Колумна на Џејсон Мико: Хојт Ји и Бејли не ја одразуваат политиката на Трамп

Во 2003 година, поранешниот американски конгресмен Њут Гингрич, кој беше спикер во Претставничкиот дом од 1995-1999 година, одржа говор во конзервативниот тинк-тенк „Американ ентерпрајз институт“ во Вашингтон. Неговиот говор беше наречен „Одметнатиот Стејт департмент“ и во него тој напиша: „Низ целиот свет се шири антиамериканското чувство со несмалена жестина бидејќи американскиот Стејт департмент се откажа од вредностите и од принципите во корист на удобноста и на пасивноста. Стејт департментот мора да помине низ културен шок, низ темелна трансформација која ќе го претвори во поефикасен комуникатор на американските вредности во светот и ќе го стави подиректно под контрола на американскиот претседател. С` помалку од тоа би претставувало мечкина услуга за нацијата“. Ништо значајно не се смени оттогаш.

Хојт Ји и Џес Бејли се примери за таа одметната култура. Претседателот Трамп во своето инаугуративно обраќање рече: „Ќе се стремиме кон пријателство и добра волја со нациите во светот, но ќе го правиме тоа сфаќајќи дека право на сите нации е да ги стават на прво место сопствените интереси. Ние не сакаме да му го наметнеме својот начин на живеење никому туку да му дозволиме да блесне како пример што секој ќе го следи. Ќе ги зајакнеме старите сојузи и ќе формираме нови – и ќе го обединиме цивилизираниот свет против радикалниот исламски тероризам што целосно ќе го избришеме од лицето на Земјата.“ Јасно е дека дејствувањата на Бејли и на Ји не ги одразуваат политиките на претседателот Трамп.

За причините за тоа ќе зборуваме другпат. Сега мора да се справиме со ситуација во која повеќето Македонци се бесни на САД и на ЕУ и во која недовербата кон македонските институции дополнително се зголеми. Нивното координирано признавање, неколку часа по измамничкото гласање (откако седницата за тој ден беше затворена, со акламација, без мнозинство и без записи) придонесува за влошувањето на ситуацијата во Македонија. Тие се делумно виновни и за крвопролевањето – минато, а можеби и идно. И не сомневајте се: целата оваа епизода беше координирана. Секој што ќе ви каже поинаку е лажго.

Повеќето од западните амбасади и амбасадори објавија повеќе изјави и масовно ги искористија социјалните мрежи за да објават дека нивните влади го признале „изборот“ на Џафери. Министерот за пропаганда на Хитлер, Јозеф Гебелс, своевремено рекол: „Kога човек лаже, тоа треба да биде голема лага и тој треба да се придржува до неа“. Па сепак, во момент на апсолутна вистина, сите тие приватно ќе признаат дека тоа не е вистина. Всушност, јас повеќе би ги почитувал ако тие едноставно ја кажат вистината и речат: „Не ни се допаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ и сакаме да си заминат.“

Уште една работа што треба да се земе предвид: кога „меѓународната заедница“ ~ вели на Македонија дека ако им се покори, тие ќе помогнат во „гарантирањето“ и обезбедувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, јас имам само едно нешто да кажам: Резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН. Ако се сеќавате, оваа реолуција го „гарантираше“ суверенитетот на тогашната Федеративна Република Југославија. Додека не престана да го прави тоа. Лекцијата од тоа е дека изјава од „меѓународната заедница“ за тоа како тие ќе го штитат и обезбедат суверенитетот на Македонија не вреди ни пет пари. Единствените луѓе што може да го гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија се Македонците! Ако има пријатели што сакаат да помогнат, нека помогнат. Но да се потпреш на „меѓународната заедница“ е пукање во празно.

Еве што ќе се случи во следните десет дена: СДСМ и неговите тирански господари ќе се обидат да состават, незаконски, влада. Тие ќе се координираат со амбасадите на САД и на ЕУ, меѓу другите, за тие веднаш да ги признаат во моментот кога едноставно ќе се прогласат себеси за „влада“. Kога ќе бидат во владата, тие веднаш ќе почнат да ја имплементираат тиранската платформа. Во исто време ќе се обидат, подеднакво незаконски, да го отстранат претседателот Иванов од функцијата. И повторно, ќе соработуваат со амбасадите на САД и на ЕУ за да го признаат и да го благословат овој потег. Сето тоа ќе биде координирано.

Kако да го спречиме ова? Освен со војна, што никогаш не е добра опција затоа што сите губат, има неколку тактики што би можеле да помогнат. Првата е да се поднесат тужби против „изборот“ на Џафери. Поднесете што е можно повеќе тужби против колку што е можно повеќе луѓе. Второ, во парламентите и во САД и во ЕУ, би можеле да се поведат истраги за „изборот“, да се побараат сослушувања и целиот процес треба да биде преиспитан од законодавството и од пријателски настроените претседатели и премиери. Трето, мора да продолжиме да им ја раскажуваме приказната на сите што сакаат да слушнат – и ова ќе помине.

За крај, би сакал да им оддадам признание на македонските патриоти што изминатите два месеца протестираат мирно, со радост и доследно против тиранската платформа. Огромна почит за нив и се надевам дека ќе продолжат. Но еден инцидент во четвртокот, во екот на битката, ме потсети дека во нивната срж, има огромна доблест кај тие што ја бранат Македонија (иако сфаќам дека страста и бесот, во ваква ситуација, не се правилни и не решаваат ништо): пратеникот Влатко Ѓорчев и министерот за здравство Никола Тодоров со своите тела ги штитеа Заев и членовите на неговата опозиција од толпата. Го сторија тоа за да го ублажат насилството. Но тоа што го направија беше несебично и доблесно и покажува дека во нивните срца има доблест. Доблеста е во срцата на сите што сакаат да ги одбранат интересите на Македонија, почнувајќи прво и пред с` со суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Тусон, Аризона, и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)

Велиновска: Дури и да се направи влада меѓу СДСМ и ДУИ, таа нема да трае – Народот ќе си ги превземе институциите

Новинарката Мирка Велиновска во своето гостување во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов емитувана вечерва, коментирајќи ги актуелните политички случувања вели дека не мисли оти ќе се направи влада меѓу СДСМ и ДУИ, но дури и под претпоставка да се направи, Велиновска додава дека таква владе нема да трае.

-Не мислам дека ќе се направи Влада помеѓу СДСМ и ДУИ, но иако се направи, еве сега за сите варијанти да зборуваме, таа влада нема да трае, значи нема да трае. Дали народот сам, дали претседателот на државата, дали комбинирано, сите ќе си ги превземеме институциите, воопшто да не чекаат дека Америка ќе реагира и ќе ги спасува, изјави Велиновска.

На прашањето на Ефтов „Ако велите деа Обама и целата таа екипа ќе одговара за велепредавство во Америка, како контракторите или извршителите нема да одговараат во Македонија, односно ќе формираат влада?“, Велиновска вели:

-Нема да формираат, овие што се од Амеирка маринци ќе ги спроведат горе, тие што се домашно потекло нашите органи и служби ќе си ги третираат…

Велиновска смета дека она каде што е поразена ЦИА се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и македонскиот народ кој го гласал него. “Злосторот“ на Груевски, додава Велиновска, е тоа што му ги исправил ‘рбетот на Македонецот.

Пo препорака на Обама: СДСМ најмил маркетинг експерти од САД да му ја водат кампањата (ВИДЕО)

Администрацијата на Обама најмила двајца маркетинг-експерти да му ја водат кампањата на СДСМ за изборите од 11 декември, пишува Република.

Двајцата експерти за маркетинг и политички кампањи од САД биле ангажирани од СДСМ, по нарачка на тогашната администрација на САД, да помагаат и да ја водат кампањата на СДСМ за изборите од 11 декември, обелодени новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов емисијата „Во Центар“.

erik-barns-2-520x488

kim-devil-4-520x520

-Ерик Барнс и Кимберли Девлин се двата експерти за маркетинг и политички кампањи, кои беа донесени во Република Македонија и кои требаше да гарантираат победа на опозицијата на изборите на 11 декември. По две одлагање на изборите на 26  април и на 5 јуни минатата година, на изборите на 11  декември САД и целата меѓународна заедница не сакаа да се случи никаква грешка и требаше да дојде до победа на опозицијата на тие избори. Затоа овие двајца експерти беа донесени од САД, едниот од Вашингтон, едниот од Хјустон, да помагаат и да ја водат кампањата на СДСМ. За жал на меѓународната заедница СДСМ и опозицијата не победија на тие избори, вели Ефтов.

erik-barns-2-520x488.jpg1

kim-devil-2-520x810

На социјалната мрежа Фејсбук на профилите на двајцата експерти има и фотографии од митинзи на СДСМ. Едниот од нив, Ерик Барнс, е сликан на митингот на СДСМ во Скопје, што само ја поткрепува тезата дека експертите за политички кампањи и маркетинг биле во функција на СДСМ за изборите од 11 декември. СДСМ ќе треба да одговори од чии пари и колку биле платени двајцата експерти од САД имајќи предвид дека СДСМ нема пријавено дека користел услуги од видни експерти од САД. Затајувањето на оваа информација отвора сомнеж дека маркетинг експертите можеби биле платени на друг начин.

kim-devil-7-520x924

Досега многупати пишувавме дека постојат индиции дека кампањата на СДСМ е финансирана од непријавени и нелегални извори, а СДСМ досега не даде одговор за потеклото на парите.

Порталот Нетпрес минатава недела објави неколку текста за финансиските малверзации на СДСМ, во кои пишува дека СДСМ направиле фингиран извештај со фингирани суми  на име исплата за разни услуги.

Стефан Влахов Мицов: Стоп за албанскиот политички тероризам

Платформата на албанските политички партии во Македонија е во функција на продолжување на кризата кај нас. Нејзините ултимативни барања не се ништо друго туку најгруб политички тероризам, кој албанските политички команданти го интензивираат и практикуваат посебно од 2001-та наваму. За нив всушност како и да не завршил тероризмот од почетокот на милениумот, туку сега е само преоблечен во политичко руво, користејќи се со филозофијата на хиената за да му нанесат завршен удар на наслабнатиот, ранет и разединет македонски народ.

Барањата во албанската платформа се дрско уценувачки. Прво: Охридскиот рамковен договор. Тој е одамна исполнет над нормата и вклопен во Уставот,  договорот кој за Македонците, за жал, е капитулантски. Притоа, ајде, малку беше тој, па основавме и паразитско Министерство за негово исполнување, кое потроши купишта народни пари и за некои белосветски гробари на Македонија од сортата на македономрзецот Питер Фејт.

Второ: се бара крунска потврда за Албанците во Македонија како државотворен народ, иако е, за жал, тоа веќе е факт уште од почетокот на деведесеттите. И тоа е случај без преседан во светот, едно малцинство да се прогласи за државотворен народ, без да има какво било историско и етичко право на тоа. Ако е така, како што го замислија тоа Вашингтон и Брисел, ајде нека бидат во Франција, на пример, државотворен народ Арапите, а во Германија Турците кои што ги има неколку милиони, или Индусите и Пакистанците во Англија итн.

Трето: јазична еднаквост. Албанците во Македонија надстандардно ги уживаат јазичките права. Сегашниот притисок за двојазичност на целата територија исто така се вклопува во филозофијата на хиената за целокупна албанизација на македонската територија. Тоа е целта и на Еди Рама новиот балкански и европски Милошевиќ.

Четврто: дебата за знамето, химната и грбот, барање  што удира силеџиски врз изворните симболи-архетипови на македонскиот идентитет, со намера истиот да се ликвидира. А што друго. Или на местото од Гоце, Карев и Даме во химната сега да ги ставиме Џемо и Мефаил, а меѓу нив во средина и Еди Рама.

Петто: вклучување на албанските политички команданти во преговорите за името со Грција. Безобразно и безумно барање. Македонски манифест ним им порачува да ги држат што подалеку нивните валкани раце и намери од она што ни е најсвето – праизворот од кој пиеме животворна вода на нашето постоење.

Шесто: соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување(!?), иако меѓу нив и Македонија, за жал, и сега постои само фиктивна граница преку која кога сакаат можат да дојдат неканетите гости во Диво насеље и кај што ќе посакаат на друго место.

Врв пак на ирационалноста на албанските политички команданти кај нас е нивното барање за усвојување на Резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956, периодот во кој, имено, Македонците преживеаја неколку геноцидни потфати врз нив. Убаво барање. Убава Резолуција. Не ни останува ништо друго освен да го цитираме Крлежа, кој со право вели дека и „глупоста е метафизички факт“. Односно може да биде беспрекорно совршена, како што е и ова барање во албанската платформа која е некој вид на коктел од триумфализам и фрустрација. Најлошата хемиска комбинација.

На крајот, кој треба да биде одговорот на Македонците на таа крајно дрска политички терористичка платформа на албанските политички команданти, сега марионетки на надкомандантот Еди Рама, новиот балкански и европски Милошевиќ. Прво: Македонците на ова треба решително да кажат НЕ, макар и по цена на заканата за нова 2001, која е очигледна во поттекстот на албанската платформа. Второ: тоа треба да биде последен сигнал за цврста кохезија на Македонците за одбрана на своите национални интереси, име и идентитет. За одбрана на нивната историска меморија на која ѝ се заканува укинување и од надворешни силници, а кон кои сега отворено им се приклучуваат и албанските политички команданти во Македонија со нивната платформа со терористички мирис. Трето: да си го заземат Албанците во Македонија местото на малцинство, а не на државотворен народ за што немаат ни историско ни етичко право, на начин како што е тоа во западните европски држави. Оти Македонија е единствен пример во светот каде една малцинска група бескрупулозно, за жал со нејзините западни спонзори, го уценува мнозинството. Но Запад допрва ќе ги собира горчливите плодови на неговиот мрачен експеримент со Македонија и Македонците кои, иако со многу жртви, ќе се одбранат како што и досега многупати се одбраниле во неблагонаклонетата историја. Македонски манифест за тоа мисли дека е конечно време и повикува за создавање на Семакедонски фронт за одбрана на своето постоење.

На крајот Македонски манифест ги повикува албанските политички лидери да ја повлечат својата, и на Рама, нереална, шизофрена платформа и да запрат со фрлањето отров во душата на обичните невини Албанци. Конечно и нека не бидат марионетски џуџиња во валканите политички дланки на Еди Рама.

Дали амбасадорите имаат мандат да ја претставуваат својата земја во Македонија или да бидат власт?

Дали странските претставници во Македонија имаат мандат да ја претставуваат својата земја или да бидат власт во туѓа? Ова е прашањето кое се наметнува во јавноста откако странски амбасадори и други меѓународни претставници изминативе години директно вмешуваат прсти во внатрешната државна политика.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при објавувањето на прогласот изјави дека државата мора суверено да ги носи одлуките и потенцираше дека „некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата“.

Бејли во ДИК

-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа, рече Груевски и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ.

zaev-italijanski-ambasador

Мешањето на странските амбасадори не е нешто ново кога Македонија е во прашање, смета експертската јавност. Сегашни и поранешни амбасадори на САД, ЕУ, но и други држави, изминативе години директно се вмешуваа во македонската внатрешна политика, но и вршеа притисок не само врз законодавната власт, туку и врз извршната и судската власт.

bejli-zvrlevski

Политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека листата на работи кои странците ги имаат направено во Македонија е многу долга.
-Ние имаме многу лошо искуство и во минатото, во цели 25 години мината историја која ја има независна Македонија, но тоа изразено го видовме во последните 2 ипол години. Беа толерирани највандалско и најхулиганско однесување на луѓе кои беа предводени од политичката партија СДСМ и платени од соросовите граѓански и невладини организации, вели Пандов.

bejli-naroden-pravobranite

На сето тоа, нагласува политичкиот аналитичар, меѓународниот фактор и странските амбасадори воопшто немаа никаков збор да кажат, а сега откако некој се обидува на нелагален начин да ја украде волјата на граѓаните, тие наоѓаат забелешки на реториката, не на однесувањето, туку на реториката на одредени луѓе кои се обраќаа.

на средба со јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски

-Дополнително би сакал да потенцирам, еве да речеме господинот Бејли, па он нели е во можност да ги слушне јасно и да ги препознае политиките кои сега новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги прокламира, а тоа е дека американската држава и дипломатија немаат намера да се мешаат во бутање на странски влади и во работењето на странски држави, туку дека единствената причина поради која постојат тие странски амбасадори, е за да ги подобрат меѓудржавните односи помеѓу САД и во даденава ситуација- Македонија. На сите тие пари со кои располага американскиот амбасадор преку соросовата фондација, секако дека и он има влијание во нејзе, не гледам дека работат на развивање на пријателски односи, напротив гледам дека и тој и фондациите кои се под негова контрола, работат се за правење на лоши односи меѓу двете држави, дури слободно можам да кажам дека е и еден од главните чинители на оној изборен инженериг кој се случуваше, пред, за време и постизборно во Македонија, вели Пандов.
bejli-vrhoven-sud

fuere-sudii

Британскиот амбасадор Чарлс Герет на прес на СЈО

riker-ustaven-sud

zbogar-lidija-nikolova

eu-ambasador

aivo-orav-lidija-nikolova

fuere

Божиновски: Во политиката 1+1 не е 2

Прашањето околу двојазичноста би требало да се набљудува најмногу од политички аспект, односно од тоа колкава штета или корист ќе им донесе на СДСМ, смета професорот Владимир Божиновски.

-Претпоставувам дека базичната теза од која тие тргнале е тоа дека гласачите кои не се Албанци, а го сочинуваат најголемиот дел од гласачите на СДСМ се сигурни гласачи. Сега во неможност да се покачи рејтингот се оди кон определен обид за привлекување гласачи од оној дел од каде досега не се црпеле гласови, односно од кај албанските граѓани. Тие мислат дека ќе успеат да ги привлечат на својата страна, а нивните членови и приврзаници ќе останат лојални и ќе гласаат за нив. Во политиката неколку пати се покажа дека 1+1 не е 2. Тука е проблемот, СДСМ не сметаат дека некој после овие изјави можеби ќе го промени ставот“, изјави Божиновски.

Колумна на Ирена Радовановиќ: „Авангарда“ во уништувањето на Македонија

Политика на СДСМ

Имејловите што ги објави „Викиликс“ откриваа дека кандидатката на демократите Хилари Kлинтон гледа со презир на обичните луѓе. Токму обичните луѓе ~ пресудија на изборите во САД. Гласовите ги дадоа на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп. Kлинтон, зад која застанаа крупниот капитал и речиси сите водечки американски и европски медиуми, изгуби токму од оние што ги гледа од високо и со презир. А токму со таквите како Kлинтон, на Трамп му претстои уште поголема битка сега по изборите – да го сруши нивниот востановен систем негуван со децении. Систем преку кој американската елита не владееше само со САД, туку и со светот. Систем во однос на кој македонскиот граден со децении му доаѓа како мачкина кашлица. Да кинеш мрежа која со години била плетена од кастата која си ја присвоила државата и себе си се прогласила дека единствената што умее да владее, дека е единствената што знае што треба да се стори во државата, воопшто не е лесно.

Kај нас децении наназад владееше Kомунистичката партија, која пред две и пол децении се нарече демократска, па се преименува прво во СKМ – ПДП, а подоцна во СДСМ. И не е јасно како заменичката на Заев не се препозна во тој систем кој владееше во Македонија, туку се пронајде во она што сега се случува во САД, па рече дека медиумската поддршка не е доволна кога народот ја изразува волјата како што ќе биде на 11 декември во Македонија. Точно е дека најважна е волјата на народот, тој истиот народ веќе десет пати им кажа на Шекеринска и на нејзините сопартијци дека нема да им ја даде власта. Малку изненадува тоа што одеднаш за Шекеринска не е битна медиумската поддршка оти со години слушаме дека СДСМ губел на избори само затоа што медиумите не му биле наклонети. Па се формира дури и ад хок-тело кое треба да мери балансираност. Од СДСМ веќе деценија чекаат медиумите да ги донесат на власт така што ќе удрат жестока негативна кампања против власта. Сега Шекеринска пее друга песна. А таа песна на многумина им е одамна позната – медиум не може да те донесе на власт ако ти ветуваш дека за шест месеци ќе го решиш името или, пак, нудиш двојазичност со што ги поттикнуваш албанските партии на уште порадикални барања. И кога македонска партија ветува двојазичност зашто ДУИ и ДПА да не побараат поделба на државата.

Заев смета дека биле „авангарда“ со ставањето Албанци на нивните листи и нудењето на двојазичност на целата територија. Точно е дека СДСМ е „авангарда“, но „авангарда“ во уништување на Македонија. „Авангарда“ беа и кога го променија знамето, Уставот, го скроија Рамковниот договор, ги прекроија границите по етничка линија, сега уште остана да воведат двојазичност и „авангардно“ да го сменат името.

„Авангарда“ беа и кога со Шекеринска не се ставија на листите за пратеници пред две години, што дотогаш се немаше случено првите луѓе на партијата да не се носители на листи.

Шекеринска тогаш објаснуваше дека биле стар и истрошен кадар. Стар и истрошен кадар со багаж за да бидат на кандидатските листи за пратеници, а нов и свеж да бидат лидери на партијата. „Што би рекле граѓаните кога би ме виделе мене на листа?“, заклучи Шекеринска во едно интервју дадено за една интернет-телевизија.

Kако успеаја со Заев да го тргнат багажот и по две години да не се стари и истрошени, не е јасно. Јасно е само дека имаат намера да ги тргнат сите оние што сега во партијата им се гледаат како што тие се гледале пред две години – стари и истрошени. Оние што ќе се побунат против нив ризикуваат „случајно“ на „Јутјуб“ да се најде нешто од материјалите на Заев што може да им ја наруши честа и угледот.

И во тоа е Заев „авангарда“ оти му се може. Тој си има чадор. Но, чадорот му прокисна. Нови ветришта задуваа во САД. Да се надеваме дека Доналд Трамп и да не направи нешто добро за Македонија, барем нема да се меша во внатрешните работи и ќе го остави народот да одлучува кој сака да го води, а не да креира кризи и преку своите марионети да се обидува да тргне од власт лица што не играат по негово.

Пишува: Ирена Радовановиќ за Дневник

Димовски: Фрапирани сме од злоупотребата на деца од страна на СДСМ во изборните кампањи

Ние сме фрапирани од последниот настан кој се случи во училиштето „Коле Неделковски“ каде што портпаролката на СДСМ очигледно, според тврдењата на родителите и на ученикот, учествувала во некаква си организација на политички реклами, кампањи  и антикампањи во кои што се вклучени ученици, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние не сме изнандени и тоа сакам да го потенцирам. СДСМ во Велес неколку години наназад работи по истата патека и измислуваат примери и не би сакал да коментирам премногу затоа што се надевам дека институциите брзо ќе го решат овој инцидент и ќе се најде правиот одговор на тоа што се случило и како во иднина на никому воопшто да му падне на памет да го прави без разлика дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ или некоја трета партија и јасно се знае дека партиите не смее да ги злоупотребуваат децата и учениците во своите партиски активности, потенцираше Димовски.

Данев: Случајот со Спасов е класична местенка, аболицираниот Заев наметнува политика која се базира на насилства и подметнувања

Целата македонска јавност вчера виде до каде се подготвени да одат политичко – криминалните структури на СДСМ. Целата македонска јавност се увери дека СДСМ политиката ја гледа само како поле на кое што со конструкции и црни сценарија ќе се манипулираат граѓаните. Целата македонска јавност повторно на дело ја виде деструкцијата на аболицираниот Зоран Заев и неговите најблиски соработници. Сега секому му е јасно дека случајот со Диме Спасов е класична криминално – полициска местенка. Сега секому му е јасно дека СДСМ го бараше министерството за внатрешни работи заради реализација на ваквите местенки и злоупотреба на полицијата во партиски апсолутно партиски цели, изјави Драган Данев на прес-конференција.

Во продолжение следува видео и интегрален текст од прес-конференцијата на Данев

Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Заев одамна го окупираа СДСМ. Аболицираниот Зоран Заев наметнува политика која се базира на местенки, насилства и подметнувања. Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Зоран Заев проценија дека треба да се склучи пакт со криминалците кои го нападнаа министерот Диме Спасов, да се прикрие нивното насилство и да се организира медиумски линч на Диме Спасов. За реализација на ваквото сценарио беше задолжен токму оној кој не успеа да ја прикрие Фабриката за афери на Захир Бекири – Чауш, генералниот секретар Оливер Спасовски, кој аболицираниот Заев го постави за технички министер во МВР. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски не беше сам во оваа конструкција. Тој го ангажираше партискиот послушник Примислав Димовски и неговите соработници во алфа единицата за изведување на оваа операција. Тие беа на иста страна со криминалците додека вперуваа оружје кон министерот Диме Спасов.

СДСМ е должен да одговори кои се криминалците кои стоеја зад алфите, се потсмеваа и им дофрлаа додека овие со оружје се закануваа кон Диме Спасов? Која е целта на нивното присуство таму и која е цената на нивниот ангажман.

СДСМ и медиумите кои им се под контрола цела недела ја лажеа јавноста, изнесувајќи неточни информации под палката на генералниот секретар во МВР. СДСМ и медиумите под нивна контрола се исмеваа и ги манипулираа граѓаните дека Диме Спасов измислувал напад, а дека криминалците кои го гонеле биле негови жртви. Срамно и недолично и за партијата и за медиумите под нивна контрола. Стандардите ги спуштија до самото дното. Сега целата јавност виде дека судар немало, а полицијата вперува оружје.

После снимките кои вчера излегоа во јавноста никој во земјава не се чувствува безбедно. Сите видоа дека веќе нема полиција, додека СДСМ раководи со министерството. Сите видоа дека криминалците и луѓето на Оливер Спасовски повторно се на иста страна. Сите видоа дека за сопствената безбедност мора да се грижат сами, бидејќи фокусот на СДСМ и нивниот генерален секретар е конструирањето афери, монтирањето случаи и соработката со криминалци. Се наметнува прашањето кого следи полицско – криминалното подземје на СДСМ и кој е следната жртва што ќе ја одберат.

Оливер Спасовски, Примислав Димовски и остатокот од партискиот тим на аболицираниот Заев во МВР мора да си заминат од таму. Само така ќе се врати безбедноста и довербата во полицијата.

Ушковски: СЈО да им ги остави митингашките пресови на политичарите

БРАНКО УШКОВСКИ, ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Дел од медиумите се претворени во алатка за политичка пропаганда на одредена политичка структура, со пренесувањето на незаконски снимените и прибавените материјали, што е спротивно на законот, вели поранешниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски.

Тој додава дека тоа го прават т.н. критички настроени медиуми спрема власта, а објавувањето на материјалот под изговор за слобода на медиумското изразување, со што презентираат непотврдени содржини од прислушуваните разговори. Во овој контекст сериозни забелешки има и за СЈО, за како што вели митингашко-популистичките пресови.

– Сите ние што укажуваме дека медиумите ги прекршуваат новинарските принципи и етички кодекси при работата, свесни сме дека тоа е борба меѓу Давид и Голијат. И не сме во можност во која било област, па и за судството, временски да им парираме во однос на нивната 24-часовна програма, во која овие медиуми може да протежираат многу невистини – вели Ушковски.

Поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник