во женска конкуренција и припадна на италијанката Аличе Франко, која маратонот го исплива за 5:44:03 часа.

Evgenij-Pop-Acev-1

Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, вторпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона оттаму што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол .

Груевски: Победникот на изборите да добие плус 17 пратенички места за стабилна влада!

Gruevski-Izjava-izbori

Предлагаме мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со што ќе се обезбеди стабилна влада, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој појасни дека тоа е предлогот што ВМРО-ДПМНЕ го дале во рамки на разговорите за изборниот модел кои се во тек.

– Мнозинскиот модел го имаат многу држави и успешно функционира, а ние го имаме во нашата земја и сега при изборот на градоначалници. Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората.  Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја  бираат за пратеник, изјави премиерот Груевски при денешната посета на општина Студеничани.

Тој додаде дека денеска би дал уште една понуда и појасни дека тоа е тоа е можноста која ја има во некои држави и предвидува победничката партија да добие плус 17 пратеници за стабилност на владата која што ќе работи.

– СДСМ тврдат дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат тоа, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа  зошто не се реализирале некои проекти. Значи, таа стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните, рече Груевски.