ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Државниот апарат главен мотор во изборната кампања на СДСМ (ФОТО)

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ, бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

  Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, кампања води со министерот за финансии Драган Тевдовски.

СДСМ ПОТКУПУВА ГЛАСАЧИ, МВР МОЛЧИ: Активисти на СДСМ се фалат дека делат пари во Ранковце

Членови на СДСМ од Ранковце на Фејсбук објавија фотографии каде се фотографирани со куп пари и партиски обележја на владеачката партија.

Министерството за внатрешни работи, предводено од потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, како и за сите досегашни случки во кампањата, од кои дел и крвави, молчи и не регира, пишува порталот Денешен.

Од фотографиите до кои дошла редакцијата на Денешен, јасно се гледа членови на СДСМ на Фејсбук се фалат со пари кои се спремни за изборен поткуп.

SDSM-Rankovce-potkup

-Од МВР и за овој случај нема никаква реакција, граѓаните гласно коментираат дека место сервис на граѓаните, полицијата станува партиски сервис на Зоран Заев и СДСМ, што може да се види во текот на целата кампања. – пишува Денешен.

SDSM-Rankovce-potkup-3Но, фотографиите набругу откако се појавија на интеренет, беа одстранети од објавата, но од историјата на објавата може да се види дека биле објевани четири фотографии, а подоцна биле отстранети двете фотографии на кои ги има парите наменети за поткупување на гласачи.

SDSM-Rankovce-kupuvaat-glasaciИнаку ова не е прв, ниту единствен скандал приреден од страна на владеачката партија во предизборниот период, скандалите се секојдневни и граѓаните со зачудување прашуваат како досега нема ниту еден случај отворен од страна на полицијата и Јавното обвинителство. За само девет дена од кампањата се случија десетина големи инциденти.

Искршени беа штабови на партиите, а најчесто на удар се опозициските партии. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а искршен беше и штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. На удар беше и опозициската партија во албанскиот блок, БЕСА, во текот на викендов демолиран беше нивниот штаб во Бутел.

Притисок голем се прави и врз кандидатите за градоначалници. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина бил застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со пратеничката на СДСМ од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните. Во Ресен директорката на Центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДСМ, треба да си ги пакуваат куферите.

Грубо прекршување на изборниот законик имаме и во Крушево, каде беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДСМ во градот, секако, барајќи гласови за возврат. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДСМ, што исто така претставува грубо кршење на законот.

Покрај овие груби прекршувања на изборниот законик, во овој период сме сведоци и на крвави сцени кои им се случуваат на кандидати советници и градоначалници.

Последниот пример е претепување на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Тој заедно со уште едно лице кое било со него бил крвнички претепан со метални и дрвени прачки.

Elvis-Bajram-pretepanВо животна опасност во Кичево беше доведен и носителот на советничка листа, Алит Абази, кој беше ранет од огнено оружје.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Од таму велат дека министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДСМ, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.

-Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните чувствуваат разочараност и гнев од неодговорноста на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тие велат дека тој полицијата ја претворил во партиска испостава на СДСМ, која одработува само за потребите на владеачката партија. Експертската јавност е едногласна дека со волку инциденти за време на предизборна кампања, а ниту еден разрешен случај, министерот би требало веднаш да си поднесе оставка.

ИСПЛАШЕНИ ОД ПОРАЗ: Функционери на СДС фатени на дело како вршат предизборен поткуп

Изборниот процес е под сериозен ризик. Изборниот процес не е демократски и не е во фер атмосфера. Власта директно го узурпира процесот. Зоран Заев и СДС продолжуваат со целосна злоупотреба на државата и на државните институции за партиски цели во изборен процес. Исплашени од се послабата поддршка од граѓаните и од слободниот пад на нивниот рејтинг СДС ги узурпира државните институции и врши масовен поткуп, обвини Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека медиумите објавиле фотографии од кои се гледа како во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник на СДС за Прилеп заедно со пратеничката на СДС од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп делат зејтин и прехранбени намирници во Ромското маало во Прилеп.

-СДС се фатени на дело како вршат предизборен поткуп. Целиот случај е фотографски документиран. СДС и нивните функционери вршат кривично дело, изборен поткуп. СДС го прекршуваат чл. 162 ст.1 од Кривичниот законик, кој вели: „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Изборниот поткуп кој го врши СДС не смее да остане неказнет. ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното јавно обвинителство да отвори случај и да отвори индивидуална кривична одговорност за  инволвираните  во поткупот, изјави Јовановски.

Тој вели дека СДС мора веднаш да престане со злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Тој порача дека меѓународната заедница, но и граѓаните на Република Македонија очекуваат фер, слободни и демократски избори.

-Апелираме, но и ги повикуваме сите надлежни институции, но и набљудувачи на изборниот процес, кои се должни да интервенираат, да го сторат истото. Република Македонија мора да има фер и демократски избори. Граѓаните ги гледаат манипулациите и лагите на СДС и на Зоран Заев и својот збор ќе го кажат на 15-ти октомври, изјави Јовановски.

Одложено судењето за „Поткуп“: Се разболе судијката

За денеска закажаното рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено поради болест на судијката.

Во обвинителниот акт тој се товари дека побарал поткуп од 160 илјади евра за градежно земјиште од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев додека беше градоначалник на Струмица.

На претходното рочиште во судот, одбраната на Заев побара да се изземат снимките кои беа објавени на Интернет, а се дел од т.н. посебни истражни мерки. Тогаш премиерот изјави и дека размислувале наместо тоа, да ја објават целосната снимка од разговорот за да се дознае целата содржина и вистината. Меѓутоа, се одлучиле да побараат изземање.

Судијката на предметот, Дијана Груевска-Илиевска, од вчера е на боледување, а судењето е одложено за 20 ноември. Судот го одби барањето на адвокатите на Заев снимките што се појавија во јавноста од неговиот кабинет да бидат издвоени т.е. одбиени. Адвокатите на Заев најавија дека ја разгледуваат можноста да ја обжалат одлуката пред Апелација.

Откриен планот на СДСМ за Зврлевски: „Анкетите се лоши, Катица неупотреблива, мора да се постави партиски обвинител да ги гони ВМРО-ДПМНЕ“

„Марко Зврлевски мора да биде сменет што поскоро, ВМРО не смее да го блокира ова бескрајно, ако треба ќе протестираме ама Зврлевски мора да падне“, ова е пораката која им била пренесувана на општинските организации на СДСМ речиси низ цело Скопје на итни состаноци кои биле свикани вчера и завчера со цел да се мобилизира членството доколку СДСМ реши да прави протести за смена на Зврлевски.

Причина за оваа голема нервоза и итност кои владеат во СДСМ по секоја цена Марко Зврлевски да биде променет од функцијата Јавен Обвинител, се најновите интерни анкети кои партијата ги направила и кои покажале голем пад меѓу македонските гласачи после непопуларните договори за двојазична Македонија и за „поклонување“ на историјата на Бугарија.

СДСМ нема простор за дополнителни акции кои суштински би го смениле соодносот на сили на теренот преку СЈО, бидејќи Катица Јанева и нејзиниот ти се веќе „прочитана приказна“ и нивната моќ и одработување во корист на СДСМ и ДУИ најмногу беше искористена за време на парламентарните избори.

Цела година пред парламентарните избори СЈО го гонеше само ВМРО-ДПМНЕ, а ги штитеше и ослободуваше од обвиненија СДСМ и ДУИ, што резултираше повторно со победа на ВМРО-ДПМНЕ, но со помала разлика во однос на СДСМ. Но сега, СДСМ има насушна потреба од партиски обвинител кој по секоја цена ќе измислуа нови обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ и сите медиуми кои ги има под контрола тоа ќе го користат максимално во предизборната кампања.

Наследникот на Зврлевски кој ќе биде аминуван од Заев и некои амбасадори преку спроведување на партиските задачи од позиција на Јавен Обвинител ќе треба да ги мобилизира граѓаните преку манипулативна и негативна кампања, иста како таа на Јанева. Проценката на СДСМ е дека партиски јавен обвинител ќе допре до поедуцираните и посамостојни граѓани, додека пак за социјалните случаи, лицата со криминално досие и поткупливите граѓани, СДСМ во планот за фалсификат има предвидено координирана акција на партизираната полиција, мафијашкото подземје и институциите на системот за труд и социјала (пензии, социјална помош…).

Динко „ловецот на мигранти“ на Заев му донел нов дел од 20-те милиони евра поткуп за Договорот за добрососедство

Низ медиумите во соседството и во Македонија проструи молскавично фотографија на која се наоѓаат Зоран Заев и бугарскиот ловец на мигранти, Динко В’лчев.

Фотографијата која Динко ја објави на својата фан-страница на фејсбук ги покажува двајцата очигледно блиски пријатели за кои е воочливо дека не се гледаат за прв пат.

Анонимни извори кои биле присутни за време на нивниот разговор во струмичкиот ресторан „Пиликатник“ велат дека разговорот траел повеќе од два часа, при што во првата половина се зборувало за бизнис, а во вториот дел се прошло и во неформален дел проследен со алкохол, вицеви на тема „Един Народ“ и со многу смеење и добро расположение.

Нашите извори велат дека токму Динко В’лчев е одбран да биде еден од луѓето кои во Македонија ќе носат „порции“ од милионите кои Заев ги добива на рака од Софија за да ја одигра историската улога на предавник кој ги продал македонската историја, јазик и народ за интересите на Република Бугарија, маскирани во т.н. Договор за добрососедство.

Динко е одбран за тоа затоа што никој не би се посомневал во него, велат нашите извори.

„Во Бугарија многу луѓе на него гледаат како на патриот кој лови мигранти, но и многу луѓе го сметаат за чиста будалетинка. Во Македонија пак, луѓето не го сфаќат сериозно. Тој е идеален човек за службите во Бугарија преку него да исплаќаат пари до Зоран Заев како дел од шемата во која Македонија ќе се сложи на сите барања на Бугарија и тоа ќе го претстави како голем успех и доближување на земјата кон ЕУ и НАТО“, велат нашите соговорници.

Претходно пишувавме дека голем дел од 20-те милиони евра кои Заев ги добива од Бугарија за да го изврши националното предавство се финансирани токму од парите кои македонските граѓани ги плаќаат за бугарски пасоши со кои наоѓаат работа во ЕУ. Во оваа шема клучна улога има струмичанецот Лазар Младенов, кој е претседател на Бугарскиот културен клуб, негатор на се што е македонско и близок пријател на Зоран Заев.

За Младенов исто така се пишува дека е припадник на Бугарската тајна служба ДАНС, и еден од неговите приоритети било лобирање и посредување во потпишувањето на најштетниот договор за Македонија кога е во прашање Бугарија, после Санстефанскиот.

Зоран Заев како дел од контра-услугите ја вработува неговата ќерка Љубица Младенова Митева како директор во Здравствениот дом во Струмица, со завршен факултет по психологија, иако за тоа место е потребно да биде Доктор, по систематизацијата на институцијата. Исто така, Зоран Заев го вработува и синот на Лазар Младенов, Иван Младенов, како архитект во Секторот за урбанизам во Струмица.

НА КРИМИНАЛЕЦОТ ЗАЕВ МУ ГОРИ: СДСМ денеска повторно ќе брза да го смени Зврлевски за да го спаси Заев од кривичен прогон за Поткуп

Зоран Заев и парламентарното мнозинство во Собранието брзаат да го сменат Јавниот обвинител, Марко Зврлевски поради случајот „Поткуп“.

Доказ за брзањето на Заев и парламентарното мнозинство Зврлевски да биде сменет е тоа што првата изјава која тој ја даде откако беше избран за премиер, Заев побара од Зврлевски да си даде оставка или во спротивно ќе биде разрешен.

-Една од работите заради која не ни чини правосудството е Јавниот Обвинител. Јас се надевам дека можеме почетокот на реформите да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Утре ја очекувам неговата оставка, секако како чин кој што знае дека на предлог на влада, Парламентот го разрешува државниот Јавен обвинител и на предлог на влада, Парламентот го избира. Од тој аспект го повикувам да ги убрза процесите и да си поднесе оставка Марко Зврлевски, беше првата изјава на Заев пред партиското седиште ноќта кога беше избран за премиер.

Во Јавно Обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“. Заев е осомничен од ЈОО за „Поткуп“, за што има видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. Таму јасно се гледаат две работи како Заев бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го крши изборниот законик.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека изборниот законик го регулира периодот од моментот на распишување на избори, до момент на завршување на изборите. Тој додаде дека членот 8 од изборниот законик не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

– Вие сте дожни да го почитувате законот и сте дожни да го почитувате вашиот повик од вчера дека треба да се почитуваат уставот и закон и постапката која што ја тераме да ја ставите во мирување и да ја продолжите на 16-ти Октомври ден после завршување на локалните избори, потенцираше Димовски, истакна Димовски.

Газдата на ТВ 24 Вести им нудел по 15.000 евра на новинарите ако откријат каде е Сеад Кочан

До сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан, на адресата на „Трансмет“ деновиве стигнало писмо од новинар во ТВ 24 Вести во кое тој информира за притисоците кои ги имал во неговата матична телевизија на тема работењето на „Трансмет“ и нејзиниот сопственик, објави ТВ НОВА.

Во писмото тој информира дека на новинарите во ТВ 24 Вести им биле понудени по 15.000 евра од страна на сопственикот ако откријат каде е Сеад Кочан.

Pismo-do-Sead-Kocan

Во целост ви го пренесуваме писмото:

Почитувани, вработен сум како новинар во телевизија 24 Вести, но мојот кодекс, љубовта кон професијата и мојата дефиниција за поимот новинар не ми дава да го премолчам она што ми беше понудено од сопственикот Роберт Димитров, односно неговата сестра Жан Жанина Стојанова, имено на одделни состаноци со секој од нас новинарите посебно кои се случуваа во текот на минатата недела во нашата телевизија од нивна страна беше понудена награда во вредност од 15.000 евра +покривање на сите направени трошоци за истражувачка репортажа-прилог во кој ќе биде откриено каде е побегнат вашиот сопственик Г-дин Сеад Кочан или репортажа-прилог во кој ќе се откријат наводни сторени криминални дејствија поврзани со работењето на фирмата „Трансмет“, односно секој ден мора да правиме прилог на оваа тема и истиот да биде топ тема, постиран на сите платформи на прво место и да биде максимално коментиран во негативна конотација од сите лажни профили кои ги контролира телевизија 24 Вести се со цел да се створи притисок во нивен жаргон „да го натераме да излезе од дупката“

Нашата професија одамна не е тоа што треба да претставува но главниот проблем не е само во сопствениците на медиумите и нивните потреби да контролираат туѓи судбини туку и во моите колеги кои за матријален интерес веќе се спремни да направат и да кажат се.

Се надевам дека во блиска иднина ќе најдам некоја друга работна средина, средина во која нашата професија нема да биде злоупотребувана и каде што главна цел нема да биде уништување на туѓи животи.

ОБСЕ во заштита на криминалот, му обезбеди алиби на Заев да избега од рочиштето за „Поткуп“

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев е одложено и презакажано за 27 јуни годинава. Причина за одложувањето, повторно средба на Заев.

Заев дојде во судницата со неговите адвокати, но присуствуваше таму одвај неколку минути велејќи дека има состанок со висок претставник на ОБСЕ.

Според тврдењето на адвокатите, поканата од ОБСЕ ја добил рано утринава, а тема на средбата ќе биле случувањата во Собранието. Одложувањата на рочиштата не се ништо ново кога станува збор за случајот „Поткуп“.  Се отвора прашањето дали овој пат ОБСЕ се вклучува во одбрана на криминалот на Заев во „Поткуп“ и зошто по една недела од случувањата, денес изразува загриженост за истите и утринава бара средба со лидерот на СДСМ. Обезбедува ли ОБСЕ ново алиби за Заев за повторно избегнување на судското рочиште и одолговлекување на случајот?

Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано на 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше неколку одложувања. Последното одложување на рочиштето беше на 3 април.

Според Јавното обвинителство, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште во Струмица.

ЦРПКО УШТЕ КУПУВА ВРЕМЕ: Заев повторно имал закажано – одложено рочиштето за „Поткуп“

Рочиштето за судскиот процес против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп“ денеска повторно беше одложено, овојпат бидејќи лидерот на СДСМ имал закажано средба со висок претставник на ОБСЕ во 11 часот. Заев ѝ покажа доказ на судијката Дијана Груевска-Илиевска за средбата, по што таа го презакажа рочиштето за 27 јуни.

Според обвинението, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.