Закани со „бомби“ во Собранието – СДСМ не се откажува од нелегалните снимки

sjo-katica-lence-fatime-1

Ме­сто, спо­ред за­ко­нот, да се уни­штат ма­те­ри­ја­ли­те од „бом­би­те“ во кои не­ма не­ле­гал­ни дејс­тва или, пак, се при­ват­ни раз­го­во­ри, СЈО ќе ги „чу­ва“. Не­до­сти­га уште „спе­ци­јал­ни­те“ да наг­ла­сат де­ка ќе ги чу­ва­ат во се­фот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те за да мо­же, ка­ко и до­се­га, ко­га ќе им згу­сне, да поч­нат со по­ли­тич­ки ре­кет – од га­ќи и ави­о­ни, до „Мон­струм“ и „Ди­во На­се­ље“, за ко­га ќе им тре­ба ме­ѓу­ет­нич­ка тен­зи­ја, пишува Република.

Спе­ци­јал­ни­те јав­ни об­ви­ни­те­ли не са­мо што не­ма­ат по­им кол­ку не­ле­гал­но сни­ме­ни раз­го­во­ри има­ат(има­ле) со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ту­ку и не по­ве­доа ни­ка­ква ак­ци­ја за да се открие ка­де се оста­то­кот од ма­те­ри­ја­ли­те за кои збо­ру­ваа и Зо­ран За­ев и по­ло­ви­на од со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та вр­ху­шка; СЈО го отфр­ли слу­ча­јот „Пуч“ и ни­ко­гаш не рас­чи­сти за што „нај­ве­ро­јат­но, ќе би­де гра­ѓан­ска вој­на“ од раз­го­во­рот ме­ѓу „Ко­ка ко­ла 10а“ и „Ор­ке­стар11“; не го ин­те­ре­си­ра­ат за­ка­ни­те за но­ви „бом­би“ и за пу­шта­ња сним­ки по со­ци­јал­ни­те мре­жи; се за­ни­ма­ва со га­ќи, ду­ше­ци и со ави­о­ни, не пре­зе­де ни­што за тр­го­ви­ја­та и за уце­ну­ва­ња­та со сним­ки­те; во це­лост дејс­тву­ва по по­тре­би­те и нај­а­ви­те на за­е­ви­сти­те, а се­га се нај­а­ву­ва де­ка ду­ри и тие ма­те­ри­ја­ли што СЈО, на­вод­но, ги има, од­нос­но му беа от­ста­пе­ни од за­е­ви­сти­те, не­ма да би­дат уни­ште­ни, ту­ку ќе оста­нат за да мо­же и на­та­му, во ид­ни­на, да би­дат зло­у­по­тре­бу­ва­ни.

Во са­мра­кот на пр­ви­от дел од нив­на­та при­вре­ме­на ра­бо­та, ова на­ве­сту­ва­ње од СЈО де­ка ма­те­ри­ја­ли­те не­ма­ло да би­дат уни­ште­ни, ја отво­ра ста­ра­та ди­ле­ма – има ли во­оп­што ма­те­ри­ја­ли во СЈО. За по­тсе­ту­ва­ње, по по­ли­тич­ко­то фор­ми­ра­ње на спе­ци­јал­ни­от имп­лант во суд­ски­от си­стем, со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та вр­ху­шка по­дол­го вре­ме не му ги пре­да­ва­ше ма­те­ри­ја­ли­те. По­ми­на по­дол­го вре­ме во пер­и­пе­тии и во над­му­дру­ва­ње око­лу ус­ло­ви­те за чу­ва­ње, поз­на­ти ка­ко „спе­ци­ја­лен сеф“ за по­тоа пред ка­ме­ри­те од авто­мо­бил­ски ба­гаж­ник да би­дат пре­да­де­ни ку­тии со хар­ти­ја и, на­вод­но, пол­ни твр­ди ди­ско­ви со сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри.

Се по­ка­жа де­ка по­го­лем дел од тие „ма­те­ри­ја­ли“ – на­вод­но ма­те­ри­ја­ли, би­деј­ќи и са­ми­те „спе­ци­јал­ки“ не­маа иде­ја што им би­ло пре­да­де­ни, па ин­фор­ма­ци­ја­та сле­ду­ва­ше ду­ри по при­ти­со­кот од јав­но­ста – спо­ред СЈО, се од­не­су­ва­ат на при­ват­ни раз­го­во­ри и на ма­те­ри­ја што не на­ве­ду­ва на не­ка­кви про­тив­прав­ни дејс­тва. Пре­циз­но, во тре­ти­от, мар­тов­ски из­ве­штај, СЈО на­ве­ду­ва де­ка до то­гаш би­ле прес­лу­ша­ни 272.950 ау­ди­о­фај­ло­ви или 45 про­цен­ти од вкуп­ни­от број. Од нив 90.618 се при­ват­ни раз­го­во­ри, а во 181.372 слу­чаи не е утвр­де­но по­сто­е­ње ин­ди­ции за сто­ре­но кри­вич­но де­ло. И ток­му за тие ма­те­ри­ја­ли СЈО се­га нај­а­ву­ва де­ка са­ка да ги со­чу­ва. Са­мо што ме­сто во СЈО, ве­ро­јат­но тие ма­те­ри­ја­ли се чу­ва­ат во се­фо­ви­те на за­е­ви­сти­те. Та­ка ка­ко што За­ев и са­ми­от нај­а­ву­ва­ше, де­ка ако СЈО би­де за­кон­ски уки­на­то, тре­ба да му ги вра­ти сним­ки­те за да мо­же и на­та­му јав­но да ги еми­ту­ва.

До­кол­ку се по­ста­пи за­кон­ски, ка­ко што по­со­чу­ва и по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за прав­да Ми­хај­ло Ма­нев­ски, и ма­те­ри­ја­ли­те за кои е утвр­де­но де­ка не­ма­ат ко­рист во дејс­тву­ва­ње­то на СЈО или на кој би­ло дел од суд­ска­та власт, се уни­штат, да­ли то­гаш СЈО би им ги вр­за­ло ра­це­те на за­е­ви­сти­те за по­ве­ќе од 270 ил­ја­ди мож­ни ид­ни уце­ни во по­ли­тич­ко-еко­ном­ски­те игри? Ако ги уни­шти, а тие пак „се по­ја­ват“ зна­чи де­ка или има­ле ко­пии или СЈО не до­би­ло ни­што, освен ма­те­ри­ја­ли на ла­жич­ка. Во два­та слу­ча­ја – за­луд­но по­тро­ше­ни бу­џет­ски па­ри за чи­ста по­ли­тич­ка кал­ку­лант­ска ин­ста­ла­ци­ја во пра­во­то. Пар­ти­ја­та на за­е­ви­сти­те во екот на по­тре­си­те за од­ло­жу­ва­ње на април­ски­от тер­мин за из­бо­ри ус­пеа во ед­на од ко­мер­ци­јал­ни­те бан­ки да го ре­про­гра­ми­ра кре­ди­тот, со што ја спа­си хи­по­те­ка­та врз пар­ти­ска­та цен­тра­ла, а ни­кој не мо­же да ка­же со пол­на уста де­ка во тој пер­и­од во јав­но­ста слу­чај­но бе­ше пу­штен те­ле­фон­ски раз­го­вор со ди­ре­кто­рот на таа бан­ка.

Ва­кви при­ме­ри има по­ве­ќе, дел знај­ни, дел тај­ни. Но, ко­га ва­кви­те уце­ни функ­ци­о­ни­ра­ат од по­о­дам­на, зо­што се­га за­е­ви­сти­те би се отка­жа­ле од „злат­на­та ко­ко­шка“ да­де­на на за­ем во СЈО. Уште по­ве­ќе што СЈО да­ва ле­ги­ти­ми­тет на та­кви­те „ак­ции“ за ома­ло­ва­жу­ва­ње на „не­при­ја­те­ли­те“. Ти­пи­чен при­мер е прес­ме­тка­та на за­е­ви­сти­те со уред­ниш­тво­то на ед­на те­ле­ви­зи­ја. Пу­шта­ње­то при­ват­ни раз­го­во­ри по скри­ен ка­нал на со­ци­јал­ни­те мре­жи, по­тоа до­би и по­твр­да од СЈО со це­ла прес-кон­фе­рен­ци­ја за га­ќи и за ду­ше­ци!

Си­гур­но­ста и сле­па­та вер­ба на за­е­ви­сти­те во СЈО ги „отво­ра“ и во по­ли­тич­ка­та би­тка што се бие во пар­ла­мен­тот за за­чу­ву­ва­ње на це­ло­ви­то­ста на др­жа­ва­та. Еден од по­и­скус­ни­те пра­те­ни­ци во пар­ла­мен­тот, Ан­то­ни Ми­ло­шо­ски јав­но со­оп­шти де­ка му би­ле упа­те­ни за­ка­ни по­ра­ди не­го­ви­те ста­во­ви про­тив За­ев и де­ка „не би би­ло чуд­но“ да би­де по­ви­кан во СЈО. Ми­ло­шо­ски откри­ва и де­ка не е единс­тве­ни­от за ко­го се по­ве­де­ни слич­ни по­стап­ки „ка­ко по­ли­тич­ки и ин­сти­ту­ци­о­на­лен ме­тод на при­ти­сок“. Не мо­же да не се сме­та за при­ти­сок ни­ту лан­ски­от обид на пред­вод­ни­кот на СЈО, Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја во Со­бра­ни­е­то ток­му на пра­ша­ње на Ми­ло­шо­ски се оби­де да би­де ма­ли­ци­оз­на по­со­чу­вај­ќи де­ка го слу­ша­ла вни­ма­тел­но „ка­ко што го слу­ша­ла“ во бом­би­те.

Но ра­бо­та­та е мно­гу по­се­ри­оз­на од пет­па­рач­ки­те при­каз­ни за под­гре­ва­ње на ни­ски­те стра­сти на „ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си“, за што за­е­ви­сти­те одам­на по­е­ди­неч­но се има­ат из­јас­не­то ка­ко гле­да­ат на нив. По се­кој го­лем пре­тр­пен по­раз на по­ли­тич­ки план, за­е­ви­сти­те го акти­ви­ра­ат ме­ѓу­ет­нич­ко­то оруж­је, со кре­ва­ње на тен­зи­и­те за по­сто­е­ње раз­го­вор за ет­нич­ко сен­зи­тив­ни слу­чаи. Игра­ње­то врз тен­ка­та жи­ца на со­жи­во­тот за пре­диз­ви­ку­ва­ње ме­ѓу­ет­нич­ки тен­зии со нај­а­ви за „бом­би“ со со­др­жи­на за „ви­сти­на­та“ за ма­са­крот кај Смиљ­ков­ско Езе­ро или за Ди­во На­се­ље до се­га ве­ќе не­кол­ку па­ти е зло­у­по­тре­бе­но.

Осо­бе­но слу­ча­јот „Мон­струм“ е ору­ди­е­то во по­ве­ќе на­вра­ти и со по­ве­ќе це­ли. Ка­ко пр­во се оче­ку­ва да ги акти­ви­ра ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци де­ка „ВМРО-ДПМНЕ е ан­ти­ал­бан­ско“, ка­ко вто­ро пар­ти­ја­та пред Ма­ке­дон­ци­те да се при­ка­же ка­ко „без­ми­лос­на“, тре­то за по­ди­га­ње на не­до­вер­ба кон суд­ски­от си­стем и, на кра­јот, си­те три точ­ки за­ед­но да се фо­ку­си­ра­ат врз опре­де­ле­на лич­ност. Во мо­мен­тов таа цел е пре­тсе­да­ва­чот во пар­ла­мен­тот, Трај­ко Ве­ља­но­ски , кој не доз­во­лу­ва кр­ше­ње на со­бра­ни­ски­от де­лов­ник по жел­ба на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те за пре­ку­тру­па да би­де спро­ве­ден дел од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. И овој пат, отво­ра­ње­то на ра­на­та што се оче­ку­ва да пре­диз­ви­ка ин­ци­ден­ти е упа­те­на од ме­ди­ум, кој, спо­ред по­ра­неш­ни пар­ти­ски функ­ци­о­не­ри во СДСМ, е дел од се­меј­ни­те биз­ни­си на За­е­ви.

Слу­ча­јот „Мон­струм“ е спе­ци­фи­чен ко­га ста­ну­ва збор за на­мер­но пре­диз­ви­ку­ва­ње тен­зи­ја: се ра­бо­ти за убис­тво на пет­ми­на Ма­ке­дон­ци од кои че­тво­ри­ца мла­дин­ци, на Ве­ли­че­твр­ток, спро­ти Ве­лиг­ден, нај­го­ле­ми­от пра­вос­ла­вен праз­ник, на 12 април 2012 го­ди­на. За убис­тво­то на до­жи­во­тен за­твор се осу­де­ни Ал­бан­ци, со пре­су­да те­ро­ри­зам. И За­ев и тие око­лу не­го без­ми­лос­но го иско­ри­сту­ва­ат слу­ча­јот во по­ли­тич­ки це­ли се­ко­гаш ко­га ќе им за­гу­сти. Уште од по­че­то­кот на 2015 го­ди­на За­ев лич­но по­со­чу­ва обе­ло­де­ну­ва­ње на сним­ки за Смиљ­ков­ско Езе­ро, кои „мо­же са­мо да ги обе­ди­ни си­те“; сле­ду­ва ин­терв­ју во кое по­ра­чу­ва де­ка „во за­твор ле­жат не­ви­ни“, на род­ни­ни­те и на уби­е­ни­те и на за­тво­ре­ни­те им ве­ту­ва јав­но еми­ту­ва­ње на „раз­го­во­ри­те“, за по­тоа да се пре­мис­ли и да не ги еми­ту­ва, но за­тоа и во из­бор­на­та кам­па­ња во де­кем­ври 2016 го­ди­на се слу­жи со нај­а­ви за „рас­чи­сту­ва­ње“ на „Мон­струм“. Во ме­ѓу­вре­ме, пре­су­да­та за убиј­ци­те на кра­јот од 2015 го­ди­на е по­твр­де­на и од апе­ла­ци­ја, па не­јас­но е ка­ко За­ев би им по­мог­нал на „не­ви­ни­те“ со чу­ва­ње на сним­ки­те и со нив­на зло­у­по­тре­ба во по­ли­тич­ки це­ли? Исто та­ка, не­јас­на е и уло­га­та на СЈО во се­та оваа по­ли­тич­ка зло­у­по­тре­ба, осо­бе­но што пред по­ве­ќе од ед­на го­ди­на ме­ди­у­ми­те бли­ски на за­е­ви­сти­те об­ја­ви­ја де­ка „спе­ци­јал­ни­те“ би­ле за­ин­те­ре­си­ра­ни за слу­ча­јот, а од то­гаш не­ма ни­што.

Пре­ку нај­а­ви­те на за­е­ви­сти­те за об­ја­ву­ва­ње сним­ки за „Мон­струм“, но и за „Ди­во На­се­ље“, Мар­тин Не­шков­ски, Ни­ко­ла Мла­де­нов, СЈО ми­ну­ва не са­мо ка­ко да не се слу­чи­ле, ту­ку ка­ко и во­оп­што да не вли­јае врз нив­на­та ра­бо­та и врз нив­ни­от кре­ди­би­ли­тет. Ед­но­став­но, до­де­ка За­ев пре­ку сво­и­те лу­ѓе се за­ка­ну­ва со ма­те­ри­ја­ли­те што, на­вод­но, се во СЈО и се пред­мет на не­го­ва­та ра­бо­та, од та­му ба­ра­ат ави­о­ни и га­ќи. Но, те­шко е да се оче­ку­ва чу­до, де­ка по исте­кот на ман­да­тот на СЈО за отво­ра­ње но­ви истра­ги, во ју­ни, на­ви­сти­на, „спе­ци­јал­ки­те“ ќе со­бе­рат хра­брост да го по­чи­ту­ва­ат пра­во­то нас­про­ти пар­ти­ја­та, и да ги уни­штат тие ма­те­ри­ја­ли што ќе оста­нат не­у­по­треб­ли­ви. Со тоа , ба­рем на мо­мент, ќе се по­чи­ту­ва пра­во­то и ќе се на­пра­ви еден ви­стин­ски че­кор кон рас­чи­сту­ва­ње со мож­но­ста по­ли­ти­ка­та по­втор­но, за днев­ни по­е­ни, да ги зло­у­по­тре­бу­ва ви­стин­ски­те жр­тви – и по­чи­на­ти­те и нив­ни­те се­мејс­тва. Ко­га са­мо би со­бра­ле хра­брост…

Текст објавен во 241. број на неделникот „Република“, 14.4.2017

СОС: Зад прислушувањето стојат Рама, Ренци и Заев под капата на Сорос (ВИДЕО)

SOS-pres

Никулецот на политичката криза во Р. Македонија е во незаконското прислушување. Постојат сериозни индиции дека зад него стојат Еди Рама, Италијанецот Матео Ренци и Зоран Заев под капата на Џорџ Сорос, информираа денеска на прес конференција од граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“.

-Ваквата конекција ја потврди и поранешниот претседател на Врховниот суд на Албанија, Крешник Спахиу, кој јавно изјави дека Еди Рама погрешно изиграл со Заев кој бил директно финансиран од Сорос и дека е познато дека Сорос го финансирал прислушувањето во Македонија, истакна Никола Србов еден од основачите на СОС.

Според  „Стоп Операција Сорос “ планот за незаконското прислушување бил креиран во Рим, а времето кога е направен коинцидира со престојот на Зоран Верушевски во Рим  каде во македонската амбасада бил одговорен за соработката со  безбедносните служи на Италија.

-Според италијанскиот закон, во Италија прислушување за потребите на државата вршат неколку приватни компании кои имаат склучено соработка со италијанските власти. Од целиот континент, само во Италија опрема за следење на комуникациите може да купат и правни субјекти со специјална дозвола од италијанската влада. Индициите водат кон тоа дека Џорџ Сорос ја финансирал целата операција , од набавка на опремата до креирање на снимките, рече Србов.

Тој посочи дека врската помеѓу Сорос и прислушувањето во Македонија ја зацврстува и  Споменка Лазаревска, сопруга на второосомничениот во „Пуч“ Звонко  Лазаревски .

Од СОС велат дека истите луѓе кои стоеле позади прислушувањето сега стојат и позади „Тиранската платформа“.

-Позади тиранската платформа стојат Еди Рама, Зоран Заев и Џорџ Сорос, додека албанските партии се само маша преку кои се спроведува планот на Сорос во Македонија. Крајната цел е уривање на унитарноста на Р. Македонија и создавање на бинационална држава која де факто претставува федерација, рече Србов.

ОД СОС велат дека и СЈО е дел од соросовите инсталации во Македонија кое има за цел да ги амнестира сите актери кои ја создадоа кризата, а да ги дисциплинира сите неистомисленици.

Тие ги потсетија македонските институции да покренат истрага за улогата на „Фондацијата отворено општество“ и да испитаат каква е нејзината улога во државата.

Потврда од Албанија: Тиранската платформа е масло на Еди Рама, нарачана од Сорос (ВИДЕО)

Prislusuvanje-Soros

Претседателот на партијата Црвено-црна Алијанса од Албанија,  Крешник Спахиу  потврди дека Тиранската платформа е масло на албанскиот премиер Еди Рама и како што вели, тој станува дел за начинот на кој треба да се формира македонската Влада, држејќи тотално страна на линијата на Сорос.

Tој во емисијата „Ora e intervistes“ на телевизијата Ора њус, која е лидер на пазарот на медиуми во Албанија вели дека се знае оти Заев е финансиран на директен начин од Сорос, па дури и дека прислушуваните разговори се финансирани од Сорос.

-Албанскиот Премиер и Тирана изиграа многу погрешно, изиграа погрешно затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна и во одреден момент албанскиот Премиер станува дел, станува едностран дел за начинот на кој треба да се формира Влада држејќи тотално страна на линијата на Сорос. Затоа што се знае дека Заев е финансиран на директен начин се знае дури и дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос и сигурно дека му се даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија, истакна Спахиу.

Тој е сегашен лидер и основач партијата Црвено-црна Алијанса, а во минатото бил Претседател на Транспаренси интернационал – Албанија во периодот од 2006 – 2007 година, како и Претседател на Врховниот суд на Албанија во периодот од 2007 – 2012 година.

По идеологија, Спахиу е националист, кој честопати е обвинуван дека е ултранационалист. Во 2013 година тој поднел барање до Централната Избирачка Комисија на Албанија за распишување на референдум за спојување на Албанија и Косово.

НСА и ФБИ потврдија: Прислушувањето и објавувањето разговори е кривично дело шпоинажа

NSA-FBI-Spionaza

Откако речиси три години Македонија се занимава со нелегално снимени и креирани телефонски разговори, што ја втурна земјата во најголемата политичка и безбедносна криза, и во која шпионите кои тоа го правеле, таканаречените „свиркачи“ се обидуваа со поддршка на „чадорот“ да бидат протнати како „херои“, директорот на американската ФБИ е директен – протекувањето на информациите до печатот и нивното објавување е кривично дело шпионажа.

Протекување на доверливи информации до печатот не се само кривично – тие, најверојатно, се вклопуваат во дефиницијата за шпионажа, посочи директорот на ФБИ Џејмс Коми на јавното сослушување пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, заедно со директор на Агенцијата за национална безбедност Мајк Роџерс.

Посветена на истрагата за евентуалните руски мешање во текот на претседателската кампања на САД во 2016 година, набрзо прашањата во врска со протекувањето на прислушувани материјали, исто така, доби на тежина.

-Протекување на доверливи информации се сериозни, сериозни федерални злосторства со причина- рече Џејмс Коми за време на неговиот говор. Тој додаде дека оние што стојат зад протекување „треба да се испитаат и каде што е можно кривично гонети во начинот на кој се одразува таа сериозност, така што луѓето да разберат дека, едноставно, тоа не може да се толерира“.

На прашање од комитетот дали давање класифицирани информации до печатот може да се смета за прекршување на Законот за шпионажа, на директорот на ФБИ јасно и отсечно одговори „ДА“. Тој сепак не можеше прецизно да одговори дали новинарите може да се гонат за објавување на ист вид на класифицирани информации, туку само вели „Тоа е потешко прашање“.

Истовремено во заедничкото сослушување беше истакнато дека не само протекувањето и објавувањето, особено противзаконско е обелоденувањето на идентитетите на прислушуваните, чии што вистински имиња се класифицирани и до нив имаат простап само одреден број на луѓе. „Постојат други, помалку опасни начини фрустрираните административци да го искажат своето незадоволство“, забележа член на Комитетот, на што директорите објаснија дека сете минале низ „свиркачка“ обука како да пријават информација до Комитетот.

Оттука, откако за време на изборите во САД се пресликуваат случувањата како на филмска лента- од протестите организирани од соросовите организации, како и се водат истраги за прислушувања и шпионажа, се појасно е дека  СЈО – како надворешна инсталација во правниот систем во Македонија- имаше за цел само да ги заштити виновниците во случајот „ПУЧ“ кој никогаш не треба да биде решен.

Една година од предавањето на предметите: СЈО – ловец во матно со политичка агенда

SDSM-Materijali-prislusuvanje

Поминаа 365 дена откако Зоран Заев во СЈО ги предаде нелегално стекнатите материјали со снимки и транскрипти од приватни разговори. Врз основ на овие снимки, обвинителството предводено од Катица Јанева требаше да работи и да формира обвиненија во законскиот рок од 18 месеци. Во меѓувреме СЈО има подигнато само едно обвинение за случај кој практично не постои, а од другите помпезно најавувани политички прес-конференции за другите истраги кои ги започнало обвинителството – нема ништо.

Јанева, Фетаи и Ристовска одржаа низа прес-конференции на кои ги презентираа своите наоди од истрагите, сите до еден базирани на непотполни и измислени докази кои веднаш беа побивани од страна на обвинетите. СЈО неосновано од судот бараше притвори со цел да ги комплетира пи-ар спектаклите кои ги правеше на прес-конференциите, одработувајќи ја својата политичка задача во сценариото од кое е дел и ова обвинителство. Од СЈО постојано беше вршен јавен и отворен притисок врз судот во Македонија со цел да им ги прифаќа и оние мерки и барања за кои немаат ниту доказ, ниту елементарна основа да бидат прифатени. Откако судот им ги одбиваше нелогичните предлози за мерки, од СЈО јавно изјавуваа дека не се задоволни што судот не ги следи сите нивни барања кои немаат правна поткрепа, туку партиски мотивирана агенда.

Овој јавен притисок има две цели: прво, судиите по почуствуваниот притисок да почнат да им ги прифаќаат барањата за кои нема никаква основа, и второ, да подготват терен за поголем меѓународен притисок над судот со цел изнудување мерки и над власта со цел остварување на барањата на СЈО. За луѓето во СЈО е јасно дека не ги оправдуваат вложувањата кои се инвестирани во нив од страна на реализаторите на планот каде тие се главен инструмент за рушење на ВМРО-ДПМНЕ од власт и отворање терен за доаѓање на СДСМ на власт.

СЈО започна неславно и така продолжи во време на целото свое постоење. Јанева прво бараше повеќе обвинители во тимот отколку што и беа прифатени од Советот на обвинители. Откако и беа одобрени избрка 2 обвинителки со јавно објавено образложение во кое се вели дека имаат вишок на обвинители и нема потреба ниту доволно работа за нив. Притоа Јанева не посочи дека двете обвинителки кои сама ги одбра се неквалитетни или нелојални, туку едноставно дека немаат потреба од толку многу обвинители во СЈО, иако пред тоа тврдеше спротивно.

sjo-rastiman-orkestar

Потоа Јанева бараше пролонгирање на рокот за подигнување обвиненија, бидејќи имало многу работа, и не можеле во рокот од 18 месеци да стигнат се да сработат. Апсурдно, но Јанева ниту ги врати двете избркани обвинителки поради зголемениот обем на работа, ниту побара дополнителни 3,4,5 нови обвинители со кои ќе ја сработат работата на време. Уште еднаш стана јасно дека не е во прашање времето за работа и завршување на предметите, туку времето за да биде СЈО нечиј политички инструмент.

СЈО активно работеше на пролонгирање на правдата, помагајќи во одлагањето на рочиштата во корист на Заев во случајот „Поткуп“ со трагикомични изговори на Јанева од типот: „имам свадба за ќерката, не можам цел април да одржам рочиште“.

СЈО манипулираше со јавноста и кога тврдеше дека судот ги спречувал да добијат одредени доказни материјали, иако судот постапуваше по правилата и им дозволуваше целосен увид на материјалот кој го бараа, но во просториите на судот, како што наложува законот. Овој притисок на СЈО беше уште едно парче во мозаикот на СЈО и СДСМ во насока на создавање вештачка атмосфера за промена на судии како што најави Заев и за специјално одделение како што бараше СДСМ.

Околу двојните аршини на СЈО добро говори случајот „Пуч“ за кој не само што не бараа мерки за обезбедување туку и побараа укинување на мерките, со што на целокупната јавност и стана јасно дека нема ни п од професионалност, ни објективност или неселективност во нивното постапување. Сопругата на Зоран Верушевски, Соња Верушевска, дури и јавно му се заблагодари на Зоран Заев затоа што Катица Јанева го ослободи од притвор нејзиниот сопруг, кога веќе не успеа да го изнесе „под чадорот“ надвор од Македонија, како што Заев и призна дека планирал да стори.

Околу купувањето време на СЈО јасно говори и симптоматичниот избор на деловен простор во кој ќе функционира обвинителството. Од илјадници слободни и на понуда за издавање деловни простории во Скопје целосно спремни да примат било каква институција или компанија веднаш, без било какво реновирање и губење време, СЈО одбра простор за кој однапред знаеа дека им се потребни 8/9 месеци реновирање, за подоцна да може и тоа да го користат како изговор за продолжување на мандатот за политичко делување против ВМРО-ДПМНЕ. Наводно во старите простории на СЈО во палата Кузман имале несоодветни услови и уште во врска со тоа го доведуваат употребувањето на некаков софтвер за истражување. Божем за софтвер кој треба да истражува потенцијален финансиски криминал е важно дали е тазе молерисана просторијата во која се наоѓа или какви плочки има.

Втора манипулација околу времето е дека почнале подоцна заради одредени подготвителни работи. Вистината е обратна. СЈО беше избран на 15–ти септември. Законот предвидуваше дека почеток на 18–те месеци работа ќе биде моментот кога ќе ги примат матерјалите, иако најголем дел од нив ги имаше на сите портали бидејќи беа објавени. И тоа сите добро го знаеа.<

Зоран Заев и Катица Јанева спроведоа една тактика која не им пречеше на преставниците на меѓународната заедница. Цели три и пол месеци Заев не ги доставуваше матерјалите под разни изговори и лаги, а највпечатлива беше дека немало соодветни услови да ги примат и чуваат материјалите – им требал посебен сеф. Откако Владата експресно им донесе сеф, објавија дека е несоодветен. Потоа Владата им донесе сеф-шифоњер и веќе немаа каде, па преминаа на одолговлекување од страна на Зоран Заев со разни изговори, за некаде дури на 30–ти декември 2015–та Заев да ги достави материјалите и да почне одбројувањето на 18–те месеци во кои може да се отвори обвинение. Некаед на средината на 2016-та СЈО преку Ленче Ристовска се „переше“ дека наводно изгубиле многу време во подготовки од дадените 18 месеци, што е уште едно нечесно манипулирање со јавноста и со меѓународната заедница.

Кога се методите на СЈО за политичко влијание во прашање, веќе на сите им стана јасно дека „штанцањето“ барања за мерки за претпазливост кон судот за да го донесат во ситуација да ги одбива, беше да се создаде клима и направи атмосфера дека судот е пристрасен и потребно е специјално одделение со „подобни“ судии. Во иста насока е и најавата за генерален реизбор на судии од страна на Заев и СДСМ.

Прилично неискрен аргумент е и божемното загубено време со аболицијата, со кое исто така СЈО се обиде да купува изговори за продолжување на мандатот. Она што е вистина е дека СЈО за време на аболицијата не ги запре постапките кон никого, ниту правно формално со посебен акт, за што имаа законска обврска, ниту ги запре реално нивните истражни активности.

Во меѓувреме, уште не се знае каде се останатите материјали кои Заев излажа дека ги предал во целост на СЈО, а целата јавност гледа како се појавуваат на фејсбук и други интернет локации. СЈО, очекувано, воопшто не го истражува овој феномен – како е можно снимките кои се стекнати на нелегален начин и на кои има приватни разговори, а се снимки кои Заев тврди дека ги имаат само во СЈО – да излегуваат на интернет. СЈО не се занимава со ова. Туку продолжува со својата главна преокупација: обид за нанесување политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, во јавноста се појавија изјави од извори на „Дневник“ кои велат дека eден амбасадор повторно го притиснал алармот во СЈО давајќи насока останатите предмети да се стават на страна, а фокусот целосно да биде на партијата и нејзиното раководство. Пред да замине на прослава на божиќните празници со семејството амбасадорот си нарачал пресметка со партијата што победи на изборите. Насоката до кооперативните обвинители од СЈО била по секоја цена да се оди со истрага за партијата и раководството за тоа како се финансирале претходните избори.

Наредбата ја пренел еден од обвинителите пред целиот колегиум на СЈО јавно посочувајќи кои се очекувањата на амбасадата. Тој на своите колеги им укажал дека рокот во кој се очекува ваков резултат од СЈО е крајот на јануари или најдоцна до средината на февруари.

Одложено судењето на Зоран Заев – не се појавил на четвртото рочиште

osnoven-sud-kumanovo

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставникот на правното лице од СДСМ Дамјан Манчевски и адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ, денеска не се појавија на четврото рочиште закажано во кумановскиот суд по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски, за неовластено снимање и објавување снимки.

На рочиштето во кумановскиот суд се појави третообвинетиот Мартин Костовски, кој информираше дека Зоран Заев, претставникот на СДСМ Манчевски и адвокатот на одбраната Вујиќ не можат да присуствуваат на рочиштето поради обврски во Државната изборна комисија.

ВИДЕО: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален

poposki-pendarovski

На тема „Прислушување“ синоќа на ТВ Алсат-М во емисијата „200“ на политичка ТВ-дебата се соочија претставници од четирите големи партии, од македнскиот и албанскиот блок, носители на пратеничките листи во првата изборна единица: Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Стево Пендаровски од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Идриз Орана од ДПА.

Бомбите на опозицијата, работата на СЈО и судството во Македонија, евроинтеграците, центрите на моќ кои мешаат прсти во македонските работи, од каде доаѓаат странските служби, што ` е проиритет на власта, излез од двегодишната криза што ја наметна СДСМ, се темите на кои Пендаровски остана нем, соборен со факти.

Уценувачка порака за функционери на ДУИ со нови снимки, СЈО и МВР не мрднаа со прст за старите

skandaloze-fb

Нови десетици снимки на незаконски снимани разговори на функционери на ДУИ се објавени на социјалните мре жи од страна на непознати лица. Снимките на разговорите на лицата, за кои информативните портали на албански јазик вчера тврдеа дека им припаѓаат на високи функционери од ДУИ се појавија деновиве. Но, овие медиуми не посочија за кои функционери конкретно станува збор пишува Дневник.

Снимките се првично објавени на Фејсбук-страницата насловена Skanaloze и го носат датумот 20 ноември 2016 година. На неа можат да се слушнат повеќе разговори што се водени и на албански и на македонски јазик. На страницата може да се види како постојано се зголемува бројот на лицата што ги слушнале разговорите. Објавувањето се совпаѓа со почетокот на предизборната кампања за парламентарните избори на 11 декември годинава.

Познато е, кон крајот на септември на оваа иста социјална мрежа, на страницата насловена како Pronto.mk беа објавени, исто така, снимки на функционери на ДУИ – на лидерот Али Ахмети и на Муса Џафери. Засега, сè уште не е познато кој е изворот на објавувањето на незаконските снимки, пишува весникот.

Пуштањето на новите незаконски снимки се надоврзува на објавувањето на разговорите што во февруари годинава, исто така, почнаа да се шират на социјалните мрежи. Тогаш, како што е познато, почнаа да се појавуваат повеќе снимки на нелегално прислушуваните разговори на десетина јавни личности, зад кои во еден дел стоеше лицето потпишано како „Никола Тесла“.

Првиот приватен разговор, кој бил објавен прво на каналот „Јутјуб“ уште на 23 февруари, е на уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас и сопственикот на медиумот Горан Иванов. Потоа на 26 февруари бил објавен разговорот меѓу Драган Павловиќ и Ивона Талевска, главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вечер“.

Потоа следуваа приватните разговори меѓу функционерот на ДУИ, Муса Џафери, и пратеничката Ермира Мехмети, како и меѓу првиот човек на скопска Kомерцијална банка Хари Kостов и Бранко Бојчевски, основач на агенцијата за обезбедување „Оса“.

СЕ ПРАВДААТ ДЕКА БИЛО СЛУЧАЈНО: СЈО спроти изборна кампања исфрли случај за прислушување

katica-lence-sjo

Ленче Ристоска се обиде да ги оттргне сомневањата кон СЈО дека искалкулирано денеска се појавува во јавноста со нов случај и дека со тоа сака да влијае врз изборната кампања. Според неа, токму досега траела анализата на податоците

Сосема случајно се погоди да биде пред почетокот на изборната кампања. Нашата цел не е да влијаеме врз изборниот процес. Нашите истраги се исклучиво врз основа на доказите, се правдаше Ленче Ристоска, портпаролката на специјалното јавно обвинителство, за тоа што во предвечерието на изборната кампања во земјава се појавуваат со случај кој се однесува токму на прашањето за тоа кој прислушувал во земјава во периодот од 2008 до 2015 година.

Денешната нивна прес-конференција беше за нов случај, именуван „Таргет“, а кој се однесува на прислушувањето кое, според тоа што го соопшти СЈО, траело подолг период. Одговарајќи на новинарско прашање, Ристоска се обиде да ги оттргне сомневањата кон СЈО дека искалкулирано денеска се појавува во јавноста со нов случај и дека со тоа сака да влијае врз изборната кампања. Според неа, токму досега траела анализата на податоците.

sjo-katica-lence-fatime

– Ние не работиме по ничии нарачки. Работиме исклучиво по докази. Тоа повеќе пати го имаме повторено. Не влијаеме врз изборниот процес. Анализата на податоците што ги прибавивме траеше до сега, до оваа недела, кога ги имавме финалните резултати од истрагата. Се работи за голем број податоци, требаше да се анализираат, да се види кои од тие броеви биле следени надвор од судските наредби. Беше потребно еден извесен период да се анализираат податоците – рече Ристоска.

Според тоа што беше презентирано, случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година. Предмет на истрагата е кој, на кој начин и со кои средства вршел незаконското следење на комуникациите. Мотивите за прислушувањата, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, треба да ги покаже истрагата.

Осомничени се 10 лица од кои тогаш, а дел и сега се вработени во УБК од највисоките раководни истраги до најниските ешалони. Се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Таа појасни дека доказите со кои располагаат упатуваат на основано сомнение дека преку системите во УБК од 2008 до 2015 година незаконски се следени 5.827 телефонски броја. Во тој период во употреба биле три различни системи за следење на комуникациите.

Обвинителката Катица Јанева, пак, истакна дека денешната истрага е резултат на повеќемесечна работа. Таа додаде дека во текот на предистражните постапки што се водат во СЈО до овој момент се собрани доволно материјални и вербални докази за да се отвори истрага.

sjo-katica-lence-fatime-1

Според тоа што го истакна портпаролката Ристоска, биле следени политичари и од власта и од опозицијата, како и домашни бизнисмени и медиумски работници. Така Ристоска спомена дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска била следена 732 дена на еден од нејзините телефонски броеви, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески бил цел на прислушување 732, 573 и 816 дена одделно на три негови телефонски броја. Мендух Тачи, пак, бил цел на прислушување по 1.257 дена на два негови телефонски броја.

Цел на прислушување бил и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чии телефонски броеви биле под присмотра 333, односно 867 дена. Беше споменат и Хари Костов, кој, според Ристоска, бил прислушуван 732 дена. Таргет бил и Љубе Бошковски, со 320 и со 92 дена одделно на неговите два телефонски броја. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, според Ристоска, не бил таргет на прислушувањето.

Вкупно 14 лица, претежно новинари, до денес побарале оштетување за тоа што биле цел на прислушување.

Ристоска воедно спомена дека лица од УБК ги доставиле до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, аудиоснимките и транскриптите од прислушуваните разговори.

Специјалното јавно обвинителство досега покрена истраги за случаите „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“ „Топлик“ и „Тендери“.

ПО НАРАЧКА ОД ОБВИНЕТИОТ: Еве како Заев ја најави денешната прес-конференција на СЈО

zaev-za-fokus

Денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на која беше покренат случајот „Таргет“, опозицискиот лидер Зоран Заев ја најави во детали при интервју за опозицискиот неделник „Фокус“ минатата недела.

zaev-za-fokus

Во интервјуто за „Фокус“, одговарајќи на прашањето ако СЈО не направело пресврт во случајот „Пуч“ пред избори и не се откриело кој прислушувал, тогаш дали немало да пропадне целиот концепт на СЈО, Заев рече дека СЈО ќе објавел отворање нова истрага посветена токму на прислушувањето. Ваквата најава на Заев денеска и се оствари.

– Јас очекувам дека СЈО во текот на ноември, ако не ја соопшти вистината за прислушувањето во судница, во рамки на судењето за „Пуч“, што е тешко веројатно затоа што судот го одложи процесот на неодредено со цел до избори Груевски да не се појави да сведочи, тогаш ќе објави отворање нова истрага, посветена токму на прислушувањето. Колку телефон биле ставени во системот за следење и како е изведена целата операција. И не само што очекувам детали за ова пред избори, туку знам дека ќе има цврсти докази, со име и презиме и со конкретни дејствија. Не исклучувам дека ќе има и сведоци, рече Заев во интервјуто за „Фокус“.

Она што опозицискиот лидер го најави за сдсмовското гласило, Катица Јанева и СЈО денеска на дело го спроведоа. Прес-конференцијата на СЈО дојде во моменти кога вниманието на јавноста требаше да се отргне од скандалозните и антимакедонски изјави на Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија, каде говори за редефинирање на Охридскиот Рамковен договор, воведување на двојазичноста на цела територија и јавно обвинување дека “проблемот е во Македонија, а не во соседите.“

Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.

– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.

Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.