Ванчо Петрушевски: Секој ден се повеќе луѓе не ја сакаат платформата, нашата крајна цел ќе биде попис и нови избори

Vanco-Petrusevski

Легендарниот македонски актер Ванчо Петрушевски пред насобраните граѓаните пред Собранието, на протестот за заедничка Македонија, кажа дека нашите непријатели во моментов не мируваат, пратеничката од Албанија Месила Дода ја негираше нашата држава, тој кажа дека протестира против оние кои не ја осудиле.

Јас сум Иван Петрушевски, Ванчо, Рамче, Сотка, Јаков, Чика Димитрије, Мемо, Селим, Цаци и уште многу други. Денеска ја сум овде за да протестирам, прво протестирам за флагрантното кршење на Македонија, ние сме нападнати со Тиранска Платформа, но нашите непријатели не мируваат, не напаѓаат, пратеничката Месила Дода ја негираше нашата држава, протестирам против сите оние кои не го осудија ова, нашиот протест е за заедничка Македонија, овој протест е се помасовен и помасовен, и се повеќе вродува со плод. За нас кои учествуваме во овој протест, знаат сите и Европа и Русија и Америка, знаат и нашите непријатели, кои сакаат да се откажеме, нема откажување, порача Петрушевски.

Ванчо Петрушевски напомена да на овој протест сретнал луѓе од сите вери и националности.

-Сега се работи за македонскиот народ, овој народ македонски. И во овој протест македонски јас сретнав луѓе од сите исповести. Во Македонија живеат 21 процент од муслиманската вероисповест, во нив има Турци, Роми и Македонци муслимани и нашите браќа Албанци, кои тврдат дека се третина од државата, не се, изјави Петрушевски.

Ние повеќе не сакаме да живееме во апархејд, таму владаат 15 проценти со народот, тоа нема да го дозволиме. Денеска имавме поддршка од Петир, јасно и гласно каже дека Тиранската платформа не смее да постои и да ја наруши државата. Секој ден ќе има се повеќе кај нас кои не ја сакаат платформата. Нашата крајна цел ќе биде попис и нови избори, порача Петрушевски

Поранешниот амбасадот на Австрија Хералд Кочи: На пописот во 2004 г. Албанците се напупмаа од 15 на 20 проценти

Harald-Koci

Платформата  од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент“, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи- поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.

Кочи додава дека  „бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности“. Познавачот на приликите на Балканот и во Македонија за и околу ставот за нови избори во Македонија во пакет со локалните за излез од кризата во Македонија, вели:

„Зошто да се одржат нови избори, кога имаме резултати од овие  избори. Тука едноставно треба да им се дозволи на партиите да работат и натаму. 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ со своите поранешни  политички партнери, односно со ДПА сакаше да формира влада, тогаш едноставно ВМРО-ДПМНЕ беше спречена да направи таква влада од страна на овие „полугувернери“ што се тука едноставно се земапе тезата дека најсилните партии би морале да имат коалиција, а тоа значи тогаш беше ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а сега пак  тој принцип не може да важи, оценува Кочи и додава:

„Фактички се работи за тоа што Западот сака да ја симне од пиедесталот владата на Груевски, бидејќи Груевски не сака да танцува по тактот на  музиката на Западот туку постапува самостојно според интересите на својата земја“.

Кочи додава дека „истовремено Груевски и неговата Влада даваат отпор на грчкото условување за промена на државното име, со што се одовлекува  зачленувањето на Македонија во НАТО и воедно не може да се затвори јужното крило комплетно“.

Запрашан за упорноста  на имплементирање на Тиранската платформа во Македонија од страна на на лидерот на СДСМ , Зоран Заев , амбасадорот Кочи со одговор:

„Сметам дека е неодговорно тоа што  СДСМ, и нејзиниот лидер Заев сега  впиваат точки во својот коалициски пакт-договор, кои во крајна последица би можеле да водат Република Македонија до тотално редифинирање  на државата – ако не и до нејзино исчезнување од картата на светот“.

Со тоа партиското раководство ги измамува сопствените избирачи, бидејќи ваква далекусежна замисла мора да се објави пред изборите, а не постизборно! Само тогаш избирачите ќе можат слободно да одлучат, дали застануваат со својот глас зад ваквите цели. Но, вака избирачите купиле мачка во вреќа. Можам да си замислам дека мнозина избирачи на СДСМ ќе гласале поинаку, доколку претходно знаеле за Тиранската платформа и ваквиот коалициски договор. Во својата желба  да дојде до  крмата на моќта и откако пропаднаа обидите за пуч минатата година – господинот Заев ја продава својата душа на ѓаволот, како што би кажале ние во Австрија, истакнува Кочи.

И на крајот запрашан околу пописот во Македонија и кој се плаши од него, амбасадорот Кочи со анализа:

-Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа пописот во 2004 ми раскажуваа за наеднаш расцветаните  албански села во “планините“ кои со децении биле пусти. Ако се споредат резултатите од повеќе последователни пописи, очигледно е дека податоците се нагодувале. Ќе си дозволам да го наречам пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин“. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број  на Албанците во Македонија  изнесува околу 15 проценти, изјави во екслузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.

Владиката Агатангел: Треба да направиме попис, тие што бараат двојазичност и кантонизација не се ни 15 отсто (ВИДЕО)

Mitropolit-Agatangel

Митрополитот повардарски Агатангел синоќа на протестниот собир во Велес на „За заедничка Македонија“ порача да се сочува унитарноста на државата за да не се изгуби и светата православна црква. Владиката побара македонските партии да ги надминат недоразбирањата, а странските амбасадори да не му вршат притисок на претседателот Ѓорге Иванов.

– Треба да направиме попис и да се преброиме, па така ќе видиме дека тие што бараат двојазичност и кантонизација не се ни 15%. Затоа драги мои да се сплотиме од ова место пред споменикот на Рацин, ги повикувам двете најголеми македонски партии да седнат на тркалезна маса и да ги решат сите меѓусебни недоразбирања, ако сакаат и нека се истепаат но, да излезат со јасен став дека нема да ја делиме Македонија – рече Агатангел.

Во говорот пак владиката уште ги повика дипломатите да не се мешаат во работата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а Македонците да не си ја даваат земјата.

САМО УЦЕНА МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ: Платформата ги спасува Албанците од резултатите од пописот

Popis

Ако платформата на албанските партии, односно условите поставени во неа, биде прифатена од страна на СДСМ, потоа дури и да се спроведе попис, кој се очекува да покаже дека во Македонија има помалку од 20 отсто Албанци, тоа ќе биде небитно бидејќи албанската заедница веќе ќе има третман на државотворна, која, ако сака, ќе може и да излезе од државата.

Тоа, всушност, значи дека албанската платформа е еден вид превентива бидејќи ако пописот покаже дека нивниот број во РМ е околу 16 отсто, пропаѓа Рамковниот договор, односно стануваат неприменливи амандманите на Уставот донесени врз негова основа. Во таков случај албанските партии ќе треба да бараат гаранции и од останатите заедници, пред с` од македонскиот народ дека нема да се намалуваат нивните права стекнати врз основа на Рамковниот договор, но тоа ги става во дефанзивна положба и им ја одзема моќта да уценуваат што сега ја имаат. Оттука пропаѓаат и преговорите на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, а сега албанските партии делумно отстапуваат во преговорите со СДСМ не барајќи промена на Уставот во делот со јазикот бидејќи сметаат дека со ова раководство на СДСМ и нивните цели се пред историска шанса – сега или никогаш.

Имено, платформата дојде во клучен период токму како превентивно средство за резултатите од пописот за кои е повеќе од очигледно дека резултатите ќе покажат оти Албанците се под 20 отсто од вкупниот број население во РМ. Со тоа, всушност, тие ризикуваат дека ќе ги изгубат правата на централно ниво. Со други зборови, албанските партии се обидуваат сега со уцена да ги добијат правата, кои, доколку се спроведе попис, нема да имаат никаква основа да ги побараат, ниту да ги добијат на централно ниво.

Инаку, една од причините, како што веќе објави „Дневник“ за пропаѓањето на преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, покрај прашањето за двојазичноста, е и пописот.

Еве како течеше битката за спроведување на пописот изминатите години.

По 2002, во 2011 година првпат се направи обид да се спроведе оваа најголема статистичка акција. Но, таа пропадна тогаш кога се виде дека на терен членовите меѓу попишувачите од албанска националност прават фалсификат, се обидуваат по секоја цена да го зголемат бројот на албанско население и попишуваат лица во странство кои се таму повеќе од една година, дури и на „Скајп“.

Четири години потоа, во јули 2015, премиерот повторно најави попис. Груевски за време на собраниска седница за пратенички прашања рече дека во Македонија ќе се спроведува попис по електронски пат.

– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите матични единици во Македонија и со тоа нашите процени се дека речиси 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени, односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните, туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори – рече Груевски во јули 2015 година.

Еден-два дена потоа против оваа најава на Груевски веднаш беа активирани т.н. невладините организации, а 46 од нив во отворено писмо му порачаа на Груевски дека неговата влада нема легитимитет за да го спроведе. Јасно ви е за кои и за какви невладини организации се работи и кој го вклучи копчето за нивна реакција.

Брзо по нив реагира и тогашниот коалиционен партнер Али Ахмети, според кого најавата за попис е нешто за кое не постои договор меѓу страните ниту, пак, дека воопшто било ставено на маса квалификувајќи ги модалитетот и софтверското решение како идеја само на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Ахмети тогаш не сакаше да коментира повеќе со образложение дека најпрвин мора да има меѓукоалициски договор за нов попис, а дури потоа да се размислува за модалитетите и начините како да се изведе пребројувањето.

АЈДЕ ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ: Попис за враќање во реалноста

makedonija

Што би открил попис во Македонија е прашање што сè почесто се поставува по платформата на Заев и на албанската дијаспора, а потоа се надоврза и „сеалбанската“ декларацијата потпишана во Тирана. Тие го откриваат и вистинскиот мотив зошто оркестрираните Соросови здруженија во 2015 година скокнаа против тоа да се спроведе попис во државата, под изговор дека чекаат влада „што ќе изгради политичка волја за пребројување“. Изборниот инженеринг не го даде очекуваниот резултат за таква „влада“, иако местата што при чистењето на Избирачкиот список покажаа 90.000 албански гласачи помалку, сега се бастиони на македонската социјалдемократијата

Тоа што Зоран Заев и СДСМ не успеаја да го испорачаат со изборниот инженеринг во замена за власт, сега се префрлува на меѓуетнички план. Односно, повторно се враќаат во игра условувањата за исполнување „права“, кои, според испорачаните барања од Тирана, за секое идно коалицирање треба да го занемарат Рамковниот договор поради кој Македонија се прекрои и уставно и територијално.

На лидерите на етничките Албанци во Македонија од 2001 година досега „алфа и омега“ им беше Охридскиот рамковен договор и неговото исполнување. Сега приоритетите се променети со барања албанскиот народ и албанскиот јазик да се изедначат во Уставот во замена за рамковните проценти. Ваквиот пресврт се случува во време кога се очекува идна владејачка коалиција, без притоа да се даде какво било образложение и основа врз што се темелат тие барања. Таква основа, во најмала рака, би требало да даде еден попис.

- Без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. Очекувам новата влада што поскоро да спроведе попис за да видиме колку сме, да видиме дали реалноста на теренот соодветствува со тврдењата на некои политичари– порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во годишното обраќање, во кое нагласи дека со Охридскиот рамковен договор била отворена вратата за правична застапеност на граѓаните од сите заедници, а не само од една.

Слушам дека се бара двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа прашање е затворено со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Охридскиот договор, каде што се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи од статистиката, а единствен начин за добивање реална статистика е пописот– истакна Иванов.

Пописот испливува на површина

Не може да се избегне фактот дека Македонија за „мир во куќа“ не го заврши попишувањето во 2011 година. Тогаш беше посочено дека е спречен обид да се направи голем фалсификат. Пописот го спречија „разликите во толкувањето на законот“, односно дали ќе бидат попишани како присутни и тие што цела година се иселени од државата и дали да бидат прифатени како валидни фотокопии од лични документи. Секое споменување на пописот оттогаш се гледаше како маша за распалување на меѓуетничките односи. Иако одложен, пописот не е спроведен досега. Барем не во форма што досега беше позната во земјата.

При чистењето на избирачкиот список беше користен метод на вкрстување на базата на податоци од МВР, со податоците од други десет институции. И тој метод беше предложен, прифатен и спроведен од домашни и од меѓународни стручњаци. Но, уште при првата проверка на површина излегоа 100.000 полнолетни граѓани што постојат во базата на МВР, а последните неколку години ги нема во ниедна друга база на податоци. За нив има валидни адреси, но ги нема на списокот на невработени, немаат свој имот, не се пријавени во ФЗОМ или во пензискиот фонд. Се работеше за иселени полнолетни гласачи, од нив, неофицијално, 90.000 биле етнички Албанци од Гостивар, Струга, Тетово, Куманово, Теарце, Врапчиште, Чаир, Боговиње, Липково, Желино. За нив потоа не се дозна ништо, освен дека добар дел од овие средини сега се главни упоришта на македонската социјалдемократија.

Иако пописот беше резервна тема на опозицијата во обидот да го негира гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, кога кон средината на 2015 година премиерот Никола Груевски од Собранието посочи дека државата се подготвува за современ, електронски попис – слично како што сега тоа го направи ДИК – наиде на остро оркестрирано спротивставување токму од армијата организации што се поддржувачи на СДСМ. Тогаш организациите финансирани од Сорос застанаа со став дека „владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ нема никаков кредибилитет да подготви и да спроведе каков било попис на населението“, односно дека „тоа мора да биде направено од влада што ќе биде избрана на демократски и фер избори и која ќе изгради политичка волја за пребројување на населението според сите меѓународни стандарди и прописи“. Ваквиот став денес, по платформата на СДСМ за време на изборите и документот од Тирана, ја покажуваат вистинската идеја за таа „демократска влада“ и „политичка волја за пребројување“. Всушност, сега Заев, во замена за албанските гласови, требаше да премине „преку пописот“, односно да занемари евентуални пописни резултати и да премине преку процентите, така како што направи СДСМ со територијалната поделба кога ги предаде Кичево и Струга.

Ќе се споменат ли некогаш обврските?

rama-so-albanski-partii-od-makedonija-2

Пописот, очекувано, излегува на површина, а се насетуваше уште кога Заев почна да ветува албански јазик во Прилеп, што достигна до кантонско уредување на државата, со препуштање на водењето матична евиденција на општините, двојазичност на цела територија. Според тоа, партиите на Албанците од земјава потпишаа декларација што им ја состави албанскиот премиер Еди Рама во која, токму како што ветуваше Заев, се оди „преку рамката“ претставена со проценти. Со документот Рама навлегува и во целосното уредување на соседната држава, во уставните категории, во распределбата на буџетот, во функционирањето на правниот систем, јазикот…

Иако ова не е прво мешање на Рама во внатрешните работи на Македонија, се отвораат две прашања. Прво, зошто Рама не седна со кој било легитимен претставник, функционер од Македонија, со кого би разговарал за подобрување на правата преку соработка, па да се разговара и за правата на Македонците во Албанија. Второ, не смее да се исклучи фактот дека Рама тоа го прави сега, во овој правно-политички вакуум во Македонија, а веднаш по неговата средба со директорот на ЦИА во Тирана. „Зар некој е наивен да верува дека Рама несвесно влегува во игра во која ќе биде обвинет за ширење на големоалбанската идеја и вмешување во внатрешната политика на соседна земја? Или дека Рама внимава да остане сокриен вистинскиот налогодавач, особено откако писмата на Сорос до Клинтон откриваат дека Рама во 2011 ја играл истата игра што сега се одвива во Македонија?“ Но, и дали ваквите барања сега значат признание од албанските фактори и од нивните поддржувачи дека во иднина нема да може да се повтори големата симултанка одиграна на терен со албанските гласови поделени за СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ остана со своето стабилно гласачкото тело, а притоа во земјата е најавен попис уште од 2015 година?

Сепак, прашањето што отвора и најголем комплекс потпрашања е дали некој политичар од партиите на етничките Албанци од Македонија, дома или на некоја средба со Рама, ќе ги спомене корпусот обврски што произлегуваат од унитарниот карактер на државата, кои како на македонски граѓани се наоѓаат пред нив. Од најпросто, забраната за пушење во јавни објекти, преку фискализацијата, до употребата на знамето на Република Македонија. Ниту една од политичките партии на етничките Албанци во Македонија, освен СДСМ, го немаше истакнато знамето на Република Македонија за време на кампањата. Ќе признае ли „албанскиот фактор“ дека како последица на Рамковниот договор, Македонија се претвори во држава со паралелно институционално општество во кое поделеноста е сè понагласена, дека со двојазичноста Албанците ја напуштија во целост употребата на македонскиот јазик, дека функционираат медиуми со поинаков фокус на државните проблеми и дека со почнатиот процес на преименувања на институции, како на пример фудбалската арена „Филип Втори“, секое натамошно отворање на барањата не наидува на одобрување и на разбирање од Македонците. Најмалку што очекуваат Македонците од претставниците на етничките Албанци од Македонија е платформа за градење меѓуетничка доверба, место платформа на сила и на условување за дополнителни функции и поделби.

Пописот ниту е политичко решение, ниту е политички проблем; тоа е една статистичка операција што, пред сè, служи за планирање економски зафати. Но, од политички аспект, отворањето на прашањето за пописот по изборите, кои требаше да бидат почеток на излез од политичката криза, само би ги поставило работите на свое место. Пред сè, како првичен израз на меѓуетничка доверба од партиите на етничките Албанци во Македонија и натамошно планирање на развојот на вистинско општеството без притисок на претпоставени проценти, кои досега постојано беа цел на злоупотреби.

Иванов: Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката

Ivanov-obrakjanje

Без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. Очекувам новата Влада час поскоро да спроведе попис за да видиме колку сме, да видиме дали реалноста на теренот соодветствува со тврдењата на некои политичари, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање.

– Слушам дека се бара двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа прашање е затворено со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Охридскиот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи од статистиката, а единствен начин за добивање на реална статистика е пописот, истакна претседателот Иванов.

Според него, неодговорно е да се бараат права без да се преземат обврски.

– Им порачувам дека е неодговорно да се бараат права без да се превземаат обврски, точно онака како што е наведено во амандманот 4 од Уставот на Република Македонија, рече Иванов.

Тој истакна дека обврска и одговорност на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката, верската, јазичната и идеолошката припадност е да се грижи за добробитта на оваа наша единствена заедничка татковина.

Последниот попис во Македонија, посочи Иванов, беше пред цели 14 години, оценувајќи дека тоа е предолг период за која било држава.

Мирка Велиновска: Што сака Чадорот да оствари во Македонија и што сака да спречи

mirka-cador-makedonija

Откако сме поставени и како регион и како држава на линијата на огнот во глобалната геостратешка војна за редистрибуција на моќта, фамозниот Чадор има разработено три сценарија за развој на состојбите во Македонија по изборниот ден и по веќе познатите резултати од гласањето на 11 декември. Но, при разработката на секое од сценаријата како фуснота стои и едно предупредување дека во ниту една варијанта не смее да се случат две нешта. Ова мора да се дешифрира како по секоја цена мора да се спречат две работи.

Не смее да се случи постизборна коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и Беса, кои би имале комотно мнозинство и единствен (усогласен) став за националните прашања, но и отпорност кон странските агресивни замешателства.

Не смее да се организира честит и кредибилен попис на населението кој ќе покаже дека Албанците со 16,7 отсто, а Турците со 7,3 отсто учествуваат во вкупниот процент на население на Република Македонија.

Ако се случат овие две „мали“ нешта, ќе значат драматичен прераспоред на политичките сили, повратена контрола на државниот терен, дебакл на тактичката игра на Чадорот и сајгонска траума за домицилната платеничка шарена војска која панично ќе навали на ѕидините на американската фортификација на Kале. Оти Обединетото Kралство, Холандија, Германија, Франција и Италија стандардно ќе си затнат нос.

Пишува: Мирка Велиновска
Поопширно во печатеното или во електронско издание на Дневник

Алтанџиева: Пописот нема директна врска со избирачкиот список

Tanja-Altandzieva

Пописот со избирачкиот список нема директна врска. Пописот се спроведува заради потребата на статистички податоци, вели во синоќешната дебата на ТВ Нова Тања Алтанџиева, адвокат и поранешен член на ДИК.

Според Алтанџиева, треба да се направи разлика меѓу државјани и жители на домицилното население.

-Заради многу поставените дилеми и од страна на политички претставници и од страна на стручњаци, па дури и од страна на меѓународни претставници, дека не е возможно бројот на државјани, односно бројот на запишани избирачи да биде близу со бројот на државјани на Р. Македонија. Со една проста математичка операција на собирање на малолетното и полнолетното население се доаѓа до некои бројки коишто навистина се нелогични, меѓутоа тие не се одраз на материјалната вистина, заради тоа што избирачкиот список и базата на податоци во избирачкиот список ја црпи од книгата на државјани на Република Македонијатоп, изјави Алтанџиева.

„Дневник“: Попис на гласачи за да нема избори

Narod-Skopje

Иако речиси еден месец е избран новиот состав на Државната изборна комисија, таа никако да почне со суштинската работа која е најважна за претстојните избори – прочистувањето на Избирачкиот список. Проблемот е во тоа што кај партиите од големата четворка никако да дојде на дневен ред усогласувањето за модалитетите за прочистувањето на Избирачкиот список, услов без кој ДИK и не може да се фати за работа. Иако Kомисијата им ги доставила правилниците за модалитетите за ажурирање на изборната листа уште пред Нова година, на партиите како да не им се брза.

Дополнително проблем е и тоа дека и за ова прашање ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА од една страна и СДСМ од друга, се на крајно спротивставени стојалишта. Партијата на Зоран Заев е упорна во ставот дека вкрстената проверка на базите на податоци на ДИK со тие на МВР, Статистика, МНР… може да следи само ако се спроведе и целосна теренска проверка на податоците на гласачите. Операција еднаква на спроведување попис, со таа разлика што на проверка ќе бидат податоците (личните карти и патните исправи) на гласачите наместо на сите граѓани.

Ако се знае дека проверката на податоците на сите гласачи од врата на врата бара не само пари, луѓе, обуки за тимовите што ќе ја спроведуваат проверката, туку и најважниот фактор – време, кое безмалку би одзело една година, тогаш нејасно е за кои избори опозицијата се подготвува. За тие напролет секако дека не, бидејќи до 24 април има неполни четири месеци, односно помалку ако се има предвид законската одредба дека ДИK треба Избирачкиот список да го стави на увид пред гласачите веднаш по распишувањето на изборите. ДИK допрва треба да набави софтвер кој ќе треба да го нахрани со податоци за да може да ги споредува со тие од институциите кои располагаат со такви податоци, за што ќе потроши можеби и повеќе од еден месец, па дури по ова да се впушти во операцијата прочистување на Избирачкиот список.

Дека нема време за проверка на гласачите од врата на врата тврди не власта, туку експерти кои се или биле дел од ДИK и така кажано занаетчиски си ја знаат работата. Впрочем ДИK веќе избриша од Избирачкиот список 127.000 гласачи и ниту една партија за ова немаше приговори. Тоа што за овие два-три месеци колку што остануваат до изборите ДИK може да го спроведе и во што партиите не би требало да имаат квака за сомневање е вкрстувањето на базите на податоци на сите институции кои располагаат со таков материјал. Теренска или проверка на гласачите од врата на врата да има таму каде што податоците на институциите не се совпаѓаат и евентуално на барање на некоја од партиите од големата четворка доколку имаат индиции или сомневања за точноста на одредени податоци на гласачи.

Во спротивно, ако се инсистира на попис на гласачите, тогаш однапред е јасно дека за тоа нема време. Нејасно е само дали СДСМ ќе го испочитува договорениот термин изборите да се одржат на 24 април, датум за кој потпис стави и нивниот лидер Заев.

Груевски: Ќе спроведеме попис на населението според највисоки стандарди

Nikola-Gruevski-Intervju

Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска.

Груевски посочи дека во меѓувреме подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во два правци – во правец на електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати.

– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите што постојат матични евиденции во Македонија и со тоа нашите проценки се дека околу 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори, рече Груевски.

За оној дел кој ќе биде рачно теренски направен, оние преостанати 30 проценти кои ќе треба теренски да бидат поставени како прашања на граѓаните, нагласи Груевски, исто така се прават одредени подготовки.

– Клучната работа во овој дел е да се изврши набавка на т.н. fingerprint или електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише за да се потврди дека тој е во земјата и дека тој е тој кој го дава одговорот на прашањето. Без такво нешто секогаш би имало сомнежи дали навистина човекот што требало да одговори одговорил, дали одговорил некој друг итн., потенцира Груевски.

Појасни дека се разработува една поширока анализа и шема како да се комплетира проектот кој подоцна би поминал на владина седница и би се реализирал.

– Сега е во фаза на подготовка тој проект. Значи, ги правиме сите напори да подготвиме изведба на попис по највисоки меѓународни стандарди, попис којшто нема да влее сомнеж кај никого и за којшто во секој момент ќе може да се обезбедат докази дека навистина тој кој ги дал одговорите е лицето кое е запишано, попис кој ќе биде на терен помалку оптоварувачки и за анкетарите и за оние кои ги одговараат прашањата бидејќи ќе имаат значително помал број прашања што ќе треба да ги постават затоа што поголем дел од прашањата ќе бидат електронски преземени од матичните евиденции кои постојат, додаде премиерот Груевски.