Груевски: Разговорите со ДУИ беа фокусирани на јазикот и платформата

Nikola-Gruevski-intervju-TV-Nova-1

Речиси целото време додека траеа преговорите, односно 90 до 95 посто од времето, разговорите со ДУИ беа фокусирани на јазикот, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, говорејќи за текот на неуспешните преговори за коалицирање со ДУИ.

„Откако не успеаа амбициозните планови за рекомпонирање на гласовите, беше јасно дека тежиштето на борба ќе се префрли врз коалицирањата кои во минатото беа работа што не беше неизвесна и се завршуваше во позитивен дух, дијалог и компромиси со ДУИ. Овојпат тоа не беше така. Кога ја видовме дистрибуцијата на пратеничките места веќе насетувавме дека може да биде пречка и некој нема да пропушти да се занимава со тоа. Не сакавме однапред нешто да прогласиме за невозможно и влеговме искрено во преговорите, но увидовме дека за разлика од минатото, на другата страна не и се брза“, раскажа Груевски.

Тој рече дека со ДУИ започнале комуникација од 9-от ден, од причина што претходно во ДУИ имале внатре-партиски дебати.

„Кога ги почнавме разговорите бевме соочени со барањето на ДУИ кое беше јасно и недвосмислено. Се бараше двојазичност на целата територија на Република Македонија, изедначување на македонскиот и албанскиот јазик. Ние им го кажавме нашиот став, дека тоа не треба да се прифати и дека е нелогично да има двојазичност на целата територија во држава во која Македонци има 65, а Албанци 25 посто. Албанските граѓани живеат претежно во северозападниот дел од државата каде имаат права за јазикот, и пред, но и по Рамковниот договор. На маса беше ставена и платформата од страна на ДУИ.

Одговоривме дека не можеме да разговараме за платформа потпишана во друга држава, независно од причините. Одговоривме дека можеме да разговараме за нивни барања, а не за туѓи платформи.

Сфативме со платформата дека станува збор за обид за предоговарање на Охридскиот рамковен договор. Во минатото имавме сугестии дека Охридскиот договор е тешко постигнат и не треба да се преговара за некое предоговарање“, изјави Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја наметнале дискусијата во правец на тоа да се зборува албански јазик во општините каде има 20 проценти Албанци, но да им се даде нешто и на другите етнички заедници, нешто што би им помогнало во секојдневниот живот и што би имало реална потреба од тоа.

„90 до 95 посто од разговорите беа фокусирани на прашањето за јасикот. Јас немам против јазикот и Албанците, но станува збор за нелогични барања. На овие избори имавме манипулација со албанските гласачи, се нудеше нешто што нема да им донесе ништо подобро. Што ќе им донесе на Албанците, ако во Берово има двојазичност, или ако има двојазичност во Струмица, Ресен, Демиркапија, Велес, Штип? Дискусијата ја насочивме во правец на тоа да се зборува за општините каде има 20 посто Албанци и каде живеат и поголем број луѓе од другите етнички заедници, и тие да добијат нешто. Дискусијата ја наметнавме во тој правец. Да е нешто што ќе им помогне на луѓето во секојдневниот живот, употребата на јазикот треба да има цел“, изјави Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ со детали како се одвивале преговорите: Не поради СЈО, туку поради Платформата не дојде до договор со ДУИ

Sredba-Gruevski-Ahmeti

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на партијата Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна политика на партијата Александар Николоски остварил средба со амбасадорката на Република Турација Еркал Кара и дека на истата било наведено дека не поради СЈО, туку поради Платформата не дошло до договор за коалицирање со ДУИ.

„Во поглед на внатрешните случувања од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека се соочуваме со политичка криза и зад нас како држава е еден тежок период во кој се случија работи кои очигледно долго се подготвувале со одредена помош на надвореши центри, што патем речено и беше директно отворено соопштено од Зоран Заев на средбите кои во предвечерјето на кризата тој ги имаше со Никола Груевски кога го уценуваше со објавување на илјадници креирани матерјали, нешто што и целата јавност го виде. Во продолжение беше посочено, дека после се, повторно следеа фер и демократски избори на кои ВМРО-ДПМНЕ доби нов легитимитет на избори кои никој не ги оспори, иако беа очигледни одредени влијанија кои помагаа на одредени субјекти во годината пред изборите“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се потенцирало дека ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на гласови и мандати и „сега имаме ситуација каде имаме обид тоа да се изгира,и дека  тоа не е добро за државата, создава нови кризи и затоа во партијата се смета дека е зрела ситуацијата за нови избори“.

„ Се посочи исто така дека во првите 20 дена од доделувањето на мандатот партијата имаше разговори за формирање на коалиција со ДУИ. Во тој период беше очигледно дека имаше вмешување на надвореши фактори вклучувајки и соседни земји што резултираше со изработка на нова платформа на албанските партии . Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор.

Меѓународната заеднца ја превзема улогата да биде еден вид гарантор на Рамковниот договор.Затоа од ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека  Постапката за репреговарање на охридскиот рамковен договор, преку форма наречена Платформа  може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи, односно свои барања за репреговарање на договорот од Охрид.

Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајки во обзир дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на пандорина кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа“, велат од таму.

Од партијата, како што нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, било потврдено дека СЈО треба да ја работи својата работа професионално, а не како марионета на СДСМ и други надворешни центри и согласно договорот од јуни јули 2015та, без негово менување, вклучувајќи и без негово продолжување.

„При тоа беше нагласено дека не е точно дека тоа беше причината за непостигнување на договор за коалицирање на ДУИ, иако очигледно е дека на ДУИ и одговара така да ја престави работата. Во реалноста всушност освен што на почетокот се констатира дека по ова прашање имаме различни позиции, над 95 осто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците, каде беа и главните разлики.
Во разговорите со ДУИ ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање за што исто така имаше многу разлики“, ги соопштува деталите ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се посочи дека очигледно е дека одредени партии сакаат да ја заобиколат партијата која освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори и „сакаат на тој начин да ги остварат целите поврзани со Законот за употреба на јазиците“.

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш „треба да им е јасно дека за измена нна таков закон потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската зедница, поточно потребно е и мнозинство од македонците во парламентот“.

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА: Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите

gruevski-ahmeti

Преговорите за состав на новата влада ќе се водат лично помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели за „Дневник“ Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Kако што веќе објавивме, Ахмети ќе го почитува воспоставениот принцип преговорите за влада да ги водат победниците на изборите од македонскиот и од албанскиот блок и оти лидерот на ДУИ веќе чека покана од Груевски за средба.

Груби вели дека нивниот претседател ќе инсистира преговорите за влада да се водат на највисоко ниво, односно лично двајцата лидери Груевски и Ахмети ќе треба да проценат дали е можно продолжување на владиното партнерство. Доколку тргнат разговорите и се процени дека е можна владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не се исклучува можноста натамошното договарање да се спушти на ниво на партиски тимови.

Ова ќе значи дека иако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ петти пат ќе почнат преговори за владина коалиција, првпат разговорите за нова влада ќе ги водат лично Груевски и Ахмети.

Во 2006 година по победата на изборите ВМРО-ДПМНЕ водеше паралелни разговори и со ДУИ и со ДПА за владин партнер. Тогаш ДУИ извиси и владина коалиција формира ВМРО-ДПМНЕ со НСДП и ДПА.

По предвремените парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014 година се воспостави принципот победник со победник и преговорите за владина коалиција ја водеа тимови на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Kарактеристика на претстојните преговори за влада е дека иако станува збор за веќе стари владини партнери, првпат исходот од преговорите е неизвесен. Ахмети преговорите за нова влада ќе ги услови со прифаќање на сеалбанската платформа. Груевски врати дека ако ДУИ игра со платформа и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери има платформа, но и куп забелешки кон досегашното практикување на власта од функционери на ДУИ.

– И ние и во минатото, и сега и во иднина ќе бидеме речиси 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем така ќе тераме отсега – порача Груевски во интервјуто за „Дневник“.

Ахмети, пак, за телевизија на албански јазик потврди дека очекува покана од Груевски.

– Ние ќе преговараме со партијата што ќе добие повеќе мандати – потврди Ахмети.

Од ДУИ не сакаат да прејудицираат како ќе течат преговорите. Од таму повторија дека услов е сеалбанската платформа, која ќе биде на маса пред Груевски, но и пред секој евентуален преговарач за новата влада. Оттука од ДУИ велат сè е на маса, можен е договор за влада и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, битно е да се прифатат барањата од платформата. Во спротивно, од ДУИ не ја исклучуваат и можноста од широка коалиција, тие да бидат опозиција или ако нема договор со ниту една страна, повторно да се оди на нови парламентарни избори.

Ова го потврди и Ахмети прашан дали е за нови избори.

– Зошто да не. Сигурно дека неприфаќањето на платформата од кој и да е субјект ја носи земјата кон нови избори – вели Ахмети.

Додовска: Преговорите со партиите од албанскиот блок ќе бидат со тешкотии

sredba-albanski-partii

Преговорите со партиите на Албанците нема да одат лесно поради ветувањата од страна на опозицијата за одредени прашања. Сепак, верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно ќе направат коалиција, евентуално засилена со ДПА, нагласува професорката Иванка Додовска.

Таа за Телеграф.мк ја анализира актуелната политичка состојба по прегласувањето и преговорите што ќе се одвиваат за формирање на новата влада.

Сметам дека преговорите со албанскиот блок ќе бидат со извесни тешкотии. Доволно е само да го погледнеме фактот кој во текот на изборната кампања беше наметнат од опозицијата во однос на одредени прашања што се директно поврзани со интересите на албанското национално малцинство во Република Македонија. Од тие причини, претпоставувам деканајсериозна ќе биде повторно коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но, со оглед на тоа што доколку се договорат ќе имаат мнозинство од 61 пратеник во македонското Собрание, можно е да бидат вклучени и уште најмалку една партија од албанскиот политички блок. Во овој поглед, најлогично е тоа да биде ДПА бидејќи таа е и идеолошки и традиционално блиска со владејачката гарнитура. Дали и како ќе се реализираат овие прогнози, зависи пред сè од ДУИ бидејќи во оваа ситуација е сосема реално да се очекува дека нејзините апетити ќе бидат зголемени во поглед на поделбата на владиниот колач. Ценам дека времето што доаѓа ќе донесе нови расплети на дејствијата на македонската политичка сцена за кои во наредниот период ќе имаме можност да сведочиме и во поглед на штетата што е направена врз националните интереси и во поглед на зрелоста и мудроста на релевантните политички фактори во земјата – анализира професорка.

Попоски: ЕК да го смени пристапот на повторени препораки без преговори

poposki-han

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во рамки на Меѓународната конференција за миграции во Виена се обрати на панел на високо политичко ниво „Европски политики за мигранти и бегалци – Што потоа”.

Како што соопшти МНР, во обраќањето Попоски истакнал дека постои стравување во европски рамки дека може да се повтори 2015 година со масовни хаотични миграциски движења.

– Тоа може да доведе до низа еднострани одлуки од земјите членки на ЕУ. Во крајна линија и суспензии на слободата на движење. Во година кога неколку членки имаат избори ризиците од политизација се многу поголеми. Сегашниот ред е резултат на контролите што се воведоа за спречување нелегални премини и на Договорот ЕУ-Турција. Едно е јасно, притисокот не е исчезнат туку само се изнајдени привремени решенија, истакнал Попоски.

На конференцијата во Виена најголем дел од разговорите биле за тоа што може дополнително да се направи во овој период на затишје.

На панелот учествуваа и министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, еврокомесарот Јоханес Хан, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Малта Џорџ Вела, со кои на маргините на конференцијата, Попоски имал  билатерални средби.

На средбите, како што стои во соопштението, е разговарано за билатералните односи, набљудувачката мисија на изборниот процес во Република Македонија, Извештајот на Европската комисија и неопходноста да се промени пристапот на повторени препораки без процес на преговори за членство.

– Последното е неопходно да биде поддржано од сите кои и мислат добро на Унијата и се грижат за нејзиниот публицитет, заклучи Попоски.

Колумна на Ирена Радовановиќ: Kако тргнал Заев, ќе преговара и со ИСИЛ

radovanovik-zaev-isil

„Перспективите во регионот се воспоставување соработка со тројката која ќе има големи поддршки во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа, ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија (…) Ве молам да поразговараме“.

Ова е дел од една од пораките што Зоран Заев му ги испраќаше на Мендух Тачи молејќи го за соработка во периодот од локалните избори 2013 година, па сè до одлуката за предвремени парламентарни избори 2014.

Според пораките што Заев му ги испраќаше на Тачи, се виде дека тој е подготвен да му го исполни секое барање на лидерот на ДПА само да се согласи да соработува со него. Во една од пораките му напиша: „Ќе ме задолжите“.

Така претендентот за премиер, претседател на најголемата опозициска партија и актуелен градоначалник на Струмица, се „задолжува“ на наша сметка, на сметка на Македонија, на сметка на националните и државните интереси.

Kојзнае што се ветува само да се дограби до власт. Kако што тргнал, ништо чудно да побара помош и од исисиловци, против „клетиот“ Груевски. Под изговор уривање на „режимот“ се гледа дека е во состојба да ја урне целата држава. Државата за која многу генерации со векови се бореле за да ја имаат. Државата, за која македонскиот народ на 8 Септември одлучи да биде независна, самостојна и држава на Македонците.

Денес, Македонија, каква што беше планирана во 1991 година, не е истата и тоа благодарение на сопартијците на Заев. Сменет Устав, знаме, рамковен договор, територијална реорганизација, сето тоа се „благодатите“ што ги добивме од владеењето на социјалдемократите. Ама малку било, требало уште двојазичност на целата територија и име што ќе ја отсликува мултикултурата.

И тоа го нуди човекот кој преку песна ни порачуваше да не му ја закачаме „жицата македонска“. Не е јасно само која му е таа „жица македонска“.

Еднаш да се сетеше да побара поголеми права за Македонците во Албанија. Да се побунеше што беа укинати неколку македонски општини таму, да кренеше глас зошто во местата каде што живеат Македонците не се инвестира, зошто живеат како во 18 век, патуваат пеш со километри оти нема кој пат да им направи.

Но, тоа нема да му донесе гласови. Побитни му се гласовите на Албанците во Македонија.

Реално, Македонија се соочува со проблеми наметнати од соседите, како проблемот со името, кој задира и во македонскиот идентитет, и внатре, со постојаните барања на албанските политички партии, чија реализација ќе доведе до комплетно разградување по етничка линија. Затоа, на државата ~ се потребни лидери што ќе знаат да се справат со сите овие проблеми, а не луѓе што не внимаваат што ветуваат само да се дограбат на власт. Еднаш засекогаш СДСМ треба да престане да ги потценува граѓаните со понудата како Заев. СДСМ му е потребен на народот како силна партија, која ќе има визија за државата, која ќе знае да ги одбрани државните и националните интереси. Играњето на карта странци плус албански политички партии со цел враќање на власт може сите скапо да нè чини. И нè чини.

И кога Заев нуди двојазичност, зошто албанските партии не би побарале уште порадикални барања, како федерализација на пример, која, патем е веќе подготвена како предлог.

Откако Ахмети виде дека Заев решил да се бори за албанските гласови, тој почна со уште порадикална реторика. Ни испрати порака дека нема да прифатат ништо помалку од целосна еднаквост, консензуално одлучување, албанскиот јазик да биде официјален во целата држава.

Македонците ја гледаат големата слика. Затоа и не влегоа во сценаријата на Заев, затоа и ВМРО- ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ. Ја видоа тие „визијата за Македонија“ на Заев, која води кон бришење на оваа земја од мапата на држави, води кон пропаст  на Македонија.

Пишува: Ирена Радовановиќ за Дневник

Мизо: Преговараме со повеќе компании кои се заинтересирани и сакаат да инвестираат во Македонија

viktor-mizo-tv-nova

Преговараме со повеќе компании кои се заинтересирани и сакаат да инвестираат во Македонија, вели директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, кој гостува во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

-Компаниите кои веќе се инвеститори ни помагаат да ги привлечеме или „нападнеме“ оние кои сакаат да инвестираат. Во моментот преговараме со повеќе компании, поголем број се дел од автомобилската индустрија, вели Мизо.

Тој додава дека веќе имаме покриеност со извозот и увозот околу 70 проценти, што е значајно за една мала земја.

-Тоа е зголемување за околу 10 проценти. Многу е тешко да се направи 100 процентна покрисеност, но многу напредуваме, вели Мизо.

КОНЕЧНО: Партиите се договорија околу законските измени и Изборниот законик

Partiski-pregovori

Политичките партии попладнево, по речиси пет часа, начелно ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава.

Работните групи ги усогласија и деталите околу ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите.

Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шеќеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на неделата.

– Мислам дека ги усогласивме текстовите на сите закони кои треба да бидат доставени до Парламентот и се надевам дека ќе добијат поддршка од пратениците. Со тоа ќе се отвори патот за одржување избори. Моите очекувања се дека најкасно до крајот на оваа недела би требало да бидат веќе во сила, изјави Тодоров по средбата во Министерството за правда.

И Шеќеринска потврди дека претставниците на четирите политички партии постигнаа начелна согласност за законите предвидени со Договорот од минатата недела.

– До вечер, кога ќе ги добиеме финалните текстови, ќе можеме да кажеме дека уште еден чекор во имплементацијата е завршен и потоа партиите целата процедура ќе ја дискутираат во Собранието. Нашата цел е Македонија час поскоро да обезбеди услови за фер и демократски избори на кои нема да одлучува власта, туку ќе одлучуваат граѓаните, истакна Шеќеринска.

Ако до крајот на неделата пратениците ги усвојат договорените законски решенија, институциите ќе почнат да го спроведуваат Договорот од Пржино, а со тоа ќе се овозможи и одржување предвремени парламентарни избори до крајот на годинава.

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да има договор, СДСМ постојано ги одбива предлозите

Nikola-Todorov-VMRO

Денеска повторно ќе се обидеме да дојдеме до договор. Ние, како и вчера и сите изминати денови, сакаме договор и правиме сè за да има договор. Она што го имаме од другата страна е постојано одбивање на сите предлози, рече Тодоров

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во меѓупартиските разговори Никола Тодоров пред денешните разговори ги повтори ставовите на неговата партија во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и завршување на мандатот на техничката влада.

Според Тодоров, со тоа што СДСМ не ги прифаќа нивните предлози или принципи, како што кажа, очигледно е дека се подготвува за пораз на уште едни избори.

– Денеска повторно ќе се обидеме да дојдеме до договор. Ние, како и вчера и сите изминати денови, сакаме договор и правиме сè за да има договор. Она што го имаме од другата страна е постојано одбивање на сите предлози – рече Тодоров.

Во изминатиот период, посочи тој, ВМРО-ДПМНЕ беше таа што постојано даваше нови предлози со цел да се доближат ставовите и да се најде решение.

– Она што го гледаме е дека ВМРО-ДПМНЕ постојано се доближува до ставот на СДСМ, а СДСМ не прави никаков исчекор кон договор  И покрај тоа, ние даваме нови предлози со цел да се дојде до договор и да заврши агонијата во која СДСМ ја втурна Македонија – рече тој.

Генерално, рече Тодоров, се разговара за две работи и тоа по завршувањето на изборите да заврши и т.н. пржинска влада и да не може да се прават масовни партиски чистки и злоупотреби во МВР за време на стоте дена од мандатот на пржинската влада.

– Во однос на првото прашање, нашиот предлог е многу рационален. Доколку СДСМ победи на наредните избори нема потреба нивните министри и заменици да отстапат од позициите, доколку загуби потребно е да отстапат. Како што кажав, доколку се сигурни дека ќе победат ќе го прифатат тоа, нема што да изгубат. Но доколку загубат ќе треба да отстапат, што е и чесно. Во демократијата граѓаните одлучуваат кој ќе ја води државата и само граѓаните, никој друг. Тие најверојатно сакаат да си ја продолжат функцијата 40 до 50 дена по секоја цена – изјави Тодоров.

Во однос на партизацијата на МВР, вели Тодоров, веќе не станува збор за хипотетичка ситуација.

– Овде зборуваме за можност од повторување на истата ситуација што ја имавме претходно, односно да се повтори она што веќе го направија. Сакаме да превенираме тоа да не се повтори (н.з. партиска чистка). Како што кажав, ветуваа додека се разговараше пред да се случи овој договор пред една година дека нема да има масовни смени и дека тие не се во МВР за да владеат, туку да го контролираат МВР за да не биде злоупотребено во политички цели. Го прифативме тоа, но она што се случи е тотално спротивно. СДСМ целосно го злоупотреби МВР за партиски цели со таа невидена чистка, со промена на околу 400 лица тие покажаа каков е нивниот стил на владеење. Тие опстоија на ставот на Заев кажан пред една година дека кога ќе дојдат на власт ќе сменат сѐ, од чистачка до министер – рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку СДСМ ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ, според Тодоров, договор може да има уште денеска.

Тодоров вели дека е оптимист и дека во овој процес ВМРО-ДПМНЕ влегла со позитивна мисла во овој процес.

– Сакаме оваа криза и овој процес да завршат. Предолго трае агонијата во која СДСМ ја втурна земјата – вели тој.

И Тодоров, како и Шекеринска и Груби, не изнесе детали за новата идеја што синоќа ја спомена амбасадорот Џес Бејли.

СДСМ крои нов план за продолжување на кризата

zaev i bandata

Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш по изборите, а доколку победи за тоа нема потреба. ВМРО – ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР, односно да нема масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров

СДСМ крои план за продолжување на кризата и после изборите. Намерата за груба партизација на институциите и желбата техничките министри на опозицијата да останат во Владата и по изборите се позициите со кои Заев стави кочница во меѓупартиските преговори. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да дозволат СДСМ од МВР повторно да направи партиска агенција за вработување.

– Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш по изборите, а доколку победи, за тоа нема потреба.

ВМРО-ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР односно да нема масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров по доделувањето акредитации на првите три здравствени установи.

Со неприфаќањето на овој нивни предлог, според Тодоров, СДСМ јавно пред граѓаните признава дека е свесен оти ќе ги загуби следните избори.

Тодоров истакна дека е најважно да се гледа предлогот што е на маса и повтори, доколку СДСМ загуби нивните министри веднаш да остапат од функциите. Фактот што тоа се одбива, потенцира, говори дека се свесни дека ќе ги изгубат изборите.

Што се однесува до ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Тодоров дециден дека е неточно оти ВМРО-ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.

– Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не барало да се намалат ингеренциите, односно министерот за внатрешни работи да нема никакви ингеренции. Тоа е неточна работа и е желба за извртување на вистината со цел повторно да бидат во можност за масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров.

За време на преговорите за договорот во јуни-јули, рече Тодоров, кога се разговараше за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакнал дека нивниот план не е да прават масовни смени, туку да направат максимум 12 смени. Она што го направија, посочи Тодоров, е смена на 400 лица во МВР.

– Тоа беше масовна партиска чистка која СДСМ во периодот на нивниот технички министер ја направи во МВР, рече Тодоров и додаде оти сега треба да се превенира и да се оневозможат партиски чистки во МВР и злоупотреба на МВР во политички цели.

Сепак најкрупниот камен кој стои на патот до договор меѓу политичките партии е намерата на СДСМ, нивните министри да останат на власт и по завршувањето на изборите. За надминување на ситуацијата, Тодоров вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има понудено предлог.

Според него, нема друг страв кај СДСМ освен стравот од соочувањето со народот. Тоа, оцени, е единственото логична причина зошто не го прифаќаат ова барање.

– Барањето е многу јасно бидејќи станува збор за технички министер чија улога е да се спроведат изборите од повеќе аспекти. Неговата улога завршува со денот на изборите, а тоа што тие сакаат да останат некој ден плус да останат во Владата е заради тоа што во овој период развија потреба да бидат дел од Владата без за тоа да одлучат граѓаните, појасни Тодоров.

На новинарско прашање дали се возможни избори на 11 декември, Тодоров изрази надеж дека ќе има, но смета дека СДСМ е очајно, бега од договор, како што рече, со цел да избега од избори.

– Единствената причина зошто досега нема договор е фактот што СДСМ знае оти со изборите народот ќе ја испорача факутрата за целата оваа криза што СДСМ и на наметна на Република Македонија и за целиот овој период на пролонгирање на кризтаа по инсистирање или врз основа на чекори кои ги презема СДСМ, изјави Никола Тодоров.

За експертите позициите на СДСМ во преговорите не се ништо друго туку уште еден обид колку што е можно подолго да се задржи на власт спротивно на волјата на граѓаните.

“Многу проѕирно сценарио, веќе видена игра од страна на СДСМ. Се обидуваат на перфиден начин преку постојано вметнување на нови услови во преговорите да ги одолговлечат колку што е можно повеќе со единствена цел, подолго да останат нивните технички министри во Владата спротивно на изборната волја. Класична политичка игра на штета на граѓаните”- вели политичкиот аналитичар Оливер Андонов.

Ниту во ВМРО-ДПМНЕ ниту во СДСМ не го кријат оптимизмот од можно решение на спорните прашања до крајот на оваа недела. Во таква ситуација, можно е новата техничка влада да биде формирана на крајот на август, а изборите да бидат закажани за 11 декември.

Извор: Вечер