ВИДЕО: Шилегов провоцираше па избега од дебата за екологијата во Скопје, откако Трајановски го нокаутираше со аргументи

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска избега од потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, откако неговиот обид за провокација не успеа, па Шилегов соочен со аргументи го напушти настанот.

-Шилегов не знае што зборува, и нема да му замериме затоа што не ја знае оваа проблематика. Со голи пароли сите знаеме, овде нема пароли, овде нема полтика, туку има работа. Јас сум првиот градоначалник, кој што ја отвори Пандорината кутија за загадувањето, Скопје било загадено секогаш, не е тоа од моето доаѓање, туку било многу повеќе. Јас сум првиот градоначалник кој што стави мониторинг станица за мерење на воздухот, кој што ја подигна свеста кај граѓаните дека загадувањето е голем проблем кој треба да се решава. Знаете кои се најголемите загадувачи во Градот Скопје, тоа се домаќинствата кои што се претежно во руралниот дел и блиску до урбаните средини, кои што се греат на дрва и остатоци од мебел, јаглен, рече Трајановски.

Тој додаде дека тие ќе продолжат со субвенции за печки на пелети.

-Сметаме дека треба да се продолжи со продолжување на мрежата за топлификација. За жал, партијата на мојот колега Топлификација ја продаде. Да беше Топлификација под Градот Скопје, како што е во Белград, Загреб и Љубљана, во тој случај градот Скопје ќе инвестираше и во нови мрежи и ќе инвестираше во субвенционирање на затоплувањата. Вие сте сведоци дека имаме повеќе од 13 илјади домаќинства кои што се откажаа од топлификационата мрежа, а ја имаат во своите станови, бидејќи цената е висока, а висока е поради тоа што се приватизира. Да не кажувам што се се приватизира во Градот Скопје, рече Трајановски.

ВИДЕО: Пеењето на албанска химна и кршењето на Деловникот го предизвика револтот

Пратеникот Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од Оливер Спасовски од социјалдемократите дека од ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието на 27 април, рече дека нема логика тоа да го организирале неговата партија или лидерот Никола Груевски.

Тодоров потенцираше дека се пеело албанска химна, се кршел Деловникот при избор на спикер и потоа се случи нападот. Смета дека тоа довело до влошување на состојбата и зголемување на револтот кај граѓаните и вели дека едно зло носи друго зло.

-Ниту сум знаел што ќе се случи, ниту имало што да се знае. Ова е катастрофално немил настан- рече Тодоров кој потоа го праша Спасовски зошто изборот на Талат Џафери се случи во 18 часот, а не порано.

Илиевски до Богоевски: Кога постоела проценка за ризик, зошто не го изведовте државниот удар во 2 попладне?

Богдан Илиевски еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“ и Павле Богоевски, актуелен пратеник од СДС и активист во Шарената револуција повторно ги соочуваат аргументите во дебатната емисија „Само вистина“ во рамките на вестите на Каналт 5 телевизија.

Жестока расправа се водеше за случувањата на 27 април во Собранието на Република Македонија, но и за изборот на Талат Џафери.

Богдан Илиевски постави логично прашање, кое се наметна неколку дена по настаните во Собранието, по изјавата на Артан Груби дека коалицијата на СДС и албанските партии имала сознанија од странски разузнавачки служби дека нешто се подготвува и дека присуството на Али Ахмети на седницата во четвртокот претставува ризик. Истата информација ја потврди и Зоран Заев во интервјуто на Топ тема на Телма.

-Доколку постоела проценка за ризик, јас не сум ја знаел таа проценка, зошто, имајќи ги тие информации предвид, не го изведовте истото во два попладне, праша Илиевскии уште еднаш го осуди насилството

Колумна на Сотир Костов: За балканскиот мегаетникум во кабинетот на Талат Џафери

Денес, драги мои читатели, како што вели големиот Македонец Ефтим Kлетников, требаше да пишувам за необјективноста на еден електронски медиум. Тој медиум на крајно тенденциозен начин, веќе подолго време известува и се обидува да анализира, за протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, упадот на граѓаните во Собранието на Република Македонија, и насилството што се случи врз одредени парламентарци. Притоа медиумот употребува термини „толпа“, „намера за убиство“, „убиство“, „обид за убиство“, без да го знае нивното правно значење и без претходно барем сувопарно да ги прочита дефинициите за овие термини и да и ги претстави на јавноста. Исто така го изоставува контекстот на случувањата, т.е точното време на настаните, местото каде се извршуваат и конкретните извршители, што е многу битно за причинско-последичната врска во правото, а најконкретно во кривичното право. Медиумот, свесно или несвесно, намерно или ненамерно, го исчитува кривичното право со очила на политиката, дури би рекол очила на политиканството, а на јавноста и го образложува и сервира преку една первертирана диоптрија, диоптрија на македонскиот медиумски лилјак. Но, за сето ова во некоја друга пригода.

Зошто? Доцна вечерта во саботата преку интернет-порталите разбрав за гестот на Талат Џафери кога неуставно го зазел кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија и на неговото работно биро ја поставил книгата „Балкански мегаетникум – Националните доктрини на македонските соседи“, од авторот Димитар Мирчев. Овој гест го коментира Филип Петревски и се обидува да ни открие што сакал Талат Џафери да ни порача. Филип Петревски ни претставува четири фотографии: Академија на науките на Албанија – Платформа за решавање на албанското прашање; Белешка, со дел од текст; Вовед, со дел од текст; и Патот за решавање, со дел од текст. Притоа тој кратко ни објаснува дека, Талат Џафери испраќа порака за обединување на нивните (албанските) простори. Додава, дека се работи за платформата за решавање на албанското национално прашање на Балканот. Со сиот респект кон почитуваниот Филип Петревски и неговата добронамерна желба да ни укаже за што се работи, ценам дека тоа е недоволно. Имајќи во предвид во каква состојба се наоѓа Република Македонија денес, како и фактот дека Талат Џафери во Собранието на Република Македонија е избран за претседател на Собранието на Република Македонија, на неуставен, противзаконски начин, и во постапка надвор од одредбите на Деловникот на Собранието на Република Македонија, мислам дека е потребно поголемо објаснување.

Пред било што друго да напишам, отворено и јавно му се обраќам на господинот Талат Џафери и го замолувам тој лично да ни го објасни гестот што го направил со оваа книга и пораката што сака да ни ја испрати. Мислам, а и сигурен сум, дека тоа е најисправниот и најкоректниот начин македонската јавност да го спознае гестот на човекот кој во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија на видно место ја поставува оваа книга, а секако и да ни каже што сакал да постигне со тоа. Имајќи предвид дека денешните модерни политичари, милуваат, и во тоа уживаат, да ни се обраќаат преку „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“, го молам господинот Талат Џафери тоа да го направи преку овие медиуми, како што и досега многупати го правел тоа, уште во текот на денешниот ден – понеделник, денот кога колумната излегува во печат. Додека го очекувам одговорот на господинот Талат Џафери, најповеќе ден, два, јас нема да го коментирам гестот, и нема да давам анализа за тоа каква порака тој ни праќа. Но затоа пак, објавувам дека во наредните неколку колумни ќе пишувам за книгата „Балканскиот мегаетникум“, на авторот Димитар Мирчев. Поточно, ќе се обидам да направам една анализа што се содржи таа книга, и притоа ќе го истакнам значењето на нејзината содржина во контекст на актуелните случувања во Република Македонија и пошироко на Балканот.

Денес, само кратки напомени како вовед во содржината и значењето на ова епохално дело на исто така големиот Македонец, Димитар Мирчев, но и не само Македонец туку и космополит во светски рамки. Kнигата „Балкански мегаетникум – Националните доктрини на македонските соседи“ е издадена во 2012 година од издавачот „ВиГ Зеница“, Скопје, уредник Глигор Стојковски. Инаку, таа е дел од едицијата „Полуостровот“. Истата е посветена на неговиот внук Леон, со желба да живее во еден свет без национални доктрини. Рецензенти на книгата се професор доктор Бранислав Саркањац и професор доктор Далибор Јовановски, а автор на идејното решение на кориците е Kатерина Апостолска. Kако што напишав, денес само накратко еден мал дел од рецензиите на споменатите професори. Тие истакнуваат дека професорот Димитар Мирчев во својата книга констатира дека националните доктрини на соседите во последните две – три децении во значителна мера се инструментализирани во реалните политики во државите на Балканот, кои инаку доведоа до многубројни конфликти, насилства и трагедии. Дури и денес тие им се закануваат на мирот и на стабилноста во регионот и особено на позицијата на Република Македонија и македонската нација, на нејзината етногенеза, конститутивност, идентитет, опстанок…. На крајот рецензентите заклучуваат дека професор Димитар Мирчев е методолошки беспрекорно поставен, со мунициозна и пробивна теориско-аналитичка апаратура. Засега од нив толку, а мислам и некоректно е во поголема мера јас да ја изнесувам нивната рецензија. Можеби и тие ќе бидат испровоцирани како и јас што сум, па ќе напишат нешто повеќе, дури и постручно од мене за ова епохално дело на нашиот драг „Профешуре“, како што јас и уште неколку други, нему блиски луѓе, го ословувавме.

Ќе си земам за право, денес да ја пренесам и неговата интимна размисла дека кога се зафатил да го пишува овој труд, посакал неговиот предмет да го нема, едноставно националните доктрини на нашите соседи да не биле напишани. Тој мислел, а и нам тоа ни го соопшти со оваа книга, дека Македонија би била многу посреќна без вакви доктрини. Kако и да е, тој се помирува дека реално тие беа родени од објективните позиции на македонските соседи, и никој не може да го негира нивното постоење. Kако што самиот вели, дека колку и да се субјективистички, национално и етнички пристрасни, тие постојат, влијаат на политиката, и на односите на Балканот, с` уште не се надминати, с` уште се актуелни во односите во соседството и во регионот и заклучува дека најверојатно и понатаму ќе бидат актуелни. Во воведната белешка ни соопштува дека се зафатил со овој труд со цел да ни го претстави, да го обработи и критички да се осврне на сите тие национални доктрини. Тој е искрен и ни признава дека не може да му одолее на искушението тоа да не го направи. Резултатот е напишаната книга. Самиот објаснува дека смислата е сите ние да разбереме дека односите на Балканот и во соседството на Македонија, не настануваат случајно и спонтано. Напротив, тие имаат своја генеза, социо-историја, социјална и развојна подлога, а секако имаат и свои мотиви, актери, поттикнувачи и поддржувачи. Kако автор се надева дека разбирањето на целиот тој комплекс на прашања, односи, состојби и проблеми, може да помогне во кристализирањето на меѓудржавните односи на Балканот, како и на востанувањето на политиките и постапките на земјите во регионот. Во тој контекст и меѓу Македонија и нејзините соседи, па и внатре во поредокот на самите држави. Професорот Димитар Мирчев, како автор на оваа книга, не пропушта можност да ни го претстави неговото верување дека македонскиот народ и македонската нација, секако и македонската држава, без оглед на документите, и моменталните политики и предизвици ќе опстојат и ќе се одржат, дека нема да потклекнат на искушенијата на кои сме изложени и со кои реално се соочуваме. Мото во воведната белешка му е слоганот на Гане Тодоровски – Kолку сме, толку сме, токму сме! Мора да се признае дека тоа е скромност што мора да се истакне, но и горделивост и родољубие што треба да не краси секој од нас. Инаку, книгата го има најдолгиот предговор што може да го има една книга, под наслов „Балканскиот мегаетникум – од етноромантизам до етнонасилство“. Всушност тоа е еден есеј од тринаесет точки, напишан на 90 страни, и е вистинска социолошка, политолошка, психолошка и културолошка студија за балканскиот мегаетникум. Во неа, авторот најпрвин ни го претставува Балканот низ историјата, ги констатира најбитните проблемски прашања за него, ги посочува претставите и стереотипите во врска со предметната материја, ни го дава транзицискиот јазол, при што се служи со теоретски пристап кон нацијата и правилна употреба на теоријата и историјата. Во тој контекст ги претставува албанската национална доктрина, бугарската доктрина, грчката доктрина и српската доктрина, и за сите дава научна анализа и дијагноза на врвен стручњак. На крајот преку заедничките и сумарни изводи на овие доктрини ни го објаснува поимот „Мегаетникум“. Инаку, книгата е преведена на англиски, српски и словенечки, и освен во Македонија е издадена во Република Србија и Република Словенија.

ФОТО: Ова е пораката која Талат ја испрати со книгата која ја постави во окупираниот кабинет

Ве интересираше книгата што Талат Џафери ја стави на неговата маса кога насилно го окупираше кабинетот во Собрание. Еве јас за Вас открив што сакал да ни порача. Ова мора да го споделите за да го видат сите МАКЕДОНЦИ, напиша Филип Петровски на својот Фејсбук профил.

KNIga-Talat-provokacija

-ТОЈ ИСПРАЌА ПОРАКА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРОСТОРИ. Се работи платформата за решавање на АЛБАНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ, додава директорот на Државниот Архив на Р.Македонија, Петровски и ги сподели овие фотографии.

СЦЕНАРИО „РАСПАД НА ЈУГОСЛАВИЈА“: Џафери дојде на чело на Собранието да одигра улога каква што Стипе Месиќ одигра во растурањето на СФРЈ!

Дека Талат Џафери не влезе во Собрание и на работната маса во кабинетот на претседателот на Сорбанието, освен македонското, го постави и знаменцето на Албанија и ЕУ, и понатаму некои би можеле да зборуваат дека станува збор за формирање на македонско-албанска владеачка коалиција во соседната земја – пишува др.Слободан Јанковиќ од српскиот Институт за меѓународна политика и економија.

Можеби би можеле да ги проголтаме аргументите за тоа како „автократот“ Груевски не ја дава власта и дека заслепил голем број Македонци кои независно од Груевски и ВМРО со недели протестираат.

Претставниците на ЕУ, чие место секако не им е во Македоија, бидејќи Македонија не е членка на Унијата, служи само за да го намали значењето и провокацијата која е направена со помош на албанците. Џафери како припадник од албанска партија, која заедно со албанскиот премиер Еди Рама ја усогласија платформата за преговори и формирање на ноа влада, вака најавува дека ќе работи на рушење на државата, слично како што Стјепан Месиќ, на притисок и со совети на Европската заедница, е избран за претседател на СФРЈ како би можел истата да ја сруши.

Оттука, не е чудно што разни Ханови, Могериниевци, Бејливци…за провокацијата на албанските политички преставници од Албанија, Косово и сега Македонија кажуваат малку или ништо.

Ништо значајно нема да каже ниту во евентуален случај на насилство на Албанците било каде на Балканот, тоа го знаеме од искуство, бидејќи за разлика од Србите, Албанците се нивни партнери и извршители на валканите работи, од трговија со наркотици до трговија со проститутки и органи.

Добро е што тоа не сме ние, а лажните цивилизатои – како и претходно, така и денес – лицемерно војуваат против сомалиските пирати за да можат нивните бродови без пречка да испуштаат отпад во сомалиските води.

Тие ги затварат очите на снемувањето на сведоци против Лимај и Харадинај, на шверцот на оружје и наркотици преку приштинскиот аеродром. Како и поинаку би постапиле кога станува збор за криминални партнери кои сеуште се спремни да ги дестабилизираат балканските земји во кои живее значајно албанско жителство, а тие за себе си ја најдоа улогата на мировници и надзорници?

Тоа е разбирлво и јасно и за „мали Пеица“. Меѓуоа, што може Зоран Заев да каже на провокацијата на Џафери кој му помогна да дојде на таа функција? Ништо.

Сепак, Зоран Заев, претседател на СДСМ пред некој ден, во ТВ интервју за српските печатени медиуми, реагираше на текстовите и емисиите во Србија и рече неколку точни рабти: Србите се братски народ на Македоните, Косово и Метохиј е срцето на Србија.

Точно е дека сме православн народи.

Рече дека владата на чело со Груевски би требаа барем да се оради (по прашање на признавањето на нарко државата на КиМ). Во периодот од 1912 и 1956 година, била и италијанската војска во делови на Македонија. Тоа исто така е точно. Треба да се каже попрецизно, дека како сојузници помеѓу 1916. и 1918. тука биле и припадници на 35.дивизија во склоп соБалканскиот или Солунски фронт, а од 1941. до 1943 година имало Италијански сили во делови на Македонија кој е припоен на фашистичакта голема Албанија во персонална унија со Италија.

Што е тогаш проблемот со интервјуто на Заев? Речиси се останато…

Во реакцијата на Заев и дел од оние кои се претставуваат како аналитичари, забележлива е иста аргументација: зошто се брани Груевски, а се напаѓа Џафери; Џафери бил министер за одбрана кај Груевски, а Груевски претседател на владта кога Македонија го призна албанско Косово, го прогони Вранишковски…Сето наведено е точно. Меѓутоа се работи за вешто подметнување на тези.

Кој ќе биде премиер е прашање за Македонците, или барем би требало да биде. Особено што Македонците се мнзоинство во државата и речиси на сите им е јасно дека со спроведување на попис кој во земјата е одложуван за да се прикрие вистинскиот број на Албанци кој е помал од официјлниот.

Кога тоа официјална Србија, да не зборуваме за тукашниот пријател на Ангела Меркел, анти-националистот претседател и премиер Вучиќ, се мешал во изборот на претседател на владата на Македонија? Како, со кои тоа изјави?

Тоа што Србија треба да ја интересира е: дали по големиот косовски преседан, кој има последици како на светски така и на локален план, се рават основи и за трета албанска државолика творевина и дали со тоа се засилуваат можностите за формирање на голема Албанија, распад на Македонија и избивање на Албанија и Бугарија на Вардар со што среднорочно би бил отсечен коридорот кон Грција и Солун.

Србија не случајно е единствена соседна зема која го признава и македонскиот јазик и народност и офијалното име на државата. Секако, бидејќи сме братски народи и имаме заедничка историја. Србија сака Македонија да опстане, но тоа не го сакаат сите нејзини соседи.

Заев изјави дека Џафери, за некои медиуми во Македонија и Србија бил проблематичен од две причини: 1) бидејќи е избран на проблематичен начин и 2)бидејќи е Албанец.

Дали нешто е проблематино со медиумите е една работа. Но, кога е во прашање процедура за избор на било кое службено лице, особено од редовите на највисоките функции, како што е обавување на функцијата претседател на народното Собрание, тогаш секако дека медиумите мораат да укажат на проблематичност каде што ја има, а Џафери е избран мимо и спротивно на процедурите.

Освен тоа Заев вели дека тоа бил „офицер на нашата Македонска војска пред конфликтот во 2001“. Потоа станал пратеник во парламентот. Тој бил „добар офицер кој ја извршувал својата функција“.

Каков е тоа добар офицер кој се приклучува на сецесионисти и терористи? Организира напади на македонската војска и полиција, а на крајот го спасуваат Американци и тој станува политичар?

Секако дека е проблематичен, но со усвојувањето на Тиранската платформа тој станува директен спроводник на федерализацијата на Македонија и отцепување на еден дел од змјата кој треба да потпадне под знамето на Албанија, знаме кое го внесе во кабинетот.

Попатно, Заев претходно го негираше постоењето на Тиранската плафтофрма, додека сега ја минимизира: „Тоа е документ кој е заедничка изјава на три албански партии со кои преговараме да направиме влада“.

Кога зборува за договарањ со албански партии во Собранието за да осуди наводен геноцид над Албанците во периодот од 1912 – 1956 година, тој се обдиува сето тоа да го претставико нешто беневолентно, наведувајќи дека сеуште не е кажано кого ќе го осуди, па спомнува декаи италијанската војска била во Македонија. Меѓутоа, јасно е дека Албанците не ги осудуваат балистите, ниту Италијаните од 35.дивизија, кои се бореле настраната на сојузниците на Солунскиот фронт за време на Првата светска војна, а особено не Италијаните од Втората светска војна.

Македонија, Косово, југот на Србија…откако Украинскиот фронт испадна од фокусот – балканската сцена повторно се активира, и на неа, по веќе пробано сценарио, Вашингтон и Берлн добиваат поени, по обичај на сметка на православните народи.

Англичаните, да не заборавиме, со изјавите и написите најавија жешка пролет, кога Тимоти Лес и Ајвор Робертс во декември 2016. и фебруари оваа година предлагаа промена на границите на Балканот.

За извршување на валканите планови нема недостаток на погодни политичари. Таквите се спремни да земат или да одржат власт со ветувањето дека уште попослушно ќе ги извршуваат налозите, иако тие одат против интересите на народот и земјата која официјално ја претставуваат.

Ванковска: Пораката на Талат со знамињата е како да испеал химна на Албанија среде домот на македонските граѓани од кои извира власта

Претседател на собрание е ВТОРА по тежина на легитимитет функција во државата! ПО ЛЕГИТИМИТЕТ, не по овластувања – но доволно за да разберете дека овој функционер го претставува законодавното и највисоко претставничко тело, она кое го избрале граѓаните!? Таков легитимитет, и се разбира непосреден, има само претседателот на Републиката. Талат ја претставува законодавната власт пред која одговара извршната!, пишува на својот ФБ профил Универзитетската професорка, Билјана Ванковски.

Имавме доволно време да видиме дека во Македонија не само што нема правна држава, туку нема ни правна култура. Луѓе, кои не се ни глупави ни неписмени, не сакаат да читаат ни Устав, ни закон, ни деловник – повеќе им веруваат на зборовите на нивните политички фаворити! Кога сега некој „релативизира“ во стилот „Епа што е проблем што Талат седнал во фотељата на претседателот на собранието, кога веќе седеше во фотељата на министерот за одбрана…“ – сфаќам дека НЕМААТ ПОИМ ниту од политички систем! Како да ви нацртам, луѓе мои, дека претседател на собрание е ВТОРА по тежина на легитимитет функција во државата! ПО ЛЕГИТИМИТЕТ, не по овластувања – но доволно за да разберете дека овој функционер го претставува законодавното и највисоко претставничко тело, она кое го избрале граѓаните!? Таков легитимитет, и се разбира непосреден, има само претседателот на Републиката. Талат ја претставува законодавната власт пред која одговара извршната! Значи, денешниот Талат има и повисока и политички позначјана функција од онаа на Талат министер за одбрана (на држава која нема никаква одбрана, бидејќи она што го има го пратила во Авганистан). Затоа не случајно уставотворецот предвидел во случај на спреченост на Иванов, Талат би станал автоматски негова замена и во делот на врховната команда над вооружените сили. Да не беше значајна оваа функција, немаше да владее еуфорија во регионов дека сите претставнички тела каде што живеат Албанци се предводени од Албанец! Дали денес ви стана јасна пораката на Талат со знамињата? Тоа е исто како да испеал химна на Албанија среде домот на македонските граѓани од кои извира власта – само што оваа „химна“ е без зборови, и е тивка ама со јасна порака. Знам дека не сакате цитирање правни норми, вие вљубеници во правната држава и демократијата! Не сакате ни за политичкиот систем да знаете малку повеќе, бидејќи сега доаѓа демократијата! Но, се надевам дека еден ден нема да треба да напишам I TOLD YOU SO! Не гледате зло, не слушате зло, не сакате да говорите за злото! Изборот е ваш, ама немојте да ги нарекувате смешни неутралци, болни, шизофрени и неконзистентни оние кои гледаат, слушаат и зборуваат. Ако овде некој релативизира, тоа сте вие!

Дода: Изборот на Талат Џафери покажа – ќе живееме во Илирида!

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД ОФИЦИЈАЛНА ТИРАНА

Албанската пратеничка Месила Дода од партијата ПДИУ која е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама продолжува со скандалозните изјави и обајви на социјалните мрежи. Дода коментирајќи ја ситуацијата во македонското Собрание вели дека истата не можела да биде поинаква и порака дека Никој не може да ги спречи Албанците да живеат во Илирида

Не можеше да биде поинаку. Едно општетство кое се храни со фантазмите на етничката омраза, една албанофобска политичка класа, државно раководство кое јавно ја прогласи омразата кон половина милион Албанци, не можеа ништо друго да направат освен да ја донесат омразата, насилството и навредите во сите овие години во очите на целиот свет. Потребно беше Талата Џафери да биде избран за претседател на Собранието (на кој му посакувам убава работа во корист на Албанците) за да експлодираше вистината. Зијадин Села денес е повреден и ние сите се молиме што побрзо да помине овој тежок момент за него и за сите Албанци, но истовремено денес треба да научиме дека треба да се подготвиме за секој напад кој мрачните сили го подготвуваат кон Албанците.Ние сме една нација и имаме еден став. Албанците треба да реагираат како единствена сила против секој напад. Го повторувам она што го кажав неколку месеци порано…Во една држава која не ги сака и не ги прифаќа, меѓу заедниците кои шират омраза кон Албанците. Албанците во Ирилида никој не може да ги спречи да живеат таму, пишува Дода на Фејсбук.

ПРОВОКАЦИЈА ВО ЧАИР: Дрон со знаме на голема Албанија леташе на дуелот Шкупи – Вардар (ФОТО)

Дрон со знаме на голема Албанија се појави на дуелот меѓу Вардар и Шкупи кој денеска се игра на стадионот во скопски Чаир. Дронот леташе над стадионот, во близина на околните згради кои се непосредно до стадионот. Тоа се случуваше на средината од првото полувреме.

Додека леташе знамето, навивачите на Шкупи со овации го поздравуваа, додека навивачите на Вардар упатија свирежи.

Сепак, поради силниот ветер, дронот сосе знамето одлета во крошните на дрвјата и се заглави.

Дуелот засега е во корист на Вардар. Во 20. минута Џонатан Балотели постигна гол за водство на Вардар од 1:0.

Инцидент со слично сценарио се случи пред неколку години во Србија, кога на дуелот со Албанија на стандионот во Белград слета дрон со истото знаме на голема Албанија.

Платформата ја објавија на Божик, нешто друго нѐ чека пред Велигден

Денес на 41 ден од нашите маршеви решивме да го потсетиме добро разбудениот град, дека наредната недела која доаѓа е клучна недела особено првите три дена, понеделник, вторник и среда, истакна по денешната активност на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кој е еден од организаторите.

-Она што се обидоа да го направат во четвртокот на шверцерски начин да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа и веднаш потоа ќе преминат на избор на влада, ќе се обидат сосема сигурно во еден од овие три дена пред Велигден, да го направат и тоа не смееме да им го дозволиме и нема да го дозволиме. Ќе бидеме будни, ќе следиме се што се случува, ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда, истакна Илиевски.

Илиевски апелираше да не се обидуваат да сторат такво нешто.

-Затоа се возевме денес, да ги потсетиме граѓаните будно да внимаваат што ќе се случува, многу важни три дена на почетокот на идната недела следуваат. Тиранската платформа беше презентирана на Божиќ намерно за да не предизвика големи реакции бидејќи за празник секој си има други приоритети. Истото ќе се обидат да го направат пред Велигден, овој пат нема да помине без реакција, додава Илиевски кој посочи сите да се мобилизираат во овие три дена и да бидат масовно пред Собранието.