Биљали до Трајковска: Македонија треба да се подели еднаш засекогаш

Biljali-Trajkovska

На интернет-каналот „Јутјуб“ завчера се најде уште една снимка во серијалот објавен од анонимно лице, кое се потпишува како „Никола Тесла“. Станува збор за разговор меѓу новинарката Оливера Трајковска и албанскиот аналитичар и професор Мерсел Биљали, пишува Дневник.

Од она што се слуша на снимката од приватниот разговор, Биљали и’ се обраќа на Трајковска во прилично интимна конотација при што и’ вели дека ако го покани во емисија ќе ја силува пред камерите, а потоа разговорот продолжува на тема – нејзините гости во дебатната емисија. Откако таа му одговара дека меѓу гостите ќе биде и аналитичарот Рамадан Рамадани, Биљали го квалификува како „екстремист, кој има пукано“, а подоцна обајцата се шегуваат на негова сметка. Во текот на разговорот Биљали коментира и дека „Македонија треба да се подели еднаш за секогаш“.

Зошто токму сега и зошто токму овој разговор се прашањата поставени во форма на коментар под видеоснимката на „Јутјуб“. Одговор нема од анонимниот објавувач, а нема ни од надлежните институции, како што немаше ниту за другите снимки од приватни разговори на јавни личности, политичари и новинари претходно.

СЈО молчи и за овој и за сите разговори претходно

„Дневник“ се обрати вчера до Специјалното јавно обвинителство дали тие имаат намера да покренат постапка, но до крајот на работниот дел од денот одговор не добивме.

Дека нови снимки ќе бидат објавувани „Дневник“ пишуваше на почетокот на декември, а истите се однесуваат на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и на бизнис-секторот близок со неа. Ваквата најава тогаш ја даде токму лицето со ник „Никола Тесла“, а кое и претходно стоеше зад пуштањето повеќе снимки од прислушувани разговори.

Во дописот што беше тогаш испратен до порталот „Револуционер мк“ се наведува дека првите разговори беа пуштени со цел македонските граѓани да видат на кој начин се водела државата изминативе десет години. Во продолжение лицето наведува дека нема да ги поштеди ниту новинарите. Авторот наведува дека снимките, во кои ќе се објават и скандалите со сексуалната ориентација во врвот на владејачката партија, ќе бидат објавени наскоро.

Подоцна истиот месец беа објавени три телефонски разговори на истата новинарка со Мендух Тачи, но никој не реагираше, ниту од МВР ниту од СЈО. Стануваше збор за разговори снимени незаконски пред минатите избори, а беа објавени на фејсбук-страницата Opozita Shqiptare e Maqedonise и на Lirim Ilirid. Не е познато кој ги објавил овие разговори. Но, на оваа социјална мрежа може да се види дека фејсбук-страницата Opozita Shqiptare e Maqedonise е од постар датум и оти има дури 28.645 поддржувачи. На оваа страница, покрај нејзиното име, може да се забележи и ознаката дека е kundermaqedonise, односно „противмакедонија“. За разлика од неа, фејсбук-страницата Lirim Ilirida е нова и очигледно е направена со цел преку неа да се објават најновите снимки на прислушуваните разговори.

Цедиња со снимки се нудат од 100 до 300 денари

Од моментот на објавувањето на прислушуваните разговори од опозицискиот СДСМ и нивното предавање на Специјалното јавно обвинителство, во јавноста почнаа да се појавуваат и други снимени разговори. Тие не само што почнаа да се пуштаат по социјалните мрежи, туку слободно можеа и да се купат на разни локации во земјава по цена од 100 до 300 денари за едно цеде.

Претходно објавените разговори се однесуваа на приватни конверзации меѓу уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, и сопственикот на медиумот, Горан Иванов, на разговорот меѓу Павловиќ и Ивона Талевска, главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вечер“, како и меѓу првиот човек на скопската Kомерцијална банка, Хари Kостов, и Бранко Бојчевски, основач на агенцијата за обезбедување „Оса“.

Сите овие снимки и натаму може да се слушаат преку социјалните мрежи и покрај најавите од МВР и од Специјалното јавно обвинителство дека ќе преземат с` што е потребно да се открие личноста што ги објавува и да се оневозможи нивното натамошно објавување. Од овие органи с` уште нема никакво објаснување до каде стасале во истрагата иако засегнатите граѓани поднеле барање за отворање кривична постапка за објавени разговори на „Јутјуб“ од анонимно лице потпишано како Никола Тесла.

Тимоти Лес не отстапува: Голема Албанија, Голема Србија и Голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот

timoti-les

Тимоти Лес, поранешен политички секретар во амбасадата на Обединетото Kралство во Скопје, и натаму предизвикува внимание во јавноста откако ја објави својата анализа во „Фореин полиси“, во која заговара формирање голема Србија, Хрватска и Албанија, пишува Дневник.

Притоа за Македонија тој го препорачува рецептот албанското малцинство да добие форма на независност, односно федерализација, а потоа спојување со матичната држава Албанија. Тоа што особено ги запали страстите на Балканот е што се смета дека преку него, всушност, Велика Британија го подготвува теренот за ваква политика.

Лес, кој сега ја раководи агенцијата „Нова Европа“, вели дека во прекројувањето на границите има три сценарија. Прво и најдобро би било за регионот да решат Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Турција со надворешна помош на САД. Што за ова мислат народите чија судбина би требало да ја кројат големите сили, овој бивш политички британски секретар не го интересира. Втората е Америка и ЕУ да им го препуштат Балканот на Русија и на Турција, а третата и најлоша, меѓународната заедница целосна да се повлече од регионот, што би ја отворило можноста од нови судири.

Во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ тој вели дека по ју-конфликтот било погрешно што се тргнало во формирање мултиетнички наместо национални држави на Балканот и оти тоа било и погрешна оценка на Западот.

– На Балканот нема услови за создавање успешни мултиетнички држави во кои тамошните граѓани, без разлика на националноста, би имале еднакви права, сигурност и економски можности. Тоа е регион во кој постои недостиг од демократска традиција и уставен либерализам, кој на малцинствата им дава самодоверба и доверба во институциите на државата – вели Лес.

Тој притоа истакнува дека „Западот не е во состојба да ги спречи малцинските народи во обидите да се поврзат со матичните држави“. „Босанските Срби одржаа референдум за Дејтон со поддршка на Русија, а од Западот немаше посериозна реакција“, вели поранешниот политички секретар во британската амбасада во Скопје.

Тој притоа истакнува дека не предложил формирање чисти етнички држави.

„Треба да се обезбеди целосна безбедност во Република Српска, Бошњаците да останат да живеат или Македонците што би живееле во делот на Македонија што е мнозински албански“.

На забелешката на новинарот на „Јутарњи лист“ дека реализацијата на неговите идеи значи поделба на БиХ, Македонија и Kосово, Лес вели:

– Тие држави и онака се де факто поделени, така што поделбата што ја спомнувате не е условена со реализација на моите идеи. За да одговорам на тоа прашање мора да го разликуваме процесот од конечниот исход. Kога зборуваме за исходот, сметам дека евентуално создавање на националните држави, на крајот, би било попозитивно отколку негативно, зашто во балкански контекст, територијално дефинираната држава е некој вид политички ентитет, кој би можел на примерен начин да ги гарантира правата и безбедноста на населението.

Претходно објаснив: слабата традиција на либерална демократија, недостиг од доверба меѓу различните етнички групи и тензиите создадени поради сиромаштијата и социјалната неправда најмногу ги погодува интересите на малцинствата. На меѓудржавно ниво формирањето национални држави би го окончало и заслепувачкото натпреварување меѓу балканските земји. Погледнете, односите меѓу Србија и Хрватска, Србија и Албанија или меѓу Албанија и Грција се функционални и ниту една од тие земји на претендира на територии од другата држава, а населението не се плаши дека ќе почне војна. За разлика од тоа малцинските народи во Босна, Македонија, на Kосово чувствуваат несигурност. Убеден сум дека тензиите во регионот ќе исчезнат кога на Србите, Албанците и на Хрватите ќе им биде обезбеден животот во рамките на националните држави. Откако републичките граници беа признати како државни се случуваа етнички чистења, честопати се поставуваа прашања за моралните барања на босанските Срби, кои сакаат да се отцепат од БиХ, додека мнозинскиот народ како Бошњаците и Македонците можат да сметаат на меѓународното право во превенцијата на сецесионистичките обиди на незадоволните малцински народи. Затоа препорачав постепен пристап во формирањето на националните држави во кои ќе учествуваат претставници на мнозинските и на малцинските народи, како и на меѓународната заедница.

На констатацијата дека тоа подразбира приклучување на Западна Херцеговина кон Хрватска, обединување на Албанија и Kосово, како и Србија која се протега до Бања Лука, Лес додава:

– Речиси така. Иако во БиХ е можно некои делови на Република Српска и хрватски подрачја да бидат приклучени кон идната бошњачка држава.

МАКЕДОНИЈА, БИХ И KОСОВО ЦЕЛОСНО ДИСФУНКЦИОНАЛНИ ДРЖАВИ

Својата анализа заснована на етничка географија, Тимоти Лес ја продолжува со тврдењето дека „Албанија, Србија, Црна Гора и Хрватска покажуваат оти е можна внатрешна интеграција на малцинствата“, но притоа како да заборава дека во неговиот план е отцепување и на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и спојување со голема Албанија. Затоа, пак, вели дека „во Босна, Македонија и на Kосово постојат незадоволни национални малцинства на етнички хомогени подрачја чии стремежи предизвикуваат перманентни тензии…, а сите три држави се целосно дисфункционални“.

 

Британски дипломат: Расцеп на Македонија, сценарио спроведено со надворешна и внатрешна помош

balkan-vojna

На Балканот се враќа национализмот, a кога ќе избледи влијанието на Западот, ќе настапи нова ера на немири кои ќе резултираат со прекројување на денешните граници. Бошњаците и Македонците ќе треба да ја прифатат загубата на територијата за која тие се сентиментално приврзани и тоа без значителна територијална компензација.

uck-golema-albanija-patokaz

Западот не ги трга рацете од балканскиот котел, но она што е уште полошо е силната домашна поддршка што ја добива од структури кои за лични интереси работат против националните. Такви примери има во целиот регион, но она што нас нè засега како Македонци, а пред сè како луѓе, е жешката манџа што ни ја сервираат предавниците групирани во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, под раководство на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

karta

Дека федерализацијата на Македонија и сè поизвесното воведување на албанскиот јазик како рамноправен јазик во Република Македонија не е политичка манипулација на политичкиот противник во предизборниот процес, туку реална закана која секако ќе се реализира со помош на државни институции од извршната и судската власт и странскиот фактор, постизборно сфатија и поддржувачите и симпатизерите на СДСМ. Замајани од ветувањата за живот во Македонија, на 12 декември се разбудија во неизвесна иднина.

Мрачни прогнози за балканска експлозија

Веќе стигнуваат предупредувачки и заканувачки сигнали од Запад дека на Македонија не ѝ бега нова балканска војна доколку не се реализираат намерите на опозицијата без победа на избори да ја преземе власта и да го отвори патот кон реализација на големоалбанскиот сон.

zaev-alb-dijaspora

Разно-разни аналитичари впрегнати да го ораат кревкиот терен веќе се впуштија во пласирање катаклизмични анализи за нови бегалски бранови, војни, разорувања, кои од која страна и да се погледне, ќе завршат со формирање на Голема Албанија, а во прилог им иде, секако, предавничката политика на политичките профитери и постојаната разединетост на нациите, во нашиот случај на македонската. Проклетството на разединетите Македонци да го повлечат надолу секој кој ќе се обиде да излезе од зовриениот котел, им дава елан на само повиканите аналитичари и дипломати да си играат со луѓето и да ги дробат државите како да се бисквити.

„На Балканот се враќа национализмот, a кога ќе избледи влијанието на Западот, ќе настапи нова ера на немири кои ќе резултираат со прекројување на денешните граници“, анализира Тимоти Лес, поранешен шеф на британската амбасада во Бањалука и директор на агенцијата „Нова Европа“, која се занимава со процена на политичкиот ризик во источна Европа.

Нови бегалски бранови, како оние во деведесеттите ќе го заплиснат Балканот, тврди Лес и предвидува дека хаосот ќе започне со отцепувањето на Република Српска, која на референдум ќе се спои кон Србија. Според него за развој на ова сценарио многу ќе помогне Русија, која со двете раце ќе прифати да учествува во слабеењето на моќта на Западот на Балканот.

vucic-dodik-520x308

Ова, тврди тој, ќе предизвика домино-ефект. Хрватите од Босна ќе се обидат делот на кој живеат да го спојат кон Хрватска, која сесрдно ќе им помогне. Албанците во Македонија ќе се побунат и ќе се обидат да откинат добар дел од земјата. Така проширената Албанија би го споила Косово, со што ќе се оствари вековниот сон за создавање на терористичка Голема Албанија.

Идејата за Голема Албанија во Македонија со години систематски ја реализираат албански екстремисти, а во последните години таа доби силен замав преку парламентарната проалбанска партија СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Голем поттик на оваа идеја ѝ даваат и албанските партии во Македонија, кои без разлика дали се парламентарни или не и на која ориентација ѝ припаѓаат, работат со иста агенда на иста цел – Голема Албанија. Освен тоа, не смее да се превиди и влијанието на странскиот фактор, кој е голем сојузник на проалбанската СДСМ и албанските партии во Македонија.

Апокалиптичната анализа на британскиот дипломат и лобист не запира тука. Според него, просрпските граѓани на Црна Гора, кои сочинувааат половина од бројот на граѓани на земјата, ќе побараат спојување кон тогаш вее проширената Србија. На сето тоа, Бугарија и Грција, кои демнат, апетитите за парче земја ќе ги задоволат со остатокот од колачот на веќе растрганата Македонија.

obama-dodik-putin-520x299

Русија би го искористила ваквиот епилог и значително би ја засилила својата позиција на Балканот, пред се поради традиционално добрите врски со православните земји Србија, Црна Гора, Грција, па и Бугарија.

„Голем проблем би предизвикал рапидниот раст на муслиманскиот екстремизам, кој несомнено би привлекол бројни џихадисти од Саудиска Арабија и слични земји“, тврди Лес. Имајќи предвид какви монструозни злосторства правеа џихадистите во деведесеттите години, ескалацијата на насилствата во некои делови на Балканот би била неизбежна, предупредува тој. Таквото сценарио само би ја потпалило растечката исламизација на Европа, смета Британецот.

nacionalizam-balkan-vojna-520x338

ЕУ и САД не би го признале ваквото прекројување на границите и секако би вложиле доста труд за да не дојде до тоа. Сепак, смета Лес, моќта на Западот дотогаш многу би опаднала, така што не би можел да стори ништо.

„Можеби новиот балкански поредок нема да се случи утре, но како што моќта на ЕУ се топи, така денот на почетокот на овој неизбежен судир е сè поблиску“, убеден е Лес во точноста на својата мрачна прогноза.

Улогата на Вашингтон во прекројувањето на Балканот

golema-albanija

На краток рок, Вашингтон треба да ја поддржи внатрешната фрагментација на мултиетничките држави каде што малцинствата го бараат тоа – на пример, да се прифати барањето на Албанците за федерализација на Македонија и тоа на Хрватите за трет ентитет во Босна. На среден рок, САД треба да им овозможи на овие различни територии да формираат блиски политички и економски врски со нивните поголеми соседи, како што е овозможување на двојно државјанство и воспоставување на заеднички институции, додека формално ќе останат дел од нивната постоечка состојба.

balkan-vojna-520x323

Во последната фаза, овие територии би можеле да се ослободат од своите постоечки состојби и да се обединат со матичната земја, можеби во почетокот како автономни региони. Еден хрватски ентитет во Босна ќе се спои со Хрватска; Република Српска и северот на Косово со Србија; и Прешевската Долина, западна Македонија, а и повеќето од Косово со Албанија. Во меѓувреме, Црна Гора, која може да ги изгуби своите мали албански енклави, или ќе остане независна или ќе се соедини со проширена Србија. Во остварувањето на овој план, САД едноставно ќе ја заживее на визијата Вилсон за Европа составена од самоуправни земји – освен во оној дел на континентот каде што оваа визија никогаш се применувала.

begalci-520x277

Неизбежно, ќе има потешкотии и ризици, иако не толку сериозни како оние кои произлегуваат од постоечкиот неуспешен пристап на политиките. Србија ќе мора да се прости од Косово, освен северниот дел, но надоместокот ќе биде реализација на српската нација-држава на територијата каде што доминираат Србите. Албанците на сличен начин ќе мора да се откажат од северно Косово. Попроблематично, Бошњаците и Македонците ќе треба да ја прифатат загубата на територијата за која тие се сентиментално приврзани и тоа без значителна територијална компензација.

Кој е Тимоти Лес?

timoti-les-520x365

Аналитичар, дипломат и креатор на политика во британското Министерство за надворешни работи и Комонвелтот, каде што, меѓу другото, раководел со канцеларијата на Британската амбасада во Бања Лука (Босна и Херцеговина) и Одделот за институциите на ЕУ и служел како политички секретар на Британската амбасада во Скопје (Македонија). Тој е исто така е поранешен предавач на источноевропска политика на Универзитетот во Кент и поранешен аналитичар за рејтинг-агенцијата „Дан енд Бредстрит“, каде што го покривал Балканот и поранешниот Советски Сојуз.

Рамковниот договор е спроведен, ако се отвори, следува физичка поделба на Македонија

mak-slozuvalka

Денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.

Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн го отвори, а на митинзите го повторува прашањето за отворање на Охридскиот рамковен договор. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките за да се исполни договор кој е веќе исполнет и затворен. Доколку земеме предвид што сѐ нуди Рамковниот договор и фактот дека е спроведено речиси сѐ од него, следни барања, бидејќи веќе нема што да се бара, би биле физичка поделба на државата, нејзина федерализација како стадиум пред поделба.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Ова играње со оган ќе нè изгори сите. Ова што го зборува Заев е чисто уривање на рамковниот договор. Тој е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор, смета аналитичарот Никола Србов.

-Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.

Заев директно ги поткопува државноста на Република Македонија и Уставот со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови.

Србов: Кантонизација ќе води кон физичка поделба на Македонија

nikola-srbov-izjava-1

Што може да значи тоа надградување на рамковниот договор? Тоа може само да значи федерализација или кантонизација на Р. Македонија, создавање на дводомен парламент, како што пред некое време во јавноста се слушна таква идеја, рече за ТВ Нова аналитичарот Никола Србов.

„Дводомен парламент, кантонизација, на балканските простори, познавајќи ја блиската историја води кон физичка поделба на државата Р. Македонија“, вели Србов.

Србов во гостувањето на ТВ Нова му постави и неколку прашања на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Јас навистина би сакал да го запрашам господинот Зоран Заев, бидејќи во истото тоа излагање, на тој собир кажуваше дека Македонците се виновни за сето она што го прават и нашите соседи.

  • Дали Македонците се виновни за спорот кој Грција го води против Р. Македонија и тоа дека сакаат да исчезнеме ние како човечки суштества од оваа држава?
  • Дали Македонците се одговорни што Р. Бугарија го негира нашето постоење и нашиот јазик исто како што сака да ги изнегира господинот Зоран Заев?
  • Дали Македонците се виновни што Р. Србија не го дозволува нашето право да имаме сопствена црква?
  • Дали Македонците се виновни што во 2001 година Македонија беше нападната од надвор со цел да се отцепат територии од нашата држава?

„Господинот Зоран Заев треба да биде свесен и да му биде јасно дека со ваквите изјави и со оваа политика која ја спроведува, тој гази низ сите оние жртви кои низ историјата го дале својот живот за Македонија. И на крајот, гази врз луѓето и семејствата кои се завија во црно во 2001 година, кои се бореа за да не се случува токму тоа што сега го нуди господинот Заев“, изјави Србов.

Михајловски: Намерата е да се федерализира земјата, можеби дури и пострашно, да се подели

mihajlovski-gdom-kicevo

Никогаш не било попотребно да се брани Македонија, бидејќи сме нападнати на сите полиња од социјалното живеење и од политичкиот живот, истакна Тони Михајловски на денешната трибина на ГДОМ во Кичево.

– Гледаме дека намерата е да се федерализира земјата, можеби дури и пострашно, да се подели, но основата е да се уплаши народот. Токму тоа е и една од намерите на овие дебати – да се разбие стравот кај народот, односно да се окуражи народот и да не им верува на оние квислинзи, оние кои работат против Македонија, оние кои работат за воведување двојазичност по секоја цена и на крајот на краиштата да посочиме на медиокритетите кои дојдоа на позиции кои дефинитивно не ги заслужуваат, како што е СЈО, односно целиот тим кој го води и управува СЈО, бидејќи се нестручни луѓе раководени од политичките идеи на една политичка партија СДСМ и дека воопшто не се во функција на државата и на народот на Македонија, посочи Михајловски.

ГДОМ: Заев сака поделба на Македонија и губење на македонскиот идентитет

gdom-prilep

Деструктивната политика на Зоран Заев може да ја доведе Македонија до федерализација. Идејата за двојазичност на целата територија од земјава, може сериозно да го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ и држава. Ова е ставот на Граѓанското Движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) искажан на денешната трибина во Прилеп.

Во Прилеп денеска во хотелот „Кристал Палас“ граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ одржа трибина на која говореа Тони Михајлоски, Александар Пандов и Александар Даштевски.

Според Пандов, повод за трибината е изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Македонија.

– Иницијална каписла за трибината се последните изјави во низ на претседателот на СДСМ Зоран Заев околу тоа што сака двојазичноста да биде наметната на целата територија. Должни сме да појаснеме што значат таа двојазичност и политиките што ги води СДСМ. Нивната порака е повторно поделба на Македонија, нејзина федерализација, губење на македонскиот идентитет, или како што тие најавуваат, втор охридски договор. Ние сме против тоа и сметаме дека на најдемократски начин и преку искажување на нашите ставови, а подоцна на 11 декември со пенкало во рацете, може да се спречат сите тие политики, изјави Пандов.

pandov-dastevski-gdom-prilep

Даштевски нагласи дека Граѓанското движење ќе се појави секогаш кога е потребно за одбрана на Македонија.

– Сметам дека е вистинско време да реагираме зашто оваа недела Зоран Заев се обиде да го редефинира Охридскиот рамковен договор кое е завршено прашање и ќе предизвика тензии. Охридскиот рамковен договор ги надминува меѓународните стандарди за почитување на човековите права и за употребата, пред се, на јазикот. Тоа го сметаме за затворено прашање и ова што го прави сега Заев е повторно отворање на едно прашање кое е затворено. Во спротивно се заоструваат меѓуетничките односи што пак може да создаде конфликт. Таму каде што треба двојазичност веќе има, изјави Даштевски.

ГДОМ најави дека ќе одржи трибини и во другите поголеми градови во земјава.

Пукна тиквата во СДСМ Делчево

Delcevo
Расцепот во и онака слабата општинска организација на СДСМ во Делчево деновиве доживува кулминација.
Имено, на трибината на Оливер Спасовски во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево, беше евидентно отсуството на претходниот Претседател на ОО на СДСМ во Делчево – Горан Трајковски, заедно со поголем број од членови на претходното партиско раководство, кои важат за блиски на него.

Сегашната претседателка на ОО на СДСМ Делчево, Мира Стојчевскиа, пратеник во Собрание на Република Македонија, важи за дел од фракцијата на Мирко Иванов – поранешниот градоначалник на Делчево и долгогодишен функционер на партијата, заедно со Кирчо Иванов – Претседател на советот на Општина Делчево од 2005 до 2009 година. 

Поголемиот број на приврзаници на крилото на Горан Трајковски, кој уште кога бил Претседател на ОО на СДСМ од 2010 до 2013 година, бил во конфликт со фракцијата на сега актуелното раководство на СДСМ во Делчево, комплетно ги бојкотираат партиските активности. Членовите од фракцијата на Трајковски, како што велат, не сакале да присуствуваат на трибината, која била реализирана единствено со покани на одбрани членови, кои актуелното раководство ги сметало за погодни.
Како што информираат од фракцијата на СДСМ на Горан Трајковски, во време на неговиот мандат, неговите соработници биле претежно од младината на СДСМ во Делчево. Но, откако младите социјалдемократи не биле поканети на трибината, тие најавуиваат радикализација на активностите и комплетна блокада на огранокот на СДСМ Делчево се додека таму е пратеничката Мира Стојчевска.
Затоа, младите делчевски социјалдемократи, најавуваат комплетна блокада на активностите кои ќе се одвиваат во предизборниот период, со цел да увиди централата дека старите и истрошени кадри не носат резултати и најавуваат дека состојбата во оваа општинска организација ќе доведе до најголем изборен дебакл во историјата на партијата.
Од таборот на Трајковски бараат итно разрешување на пратеничката Мира Стојчевскиа од Претседател на ОО Делчево, а во спротивно разгледуваат опции за насилно враќање во партијата преку членството или приклонување кон други политички партии каде би ги артикулирале своите политички цели.
Приврзаниците на СДСМ истакнуваат дека слична е состојбата и во поголемиот број на општински организации на СДСМ и дека токму поради ваквата внатрешна раскараност, централата се обидува да издејствува одложување на договорениот термин за избори.

Тачи: Поделбата на ДУИ е доказ дека Ахмети не дава резултати

Ahmeti-Taci

Сериозна е поделбата во ДУИ, не е толку битно незадоволниците колку функционери ќе повлечат, важно е дека таа политичка структура и платформа повеќе не дава резултати.

Ова е оцената на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за најавата на пратеникот на ДУИ, Зулфи Адили, дека ќе прави нова партија Унитети. Тачи смета и дека ударот врз лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е двоен оти расцепот во партијата му се случува додека е на власт. Според лидерот на ДПА, добро е да се шири фронтот на партии што работат на уривање на ДУИ и повтори дека ДПА е отворена за соработка со помалите партии, но оти е подобро евентуалната соработка да биде по изборите во зависност од изборните резултати.

Тој вели дека не би сакал да зборува за внатрепартиските случувања во друга партија, бидејќи тоа не го интересира, но дека го коментира политичкиот процес.

– Потсетувам на една моја изјава во 2014 година, кога Ахмети велеше ќе победиме, ќе победиме, а јас му одговорив дека што ако победите, ако твојата победа е неупотреблива, односно не дава резултати. Сега додавам дека лошите никогаш не победуваат, добрите понекогаш. Мислам дека поделбата во ДУИ е сериозна зашто таквиот внатрешен расцеп се нарекува политички расцеп. Не е важно колку функционери, пратеници, членови на претседателството ќе заминат од ДУИ, важно е дека однатре таа политичка структура и платформа повеќе нема да произведува резултати – изјави Тачи.

Тачи вели дека нема голема надеж оти отцепниците од ДУИ ќе постигнат некаков резултат.

– Но искуството покажува дека штетата ќе биде огромна за ДУИ. Ова го велам од лично искуство. Кога ова ти се случува додека си власт, штетата е двојна – вели лидерот на ДПА.

Според Тачи, расцепот во ДУИ ја покажува немоќта на раководството на партијата на Ахмети да се справат со ситуацијата и да носат политички одлуки. Тачи алудирајќи на изјавата на потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, дека партијата е во ваква ситуација, бидејќи е жртва на сопствените принципи.

– Изјавите на челниците на ДУИ покажуваат дека се однесуваат како обезглавени. Изјавите дека станале жртва на нивниот принцип – победниците на изборите да формираат влада, е политичка немоќ и излез гледаат во друга политичка партија, односно кај ВМРО-ДПМНЕ или кај СДСМ иако повеќе ми изгледа дека спас бараат во СДСМ. Тоа не е важно, важно е дека таквата позиција укажува на политичка немоќ на партијата да донесува политички одлуки. Може кој сака да победи на изборите, ако формирањето на владата зависи од мене, јас ќе ги поставам моите услови и во рамките на политичкиот дијалог ќе ги наметнам ставовите на мојата партија како дел од агенда на новата влада – вели лидерот на ДПА.

ДПА ќе соработува со сите што ја рушат ДУИ

Тачи повтори дека ДПА е отворена за соработка со сите партии на кои целта им е уривање на ДУИ и на Ахмети. Тој цени дека штетата ќе биде огромна за ДУИ, оти според него, партијата на Ахмети веќе изгубила четири пратеници и тоа без никакви активности на незадоволниот дел.

– Вратата за соработка со помалите партии е отворена, но треба да се почитуваат некои процедури. Точно е дека јас сум лидер што Ахмети успеал да ме згази, но и јас сум единствениот што му даде солиден отпор на Ахмети. Секој што ќе работи за ДУИ да изгуби на изборите, ако јас победам, ќе биде дел од тимот. Полесно ќе биде да се договориме по изборите според освоените резултати – вели Тачи.

Извор: Дневник
Пишува: Мариела Траjковска