ДИК ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.

На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа. Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив нема да има промена во освоените пратенички мандати.

preglasuvanje-tearce-rezultati

ВИДЕО: Дали се подготвува изборна кражба во Теарце помеѓу СДСМ и албанските партии?

Нескриени се обидите на СДСМ да го купи Теарце, за што сведочат и фотографии што ги објавуваат на Фејсбук активисти на СДСМ и информации до кои доаѓаат медиумите. Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и в недела да гласаат за нив.

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Овие тврдења на граѓаните се во насока на тезата дека се работи за сценарио за поткуп на гласачи со идеи кои одат во полза на една етничка група.

Како гласаше Теарце на 11 декември

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

tearce-im-2011

Во Изборната единица 6 според резултатите на ДИК, најмногу гласови 40.546 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.044, СДСМ со 25.741, Беса со 24.989, Алијанса за Албанците 17.945, ДПА 16.161, ВМРО за Македонија 918 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 238.

ie-6-mandati

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Прегласувањето доаѓа како резултат на прифаќањето на тужбата на СДСМ од страна на Управниот суд на Република Македонија за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски. Велат дека не дозволуваат омаловажување преку поткуп. И дека прегласувањето е непотребно.

Членовите на општинската изборна комисија во Теарце и избирачкиот одбор два пати сведочеа во ДИК. Речиси сите тврдеа дека немало неправилности. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за сценарио за постизборен инженеринг за негирање на волјата на гласачите и за да се украде изборната победа. Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски.

ФОТО: В недела се прегласува во Теарце, денеска Заев на баци рака кај Папата?

Автомобилот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е забележан пред канцелариите на поранешниот прв човек на СДСМ и поранешен претседател, Бранко Црвенковски.

Автомобилот „ауди А8“ на Заев утрово е паркиран пред канцелариите на Црвенковски. Дали Заев планира да се повлече од политиката и токму ова е причината за нивната средба или, пак, е во план некаков друг договор останува да се види.

Заев вчера изјави дека се повлекува од градоначалничката функција во Општина Струмица и истакна дека за него ова е последна седница.

zaev-bc-sredba

– Во следните денови настапува престанок на мојата функција градоначалник заради започнување друга функција. Во согласност со законот, сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик-градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов, кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица – рече Заев.

Пред изборите на 11 декември, Заев изјави дека  целосно ќе се повлече од политиката ако биде поразен, но, и покрај претрпениот пораз, лидерот на СДСМ сѐ уште се нема одлучено за таков чекор.

Костов: Револтот кај граѓаните може да доведе до бојкот во Теарце

„Може да се случи народот во поголема мера да одлучи, револт, да не излезе и џабе оваа инвазија“ рече во „Аргументи“ со Љубиша Николовски политичкиот аналитичар Сотир Костов, коментирајќи го претстојното прегласување во Теарце.

Според Костов, може да дојде и до некоја средна варијанта, приближно исти да бидат резултатите, и тоа според него е нормално гласање.

Темата на вечерашното „Отворено студио“ со Љубиша Николовски е: „Мали бројки – голема разлика“, а дебатираат аналитичарите Сотир Костов и Алберт Муслиу.

ПОСТОЈАТ ДВЕ РЕШЕНИЈА: Миленко Неделковски ја објави пресметката за Теарце и понуди две решенија!

Новинарот Миленко Неделковски на сајтот Дудинка.мк ја објави пресметката за прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, и понуди две решенија.

ВМРО не смее да ја повтори грешката од 1994-та кога им ја остави државата на милост и немилост на Бранко, Киро и СДСМ, преку апстиненција од изборите. Тоа би била историска ненадоместива грешка.
Има, според мене, две решенија.
Едното е да се оди на прегласување со мобилизирање на сите Македонци и предгласачко коалицирање и силен догвор со ДУИ и ДПА.
Второто е да излезат 50.000 луѓе на улица, и да не си одат дома до финалното решение. Распоредени вака: 20.000 пред Собрание, 10.000 пред САД амбасадата на Кале, 2.000 пред резиденцијата на Бејли на Водно, 8.000 пред зградата на ЕУ во Скопје, 5.000 на граничен премин Бгородица, 5.000 на Табановце за блокирање на север-југ трансверзалата, 10.000 пред СДС. Од “кусурот, по 200-300 пред домовите на Милчин, Орданоски, Героски, Тричковски, Пировска, Дерала, Заев, Шекеринска…

ДИК: На 25 декември ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, откако ИТ секторот на Комисијата направил симулација дека тоа може да влијае на резултатот, односно бројот на освоени мандати на партиите во Изборната единица 6 на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември.

Одлуката на ДИК, е донесена врз основа на член 151, став 3 од Изборниот законик гласањето да се повтори доколку тоа може да влијае на крајниот резултат, но и врз основа на вчерашната одлука на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Прегласувањето ќе се врши на 25 декември 2016 година.

Жители на Теарце: Немаше никакви проблеми на денот на изборите, сè беше демократски и фер (ВИДЕО)

-Немало инциденти, фер.

-Ништо, ништо немаше, сè во ред беше фино, баш ми се допадна овој пат. Никаква галама, ништо. Се фино пројде.

-Добро, сè демократски, велат анкетираните.

Екипа на телевизија Алфа на денот на изборите беше токму на едно од избирачките места во Теарце, за кои беа поднесени приговори, а сега е донесена одлука да се прегласува. Тогаш од одборот за Алфа изјавија дека гласањето тече нормално, без никакви забележани проблеми и нерегуларности.

-Гласањето започна точно во 7 часот, се одвива најнормално нема никакви проблеми. На нашето избирачко место имаме 714 гласачи, изјавија од избирачкиот одбор на избирачкото место 2011.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

КЛАСИЧЕН ФАЛСИФИКАТ: Ова е вистината за ИМ 2011 во Теарце, сé друго е постизборен инжинеринг на СДСМ (ВИДЕО)

Управниот суд ја уважи тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието. Според одлуката, гласањето на гласачко место бр. 2011, општина Теарце за изборна единица број 6, се поништува и треба да има повторно гласање.

Одлуката која што Управниот суд ја донесе со која се укинува решението на ДИК со кое се одбија приговорите на СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, е апсолутно несоодветна со реалната и вистинита ситуација, но и со досегашната судска пракса.

На ова избирачко место гласаат вкупно 714 гласачи, а на изборите на 11-ти декември излегле 56.58% од гласачите или 404 гласачи. Според ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за изборен инженеринг, односно, СДСМ има точно таргетирана група на гласачи со кои ќе се обиде на прегласувањето да ја украде изборната волја на граѓаните со прегласувањето.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ИЕ 6 е 307 гласа, кои значаат еден мандат.

Вистината пак за тоа што се случило во Теарце на избирачкото место 2011, ја кажаа членовите на избирачкиот одбор на избирачкото место, при што целата Македонска јавност можеше да сведочи за обидот за лажење од страна на претставничката на СДСМ во избирачкиот одбор Христина Трипуновска.

Сите до еден објаснија дека на избирачкото место немало проблеми, ниту пропусти, додека за спорното „ливче со кочанот“ објаснија дека било грешка.

Во своето образложени, Управнот суд денеска соопшти дека  напуштањето на седницата од страна на еден член на комисијата за време на гласањето, а кој присуствувал цело време на расправата по приговорот, не може да се смета како воздржан глас.

-Ова упатува на заклучок дека оспореното решение, е донесено во постапка и на начин кој е спротивен на член 10 став 2 точка 34 (б) и точка (в) од Законот за измени и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.196/2015), во кој е утврдена постапката и на начинот на кој Државната изборна комисија донесува одлуки. Според судот, изјаснување со „воздржан“ ќе се смета како изјаснување „против“ само доколку лично е искажано на седница на Комисијата, се посочува во образложението.

Членот на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи во саботата непосредно пред гласањето сам се иззеде од одлучување, иако како што рече имал став по овој приговор.

-Јас доаѓам со предлог на политичка партија ДУИ и за да не влијаам во решавање, јас немам друго право треба да бидам за или против. Имам став, али тој став за овој приговор ќе го оставам на вас, а јас ќе се иземам од гласањето, рече Јакупи.

ПОНИШТЕНО ГЛАСАЊЕТО ВО ТЕАРЦЕ: Управниот суд ја прифати тужбата на СДСМ

Гласањето на гласачкото место број 2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6 се поништува, гласи пресудата што ја донесе Управниот суд, по тужбата од страна на СДСМ. Ова е првата одлука што ја донесе Судот за тужбите што ги доставија политичките партии. Одлуката е објавена на интернет страницата на Управниот суд, како што и беше најавено.

Со оваа одлука се отвора пат за прегласување на тоа избирачко место во Теарце. Сепак, одлуката дали ќе има прегласување ја носи Државната изборна комисија. Според законските одредби, прегласување има доколку бројот на избирачи на спорното гласачко место влијае во крајниот исход на гласањето во шестата изборна единица. Според резултатите од 11 декември од оваа изборна единица, законските услови за прегласување се исполнети. Тоа треба да биде во недела, на 25 декември.

upraven-sud-sednica

Одлуката во управниот суд ја донеле судиите Лулзим Салиу, претседател на советот, Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Исмета Амет, членови на советот.

Основани се тужбените наводи за направени неправилности во постапката при донесувањето на оспореното решение, дека Државната изборна комисија оспореното решение, го донела во постапка и на начин кој е спротивен на пропишаните законски прописи а кои претставуваат гаранција дека органот пред се треба правилно да постапи, а потоа мериторно да одлучува и да донесе акт законит од формален и од материјален карактер“, стои во дел од судското решение кое се смета за крајно.

Од ВМРО-ДПМНЕ до судот поднесоа приговор за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во избирачко место во Гостивар. Таму спорен беше случајот со жена која тврдеше дека не ѝ било овозможено да гласа зашто, наводно, некој друг се потпишал и гласал во нејзино име. За нејзиниот случај се жалеа од Движењето Беса, по што ДИК им го прифати приговорот и одлучи да го поништи гласањето на тоа избирачко место.

Доколку Управниот суд донесе одлука да ја отфрли тужбата на ВМРО-ДПМНЕ, односно да ја уважи одлуката на ДИК, тогаш тоа би значело дека прегласување ќе има и на избирачкото место избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред да ја поднесат тужбата соопштија дека имаат цврсти докази со кои се покажува дека одлуката на ДИК да го понитши гласањето во тоа избирачко место е незаконска. Никола Тодоров, од Извршниот комитет на партијата, истакна дека одлуката на Комисијата е незаконска и зашто е донесена после законскиот рок од 48 часа.

Одлуката е донесена после рокот од 48 часа што го имаше ДИК. Комисијата не може да постапува и да одлучува по истекот на овој рок – беше категоричен Тодоров.

nikola-todorov-pres-31-10

Тој рече дека се сторени и повеќе повреди од Изборниот законик, како и во постапката за решавање по приговори.

– Извршено е сослушување на лице. Овој сведок беше донесен од страна на коалицијата на СДСМ, иако приговорот е поднесен од движењето Беса. Од страна на членовите на ДИК беше укажано дека нема формална одлука за сослушување на ова лице. Претседателот на Комисијата сепак одлучи да има негово сослушување – истакна Тодоров.

Од ВМРО-ДПМНЕ, на протестите пред ДИК, во саботата најавија дека нема да учествуваат на ниту едно прегласување и дека нема да ги признаат ниту резултатите, ниту пак институциите што би се избрале врз основа на гласовите и мандатите остварени после тие прегласувања. Тоа го истакна лидерот на партијата, Никола Груевски.

gruevski-pred-dik

– Доколку и Управниот суд потклекне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување. Нема да дозволиме аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана воља на граѓаните и со претставници кои го немаат легитимитетот – рече Груевски во обраќањето до Граѓаните.

ЈОРМ: Оформен е предмет за поништеното гласање во Гостивар

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на седницата на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.