Данев: Не ја потценувајте интелигенцијата на народот и тргнете го европското знаменце од Законот за јазиците!

Расправа за законот за јазиците во Собранието продолжи и денеска. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев смета дека новата влада и начинот на донесување на овој закон е  крајно несериозна и неадекватна.

-Oвој закон се носи врз основа на демонстрирање на една политичка сила односно имаме 62 пратеници, имаме парламентарно мнозинство, можеме и во моментот ќе го донесеме ова законско решение. Ова законско решение мој став е дека треба да се донесе консензуално, со сите пратенички групи и во една широка стручна дебата. Широка општествена дебата. Јас сум убеден и тоа е мојата перцепција, а тоа е перцепцијата и на поголем број граѓани со коишто секојдневно комуницираме и ние и комуницирате и вие го знаете тој став, се обраќам на пратениците од владејачкото мнозинство, дека недоволно беше консултириана стручната јавност во нашата држава и не беа земени во предвид нивните забелешки. Инаку лично сум за максимална употреба на мајчиниот јазик на секој граѓанин во Република Македонија без исклучок на никој. Притоа мора за да се тоа спроведе да биде испочитуван Уставот на Република Македонија на којшто сите сме обврзани да го почитуваме и да го браниме, не само да го почитуваме и унитарноста на Република Македонија којашто е загарантирана со сите уставни елементи односно со Уставот на Република Македонија и сите законски и подзаконски акти кои што се на сила на Република Македонија, потенцираше Данев.

Пратеникот Данев за поставување на европското знаменце на законот за јазиците додаде:

-Законот за јазици се поставува апсолутно или набрзина. Значи се пробиваат сите рокови, се пробиваат сите процедури за да дојде овој закон во Собрание пред локалните избори и во недостаток на аргументи вистински на овој закон му се става европско знаменце. Јас за граѓаните на Република Македонија, бидејќи поминаа многу дена од првичните разгледувања и дебатирања во однос на овој закон во Собранието на Република Македонија еве што пропишува Деловникот на РМ на Собранието во однос на закони на кои се става европско знаменце. Вели вака: Кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија во воведот е наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската Унија под назив, број, и датум. Со предлогот на закон се поднесува изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување, Внимавајте! На правниот акт на Европската Унија со кои е извршено усогласувањето. Јас таков правен акт од Европската Унија или популарно наречена „директива“ до сега не видов визави овој закон и ако се осврнам на одредени дискусии и одредени погледи и установишта на стручната јавност, целата македонска јавност веќе е сведок дека ова е навистина една сериозна неаргументираност во однос на ставањето на тоа европското знаме. Веќе целата македонска јавност знае дека Европската Унија или државите во Европската Унија секоја поединечно си го решава прашањето за употребата на јазиците. Така да навистина ако сакаме да зборуваме со факти и ако сакаме да зборуваме со аргументи барем ако ништо друго можеме во наредните фази да го тргнете ова европско знаменце и барем како –така да го ставите во оваа дискусија во некои правни шини и не омаловажувајќи ја интелегенцијата на граѓаните на Република Македонија. Зборувам за сите граѓани, како за Македониците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците и сите граѓани на Република Македонија кои што не се спомнати како етнички заедници, додаде Данев.

Груевски: СДСМ ќе го претрпи 10-от пораз затоа што го потценува народот

На 11 декември СДСМ ќе го претрпи 10-от по ред силен пораз затоа што даваат лажни ветувања и го потценува својот народ и затоа што прифаќаат туѓи агенди. Затоа што не веруваат на сопствениот народ. И затоа што планираат да воведат некои работи кои им се понудени од надвор. Затоа што не држат до дадениот збор и даваат лажни ветувања. За нив дадениот збор не вреди ништо. Такви луѓе не можат да ја водат Р. Македонија, порача вечерва од Тетово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој посочи дека СДСМ немаат економски тим и издржана програма, а како резултат на тоа ветуваат нереални проекти.

-Најновите ветувања им се дека социјалната помош ќе ја направат повисока од минималната плата. Сосема нелогично и не треба да си економист за да го разбереш тоа. Ќе ја зголемат просечна плата на 500 евра. Во 2006 просечната плата беше околу 210 евра, а денеска е околу 370 евра. Тоа не се прави со декрет, одлука или закон. Тоа е прави со намалување на невработеноста, со инвестиции. Во секоја пазарна економија е така. Срамота е да се ветува и да се лаже, просечната плата  зависи од тоа колку инвеститори ќе се донесат, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која донесе најмногу инвеститори во Р. Македонија.

-Ние сме тие кои ја направивме Македонија наместо на 94 место да биде на 10 место за правење на бизнис. Ние ја направивме место со најниски даноци на светот. Така се намалува невработеноста. Тоа е реалноста и тоа е чесен пристап. Овој народ е мудар и не подлегнува на обични лаги, рече Груевски.

Груевски истакна дека СДСМ ќе ги изгубат изборите и затоа што, како што рече, кокетираат со нашите сограѓани Албанците, а тоа е дека ќе направат двојазичност и кантонизација на Р. Македонија.

СДСМ го потценува македонскиот народ, Заев со двојазичните табли си поигрува со членството

Балистот Заев и анти-македонската багра, СДСМ го потценуваат целиот македонски народ, а особено си поигруваат со своето членство.

Откако на дело почна да ја применува најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли, партијата на Зоран Заев се соочува со револтот од страна на македонските граѓани. Затоа одлучи повторно да го излаже народот.

Денес од СДСМ испратија соопштение во кое пишуваат дека „натписот на партиски простории на СДСМ во Чаир е поставен без одлука на органите и телата на партијата“. Ова тврдење на СДСМ е целосна невистина.

sdsm-tabla-cair

Членовите на СДСМ биле прашани дали се согласуваат со одлуката за поставување на двојазични табли и одговориле потврдно, односно се согласиле.

sdsm-cvetan-dimov-cair

Во решителноста на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја направи Македонија двојазична кога ќе дојде на власт му се попречува фактот што убедливото мнозинство на македонски граѓани не се согласуваат со неговата идеја и на истата бескомпромисно се противат.