ПРЕДАВСТВОТО ПРОДОЛЖУВА: Ахмети бара, а Заев ќе прогласи геноцид врз Албанците

Али Ахмети бара Собранието да го осуди наводниот геноцид врз Албанците од пред 104 години.

Во обид да ја задржи вештачки залепената коалиција со албанските партии, Заев досега докажа дека е спремен на се па и по цена на распродажба на македонските национални интереси. Само последно во низата барања кои беа дел од фамозната Тиранска Платформа од албанските партии кон Заев е осудата во собранието на наводните злосторства врз албанците во периодот од 1913 година до крајот на втората светска војна.Со ова дефакто Македонија самата себе се осудува за геноцид, а македонскиот народ се прогласува за геноциден.

Во кичевско Зајас денеска биле погребани псомртни останки на наводни Албанци убиени во масакр во период од 1913 година па се го крајот на Втората светска војна. Посмртните останки биле пронајдени во бунар, а дел во пештера во кичевско. Али Ахмети лидерот на ДУИ денеска иницираше расветлување на геноцидот врз Албанците и одржа говор пред присутните.

„Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат“, порача Ахмети. Тој вели дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.

Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства. Пред присутните се обрати и министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.

Доколку досега на јавноста не и беше јасно Тиранската Платформа се исполнува во целост точка по точка. Договорот со Бугарија како и законот за јазиците беа дел од истата. Следни точки се решавањето на спорот со името и прогласувањето на македонскиот народ за геноциден.

Пандов: Заев ја дели Македонија на делови, нашите деца ќе учат дека македонските револуционери се Бугари

Заев и неговата пропаганда успеваат доста вешто да ја дефокусираат македонската јавност уверувајќи ја дека единствениот спорен дел помеѓу Македонија и Бугарија во делот на историјата биле неколкуте години од втората светска војна и гледањето на бугарската улога во истата низ наша призма и учебници по историја, пишува во својот статус на Фејсбук Александар Пандов. Тој пишува и дека Бугарите веруваат, а тоа Заев постојано им го потврдува дека е така, дека почнувајќи од Свети Климент и Наум, Свети Кирил и Методи, па преку Самуиловото царство, преродбениците, Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание, сите револуционери, ВМРО, се и сите до еден се Бугари, па прашува: Така ли ќе учат децата на училиште? Падов во својот статус го потенцира и писмото на МПЦ, дека бугарската ни станала мајка црква. Toj истакнува и дека Зоран Заев со тоа што се гласа за закон за двојазичност останува уште поделба на Македонија на кантони.

-Се гласа закон за двојазичност, со што останува уште Заев како што вети во Швајцарија, Македонија да ја подели на кантони, а зборот си е збор, па државата и официјално да биде поделена на два или повеќе дела. Како црешка на тортата во очекување сме да слушнеме како ќе не крсти кумот, како Северњаци или како Вардарци , па така очајни и исфрустрирани, а историски и духовно освестени, биде прашање на време кога ќе сватиме дека принципот еден народ две држави не функционира, завршува Пандов

Никовски: Политиката на виткање кичма води кон долгорочна дестабилизација на регионот

Се работи за тоа, Македонците како најмалобројни, како нација и територија кои биле спорни со векови, да ги елиминираат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат проблемите на регионот. Но, тоа е апсурд, една заблуда невидена, бидејќи Македонците постоеле и ќе постојат доказ за тоа е „Македонското прашање” кое се развлекува најмалку 150 години од Берлинскиот конгрес па, наваму. Проблемот е на маса веќе подолг период, што значи дека неможе да има Македонско прашање а да не постојат македонеците, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостувањето на ТВ Нова на тема „Ревизија на историјата или бришење на Македонците”.

Според него, обидите да се затвори тоа прашање и да се избришат македонците се погубни. Тоа не можело ни пред 150, ниту пред 5о години, а најмалку сега без нова Балканска војна. Бидејќи ако некој се обиде да ги прекрсти македонците, а според Никовски сега тие напори се интензивираат и се максимизираат, тоа би значело нови конфронтации во регионот кои ќе траат долги години, бидејќи сите имаат свои аспирации тука. Гаранцијата дека сепак нема да има војна е гаранцијата од Вашингтон, бидејќи тие највеќе се плашат од доаѓањето на Русите во регионот, дециден е Никовски. Што значи дека доколку има војна тоа би значело отворена врата за Русија. Спрема тоа, војна нема да има, но нема да има ни мир.

– Ако Македонија продолжи со една ваква политика на виткање на кичмата, на капитулација де факто, тоа води во долгорочна дестабилизација на регионот и уништување на Балканот како еден ентитет кој треба да биде дел од Европа – рече Никовски.

НА ПРЕДАВНИКОТ МУ СЕ БРЗА: Заев се надева дека конечно ќе го смени името

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по средбата со премиерот на Словенија, Миро Церар.

– Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори, да се направи нов обид за решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кое што го има Република Грција со нашето уставно име, а кое истовремено е пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц. Во ноември очекуваме тие преговори да се интензивираат – рече Заев.

Тој истакна дека Македонија гради пријателски односи со Грција и во пријателска атмосфера и додаде дека тој верува дека може да се најде решение на спорот.

– Ние во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување – додаде Заев.

Груевски: Немаме народна, туку марионетска власт – Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот

Денеска  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше на средба со граѓани во Општина Могила. Тој таму кажа дека најголемо лицемерие е дека токму Заев има полна уста на зборови од типот, чесност, правда.

-Заев ни говори за чесност замислете, Заев да говори за чесност, дошол чесен премиер, дошле чесни политичари и сега ќе дојделе чесни градоначалници. Што време дојде, да слушаме од оние што се најнечесни да се фалат дека чесни. Кој си ја има мувата на капата, тој си ја ишка. Нема ден да не помине, Заев да каже едно 50 пати за себе дека е чесен, затоа што е спротивното од тоа. Прво ред фалење на себе за чесност, па ред фалење на соработниците за чесност, па сега фалење за идните градоначалници, кои допрва дел од нив треба да победат, дека и тие биле чесни, уште не сме ги виделе, изјави Груевски.

Груевски кажа дека ако некој е чесен не мора тоа да го кажуваш 50 пати на ден. Груевски порача дека не треба да се заборави како делеше тендери во Струмица, како ја виткаше кичмата, како евро за Вицето, евро за црква. Груевски порача дека нема да има спас за партиските полицајци на Оливер Спасовски и СДСМ.

-Немаме народна власт, имаме марионетска власт, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот. Им служела на тие што им служи, додека на народот не му прекипело и да ја набрка и да си ја врати народната власт, така ќе биде и во Македонија. Памтете што сум ви кажал, нема многу време да помине, кога овие ќе им дојдат преку глава на сите луѓе, ќе бидат набркани и ќе си ја врати народот ВМРО-ДПМНЕ на власт, изјави Груевски.

Груевски порача дека СДСМ треба да знае дека оваа земја му припаѓа на овој народ, дека нема пари кои можат да го купат достоинството на народот и покрај тоа што СДСМ има многу пари од одредени спонзори. Спонзори за кои Груевски вели дека чекаат исполнување на барањата кои ги имаат до власт.

-Крајната цел на овие африкански избори и на инсталирањето на заробена држава е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој што си ја сака државата, кој се бори за својата држава, за својата татковина, за своето име, за својот идентитет, за својот јазик итн, изјави Груевски.

Тој вели дека целта на оваа власт е да се направи дека да се сака државата демоде, а дека модерно е легализирање на марихуаната, легализирање на геј браковите и многу други работи, како што велат тој нормалното да го направат ненормално, а ненормалното да биде нормално.

Тој кажа дека економијата во моментов во државата тоне, сите економски параметри одат во надолна линија, секој месец се пониски се очекувањата за раст на економијата. Тој напомена и дека место поголема просечна плата, таа сега паѓа, дека нема зголемување на пензиите повеќе. Тој кажа дека се што ветиле заборавиле, но не заборавиле да го потпишат штетниот договор со Бугарија, со кој историјата ни ја пишуваат токму Бугарите.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Груевски: Целта на сето ова што СДСМ го прави е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот

Просечната плата наместо да расте, како што ветуваа, таа опаѓа. Ветуваа дека пензиите ќе се зголемат, не се зголемија, се запре зголемувањето на пензиите. Стандардот не оди нагоре, туку се намалува.

Ова денеска во Демир Капија го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека сиромаштијата расте.

-Погледнете, ниту се зборува за платите на докторите, на лекарите кои ги ветуваа, ниту за субвенциите на земјоделците, за повисока просечна плата, пак, да не зборувам. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија, со кој што без да го прашаат народот се согласија од откажување од македонското малцинство таму, од македонскиот јазик и од македонската историја. Се согласија да се сменат учебниците од македонската историја и во иднина нашите деца да учат дека Илинденското востание било бугарско, а не македонско, дека 11 октомври не било пукање на првата пушка против фашизмот во Македонија од страна на македонскиот народ, туку идеолошки конфликт меѓу бугарското население во Македонија, меѓу левицата и десницата, посочи Груевски.

Потенцира дека на сето тоа СДСМ се согласиле без да го прашаат народот и повика на рефендум, за граѓаните да кажат што мислат за договорот со Бугарија.

-Ова е само предигра. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Исто така, во овој пакет кој што тие го нарекоа редефинирање, освен промената на името, идентитетот, освен штетниот договор со Бугарија, се планира и двојазичност на целата територија преку Законот за двојазичност, кој што неуставен, но го туркаат. Планираат исто така, зголемување на даноците, носење на мигранти во Македонија и нивно трајно доселување по нашите градови, давање на државјанства. И се разбира, она за што веќе почнаа да подготуваат терен, а тоа е легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца, нагласи Груевски.

На функционерите на СДСМ им порача дека неколку години од сега ќе се срамат кога ќе треба да се сретнат со граѓаните на Македонија.

-Ќе одите со наведната глава, а вашиот товар и срам нема да може да се заборави. Иако имате богати спонзори, вие ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот на Македонија. Нема лезет од вас добиен од криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го и притискајќи го народот. Ќе се обратам и до оние кои се уште не се определени, а се загрижени од она што и се случува на нашата држава. Знам дека не ви е сеедно кога гледате што ви се случува и знам дека длабоко во себе ја чувствувате опасноста во која ја втурнуваат овие неспособни луѓе нашата држава. На дел од вас се закануваат, а дел ветуваат се и сешто, а реално нема ништо да остварат, истакна Груевски.

Тој побара од неопределените да се спротивстават на ваквото делување на СДСМ и да го дадат својот глас, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се секогаш тука, кога на Македонија и на Демир Капија тоа им е потребно.

-Тие што владеат со криминалци и со корупција треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народ. Дека нема помрачување кое не било осветлено од народот, порано или подоцна. Лажеа дека се борат против режим, а тие станаа најголем режим. Лажеа дека нема слобода и демократија, прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата. И секој ден, чекор по чекор, ја одземаат слободата. Велеа дека нема независност на медиумите, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт, ги уценија газдите на медиумите и ја одземаа нивната независност, потенцира Груевски.

Посочи дека СДСМ велеа дека ќе работат, а секој ден граѓаните гледаат како се краде и назадува.

-За ова ли се бореа? Да има техничка влада пред превремени избори? Да има премиер, Министерство за внатрешни, за труд и социјална политика, заменици за администрација, за земјоделие? Оваа држава е на овој народ и нема да му биде одземена. Порачувам дека нема да не скршат, нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме сите ние, граѓаните на Македонија. Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да станат монарси и шерифи. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ. Од нас зависи, порача Груевски.

Груевски: СДСМ со штетни договори оди спротивно на волјата на народот, затоа на 15 октомври ќе го добие одговорот!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од денешниот митинг во Ресен истакна дека СДСМ одат спротивно на волјата на народот.

-Склучија штетен договор со Република Бугарија, ние немаме ништо против Република Бугарија, напротив, сакаме да имаме пријателски односи, сакаме да бидеме сојузници, имаме и причина соседи сме. Сме имале разни моменти низ минатото, зошто да не е така.Сакаме да се склучи договор за добрососедство, се е тоа во ред. Меѓутоа, да се склучи договор без воопшто да се преговара за неколку точки кои се многу важни и чувствителни за нас, да се прифатат од прв момент само за некому друг да се допаднат, а не на граѓаните, тоа е штетен договор. Секоја чест за премиерот на Бугарија што за неговата земја успеа д да прави таков договор, но нашиот народ ќе си каже на 15 октомври што мисли за договорот со Бугарија, посочи Груевски.

Ачковска: Мора да се спречат Тиранската платформа, Софискиот и Атинскиот договор кои се погубни за Македонија

И самите дипломати кажуваат дека уште десет години нема да влеземе во ЕУ ако опстанеме како народ и како држава ако продолжиме со ваков тренд на разнебитување на националното ткиво, идентитет, на името, на јазикот нас за две, три години ќе не нема и така да Македонија како ваква никогаш нема да влезе во ЕУ, потенцираше професорката Виолета Ачковска во емисијата на телевизија Алфа „Без Ракавици“.

-Можеби грубо и песимистички делува но тоа е така, ова се последни моменти ако можеме ние да се избориме, да не се ратификува договорот со Бугарија во Собранието, да не влезе во сила и ако треба претседателот Ѓорѓе Иванов, дали има ингеренции јас не знам, но мора да се спречат тие погубни договори почнувајќи од Тиранскиот, Софискиот, Атинскиот заради разнебитување на македонската држава. Ова не е сечење на рака или два прста па без нив да се живее, ова е сечење на главата, јас верувам дека во Македонија има мнозинство на македонскиот народ која ќе застане во одбрана на сопственото име и идентитет, а без име и идентитет во Европа вие сте никој и ништо, вели Ачковска.

Таа прашува и доколку ние целата историја лесно ја продадеме на соседите со кое име, народ и култура ќе влеземе во Европа?

-Ако се воведе двојазичноста тоа значи дека македонскиот народ се губи и тотално се брише АСНОМ, јазикот е татковината на еден народ и ако се воведе уште еден јазик тоа веќе е федерализација на државата и се создава македонско-албанска федерација, вели Ачковска.

ПРОКЛЕТИ ПРЕДАВНИЦИ: Заев и Димитров прифатиле промена на името и идентитетот, но и промена на учебниците по историја

Иако беа ветувани големи проекти од СДСМ пред да дојде на власт, проекти за подобар живот, повисоки плати, повисоки субвенции за земјоделците, повисоки пензии и многу други работи, засега граѓаните коментираат дека единствени проекти кои новата власт ги реализира се секојдневните скандали и криминали, како и поткопувањето на темелите на државноста на Македонија и играњето со националните интереси на државата.

Експертската јавност коментира дека Република Македонија со Владата на СДСМ е можеби единствената држава во светот која прифаќа соседите да ја пишуваат историјата. Најпрво во договорот за добрососедство со Бугарија предвидено е ревидирање и промена на учебниците по историја, а такво нешто најави и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Експертите коментираат дека веќе е јасно дека Заев покрај промена на името и идентитетот прифатил и промена на македонската историјата, која според моменталната состојба ќе биде креирана од Грција и Бугарија.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Оваа изјава на Коѕијас потврдува дека Зоран Заев, Никола Димитров и Владата на СДСМ не ги интересираат многу националните интереси и ставовите кои Македонија со години макотрпно ги градеше во меѓунардоните односи. Експртите и граѓаните се едногласни дека очигледно Заев мора да исплаќа одредени сметки на оние кои го донесоа на власт, иако беше поразен на последните парламентарни избори.

Шефот на грчката дипломатија, говорејќи за средбата со својот македонски колега, Никола Димитров, рече дека разговарале за преземање одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни. Тој соопшти и дека ќе биде формирана заедничка комисија, која од ноември годинава, ќе има околу 4 месеци да ги разгледува учебниците. Комисијата ќе има мандат да ги лоцира, а потоа во соодветна процедура да ги отстрани мапите и другите елементи на иредентизам што биле присутни во нашите дидактички материјали. Коѕијас во 20-минутното интервју за државната ТВ говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, го спомена, неизбежно, и прашањето за името, првпат ја коментираше Привремената спогодба меѓу двете земји, а за шефот на македонската дипломатија, кому името му го промени од Никола во Николас, рече дека е интересна личност.

Од Министерството за надворешни работи потврдија дека било разговарано за надминување на историските предрасуди на Балканот, а иако Коѕијас информираше дека било разговарано за создавање на комисијта, од МНР тоа го демантираа. Граѓаните коментираат дека тој демант доаѓа од причина што во Македонија во месец октомври има избори, а според нив и не е случајно што токму оваа комисија треба да стартува во ноември.

Експертската јавност вели дека овие најави не треба да претставуваат изненадување, посебно откако Заев веќе и самиот најави дека ќе има промени и во учебниците по историја, според желбата на Бугарија, како што тој кажа ќе има ревидирање на спорните делови од учебниците, а спорни делови за Бугарија се револуционери како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански и многу други историски личности на Македонија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

Граѓаните порачуваат дека се уште од новата власт ги чекаат ветените повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците, за кои иако беше ветено дека ќе бидат покачени, Заев пред неколку дена објави дека ќе бидат скратени и уште голем проекти кои Заев им ги вети на граѓаните, но од нив досега ништо. Граѓаните се разочарани што досега Заев само ги руши позициите градени долго време од страна на Македонија, во меѓународните односи, а како што велат последен пример е и најавата за менување на историјата по мерка на Грција, откако тоа претходно беше најавено и за промена на историјата по мерка на Бугарија.

НЕВИДЕНО ПРЕДАВСТВО: Има ли земја, освен Македонија, во која премиерот и министрите прифаќаат соседите да им ја пишуваат историјата?!

Република Македонија со Владата на СДСМ е можеби единствената држава во светот која прифаќа соседите да ја пишуваат историјата. Најпрво во договорот за добрососедство со Бугарија предвидено е ревидирање и промена на учебниците по историја, а такво нешто најави и министерот за надворешни работи на Грција Коѕиас.

Откако Коѕиас во интервју за националната телевизија ЕРТ изјави дека заедно со македонскиот колега Никола Димитров во Њујорк договориле ревизија и промена на учебниците по историја во Македонија, македонското МНР демантираше и соопшти дека тие воопшто не разговарале за такво нешто.

-Она за што е разговарано на состанокот во Њујорк помеѓу Димитров и Коѕиас е во насока на иницијативата на Република Македонија од 2007 година за средба на историчарите од двете земји. На состанокот во Њујорк, соговорниците се согласија дека треба да се работи на надминување на историските предрасуди на Балканот во интерес на соработката и на заедничката европска иднина. Двајцата министри во оваа фаза разговарале за средба на експерти од областа на историјата, а не за формирање заедничка комисија, при што е разбирливо процесот да се однесува на двете страни, велат од МНР за Мета.

Зошто МНР ги негира тврдењата на Коѕиас? Дали тоа е така зашто во Македонија на 15 октомври ќе се одржат локални избори?

Промената на македонските учебници уште пред изјавите на Коѕиас ја потврди премиерот Зоран Заев уште пред да се потпише договорот за добрососедство со Бугарија, потенцирајќи дека дека во учебниците ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка меѓу Македонија и Бугарија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија пред пет дена, коментирајќи ја средбата со својот македонски колега, рече дека разговарале за преземање одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни. Уште поинтересно е што Коѕијас вчераутро беше многу подециден и соопшти за што станува збор – од ноември годинава ќе биде формирана заедничка комисија, која околу 4 месеци ќе ги разгледува учебниците. Комисијата ќе има мандат да ги лоцира, а потоа во соодветна процедура да ги отстрани мапите и другите елементи на иредентизам што биле присутни во нашите дидактички материјали. Коѕијас во 20-минутното интервју за државната ТВ говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, го спомена, неизбежно, и прашањето за името, првпат ја коментираше Привремената спогодба меѓу двете земји, а за шефот на македонската дипломатија, кому името му го промени од Никола во Николас, рече дека е интересна личност.

Коѕиас истакна и дека спорот за името во заднина крие еден проблем со ирендентизам.

– Спорот за името во заднината крие еден проблем со иредентизам. Се надевам и верувам дека ќе постојат мерки од нивна страна за ограничување на иредентизмот. На пример, во Њујорк се согласивме со доста интересната личност, со министерот за надворешни работи на соседната земја, со господинот Николас Димитров, дека ќе направиме заедничка комисија од ноември, која ќе работи четири месеци и се надеваме дека ќе ја заврши својата работа, која ќе ги разгледа учебниците за да се отстранат иредентизмот и мапите што постојат. Тоа е еден важен чекор што го направиме, но постојат и други за кои преговараме – објасни шефот на грчката дипломатија.

Никос Коѕијас коментираше дека чека да поминат локалните избори кај нас, но и вториот круг, доколку биде потребно, па потоа, како што истакна, нашата влада ќе треба да оцени дали се зајакнува или не и, соодветно со тоа, како што рече, „владата да покаже дали сака и дали може суштински да преговара за решение на спорот за името“. Шефот на грчката дипломатија првпат јавно ја коментираше и Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, за која рече дека има свои недостатоци, особено во делот посветен на нашата интеграција во меѓународните организации. Никос Коѕијас не испушти да спомене дека членството во НАТО и во ЕУ ќе дојде само по решение на името.

– Нашата соседна, пријателска земја, како што велам јас, затоа што нашите народи имаат доста пријателски односи, не може да се интегрира во меѓународна заедница од овој тип како што се НАТО и Европската Унија без да биде решено прашањето за името, во согласност со тоа што го налагаат договорите од 1990-тите, но и Привремената спогодба налага да се реши. Слабата точка на Привремената спогодба беше дека претпоставуваше дека името брзо ќе се реши и затоа даваше можност соседната земја да бара прием во меѓународни организации и не предвидуваше, а тоа е една слаба точка, кои мерки ќе се преземат доколку соседната земја не преговара суштински, затоа што сите овие децении не преговараше – рече Коѕијас во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката ТВ ЕРТ.