ЕМ ПЕДЕР, ЕМ ПРЕДАВНИК: Димитров призна „Договоривме комисија со Грција, ќе ги менуваме учебниците по историја“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров призна дека продолжува праксата на новата Влада на распродавање на македонската историја, играњето со националните интереси и рушење на позициите кои државата напорно ги градеше со години. Граѓаните гласно коментираат дека не им дале мандат на Зоран Заев, Никола Димитров и СДСМ, за да си играат со националните интереси на Македонија.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

Откако Коѕијас изјави дека се разговарало за формирање на комисии за разгледување на историските учебници, Димитров вели дека нема ништо лошо во разговори во кои ќе се утврди историскиот поглед што Скопје и Атина го имаат.

-Разговаравме во основа, тргнувајќи од цитатот на Черчил дека Балканот содава историја што нема капацитет да ја процесуира, и сите наративи на балканските држави имаат историски предрасуди, кога 2 земји решиле да се смируваат, убаво е историчарите од една и од другата страна да седнат и да разговараат за наративите на двете земји – и за тоа како Грција не гледа нас и за тоа како ние ја гледаме Грција, изјави Димитров.

Попоски признава дека договорил комисија за историјата, по што ќе следи измена на учебниците по историја по мерка на Грција, нешто што до вчера го негираше, исто како што беше случајот со договорот со Бугарија, каде што потоа се потпише промена на спорните делови за Бугарија од учебниците за историја.

Комисијата треба да биде составена и со работа да почне од ноември, т.е. после локалните избори, што буди сомнеж дека СДСМ после изборите сака повторно да почне со преговори штетни по државноста на Македонија, а во предизборниот период да ги лаже граѓаните дека ништо нема да биде променето. Експертската јавност вели дека од авион се гледа дека токму тоа е идејата на Владата, по изборите да почне да ги плаќа сметките на оние кои ги донесоа на власт.

Никола Димитров вели дека се` уште се исцртуваат контурите и се размислува за тоа во каков формат ќе се води процесот кој веќе неколку години е статус-кво. Она што се најавува е дека ќе има раздвижување по завршувањето на локалните избори, по кои се очекува и засилен ангажман на посредникот Метју Нимиц.

-Многу е важно да гледаме напред, да се извлечат идентитеските прашања од процесот и комункиација и разбирање на грижите на другата страна. Јасно е дека на Грција и пречи кога се објавуваат мапи со територија на Грција, како што и нам ни пречат мапи кои навлегуваат на наша територија, изјави Димитров.

Експертската јавност вели дека ова значи дека целта е да се смени името, а идентитетот на државата да не е предмет на преговори на договорот. Како што велат тие тоа пред се беше цел на Грција, а Димитров ја покажува како цел на Македонија. Ставот на Грција е дека идентитетот, името на јазикот и името на нацијата треба да ја следи судбината на името на државата.

Експертите велат дека тука се кријат многу интриги, тие се едногласни дека власта се обидува да продаде теза дека се менува името на државата, но не и идентитетот. Тие велат дека логично е од Грција во овој момент да се бара да се признае идентитетот на Македонците, со македонски јазик и македонска нација.

Се погласно се зборува и дека оваа попустлива политика на Владата предводена од Зоран Заев, ќе значи дека Грција ќе бара да попуштиме во сите полиња, веројатно ќе бараат промена на пасоши, лични карти и други документи, каде е запишано името на националноста.

Експертите велат дека дефинитивно се поставуваат контурите на преговорите за промена на името веднаш по локалните избори. Како што сметаат тие се чека да поминат локалните избори, а пред тоа граѓаните да бидат лажени дека ништо од ова нема да биде.

Експертската јавност вели дека овие најави не треба да претставуваат изненадување, посебно откако Заев веќе и самиот најави дека ќе има промени и во учебниците по историја, според желбата на Бугарија, како што тој кажа ќе има ревидирање на спорните делови од учебниците, а спорни делови за Бугарија се револуционери како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански и многу други историски личности на Македонија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

Зоране ти честитам, од вчера си предавник со тапија

Зоран Заев, ти честитам. Од вчера си предавник со тапија. Со потписот на договорот за добрососедство си обезбеди трајно место на црните страници од македонската историја. Идните генерации Македонци ќе те изучуваат како предавник на својот народ. Не во учебниците по историја кои ти ќе ги изобличиш со дипломатска брусалица, туку оние кои ќе бидат отпечатени по падот на твојот режим.

Зоране, и ти си свесен дека е така. Само немаш каде да бегаш. Во тесно си. Од една страна те чека „твојот народ“, од друга тие што те наместија да бидеш премиер. Што мислиш, каде ќе поминеш полесно? Толку ли си сигурен дека пријателите од надвор ќе сакаат да те одбранат, а Зоки? Тогаш чуму онаа војска на улиците и полицискиот час? Вака не било ни 1941-ва кога бугарската војска ја окупирала Македонија. Дури и тогаш се излажале луѓе да излезат на улица да фрлаат со цвеќиња надевајќи се дека се ослободиле од едни окупатори и дека конечно дочекале нов живот. Каде е „твојот народ“ да те опсипи со цвеќиња?

Зошто бе Зоране, ако толку те сака народот, се криеш зад двојна ограда и под заштита од цело МВР со се АРМ? Аман бе, човеку, нели ти е срам што те гледа цел народ како ти излегува од гради срцето зајачко? Од што ти се тресеше раката додека се потпишуваше? Па што не го викна гувернаторот Бејли да те брани додека го потпишуваше предавството?

Не ли ти е срам да се криеш зад полицијците што ги мававте со цигли, ги плукавте, фарбавте, понижувавте? Не ли ти е срам да те бранат тие што им посакувавте смрт и „да им се деси Куманово“? Почесно ќе беше да ги викнеш тие со кои се сликаше во Диво насеље. Можевте сите заедно да направите една „фамилијарна фотографија“. Така ќе ве имаше сите на едно место. За во историја.

Zaev-Teroristi-Kumanovo

Зоране, разбери, нема армија што може да те спаси од сопствениот народ. Кога тогаш казната ќе те стигне. Свесен си и ти, затоа спиеш со едно око отворено и трепериш додека ставаш потпис на предавството.

Зоране, те жалам. И тебе и твоето семејство кое го жигоса за век и веков. Твоите потомци ќе се срамат од тебе ако барем малку во нив има македонски ген. Те жалам што до крајот на животот ќе мораш да се вртиш на секое довикување „предавник“ што ќе го слушнеш додека се движиш меѓу народот. Тоа ќе ти биде поздравот од „твојот народ“ – народот кој и дома се срамиш да го наречеш македонски за да не ти се налутат тие што те ставија таму, на предавничкото столче.

Zaev-Borisov-potpisuvanje-na-dogovor

 

Зоране, многу си должен. Знаеш, нели? Милионите евра што ги заработи по системот „едно евро за вицето едно за црквата“ и продавајќи ги националните интереси нема да те раздолжат. И тоа знаеш, нели? Нема пари што ќе ти го подмират долгот кај македонскиот народ. Цената ќе ја плаќаш и на оној свет, биди сигурен. А „споменот“ за тебе нема да дозволиме да избледи или да биде избришан како на Благој Јанков-Мучето. Знаеш за кого зборувам така? За твојот сограѓанин што го даде животот за ти и твоето семејство денес да живете слободни во слободна Македонија. И него го продаде бе Зоки. До кога ќе продаваш нешто што не е твое, а Зоране? И, што кога веќе никој нема да сака да купува од тебе затоа што веќе се си продал? Што ќе правиш тогаш?

Зоране, свесен си дека деновите ти се одбројани. Затоа се плашиш. Свесен си и дека колку и да си спремен да им удоволиш на твоите газди никогаш нема да им биде доволно. И еден ден, убеден сум дека ќе биде многу скоро, кога ќе те пуштат низ вода, народот ќе биде тука да те пречека! Биди сигурен во тоа! Тогаш ќе вратиш се. Со камата.

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

ВИДЕО: Предавникот Заев ја витка кичмата кај ќе стигне

На Фејсбук страницата „Чао Заев“ се појави видео со сите срамни изјави на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно. Ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари, сега му е мајката да ги отвориме овие теми“

„Мора да свиткаме кичма за името“

„Ние сме братски хора, един народ“

Ова се само дел од срамните изјави на Заев.

ПРОКЛЕТ ПРЕДАВНИК: Заев во исти ден тврди дека Македонците се Бугари, а потоа и дека Македонците се Срби

Верувале или не, предавникот на македонскиот народ, аболираниот шиптарољубец Зоран Заев се надмина и себеси во гафовите искажани во едно интервју, иако тоа е навистина тешко за верување.

Во ист ден, претседателот на СДСМ во две различни интервјуа за бугарски и српски медиуми најпрво излезе со тврдење дека Македонците се Бугари, а потоа дека Македонците се Срби.

Zaev-makedonci-bugari

– Ние сме браќа, еден народ (Македонците и Бугарите), вели Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС.

Само неколку часа подоцна, Заев во интервју за српски „Курир“ тврди дека Македонците и Србите биле ист народ.

Србите и Македонците се братски народ. Тоа е за мене ист народ, вели Заев.

Zaev-makedonci-bugari

Пишев: Странците го одбраа Заев бидејќи знаат дека власта и парите му се поважни од државата

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, денес даде до знаење дека Република Македонија ќе добие претседател на Собранието кој што ќе биде по волја на граѓаните, а не производ на некаков хибриден документ опасен за опстанокот на државата.

Пишев додаде дека Тиранската платформа која што СДСМ сака да претстави дека ја нема или дека е нерелевантна, секојдневно добива на важност ако се земат во предвид изјавите на албанските политичари во земјава, но и оние во Албанија и Косово.

На крај, Пишев обраќајќи му се на Зоран Заев рече дека странците добро знаеле дека на него поважни му се власта и парите.

-Странците добро знаат дека на Заев поважни му се власта и парите отколку државата па токму затоа го одбраа него за да го спроведува ова сценарио во република Македонија, рече Пишев.

ДО ИМЕТО ЛИ Е ПРЕДАВНИЧКО: Расколникот Зоран со поддршка до Заев

Откако пред еден месец расколникот Зоран Вранишковски побара од Заев да се поништи МПЦ, а неговата црква да се прогласи за легитимна, Вранишковски сега отворено дава поддршка до првиот човек на СДСМ тврдејќи дека „погубната политика не’ раскарала со сите соседи“.

Расколникот Вранишковски во велигденското послание вели дека Македонија е на крстопат на кој е доведена заради неуспешна политика на оние што се занимавале со неа.

-Со таквото неодговорно владеење ја отуѓуваат татковината од сопствените граѓани. Колкумина само во последниве години си заминаа од државата? А сигурно не заминале зато што овде ги имале сите услови на напредок? Заминале пред сѐ од револт кон погубната политика која нѐ раскара со сите соседи, без исклучок, вели Вранишковски.

На 9-ти март годинава, пориврзаници на расчинетиот владика преку нивниот интернет блог, „Соборно православие“ го повикаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откога ќе ја формира новата влада, да ја поништи Македонската Православна Црква, а потоа веројатно и пара Архиепископот Вранишковски да го инсталира за нова црква во Македонија.

„Досетливите“ стратези на ПОА смислиле и добар начин како тоа да го реализираат, па го советуваат Заев дека МПЦ треба да ја обвини за ширење расна и верска омраза и да отвори судски постапки за наводен криминал.

Денес Jуда го предал Исус за 30 сребреници – За колку „македонскиот“ Јуда, Зоран Заев ќе ја предаде Mакедонија?

Велика среда, на денот кога Јуда за 30 сребреници го продал Исус Христос, Македонија и македонските граѓани се запрашуваат за колку македонскиот Јуда, Зоран Заев и неговите 48 предавници ќе ја предадат Македонија. Прифаќајќи ја Албанската платформа, Заев и СДСМ ги уриваат темелите на унитарна Македонија.

Дали Зоран Заев и СДСМ пред големиот христијански празник Велигден спремаат големо предавство на македонскиот народ преку отворање на пат за почеток на реализација на прифатената Тиранска платофрма преку која ќе се смени уставното уредување на Република Македонија и државата ќе стане бинационална. И покрај бројните повици, Заев не се откажува од платформата со која се загрозува унитарноста на државата и според експертите е вовед во федерализација и редефинирање на Македонија, а потоа нејзино расцепување.

-Првиот чекор би бил федерализација, наредниот чекор би бил сепарација на, условно кажано, албанскиот дел, а другиот дел како ќе се снајде, тоа е негов проблем. Тие не водат воопшто сметка за интересите на другите, за интересите на оние кои што со векови заедно живееле на овие простори и кои со децении живееле во иста држава, смета универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.

Со своите постапки, СДСМ и Заев покажуваат дека нема цена која не прифаќаат да ја платат за да дојдат на власт, иако сето она што тие го прифаќаат во Тиранската платформа значи срозување на македонската држава и македонскиот народ. За Заев и СДСМ не се важни повиците на околу 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат низ цела Македонија, од кои има голем дел и измамени гласачи на СДСМ кои гласот секако не го дале за Заев постизборно да спроведува платформа направена во туѓа држава, за туѓи интереси.

Сепак, она што Заев го ветил, а сега мора да го испорача е главната причина зошто тој и СДСМ остануваат глуви на барањата на македонските граѓани. Што Заев ветил и за колку се подготвени тој и неговите пратеници да ја предадат и продадат Македонија засега е нејасно, но кристално јасно е дека таа цена ќе ја плати македонската држава и македонскиот народ, доколку се дозволи спроведување на Тиранската платформа.

Во таа платформа, постојат точки (прифатени од Заев и СДСМ) за кои било кој не ни смее да помисли да преговара, како што е онаа за отворање на дебата за промена на знамето, химната и грбот. Во истата таа платформа, прифатена од СДСМ, се бара македонскиот народ да се прогласи за геноциден, се загрозува македонскиот јазик преку изедначување со друг јазик кој ќе стане официјален  и целосно се нарушува македонскиот суверенитет.

Во платформата прифатена од Заев се бара и решавање на спорот со името, “во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“, што во превод значи промена на името на државата по грчки терк.   Во точката 5 од платформјата се бара усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

Исполнувањето на сето ова, како што стои во платформата, “ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија“. Во Македонија нема на кого не му е јасно дека без промена на името на државата, земјата не може да стане членка на НАТО и не може да се започнат преговори за пристап кон ЕУ. Како Заев ова ќе го исполни ако неговата тиранска влада не го промени името на државата?

Ниту јавноста, ниту граѓаните не знаат што точно се крие во таа Тиранска платформа. Многу експерти и политичари предупредуваат дека сето ова што сега се случува и се реализира од страна на СДСМ покажува дека целта е рушење на уставниот поредок на државата со промена на името и идентитетот. За сето ова антимакедонско сценарио на СДСМ почне со реализација потребен е првично избор на претседател на Собранието, за да може да зпаочне спроведување на платформата.

Токму ова е причината зошто на СДСМ и Заев им се брза изборот на прв човек на Парламентот, па во игра се дури и насилни сценарија за преземање на Законодавниот дом, со цел што е можно побрзо Заев да почне да го отплаќа долгот кој ќе биде со несогледливи последици кон македонската држава. Останува само нејасно за колку македонскиот Јуда, Зоран Заев и неговите 48 предавници ќе ја предадат Македонија?

ПРЕДАВНИК И АНТИХРИСТ: Заев подготвува албански банди за државен удар на Велигден

Како клучна се посочува следната недела, односно трите работни дена пред празниците. Обидот за насилно преземање на власта кој што се подготвува , како што се шпекулира во јавноста, може да предизвика дополнителни тензии со несакани последици. Се дознава дека е формирана група наречена „Легија на честа“ во која во најголем број се Албанци со дебели криминални досиеја на кои им е ветена амнестија од Заев

Поврзаноста на Зоран Заев и неговите нови социјалдемократи со мрачните ликови на балканското подземје не е непозната. Тие беа активни за време на двегодишната криза, во блокирањето на државата, протестите, фалсификувањето документи, рекетирањето со телефонски разговори, но и со закани и насилство кое го покриваше со политичко дејствување.

SDSM-Kriminalci

Дури и за време на изборната кампања, албанската ѕвезда на Заев, Зекири, имаше блиски средби со познати косовски и балкански осудени криминалци и убијци.

zekiri so kosovarite

Не смее да се изземе и однесувањето на заевистите по борбата во Диво Насеље, кога отидоа со насмевка да се сликаат со јатаците на терористите врз крвта на полициските жртви.
zaev selfi divo naselje (3)

Сега, кога сето тоа не даде резултати и го остави Заев како губитник, муртинецот кој што прифати да биде носител на спроведувањето на разнебитувањето на државата, повторно се сврти кон насилството и криминалното подземје.
„Република“ дознава од свои извори дека Зоран Заев остварува тајна среба и зачестени контакти со структури на албанското подземје.

zaev-bekim

Тој со неговите пајташи, како што се дознава, подготвува државен удар во празничните денови за Велигден. Како клучна се посочува следната недела, односно трите работни дена пред празниците. Обидот за насилно преземање на власта кој што се подготвува , како што се шпекулира во јавноста, може да предизвика дополнителни тензии со несакани последици.

golema albanija sdsm (1)

Се дознава дека е формирана група наречена „Легија на честа“ во која во најголем број се Албанци со дебели криминални досиеја, и кои во замена за ветена амнестија од Заев се подготвени да влезат во пресметка со македонскиот народ, за да може да му го чуваат грбот на Заев за насилно преземање на власта.

zaev-aps640

Притоа Заев ветувал амнестии иза криминалци за злоделата од агенда за ослободување и на уапсените во Диво Насеље, но и за случаите како Смилковско езеро, случаи со кои постојано игра со албанските чувства.

kol233-nm-zaev-albanci-740x320

Фактурите за 70.000 албански гласови и 18 пратенички места за поддршка на владата Заев ќе ги плати со целосно спроведување на тиранската платформа, во која, меѓу другото, е предвидено прв човек на Собранието да биде Албанец. „Република“ веќе пишуваше, а и Заев потврди дека спикерското место е предвидено за Талат Џафери.

БАЛГАМ ЗА ПРЕДАВНИКОТ: Сороспискиот платеник Борјан Јовановски доби плуканица в лице (ВИДЕО)

Еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, човекот кој со години е финансиран од фондовите на Сорос и УСАИД, но и неколку други странски амбасади, денес беше цел на гневот на народот.

Неколку млади момци, го истурија својот револт, овој пат само со вербално предупредување, плукајќи го во лице соросоидниот експонент Борјан Јовановски кој во интервју на Ал Џазеира ги нарече Македонците „измислена нација на Славомакедони“, но и редовно ја критикува и навредува државата со помош на неговата сестра преку лажното изветување за состојбите во државата пред меѓународните организации.

Денес, граѓаните започнаа да ја земаат правдата во свои раце.

Младите до Несторовска од СДСМ: Како не ви е срам, сакате да ја продадете Македонија! (ВИДЕО)

Граѓаните се гневни и револтирани од антимакедонските политики на предавничката партија СДСм предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Во врска со предавничките дејствија и прифаќањето на албанската платформа од Тирана од страна на шиптарољубецот Заев и антимакедонската багра СДСм, младите ја прашаа и поранешната потпретседателка на СДСм, шеф на кабинетот на пржинскиот министер Оливер Спасовски, и координаторка на советничката група на СДСм во скопската општина Карпош, Магдалена Несторовска, дали сака да ја продаде Македонија и како не и е срам?