ВИДЕО: Објавен целиот разговор со таткото на Наќевски – убиен кај Смилковското езеро: ЗАЕВ Е ПРЕВАРАНТ И ПОГОЛЕМ МОНСТРУМ ОД УБИЈЦИТЕ!

Политички „Монструм“: Шок и неверување кај семејствата на убиените момчиња кај Смилковско Езеро по вчерашната одлука целиот случај да се врати од почеток.

Таткото на убиениот Александар Наќески, Горан во потресно телефонско сведочење за Алфа јасно го искажува своето незадоволство од како што вели лажните ветувања на премиерот Зоран Заев. Тој во последната скандалозна одлука на судот гледа како на политички пазар меѓу ДУИ и СДСМ.

Чилиманов: Царовска го достигна Рашковски, се фати жива во своите лаги

Значи кој преварант е Мила Царовска, на моменти го достигнува и Рашковски. По лажгите дека ќе имало повисоки пензии, сега Мила вика дека не смеело да се организираат општински референдуми за нејзините кампови за бегалци на денот на локалните избори, ова на својот Фејсбук профил го напиша новинарот Цветин Чилиманов.

Тој пишува дека според Царовска не смееле да се трошат непланирани пари пред избори. На СДС, кои преку Рашковски и неговиот кум го прегазија правилото дека да не смее да има предизборни именувања и разрешувања, сега божем им стана важен законот. А на дете од две години му е јасно дека најефтино е општински референдуми да се организираат на денот кога и онака има локални избори – со еден трошок граѓаните ќе можат да се изјаснат за се што им е важно. Луѓе, овие се фатени живи. Имаат дадено ненормални ветувања на нивните странски газди и сега не знаат како да се извадат.

Пандов: Заев класичен шибицар, преварант, во очи те гледа и те лаже

СДСМ во текот на денешната седница се повикаа на деловникот и побараа да се изгласа претседател на Собранието. Тоа значи да се прескокне целата оваа дебата што се случува во моментов, иако пријавени се уште 50 говорници на оваа тема. Дали нивното барање е легитимно? На оваа тема во „Отворено студио“ на ТВ НОВА зборуваше политичкиот аналитичар Александар Пандов.

-Колку што го разбирам деловникот на Собранието, а сум бил пратеник, таква деловничка можност нема. Ова што се случува во овој момент е Конститутивна седница на Собранието. По верификација на мандатите на пратениците се преминува на втората точка, а тоа е избор на Комисија за избори и деловник, сега се на таа точка. Не постои можност согласно деловникот да се прескокне таа точка и да се помине на следната. Втора работа, досега во овие 26 години немало ситуација во која сме се собрале поголем број пратеници и затоа што неени одговара она што го дискутираат останатите партеници по некоја точка, да речеме „Ајде да ја прескокнеме оваа точка и да преминеме на следната“. Тоа е она што сака да го направи СДСМ“, вели Пандов.

СДСМ се бореа за слобода и демократија, вели Пандов, а сега им забрануваат на пратеници во Собрание да говорат на одредена тема.

-Имате илјадници луѓе на улиците кои бараат да се говори и да се открие зошто Заев доби 67 потписи. Запознаени ли се и пратениците на СДСМ што договорил Заев за да ги добие тие потписи? Дали се согласуваат со таа Тиранска платформа? Зекири отворено кажа дека се согласува, но не верувам дека од неговите редови едногласно се согласуваат. Досега ниту еден не се одважи да каже.

Иако сум избран од листа на СДСМ, не ја прифаќам Тиранската платформа, ниту пак сакам прва точка точка да ни биде воведување на втор службен јазик“, рече Пандов.

Тој истакна и дека голема грешка е да се правиш глув пред народот што секојдневно е на улиците, говорејќи за протестите „За заедничка Македонија“ и тоа што СДСМ не се одзва на нивните барања.

-Ни најмалку не би сакал да бидам во чевлите на Заев, Шекеринска, Спасовски и Шилегов. Зошто? Затоа што на улиците е присутен огромен број на луѓе, што реално досега не се случило во Македонија. Тие луѓе не се дојдени за пари, сендвичи или сокче, секојдневно одат на улиците и сите ќе ви кажат дека се исплашени за сопствената иднина и не сакаат да слушнат за таа Тиранска платформа, рече Пандов.

Додаде дека не може да се постават на позиции раководни лица, како претседател на Собрание, што не ја отфрлиле Тиранската платформа.

СКАНДАЛ: Заев е фатен жив во лага како тежок преварант!

Зоран Заев денеска противзаконски објавуваше криминално стекнати креирани, сечени и лепени материјали, со кои ги обвини Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска за наводно постапување во врска со изборите.

За креираните материјали кои ги објавуваше тој даде како и секогаш воведно објаснување, наратив, контекст, кој е тотално неточен.

Од оваа прес-конференција најексплицитно и најконкретно стана кристално јасно она што веќе цела јавност го знае, а тоа е дека Заев токму преку своите воведни излагања пред да ги пушта креираните материјали пробува нечесно да ги изманипулира граѓаните и да им даде насока како да размислуваат во правец кој нема тотална врска со вистината.

Од креираните материјали кои денес ги пушта Заев добро упатени велат дека и покрај сечените и монтирани делови кои се забележливи, кристално јасно е дека Јанакиески и Јанкуловска зборуваат за испраќање на македонските навивачи на кошаркарскиот натпревар на македонската репрезентација со Шпанија во полуфиналето на европското првенство во Литванија, кога постоеше проблем со обезбедување на авиони за транспорт на македонските навивачи на натпреварот.

Јавноста тогаш памети дека со подршка на Владата и приватните компании во Литванија ќе патуваат и членови на семејствата на кошаркарите и на стручниот штаб, претставници на спортските федерации, јавни личности, естрадни уметници, истакнати спортски работници и претставници на навивачките групи.

Дури и во овие креирани материјали на Заев се слуша дека глас за кој Заев вели дека е на Јанкуловска зборува “за полнење на салата” на кошаркарскиот натпревар.

Со вакви манипулации Заев сака да го пере мозокот на граѓаните, што е нечесно и нечовечки и не доликува на ниту еден човек.

Владата тогаш јавно објави и се заблагодари на спонзорите приватни компании кои Заев ги наведува во креираните материјали за помошта во обезбедување на дополнителни средства за транспорт на македонските навивачи.

Заев е обичен преварант и тежок лажов. Затоа граѓаните не му веруваат во приказната која сака да им ја продаде.

За ова пишуваше и опозицискиот весник Утрински кој на 16.09.2011 има објавено статија со наслов “Владата испрати навивачи во Литванија” во кој е наведено дека Владата, во соработка со кошаркарската репрезентација на Македонија и неколку успешни компании, на 405 граѓани им овозможи да присуствуваат на преостанатите натпревари на нашите кошаркари во Литванија.

Vlada-navivaci-Litvanija

Аранжманот опфаќа бесплатен авионски превоз, хотелско сместување, обезбедени влезници за вчерашниот натпреварот со Шпанија, како и за утрешниот меч на нашата репрезентација…