Полициската потера траела 45 минути: Десет мигранти пронајдени во возило близу Струмица

Десет мигранти се пронајдени во возило и три во непосредна близина. Откако полицијата дала сигнал на возилото да застане, возачот со зголемена брзина упатил по регионалниот пат кон Струмица.

Вчера од 20 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полицската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензинската пумпа од правец кон с.Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила, „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај с.Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон с.Попчево.

Во 20:45 часот на шумскиот пат во близина на браната во с.Водоча, возачот на Форд Мондео излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон с. Водоча-Струмица. При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.

Спасовски да поднесе оставка: Скандалозно е да се случи такво убиство и три дена никој да не преземе ништо

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака.  Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице. Прашањето што се поставува во моментов гласи, кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле, запраша Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Министерството за внатрешни работи го нема. Исчезна и Оливер Спасовски кој љубеше да држи прес конференции за мачки што гребеле автомобил. Граѓаните се загрижени за сопствената безбедност заради неефикасноста на полицијата командувана од кадри на СДС. Се поголеми се и сомненијата дека намерно се одолговлекува со истрагата. Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи? Веќе 3 дена граѓаните се во страв и загрижени за нивната безбедност, а медиумите и невладините организации се плашат да прашаат зошто Оливер Спасовски спие, рече Наце и додаде:

„Пред 3 дена се случи убиство на најбрутален начин со 5 куршуми во главата на младо момче, пред полно кафуле и голем број очевидци, а убијците се на слобода и во бегство. Целиот град зборува и околу мотивите и околу сторители на убиството, само МВР ништо не знае. Медиумите веќе и пишуваат дека се работи за луѓе со дебели криминални досиеја, блиски до СДСМ и новата Влада. Дури и новинарите блиски на СДСМ како Сашо Ордановски предупредуваа дека СДСМ треба да си ги заузда рекетарите со дебели вратови и тетоважи кои ја имаат полициската поддршка да дивеат низ град. Едно семејство е завиено во црно, згасна животот на младо момче кое брутално беше убиено, а утре тоа може да биде било кој. Убијците се охрабруваат со несоодветното и бавно постапување на МВР. Тоа е цената што сите ја плаќаме на политичкото разместување на професионалците и поставувањето на неспособни партиски кадри на нивно место. Тоа е цената што сите ја плаќаме за ослободувањето и соработувањето со криминалците кои добија свој заштитник во полицијата и хунтата на Заев“.

Со доаѓањето на власт на СДС, потенцираше Нацев, мафијата си доби своја држава, а Скопје стана арена на мафијашки пресметки каде единствено важи законот на оружјето.

-Откако дојде СДСМ на власт изминативе пола година видовме еден куп запалени и изрешетани автомобили, грабежи на банки и пошти, сквернавења на гробишта и пукање по улици, убиство на кандидати од локалните избори, а не е разрешен ниту еден случај. Скандалозно е да се случи убиство пред преполно кафуле, на улица, пред десетици минувачи, убијците да си заминат и три дена никој да не преземе ништо. Морално и чесно би било, неспособниот Оливер Спасовски веднаш да си даде оставка и да ја препушти функцијата на некој што не би бил во коалиција со криминалот.

СДСМ продолжува го користи МВР во партиски цели: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источна Македонија се повикуваат на распит

Владеачката партија СДСМ во изминатиов период пред изборите и за денот на двата изборни круга ја искористија целата државна машинерија, со која дојдоа до победа на овие избори. Изборите кои се одржаа пред две недели и вчера не се признаени од две парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, додека уште една парламентарна партија, Беса, бара предвремени парламентарни избори. Како еден од белезите на овој изборен процес во Македонија сигурно ќе остане целосното активирањето на полицијата во партиски цели на СДСМ.

Според нашите информации, користењето на полицијата во партиски цели за СДСМ не заврши со завршувањето на изборите, владеачката партија повторно го користи МВР, со кое раководи потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, за свои цели. Во текот на вчерашниот ден, но и денеска во полција се повикуваат активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источниот дел на Макдонија, од градовите Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, од општините Чешиново и Облешево.

Според нашите информации ова е само продолжување на притисокот кој се случуваше во текот на вчерашниот ден, како и во текот на целата кампања. Во полициската станица во Кочани се повикан- повеќе лица, кои важат за симпатизери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, врз кои полицијата врши притисоци.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера не ги призна овие локални избори, кои ги прогласи за најнедемократски досега во Македонија, а како еден од примерите дека овие избори се далеку од фер и демократски е фактот, што според него СДСМ, за овие избори си ја стави полицијата во целосен партиски погон. Груевски кажа дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.

-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден беше Груевски.

Дека полицијата имала свое влијание во изборниот резултат смета и претседателот на ЗНМ, новинарот Несер Селмани. Тој на Фејсбук напиша дека Македонците гласале како што им наред полициската држава, а дека кај Албанците победила заробената држава.

-Кај Албанците победи заробената држава. Моите сограѓани Македонци, гласаа така како што им нареди полициската држава. Не им наштетивте на моите Албанци, туку на Македонија, како што Вие ја сакате. Нека Ви се среќа криминалците од мојот род! Фала Ви што ни ги отворивте очите! Вие ги изгубивте највредните Албанци! Среќно!, напиша Насел Селмани на Фејсбук.

Во текот на целата кампања медиумите јавуваа дека полицијата место да го спречува ги чува активистите на СДСМ додека го прекршуваат изборниот законик, давајќи поткуп на граѓаните. Еден од примерите каде што полицијата претставуваше заштитник на владеачката партија можеше да се види и со фотографии во Крива Паланка.

Имено на фотографиите до кои стигна тогаш поралот „Денешен“, се гледа како активисти на СДСМ делат зејтин како поткуп, а во нивна придружба, би можело да се каже нивни чувар е службено возило од МВР.

Синиот автомобил Шкода е во сопственост на МВР

Директното мешање на полицијата со партијата, за СДСМ не беше само пракса во текот на кампањата, тие и на изборниот ден ја искористија полициајта за на разни начини влијаат врз луѓето да ја дадат поддршката за нивните кандидати.

Вчера од рано утрото во Штип бувално вриело полиција низ улиците на градот. Полицијаци застанувале возила и граѓаните, објави вчера порталот „Денешен“.

Граѓани на Штип испратија фотографии до редакцијата на „Денешен“ на кои јасно се гледа дека полицијата се обидува да направи опструкции.

Покрај тоа што полицијата беше директно уклучена во изборниот поткуп и во притисоци врз гласачите на денот на изборите, таа и во текот на кампањата може да се кажа дека падна на испитот за својата работа. Имено, голем број на нерегуларности кои што се случија во текот на кампањата не се решени, а дел од граѓаните коментираат и дека не ни гледаат дека полицијата има идеја да ги истражува и реши. Инаку во текот на оваа кампања еден кандидат за градоначалник доби скршен череп, еден градоначалник ќе беше прободен со нож, убиен беше носител на советничка листа, искршени штабови, но полицијата како за поткупите и за овие, како и за сите други прекршувања на изборниот законик молчи.

ПРВО МУ ВПЕРИЈА ПИШТОЛ, СЕГА ГО ПРИВЕЛЕ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Јанчев вечерва задржан во полициска станица

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кавадарци Митко Јанчев вечерва бил задржан повеќе од еден час во полициска станица.

-Поминаа триесетина дена откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци беше застанат од полиција и му беше вперено оружје и беше малтретиран. Нема никаква одговорност, ниту дисциплинска постапка. Веќе еден час повторно вечерва го држат во полициска станица. Тоа е СДСМ и нивното спроведување избори, истакна вечерва од Могила, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Засега не е познато зошто Јанчев бил задржан повеќе од еден час во полициска станица. Според последните информации Јанчев пред малку заминал од полициската станица, а сето ова може да се протолкува како уште еден притисок од страна на СДСМ и нивната партиска полиција во пресрет на вториот круг од локалните избори.


Стравот на СДСМ кулминира, полицијата на Заев му вперила пиштол на глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ!

Груевски: Станавме држава каде полицијата наместо да ги апси криминалците, таа ги штити

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во друштво со кандидатот на партијата за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војлески беше на средба со граѓаните од оваа општина. Груевски кажа дека тој е човек кој добро го познаваат, човек кој покажал како со многу ограничени средства може да се направат многу проекти.

-Тој е проверена работа, проверен избор, избор кој што нема да ве изневери. Потребно е во недела да се излезе масовно и на обидот да втеруваат страв да им се одговори со вмровски пркос. Ние не сме се исплашиле од многу поголеми противници низ историјата гледано, а најмалку од овие неранимајковци и неспособни луѓе, изјави Груевски.

Тој ги повика граѓаните да не потпаѓаат под заканите, уцените и поткупот, да им порачаат дека не можат да си играат со народот.

-Како поминува времето секој ден гледаме како се случува терор, притисоци, закани, полициски хајки. Имаме корумпирани и криминални избори, станавме држава во која што полицијата наместо да го апси криминалот, таа го штити криминалот. Наместо да го применува законот, тие први го кршат, изјави Груевски.

Тој кажа дека тука не мисли на целата полицијата, туку на дел кои што се ставени во партиски сервис на СДСМ. Тој праша која заштита ја имаат граѓаните, кога полицијата е прва која што заплашува.

-Помина еден месец откако беа искршени штабовите на неколку места, нема никаква одговорност, нема пронајдени сторители, ниту пак има некои што се осомничени. Поминаа 30-тина дена откако кандидат за градоначалник беше застанат од полицијата, му беше вперено оружје и беше малтретиран, нема никакава одговорност нема ниту дисциплинска постапка. Пред половина месец имаше скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник од нашата коалиција и сторителите поминаа само со прекршочна пријава. Како да тоа е обичен настан, обична кавга, а не обид за убиство, изјави Груевски.

Тој кажа дека и за лицата кои се сликаа со оружје нема никаква одговорност, а нив ги виде целата јавност. Груевски кажа дека дошло време луѓето да се фалат со криминал.

-Нашите кандидати за градоначалници пријавуваат во полиција поткупи и следење.  Ги следат нашите градоначалници, не следат и нас од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не само што ни ги следат телефоните, имаме и физичко следење, кое што секојдневно го забележува, а имаме и информации за тоа, изјави Груевски.

Тој кажа дека нема никаква реакција од полицијата, дека само убедуваат дека се било фер и демократски, но напомена дека за тоа никој не им верува.

-Ќе дојде време да се врати правдата, нашата борба за Македонија ќе ја врати правдата. Ние имаме заробена држава, тие зборуваа во минатото за заробена држава, но зборуваа напразно, сега Македонија стана заробена држава. Заробена држава во која дел од полицијата го штити криминалот, криминалците се на сцена и главни по улиците, а народот не чувствува заштита, изјави Груевски, напоменувајќи дека се враќаат сликите од 90-тите кога криминалците беа главни по улиците.

Тој кажа дека и новинарите под контрола на СДСМ, пишуваат дека власта бара поткуп, а Груевски најави дека со криминалци на власт тек доаѓа времето на криминалот. Груевски кажа дека Заев не може да зборува чесност, напомена дека не може да се заборави како делеше тендери на свои луѓе во Струмица, како бранеше виткање на кичмата, како бараше едно евро за Вицето, едно за црвката.

-Треба да знаат дека оваа држава му припаѓа на овој народ и покрај богатите спонзори кои сега ги поддржуваат, нема пари кои може да го купат достоинството на народот во Македонија, изјави Груевски, надополнувајќи дека тие нема да дозволат  да биде скршен народот и кажа дека се ќе им се врати како бумеранг.

Тој кажа дека крајната цел на овие како што вели африкански држава е да се сузбие секој слободоумен македонци, да се создаде перцепција дека сакањето на државата е демоде. Тој напомена дека сега криминалците се на слобода, а патриотите во затвор. Тој најави дека партијата ќе им даде поддршка на лицата обвинети за 27 април, велејќи дека настанот бил намерно предизвикан.

-Економијата назадува, тоне, оди надолу, индустриското производство се намалува, извозот се намалува, девизните резерви се намалуваат. Македонија е сериозно економски разнишана, секоја недела имаме се пониска и пониска прогноза за економскиот раст, изјави Груевски.

Тој напомена дека просечната плата паѓа, пензиите не растат, заборавени се платите за докторите и многу други работи, но дека не заборавија да го потпишат штетниот договор со Бугарија. Груевски побара да има референдум за договорот со Бугарија, пред да го гласа парламентот.

-Целта на сето ова што ни се случува е промена на името и идентитетот на државата, тоа е главната цел. И затоа иако поразени на парлемантарните избори во декември, со помош од надвор ни ја залепија и направија таа марионетска Влада, затоа сеа со сила и даваат да го прават тоа што го прават, изјави Груевски.

Груевски: Главната алатка на СДСМ не е да ги чујат потребите на граѓаните, туку да ги заплашат со полицијата

Овие денови сме сведоци на една специјална психолошка војна. Втеруваа страв на сите страни, заплашувања, притисоци, закани за бркања од работа, а во исто време демонстрираат надменост и арогантност. Главната работа како Влада им е, не да привлекуваат инвестиции и инвеститори кои што ќе отвораат нови работни места, туку како да направат штета, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски денеска од Градско.

-Главната алатка на СДСМ не е да ги чујат потребите на граѓаните, туку да ги заплашат со полицијата. Станавме држава во која наместо полицијата да апси криминалци, таа го штити криминалот. Но, забораваат, можеби сега се во облаците, но колку повисоко летаат, падот ќе им биде поболен, колку повеќе се закануваат, толку повеќе сме непокорни. Колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе им порачуваме дека не им се плашиме. Забораваат дека ние сме ВМРО и дека во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставила на многу поголеми и пострашни закани од овие, на овие неспособни луѓе, истакна Груевски.

Според него, СДСМ нема никаква програма, ниту проекти, па затоа зборува за воздух, ветер и магла.

-Видоа дека не можат да се мерат со нас со работа, со резултати и удрија на криминални избори. Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, страв и притисоци на сите страни. Во Македонија спроведоа класични африкански избори. Стигнавме на рангот на Сомалија и Кенија. Пукнат череп на градоначалник, убиен носител на листа на една од листите, искршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, следени кандидатите за градоначалници, слики на партиски активисти во натпревар кој има поголем и поопасен пиштол, а полиција молчи. Молчи затоа што е соучесник во овие работи, посочи Груевски.

Вели дека секој ден се дознава за случаи на поткуп, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ реагираа на овие случаи, а СДСМ уште следниот ден продолжува со таа практика.

-Нема да не скршат, затоа што народот гледа што ни се случува и ќе им се врати како бумеранг и ќе има одговорност. Нема да не скршат, нема да им дозволиме да не скршат. Крајната цел на сето ова е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој се грижи за својата држава, го сака својот јазик и својот идентитет. Преку разни механизми да се делува, сакањето на државата, почитта кон својата земја да стане нешто што не е модерно, нешто што не е во тренд, нешто што е демоде, а модерно да стане легализација на геј браковите, посвојување на деца во хомосексуални браков,  модерно да стане легализација на марихуаната или максималното консумирање на алкохол и такви работи кои што во секоја земја не се нормални. Нормалното да стане ненормално, а ненормалното да стане нормално. Кон тоа не води СДСМ, потенцира Груевски.

-Криминалците на слобода, а патриотите по затвори. Красниќи, а Едмонд Темелко, борецот за човекови права на Македонците во Албанија, во затвор. Убијците на децата од Смилковското езеро кои што свирепо ги убија ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење коса – четири години затвор. Немилите настани на 27 април беа намерно испровоцирани. Тие беа реакција на реакцијата за нелеглен избор на претседател на Собранието, вели Груевски.

Нагласи дека со помош од надвор, Заев од криминалец се направил жртва, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во рамки на инстутциите  овие луѓе да се ослободат.

-Тие згрешија што влегоа и физички се пресметаа со дел од пратениците во Парламентот. Тоа беше погрешен чекор. Но, тоа го направила луѓе кои беа таму од патриотски причини. Кога гледаме како на слобода се пуштаат тешки криминалци како Бајруш, како Красниќи, како Рахиќ, дилер на дрога. Кога гледаме дека над 1.000 затвореници ќе ги амнестираат од кои што најголем дел за тешки телесни повреди, па што е тоа што го направија оние луѓе на 27 април во споредба со криминалите и се она што го правеле овие криминалци кои што сега, само затоа што дојде Заев на власт ќе ги пуштат на власт, нагласи Груевски.

Потенцира дека додека се прават овие спектакли, економијата во Македонија оди надолу, додавајќи дека се бележи пад на индустриското производство, извозот, девизните резерви, инвестициите, работните места, просечната плата. Тој нагласи дека пензиите не се зголемуваат, а стандардот се намалува, а со тоа расте и сиромаштијата.

-Ниту се зборува за зголемување на платите на докторите, а ветуваа дека ќе им ги зголемат на 1.500 евра, ниту за субвенции, ветуваа раст од 10 отсто, за повисока просечна плата и да не зборувам, ветуваа 500 евра, а таа веќе се намалува. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија без да го прашаат народот, рече Груевски.

Тој побара референдум за народот да се изјасни по ова прашање. Груевски посочи дека со Договорот за добрососедство со Бугарија, Македонија се откажала од своето малцинство во таа држава, од македонскиот јазик и се кажува оти македонската историја била бугарска, а со тоа се согласува на промена на учебниците.

-Нашите деца во иднина да учат дека Илинденското востание не било македонско, туку било бугарско, дека првата пушка на Македонскиот народ против фашизмот во Прилеп и Куманово не било тоа, туку била идеолошки конфликт на различните страни на бугарското население во Македонија, појасни Груевски, додавајќи дека тоа е големата слика каде што основно е промена на името и на идентитетот на Македонците.

Според него, дел од таа слика е и воведувањето двојазичност во Македонија со, како што рече, неуставен закон за кои тие знаат дека е неуставен, но го туркаат. Груевски потенцира дека дел од таа слика е и трајното населување на мигранти во Македонија, како и зголемувањето на даноците.

-Она за што почнаа да градат атмосфера е легализација на хомосексуалните бракови и можност тие да усвојуваат деца. Тоа е тоа редефинирање, целосно спротивно на волјата на народот кое го тераат на сила, со закани, со присилување на луѓето да гласаат, со уцени, со заплашувања и најмногу со потплата и со поткуп, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати и на фунцкционерите на СДСДМ посочувајќи им дека за неколку години ќе се срамат и ќе одат со наведната глава. Според него, СДСМ има богати спонзори, но ги нема парите со кои може да го купи достоинството на народот. Груевски потенцира дека нема аир од функции кои се добиени лажејќи го и народот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од неопределените кои се загрижени од она што се случува во Македонија, да излезат и да го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори, на 29 октомври.

-Сакам да ве поттикнам се спротивставите, да излезете на гласање и да го дадете вашиот глас, гордо и достоинствено, знаејќи дека ние сме тука секогаш кога на Македонија, на вашата општина, тоа и е потребно. И секогаш така ќе биде. Тие што владеат со криминалци и со корупција, треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народот, истакна Груевски, додавајќи дека нема помрачување кое не било осветлено од народот.

Според него, СДСМ лажел дека се бори против режи, а сега тие станале најголем режим.

-Лажеа дека нема слобода и демократија, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата, и секој ден, чекор по чекор, ја земаат слободата. Велеа дека нема независно, а прво што направија кога дојдоа на власт, ги уценија сопствениците на медиумите и ја одземаа нивната независност, рече Груевски.

Порача дека Македонија и припаѓа на народот, и оти СДСМ нема да успее да ја украде. Нагласи дека нема да успеат да ги скршат, ниту да ги уплашат. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека граѓаните заедно не смеат да дозволат СДСМ да има апсолутна власт, но и да не дозволат тие да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите овие години на власт, кога СДСМ беше на власт покажаа како со ништо не придонеа за Градско. И овие 5 месеци откако се на власт апсолутно ништо не направија за општина Градско. Во општина Градско во 2006 година бројот на вработени лица беше околу 250, толку беа се на се, вработени регистрирани лица во општина Градско, а бројот на вработени на крајот на минатата година е 550. Невработеноста во Градско драстично опадна, вработеноста повеќе од дуплирана. Истовремено сакам да ви најавам дека ќе обезбедиме учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен, здрав оброк, најави Груевски.

Потенцира дека градоначалничката на општината ќе овозможи, жителите кои немаат сопствен дом, да се стекнат со дом, со тоа што ќе имаат можност да купат земјиште по 1 евро, почетна цена за метар квадратен. Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт со кој нема да има неосветлена и неасфалтирана улица. Според него, градоначалничката ќе изврши санација на мостот во село Уланци.

-Реконструкција на локалниот пат Градско – Долно Чичево. Истовремено, планираме изградба на алтернативен пат за село Уланци, како и реконструкција и проширување на локалниот пат за село Виничани. Предвидуваме реконструкција на улицата „Илинденска“ во Градско, како и реконструкција на улиците „Александар Македонски“, „Панко Брашнаров“ и „Питу Гули“, најави Груевски, додавајќи дека планирана е и реконструкција на улиците во населените места Виничани, Кочилари, Уланци, Стопанство.

Нагласи дека е планирана реконструкција на водоводната мрежа во Градско, изградба на причестителни станици. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави и изградба на канализација во Стопанство и Долно Чичево. Според него, ќе се изградат тротоари и паркинзи во централното подрачје на Градско, а со тоа населбата ќе добие нов, урбан лик.

Планирана е и изградба на нова индустриска зона со што ќе се отворат нови работни места. Груевски посочи и дека се планираат две нови градинки, со што капацитетот на згрижување на децата ќе се зголеми за нови 100.

МВР ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ НА СДСМ: Криминалците на слобода, а патриотите по затвори

Станавме држава во која полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Но, забораваат. Можеби сега се во облаците, но колку повисоко летаат падот ќе им биде поголем. Колку повеќе се закануваат, толку повеќе сме непокорни. Колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе ќе им порачаме дека не им се плашиме. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средбата со граѓани во Демир Капија.

-Забораваат дека ние сме ВМРО и дека во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставила на многу поголеми и пострашни закани од овие неспособни луѓе. СДСМ немаат никакви проекти, немаат програми и затоа зботруваат за воздух, за ветер и за магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа и затоа удрија на криминални избори. Во првиот круг видовме како СДСМ спроведува избори- страв и притисоци на сите страни. Во Македонија спроведоа африкански избори. Стигнавме на рангот на Сомалија и Кенија. Скршен череп на градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати за градоначалници, испокршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, слики на партиски активисти во натпревар чич пиштол е поголем и подобро пука, а полицијата молчи. Молчи затоа што е соучесник во сите овие работи. Секој ден со име и со презиме дознаваме како потплаќаат гласови, информираме, но нема реакција. Следниот ден истата песна ја продолжуваат. Но нема да не скршат, нема да им дозволиме да не скршат затоа што народот гледа што се случува, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на СДСМ дека сето она што сега го прават ќе им се врати како бумеранг и ќе има одговорност.

-Крајната цел на сето ова што го прават е да се сузбие секој слободномислечки Македонец кој се грижи за својата држава, секој кој си ја сака својата земја, својот идентитет, своето име, јазик. И преку разни механизми сакаат да делуваат дека сакањето на својата е нешто што не е модерно, дека е демоде, а авангардно и модерно е легализирање на хомосексуални бракови и посвојување на деца од нив, легализирање на марихуана, максимално користење на алкохол и сето она што не е нормално. Нормалното сакаат да го направат ненормално, а ненормалното-нормално. Во таква држава живееме овие пет месеци.Секој кој ќе помисли да ја штити државата, како што беше на 27-ми април, секој кој снимал документарни филмови за македонската историја, за македонските херои или кој бил вклучен во градба на споменици на македонските херои кои ги дале животите за нашата слобода, треба да се плаши дали ќе биде наместен или притиснат или под било каков процес. Криминалците на слобода, а патриотите по затвори. Красниќи на слобода, Темелко во затвор. Убијците на децата на Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење на коса 4 години во затвор, истакна Груевски од Демир Капија.

Тој рече дека немилите настани од 27-ми април биле намерно испровоцирани и биле реакција на акцијата за нелегален избор на претседател на Собранието.

-Што се случи? Со помош на надворешни фактори од ноторен криминалец и национален предавник како заев, да се направи жртва. Овие луѓе треба да се ослободат и ние ќе направиме се во рамките на институциите тоа да се случи. Тие можеби погрешија што влегоа во парламентот и физички нападнаа, но беа испровоцирани да го направат тоа. Гледајќи какви се криминалци се пуштаат на слобода и најавените над 1000 амнестии на тешки криминалци ние велиме, што е тоа што тие го направија во споредба со овие криминалци што се пуштаат на слобода и затоа велиме да се ослободат и да престане прогонот против нив, порача Груевски.

Груевски посочи дека просечната плата наместо да расте, како што ветуваше СДСМ, таа опаѓа. Ветуваа дека пензиите ќе се зголемат, не се зголемија, се запре зголемувањето на пензиите. Стандардот не оди нагоре, туку се намалува.

-Погледнете, ниту се зборува за платите на докторите, на лекарите кои ги ветуваа, ниту за субвенциите на земјоделците, за повисока просечна плата, пак, да не зборувам. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија, со кој што без да го прашаат народот се согласија од откажување од македонското малцинство таму, од македонскиот јазик и од македонската историја. Се согласија да се сменат учебниците од македонската историја и во иднина нашите деца да учат дека Илинденското востание било бугарско, а не македонско, дека 11 октомври не било пукање на првата пушка против фашизмот во Македонија од страна на македонскиот народ, туку идеолошки конфликт меѓу бугарското население во Македонија, меѓу левицата и десницата, посочи Груевски.

Потенцира дека на сето тоа СДСМ се согласиле без да го прашаат народот и повика на рефендум, за граѓаните да кажат што мислат за договорот со Бугарија.

-Ова е само предигра. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Исто така, во овој пакет кој што тие го нарекоа редефинирање, освен промената на името, идентитетот, освен штетниот договор со Бугарија, се планира и двојазичност на целата територија преку Законот за двојазичност, кој што неуставен, но го туркаат. Планираат исто така, зголемување на даноците, носење на мигранти во Македонија и нивно трајно доселување по нашите градови, давање на државјанства. И се разбира, она за што веќе почнаа да подготуваат терен, а тоа е легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца, нагласи Груевски.

На функционерите на СДСМ им порача дека неколку години од сега ќе се срамат кога ќе треба да се сретнат со граѓаните на Македонија.

-Ќе одите со наведната глава, а вашиот товар и срам нема да може да се заборави. Иако имате богати спонзори, вие ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот на Македонија. Нема лезет од вас добиен од криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го и притискајќи го народот. Ќе се обратам и до оние кои се уште не се определени, а се загрижени од она што и се случува на нашата држава. Знам дека не ви е сеедно кога гледате што ви се случува и знам дека длабоко во себе ја чувствувате опасноста во која ја втурнуваат овие неспособни луѓе нашата држава. На дел од вас се закануваат, а дел ветуваат се и сешто, а реално нема ништо да остварат, истакна Груевски.

Тој побара од неопределените да се спротивстават на ваквото делување на СДСМ и да го дадат својот глас, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се секогаш тука, кога на Македонија и на Демир Капија тоа им е потребно.

-Тие што владеат со криминалци и со корупција треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народ. Дека нема помрачување кое не било осветлено од народот, порано или подоцна. Лажеа дека се борат против режим, а тие станаа најголем режим. Лажеа дека нема слобода и демократија, прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата. И секој ден, чекор по чекор, ја одземаат слободата. Велеа дека нема независност на медиумите, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт, ги уценија газдите на медиумите и ја одземаа нивната независност, потенцира Груевски.

Посочи дека СДСМ велеа дека ќе работат, а секој ден граѓаните гледаат како се краде и назадува.

-За ова ли се бореа? Да има техничка влада пред превремени избори? Да има премиер, Министерство за внатрешни, за труд и социјална политика, заменици за администрација, за земјоделие? Оваа држава е на овој народ и нема да му биде одземена. Порачувам дека нема да не скршат, нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме сите ние, граѓаните на Македонија. Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да станат монарси и шерифи. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ. Од нас зависи, порача Груевски.

Во сите години на власт на СДСМ, па и во овие 5 месеци сега, од почетокот на мандатот, не направија ниту еден проект за Демир Капија. Во 2006 година во Демир Капија имаше вкупно 430 вработени во целата општина, на крајот на минатата година бројот на вработени изнесува околу 1.100 луѓе. Така ќе продолжиме и во иднина.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше во посета на Демир Капија.

-Истовремено ќе обезбедиме учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен и здрав оброк во училиштето. Општина Демир Капија и Трајче Димитриев ќе овозможат можности за граѓаните за стекнување на сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар на земјиштето и ќе ги укинеме и намалиме трошоците за комуналии за градба на куќа. Нудиме и концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица. Ќе се подобри и системот за водоснабдување, рече Груевски.

Додаде дека, покрај во патната, ќе се инвестира и во делот на образовната инфраструктура, ќе се изградат и повеќе игралишта низ општината.

Ова се само мал дел од проектите кои се вметнати во програмата на Димитриев.

-Димитриев беше секогаш тука кога требаше да се помогне на некој индивидуалец, на некое семејство и секогаш кога можеше помагаше, сега е време да му се даде поддршка, со целото досегашно негово знаење и искуство да продолжи да ја води Демир Капија во правец кој ќе биде најдобар за сите жители, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали од фирма блиска до СДСМ, МВР ќе купува возила за милион евра?

„Злоупотреба на 1 милион евра странска донација, за набавка на возила на МВР“ – ваков текст утрово се појави на сајтот на таканаречените свиркачи „Џастпејстит“, пренесува Алфа.

Свиркачите кои велат дека се импортери на возила, пишуваат дека МВР не објавиле јавен оглас за набавка на нови возила кои треба да се платат со донација од милион евра пари од Чешка. Според наводите објавени на „Џaстпејстит“ над 40 автомобили од марката „Шкода Октавија“ наводно ќе биле купени од  „Де Лукс Ауто“ – Куманово, кои според нив не бил овластен салон туку дилер на возилата.

Министерот Оливер Спасовски тврди дека постапката, за купување на 45 возила за потребите на полицијата е целосно транспарентна.

-Се распишаа постапките. Таа постапка е во тек, мислам дека се завршени, дали се завршени жалбените постапки на знам. Најважно е таа постапка да биде спроведена на соодветен начин и да добие најевтина цена и да добиеме што е можно повеќе возила за македонската полиција. Тоа е нашата цел. Можеме конкретни информации за ова да ви доставиме, рече министерот за внатрешни работи.

Министерот понатаму додава дека освен најниската цена, како услов во постапката било и одржување на возилата во следните три години, како и обврската на продавачот да обезбеди летни и зимски гуми за возилата.

Сепак на сајтот за јавни набавки, каде што се гледа секоја набавка на МВР од лекови и паштети, па се до радарски системи, никаде ја немаше набавката на новите возила, јавува телевицијата,

Под кој број и на кој датум е објавен огласот, и покрај обидите на телевизијата не добиле одговор од МВР, кои најавија повеќе информации во текот на наредната недела.

-Алфа ги контактираше и во Де Лукс Ауто – Куманово, каде преку меил им испративме линк од објавениот текст на свиркачите и побаравме одговор за наводите објавени од наводни „импортери на возила“. До почетокот на вестите од оваа компанија не стигна повратна информација, јавува телевизијата.

Свиркачите во текстот пишуваат дека фирмата која наводно ќе и продаде возила на МВР, се појавува во два финансиски годишни извешти  на СДСМ, дека вршела некакви услуги.

Донацијата од 1 милион ева, МВР од Република Чешка ја доби во јуни годинава. Една година претходно, Чешка на македонската полиција и донираше 740.00 евра со кои пари беа купени 25 нови возила.

Возило на единицата „Алфи“ го возеле поранешни затвореници и се заканувале на гласачи

Поранешен затвореник и неформален шеф на кампања на кандидатот на СДСМ за општина Петровец, се возел со возило на единица „Алфи“ во Катланово и вршел претрес на возила на симпатизери и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ според списоците кои СДСМ ги доби од т.н. реформатори на партијата.

Поранешниот затвореник кој се вози и претставува како „Алфа“, и им се заканува и ги тормози граѓаните кои СДСМ процениле дека треба да се деморализираат и уплашат за да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, е само еден од стотиците вакви примери низ целата држава.

Се повеќе и повеќе граѓани сведочат дека многу поранешни и сегашни затвореници им се јавувале по телефони за да ги заплашат и обесхрабрат да работат на терен за ВМРО-ДПМНЕ и да не гласаат за партијата.

Сето ова резултираше со страв кај голем дел од населението кое традиционално гласа за ВМРО-ДПМНЕ и на 15 октомври сметајќи дека партијата е пред сигурна победа, реши да не влегува во конфликт со криминалците поддржани од власта на СДСМ и остана дома.

Токму поради изборниот резултат кој е производ на безбројни притисоци, закани и поткуп, се очекува масовно излегување на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг и освојување на победата во сите општини во кои има втор круг на гласање.

ВИДЕО: Воена состојба во Шуто Оризари за старт на кампањата за втор круг – Ова се скандинавските избори на СДСМ

Хермелини, џипови, специјалци и алфи вечерва во Шуто Oризаrи. Доколку ова е мирна, демократска и компетитивна кампања, тогаш што е нерегуларна и недемократска атмосфера?

Повторно тежок инцидент во Шуто Оризари. За малку избегната тепачка меѓу симпатизерите на двајцата кандидати за градоначалници, Елвис Бајрам и Курто Дудуш.Од штабот на Елвис Бајрам информираат дека околу 16 часот попладнево, Курто Дудуш, бил на средба со граѓани во населбата. Откако тој си заминал, после половина час на истото место дошол и кандидатот Бајрам, со неговиот советник Аднан Мемет.

Луѓето му се жалеле на Бајрам, дека Дудуш им вршел притисок и им се заканувал. Според штабот на Елвис Бајрам во тој момент пристигнале 3 – 4 возила, со околу 20-тина луѓе во нив и започнале да го навредуваат нивниот кандидат. На групата им се придружил кандидатот за советник, Ќамуран Сокол, кој исто му се заканил на Бајрам, со зборовите – “Сега ние сме на власт, полицијата е наша и ќе правиме што сакаме”.

Штабот на Бајрам обвинува дека нивниот противкандидат Дудуш се појавил во придружба на полицајци во цивилна униформа и влегле во една од куќите, но биле избркани од сопственикот, кој го штител Бајрам и Мемет.


Но, ова не е прв случај на пукање во Шуто Оризари, денеска „Република“ објави видео од прославата на победата на СДСМ во неделата во кое се гледа како еден од обезбедувањето на пратеникот и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудиш од СДСМ рафално пука со пиштол во воздух.

Но, пукање не се слуша само во Шуто Оризари, СДСМ пукаше и при славењето во Бутел – традиционално, во нивни стил, како и секогаш кога тие се на власт.

СДСМ СЛАВЕШЕ И ВО БУТЕЛ: Традиционална прослава на победа во Бутел – СО ПИШТОЛИ И РАФАЛИ!

Ништо поразлично не помина ни во Карпош, кога вечерта по гласањето со ножеви, но и со пиштоли во изборниот штаб на партијата ГРОМ беше нападнат, сега веќе бившиот градоначалник на општината, Стевче Јакимовски.

ВИДЕО: Насилници од СДСМ со ножеви упаднале Стевче Јакимовски во штабот на ГРОМ во Карпош

Но, тоа не е се’. Низата на насилства, закани, тепање и реваншизам од страна на СДСМ не прекинува тука. Во Свети Николе толпа од 100 активисти на СДСМ го опколиле домот на полицаец, го малретирале, навредувале, му се заканувале и брутално го претепале пред неговата жена и малолетните деца.

ВИДЕО: Ми се заканија дека в понеделник ќе ме нема – Сведоштво на полицаецот што го претепаа активисти на СДСМ