КАСАМИ ГО ПРИТИСКА ЗАЕВ: Свикај состанок, не се чувстувувам комотно пред знамето на Македонија

zaev-sdsm-kasami-besa

Претседателот на Беса Биљал Касами рече дека владата на Груевски ја доведе Македонија на работ на бездна. На прашање на новинар на ТВ 24 дали ги признава македонското знаме и химна, не одговори директно и истакна дека не се чувствува комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на Албанците, како што и не може да се чувствува комотно во интонирањето на македонската химна.

-Заев треба итно да свика состанок на претседателите на политичките партии коишто го сочинуваат мнозинството за да изнајдат решение во рамките на парламентот, рече Касами.

Според Касами, алибито на Иванов за декларацијата е нелогично, бидејќи оваа декларација е од интерес и за Македонија, како и за сите други етнички заедници во Република Македонија.

-Претседателот Иванов треба да престане и да се тргне од таа позиција со условување на Влада поради заедничката декларација на албанските политички партии. Тој треба да му даде мандат на Заев да почне преговори со албанските политички партии, рече Касами.

На новинарското прашање за каква мултиетничка земја се залага Беса кога во канцеларијата на Касами се истакнати знамињата на Албанија, на САД, на ЕУ, но не и македонското и дали тоа значи дека не го признава македонското знаме, Касами вели:

-Македонија го смени државното знаме, а во тој момент не се донесе решение прифатливо за сите граѓани. Кога би се усвоило ново знаме, согласно интересите на Албанците и другите граѓани, јас сум сигурен дека тоа знаме би било прифатливо за сите граѓани. Ние во овој правец, бараме редефинирање на државата. Желбата за создавање на државата мора да рефлектира со барањата на сите етнички заедници во Република Македонија и затоа ние сакаме да се отворат прашање за идентитетот на државата.

Касами има забелешки и на химната на Македонија.

-Не се чувствувам комотно во интонирање на македонската химна, кога во никој момент не го рефлектира идентитетот на Албанците. Јас не можам да се чувствувам комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на Албанците. Еден од условите за идната влада е да се отвори дебата за разгледување на можноста за Македонија да има симболи кои ќе го рефлектираат идентитетот на сите етнички заедници во Република Македонија, одговори Касами.

Поранешниот австриски амбасадор: Ако го принудат Иванов да попушти, мултиетничка Македонија ќе се подели

Harald-Koci

Суштината на платформата од Тирана е создавање бинационална држава, чија крајна цел е отцепување на деловите каде што живее албанско население, вели во опширна и детална анализа за интернет-порталот „Вишеград пост“ поранешниот австриски амбасадор во Македонија, Харалд Kочи. Ексамбасадорот (од 1997 до 2002 година) во дипломатските кругови важи за голем познавач на актуелните состојби во сегашна Македонија, но и на историските факти и нивните импликации денес.

Уште на почетокот на анализата Kочи поентира зошто Македонија се најде во ваква ситуација.

– САД и нивните делегирани агенти во Брисел, како и НАТО и ОБСЕ, две децении се мешаат во домашните работи на оваа суверена држава – на локално ниво преку своите амбасадори или директно од своите градови – и затоа со право може да бидат наречени „квазиводачи“ во земјата. Поткрепена со ваквите мешања, долготрајната политичка криза во Република Македонија се приближува до кулминација и секоја минута може да прерасне во насилни судири. Па така, во ситуација кога Собранието се свикува нелегално – по интервенција од надвор, за да се искористи новото мнозинство за избор на влада, со исклучување на претседателот на државата – на неуставен начин – алармот свети! – предупредува Kочи во првите редови од анализата.

Според него, „тивките“ советници од надвор сакаат да го принудат Ѓорге Иванов да именува коалициска влада составена од етнички македонската Социјалдемократската партија и сите партии на етничките Албанци.

– Ова ќе биде чекор кон поделба на мултиетничката земја и тоа по должината на нејзините јазични граници – потенцира дипломатот.

„Мирните протести наспроти ланските хулигански демонстрации“

Понатаму во текстот, Kочи прави споредба на актуелните протести за кои вели дека се мирни и достоинствени, за разлика од протестите „на хулиганските демонстрации од претходната година поттикнати од Соросовата мрежа, кои оставија зад себе штета на јавните објекти видлива и денеска“.

– Денешните протести или се игнорирани од меѓународните мејнстрим-медиуми или не ја пренесуваат вистината за протестите – пишува тој.

Осврнувајќи се на етничкиот состав на Македонија, за да ги запознае читателите на неговата анализа со фактичката состојба, Kочи посочува дека најголемото малцинство во земјата се Албанците, кои, според последниот попис, се 25 проценти – бројка во која тој се сомнева.

– Денес, бројот на албанската заедница е контроверзен. Според официјалните бројки, таа е 25 отсто од вкупниот број на населението, но пописот од 2002 година, врз кој се заснова оваа бројка, најверојатно, е спроведен со многу нерегуларности – нагласува тој.

Според поранешниот амбасадор, пописот бил спроведен во т.н. Потемкинов стил, односно одредени македонски села со години празни биле претставени како полни со живот, за да се изманипулира со конечната бројка на албанско население, и сето тоа, како што вели, потпомогнато од „Албанците од Kосово, кои играа улога на станбено население во Македонија“. Одложувањето нов попис, од 2012 година наваму, вели Kочи, е поради албанските политички фактори што не ја сакаат на виделина вистинската слика.

– Тешко дека бројот на албанските жители е повеќе од 15-16 проценти, како што може да се види според податоците содржани во документација на фондот за осигурување, МВР, центрите за социјални работи… – додава поранешниот амбасадор.

„За албанското население, Македонија не е матична држава“

Според него, Албанците во Македонија не се чувствуваат како граѓани на оваа држава, ниту ја ценат како матична, тоа за нив се Kосово и Албанија, и поради тоа, вели Kочи, уште од 1991 година нивната цел е отцепување на деловите од земјата каде што тие живеат.

– Поради тоа Македонија е спречена да се развива во мир. Степенот на лојалноста на Албанците кон Македонија се гледа во фактот што во целото албанско говорно подрачје само албанското знаме е истакнато на јавните објекти, улиците и јавните места – нагласува дипломатот.

Тој оценува дека Албанците во Македонија се највисоко на скалите и во позиција да ја движат играта, кога, како што вели, на нивната партнерска страна е лидерот на СДСМ, Зоран Заев – за кого Kочи нема високо мислење.

– Овој човек е управуван од страна по само еден мотив – неговата лакомост да ја врати својата партија на врвот по повеќе од 10 години, за која цел е подготвен дури е да му ја продаде душата на ѓаволот. Со активно учество на „квазиводачите“ тој работеше на договор за коалиција со сите партии на етничките Албанци, со цел да стигнат до парламентарно мнозинство. Неговото јадро е спроведувањето на „Платформата на Тирана“ – вели Kочи.

Тој додава дека судејќи според содржината на платформата, нејзината цел е создавање бинационална држава од Македонија. Во таа насока ги критикува двојните стандарди на Европската Унија, според која е незначително кога шеф на друга влада, во случајот Еди Рама, се меша во внатрешните работи на држава што не е членка на ЕУ, а кога турски политичари прават кампањи на нејзина територија, тоа ја вознемирува.

Kон крајот на анализата Kочи потврдува дека позадината на крајната цел на тиранската платформа е Џорџ Сорос и не предвидува лесна и безболна завршница на голготата.

Македонците имаат право да се борат

Во насока на изразување поддршка на актуелните протести за отфрлање на тиранската платформа, Kочи посочува еден цитат кажан пред околу четвртина век од еден од најуспешните германски писатели и драматурзи, Бото Штрауз.

– Штрауз пишува есеј, објавен во „Дер шпигел“, кој содржи една реченица што оттогаш стана политички некоректна: „Денес, ние веќе не разбираме дека некој во Таџикистан смета оти е политичка мисија да го зачува својот јазик, на ист начин како што ние ги зачувуваме нашите реки и езера. Ние веќе не разбираме дека една нација сака да наметне свој морален кодекс против тој на другите, и е подготвена да даде жртва преку крв за таа цел. Тоа е нашата либерално-слободарска самодоволност што н` тера да мислиме дека таквиот став е лажен и за осуда“. Ако се замени Таџикистан со „Македонија“  и „морален код“ со „држава“, добивме објаснување зошто Македонците се подготвени да се борат за својата земја – завршува Kочи.

Децениска амбасадорска кариера

Харалд Kочи бил вработен во австриското министерство за надворешни работи од 1973 до 2011 година, и освен горенаведениот период на дипломатска мисија во Скопје, тој бил на оваа положба и во Северна и Јужна Америка, заменик-шеф на мисијата на австриската амбасада во поранешна Југославија.

Покрај дипломатските мисии, бил и набљудувач на ОБСЕ во Kосово во 1993 година.

Димовски: СДСМ е под притисок, не сака да изгуби албански и македонски гласови добиени со лажни ветувања (ВИДЕО)

Ilija-Dimovski-TV-Shenja

СДСМ е под притисок, затоа што не сака да изгуби ниту од албанските гласови кои ги добил врз база на лажни ветувања, ниту од Македонците кои ги добил врз база на лажни ветувања, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во вчерашното гостување во емисијата „Арена“ на телевизија „Шења“.

-Политичкиов проблем не е на релација Македонци-Албанци, проблемот е на релација ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ, затоа што СДСМ или ги излажа Македонците или ги излажа Албанците. На крај треба да се знае или е вистина она што се тврдеше дека нема платформа, нема двојазичност на цела територија или ќе има. Суштината е во тоа што СДСМ е под притисок, затоа што не сака да изгуби ниту од албанските гласови кои ги добил врз база на лажни ветувања, ниту од Македонците кои ги добил врз база на лажни ветувања.  Каква глупост, намерно го употребувам тој збор, би било ако утре теоретстки се случи на избори по три месеци, по 6 месеци, по две, по четири години, ВМРО-ДПМНЕ да однесе победа со 62 пратеници или со 61 што е многу возможно, се случувало и досега и ние речеме има бројка, чиста е работата и не мора ние да зимаме ни БЕСА, ни ДУИ, ни ДПА, ни Села, вели Димовски.

Тој одговарајќи му на пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ги почитуваат Албанците.

ВИДЕО: ДУИ е под уцена од СЈО и притисок од Амбасадата на САД

SDSM-DUI-Ambasada-SAD

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и лидерот Али Ахмети се под уцена од СЈО и притисок од американската амбасада од Скопје да коалицираат со СДСМ. Ова беше истакнато во вчерашната емисија „Во центар“ на Васко Ефтов, каде гостин беше Љуппчо Палевски, поранешен претседател на Градската организација на СДСМ.

Ефтов објави фотографии од средбите на Дејвид Стивенсон, кој е политички советник во американската амбасада во Скопје и кој доаѓа на таа фунција некаде јули 2015-та години, со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и со Бујар Османи и Артан Груби од ДУИ.

Тоа покажуваа дека делуваат на штабски начин, дека тие две политички партии под покровителство на господинот Стивенсон се подготвуваат за завршен удар, за формирање на таа коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ. Дали тоа ќе се случи? Јас тешко верувам или воопшпто не верувам дека е возможна една таква политичка разврска, но тоа не значи дека Американската амбасада нема да направи се’ да биде формираа таа влада помеѓу ДУИ и СДСМ, рече Ефтов.

Палевски смета дека целата координација е на политичкиот советник на Бејли.

Тој е координаторот и да не кажам проект-менаџер на сите овие 67 потписи, рече Палевски за Стивенсон.

На ставот на Ефтов дека  и оној условно речено „пуч“ што се направи во ДУИ, некаде 28-ми, 29-ти јануари што ескалираше сo неприфаќање да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, преку Теута Арифи го има одработено господинот Стивенсон, Палевски вели:

Јас би бил уште подиректен, ДУИ се наоѓа под уцена од СЈО, има неколку предмети и СЈО буквално се користи за политички инженеринг и прекројување на политичката волја од избори.

ФОТО: Медиумите кои не се под контрола на СДСМ револтирани од притисокот од СЈО ги спуштија камерите

Kameri-SJO-1

Поради притисокот од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), медиумите кои не се под контрола  на СДСМ денеска во знак на револт го спуштија камерите на почетокот од прес-конференцијата.

Во знак на револт заради притисоците и ограничувањето на слободата на говор, медиумите и спуштија камери на Катица Јанева.  Новинарите протестираат против репресијата и притисоците од страна на СЈО врз медиумите и последниот атак, со кој директно се врши прогон на ТВ Нова и нејзиниот сопственик Сеад Кочан.

Новинарите порачуваат дека новинарството не е криминал, а граѓаните имаат право да добиваат точни, навремени и проверени информации.

Kameri-SJO-2

Костов: Хан и европратениците ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов

sotir-kostov-tv-nova

Аналитичарот Сотир Костов смета дека комесарот Јоханес Хан доаѓа за да изврши притисок врз претседателот Иванов за да ја смени одлуката и да му го даде мандатот на Зоран Заев.

– Очекувам дека господинот Хан и тројцата европратеници ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов, врз ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски во смисла, првиот да ја смени одлуката за недавање мандат на Зоран Заев, а вториот како победник да прифати други да владеат во РМ, поточно, три албански политички партии и една албанизирана политичка партија СДСМ, вели Костов. Но, тој е сигурен дека граѓаните на Република Македонија тоа нема да го дозволат.

– Дојде време кога тие суверенитетот ќе го земат во свои раце и ќе го одбранат Уставот на Република Македонија со се што е внатре напишано, во смисла на унитарност, мултикултурност, а не бинационалност, билингвалност и давање на специјален статус на албанскиот јазик и онеправдување на Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и Македонците, појаснува Костов.

За него, пресврт би било прифаќањето на Јоханес Хан да се сретне со идејните творци на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија# Борис Дамоски, Богдан Илиески, Игор Дурловски и 150 до 200 илјади граѓани кои стојат зад нив и кои секојдневно маршираат по улиците на градовите низ Република Македонија.

– Е, во тој случај ќе знаеме дека господинот Хан и европратениците ги ценат граѓаните на Република Македонија. Сето друго е лицемерие. Можеби, ќе беше поинаку доколку тие од Брисел претходно порачаа дека одлучно се спротивставуваат на мешањето на Тирана и Приштина, односно на Еди Рама и Хашим Тачи и одредени пратеници во нивните собранија, во внатрешните работи на Република Македонија, дека тоа не само што не е добрососедски гест, туку и дека е надвор од сите принципи и правила на меѓународната дипломатија, изјави Костов.

Одбраната на Кочан тврди: Целта на неговиот притвор е да се замолчи медиумот

Nikola-Dodevski-advokat

Во медиумите постои хајка против Сеад Кочан, кој е само на службен пат и е успешен стопанственик и сопственик на телевизија, со што се повредува слободата на изразување, на мисла и на говор, рече Никола Додевски, адвокат на бизнисменот Кочан, кој е осомничен во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска на седницата на Апелациониот суд во Скопје на која се расправа по жалбата за одредениот притвор.

– Дискриминаторското однесување кон обвинентите нема оправдување затоа што од тројца обвинети само за Кочан е одреден притвор. Тоа е така само затоа што е сопственик на медиум што е прекршување на чл.10 од Конвенцијата за човекови права. Друго објаснување од приложените докази нема. Затоа сметам дека целта на притворот е Кочан е неговиот медиум да биде замолчен. Кочан може да е во бегство само ако му е изречена пресуда или бил затворен па ископал тунел и избегал. Бегството е конструкција на СЈО и медиумите кои први објавија, информирани од не знам кого, дека Кочан е во притвор, а СЈО потоа даде изјава дека тој е во бегство, рече Додевски.

Петрески: Ова е најнова, но не и последна станица во притисокот на СЈО врз медиумите

Goran-Petreski

Секако дека последниот случај што го отвори СЈО, односно, особено наредбата за притвор на сопственикот на ТВ Нова, не е ниту случајно, ниту во овој период ненамерно случајно, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова главниот и одговорен уредник на „Вест“, Горан Петрески.

Петрески потсети и дека пред СЈО да го отвори случајот труст, и пред да биде дадена наредба за притвор на сопственикот на ТВ Нова, побара документација и на индиректен начин изврши притисок и врз други медиуми во Р. Македонија.

„Влезе во МПМ, најголемата новинско-издавачка куќа во Македонија, влезе во три од петте најголеми, најгледани и со најголема доверба телевизии во Македонија, така што ова што се случува во ТВ Нова сега е само врв, односно најнова, но не и последна станица во обидите на СЈО да изврши притисок врз оние медиуми кои критички го опсервираат нивното работење“, рече Петрески.

СДСМ врши директен брутален притисок врз медиумите кои не се под негова контрола

TV-Nova

Освен ТВ Нова, СЈО упадна и во МПМ која управува со трите водечки дневни весници Дневник, Вест и Утрински весник, во Сител, Канал 5, во новинската агенција Нет Прес, Република, Радио Слободна Македонија.

Зад одлуката за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, донесена од сопругата на сдсмовскиот министер Владо Димов, Гордана Димова,  не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ.  Дополнително, Сеад Кочан е сопственик на медиум кој не е под контрола на Бихаќка и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста.

Освен немањето на правен основ, ова може слободно да се толкува како атак  удар на СЈО против медиумите, бидејќи меѓу другото, Кочан е сопственик и на телевизијата ТВ НОВА преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ преку СЈО до медиумите.

Ваквата одлука на Судот зад кој што стои политичка пристрасност на СЈО која што е видлива и е дел од поширок оркестриран напад кој што е насочен кон медиумите кои не се под контрола на СДСМ.

Освен ТВ Нова, СЈО упадна и во МПМ која управува со трите водечки дневни весници Дневник, Вест и Утрински весник, во Сител, Канал 5, во новинската агенција Нет Прес.

Познавачите на состојбите ова го опишуваат како директен брутален притисок врз десетици медиуми кои не се под контрола на СДСМ. Партијата на Заев преку СЈО со тенденција одат на притисок врз сите овие медиуми со цел да ги замолчат и истите тие да не ја шират вистината за предавството на државата со прифаќањето на тиранската платформа која е вовед во редефинирање на државата.

ДУИ клекна под притисок на силни закани и уцени од СЈО по наредба на СДСМ

DUI-Pretsedatelstvo

Вчера во јавноста во голем број медиуми излезе информација дека пукнала тиквата во СЈО помеѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради непослушноста на Фетаи кон Јанева и нејзината наводна блискост со ДУИ, поради што Фетаи ќе биде исклучена од СЈО. Ваквата информација набргу беше демантирана од СЈО, но истата остави многу прашалници во јавноста, дали можеби Фетаи не подлегнала под притисок на Јанева и центарот на моќ под чија наредба работи СЈО.

Дека пишувањата во медиумите за караницата во СЈО се вистините, доказ е и пишувањето на Љупчо Палевски, поранешен сопственик на неделникот „Старт“ и некогашен близок соработник на Црвенковски во чие време беше и Претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје. Палевски во свој фејсбук статус пишува дека СЈО во целост е под палката на Бејли и Заев со исклучок на Фатиме, која не сакала да се покори на наредбите на Катица и центарот на моќ под чија контрола е СЈО. дополнително Палевски вели дека ДУИ е на далечинско кај Бејли поради СЈО

palevski

Во политичките и новинарски кулоари се говори дека СДСМ деновиве дејствувале со силни уцени насочени кон поединци во раководството на ДУИ кои трезвено размислувале барајки коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уцените оделе преку закани со снимки и дека доколку не прифатат коалиција со СДСМ, СЈО ќе ги нападне со канонада од истраги и обвиненија.

Дрскоста одела дотаму што им се заканувале дека ќе завршат во притвор и ќе бидат целосно политички искомпромитирани.

По ваквите закани и притисок врие во ДУИ и ситуацијата е мошне тензична.Се поголем е револтот внатре во партијата и нејасно е како ќе резултира ваквиот притисок и очигледно неволната коалиција издејствувана со притисок.

На состанокот на претседателството на ДУИ биле наметнати и други прашања. Дел од раководството предупредувало: каде одиме? Со Трамп или со Сорос? Не може со двајцата.

Исто така се зборувало и за Маршот кој го организира Граѓанската инцијатива За заедничка Македонија. Прашањето и констатациите биле што со вакви демонстрации и револт кај Македонците. Толку многу луѓе спонтано досега не излегувале како сега. И има набој, жар, елан, спремност и одлучност како никогаш порано.

Што ќе се случи ако ескалира состојбата и албанците излезат? Стануваме дел од проблемот, од кој не знаеме како ќе излеземе.

Што ќе се случи ако на локалните избори се напрви јавна или тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Беса и ДПА? Според бројките од парламемтарните, би следувал пораз и во Чаир и во Тетово, а веројатно и во Гостивар.

Во јавноста прострујуваат информации дека се што правел шефот на огранокот на ДУИ Бекир Асани – Беќо, правел и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Меџити не само што се испазарил да го поддржи СДСМ туку ветил и дека нема да се кандидира на локалните избори во Чаир, за да остапи простор за кандидат албанец на СДСМ, со што ќе се задоволат апетитите на се поголемото албанско крило во СДСМ, така кандидат албанец од редовите на СДСМ би бил поддржан тајно и од Меџити, со ова ќе им се забоде нож во грб на гласачите на ДУИ во Чаир и ќе го забрза распадот на партијата. Меџити како надомест за него лично се надевал за потпретседателско место во новата Влада на СДСМ.

Ваквата се по тензична атмосфера придружена со секојдневни уцени и притисок кон ДУИ е нејасно како ќе резултира во идната Влада, во која како што изјаи Османи доцна синоќа ќе влезат. Таквата тензична атмосфера на среден рок може да предизвика вистинска експлозија на линијата Бејли-СЈО-СДСМ-ДУИ.