ВМРО-ДПМНЕ: Стравот на СДС од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира

Стравот на СДС од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира. Полициското сослушување на кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е одраз на стравот на СДС од изборениот пораз кој ги очекува, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Toa e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период, како убиство на кандидат за градоначалник, вперување на пиштоли врз друг кандидат, кршење на изборни штабови и користење на државните ресурси во партиски цели, стои во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е силно и ужива голема поддршка кај граѓаните, тоа е болката на СДС и причината за сите местенки. Граѓаните тоа го гледаат и ќе го казнат СДС на 15-ти октомври.

Груевски: Власта е во паника, јаснo е дека ВМРО ќе победи!

Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка, рече вечерва на митингот во Пробиштип лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

На вториот денешен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој им се обрати на оние кои на минатите избори гласаа за СДСМ и искрено ги покани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика граѓаните да им се придружат и заедно да изградат посилна Македонија.

-Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца.  Тие се реална пречка. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка за повеќе работни места, економски раст и развој на Република Македонија. Тие се само пречка. Власта е во паника. Тие се во паника затоа што им е јасен фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат. Паничат видејќи ВМРО е посилно сега, го гледаат тоа, изјави Груевски.

Тој кажа дека тоа е од причина што тие ја гледаат возбудата кај луѓето, ентузијазмот, напорната работа, одлучноста која ВМРО ја создава низ целата држава, од град во град, од село во село. И тие не знаат што да направат во врска со тоа. Затоа започнаа со неетички и неморални чинови. Им се тресат колената, смета Груевски.

-Се обидуваат животот на нашите кандидати да им го отежнат колку што можат. Им се закануваат, им вршат притисоци. Ги саботираат. Се расфрлаат со кривични пријави кои се неиздржани и се исклучиво за оцрнување. Ќе им порачам- не се плашиме од никого и никаде. Ваквите притисоци нема теорија да не обесхрабрат. Ниту една закана нема да не натера да клекнеме на колена.

Што и да направите, што и да смислите, Македонија ќе ви одговори, ќе згрми громогласно и ќе си ја потврди својата слобода и независност. Македонија ќе продолжи да ја чува својата слободна волја на граѓаните, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема сила која може да ја запре Македонија, а Македонија е секој еден од вас, вели тој.

– Млад или повозрасен, земјоделец или работник, доктор или наставник, невработен или стечаец. Секој еден од вас, порача Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се впишува во историјата на Македонија како рекордер по пропаст

Заев очигледно е нервозен и соочен со поразот ветува воздух, ветер и магла и пари за фирмите кои што сигурни сме да не беше изборната кампања немаше ниту да бидат спомената. Домашните фирми ниту пари ќе видат, ниту пак било каква друга поддршка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За тоа колку е кадарна владата на Заев видовме од задолжувањето кое за четири месеци изнесува половина милијарда евра, а во исто време крати од плати, субвенции за земјоделците, инфраструктурни проекти и други капитални расходи. Заев се впишува во историјата на Република Македонија, како рекордер по пропаст кој за само 4 месеци економијата ја бутна во рецесија, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту црната кампања нема да му помогне на СДСМ, Шилегов ќе биде убедливо поразен

„Срамно и лицемерно е што СДС и Дамјан Манчевски  ја  злоупотребуваат загубата на човечките животи во катастрофалните поплави кои се случија минатата година, со евтини манипулации и црна изборна кампања, надевајќи се  дека ако кажат некоја лага и оцрнат некого, со тоа ќе добијат некој глас повеќе кај граѓаните на претстојните локални избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на социјадемократот Дамјан Манчевски.

Од партијата велат дека соочени од се поочигледниот пораз кој ќе им се случи на нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов на 15 октомври, во паника, очај и отсуство на реална програма и конкретни проекти кои можат да им ги понудат на скопјани,  СДСМ секојдневно води црна изборна кампања, надевајќи се дека тоа ќе им ја донесе победата во Скопје.

„Ниедна лага и црна кампања, нема  да  го смени мислењето на граѓаните.Зад Коце Трајановски како градоначалник на Скопје стојат многубројни реализирани проекти и многу работа и граѓаните го гледаат и вреднуваат тоа. Скопјани на 15-ти октомври ќе ја направат разликата. Скопјани ќе гласаат за реализирани проекти, за работа за  дела ,а не за празни ветувања и безочни лаги. СДС и нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов, на овие локални избори ќе бидат убедливо поразени“, се додава во реакцијата.

СДСМ со години ни зборуваше за демократија, а спроведуваат најнедемократски и најнасилни избори

Убеден сум дека на 15 октомври сите ние ќе славиме тука. Во Македонија работите се менуваат, ова што се случи во овие четири месеци е една добра лекција за многумина кои што не можеа да направат споредба и да видат некои работи пред тие да се случат. После се што видовме во овие четири месеци започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, на напредок и на исполнети ветувања, на одговорност, на достонство, на заедништво. Ера која ќе ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој посочи дека Македонија може и мора многу подобро. Груевски од Куманово даде 13 примери на, како што рече, помрачувањето од СДСМ.

-Секојдневна демонтрација на незаконско работење од страна на новодонесената и залепена власт која не дојде како победник, туку како поразен. Која немаше да се случи да не ја составеа однадвнор. Незаконски назначувања, незаконски разрешувања, незаконски вработувања, незаконски тендерски постапки, ставање на министри сами на себе да си бидат советници – министер и советник на министерот, за да земе повеќе пари, посочи Груевски.

Рече дека дел од тоа помрачување се и кривичните пријави за над 10 кандидати за градоначалници.

-Секој ден по една за непостоечки кривични дела. Пукања и ранети кандидати за градоначалници – Кичево. Претепување на кандидати со шипки и со боксови – Шуто Оризари. Денеска заедно со Амди отидовме до болницата да го посетиме Елвис Бајрам, докторите не замолија да не влегуваме. Велат „скршен му е черепот, се обидуваме да не пуштаме никого, скршен му е черепот“, а МВР објавува „се степале две групи, се затепале како деца на улица“. Скршен череп, човекот е во критична ситуација. Тоа се избори што ги организира СДСМ и тоа е нивната демократија. Партијата која што со години ни говореше за фер и демократски избори спроведува најнефер, најнедемократски, најнекоректни и најнасилни избори, преполни со насилство, истакна Груевски.

Нагласи дека и на кандидатот за градоначалник на Кавадарци му било вперен пиштол во лице.

-Секојдневна демонстрација на сила. Закана на институциите додека МВР се претвора во партиска испостава. Демократија нема. Трето, секојдневни измами со евидентни докази. Направија, на пример филмска измама со производството на автобуси во „Санос“. Отиде првиот човек во Владата со куп новинари и вика „Еве нов автобус, домашното производство тргна откако дојдовме ние во Владата“. Отидоа новинарите неколку дена подоцна, ни фабрика, ни автобуси, ни работници – искрешни стакла и пајажина, брука и срамота, филмска измама, посочи Груевски.

Потенцира дека и надворешната политика која се спроведува е контрадикторна.

-Нема, па има договор за Комисија за историјата со Грција. Една недела викаат „Нема таков договор“ откако министерот за надворешни на Грција објави дека се договорил со нашиот министер да направат Комисија за истражување на историјата. Значи освен Бугарија и Грција ќе ни ја менува историјата, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, еден пример за помрачувањето се секојдневни промени на ветувањата пред изборите и активности спротивни на тие ветувања.

-На земјоделците им ветија по изборите дека ќе имаат 10 отсто поголеми субвенции. Нема 10 отсто поголеми субвенции. Ама ај што нема, дојде и гром од ведро небо. Ако не им бил поголем приносот оваа година во споредба со претходната, во иднина немало да даваат субвенции, појаснува Груевски.

Подвлече дека новата Влада секој ден зборува за реформи, дека секој ден минимум 20 пати се споменувало за реформи.

-Мислат дека ако ги спомнуваат дека тие сами ќе се направат. Реформи досега има нула, нагласи Груевски, додавајќи дека секој ден има обиди минорните работи да се прикажат како нешто што ќе не збогати.

Како такви ги посочи радиодифузната такса која се уште се плаќа но и евтината струја која се уште ја нема.

-Секојдневни активности да се запре, закочи или пак да се урне нешто создадено од времето на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ За подобра Македонија“. Автопатиштата, три автопати од кои едниот е речиси готов, линии требаше да се нацртаат само, два во тек на градба, едниот 90 отсто завршен, другиот 50, се запреа, вели Груевски.

Потенцира дека СДСМ се занимава со работи кои никој не ги бара од нив, а не го работат она што треба да го прави една одговорна Влада.

-Секојдневно убедување дека со штетни договори за Македонија се градат пријателства со соседите. Сега фатија да не убедуваат дека заради штетниот договор со Бугарија ќе сме ја имале за најголем пријател и дека наредниот најголем пријател ќе ни била Грција заради тоа што и со нив планираат на ист начин да склучат таков договор, истакна Груевски.

Подвлече дека ќе ги ни го сменат името на државата, името на нацијата, името на јазикот, историјата, учебниците и ќе ни кажат оти градиме добри односи и многу пријатели.

-Секојдневна демагогија, тешка демагогија. Воздух за Берово, па за Берово може да речеме дека многу работи ги нема, ама воздух…. А за Куманово воздухот не е главна тема. Па живот, Господ почнаа да се замислуваат дека се. Празни зборови, апстрактни фрази, ветер и магла, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, како десетти пример на помрачувањето е преку напади врз опозицијата и политичките опоненти да го прикријат неработењето.

-Со политички хајки, со политички прогони. Што ручал некој министер пред две години, а и тие ручаат сега. Зошто се купиле бадеми? А и тие купуваат бадеми. Блиндирано возило кое секој ден истите они го возат, вели Груевски.

Рече дека тие вршат секојдневни притисоци врз медиумите, судството, администрацијата, странските инвеститори.

-15 кривични пријави во последните 15-20 дена на судии кои што треба да судат. Медиуми, кои се прогонуваат по судови и финансиски се прогонуваат и уништуваат, истакна Груевски.

Потенцира дека новата Влада свесно оди спроти волјата на народото.

– Тие знаат дека нашиот народ е против договорот со Бугарија, против тие работи што ги прифатија. Но, одат директно спротивно на волјата на народот како што веќе планираат да одат со договорот со Грција, подвлече Груевски.

Нагласи дека економијата секојдневно тоне.

-Почнете од намалениот извоз, се намали извозот за 12 проценти – јули со јули. Продолжете со намалениот бруто домашен производ за околу 2 отсто. Индустриското производство во јули се намали за 2 отсто, со август минатата година за 5,3 отсто. Којзнае што ќе биде во септември кога ќе ги објават податоците, рече Груевски.

Додаде дека девизните резерви се намалиле за 172 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата во СДС расте – Се повеќе се дрзнуваат кон недемократски чекори кои сведочат за нивниот изборен пораз

Нервозата во СДС расте и како поминува времето соочени со изборниот пораз се повеќе се дрзнуваат кон недемократски чекори кои само сведочат за изборниот пораз кој ќе го доживеат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Токму затоа е искршен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Битола што е уште еден доказ за приситната нервоза. Тоа нема да го смени изборниот резултат и поразот кој СДС ќе го доживее од народот, стои во соопштението од партијата.

ЗАКАНИ, УЦЕНИ И ПОТКУП: СДСМ ќе ги загуби локалните избори, спасот се гледа во МВР и масовна корупција

Ангажман на полицијата во функција на СДСМ на изборите и користење државниот буџет за поткуп на гласачи за да им дадат поддршка на претстојните изборите ќе бидат главните адути на Зоран Заев и неговата партија, кои според анкетите се соочени со пораз на локалните избори закажани за 15-ти октомври.

Поставувањето на Оливер Спасовски за прв човек во МВР, кој воедно беше и генерален секретар и потпретседател на СДСМ, треба да обезбеди строга партиска контрола врз полицијата, како и притисоци врз граѓаните својот глас да го дадат за партијата на Заев. Тоа го открива и swot анализата во штабот на СДСМ во Кисела Вода.

-Ова е swot анализа, до која дојдовме, односно swot анализа која што тие самите ја објавија а се однесува на анализа на слаби и силни страни на секоја партија која што ја прават во рамки на свој општински комитет. Јавно, дрско и брутално СДС како главна полуга на овие избори го истакнува користењето на полицијата во функција на изборите. Погледнете, прва работа која е наведена е контролата и употребата на МВР во изборни цели. Ова е тежок скандал, ова е противправно делување и ова е криминал, изјави вчера претседателот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски.

Spiro-Ristovski

 

 За ова, рече Ристовски, некој треба да одговара и мора да одговара. За ова некој ќе одговара.

-Ги повикуваме чесните полицајци да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности, а сите оние од СДС коишто ќе посегнат по вакво нешто, по следните предвремени парламентарни избори догодина ќе одговараат. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директно и експлицитно злоупотребување на полицијата во партиски цели на СДС. Еве колку вреди СДС, еве колку се силни. Воопшто не се, главен аргумент за избори не им е програма, не им е работа, туку употребата на полицијата! И тоа која полиција, онаа полиција на која СДС и посакуваше Куманово да им се деси, онаа полиција која ја каменуваа, тепаа, оние полицајци кои се дел од стотината полицајци кои СДС физички ги повреди и долготрајно ги понижуваше. За какви фер избори Заев зборува, кога во време кога држи прес со амбасадорот Жбогар за демократски избори, во штабовите на неговата партија заговараат употреба на полиција за избори.

Вториот сегмент е масовната корупција преку бизнис секторот и купување на гласови, односно употреба на државниот буџет во партиски цели на СДС, за да корумпираат гласачи, за да притискаат гласачи заради социјалната помош, заради субвенциите за земјоделците, заради платите и заканите од отпуштања.

-Срамно и недостоинствено. Ова е уште еден доказ колку се слаби и колку и тие самите се свесни дека народот не ги одобрува нивните штетни политики, па сега посегнуваат по злоупотреби од најголем вид. Сакаме ова да го истакнеме за да укажеме со какви услови се соочуваме, и јасно да претставиме дека СДС нема намера за фер и демократски избори. И бараме одговорност. На совеста на ДИК, јавното обвинителство и на меѓународната заедница е дали ќе реагираат на овој тежок, навистина тежок скандал, или ќе се обидат при очи да се прават дека ова не го гледаат. Истовремено сакаме да порачаме, на овие избори на СДС нема да му помогне ништо. Ниту бандитите кои ги подготвуваат за изборни манипулации, ниту нивната партиска полиција, ниту целиот државен буџет. Одиме напред. Нашата победа веќе се чувствува и ништо и ништо нема да може да ја спречи, потенцираше Ристовски.

СДСМ знае дека ќе ги загуби изборите, тоа го потврдуваат и анализите на „Павел Шатев“

Незадоволство од работењето на новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, и неспособност како главна карактеристика е оценката која ја даваат граѓаните. Ова резултира со вртоглав пад на СДСМ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“.

Повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

30.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, додека 18.8. за СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски останува лидер на партија со најголема доверба кај народот. 27.2 проценти се изјасниле дека најмногу доверба имаат во него, додека на Заев му веруваат 15.6 отсто од испитаните граѓани.

Телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена помеѓу 29 август и 1 септември на 1250 испитаници со цел да се утврди перцепцијата на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Делев: Локалните избори ќе го најават заминувањето на оваа ненародна власт која ја покажа својата неспособност

Поминаа 100 дена блокирање проекти, стопирања, економско уназадување, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Поминаа 100 дена од нова атиреформска влада и тие 100 дена се промашени денови за македонските граѓани, за македонската економија и македонското стопанство, истакнува кристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Помина и безличната пресконфернција на Зоран Заев за овие 100 дена во која не кажа никаков реализиран проект, конкретни резултати, бројки и статистики. А кој резултат да го прикажат кога во најважната сфера како економијата предизвикаа катаклизма. После долго време индустриското производство бележи пад од 2,2 %. Ова ја покажува целата нивна безидејност, немање концепт и неспособност. Падот во индустријата може да предизвика негативни импликации на извозот, вработеноста, бруто домашниот производ. Дополнително, наместо просечна плата од 500 евра, СДС успеа да ја намали просечната плата за 0,7%. Ако вака почнаа за три месеци со негативни резултати, прашање е како оваа неодговорност ќе заврши по македонското стопанство и стандардот на граѓаните. Обидот на СДС да го покрие својот неуспех со популистички мерки како субвенционирање на минималната плата, само може да предизвика уште поголеми штети. Да покриваш минимална плата со пари на граѓаните не е долготраен и издржан концепт, бидејќи откако ќе помине предвидениот рок од 9 месеци работите ќе станат уште полоши, работодавците ќе почнат да отпуштаат работници, да намалуваат плати или да им бараат дел од платата работниците да го вратат назад. Тоа е класично сеење на магла сега пред локалните избори кое има за цел да ги корумпира гласачи, кое ќе има краток век, но со страшни буџетски импликации и негативно влијание врз целокупната економија во Македонија, истакна тој.

Делев потенцира дека погрешните политики на СДСМ во економијата може да предизвикаат премногу сериозни и далекусежни последици од кои потоа ќе бидат потребни години да се поправат.

-Наместо намалување на даноците и обезбедување на подобри услови во стопатсвото СДС најавува покачување на даночните стапки. Тоа веќе почнува да ги одвраќа 60-тина потенцијални инвеститори, а за жал слушаме дека и постоечки 3 странски инвестиции планираат да ги отселат своите погони од Македонија и на улица да остават илјадници работници. Стравуваме дека заради неодговорноста на СДС лесно може да се повторат несреќните слики од деведесетите кога секојдневие беше затворање на фабрики, а близу 200 000 работници ги изгубија своите работни места. Несериозниот пристап не се однесува само кон странските инвеститори. И домашните компании и бизнисмени се засегнати од тоа. Наместо најавените 140 милиони евра помош кои СДС ги најавуваше во кампањата, гледаме дека се планира покачување на сите давачки кон државата, што ќе резултира со клуч на многу фирми, ако тоа претходно не го направи УЈП на послушникот Лукаревска. Концептот на СДС во економијата е поразителен. Тие се водат од максимата после нас потоп. Секоја недела безмилосно се задолжуваат со аукции на државни хартии од вредност, а згора на се се потрошија 170 милиони евра од девизните резерви. Ова ќе предизвика дисторзија на макроекономијата, но уште полошо ќе влијае на кредитниот рејтинг на државата, а лесно може да се загрози долгогодишниот стабилен курс на денарот. Граѓаните се уверија дека СДС едно говори во кампања, сосема друго прави на власт. Граѓаните видоа дека СДС нема никаков капацитет да ја води економската политика. Целото лицемерие на СДС, но и неспособност создаваат оправдан страв, и кај граѓаните, и кај стопанствениците, но и кај работниците, и кај работодавачите, дека Македонија оди во погрешен правец. Оваа погрешна и катастрофална политика на СДС може и мора да се прекине. Тоа ќе се случи сега на престојните локални избори кога граѓаните јасно и недвосмислено ќе ја казнат оваа неспособна и антиреформска власт на СДС. Тие со катастрофалниот пораз, кој ќе им го испорачаат на локалните избори, ќе ја отворат вратата за предвремени избори. Локалните избори ќе го најават заминувањето на оваа ненародна власт која само за три месеци ја покажа целата своја негрижа, неспособност и неодговорност кон државата и кон сопствените граѓани, додаде Делев.

Хаосот и неспособноста на владата на Заев причина за огромното разочарување и вртоглавиот пад на СДСМ

Хаосот и неспособноста продуцирана од владата предизвика вртоглав пад на рејтингот и довербата на СДСМ кај граѓаните.  Тоа вчера го констатирае анкетата на Павел Шатев а денес тоа го пишуваат и експонентите на СДСМ и нивните главни подржувачи.

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски, една од главните медиумски перјаници на СДСМ.

Човекот кој жестоко го бранеше Зоран заев и врвот на партијата, излегува со остра критика и посочува дека во СДСМ се случува драма.

Ордановски во колумната објавена на ПлусИнфо пишува дека незадоволството од СДСМ кај јавноста е огромно.

-По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство, пишува тој.

Особено става акцент на битката која ќе се води за град Скопје на претстојните локални избори.– Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

30.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Златко Ориѓански  искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

Ордановски му призна победа на Трајановски: СДСМ ПОВТОРНО ЌЕ ГО ИЗГУБИ СКОПЈЕ

Незадоволството на народот од СДСМ е огромно, а за тоа е свесен и Сашо Ордановски, еден од мозоците и мдиумски промотори на политиките на СДСМ. Човекот кој во 2014 година на СДСМ на чело со Заев му ја предвиде судбината на ПАСОК, кој му порача на Заев вината за поразот да не ја бара во народот туку во своите редови, во пресрет на локалните избори го потсетува Заев дека не ја научил лекцијата.

Ордановски: На СДСМ, можеби, ќе му се случи судбината на ПАСОК

Лидерот Зоран Заев и целокупното раководство на СДСМ, наместо причината за лошите изборни резултати да ја бараат внатре во партијата, односно немањето квалитетни и издржани проекти кои ќе се понудат на граѓаните, продолжуваат во стилот на Бранко Црвенковски – причината за поразот да ја бараат во народот. (Продолжи со читање ТУКА)

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски во колумна објавена на Плус инфо.

„По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство“, пишува тојфокусирајќи се на битката за Град Скопје.

„На пример, мене не ми влегува во глава како може таков партиско-политички механизам како СДСМ, на само неколку недели пред изборите, да не знае кој им е кандидатот за градоначалник на Скопје?! Па, таа личност би требало да се знае барем со месеци, ако не и со години однапред, особено за партија која никогаш, од осамостојувањето до денес, не владеела со главниот град во државата (или можеби токму поради тоа)! Личните урбани, политички, културни, бизнис и други визии и релации на кандидатот за градоначалник на Скопје, жена или маж, се работа за која граѓаните на столицата имаат право да знаат многу порано од дваесетина дена во некаква трчи-мочај изборна кампања. Ете, кај ВМРО тој кандидат повторно е градскиот хаусмајстор Коце и за него нема човек од Скопје кој нема формирано мислење – Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години“, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Анкета на „Павел Шатев“: Заев ги разочара граѓаните, вртоглав пад на СДСМ

Граѓаните не се задоволни од досегашната работа на новата Влада – покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“. Според резултатите, повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада. (Продолжи со читање ТУКА)